![]() |
|
Македонци во МК & Македонци во Странство |
Внеси реплика ![]() |
страница <1234 5> |
Автор | ||
Polar Bear ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 04.Декември.2007 Локација: Канада Статус: Офлајн Поени: 1152 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Ти caldi33 не престануваш да тресеш зелени, додуша сега на кирилица. И се вика поСТдипломски, а не поЗдипломски. Мислам дека патриоти како тебе што прозиваат за знаење на македонски јазик на иселеничките, според тебе издајнички деца, треба да покажат многу поголемо познавање на сопствениот јазик и правопис. Можам да ти кажам дека seka што не е родена во МК, може да ти предава македонски. Истото важи и за моите деца. Јас ќе те молам да ми посочиш еден универзитет во Северна Америка и Европа каде докторат на науки не е прв услов да се биде на академска позиција. Исклучок може да се само уметностите, исто како и кај нас. Можно е часови да држат и докторанти, но тие се водат како студенти или асистенти и не се професори. Одговорноста за к*рсот ја има доктор на науки, најмалку на позиција на assistant professor или доцент по наше. Исто, правиш конфузија со други звања, а пример дизајнер. Дизајнер значи ПРОЕКТАНТ по нашки. Од каде ти е идејата дека дизајнер подразбира виша школа? Има и дизајнери со докторати, зависи што дизајнираат. За информација на оние што сакаат културно да дискутираат, ќе го напишам следново. Барем во Канада и САД, тоа е она што го знам, никој не го оспорува македонското високо образование, барем не дипломата од УКиМ. Никој нема да те деградира на средна школа. Дури мислам дека и не е нужна ни формална нострификација, но знам некои луѓе ја прават. На индивидуата останува како и каде ќе се продаде. Никој никаде не те чека со раширни раце, треба да се избориш за позиција, значи да понудиш нешто од вредност.
Различно е за таканаречените „регулирани“ професии - лекари, забари, инженери, наставници во школо, архитекти - сите што на некој начин се поврзани со јавната безбедност. За овие професии е потребна лиценца, као за домашните така и за доселените. Секоја држава во САД, и провинција во Канада има сопствено регулаторно тело што ги пропишува критериумите за добивање лиценца. Лекарите и забарите главно треба да поминат околу две години на универзитет. Тоа е меѓу другото затоа што медицинските факултети кај нас се некомпатибилни со светските, кај нас пократко се студира, а и лекарското лоби тука е многу јако.
Инженерите поминуваат нешто полесно, на оние без искуство им се препишуваат два-три-четири испити за полагање, плус четири години искуство во Канада, а доколку индивидуата е со искуство од барем седум-осум години, лиценца им се издава после една година стаж во Канада, без полагање испити. Инаку, новодипломираните локални канадски инженери треба да работат четири години за да се стекнат со лиценца.
Она што го потенцирав во претходните мои постови е дека новите иселеници се со капацитет да се вклопат во канадскиот систем брзо и ефикасно, само за неколку години. Тоа е заради процедурата на селекција, оти се бираат најдобрите. Дури и ако некои решат да не ја практицираат професијата што ја донеле од МК, тие се преквалификуваат и многу од нив се надпросечно успешни.
|
||
![]() |
||
![]() |
||
caldi33 ![]() Група ![]() Регистриран: 15.Ноември.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 83 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
добро ама сакам да ги споредам тукашните професори со тамошните,
на другаркава сто е таму професорка претходно свирела во филхармонија па решила на постари години да заврши поздипломски и сега и е професорка |
||
![]() |
||
гоcтин ![]() Гостин ![]() Регистриран: 24.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 1797 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Сигурно мислиш на RYERSON UNIVERSITY.
Со тоа што реков добро потковани,не мислев на докторати и сл. туку мислев на вистинско знаење.Што ќе ти е докторат ако незнаеш колку се 2+2? |
||
![]() |
||
caldi33 ![]() Група ![]() Регистриран: 15.Ноември.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 83 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
незнам колку знаес ама другарка што е таму студира на "RIERSON" University и она ми казуваше дека нејзините професори се 60% со поздипломски ретко некој да има докторат. така да не мора да значи како кај нас дека за професор треба да бидес со Докторска дезертација. знаци дека не се потковани таму со знаење многу многу како кај нас а пак се поуспешни од нас.
|
||
![]() |
||
гоcтин ![]() Гостин ![]() Регистриран: 24.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 1797 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Не се нервирај човече
![]() Тоа што сакав да кажам е дека за да станеш професор треба да бидеш стварно поткован со знаење и дека не е секој за работа на факс.А тоа што твојата пријателка е образована личност е супер.Немам проблем со тоа!!!Не ме сфаќај погрешно Изменето од ma4kica - 22.Ноември.2008 во 19:46 |
||
![]() |
||
caldi33 ![]() Група ![]() Регистриран: 15.Ноември.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 83 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
моментално пријателката е тука професор на факултет и пред да отиде беше проферосрка така да дома ми е секој ден и знам кај работи
|
||
![]() |
||
гоcтин ![]() Гостин ![]() Регистриран: 24.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 1797 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
P.S.неможе секој да биде професор по англиски, а за тоа професор на факултет чисто се сомневам дека ситуацијата е таква.
Ти кажувам од лично искуство |
||
![]() |
||
гоcтин ![]() Гостин ![]() Регистриран: 24.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 1797 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Сестра ми ја сметаа за личност со високо образованиа,а сега ја сметаат за личност со магистерски.Во ниту еден момент сестра ми не беше третирана како личност со средно или со виша.Така да со сигурност ти тврдам дека маркетинг,менаџмент и такви слични работи се признати. А тоа што си го напишал е ОК ниту го побивам ниту ништо,секоја планина своја тежина |
||
![]() |
||
caldi33 ![]() Група ![]() Регистриран: 15.Ноември.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 83 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
процитај горе јас што сум пишал и види дали е исто а чоекот не се вработил
сестра ти мозе е вработена ама не ја сметаа со високо образование како со виша така да не е незнам прашај мој пријател работи како дизајнер не како дипломиран машински инжињер. |
||
![]() |
||
гоcтин ![]() Гостин ![]() Регистриран: 24.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 1797 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Не полагаше апсолутно ништо,имаше завршено средно во USA,па факултет тука кај нас и после тоа замина во Канада.Само од факултет (тука кај нас) побара некакви документи,ги поднесе во Канада и после 2 недели се вработи.(не сум сигурна дали плати некаква такса на нострификација) |
||
![]() |
||
caldi33 ![]() Група ![]() Регистриран: 15.Ноември.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 83 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
потполно те поддрзувам GlenKlouz така е мора дас е нострифицира од проста причина како би те оцениле за товето знаење бидејки не сме многу корумпирани и тн.
имам многу блиска роднина кога има заврсено 2 годни од средно образование во америка, завршила факултет во македонија (англиски јазик) поздипломски во америка исто така англиски јазик работно искуство 5 годни во австралија долги години професор по англиски на факултет и кога отиде во канада и рекоа да нострифицира дипломата и џабе и се поздипломските во америка и целокупното искуство така да чим на неа не и признале нисто тогаш што да каземе за дугите факултети |
||
![]() |
||
Glenn ![]() Сениор ![]() ![]() Тата-Мата Регистриран: 14.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3166 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Јас незнам зошто се натегате околу ова прашање кога секоја земја може да има и различен систем на препознавање на стекнатото знаење и дипломи за истото.
Како прво и основно во многу земји мора да се нострифицира диплома за стекнато високо образование освен ако тие две земји имаат некои меѓусебен договор за превземање и уважување на студенти и дипломите од факултетите или пак ако се работи за некоја меѓународно призната школа или институт. Како инаку тие би направиле некакво резиме за дипломецот? Како воопшто би добиле претстава за она што го пишува внатре доколку не се преведе од овластени лица и не се заведе и уважи од релевантна институција. Дури и во Македонија странските дипломи веќе наголемо се нострифицираат. Инаку Македонските универзитетски дипломи не се баш најпопуларни и пожелни, од проста причина што не се признати и тој факт сите го знаеме. Можеби новите приватни факултети воспоставиле релации на меѓународно ниво, и почнуваат да бидат признавани. Сума сумарум мора да изнајде начин да се нострифицира дипломата доколку сакате несметано да конк*рирате за работни места кои се врзани со вашата професија. Ова важи за Македонците кои дипломите ги стекнале на македонските факултети. Доколку по завршениот факс сте отишле на постдипломски студии во странска земја тоа е сосем др. приказна и практично искачате како нивен школуван кадар.(што не значи дека со задоволство веднаш би ви дале работа каква што мислите дека заслужувате) Има најразлични случки од врвен успех до тотален неуспех. Лично познавам луѓе кои имаа многу среќа и такви кои ептен немаа среќа со овие работи. Може во некои земји доволно е да им дадеш превод заверен кај нотар и тие да си ги бркаат работите ама секое нострифицирање си има цена. Европа не е повеќе расположена да прима емигранти во голема бројка било да се работи за специфични кадри, високо образувани или општи работници. Особено сега со рецесијава не би биле среќни да вработуваат странци кои долгорочно би им ги превземале добро платените рабтни места. Изменето од GlenKlouz - 22.Ноември.2008 во 14:38 |
||
![]() |
||
seka ![]() Сениор ![]() ![]() Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
распрашај се, ќе видиш дека е така, не е само маркетинг, него има многу други |
||
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta. |
||
![]() |
||
caldi33 ![]() Група ![]() Регистриран: 15.Ноември.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 83 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
без да преполага таму ништо??? не ми се верува |
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1234 5> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |