Испечати | Затвори го прозорот

Копа Америка

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Спорт
Име на форумот: Фудбал
Опис на форумот: Лига на шампиони, првенства, репрезентации...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=8166
Датум на принтање: 22.Мај.2025 во 06:01
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Копа Америка
Постирано од: аџија
Наслов: Копа Америка
Датум на внесување: 28.Јуни.2007 во 17:01
Кој ќе тепа годинава? Некако ми заглиби Бразил вчера со поразот од Мексико, и можеби ги отвори вратите за непредвидлива Копа....



Коментари:
Постирано од: Ghost
Датум на внесување: 28.Јуни.2007 во 18:05
Овој фудбал го даваат на мтв така?? Немам гледано до сега ниедна утакмица, не знам кога се играат и на која програма. Дали некој знае дали воопшто има пренос од ова првенство?


-------------
    MACEDONIA - LAND OF SUPERIOR NATION          


Постирано од: tuturutka
Датум на внесување: 28.Јуни.2007 во 18:20
И мене ме интересира тоа за преносот . . . Ако го има некаде дај кажете . . . Мислам дека не е лошо да се види малку и светски фудбал . . . Доста е од Европскиот. . . Wink

-------------
STRUGA


Постирано од: Ghost
Датум на внесување: 28.Јуни.2007 во 18:25
Јас знам дека требаше да играат Аргентина - САД, ама не знам ни дали играа, ни што направија ако изиграле...

-------------
    MACEDONIA - LAND OF SUPERIOR NATION          


Постирано од: аџија
Датум на внесување: 28.Јуни.2007 во 18:55
Денес играат:

Парагвај - Колумбија (23:30)
Аргентина - САД (01:00)

пренос има на сателитска, на нашиве мислам не...


-------------


Постирано од: аџија
Датум на внесување: 29.Јуни.2007 во 08:22
Парагвај - Колумбија 5-0 (колумбија имаше игра, дури и пенал при 0-0, ама Санта Круз со искористување на сите три шанси што ги имаше донесе резултат 3-0 и потоа веќе беше готово....)

Аргентина - САД 4-1 (2 Креспо, 1 Аимар, 1 Тевез)


-------------


Постирано од: Ghost
Датум на внесување: 29.Јуни.2007 во 15:14
Бреее и двете 5+ испаднале... Знаете дека може да се фати пари на овие бре? LOLLOLLOL

-------------
    MACEDONIA - LAND OF SUPERIOR NATION          


Постирано од: tuturutka
Датум на внесување: 29.Јуни.2007 во 19:36

Мислам дека и на АЛСАТ даваат преноси . . . Ја фатив малку Парагвај - Колумбија . . . Не беше лошо видов три гола . . . Wink



-------------
STRUGA


Постирано од: аџија
Датум на внесување: 29.Јуни.2007 во 21:47
Се уште не чув предвидувања за победникот?

Лично, типувам на Аргентина, ама ова е Ј. Америка, ништо не се знае...


-------------


Постирано од: Палестинец
Датум на внесување: 30.Јуни.2007 во 12:32
Originally posted by аџија аџија напиша:

Се уште не чув предвидувања за победникот?

Лично, типувам на Аргентина, ама ова е Ј. Америка, ништо не се знае...
 
Бразил ќе биде победник.


-------------
Подобро ужасен крај, отколку ужаси без крај.


Постирано од: Ghost
Датум на внесување: 30.Јуни.2007 во 17:18
Тешко Бразил со оваа игра што ја има сега... Исто на Аргентина типувам...

-------------
    MACEDONIA - LAND OF SUPERIOR NATION          


Постирано од: Палестинец
Датум на внесување: 30.Јуни.2007 во 20:09
Originally posted by Ghost Ghost напиша:

Тешко Бразил со оваа игра што ја има сега... Исто на Аргентина типувам...
 
Секогаш почнуваат слабо, а на крај се шампиони.
 
Од каде знаеш каква игра имаат Бразил, кога во претходните постови велиш дека не си гледал утакмица од копа Америка 2007 година.


-------------
Подобро ужасен крај, отколку ужаси без крај.


Постирано од: Ghost
Датум на внесување: 30.Јуни.2007 во 20:16
Читав на два пати во весник WinkWink И на два пати беа критикувани во нивната игра...

-------------
    MACEDONIA - LAND OF SUPERIOR NATION          


Постирано од: Палестинец
Датум на внесување: 30.Јуни.2007 во 20:26
Originally posted by Ghost Ghost напиша:

Читав на два пати во весник WinkWink И на два пати беа критикувани во нивната игра...
 
Едно е читање, друго е гледање. Бразил и кога играле многу подобро се критикувани за нивната игра во печатот. Сепак ќе бидат шампиони.


-------------
Подобро ужасен крај, отколку ужаси без крај.


Постирано од: Ghost
Датум на внесување: 30.Јуни.2007 во 20:28
Да, меѓутоа обично кга некого критикуваш, тоа значи дека епак има некоја криза во истиот состав, еве земи го на пример светското првенство што беше, исто и таму беа критикувани бразилците, и точно испадна тоа што го збореа WinkWinkWink Не стигнаа ни до пола од она што тие можат нели? WinkWink

-------------
    MACEDONIA - LAND OF SUPERIOR NATION          


Постирано од: Палестинец
Датум на внесување: 30.Јуни.2007 во 20:35
Originally posted by Ghost Ghost напиша:

Да, меѓутоа обично кга некого критикуваш, тоа значи дека епак има некоја криза во истиот состав, еве земи го на пример светското првенство што беше, исто и таму беа критикувани бразилците, и точно испадна тоа што го збореа WinkWinkWink Не стигнаа ни до пола од она што тие можат нели? WinkWink
 
На Светско првенство учествуваат и силните Европски репрезентации (да не ги набројувам), а на Копа Америка единствен конк*рент на Бразил е во лицето на Аргентина, која ќе ја добијат на рутински начин.


-------------
Подобро ужасен крај, отколку ужаси без крај.


Постирано од: Ghost
Датум на внесување: 30.Јуни.2007 во 20:37
Па и не би рекол дека само Аргентина е јака таму WinkWink Земи ги Мексико, Парагвај, Чиле...

-------------
    MACEDONIA - LAND OF SUPERIOR NATION          


Постирано од: Палестинец
Датум на внесување: 30.Јуни.2007 во 20:39
Originally posted by Ghost Ghost напиша:

Па и не би рекол дека само Аргентина е јака таму WinkWink Земи ги Мексико, Парагвај, Чиле...
 
Освен Аргентина сите погоре набројани се ситна боранија.


-------------
Подобро ужасен крај, отколку ужаси без крај.


Постирано од: Ghost
Датум на внесување: 30.Јуни.2007 во 20:42
Кажи ми зошто така мислиш??? Јас колку што знам не зимале Копа Америка пехар само Бразил и Аргентина...

-------------
    MACEDONIA - LAND OF SUPERIOR NATION          


Постирано од: Палестинец
Датум на внесување: 30.Јуни.2007 во 20:55
Originally posted by Ghost Ghost напиша:

Кажи ми зошто така мислиш??? Јас колку што знам не зимале Копа Америка пехар само Бразил и Аргентина...
 
Зошто сум кладен на Бразил и срце ми кажува дека ќе добијам, никогаш не ме излажало.


-------------
Подобро ужасен крај, отколку ужаси без крај.


Постирано од: Ghost
Датум на внесување: 30.Јуни.2007 во 20:58
 е ондак чим си ти кладен во тој случај нека биде, Бразил нека тепа LOLLOLLOLLOL

-------------
    MACEDONIA - LAND OF SUPERIOR NATION          


Постирано од: Палестинец
Датум на внесување: 30.Јуни.2007 во 21:00
Originally posted by Ghost Ghost напиша:

 е ондак чим си ти кладен во тој случај нека биде, Бразил нека тепа LOLLOLLOLLOL
 
Од твоја уста во божји уши.


-------------
Подобро ужасен крај, отколку ужаси без крај.


Постирано од: tuturutka
Датум на внесување: 01.Јули.2007 во 12:31
Луѓе до каде се утакмиците бе . . . Не сум видел ништо . . . Ај пишете по некој резултат овде да не барам на друго место . . . Wink

-------------
STRUGA


Постирано од: Палестинец
Датум на внесување: 03.Јули.2007 во 21:07
Originally posted by tuturutka tuturutka напиша:

Луѓе до каде се утакмиците бе . . . Не сум видел ништо . . . Ај пишете по некој резултат овде да не барам на друго место . . . Wink
 
Бразил-Чиле 3:0


-------------
Подобро ужасен крај, отколку ужаси без крај.


Постирано од: tuturutka
Датум на внесување: 04.Јули.2007 во 17:55
Originally posted by Палестинец Палестинец напиша:

Originally posted by tuturutka tuturutka напиша:

Луѓе до каде се утакмиците бе . . . Не сум видел ништо . . . Ај пишете по некој резултат овде да не барам на друго место . . . Wink
 
Бразил-Чиле 3:0
Фала братче . . .  Ќе ти го паметам ова . . . WinkLOL


-------------
STRUGA


Постирано од: Палестинец
Датум на внесување: 06.Јули.2007 во 06:01
Бразил се ближи кон целта, сега е во четвртфинале.
 
 


-------------
Подобро ужасен крај, отколку ужаси без крај.


Постирано од: tuturutka
Датум на внесување: 06.Јули.2007 во 20:19

И полу финале стигнале бе . . . Мислам Бразил - Чиле LOLLOLLOL

Аргентина пак отпадна . . . Wink 

-------------
STRUGA


Постирано од: zlatko cernobil
Датум на внесување: 06.Јули.2007 во 21:17
Argentina e sampion    koj se kladi so mene u kilo krv i dve oci za meze

-------------
A.Z.


Постирано од: cvet4e
Датум на внесување: 07.Јули.2007 во 00:00
Originally posted by zlatko cernobil zlatko cernobil напиша:

Argentina e sampion    koj se kladi so mene u kilo krv i dve oci za meze
 
vo pravo siThumbs%20Up
Finale: urugvaj-argentina
 
ps. Brazil se slabi, osven Robinho nikoj ne se trudi, ke go pominat Chile ali sumnam na urugvajWink


-------------
There are two theories about how to argue with a woman. Neither one works...


Постирано од: Професорот
Датум на внесување: 11.Јули.2007 во 18:42
Originally posted by Палестинец Палестинец напиша:

Originally posted by аџија аџија напиша:

Се уште не чув предвидувања за победникот?

Лично, типувам на Аргентина, ама ова е Ј. Америка, ништо не се знае...
 
Бразил ќе биде победник.
 
Бразил-Уругвај 2:2 на пенали 7:6
 
Бразил е во финале на Копа Америка.


-------------
Вера
Морал
Родољубие
Одговорност


Постирано од: tuturutka
Датум на внесување: 12.Јули.2007 во 21:16
Финале
БРАЗИЛ - АРГЕНТИНА    
 
Добар натпревар ќе биде . . . Wink


-------------
STRUGA


Постирано од: LEGENDA
Датум на внесување: 14.Јули.2007 во 19:48
koga se igra finalevo ?

-------------
www.hjspain.com


Постирано од: Професорот
Датум на внесување: 15.Јули.2007 во 02:32
Originally posted by LEGENDA LEGENDA напиша:

koga se igra finalevo ?
 
Бразил - Аргентина    во 22.00 недела. 15 07. 2007 г.


-------------
Вера
Морал
Родољубие
Одговорност


Постирано од: Палестинец
Датум на внесување: 15.Јули.2007 во 19:34
Бразил - Аргентина
 
денеска во 23.05
 
 
 
 
 
 
 
 
 
П.С.
 
Пожелна е победа на Бразил.


-------------
Подобро ужасен крај, отколку ужаси без крај.


Постирано од: LEGENDA
Датум на внесување: 16.Јули.2007 во 00:06
ke se ubijam nemam prenos

-------------
www.hjspain.com


Постирано од: Палестинец
Датум на внесување: 16.Јули.2007 во 01:55
Originally posted by LEGENDA LEGENDA напиша:

ke se ubijam nemam prenos
 
На ХТВ 2 даваа пренос.
 
Бразил -Аргентина 3:0
 
Јас го погодив победникот на Копа Америка уште на почетокот на првенството.


-------------
Подобро ужасен крај, отколку ужаси без крај.


Постирано од: LEGENDA
Датум на внесување: 16.Јули.2007 во 02:24
fala za info

gledase nekoj tolku li se tapa argentina igrase li mojot tevez ?


-------------
www.hjspain.com


Постирано од: Палестинец
Датум на внесување: 16.Јули.2007 во 03:42
Тевез играше. Аргентина не беше толку тапа, колку што Бразил имаа среќа. Баптиста во 3 минута даде гол, а после Ајала си даде автогол.Првото полувреме заврши 2:0, така да победникот беше решен уште тогаш.

-------------
Подобро ужасен крај, отколку ужаси без крај.


Постирано од: LEGENDA
Датум на внесување: 16.Јули.2007 во 03:43
huh fala

jebiga bolje sto ne gledav toas ...


-------------
www.hjspain.com


Постирано од: Палестинец
Датум на внесување: 16.Јули.2007 во 03:50
Originally posted by zlatko cernobil zlatko cernobil напиша:

Argentina e sampion    koj se kladi so mene u kilo krv i dve oci za meze
ClapClapClapClapClapClapClapClapThumbs%20Up
Значи цар си нема што. Го погоди шампионот, ама во колкот.
 


-------------
Подобро ужасен крај, отколку ужаси без крај.


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 06.Април.2011 во 19:08
Шпанија на Копа Америка?

spanija

Јужноамериканската фудбалска конфедерација (CONMEBOL) упати службена покана до шпанската фудбалска репрезентација за настап на Copa America.

Јужноамериканското фудбалско првенство (Copa America)  треба да се одржи од 1 до 24. јули оваа година во Аргентина.

Ова континентално натпреварување е единствено на кое со покана може да настапуваат и репрезентации од други континенти. За 43. по ред издание на CONMEBOL, првобитно беше поканета репрезентацијата на Јапонија. Но поради земјотресот и другите неприлики, оваа земја мораше да го откаже учеството.

Japan_Football_Association-

“До 29. април мораме да дознаеме која репрезентација ќе ја замени Јапонија, а наша најголема желба е тоа да биде Шпанија. Ако светскиот првак  не ја прифати поканата, на нивно место ќе дојдат или Костарика или Канада ” изјавија преставници на CONMEBOL.

conmebol

Претседателот на шпанската фудбалска федерација, Angel Maria Villar, изјави дека за оваа покана ќе се расправа на Извршниот одбор на Сојузот. Ако Шпанија прифати, тоа ќе биде нивно прво учество.

Logo_Football_Spain_-_FCF

Костарика и Канада веќе го потврдија евентуалниот настап.

На првенството на Јужна Америка ќе настапат 12 фудбалски репрезентации меѓу кои и Аргентина и Бразил. Токму поради овие причини ова првенство, заедно со Европското, се најсилни континентални првенства.




-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: емил
Датум на внесување: 10.Април.2011 во 07:57

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) размислува за привремена промена на правилата со цел да и овозможи на репрезентацијата на Јапонија настап на Копа Америка.

 

Јапонија требаше да настапи на јужноамериканското првенство од 1. до 24. јули во статус на гостин, но го откажа доаѓањето во Аргентина поради ситуацијата во земјата по земјотресот и цунамито кои се случија на 11. март.

Поради вонредната состојба е прекинато фудбалското првенство, а се предивува дека заостанатите кола ќе се играат токму во јули, што би го оневозможило играњето на репрезентацијата во Аргентина.

Според сегашните правила клубовите не се должни да ги пуштат своите играчи во репрезентацијата со оглед на тоа дека Јапонија на Копа Америка би играла како гостин.

Меѓутоа, ФИФА сега ја разгледува можноста да им нареди на клубовите во Јапонија и Европа да ги пуштат играчите со цел Јапонија сепак да може да настапи во Аргентина



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 07.Мај.2011 во 08:51

Голем интерес за Копа


Според информациите објавени од организаторот на Копа Америка, натпреварување кое летово ќе се одржи во Аргентина постои огромен интерес за едно од најинтересните континентални шампионати во историјата, каде домаќинот очекува освојување на првото место.

Во првиот час од продажбата на влезниците, љубителите на фудбалот од Аргентина, резервираа 70.000 билети и веќе е невозможно да се обезбеди место на трибините на мечевите на кои настапува домашниот состав.

До почетокот на турнирот има уште неполни два месеци и се очекува скоро сите натпревари на турнирот да се играат пред полни трибини.

Фудбалскиот куп на Јужна Америка стартува на 1 јули и тоа со дуелот меѓу Аргентина и Боливија, а средбата ќе се игра на стадионот во Ла Плата. Пет дена подоцна Аргентина игра против Колумбија во Санта Фе, Кордоба е домаќин последниот меч од првата фаза, а натпреварот со Јапонија ќе се одигра на 11 јули.

Аргентина последен пат триумфирала на Копа Америка во 1993 година и се очекува Гаучосите, конечно на домашен терен по скоро две децении да му се радуваат на трофејот во ова натпреварување.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 26.Јуни.2011 во 05:41
Меси: Сонувам да ја освоиме Копа Америка

http://www.netpress.com.mk/sport/vestiimages/19237/leo.jpg">

Најдобриот светски фудбалер Лео Меси од првиот ден на јули ќе започне нова мисија. Тој ден, имено, за неговата Аргентина стартува натпреварувањето на Копа Америка, јужно-американското првенство, на кое токму Аргентина е домаќин.

Како предводник на Барселона, Меси во кариерата освои апсолутно се, неколку пати, но со репрезентацијата има само еден единствен успех. Пред три години Меси ја предводеше Аргентина до златниот медал на Олимписките игри во Пекинг, но на светските првенства или Копа Америка, Меси сеуште, како Аргентинец, чека некој успех.

"Сонувам освојување на Копа Америка. Го посакувам тоа и поради себе, но подеднакво, можеби и повеќе, поради соиграчите, како и нашите навивачи. Време е Аргентина да освои еден голем пехар. Предолго чекаме на тоа." - рекол Меси.

Меси во Аргентина не чувствува таква поддршка од навивачите како во Каталонија. Имено, еден дел од Аргентинците му забележуваат и мислат дека во дресот на Барселона игра далеку подобро отколку во репрезентацијата.

"Секако дека секогаш го давам својот максимум, како во клубот. така и во националниот тим. Сега е време за нешто големо, бидејќи Аргентина има одлични фудбалери на сите позиции. Ќе го дадеме нашиот максимум за да бидеме шампиони на Јужна Америка. Мораме таква радост да им подариме на нашите навивачи" - завршил Меси.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 02.Јули.2011 во 15:41
ВИДЕО: Шок на стартот: Аргентинците едвај до бод со Боливија

http://www.netpress.com.mk/sport/vestiimages/19346/арг.jpg">

Иако пред почетокот на Копа Америка најавуваа атак на титулата, фудбалерите на Аргентина ги разочараа домашните навивачи на стартот на јужноамериканскиот шампионат играјќи нерешено 1-1 со Боливија.

Аргентинците не се снајдоа најдобро во првите 45 минути откако во средниот ред Маскерано, Камбијасо и Банега им недостасуваше креативност што го натера Лео Меси се почесто да прииѓа по топката и далеку од голот да ги започне навивачите на "гаучосите".

Боливија не правеше грешки, а потоа на стартото на второто полувреме следуваше шок. Едивалдо по корнерот одлично реагираше, а тоа не може да се каже и за Банега кој стоеше на првата статива и успеа топката да му пројде низ нозе.

Ромеро се обиде да ја запре топката пред да ја мине линијата, но, безуспешно, Боливија водеше со 1:0. Голманот на Аргентина ја остави екипата во игра во 65. минута кога Марсело Мартинс остана сам очи в очи со него, меѓутоа, не успеа да го заобиколи и да ја погоди мрежата.

"Гаучосите" до израмнување стигнаа во 78. минута по феноменалниот волеј удар на Серхио Агуеро кој нешто порано влезе во игра на местото на непрепознатливиот Лавеци.

До крајот на мечот немаше промени па избраниците на Батиста мораа да се задоволат со бод и со мислите да се насочат кон следниот натпревар со Колумбија.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 02.Јули.2011 во 15:43
Аргентинските медиуми огорчени поради ремито

http://www.netpress.com.mk/sport/vestiimages/19352/меси.jpg">

Репрезентативците на Аргентина се разбудија со горк вкус од неуспехот против Боливија. Аргентинските медиуми веќе 'отворија оган', а прстот е вперен кон Меси...

Аргентина ремизираше со Боливија, а евентуаелн пораз избегнаа во 76. минута благодарение на погодокот на напаѓачот на Атлетико, Агуеро.

Магазинот "Оле" бил најостар кон избраниците на селекторот Батиста. На насловната страна на овој магазин се наоѓа слика од Меси со натпис "Кој си ти?", алудирајќи на тоа дека фудбалерите на Боливија не придавале внимание на големите имиња во аргентинската репрезентација.

Исто така, додава дека Аргентина сеуште е зелена и дека имала лош старт пред домашната публика.

На другата страна, "Кларин" наведува "Агуеро единствениот херој". Во понатамошниот текст се вели "Тимот на Батиста беше далеку од фудбалската идеја која сака да ја применува идека прикажале лоша игра".

Меси беше во центарот на вниманието кај критичарите од новинарската фела, бидејќи беше најголема надеж за "гаучосите", а речиси ништо не покажа на теренот.

"Лео, без сомнеж, не беше лидер и далеку од тоа што е во можност да го прикаже" - се наведува во магазинот "Оле".




-------------


Постирано од: op12eh
Датум на внесување: 03.Јули.2011 во 02:27
http://www.ca2011.com/ - http://www.ca2011.com/


Постирано од: емил
Датум на внесување: 03.Јули.2011 во 12:58

Колумбија се справи со Коста Рика

    http://sportdenes.com/media/k2/items/cache/626f050f10c5e09dde9a90a106d63a47_XL.jpg">Колумбија%20се%20справи%20со%20Коста%20Рика

    Селекцијата на Колумбија постигна минимална победа со 1-0 во првиот натпревар од Групата А на Копа Америка против Коста Рика.

    Покрај тоа што беа фаворити на натпреварот, колумбијците не покажаа ништо особено, па со минимални залагања успеаа да стигнат до значајните три поени и да застанат на врвот од табелата во својата група.

    Противникот пак играше со 10 играчи од 28. минута, кога црвен картон заработи РАндал Бренис. Едиснтвениот погодок на натпреварот беше дело на Адриан Рамос во 45. минута од средбата.

    Во крајна линија Колумбија освои значајни три поени и излезе на лидерскта позиција во групата А, пред Аргентина и Боливија кои во првиот дуел си ги поделија поените, а Коста Рика останува на последната позиција без освоени поени.


    -------------


    Постирано од: емил
    Датум на внесување: 04.Јули.2011 во 06:10
    Нејмар и Бразилците немоќни против Венецуела

    Откако домаќинот Аргентина го отвори натпреварувањето на Копа Америка со кикс против Боливија (1-1), истата приказна им се случи и на фудбалерите на Бразил. Тие во 1. коло од групата Б одиграа 0-0 против Венецуела.

    Од Бразил, како и Аргентина, се очекуваше многу и се очекува и во иднина на ова првенство на кое домаќин е Аргентина. Како што домашните навивачи сите надежи ги полагаат во Лео Меси, така Бразилците својата репрезентација ја испратија со еднжа желба, да стане првак на Јужна Америка, а се очекува ѕвезда на првенството да биде 19-годишниот играч на Сантос Нејмар. "Новиот Пеле" играше 90 минути во Ла Плата, но ниту тој, ниту сите останати Бразилци не покажаа ништо особено.

    Секако, Бразил беше подобар, диктираше темпо, но ништо од тоа не материјализираа. Разиграни и креативни беа во првиот дел, додека во второто полувреме Бразилците на создадоа ниту една вистинска шанса.

    Најблизу до погодок беа во првата четвртина од дуелот, кога на пример, Пато со удар од десетина метри топовски ја погоди стативата. Во првиот дел Пато, Робињо и Нејмар солидно комбинираа, но и пречесто сакаа да дриблаат, што на крајот се покажа претерано себично.

    По сето тоа во Бразилците се вовлече и безидејност, па и нервоза, а венецуелската одбранбена игра беше се послна и поцврста, па на крајот успеаа да ја сочуваат својата мрежа против угледниот противник. За одбележување е уште и фактот дека за бразилската селекција и младиот Ганзо ги одигра сите 90 минути во средниот ред.




    -------------


    Постирано од: емил
    Датум на внесување: 06.Јули.2011 во 05:42
    Мексико се запозна со Санчез и Видал


    Победникот на "Златниот куп" е поразен од Чиле (2:1), додека Уругвај и Перу ремизираа - 1:1


    Првиот дерби натпревар на 43. Првенство на Јужна Америка, пресметката во групата "Ц" меѓу репрезентациите на Чиле и Мексико заврши со минимален триумф на "ла роја". Последниот освојувач на "Златниот куп", кој како гости настапува на Копа Америка, не можеше да смета на услугите на осум суспендирани репрезентативци, поради оргиите со проститутки на подготовките во Еквадор. Сепак, Чиле иако во најсилен состав, предводен од најголемите ѕвезди во предниот рок, Артуро Видал и Алексис Санчез, доста се намачи и со пресврт стигна до победата.
    - Разговаравме за време на паузата, сфативме дека мора да бидеме мирни, бидејќи прашање на време беше кога ќе го постигнеме израмнувачкиот погодок. Нема да го менуваме нашиот стил на игра, исто ќе играме како против Мексико. Нема лесен противник во групната фаза, сите сакаат да успеат и да бидат дел од елиминациската рунда, изјави најголемата ѕвезда во дресот на Чиле, фудбалерот на Удинезе, Алексис Санчез.

    Без победник, но со по еден гол во двете мрежи, заврши вториот дуел во истата група, меѓу репрезентациите на Уругвај и Перу. Четвртопласирана екипа од СП 2010, со напаѓачкото трио Форлан-Суарез-Кавани, не успеа да го совлада ослабениот Перу, кој во Аргентина допатува без клучните играчи Фарфан, Пизаро, Забрана и Рамирез
    - Знаевме дека Перу нема да попушти во ниту еден момент. Убаво е чувството кога ќе ја затресеш противничката мрежа, но не можам да бидам задоволен од конечниот резултат. Не бараме изговор, не ги искористивме сите шанси, Перу беше подобар во второто полувреме, а ние како да мислевме веќе на следниот дуел, изјави напаѓачот на Уругвај, Луис Суарез.

    Резултати: Уругвај - Перу 1:1 (Суарез 45' - Гереро 24'), Чиле - Мексико 2:1 (Паредес 67', Видал 73' - Араухо 41').



    -------------


    Постирано од: емил
    Датум на внесување: 10.Јули.2011 во 23:36
    Бразил спаси кожа


    Благодарение на голот на резервата Фред (90. мин.) "кариоките" освоија еден бод во дуелот со Парагвај


    Бод и тоа во последната минута освои репрезентацијата на Бразил против Парагвај во 2. коло на групата Б на Копа Америка. Избраниците на Мано Менезес повторно прикажаа очајно лошата игра, а "џокер" од клупата беше Фред, кој го израмни резултатот во 90. минута - 2:2. "Кариоките" ќе мора да го добијат последниот дуел против Еквадор, ако сакаат да го продолжат престојот во Аргентина.
    - Мора да бидеме задоволни од едниот бод. Малку фалеше да го загубиме овој многу важен натпревар. Можевме да водиме во 2:1, а веќе во следната минута имавме негатива од еден гол. Неимар мораше да биде посконцентриран во финишот од акцијата, а со концентрацијата има проблем и Пато. И дефанзивната линија направи мноигу грешки, изјави селекторот на Бразил.

    И покрај ремито против најтрофејната репрезентација на светот, напаѓачот на Парагвај, Роке Санта Круз призна дека е малку разочаран од конечниот резултат.
    - Голем натпревар, ја имавме контролата и врз играта и врз резултатот до последната минута. Убеден сум дека оваа репрезентација може да игра уште подобро. Мора да размислуваме позитивно, да се фокусираме на следниот противник, Венецуела. Малку сум разочаран од конечниот резултат, изјави напаѓачот на Манчестер Сити.

    Чиле и Перу се на чекор до пласман во четвртфиналето, додека Мексико е првата репрезентација која веќе ги спакува куферите.

    Резултати:
    Група Ц: Уругвај - Чиле 1:1 (Переира 54' - Санчез 65'), Перу - Мексико 1:0 (Гереро 83'). Табела: Чиле 4, Перу 4, Уругвај 2, Мексико 0 бодови.
    Група Б: Бразил - Парагвај 2:2 (Жадсон 39', Фред 90' - Санта Круз 55', Валдез 67'), Венецуела - Еквадор 1:0 (Гонзалес 61').
    Табела: Венецуела 4, Бразил 2, Парагвај 2, Еквадор 1 бод.



    -------------


    Постирано од: емил
    Датум на внесување: 11.Јули.2011 во 06:37
     

    -------------


    Постирано од: емил
    Датум на внесување: 12.Јули.2011 во 20:30

    Аргентина во четвртфиналето на „Копа Америка“

    Со победата од 3:0 над Костарика, фудбалерите на Аргентина успеаја да изборат пласман во следната четвртфинална фаза на јужно-американскиот шампионат „Копа Америка“ што се одржува во нивната земја.

    До триумфот на стадионот „Марио Кемпес“ во Кордоба рано утрово по македонско време „гаучосите“ стигнаа со двата гола на Серхио Агуеро во 45. и 52.минута и голот на Ангел Ди Мариа во 63.минута.

    Со овој натпревар се комплетираше 3.коло, а воедно и беше последен во рамките на групата „А“. На првиот дуел од 3.коло Колумбија со 2:0 ја совлада Боливија.

    Табела: Колумбија 7 бодови, Аргентина 5, Костарика 3 и Боливија 1.

    Сигурни учесници во четвртфиналето се Колумбија и Аргентина, додека Костарика ќе го чека исходот на натпреварите од 3.коло во групата „Б“ и ќе се надева на евентуален подобар скор од третопласираната репрезентација во оваа група за пласман во следната фаза.


    -------------


    Постирано од: емил
    Датум на внесување: 14.Јули.2011 во 05:59

    Уругвај го фати последниот воз

    Репрезентацијата на Уругвај го совлада Мексико во последниот натпревар од групата Ц и се пласираше во четвртфиналето од Копа Америка

    Уругвајците завршија втори на табелата иако по првите две кола имаа освоено само два бода. Минималниот триумф над Мексико од 1:0 беше доволен за опстанок на турнирот.
    Единствениот гол на дуелот одигран во Ла Плата го запиша Алваро Переира во 14 минута. Дефанзивецот на Порто беше најснаодлив по нафрлувањето на Диего Форлан од слободен удар и го совлада немоќниот Луис Мичел. Овој гол ги охрабри Уругвајците кои создадоа дузина шанси меѓутоа ниту еднаш не го погодија голот за зголемување на водството. Најпрвин Мичел му го одбрани опасниот шут од далечина на Форлан, а неколку минути подоцна напаѓачот на Атлетико го погоди дирекот. До крајот на полувремето и Луис Суарез со незгоден шут не постигна гол.
    Во вториот дел повторно Форлан ја имаше првата можност но од неколку метри го префрли голот. Потоа промашуваа Диего Перез, Суарез, Лугано, Форлан уште двапати, а сето тоа за малку ќе им се вратеше во финишот на мечот кога Мексико постигна гол (преку Рафаел Маркез Луго) но беше поништен поради офсајд.

    ГРУПА Ц
    РЕЗУЛТАТИ, 3.КОЛО
    ЧИЛЕ - ПЕРУ 1:0
    УРУГВАЈ - МЕКСИКО 1:0
    КОНЕЧНА ТАБЕЛА

     
    1. Чиле        2 1 0 4:2 7
    2. Уругвај    1 2 0 3:2 5
    3. Перу        1 1 1 2:2 4
    4. Мексико   0 0 3 1:4 0
    * Чиле, Уругвај и Перу се пласи


    -------------


    Постирано од: емил
    Датум на внесување: 18.Јули.2011 во 05:38

    Копа Америка остана без домаќинот Аргентина!

    Уругвај подобар во ударите од белата точка со 5:4, откако по основниот дел четврт-финалниот меч заврши 1:1

    Фудбалската репрезентација на Уругвај се пласира во полуфиналето на Копа Америка по победата над домаќинот на турнирот, Аргентина, со 5:4 на пенали. Мечот во регуларното време заврши 1:1, немаше голови ниту во продолженијата, а обата тима на крајот останаа со играч помалку на теренот. Уругваецот Диего Перез доби втор жолт картон во 38 минута, Маскерано, пак, поцрвени во 87. минута. Стрелци на головите од игра беа Перез за Уругвај во 6 минута и Игуаин во 17. минута за Аргентина.

    „Срамота. И Меси повторно не ја одведе Аргентина до успех“, само се некои од написите во аргентинските медиуми по елиминацијата на „гаучосите“ од кои нацијата очекуваше континентална титула на домашен терен по 1993 година. Аргентинците се посебно гневни на најдобриот светски фудбалер, Лионел Меси, кој нема постигнато гол за националниот состав од март во 2009 година. Дуелот во Санта Фе го одбележа нервозна игра и извонредна претстава на Уругвајците со играч помалку, особено во одбрана.

    „Ова е голем удар за Аргентина, но јас планирам да продолжам со селекторската работа. И онака наша цел е Светското првенство во 2014 година“, порача селекторот на Аргентина, Габриел Батиста, чиј тим во ова издание на фудбалското првенство на Јужна Америка ремизира трипати и славеше само над просечната Костарика.

    Противник на Уругвај во полуфиналето на Копа Америка 2011 ќе биде репрезентацијата на Перу која триумфира над Колумбија, по продолженија, со 2:0 што исто така претставува изненадување. Автори на перуанскиот успех беа фудбалерите за врска, Карлос Лобатона во 102 минута и Хуан Варгас во 112 минута од четврт-финалната пресметка во Кордоба. Колумбијците имаа прилика за водство во 66 минута, но напаѓачот Радамел Фалкао шутираше покрај голот од белата точка.




    -------------


    Постирано од: емил
    Датум на внесување: 18.Јули.2011 во 05:40

    /sport/fudbal/8152-kopa-amerika-ostana-bez-uste-eden-favorit - Копа Америка остана без уште еден фаворит

     

    Јужна Америка ќе добие нов шампион бидејќи после Аргентина, елиминиран е и првиот фаворит за титулата, освојувачот на последните две титули, Бразил.

    „Кариоките“ освоија четири од последните пет континентални првенства, но оваа година во Аргентина, на стадионот во Ла Плата беа запрени од Парагвај. Парагвајците се пласираа беѓу четирите најдобри селекции во Јужна Америка со победата над Бразил по изведувањето на пенали.

    Во регуларниот дел победникот не беше одлучен, иако Бразил константно напаѓаше. Имаа 14 шутеви кон голот, додека Парагвајците се заканија само три пати. Шансата за победа ја прокоцка Александре Пато, во 75-та минута.

    Сè се смени по изведувањето на пеналите. Бразилците на три пати го промашија голот, а еден удар одбрани голманот на Уругвај, Виљар, кој е најзаслужен за победата на неговата репрезентација.

    Парагвај во полуфиналето ќе игра со подобриот од дуелот Чиле-Венецуела. 



    -------------


    Постирано од: емил
    Датум на внесување: 19.Јули.2011 во 06:19
    Сензација: Елиминиран и Бразил

    Бразил - Парагвај 0:0 (0:0, по пенали 0:2)

    По Аргентина од Копа Америка се простија и фудбалерите на Бразил, кои не успеаа да го совладаа Парагвај, притоа промашувајќи ги сите четири пенали. Два погодоци од белата точка беа доволни Парагвај да се пласира во полуфиналето.

    "Кариоките" беа подобри во текот на најголемиот дел од мечот, но голманот на Парагвај Виљар беше несовладлив. И покрај фактот дека имаа подобри шанси Бразилците никако не успеаваа да ја испратат топката в мрежата на противникот. Тоа доведе до голема нервоза на теренот, а "сметката" ја платија Леива од бразил и Алкараз од Парагвај, кои на крајот на првото продолжение заработија црвени картони.

    Бидејќи нем аше подогоци се пристапи кон изведување пенали, а Бразилците дури четири пати беа непрецизни од белата точка. Елано, Тијаго Силва, Сантос и Фред не успеаа да ја затресат мрежата, па победата за Парагвај беше неизбежна.



    -------------


    Постирано од: емил
    Датум на внесување: 21.Јули.2011 во 06:18
    Уругвај во финалето на Копа Америка

    Фудбалерите на Уругвај, полуфиналистите на минатогодишното Светско првенство, го потврдија својот кам бек во врвот на светскиот фудбал со пласманот во финалето на Копа Америка.

    Уругвај го совлада Перу со 2:0 со  головите на Суарез во 53. и 58. минута. Перу беше внимателен, па и на уругвај му беше потребно доста време да го скрши отпорот на противникот. Голманот Фернандез не успеа да го скроти шутот на Форлан од околу 25 метри, за Суарез да го собере отпадокот и да ја затресе мрежата за прв гол. Пет минути подоцна Переира одлично го проигра Суарез, кој мирно го заобиколи голманот и го постигна својот трет гол на овој шампионат.

    Уругвај така по 1999. повторно ќе игра во финалето на Копа Америка, каде ќе има можност да ја освои титулата з апрв пат од 1987. година. Доколку тоа им појде од нога, фудбалерите на Уругвај со 15 титули ќе станат најтрофејна екипа во ова натпреварување.



    -------------


    Постирано од: емил
    Датум на внесување: 22.Јули.2011 во 05:49

    Парагвај до финалето на Копа Америка без победа!

    Парагвајците во полуфиналето ја елиминираа Венецуела на пенали со 5:3 откако немаше голови по 120 минути игра

    Прво финале на Копа Америка за фудбалската репрезентација на Парагвај по 1979 година. Во полуфиналето на шампионатот на Јужна Америка, во Мендоза, Парагвајците ја совладаа Венецуела на пенали со 5:3, откако немаше голови во регуларните 90 минути и двете продолженија по 15 минути. Решавачкиот удар од белата точка го реализира Дарио Вега, а потоа парагвајскиот голман Жусто Вилјар го одбрани обидот на Франклин Лусена и ја испрати својата земја во мечот за титулата против Уругвај што ќе се игра во недела во Буенос Аирес.

    Интересно е дека Парагвајците стигнаа до финалето со неверојатна низа без ниту една победа на 43. издание на Копа Америка. Во сите пет натпревари ремизираа и двапати минаа на пенали, против Бразил во четвртфиналето и против Венецуела во полуфинале. Во групата беа трети, одиграа нерешено со Еквадор (0:0), Бразил (2:2), Венецуела (3:3).

    „Немаше да биде незаслужено ако и ние се пласиравме во финале. Одигравме одличен натпревар, но среќата не беше на наша страна“, рече играчот за врска на Венецуела, Џанкарло Малдонадо.

    И во право е. Во текот на целиот меч Венецуела беше подобар тим, за нијанса беше поконкретна, имаше подобри прилики за гол, имаше играч повеќе, нејзините фудбалери двапати ја погодуваа стативата, еднаш пречката меѓутоа чуварот на мрежата на Парагвај ги излудуваше од минута во минута.

    Полуфиналето во Мендоза имаше тензична завршница. Парагваецот Џонатан Сантана доби втор жолт картон во 102 минута, претходно мексиканскиот арбитар Франциско Чакон го исклучи селекторот на Парагвај, Герардо Мартино и неговиот помошник. Сето тоа се случи на самиот почеток на првото продолжение по вербалната расправија со венецуелскиот кормилар, Фариас. Продолжение на тој инцидент публиката виде по завршниот пенал на Верон кога дојде до општа тепачка на тревникот. Репрезентативците на Венецуела ги нападнаа Парагваците додека го славеа пласманот во големото финале, Фариас по мечот тврдеше дека противничките фудбалери ги провоцирале неговите.

    „Болно е да се биде толку блиску, а да не се пласираме во финале. Но, горди сме на се што направивме. Така ќе продолжиме и во иднина бидејќи сме одлична репрезентација“, заклучи разочараниот Малдонадо.



    -------------


    Постирано од: емил
    Датум на внесување: 25.Јули.2011 во 05:48
    Уругвај шампион на Копа Америка

    http://www.netpress.com.mk/sport/vestiimages/19627/уру.jpg">

    Уругвај - Парагвај 3:0 (2:0)
    Суарез 12', Форлан 42', 90'

    Фудбалерите на Уругвај триумфираа на овогодинешното натпреварување на Копа Америка, откако во финалниот меч одигран во Буенос Аирес го совладаа Парагвај со 3:0.

    Суарез ја искористи одбиената топка да веќе во 12. минута го доведе Уругвај во водство, за Форлан во 42. минута одлично да шутира од косо од левата страна за убедливо водство. Парагвај не можеше да ја наметне својата игра и да воспостави вистинска рамнотежа на теренот, за во самиот финиш од мечот Форлан да ја искористи деконцентрацијата во одбраната на противникот и да го постигне својот втор погодок на мечот, а трет за неговата селекција.

    По четвртото место освоено на минатогодишното Светско првенство, Уругвај својата одлична форма ја потврди и со триумфот на Копа Америка. Покрај тоа Уругвај со 15. трофеи на Копа Америка стана рекордер по бројот на освоени пехари во ова натпреварување, бидејќи сега има еден триумф повеќе до Аргентина.



    -------------



    Испечати | Затвори го прозорот

    Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
    Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk