IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал > Фан клубови
  Активни теми Активни теми RSS - Фан клуб Баерн Минхен
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Фан клуб Баерн Минхен

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 9>
Автор
Порака Обратен редослед
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2010 во 13:52
И Баерн "притиска" за Красиќ

Управата на Баерн Минхен има желба во летниот преоден рок да го ангажира српскиот репрезентативец Милош Красиќ. Германските медиуми го оценија овој потег на Баерн како потрага по идеална замена за француската ѕвезда Франк Рибери, кој летоска ќе го напушти Минхен и ќе се пресели во Шпанија. Еден од менаџерите на српскиот фудбалер, Бобан Симиќ, за Билд истакна дека контактирал со шефот на скаут-службата во Баерн Волганг Дремлер, кој се распрашувал за можноста за трансфер на Красиќ ова лето.

"Баерн покажа интерес за купување на Красиќ, а бидејќи се работи за еден од најголемите клубови во светот сигурно дека ЦСКА ќе размисли за понудата. Актуелниот договор на Красиќ истекува во 2011 година, а московскиот тим посакува да заработи нешто од трансферот за по тоа да не го изгубат како слободен играч", изјави Симиќ.

За 25-годишниот играч се интересира и Ливерпул, а Англичаните веќе најавија дека постои "дил" меѓу фудбалерот и клубот иако управата на ЦСКА тврди дела Ливерпул нема пари за овој трансфер. Красиќ важи за еден од најдобрите играчи во Европа, а во ЦСКА дојде во 2004 година од Војводина. За репрезентацијата дебитираше две години подоцна и оттогаш одигра 28 натпревари, а сигурно ќе биде една од главните ѕвезди на претстојното Светско првенство во Јужна Африка.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2010 во 18:44
Виолетовите" во Минхен во најлош можен момент

Точно една година, три месеци и 27 дена поминаа од последното гостување на Фиорентина во Минхен на мегдан со славниот Баерн. Тогаш "виолетовите" во групната фаза од Лигата на шампионите загубија убедливо со 3:0 и покажаа дека се уште не се достојни да му се спротивстават на искусниот противник. Оваа година ждрепката одлучи повторно да се сретнат овие два противника, и тоа во најинтересниот дел од елитното натпреварување нокаут-фазата. Фиорентина доаѓа на Алианц арената во најлош можен период. Италијанскиот клуб е во многу слаба форма, победи само еднаш на последните шест натпревари во сите конк*ренции и пополека го губи чекорот зад водечките екипи во домашното првенство. Тренерот Чезаре Прандели се надева дека неговите фудбалери ќе ги заборават резултатите во Серија "А" и целосно ќе и се посветат на Лигата на шампионите каде ја пишуваат една од најуспешните сезони во историјата.

Како потсетување, "виолетовите" ја минаа групата со 15 бодови (само Бордо од сите други имаше поен повеќе) и по поразот од Лион запиша пет чисти победи, што претставува клупски рекорд. Истовремено тосканскиот клуб за првпат забележа две победи по ред на гости во европските натпреварувања, што е за првпат по сезоната 1969/70. Сепак "виолетовите" не доаѓаат во Минхен без проблеми. Поради допинг скандалот суспендиран е Адријан Муту, Алесандро Гамберини го оперираше рамото, Марио Сантана го повреди листот на ногата, а, најверојатно, ќе го нема и Кристијано Занети, кој има повреда на коленото.

За разлика од нив Баерн се наоѓа во фантастична серија од 12 победи и притоа постигна импресивни 40 гола, а прими 11. По серијата критики за лошиот старт на сезоната, тренерот Луис ван Гал, конечно, ја најде победничката игра и ја подигна формата на фудбалерите. Целата игра на "Баварците" многу ќе зависи од изданието на Арјен Робен, кој оваа сезона е главен двигател кај германскиот тим и кој постигна голови на шест од седумте последни натпревари на Баерн. Оваа недела тимот го тресеше стомачен вирус, меѓутоа проблемите се надминати и сите играчи му се ставени на располагање на холандскиот стратег.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2010 во 10:43
Баерн ќе ги намалува платите на фудбалерите

Новиот спортски директор на Баерн, Кристијан Нерлингер, најави дека баварскиот гигант во новата година ќе тргне во акција за намалување на платите на фудбалерите со цел да се намалат расходите што ги има клубот. Тоа е сосема нелогично ако се знае дека сезоната 2008/09 Баерн ја заврши со приход од 268,7 милиони евра, а во летниот преоден рок потроши околу 100 милиони евра при што ги имаше и најскапите трансфери во Германија: Марио Гомез од Штутгарт за 35 милиони евра и Арјен Робен од Реал за 24 милиони.

"Ќе се обидеме да ги намалиме платите бидејќи примањата на фудбалерите и така го достигнаа врвот. Време е да почнеме да размислуваме разумно. Тоа се однесува и на фудбалерите кои мораат да сфатат дека секое продолжување на договорот автоматски не вклучува и зголемување на платите", го најави Нерлингер непопуларниот потег.

Сепак, наследникот на Ули Хенес додаде дека ваквиот систем нема да се однесува на сите фудбалери, туку секој случај ќе биде разгледуван индивидуално. Тоа значи дека нема да се дозволи Рибери да замине по секоја цена, туку дека за неговиот случај ќе се разговара дополнително.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2009 во 12:59
Баерн 500 дена не бил лидер во Бундеслигата


Изброивме точно 500 дена откако Баерн беше симнат од Бундеслигашкиот врв. Последен пат на врвот на табелата пишуваше Баерн Минхен на 17 Мај 2008 година.

Најтрофејниот германски тим од тој ден само сонува за првата позиција, а „црниот јубилеј“ го заокружи денеска (вторник). Додека Баварците се борат да стигнат на врвот таму досега се најдоа Баер (3 кола), Шалке (4), Херта (5), Хамбург (9), Хофенхајм (11) и шампионот Волфзбург (11).

Сега Баерн се наоѓа на шестата позиција по седум одиграни кола, а најдобар плсаман оваа сезона за Баварците е само третата позиција.

„Наместо со Хамбургер да ја делиме првата позиција ние заостануваме шест поени зад нив. Разочарувањето е големо и кај фановите и кај играчите.“ рече тренерот Луис Ван Гал.

Иста ваква серија од повеќе од 500 дена без прво место Баерн имал и за време на Отмар Хитцфелд и Феликс Магат. Последен пат ваква серија имале во сезоната 2003/20004 543 дена за да на 11 Ноември 2004 дојдат на првата позиција и да ја освојат титулата.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2009 во 11:40

Лука Тони се сели во третата германска лига?


Најплатениот играч на Баерн, а воедно и еден од најплатените кои греат клупа, можно е да заигра во третата германска лига.

Иако зема по 10 милиони евра годишно (6 милиони евра плата и плус спонзори), Лука Тони е еден од најплатените играчи кои седи на клупа и нема место во првиот тим.

Веќе некое време тој се поврзува со трансфер надвор од Алианц Арената, бидејќи Луис Ван Гал смета дека не е доволно добар за првиот тим.

Ова лето Тони сепак остана во Минхен, а сега се верува дека може да настапува во третата германска лига, што и сам побарал.

„Ме праша дали може да игра за нашиот втор тим. Во моментов се обидуваме да организираме пријателски натпревар во кој ќе заигра. Или пак во третата лига.“ изјави Ван Гал кој идејата Тони да игра во тимот на Мехмет Шол ја прими сериозно. Иако Баерн 2 игра во ниските лиги и се наоѓа на 14 позиција од вкупно 20.

Повредата на ахиловата тетива го одалечи Тони речиси два месеци од терените, со што го изгуби местото во првиот тим на Баерн.

Па сега сака со настапите за Баерн 2 да се врати во форма, што и не е така лоша идеја. Италијанецот кажа дека е спремен уште денес да заигра за вториот тим на Баерн во дуелот против второпласираниот Сандхаузен.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2009 во 14:46

Марио Гомез и официјално во Баерн


Денеска околу 14 часот, на официјалната страница на Баерн беше објавено дека Марио Гомез се одлучил од следната сезона да го носи дресот на баварскиот гигант.

Гомез за германските медиуми даде изјава во која рече дека утринава одлучил да го напушти Штутгарт и да премине во Минхен.

Тој во изјавата им се заблагодарува на фановите за сите преубаво поминати години во Штутгарт и вели дека знае оти тие можеби се незадоволни од неговата одлука, но дека секогаш кога ќе може ќе навраќа во Штутгарт.

Задоволството од комплетирањето на трансферот не го криеше ни управата на Баерн.

Румениге за германските медиуми изјави дека Баерн се пресреќни што најдобриот напаѓач во Германија ќе ги браните клупските бои од Минхен.

Останува уште само да се стави потписот на договорот и да се одреди колку ќе биде неговото траење.

Цената на овој трансфер ќе биде околу 30 милиони евра. Рекордот за најскап трансфер во историјата го држеше до пред некој час Вердер со трансферот на Диего за 29 милиони.
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2009 во 11:32
noviot dress na Bayern za 2010 God.


Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2009 во 11:29
Finale vo Bundesligata denes!

Bayern - Stuttgart 15:30 saat.
Wolfsburg - Bremen 15:30 saat.
Karlsruhe - Hertha 15:30 saat.

Tabela:

1. Wolfsburg     66   75 : 40   +35 Diff
2. Bayern        64   69 : 41     +28 Diff
3. Stuttgart     64   62 : 41     +21 Diff
4. Hertha        63   48 : 37     +11 Diff


Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2009 во 01:14
Официјално: Ван Гал ќе биде нов тренер на Баерн Минхен
Екипата на Баерн Минхен потврди дека ги завршила преговорите со АЗ Алкмар и Луис ван Гал наскоро ќе биде презентиран како нов тренер на Баварците

Она што во последните неколку недели се предвидуваше од медиумите ширум Европа, денеска и официјално се потврди – Луис ван Гал ќе биде нов тренер н Баварците.

57 годишниот стратег ќе стави потпис на две годишен договор со Баерн Минхен кој ќе започне да важи од 1 јули и ќе трае до 30 јуни 2011.

Поранешниот тренер на Баварците ќе стави потпис на договорот во следните неколку дена.

Директорите на Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге, Ули Хенес и Карл Хофнер, денеска во Холандија одржаа низа состаноци со Луис Ван Гал и претседателот на АЗ Алкмар Дирк Шеринга како и генералниот директор Тон Гербрандс и спортскиот директор Марсел Брандс.

Екипата на Алмкар се сложила да го ослободи од договорот Ван Гал една година пред првичниот рок, и безусловно му дозвоил на стратегот да се пресели во новиот клуб.

Како благодарност до клубот, Баерн ќе одигра пријателски натпревар во Холандија со новокрунисаниот шампион.

“Задоволни сме што успеавме во Баерн Минхен го донесеме Луис ван Гал, искусен и успешен тренер.” – рече Румениге

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2009 во 11:55
Ribery koj zaeba so Schalke neka ne zbori mnogu! Ko prvo sto e ova kako zakana zvuci a drugo nema samo ako igraat vo liga na shampioni nego i titula mora da se zeme ovaa godina sve drugo e sranje!

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2009 во 01:15
Рибери: Си одам ако не се пласираме во ЛШ
ImageДеновиве Франк Рибери се огласи со изјавата дека е подготвен да си замине од Минхен, доколку "баварците“ не успеат да влезат во Лигата на шампионите во наредната сезона.      Францускиот репрезентативец признава дека неговиот тим не игра на посакуваното ниво во последните неколку натпревари и оти мора да дадат сè од себе за да останат при врвот на табелата во Бундеслигата, што би значело автоматско влегување во ЛШ. Ако останат на третото место, тогаш ќе мораат да играат квалификации за влез во ЛШ.

     Веднаш по овие изјави на Рибери, почнаа шпекулациите каде би можел да се пресели, доколку Баерн Минхен не го стори она што го бара Французинот. Интер, Барселона, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед се само неколку од имињата на клубовите што кружат по фудбалските кулоари.

     "Не верувам дека ќе останам во такви околности, тоа е сигурно“ - дециден беше Рибери во изјавата за францускиот весник "Лекип“.

    "Затоа, тимот мора да стори сè што може за да завршиме најмалку втори во Бундеслигата. Не игравме најдобро во претходните неколку недели, а имавме и смена на тренерот. Притисокот од навивачите е многу голем. Кога играш за Баерн Минхен обврзан си да победуваш во секој меч, а ние сме само трети во моментов“ - заклучува Французинот.

 
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2009 во 23:10
Рајкард, Манчини, Шустер кандидати за тренер

Веднаш по отпуштањето на Јирген Клинсман од тренерската функција во Баерн (Минхен), германските медиуми започнаа да шпекулираат со евентуалниот негов постојан заменик. Јуп Хејнкес ќе го води баварскиот гигант до крајот на сезонава.

Сите се согласуваат дека со најголеми шанси да седне на клупата на Баерн (М) се Роберто Манчини, Франк Рајкард и Бернд Шустер. Тројцата стручњаци во моментов се без работа и нема да имаат проблеми да ја преземат екипата од Минхен.

Меѓу желбите на раководството на баварците се Гус Хидинк и Мартин Јол, кои сепак имаат многу помали шанси, бидејќи во моментов водат екипи.
Другите имиња, кои се споменуваат за наследници на Јирген Клинсман се Луис Фелипе Сколари, Армин Вех и Мирко Сломка.

Според печатот во Германија, сепак, Јуп Хејнкес, исто така, има реални шанси да ја задржи работата и да потпише постојан договор со Баерн во случај да ја донесе титулата на Алијанц Арена.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2009 во 19:25
Pocna katastrofalen sostav da pravi na pocetok na sezonata sekoja utakmica drug sostav...a ova denes na sto licese? Breno mi go stavil tuka sto cela sezona 1 utakmica igrase i denes go stava pozadi pa na 3 gola bese kriv skoro...gubat go stava Ottl nekoj sto vrska nema epa taka nema uspeh...

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2009 во 19:20
Па нормално бе Вардар дека треба промени,само јас мислам дека е до играчите не до Клинсман.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 9>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.