IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Копа Америка
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Копа Америка

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 345
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2011 во 06:19
Сензација: Елиминиран и Бразил

Бразил - Парагвај 0:0 (0:0, по пенали 0:2)

По Аргентина од Копа Америка се простија и фудбалерите на Бразил, кои не успеаа да го совладаа Парагвај, притоа промашувајќи ги сите четири пенали. Два погодоци од белата точка беа доволни Парагвај да се пласира во полуфиналето.

"Кариоките" беа подобри во текот на најголемиот дел од мечот, но голманот на Парагвај Виљар беше несовладлив. И покрај фактот дека имаа подобри шанси Бразилците никако не успеаваа да ја испратат топката в мрежата на противникот. Тоа доведе до голема нервоза на теренот, а "сметката" ја платија Леива од бразил и Алкараз од Парагвај, кои на крајот на првото продолжение заработија црвени картони.

Бидејќи нем аше подогоци се пристапи кон изведување пенали, а Бразилците дури четири пати беа непрецизни од белата точка. Елано, Тијаго Силва, Сантос и Фред не успеаа да ја затресат мрежата, па победата за Парагвај беше неизбежна.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2011 во 06:18
Уругвај во финалето на Копа Америка

Фудбалерите на Уругвај, полуфиналистите на минатогодишното Светско првенство, го потврдија својот кам бек во врвот на светскиот фудбал со пласманот во финалето на Копа Америка.

Уругвај го совлада Перу со 2:0 со  головите на Суарез во 53. и 58. минута. Перу беше внимателен, па и на уругвај му беше потребно доста време да го скрши отпорот на противникот. Голманот Фернандез не успеа да го скроти шутот на Форлан од околу 25 метри, за Суарез да го собере отпадокот и да ја затресе мрежата за прв гол. Пет минути подоцна Переира одлично го проигра Суарез, кој мирно го заобиколи голманот и го постигна својот трет гол на овој шампионат.

Уругвај така по 1999. повторно ќе игра во финалето на Копа Америка, каде ќе има можност да ја освои титулата з апрв пат од 1987. година. Доколку тоа им појде од нога, фудбалерите на Уругвај со 15 титули ќе станат најтрофејна екипа во ова натпреварување.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2011 во 05:49

Парагвај до финалето на Копа Америка без победа!

Парагвајците во полуфиналето ја елиминираа Венецуела на пенали со 5:3 откако немаше голови по 120 минути игра

Прво финале на Копа Америка за фудбалската репрезентација на Парагвај по 1979 година. Во полуфиналето на шампионатот на Јужна Америка, во Мендоза, Парагвајците ја совладаа Венецуела на пенали со 5:3, откако немаше голови во регуларните 90 минути и двете продолженија по 15 минути. Решавачкиот удар од белата точка го реализира Дарио Вега, а потоа парагвајскиот голман Жусто Вилјар го одбрани обидот на Франклин Лусена и ја испрати својата земја во мечот за титулата против Уругвај што ќе се игра во недела во Буенос Аирес.

Интересно е дека Парагвајците стигнаа до финалето со неверојатна низа без ниту една победа на 43. издание на Копа Америка. Во сите пет натпревари ремизираа и двапати минаа на пенали, против Бразил во четвртфиналето и против Венецуела во полуфинале. Во групата беа трети, одиграа нерешено со Еквадор (0:0), Бразил (2:2), Венецуела (3:3).

„Немаше да биде незаслужено ако и ние се пласиравме во финале. Одигравме одличен натпревар, но среќата не беше на наша страна“, рече играчот за врска на Венецуела, Џанкарло Малдонадо.

И во право е. Во текот на целиот меч Венецуела беше подобар тим, за нијанса беше поконкретна, имаше подобри прилики за гол, имаше играч повеќе, нејзините фудбалери двапати ја погодуваа стативата, еднаш пречката меѓутоа чуварот на мрежата на Парагвај ги излудуваше од минута во минута.

Полуфиналето во Мендоза имаше тензична завршница. Парагваецот Џонатан Сантана доби втор жолт картон во 102 минута, претходно мексиканскиот арбитар Франциско Чакон го исклучи селекторот на Парагвај, Герардо Мартино и неговиот помошник. Сето тоа се случи на самиот почеток на првото продолжение по вербалната расправија со венецуелскиот кормилар, Фариас. Продолжение на тој инцидент публиката виде по завршниот пенал на Верон кога дојде до општа тепачка на тревникот. Репрезентативците на Венецуела ги нападнаа Парагваците додека го славеа пласманот во големото финале, Фариас по мечот тврдеше дека противничките фудбалери ги провоцирале неговите.

„Болно е да се биде толку блиску, а да не се пласираме во финале. Но, горди сме на се што направивме. Така ќе продолжиме и во иднина бидејќи сме одлична репрезентација“, заклучи разочараниот Малдонадо.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2011 во 05:48
Уругвај шампион на Копа Америка

Уругвај - Парагвај 3:0 (2:0)
Суарез 12', Форлан 42', 90'

Фудбалерите на Уругвај триумфираа на овогодинешното натпреварување на Копа Америка, откако во финалниот меч одигран во Буенос Аирес го совладаа Парагвај со 3:0.

Суарез ја искористи одбиената топка да веќе во 12. минута го доведе Уругвај во водство, за Форлан во 42. минута одлично да шутира од косо од левата страна за убедливо водство. Парагвај не можеше да ја наметне својата игра и да воспостави вистинска рамнотежа на теренот, за во самиот финиш од мечот Форлан да ја искористи деконцентрацијата во одбраната на противникот и да го постигне својот втор погодок на мечот, а трет за неговата селекција.

По четвртото место освоено на минатогодишното Светско првенство, Уругвај својата одлична форма ја потврди и со триумфот на Копа Америка. Покрај тоа Уругвај со 15. трофеи на Копа Америка стана рекордер по бројот на освоени пехари во ова натпреварување, бидејќи сега има еден триумф повеќе до Аргентина.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 345
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.