IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Митрополит Теодосиј Гологанов
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Митрополит Теодосиј Гологанов

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 9>
Автор
Порака
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Октомври.2009 во 18:06
Originally posted by Македон Македон напиша:




Како успеал Митрополитот Теодосиј од скопски митрополит да дојде до Цариград, па од таму во Бугарија дали знаеш? Знаеш ли што им правеле на бунтовниците во Цариград?П.С. Никој не одговори на моите погорни прашања за обвинувањата дека чезнеел по земна слава...

Што ти е чудно? Па тоj бил на много места на работа. Бил е во Босна и Херцеговина:
Веќе наредната 1874 архимандритот Теодосиј се наоѓа во Мостар како протосинѓел на Херцеговскиот митрополит Прокопиј. Неговото повторно враќање под јурисдикција на Цариградската патријаршија е недоволно расветлен во документацијата од тој период. Набрзо по своето доаѓање во Мостар Теодосиј морал да ја напушти Херцеговската епархија на барање од митрополитот Прокопиј и да се врати во Цариград.

Бил е Нишки владика:
При пристигнувањето во Цариград, Теодосиј не се појавил пред Цариградскиот патријарх, туку пред егзархот Антим кој повторно го поставил за ефимериј на „Св. Стефан“. Се смета дека Патријаршијата по ова ги известила отоманските власти за дејноста на Теодосиј во Херцеговската епархија, но не се забележани никакви дејствија против Теодосиј од страна на отоманската власт. Сепак, не сакајќи да ризикува егзархот Антим го испраќа Теодосиј далеку од отоманската престолнина во Ниш (15 мај 1875), како замена на архимандритот Партениј и викар на Нишкиот митрополит Виктор3.    Во Ниш архимандритот Теодосиј работел како деец на големобугарската политика, истово е потврдено во писмата на егзархот Антим упатени до архимандритот Теодосиј.

А во Скопие Теодосит бил временно:
Ова траело сè до 1890 кога егзархот Јосиф I со подршка од бугарската Влада повторно го актуелизирал прашањето за берати за егзархиските епископи за Скопје и Охрид. Како одговор на ова барање Големиот Везир на 15 март 1890 издал везирско тескере (временски ограничена дозвола) на митрополитот Теодосиј за да може привремено да престојува во Скопје.
Од Скопие бил изгонен со помошта на србите:
За време на неговиот престој во Скопје револтот и протестите од страна на Грција и Србија не стивнувале, но и немале некој поголем успех. Со доаѓањето на новиот српски конзул во Скопје (Кариќ) работите се смениле. Кариќ успеал да се договори со грчкиот конзул за заеднички настап кај скопскиот валија со цел митрополитот Теодосиј да биде избркан од Скопје, за ова на валијата му биле дадени 150 турски лири6. Митрополитот Теодосиј бил избркан од Скопје на 27 април. 1890... Веќе на 4 мај 1890 митрополитот Теодосиј пристигнал во Цариград. Неговото враќање било проследено со Протестна Нота од страна на бугарската Влада до Високата Порта

После таа бугарска нота Теодосиj одново се врнал во Скопие:
Под притисок од Големите Сили коишто сакале да зачуваат status quo на Балканот, а и под притисок од бугарската Влада на 24 јули 1890 Високата Порта издала два берата за егзархиски владици за Скопје и Охрид...На 30 јули 1890 митрополитот Теодосиј пристигнал во Скопје

Во повторното идване во Скопие станало нешто странно:
Кон крајот на месец ноември 1891 започнале преговори помеѓу Цариградската патријаршија и митрополитот Теодосиј. За ова исвестуваат неколку грчки весници од тој период како што се: „Неологос“, „Константинополис“, „Фарос тис македониас“. Овие весници одат дотаму што пренесуваат дека бил постигнат и договор помеѓу дотогашниот „шизматик“ митрополитот Теодосиј и Цариградската патријаршија, при што Теодосиј повторно се вратил во крилото на „мајката црква“.
Тоа принудило бугарската Екзархиjа да земе мерки:
Следејќи ги дејствијата на митрополитот Теодосиј ... Егзархијата и бугарската Влада на 23 ноември 1891 побарале од Високата порта митрополитот Теодосиј со сила да биде доведен во Цариград.
Като видел дебелиот краj Теодосиj започнал да крои униjа:
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Октомври.2009 во 18:15
Нешто обркал конците наш Теодосиj:
Егзархот му испратил покана на митрополитот Теодосиј да се појави во Цариград најкасно до 10 декември 1891. На ова митрополитот Теодосиј, којшто сметал дека возобновувањето на Охридската архиепископија преку унија со Римокатоличката црква е веќе договорено, одговорил дека нема намера да појде во Цариград и дека повеќе не се смета за епископ на Егзархијата...

Екзахиjтата взела мерки:
инодот на Егзархијата формирал Комисија составена од двајца членови на чело со егзархот Јосиф I којашто требало да одлучи што понатаму со „непослушниот“ митрополит. Одлуката донесена од страна на оваа Комисија била да се отстрани митрополитот Теодосиј од Скопје со помош на турската власт и да биде однесен во Цариград. Отстранувањето од скопската катедра му било соопштено на митрополитот Теодосиј на 29 декември 1891, на што митрополитот Теодосиј одговорил дека истото го смета за неканонско...

Дали е правилно обвинет и осуден:
Обвинението според коешто бил осуден митрополитот Теодосиј се состои од седум точки и има 22 страни...Во самото обвинение митрополитот се обвинува за: антиегзархиска црковно-просветна дејност; непризнавање на егзархиските правилници и одредби; користење на егзархиските финансии за антиегзархиска и антибугарска дејност; печатење книги на словенски јазик, а не на бугарски; обид да ја обнови Охридската архиепископија во канонско единство со Цариградската патријаршија
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Октомври.2009 во 18:29
Originally posted by чоли чоли напиша:


Што ти е чудно? Па тоj бил на много места на работа. Бил е во Босна и Херцеговина:
Веќе наредната 1874 архимандритот Теодосиј се наоѓа во Мостар како протосинѓел на Херцеговскиот митрополит Прокопиј. Неговото повторно враќање под јурисдикција на Цариградската патријаршија е недоволно расветлен во документацијата од тој период. Набрзо по своето доаѓање во Мостар Теодосиј морал да ја напушти Херцеговската епархија на барање од митрополитот Прокопиј и да се врати во Цариград.


Враќањето под јурисдикцијата на Цариградската Црква се претпоставува дека е поради притисок на Патријархот, но како што пишува, не е целосно расветлен настан.


Originally posted by чоли чоли напиша:


Бил е Нишки владика:
При пристигнувањето во Цариград, Теодосиј не се појавил пред Цариградскиот патријарх, туку пред егзархот Антим кој повторно го поставил за ефимериј на „Св. Стефан“. Се смета дека Патријаршијата по ова ги известила отоманските власти за дејноста на Теодосиј во Херцеговската епархија, но не се забележани никакви дејствија против Теодосиј од страна на отоманската власт. Сепак, не сакајќи да ризикува егзархот Антим го испраќа Теодосиј далеку од отоманската престолнина во Ниш (15 мај 1875), како замена на архимандритот Партениј и викар на Нишкиот митрополит Виктор3.    Во Ниш архимандритот Теодосиј работел како деец на големобугарската политика, истово е потврдено во писмата на егзархот Антим упатени до архимандритот Теодосиј.


Ова не е спорно, сепак, во прашање бил животот на Митрополитот по напуштањето на Цариградската Црква, па нормално е тоа што прифатил било каква позиција за да избега што подалеку од Цариград.

Originally posted by чоли чоли напиша:


А во Скопие Теодосит бил временно:
Ова траело сè до 1890 кога егзархот Јосиф I со подршка од бугарската Влада повторно го актуелизирал прашањето за берати за егзархиските епископи за Скопје и Охрид. Како одговор на ова барање Големиот Везир на 15 март 1890 издал везирско тескере (временски ограничена дозвола) на митрополитот Теодосиј за да може привремено да престојува во Скопје.
Од Скопие бил изгонен со помошта на србите:
За време на неговиот престој во Скопје револтот и протестите од страна на Грција и Србија не стивнувале, но и немале некој поголем успех. Со доаѓањето на новиот српски конзул во Скопје (Кариќ) работите се смениле. Кариќ успеал да се договори со грчкиот конзул за заеднички настап кај скопскиот валија со цел митрополитот Теодосиј да биде избркан од Скопје, за ова на валијата му биле дадени 150 турски лири6. Митрополитот Теодосиј бил избркан од Скопје на 27 април. 1890... Веќе на 4 мај 1890 митрополитот Теодосиј пристигнал во Цариград. Неговото враќање било проследено со Протестна Нота од страна на бугарската Влада до Високата Порта


Митрополитот Теодосиј дејствувал и против грчката и српската пропаганда. Тоа е добро објаснето во писмата до Папата.

Originally posted by чоли чоли напиша:


После таа бугарска нота Теодосиj одново се врнал во Скопие:
Под притисок од Големите Сили коишто сакале да зачуваат status quo на Балканот, а и под притисок од бугарската Влада на 24 јули 1890 Високата Порта издала два берата за егзархиски владици за Скопје и Охрид...На 30 јули 1890 митрополитот Теодосиј пристигнал во Скопје


Токму ова пристигнување ќе му биде последно во Скопје, кога ќе дојде до судир помеѓу Егзархот Јосиф и Митрополитот, кој ќе се обиде да ја отфрли власта на Егзархот.

Originally posted by чоли чоли напиша:


Во повторното идване во Скопие станало нешто странно:
Кон крајот на месец ноември 1891 започнале преговори помеѓу Цариградската патријаршија и митрополитот Теодосиј. За ова исвестуваат неколку грчки весници од тој период како што се: „Неологос“, „Константинополис“, „Фарос тис македониас“. Овие весници одат дотаму што пренесуваат дека бил постигнат и договор помеѓу дотогашниот „шизматик“ митрополитот Теодосиј и Цариградската патријаршија, при што Теодосиј повторно се вратил во крилото на „мајката црква“.


За ова сакам конкретен доказ, досега таков никаде не се сретнува. Насекаде Егзархијата и Патријаршијата тој ги третира како туѓински и пропагандни Цркви.

Originally posted by чоли чоли напиша:


Тоа принудило бугарската Екзархиjа да земе мерки:
Следејќи ги дејствијата на митрополитот Теодосиј ... Егзархијата и бугарската Влада на 23 ноември 1891 побарале од Високата порта митрополитот Теодосиј со сила да биде доведен во Цариград.
Като видел дебелиот краj Теодосиj започнал да крои униjа:


Егзархијата и бугарската Влада никаде не го обвинуваат Теодосиј за договор со пратријаршистите, тоа и самиот го знаеш.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Октомври.2009 во 18:34
Originally posted by чоли чоли напиша:

Нешто обркал конците наш Теодосиj:
Егзархот му испратил покана на митрополитот Теодосиј да се појави во Цариград најкасно до 10 декември 1891. На ова митрополитот Теодосиј, којшто сметал дека возобновувањето на Охридската архиепископија преку унија со Римокатоличката црква е веќе договорено, одговорил дека нема намера да појде во Цариград и дека повеќе не се смета за епископ на Егзархијата...


Да, во ова време Митрополитот Теодосиј веќе бил во врска со Папата, односно имал пратено писма до него.

Originally posted by чоли чоли напиша:


Екзахиjтата взела мерки:
инодот на Егзархијата формирал Комисија составена од двајца членови на чело со егзархот Јосиф I којашто требало да одлучи што понатаму со „непослушниот“ митрополит. Одлуката донесена од страна на оваа Комисија била да се отстрани митрополитот Теодосиј од Скопје со помош на турската власт и да биде однесен во Цариград. Отстранувањето од скопската катедра му било соопштено на митрополитот Теодосиј на 29 декември 1891, на што митрополитот Теодосиј одговорил дека истото го смета за неканонско...


Токму така, со помош на турската власт, Егзархијата насилно го сторила тоа што го сторила.

Originally posted by чоли чоли напиша:


Дали е правилно обвинет и осуден:
Обвинението според коешто бил осуден митрополитот Теодосиј се состои од седум точки и има 22 страни...Во самото обвинение митрополитот се обвинува за: антиегзархиска црковно-просветна дејност; непризнавање на егзархиските правилници и одредби; користење на егзархиските финансии за антиегзархиска и антибугарска дејност; печатење книги на словенски јазик, а не на бугарски; обид да ја обнови Охридската архиепископија во канонско единство со Цариградската патријаршија


Обвинението има и многу други работи, кои ти не си ги постирал, како што е поставувањето на Македонци за свештеници, непризнавање на правилниците, возобнова на Охридската Црква ( никаде не се споменува Цариградската Црква ), измислување народност која не постои ( мислам дека јасно ти е што сакал Теодосиј ).


Изменето од Македон - 06.Октомври.2009 во 18:42
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2010 во 18:53
Најдов едно писмо од митрополитот Теодосиј и за да не се изгуби ќе го дадам тука. Благодарност до Бранители.

Originally posted by 'braniteli' 'braniteli' напиша:








Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2010 во 17:24
Чинам дека знам од каде е ова, го имам и јас читано, мислам дека имам уште некои материјали, ама бидејќи се само од книга, немам како да ги потврдам, па затоа и не ги поставувам.

Инаку писмото е сосема јасно, нема зошто да се коментира повеќе.

Изменето од Македон - 04.Јули.2010 во 17:24
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2010 во 17:35
Нема јасни работи. И Сонцето не е секогаш јасно.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2010 во 17:48
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Нема јасни работи. И Сонцето не е секогаш јасно.


Ако за тебе се нејасни, жалам, не можам да помогнам повеќе, дури и да сакам.
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2010 во 18:55
Македоне, за да ти е јасно се`, треба да ги имаш сите возможни сведоштва, да ја составиш целата слика, да погледнеш од секој агол.
Ако на нешто матно му викаш јасно,
жалам, значи сум имал погрешно мислење за твојата објективност.

Дај, најди нешто ново. Јас деновиве барам по српските стари весници и списанија, немам најдено за Теодосиј, ама не е исклучено да пишува нешто.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2010 во 19:04
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Македоне, за да ти е јасно се`, треба да ги имаш сите возможни сведоштва, да ја составиш целата слика, да погледнеш од секој агол.
Ако на нешто матно му викаш јасно,
жалам, значи сум имал погрешно мислење за твојата објективност.


Каснакоски, да бидам искрен, воопшто не ме интересира што мислиш за мојата објективност.

Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:


Дај, најди нешто ново. Јас деновиве барам по српските стари весници и списанија, немам најдено за Теодосиј, ама не е исклучено да пишува нешто.


За Теодосиј имам нешто, ама како што кажав, немам начин да ја презентирам фототипен документ како поткрепа, па затоа и не го покажувам тоа од книгата.
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2010 во 19:56
И кај него има некоја српска врска.


„Во 1887 Теодосиј се поврзал и со Тајниот македонски комитет од Софија преку Коста Групчев и Наум Евро. Тајниот македонски комитет бил организација на македонските ителектуалци кои биле незадоволни од односот на пропагандите кон македонскиот национален индивидуалитет, комитетот имал своја програма која се залагала за протерување на бугарските свештеници и учители од Македонија. Кај овие дејци имало влијание на српскта пропаганда , првенствено во јазикот. Имено, се барало печатње на весник на македонски јазик но бидејќи тој не бил книжевно обработен, требало бугарските зборови да се исврлат од македонскиот јазик, и да се заменат со српски. Во тајни преговори во Белград со српската влада за соработка во 1886 година, било решено дека ќе биде актуелизирана заложбата за обнова на Охридската архиепископија. Групчев сведочи за Теодосиј дека тоj изjавил готовност да застане на чело Охридската архиепископија доколку истата се возобнови.“



Тогаш/1887/ Новаковиќ е амбасадор во Цариград и ТМК веќе си било ДСМ

Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2010 во 23:47
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

И кај него има некоја српска врска.


„Во 1887 Теодосиј се поврзал и со Тајниот македонски комитет од Софија преку Коста Групчев и Наум Евро. Тајниот македонски комитет бил организација на македонските ителектуалци кои биле незадоволни од односот на пропагандите кон македонскиот национален индивидуалитет, комитетот имал своја програма која се залагала за протерување на бугарските свештеници и учители од Македонија. Кај овие дејци имало влијание на српскта пропаганда , првенствено во јазикот. Имено, се барало печатње на весник на македонски јазик но бидејќи тој не бил книжевно обработен, требало бугарските зборови да се исврлат од македонскиот јазик, и да се заменат со српски. Во тајни преговори во Белград со српската влада за соработка во 1886 година, било решено дека ќе биде актуелизирана заложбата за обнова на Охридската архиепископија. Групчев сведочи за Теодосиј дека тоj изjавил готовност да застане на чело Охридската архиепископија доколку истата се возобнови.“



Тогаш/1887/ Новаковиќ е амбасадор во Цариград и ТМК веќе си било ДСМ



Митрополитот говори дека имал и преговори со Цариградската Патријаршија, односно дека бил подготвен и на отстапки, само да се возобнови македонската црковна самостојност.
Тоа не е некаква тајна.
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2010 во 07:30
Ме интересира по какви учебници предвидувал митрополитот да се учи македонскиот јазик?
Најверојатно тоа е букварот на Групче-Евро, финансирано од Новаковиќ, каде 2/3 е македонска, 1/3 српска, со тенденција српскиот дел да се зголемува.

Колку ми беше матен Теодосија, уште повеќе ми се замати.
За тебе сигурно е чист како солза.


Samo za dopolnenie edno pismo od K`nchov do I. Geshov
Коледа 1896 Цариград

Многоуважаемиј Господине Гешов,

Вчера се зав`рнах от Скопие весел, заштото видох там, как б`лгарското население живо се бори срешто чужденците, които искат да пот`пчат народността му. Т`ржественото посрештанје, което се устрои на Високопреосвештени Синеси, очуди турското правителство и показа на света, че б`лгарите в Скопие нито с насилијата на Хаф`з Паша, нито с авторитета на г. Христича нјама да б`дат заставени да се отречат от своите народни идејали. Пребројаването, което направи турската власт, даде неочаквани за неја резултати.Измежду 12 000 души б`лгари намериха се едва 26 к`шти, които подкупени от с`рбите, отрекоха својата народност и се записаха „словјани“. И то всичките тија продадени к`шти са от г`ркоманската обштина. В 10 годишната си усилена дејност с`рбите не са могли да купат ни една едничка б`гарска екзархијска фамилија в тоја град. Не е ли удивително упорството на б`лгарскија народ в Скопие? Не заслужава ли подкрепа тоја народ?... Телеграмите, които б`лгарското население от Скопие и от цјалата скопска епархија подаде до Великија везир в Цариград, ште накарат турското правителство, ште-не ште, да измени своето поведение и да спре острото преследванје на б`лгарската народност в Скопски санџак.
...
Поздравјавам ви с празниците и оставам
Ваш Васил К`нчов




Изменето од Каснакоски - 05.Јули.2010 во 08:17
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2010 во 11:02
Може и да сонувате ама нема да не убедите,се знае вера кој ви далнамигнување
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 9>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 1,203 секунди.