IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Геврек мек како душа
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Геврек мек како душа

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13899
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Геврек мек како душа
    Испратена: 17.Февруари.2024 во 17:40
Основното тесто се подготвува многу лесно, а може да ги направат и почетници во кујна.

Како да ги подготвите?
Потребни состојки:
250ml млеко (млако);
150ml вода (млака);
150ml сончогледово масло;
½ лажиче сол;
2 големи лажици шеќер;
1 пакетче сув квасец;
1 белка од јајце;
700g брашно;
По 1 лажиче омекнат путер за секоја ачма;
1 жолчка од јајце;
Сусам.
Начин на подготовка:
Во длабок сад се става млеко, вода, масло, сол, шеќер и се мешаат добро;
Потоа се додава квасец, белка од јајце и полека се додава брашно, па се замесува меко тесто;
Тестото се прекрива и се остава да нарасне околу 45 минути;
По ова, тестото се става на работна површина и се дели на 12 топчиња, па се става по една лажичка путер на секое топче;
Од секое топче се прави по една кифла, која се истегнува и од неа се формира ѓеврече;
Рерната се загрева на температура од 170 степени Целзиусови;
Ѓевречињата се ставаат на плех обложен со хартија и се оставаат прекриени со крпа да стасаат околу 20 до 30 минути;
Ѓевречињата се премачкуваат со разматено јајце и се посипуваат со сусам, па се ставаат да се печат околу 25 до 30 минути или додека да станат златно кафеави;
Откако ќе се испечат, може да се прекријат со крпа уште 10 до 15 минути за да станат уште помеки.
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.