IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Митрополит Теодосиј Гологанов
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Митрополит Теодосиј Гологанов

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 9>
Автор
Порака
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2007 во 01:51
Аџија па прочитај малку поубаво погоре дечкото многу убаво постирал, мислам дека од друг коментар и нема потреба
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2007 во 02:35
boogie, прочитав, ама не може се да се базира врз еден труд, нели?

затоа и реков, дека контраверзата останува. Овде е претставена тезата дека не бил унијатски настроен, иако доставил такво барање. Ние за мотивите можеме само да претпоставуваме, а не и да донесеме конечен суд.

Можеби, како што вели Бронхи, тоа било само закана кон Патријашијата, но поучен од искуството со други слични договори со Ватикан во тоа време, се сомневам дека Ватикан би дозволил да биде изигран од еден локален митрополит. Сепак Ватикан е институција, која своите интереси ги штити беспрекорно...

Инаку знам дека Синодот не размислува, ама можеби во тоа е и проблемот...Wink
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2007 во 02:40
Како што кажав во еден претходен пост така и сега ке повторам политиката и верата не одат заедно затоа и секој политички потег кај помалите верски групации пропаѓа.Теодосиј сакал независна архиепископија а знаеме и зошто но едноставно требал да ги остави политичките игри на поголемите како на пр. ВатиканWink
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2007 во 10:23
Јас континуитетот на нашата дискусија го гледам токму во широчината и далекугледоста на Гологанов, да ја надмине дневно-политичко-националната затапеност на своето време и да понуди решенија кои излегуваат вон рамките кои овозможувале брз и духовен и социјален и економски и национален препород...

Значи во овој случај, јас се гледам себеси како бранител на овој великан на Македонската национална и духовна кауза, а вие за жал се борите за задржување на моменталната тесноградост и некреативност на еклезијалната власт во Македонија...

Затоа реков, решенијата кои ги нуди Гологанов, треба и денес сериозно да се разгледаат... Не може само македонецот да биде толку глуп, да се тепа да влезе таму каде што не го сакаат...Ouch


Изменето од Македон - 02.Октомври.2009 во 17:55
Кон врв
Bronhi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 348
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Bronhi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2007 во 15:34
Аџи се сложувам со тебе ДА СЕ ВРАТИМЕ НА ТЕМАТА, а ТЕМАТА Е:

Ме интересира дали некој може да ми посочи документи или податоци за мирополитот Теодосиј (Гологанов) Скопски митрополит од 1885-1902, но да не се од книгите на Славко Димевски и оние кои го цитираат него, бидејќи документите коишто тој ги посочува, а другите здраво за готово ги препишуваат скоро и да не можат да се најдат во Архивите, особено во архивите и музеите надвор од Скопје - ИСТИТЕ ИЛИ НЕ ПОСТОЈАТ ИЛИ Е ЗАБРАНЕТО НИВНО КОРИСТЕЊЕ.

Благодарам.


Земете БРОНХИ полесно се дише
Кон врв
Vladimir88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
"Arbeit macht frei"

Регистриран: 20.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4349
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vladimir88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2008 во 19:57


Pismo od Teodosij do Dionisij (20 juni 1891 god.) vo koe se veli: „Nie Makedoncite nemame tolku maka od Turcite kolku od Grcite, Bugarite i Srbite koi sakaat da ja raspar~at Makedonija… Egzarhijata vo Makedonija ja vr{i najmizernata zada~a, go odzema imeto na na{iot narod, jazikot…" Teodosij povikuva: „Makedonci - duhovnici, krenete se protiv Patrijar{ijata i Egzarhijata i obedinete se pod za{tita na Ohridskata arhiepiskopija kako va{a vistinska majka crkva" (Q. Lape, Odbrani tekstovi, Skopje, 1975)
Кон врв
Bronhi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 348
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Bronhi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2008 во 23:56
Originally posted by дуле дуле напиша:

Originally posted by Vladimir88 Vladimir88 напиша:

[QUOTE=дуле]
Инаку како тоа бугарски иконописци кога види отецот Теодосиј што зборува за бугарите, србите, и грците што правеле во Македонија..










Дефинитивно кога го читам отецот Теодосиј си викам

Каков народ сме биле ние од сите сме страдале....


Па не знаев што влавот Теодосиj Гологанов е знаел анлиски език....
А знаеш ли што Теодосиj е бугарски академик во БАНУ? (у нас академиjата е без уметности и затоа се кзва само БАН).
Запомни - Теодосиj е умрел како бугарски академик!!!!



Митрополитот Теодосиј (Гологанов) умрел како затвореник, а не како академик! А бил затворен во Духовната академија од страна на Бугарската егзархија. Повели читни малку за него...

3. 2. Одделување од Егзархијата и обидот за возобнова на

        Охридската архиепископија

 

          Своето дејствување за возобнова на Охридската архиепи-скопија Теодосиј почнува да го манифестира уште во 1885 кога и е хиротонисан за епископ Скопски. Во овој период тој има блиска соработка со „Македонскиот комитет“ од Софија преку Коста Групчев. Групчев сведочи дека Теодосиј бил подготвен да застане на чело Охридската архиепископија доколку истата се возобнови[1]. Митрополитот Теодосиј бил свесен за комплексната политичка состојба којашто во тој миг не дозволувала возобновување на Охридската архиепископија. Сметал дека ниту Високата Порта, ниту, пак, Русија, ниту, пак, некоја од останатите Големи Сили ќе да ја подржи оваа идеа.

          Мигот за возобновување на Охридската архиепископија го гледал во бератите за егзархиски епископи во Македонија. Во рамките на Егзархијата имало неколкумина архимандрити и епископи Македонци коишто според него, ја подржувале идејата за возобнова на вековната македонска Архиепископија. Само сите македонски епархии здружено би можеле да ја возобноват Охридската архиепископија, во спротивно истото би било невозможно, смета Теодосиј. Само вака може да се протолкува неговото спротивставување на Прилепската црковно-училишна општина којашто преку свештеникот Спасе Игуменов се обидела да се одвои од Егзархијата и да добие признавање како самостојна црковно-училишна општина од страна на Цариградската патријаршија. Ова го потврдува и самиот Теодосиј кој во разговор со свештеникот Спасе, при што напомнува дека не е спротивен на такви преговори со Цариградската патријаршија, но само доколку истите се водат во името на целиот македонски народ. Не треба се работи за признавање на самостојноста на само една македонска црковно-училишна општина, туку за законски (канонски) возобновена Охридска архиепископија:

 

            Бидејќи сме си имале славна Охридска архиепископија, потребно е да си ја обновиме за цела Македонија. Меѓутоа, уште не е созреано времето, ниту има поволни услови да се тргне по тој пат[2].

 

          Иако Теодосиј соработувал со „Македонскиот комитет“ кој бил под влијание на Српската пропаганда, самиот воопшто не ги делел интересите и мислењата на српската Влада. Ова го потврдува и Коста Групчев кој во својот извештај до Стојан Новаковиќ вели дека Теодосиј сакал да ја возобнови Охридската архиепископија преку Цариградската патријаршија, но на македонска основа, и дека самиот тој [Теодосиј] воопшто не го симпатизира србизмот и не сака да прави никакви компромиси со српската Влада[3].

          Подоцна Теодосиј очигледно го изменил својот став кон неправењето компромиси со српската Влада. Ова може да се заклучи од разговорот воден со српскиот конзул во Солун - Христиќ, со кого што се сретнал на бродот за Цариград при своето враќање од Скопје (април 1890). Според Христиќ, Теодосиј се жалел на грчката и српска акција во Скопје против него, што како последица довело до негово присилно изгонување од градот. Ниту српската, ниту грчката политика немаат штета од него [Теодосиј], бидејќи според него тие дејствуваат во Македонија само од страв од создавање на Голема Бугарија. Тој е родум Македонец и не е приврзан кон Егзархијата и доколку се создадат објективни услови би се откажал од неа за сметка на возобновена Охридска архиепископија. При возобновувањето на Охридската архиеписко-пија, според Теодосиј, требало да бидат опфатени сите македонски епархии[4].

          Можеби овие размислувања на митрополитот Теодосиј заедно со неговата дејност и активната преписка со Македонските црковно-училишни општини биле повод за обидот на егзархот Јосиф I да го смени Теодосиј од скопската катедра со архиман-дритот Константин.

         

          На 30 јули 1890 митрополитот Теодосиј пристигнал во Скопје. Веднаш по своето пристигнуваање започнал со остварувањето на својата идеја за возобнова на Охридската архиепископија. За оваа цел, најпрво требало да ги неутрализира туѓите верски пропаганди во својата епархија. Како егзархиски митрополит бил одговорен за сите Егзархиски црковно-училишни општини во својата епархија, а со самото тоа имал и власт да ги избира или менува нивните членови. Па така, набргу по своето пристигнување го заменил директорот на скопското училиште бугаринот Антон Наследников[5] кој бил одговорен за одземањето на самостојноста на скопската црковна-училина општина од страна на Егзархијата. Ова довело до силни реакции и негодувања од страна на бугарската Егзархија, но Теодосиј не сопрел, туку веќе наредниот месец (септември) извршил канонска посета на поголемите градови од својата епархија, при тоа ги менувал претседателитe на општините и директоритe на училиштата кои биле Бугари или приврзаници на Егзархијата и бугарската пропаганда[6]. При својата посета во градовите што ги посетил богослужел на црковно-словенски јазик, а проповедите ги држел на македонски (серски дијалект).

          Својата дејност митрополитот Теодосиј ја концентрирал најпрво на ослабувањето на туѓите црковно-национални пропа-ганди во својата епархија. Знаејќи дека во тој период постои несогласување помеѓу Српската и Грчката пропаганда во Скопската епархија околу тоа кому треба истата да припадне, Теодосиј се одлучил да се замеша. Знаејќи дека во неговата епархија поголемиот дел од патријаршиските приврзаници не се Грци, ниту, пак, Срби, туку Власи, Теодосиј наредил во скопскиот храм „Св. Богородица“ за време на богослуженијата Евангелието да се чита само на црковно-словенски, туку и на влашки јазик. Ова довело до нагло намалување на бројот на скопските  партијаршиски приврзаници.

          Слична тактика употребил и во Куманово каде Српската пропаганда била силна. Со цел да ги привлече кумановчани, ракоположил неколку свештеници при храмот „Св. Никола“. Лицата кои ги ракоположил биле блиски до Српската пропаганда, па преку нив успеал да оддели голем број од патријаршиските приврзаници.

          Во декември 1890 го посетил Тетово. Неговите дејствија биле познати на тетовчани коишто и покрај забраната од грчкиот митрополит Паисиј, да не му се дозволи на митрополитот Теодосиј да богослужи во тетовскиот храм тие му ја отвориле црквата. Пречекот на митрополитот Теодосиј во Тетово бил толку свечен што предизвикал револт кај тетовските Турци коишто се пожалиле кај тетовскиот бег - Есад дека таков убав дочек немал ниту турскиот султан и барале митрополитот Теодосиј веднаш да биде протеран од Тетово.

          Најдиректен удар на Бугарската црковно-национална пропаганда, а со самото тоа и против Егзархијата, митрополитот Теодосиј извршил преку враќање на самостојноста на црковно-училишните општини од својата епархија. За таа цел, наредил да се одржат нови избори за органите на црковно-училишните општини, при тоа, го укинал дотогашниот изборен модел според кој гласале само делегирани кандидати од коишто, подоцна истите избирале општински членови. Теодисиј наредил при изборот на општинските членови да присуствуваат сите членови на општината. Ова довело до целосно менување на ликот на црковно-училишните општини од Скопската епархија.

          Како вовед во новите избори митрополитот Теодосиј во октомври го назначил за свој секретар неговиот внук Иван Гологанов, а за чиновник на Митрополијата Томо Јанакиев припадник на македонскиот еснаф.    

          Изборите почнале на 20 декември 1890 во градот Штип, по што следувале и другите градови, истите траеле до 31 декември 1890. Единствено во Скопје митрополитот Теодосиј го одложил изборот. Во сите градови на чело од црковно-училишните општини застанале претставници од македонскиот еснаф. Изборот на новите членови за Скопската црковно-училишна општина бил извршен на 19 јануари 1891. Во Скопје како и во другите градови од Епархијата на чело од општината застанале луѓе од македонскиот еснаф.

          Сето ова довело до големи негодувања кај егзархиските приврзаници, а воедно и кај самата Егзархија, но митрополитот Теодосиј ја имал подршката од македонскиот народ и македонскиот еснаф. Во борба против Егзархијата на ред следувало заменување на епархиските советници. Егзархиските епархиски советници не можеле да се помират со ненадејното губење на позициите што изминатите години ги градела Егзархијата. Во својот протест до митрополитот Теодосиј тие се заканиле со оставки доколку не бидат поништени изборите и доколку повторените избори не бидат според стариот егзархиски модел. Митрополитот Теодосиј не подлегнал под овие закани туку ја уважил оставката на епархиските советници и на 31 јануари 1891 распишал избор на нови епархиски советници[7] на коишто ниту еден од егзархиските претставници не бил реизбран, туку биле избрани исклучиво претставници од македонскиот еснаф.

          Егзархиските преставници не се лимитирале само на протести во градовите од епархијата, туку испраќале и писма до Егзархот. Одговорот на Егзархот бил гневен, но митрополитот Теодосиј не дозволил да биде заплашен, бидејќи веќе јасно се гледало неговото антиегзархиско дејствување. Подржан од народот продожил со остварување на својата идеја да ја оддели Скопската епархија од Егзархијата. Во одговор на Егзархот Теодосиј барал да му биде испратен егзархиски Устав кој е одобрен од страна на Отоманската империја, што Егзархот не можел да го стори. Уставот на бугарската Егзархија не бил призаен од страна на Отоманската империја!

          Во своите акции Теодосиј го следел примерот на туѓите пропаганди. Најчесто користено средство на едни против други била месната турска власт која за одреден финансиски надомест го помагала и донесувала одлуки во полза на оној што ќе плател повеќе. Финансиите, според Теодосиј, имале важна улога и во неговото дејствување за возобнова на Охридската архиепископија. Самиот тој, бил свесен дека сè додека тој, Епархијата и црковно-училишните општини се финансирани од страна на бугарската Егзархија нема да може да се оддели од истата. Но сепак, знаејќи дека македонското население сè уште не е доволно силно самото да ги финансира овие институции, се обидувал на секој начин да извлече поголеми средства од Егзархијата. За оваа цел, а со помош од Иван Гологанов изнаоѓал најразлични начини да добие средства од Егзархијата коишто ги чувал за исполнување на своите понатамошни планови. Но, Егзархот ја разбрал идејата на Теодосиј, па почнал да го уценува и да се обидува со финансиски средства да го одоброволи да ги поништи своите одлуки и да ги сопре своите дејствувања против Егзархијата[8].

          Согледувајќи дека нема да може уште долго да добива финансии од Егзархијата доколку продолжи со реализирање на својот план, Теодосиј се одлучил на една многу непопуларна мерка кај народот - ја зголемил владичнината. Ова довело до револт кај и така сиромашното селско македонско население, но Теодосиј останал упорен, сметајќи дека со тоа: „Ќе можеме да ги издржуваме учителите“[9].

          Со средствата што ги собрал од Егзархијата и од владичнината пристапил кон отворање на нови училишта по селата, а учителите биле исплаќани не со средства од селаните, туку со средства од епархијата. За учебната 1891/1892 ги отстранил сите учители дојдени од Бугарија и ги заменил со домородни. „Според него, месните учители се оружје самите по себе за отпорот против пропагандите, бидејќи му служат на својот народ“[10]. Ова предизвикало револт кај егзархот Јосиф I којшто дури и се заканил дека ќе го повика на одговорност доколку Теодосиј продолжи со замената на бугарските учители. Одговорот на Теодосиј бил повеќе од јасен:

 

          За Скопската епархија не важат егзархиските правилници, ниту ги признава инструкциите на Егзархијата по однос на управувањето со учебното дело и пансионите. Егзархиските правилници немаат важност во Скопската епархија, бидејќи епархијата си има свој господар[11].

 

          За сите активности на митрополитот Теодосиј, Егзархијата и бугарската Влада биле темелно и постојано известувани од страна на своите приврзаници. Отворањето на српското училиште во Скопје на 29 мај 1891 било последна капка во чашата на бугарското трпение. Егзархот и бугарската Влада веќе не се двоумеле околу сменувањето на Теодосиј од Скопската катедра, единствена причина поради којашто го одолговлекувале ова бил стравот да не го изгубат бератот за Скопје. На почетокот од јуни 1891 егзархот Јосиф I го повикал митрополитот Теодосиј да појде во Цариград и да ја образложи и оправда својата дејност во Скопската епархија. На ова, Теодосиј не одговорил по што следувале уште две покани[12]. Во последната било посочено дека доколку Теодосиј не се појави во Цариград пред Егзархот ќе биде даден на Црковен суд и ќе му биде одземен митрополитскиот чин[13]. Како подршка на последното писмо осумнаесет скопски чорбаџии организирале свој Епархиски совет и го прогласиле Теодосиј за сменет и persona non grata[14].

          Согледувајќи дека нема да може уште долго самиот да ги одбива нападите од Егзархијата, бугарската Влата, Грчката и Српската пропаганда, митрополитот Теодосиј се обидел да ги анимира и останатите македонски великодостојници. Ова ни го потврдува неговото писмо до архимандритот Дионисиј во Софија, испратено на 22 јуни 1891:

 

          Чудна е промислата Божја, а уште почудни се патиштата Негови. Христос проповедаше љубов меѓу луѓето и за неа отиде на Крст, а ние луѓето, во името на таа Христова љубов, со Неговиот најсвет симбол - Крстот, шириме меѓу луѓето најголема омраза и ги потиснуваме духовно и национално убедувајќи ги дека добро им чиниме. Така и нашата света Егзархија на чело со блажениот Егзарх Јосиф I прави севозможно да го убеди кутриот македонски народ дека му го мисли доброто, дека се грижи за неговата сегашност и иднина и дека сака да го извади од темнината на националното несознавање и од него да создаде свети Бугари. А не треба многу да те убедувам, премил брате во Христа, дека нашата Егзархија со својата црковна и просветна дејност тука во Македонија врши всушност најмизерна задача, му го одзема името на еден народ и го заменува со друго, му го одзема мајчиниот јазик и го заменува со туѓ, за да $ обезбеди на својата влада и на своите бугарски чорбаџии да си ја прошират трговијата и на туѓа територија. А како ова ти ќе го наречеш, драги брате, ако не ново ропство пострашно од турското. Турците земаат имоти и животи на рајата, но не посегнуваат врз неговиот дух. Тие го уништуваат телото, но духот го почитуваат. А нашата света Егзархија го убива ова другото, постојаното. Тоа ли е братски и христијански однос? [...] Мое мислење е дека ние духовниците, по потекло Македонци, треба да се здружиме и да го кренеме нашиот народ да се разбуди, да ѓи отфрли туѓинските управи, да ги отфрли и Патријаршијата и Егзархијата, и да се обедини духовно во крилото на Охридската архиепископија, неговата вистинска мајка црква. Не е ли крајно време да се запре националното движење на еден ист народ само поради тоа што едни ја признаваат Патријаршијата, а други Егзархијата, додека третиот му се поклонува на Мухамед. Не е ли крајно време да се сопре омразата меѓу брат и брат? А како тоа може да се стори ако не преку своја народна Црква, преку Охридската архиепископија. Јас ќе бидам искрен драги брате во Христа и отворено ќе ти речам: Ние Македонците немаме толку мака од Турците, колку од Грците, Бугарите и Србите, кои како орли на мрша се впуштија во оваа наша многустрадална земја и сакаат да ја расчеречат’“[15]

 

          На барање од архимадритот Дионисиј митрополитот Теодосиј го потврдил својот став за обнова на Охридската архиепископија со писмо од 24 јули 1891 во кое го изложува и уредувањето на возобновената Охридска архиепископија, како и составот на епископите. Писмото е потпишано од страна на Крсто Бочваров од Скопје. Препис од истово стигнал и до Егзархот кој побарал информации за тоа кој е Крсто Бочваров, на што му било одговорено дека такво лице во Скопје нема.

          Следниот чекор на Теодосиј било повлекување од употреба на егзархиските документи и формулари и изготвување на посебен правилник, документација и формулари за Скопската епархија во чиј што наслов било изоставено името на Егзархијата - „Българска Екзархия“[16]. Печатењето било извршено во турската вилаетска печатница во Скопје, за што биле платени 100 турски лири за отворање на словенско оделение. Документите биле печатени на македонски јазик - велешко-штипски дијалект, а за ова бил известен и егзархот со писмо од 2 декември 1891[17].

          Во овој период и Српската пропаганда го засилила своето дејствување преку српскиот конзул во Скопје - Кариќ. Гледајќи дека митрополитот Теодосиј веќе и јавно е напаѓан од страна на Егзархијата, Кариќ сметал дека ќе може да го привлече кон Српската пропаганда ветувајќи му возобновување на Охридската архиепископија со помош на Цариградската патријаршија. Според планот на Кариќ, Охридската Архиепископијата би била под јурисдикција Карловачката митрополија. За оваа идеја, Кариќ се консултирал и со Стојан Новаковиќ којшто предложил да го поткупат Теодосиј. Во своето писмо до српската Влада во кое бара средства за да го поткупи Теодосиј, Кариќ искажува и една голема вистина, а воедно и потврда за непостоење на Бугари и Срби во Македонија:

 

          Како во среден век во Европа, така и во областа на нашата пропаганда во Македонија и денес залудно се бара чувство на српска или бугарска свест кај народот. Такви чувства нема [...] иницијатор на секоја работа и кај најзагрижениот тукашен „Бугарин“ е грубиот материјален интерес. И таканаречениот „Србин“ за работа околу ширење на српството бара да му се плати добро како и на Турчинот, кој ни ги нуди своите услуги. Разликата воопшто не постои. Доколку  ми отпуштите пари, за кусо време ќе ги придобијам на своја страна сите егзархиски попови, на чело со митрополитот Теодосиј. Првенството меѓу нас и Бугарите ќе се реши со ќесе[18]

         

На ова српската Влада одговорила со испраќање на финансии за реализирање на планот на Кариќ. Но, иако со својето дејствување Српската пропаганда успеала да привлече некои свештеници, сепак нивниот број бил мал, а митрополитот Теодосиј воопшто не сакал ниту да разговара со конзулот. Што се однесува, пак, до нејзиниот настап во училиштата, таму таа забележала поголем успех. Ова се должело на делењето бесплатни учебници и учебни помагала коишто, пак, биле наплатувани во егзархиските училишта. На овој напад од страна на српската пропаганда, Теодосиј одговорил како што посочивме и претходно со отворање на селски училишта на сметка на Скопската епархија. За ова српскиот учител од Кратово - Ѓорѓи Стоилковиќ, вели:

 

          Јас лесно ќе се справев со егзархистите во Кратово, ако владиката Теодосиј не водеше демагошка политика. Тој почна да отвора училишта по селата за своја сметка, а учителите лично да ги плаќа [...] На широкото народно собрание владиката Теодосиј недвосмислено се искажа и против Српската и против Бугарската пропаганда, повикувајќи го народот на единство[19]

 

          Иако Теодосиј успевал успешно да ги одбива нападите од туѓите пропаганди, сепак неговата финансика моќ се намалувала и не можел уште долго да се натпреварува со касите на Бугарското и Српското кнежевство. Притиснат од сите страни, митрополитот Теодосиј се одлучил да го направи и конечниот чекор за одделување од Егзархијата и возобновување на Охридската архи-епископија како Црква на македонскиот народ[20].

          Ова го потврдува и самиот Егзарх во писмо до Синодот на бугарската Егзархија во кое говори за одлуката на митрополитот Теодосиј да отпечати посебни документи за Скопската епархија испуштајќи го насловот „Българска Екзархия“:

          Ако Неговото Високопреосвештенство не ја презираше Егзархијата и не се стремеше кон самостојност и независност, ќе ги отпечатеше горе над вулите приличните и светите за нас зборови „Българска Екзархия“. Меѓутоа, тој се занесува со мислата да создава нова Црква, на која секако тој смета да биде поглавар[21].

 

          Очигледно Егзархот не знаел, или, пак, не сакал да знае дека Охридската архиепископија не е нова Црква, истата е основана од св. Климент Охридски,  ученикот на св. браќа Кирил и Методиј.

          Подготовките за одделување од Егзархијата, митрополитот Теодосиј ги започнал со посета на градовите и селата од својата епархија. При тоа, имал разговори со црковно-училишните општини на коишто јавно ја искажал својата намера да ја возобнови Охридската архиепископија и го повикал населението на единство. Меѓу другото, на при овие разговори наложил да се соберат сите стари македонско-словенски ракописи и книги од Епархијата и да се чуваат на сигурно. Заштитата на македонските-словенски ракописи била итна,  бидејќи бугарските учители и егзархиски службеници изнеле многу од македонските ракописи од Македонија и истите најчесто завршувале во музеите во Бугарија, Србија и Русија[22]. За разлика од Бугарите, грчкиот клир ги палел и уништувал словенските ракописи. За дејствувањето на митрополи-тот Теодосиј низ својата епархија сведочи и српскиот конзул Кариќ, кој во својот Извештај до Министерството за надворешни работи на Србија, вели:

 

          Теодосиј сега ја смени тактиката. Исплашен од евентуалното сменување тој настапува на словенско-македонска основа. Патува по Епархијата и има приличен успех. Ако вака продолжи, тешко ќе излеземе на крај со него. Сепак, во надеж сум, дека Егзархијата ќе успее да го отстрани од Скопската епархија[23].

 

          Втор чекор во остварувањето на теодосиевиот план било, да се привлече турската власт. Ва ова митрополитот Теодосиј бил помогнат од австро-унгарскиот конзул во Скопје - Шмукер[24]. Преку конзулот му биле дадени на скопскиот валија 200 турски лири. За жал,  Теодосиј лошо проценил дека скопскиот валија ќе може да му помогне. Истиот немал компетенции да одлучува за работи како што е возобновување на една Црква.

          Понатаму, митрополитот Теодосиј својата дејност ја продолжил во насока на анимирање и привлекување на останатите македонски епархии. Најревносна во прифаќањето на идејата да се возобнови Охридската архиепископија била самостојната Прилепска црковно-училишна општина на чело со свештеникот Спасе Игуменов. Последниов, требало да се поврзе со македонските црковно-училишни општини од Пелагониско и Охридско и заеднички да поднесат молба до Високата Порта за возобнова на Охридската архиепископија. Иста молба требало да биде поднесена и до Цариградската патријаршија заради добивање на канонско признавање и од страна на останатите Помесни православни цркви. Возобновената Охридска архиепископија на тој начин би била во канонско единство со Цариградската патријаршија и сите останати Помесни православни цркви.

          Но, Цариградската патријаршија не ја одобрувала идејата на митрополитот Теодосиј да ја возобнови Охридската архиеписко-пија, но ниту, пак, направила нешто за да ги сопре гласовите дека истата ќе биде возобновена и во канонско единство со неа.

          Кон крајот на месец ноември 1891 започнале преговори помеѓу Цариградската патријаршија и митрополитот Теодосиј. За ова исвестуваат неколку грчки весници од тој период како што се: „Неологос“, „Константинополис“, „Фарос тис македониас“. Овие весници одат дотаму што пренесуваат дека бил постигнат и договор помеѓу дотогашниот „шизматик“ митрополитот Теодосиј и Цариградската патријаршија, при што Теодосиј повторно се вратил во крилото на „мајката црква“. Но ова воопшто не било точно.

          Всушност, Цариградската патријаршија во започнатите преговори во Скопје помеѓу Теодосиј и грчкиот конзул јасно изјавила дека го прифаќа митрополитот Теодосиј под нејзина канонска јурисдикција, но не прифатила ниту еден од условите на митрополитот Теодосиј, односно возобновување на Охридската архиепископија.

          Од ова се гледа дека единствениот повод што Цариградската патријаршија дозволила воопшто да има преговори помеѓу неа и митрополитот Теодосиј е желбата да си ги поврати епархиите во Македонија изгубени при создавањето на бугарската Егзархија.

          Следејќи ги дејствијата на митрополитот Теодосиј и уплашени од можното возобновување на Охридската архиепископија, а со тоа и губење на сите македонски епархии, Егзархијата и бугарската Влада на 23 ноември 1891 побарале од Високата порта митрополитот Теодосиј со сила да биде доведен во Цариград. Во тој миг претходно дадените 200 турски лири на скопскиот валија биле добредојдени, бидејќи тој му дозволил на митрополитот Теодосиј да го продолжи својот престој во Скопје.

          Соочен со заканата присилно да биде одведен во Цариград, митрополитот Теодосиј бил принуден да прибегне кон веќе испробаното средство од страна на македонските епархии во борбата против туѓите црковно-национални пропаганди - Унија со Римокатоличката црква. Иако, самиот неколку пати остро се спротивставувал на употребата на ова средство за заштита од Грчката, Бугарската и Српската црковно-национална пропаганда, немајќи повеќе кому од Православните цркви да се обрати се одлучил на овој чекор. За таа цел, веќе на 25 ноември 1891 се сретнал со австро-унгарскиот конзул Шмукер кој веќе неколкупати порано му помогнал во односите со турските власти и побарал од истиов да го поврзе со Римокатоличката црква. Овој чекор воедно му обезбедувал на митрополитот Теодосиј доколку турската власт се обиде со сила да го одведе во Цариград да ја има заштитата на Австро-унгарија како застапничка и заштитничка на римо-католицизмот во Отоманската империја. Истиот ден митрополитот Теодосиј преку конзулот Шмукер испратил писмо до Конгрегацијата за пропаганда на верата во Рим. Во тој период во Рим се наоѓал и цариградскиот апостолски нунциј Аугусто Бонети. Конгрегацијата за пропаганда на верата имајќи лошо искуство со Македонците, кои веќе неколкупати во текот на XIX век стапувале во Унија со Римокатоличката црква и исто толку пати ја напуштиле истата по исполнувањето на нивните барања од страна на Цариградската патријаршија, не брзала да ја потврди Унијата. Сакајќи да се увери во постојаноста и искреноста на митрополитот Теодосиј за Унија со Римокатоличката црква бил испратен во Скопје Аугусто Бонети. Бонети требало да се сретне со митрополитот Теодосиј и да ги прецизира деталите околу стапувањето на Скопската епархија во Унија со Римокатоличката црква.

          Веќе на 3 декември, Апостолскиот нунциј Аугусто Бонети се сретнал со митрополитот Теодосиј. Во разговорите коишто следувале била потврдена решеноста и искреноста на митрополи-тот Теодосиј да ја возобнови Охридската архиепископија, како Црква на македонскиот народ, а којашто ќе биде во канонско единство со Римокатоличката црква преку нејзиниот поглавар папата.

          Во своето писмо до папата Лав XIII митрополитот Теодосиј, вели:

         

          Од свое име и од името на целата православна паства во Македонија, да не прими во крилото на Римокатоличката црква, откако ќе ја обнови стародревната Охридска архиепископија, незаконски укината од султанот Мустафа III во 1767 [...] нашата желба произлегува од историското право на македонскиот православен народ да се ослободи од јурисдикцијата на туѓинските цркви, Бугарската егзархија и цариградската патријаршија, да се обедини во својата единствена православна црква и да ги добие сите белези на народ кој има право на самостоен духовен и културно-просветен живот[25].

 

          Но, исто така митрополитот Теодосиј поставил и услови според коишто би се пристапило кон ова единство. Условите кои што ги поставил митрополитот Теодосиј се следниве:

 

          1) Обнова на Охридската архиепископија која ќе биде во       канонско единство со Римокатоличката црква;

            2) На чело на обновената Охридска архиепископија ќе биде лично тој, Теодосиј;

            3) другите луѓе од високиот клир и нискиот клир (епископи, свештеници, свештеномонаси и мирски свештеници) да бидат родум Македонци и назначувани од архиепископот, а епископите номинално потврдувани  од папата;

            4) границите на Архиепископијата да се поклопуваат со границите на провинцијата Македонија;

            5) старите унијати од Кукушко-полјанската и Струмичката епархија да се изделат од јурисдикцијата на унијатскиот архиепископ во Цариград Нил Изворов и да се приклучат како епархии под јурисдикција на охридскиот архиепископ;

            6) католичките мисионери, со исклучок на затечените во просветно-добротворните институции во Македонија, да не се мешаат во внатрешниот црковно-просветен живот во Архиепископијата[26]

          Заклучокот, позитивното мислење и договорот на Апостол-скиот нунциј Аугусто Бонети со митрополитот Теодосиј на 5 декември 1891,  биле испратени до Конгрегацијата за пропаганда на верата во Рим. Останувало да се чека конечниот одговорот од Конгрегацијата за пропаганда на верата, која што за жал не брзала да го даде.

          Бугарската Влада и Егзархијата веќе биле свесни дека ќе ја изгубат цела Македонија доколку митрополитот Теодосиј успее да ја возобнови Охридската архиепископија. Поради ова Егзархот му испратил покана на митрополитот Теодосиј да се појави во Цариград најкасно до 10 декември 1891. На ова митрополитот Теодосиј, којшто сметал дека возобновувањето на Охридската архиепископија преку унија со Римокатоличката црква е веќе договорено, одговорил дека нема намера да појде во Цариград и дека повеќе не се смета за епископ на Егзархијата, ниту, пак, истата ја смета за надлежна во Македонија[27].

          Веќе било повеќе од јасно дека доколку митрополитот Теодосиј остане во Скопје и добие позитивен одговор од Конгрегацијата за пропаганда на верата од Рим Егзархијата нема да може ништо да направи во однос на зачувувањето на своите позиции во Македонија. Како одговор на одбивањето на митрополитот Теодосиј да се појави во Цариград и да се покае за она што го работел, Синодот на Егзархијата формирал Комисија составена од двајца членови на чело со егзархот Јосиф I којашто требало да одлучи што понатаму со „непослушниот“ митрополит. Одлуката донесена од страна на оваа Комисија била да се отстрани митрополитот Теодосиј од Скопје со помош на турската власт и да биде однесен во Цариград. Отстранувањето од скопската катедра му било соопштено на митрополитот Теодосиј на 29 декември 1891, на што митрополитот Теодосиј одговорил дека истото го смета за неканонско. Официјалниот службен весник на Егзархијата „Новини“ го публикувал решението за отстранувањето на митрополит Теодосиј од скопската катедра на 4 јануари 1892[28].

          По наредба од Високата Порта, митрополитот Теодосиј на 5 јануари 1892 бил спроведен под стража во Цариград. Обвинението според коешто бил осуден митрополитот Теодосиј се состои од седум точки и има 22 страни[29], а е испратено до Синодот на Егзархијата и до бугарското Министерство за надворешни работи. Интересно е што истото носи датум 16 мај 1892, а митрополитот Теодосиј веќе на 11 март 1892 бил отстранет од Скопската епископска катедра и испратен на „покајание“ во Драгалевскиот манастир близу Софија, а наредната 1893 во Рилскиот манастир.

          Во самото обвинение митрополитот се обвинува за: антиегзархиска црковно-просветна дејност; непризнавање на егзархиските правилници и одредби; користење на егзархиските финансии за антиегзархиска и антибугарска дејност; печатење книги на словенски јазик, а не на бугарски; обид да ја обнови Охридската архиепископија во канонско единство со Цариградската патријаршија[30].

          Сметаме дека е важно да потенцираме дел од седмата точка во којашто митрополитот Теодосиј се обвинува за обид да го одвои бугарското население во Македонија од Бугарија создавајќи „некаква непостоечка во историјата народност“. За претходните шест точки стои дека сите повлекуваат одземање на митрополитскиот чин, само за последнава стои дека надлежно во одност на истата е бугарското Министерство за надворешни работи.

          Од самото обвинение се гледа бугарската асимилаторска политика која што била водена во Македонија од страна на бугарската Влада, а преку Егзархијата. Но, воедно истово е и сигурен доказ дека во Македонија се говорело на македонски, а не бугарски (Точка 4). Еднаквоста е повеќе од очигледна, доколку јазикот што го говореле Словените во Македонија не е бугарски, автоматски и самите тие не се Бугари. Тоа говори и дека бугарската Егзархија, формирана како национална црква на бугарскиот народ, нема што да бара во Македонија каде што живеат Македонци. Самото ова обвинување коешто толку жестоко ја напаѓа Охридската архиепископија и нејзиното можно возобновување ја потврдува и неиздржаноста на бугарската лага која што ни се наметнува низ годините дека Охридската архиепископија била бугарска црква. Доколку Охридската архиепископија била бугарска црква, а знаеме дека истата е укината последна од Помесни православни цркви на Балканот (1767), Бугарите при своето дејствување за формирање на бугарска национална (помесна) црква би се повикале да ја обноват Охридската архиепископија, а тие тоа не го сторија. Овој Документ (Обвинение) против митрополитот Теодосиј е еден од најјасните докази против Бугарија и бугарската Егзархија, а воедно и против сите останати пропаганди во Македонија. Ова Обвинение јасно ги разоткрива нивните територијални претензии и асимилатоски дејствија вршени во минатото во однос на Македонија и  Македонците. За жал овие дејствија никогаш не престанале, и денес македонскиот народ од страна на Грција, Бугарија и Србија е понижуван и негиран во однос на сите сегменти коишто го потврдуваат неговото вековно постоење: историјата, јазикот, името, државата, националните симболи..

          Дека во Македонија живееле и живеат Македонци, а не Грци, Бугари или, пак, Срби сведочи и големиот револт кај Македонците околу сменувањето на митрополитот Теодосиј од Скопската епархија. Револт манифестиран не само во Скопската епархија, туку низ цела Македонија. Колку и да се труделе Грчката, Српската и Бугарската пропаганда да го уништат македонскиот народ толку повеќе му давале пламен на македонскиот оган. Серес, Скопје, Тетово, Гостивар, Охрид, Прилеп, Велес со околините барале да се ослободи митрополитот и да се врати на челото на Скопската епархија, доколку истото не биде направено црковно-училишните општини од овие градови самите ќе пристапат кон возобновување на Охридската архиепископија во Унија со Римокатолоичката црква. Ова не било само револт испровоциран од сменувањето на митрополитот Теодосиј, туку воедно и крик за христијанска љубов и рабирање од страна на Егзархијата и Цариградската патријаршија,  коишто со сите сили се обидувале да го однародат и асимилираат македонскиот народ. Дека ова бил повик до останатите христијани да му помогнат на македонскиот народ да ја посведочи својата посебност сведочат и изјавите, молбите и прогласите дадени на јавните собири на кои што се барало враќање на митрополитот Теодосиј.

 

            Зарем мислите дека сме слепи и толку не можеме да разбереме дека во исто време ние не можеме да бидеме и Грци и Срби и Бугари. А, кога се најде човек да се избори за наша црква, врз него се нафрлате како волци. Кандисавте да бидеме поарно и Грци и Срби, само не она што сме си, какви што сме си родени од мајка и татко “ - отец Никола од село Врбјани;

            ’Од долго време сме заблудени како стадо и сме измамувани од бугарската пропаганда. Ние сме Словени од Македонија од секогаш, такви сакаме да останеме. За да нè побугари, Егзархијата ни го зеде единствениот наш заштитник, митрополитот Теодосиј. [...] бараме дозвола за училишта, во кои нашите деца ќе се учат на мајчин јазик и ќе се воспитуваат во духот на својата православна вера’ - Молба до Цариградската патријаршија од страна на велешката црковно-училишна општина (18 февруари 1892)[31]“.

          До 1910 митрополитот Теодосиј бил постојано префрлан на различни места од страна на Егзархијата, сè со цел да не му се дозволи да дојде во никаков допир со луѓе истомисленици. Но, во 1910 Скопската епархија повторно останала без епископ, а на народниот собор во Скопје, скопјани побарале да им биде вратен митрополитот Теодосиј. Самото ова сведочи дека негодувањата изразени при смената на митрополитот Теодосиј не биле времени, туку споменот за македонскиот епископ во Скопје бил многу жив во сеќавањата на скопјани. „Никој друг не примаме, освен нашиот митрополит Теодосиј“. Теодосиј со помош на Петар Поп Арсов[32] ја доставил својата кандидатура за митрополит на Скопската епархија. Ова од страна на Егзархијата било протолкувано како повторен обид на митрополитот да го потенцира нерешеното македонско прашање. Одговорот на Егзархијата на ова барање од скопјани бил предвидлив. Таа преку печатот се обидела да го компромитира Теодосиј повторувајќи ги јавно обвиненијата со коишто го лиши од скопската катедра,  со ова воедно се обидела и да го правда неговото не поставување на Скопски митрополит.

          Остатокот од својот живот митрополитот Теодосиј го посветува на научна работа, на пишување и превод на книги со религиозно-философска тематика. Негови оригинални дела се: „Упатство на православниот свештеник за бракот“, „Два поучни трактата за човековата душа и за Бога“, „Мал архиерејски молитвословник“, „Енеидата, Буколиките и Георгиките од Вергилија“, „Кратко раководство за должностите на свештеникот“ и „Правилник на Епиктета или правила за спокоен живот“; преводи: „Потеклото на човекот и хармонијата меѓу христијанството и науката“ од грчкиот философ И. Скалцуни, „Загубениот рај “ од Џ. Милтон, „Мачениците или победата на христијанската религија“ од Шатобријан, „Животот на Исус Христос“ од Ф. В. Ферар, „Придобиениот рај“ од Џ. Милтон. По неговата смрт пронајдени се ракописи на недовршени дела кои што се чуваат во Бугарската академија на науките во Софија.

          Крајот од својот живот митрополитот Теодосиј го поминува во Духовната академија во Софија, каде што и починува на 1 февруари 1926.



[1] Архив на СИП - Београд. ПП-одд. „Т„ ред 17 (1891). , 48.

[2] Државни архив СРС - Београд. Фонд: Мин. Просвете. Ф. XXXII - 816/1887.

[3] Државни архив СРС - Београд. Ф - I - 683/1887.

[4] Архив на СИП - Београд. II-одд. Фонд М и Д - 1890/Т.9. Пов. № 152 (1 мај 1890).

[5] Доне Илиевски, Автокефалноста на Mакедонската Православна Црква, Скопје 1972, 81.

[6] На 20 септември пристигнал во Штип, каде го пречекало населението од Штип, Велес, Радовиш, Струмица, Тиквешијата и од Малешевијата. По Штип својата посета ја продолжил во Кочани (26 септември) и Свети Николе. Севетиниколчани кои до тогаш биле под јурисдикција на Цариградската патријаршија се откажале од истата и го признале Теодосиј за свој канонски епископ. При ова свое патување низ епархијата Теодосиј сакал да појде и во Куманово, но дошло до немири меѓу населението предизвикани од страна на грчкиот митрополит Паисиј. Поради ова Теодосиј бил принуден да се врати во Скопје. Д-р Славко Димевски, Митрополитот скопски Теодосиј - Живот и дејност - (1846-1926), Скопје 1965, 89-90.

[7] Д-р Славко Димевски, Митрополитот скопски Теодосиј - Живот и дејност - (1846-1926), Скопје 1965, 104.

[8] Д-р Славко Димевски, Митрополитот скопски Теодосиј - Живот и дејност - (1846-1926), Скопје 1965, 106-110.

[9] Исто., 106.

[10] Исто., 113.

[11] Исто., 111.

[12] ЦДИА - София. Ф. 246, оп.I., арх.ед. 36, л.л.193 - 194. № 802 (16 јуни 1891); ЦДИА - София. Ф. 246, оп.I., арх.ед. 36, л.43. № 1001 (25 септември 1891); ЦДИА - София. Ф. 246, оп.I., арх.ед.36, л. 45. № 1046 (30 септември 1891).

[13] Д-р Славко Димевски, Митрополитот скопски Теодосиј - Живот и дејност - (1846-1926), Скопје 1965, 124.

[14] Исто., 124-125.

[15] ЦДИА - София, 176, оп.I., арх.ед. 595, 1. 5 - 42. Цитирано според: Разгледи, X/8 (1968), 996-1000.

[16] Доне Илиевски, Автокефалноста на македонската православна црква, Скопје 1972, 81.

[17] Д-р Славко Димевски, Митрополитот скопски Теодосиј - Живот и дејност - (1846-1926), Скопје 1965, 138.

[18] Исто., 117.

[19] Исто., 131.

[20] D-r Tomislav Todorovski, Makedonija - nastani, li~nosti i dela, Op{t kni`evno-istoriski prira~nik, Skopje-Melburn 1999, 80.

[21] ЦДИА - София, Ф.176., оп.1., арх.ед. 596, л.л.1-12., Егзархот до Синодот № 761 (16 мај 1892). Цитирано според: Д-р Славко Димевски, Митрополитот скопски Теодосиј - Живот и дејност - (1846-1926), Скопје 1965, 138.

[22] Д-р Михајло Георгиевски, Словенски ракописи од Македонија однесени во Русија од почетокот на XX век, Македонско-руските врски во XIX и почетокот на XX век, Скопје 1966, 214 - 224.

[23] Архив СИП - Београд. ПП - одд. „И“ ред 17 (1891). ПП № 322 (21 ноември 1891). Цитирано според: Д-р Славко Димевски, Митрополитот скопски Теодосиј - Живот и дејност - (1846-1926), Скопје 1965, 141-142.

[24] Доне Илиевски, Автокефалноста на Македонската Православна Црква, Скопје 1972, 83.

[25] Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, Том I., Скопје 1981, 289. 292.

[26] Archivio di Propaganda Fide. Indice della Ponenza, Giugno - 892 Somm. XI, pp.42; Доне Илиевски, Автокефалноста на Македонската Православна Црква, Скопје 1972.  Мораме да напоменеме дека и покрај сите наши напори не успеавме да пронајдеме ниту еден од документите од Архивот на Конгрегацијата за пропаганда на верата (Рим) цитирани од страна на Славко Димевски во својата книга „Митрополитот скопски Теодосиј - Живот и Дејност - (1846 - 1926)“, а коишто се однесуваат на обидот од страна на митрополитот Теодосиј да ја возобнови Охридската архиепископија со помош на Римокатоличката црква. За жал, ова не е прв пат документи кои што јасно говорат за посебноста на македонскиот народ и неговите обиди за јавно осведочување на неговата свесност дека е народ посебен од останатите словенски балкански народи, да бидат изгубени или, пак, недостапни за македонските истражувачи.

[27] Д-р Славко Димевски, Митрополитот скопски Теодосиј - Живот и дејност - (1846-1926), Скопје 1965, 158.

[28] Исто., 161.

[29] ЦДИА., Ф. 176., оп. I., арх. Ед. 596. №. 761 (16 мај 1892).

[30] Она за што се залагаше митрополитот Теодосиј неколку години подоцна ќе го формулира и публикува К. П. Мисирков, во својата книга „За Македонцките работи“, печатена во Софија (септември 1903). „Воспитан‘ето на македонцките словени во чисто македонцки национален дух; задолжителното изучуајн‘е на македонцкијо јазик и слоесност во стредно-учебните заведејн‘а во градоите со словенцко населејн‘е; обучејн‘ето во селцките сколији со словенцко населејн‘е на македонцки јазик. Во словенцките села во црквата словенцко богослужејн‘е... да се востаноит Охридцката архиепископија, во раците на која да преминит црковно-сколијцкото дело за сите рисјанцки народности во Македонија [...] Да се отстранат пропагандите и востаноит Охридцката архиепископија со црковна-сколијцка автономија... признајн‘е на словените во Македонија за одделна народност: македонци, и внесуајн‘е на тоа име во официалните книги“ (К. П. Мисирков, За Македонцките работи, (Фототипно издание), Скопје 2002,  40.44). Истата ќе биде забранета и запалена од страна на бугарските власт, сепак до нас ќе стигнат десетина примероци од ова дело. Доволни се само овие неколку реченици од книгата на Мисирков отпечатена во Софија (Бугарија) на почетокот од XX век за да се потврди нивото на зрелост, јасност и артикулираност на мислата на Македонецот за тоа кој è и што è. Воедно, таа е и најсилно оружје против туѓите национал-асимилаторски пропаганди коишто сè уште се обидуваат да работат против македонскиот народ негирајќи го неговото постоење, јазик, култура и историја. Македонците никогаш самите себе си не се нарекувале Бугари или Срби, тоа име секогаш им е давано од некој друг. Со сведочењето на Мисирков стануваат смешни тврдењата дека Македонците се народ вештачки создаден од страна на Комунистичката партија на Југославија по Втората световна војна!.

[31] Архив на СИП - Београд. ПП. - одд. „И“ ред 217 (1892). ПП. №. 311 (30 мај 1892); Архив на СИП - Београд. ПП. - одд. „И“ ред 217 (1892). №. 312 (31 мај 1892). Цитирано според: Д-р Славко Димевски, Митрополитот скопски Теодосиј - Живот и дејност - (1846-1926), Скопје 1965, 166. Види: Славко Димевски, За развојот на македонската национална мисла до создавањето на ТМОРО, Скопје 1980, 261-272; Славко Димевски, Црковна историја на македонскиот народ, Скопје 1965, 149-153; Александар Трајановски, Моменти од борбите на македонскиот народ за обнова на Охридската архиепископија (1878-1892) година, Весник на МПЦ, год. XIX, бр. 1, Скопје 1977, 29 - 30; Jovan Bel~ovski, Istoriskite osnovi za aftokefalnosta na Makedonskata Пravoslavna Цrkva, Skopje 1990, 123-129.

[32] Петар Поп-Арсов (1869-1941) - Роден во село Богомила, Велешко. Идеолог, публицист, филолог. Член на тајната „Македонска студентска дружба“, еден од основачите на „Младата македонска книжовна дружина“ (1891) којашто го издава весникот „Лоза“. Тој е уредник на весникот. Член е  на Македонската револуционерна организација. Соработник на митрополитот Теодосиј (Гологанов) при обидот за возобновување на Охридската архиепископија како автокефална Македонска православна црква. Учествува на конституирањето на ТМОРО во Солун (23.X.1893). Ја публикува брошурата: „Стамболов-штината во Македонија и нејзините претставници“, насочена пред сè против реакционерната просветно-црковна политика на тогашниот претседател на бугарската влада Стефан Стамболов, а отпечатена од страна на Хаџи-Николов во Софија (1894) под псевдонимот „Вардарски“. Види: D-r Tomislav Todorovski, Makedonija - nastani, li~nosti i dela, Op{t kni`evno-istoriski prira~nik, Skopje-Melburn 1999, 226-229.


Земете БРОНХИ полесно се дише
Кон врв
Bronhi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 348
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Bronhi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2008 во 00:15
Еве уште некој документ за Гологанов..
CDIA - Sofi®. Protokol na ekzarh. pisma. ^ast
V
(1878-1880), Br.596, del. VIII (1. od edna izjava od Josif se zaklu~uva deka Teodosij u{te dodeka bil vo Carigrad prezel merki za nekakva samostojnost na Skopskata eparhija. Toj smetal deka preku Patrijar{ijata pobrzo }e zamine za Skopje; 2. Teodosij do`ivuval napadi od site strani ).
CDIA - Sofi®. Fond 176, Op.1, arh.ed.596, l.35-38. (Tri protesti od skopskoto gra|anstvo),
(protiv izborite se zdru`ile eparhiskite privrzanici i prosvetnite rabotnici dojdeni od Bugarija. Vo sekoj grad organizirale protesti koi bile ispra}ani do egzarhot).
CDIA - Sofi®. Fond 176, Op.1, arh.ed.596, l.38-43. Karajovov do egzarhot od 31-
I-1891 g., (eparhiskite privrzanici i prosvetnite rabotnici dojdeni od Bugarija vo svoite protesti go obvinuvale Teodosij za antiegzarhiska dejnost poradi koja imala uspeh srpskata propaganda).
CDIA - Sofi®. Fond 264, Op.1, arh.ed.45, l.55. M. Egzarhot do m. Teodosij,
193 od 1-II-1891 g., (egzarhot Josif insistiral Kandilarov da ostane direktor vo gimnazijata, pa Teodosij so pismo od 1.02.1891 godina, mu prepora~al nemu "da ne mu se pi{uva ve}e za taa rabota").
CDIA - Sofi®. Fond 176, Op.1, arh.ed.596, l.1-32.
M. Egzarhot do Sinodot vo Sofija, 761 od 16-V-1891 g., (? = stanuva zbor za januari 1891 godina. Ova e prodol`enie na dokumentot (pismoto): CDIA - Sofi®. Fond 246, Op.1, arh.ed.45, l.1-64. M. Egzarhot do m. Teodosij, 243 od 15-II-1891 g.,) (1. koga Kandilarov od Solun pristignal vo Skopje, policiskite vlasti go podbrale u{te vo vagonot i go odvele kaj valijata vo Skopje. Valijata mu ka`al deka mu se zabranuva od strana na mitropolitot da ostane na u~itelska slu`ba i mu naredil za dva-tri dena da go napu{ti Skopje. Toga{ na Josifa, spored ova negovo pismo, mu stanalo jasno koj e vistinskiot gonitel na Kandilarov, poradi {to bil prinuden da go nazna~i Kandilarov za direktor na bugarskoto u~ili{te vo Serez; egzarhot Josif so pismo od 15.01.1891 godina, veli deka Kandilarov ne bil kompromitiran pred turskite vlasti i naredil negovo vra}awe. Podocna Josif za ova pi{uva: "Ne po mnogu vreme, \. Kandilarov snabden so prepisi se vratil od Solun vo Skopje; 3. so zabludi Teodosij nastojuval od Egzarhijata da izvle~e golemi sumi pari koi }e gi ~uva za izveduvawe na svoite natamo{ni planovi; 4. za upornosta na Teodosij, Josif napi{al: "So drznost, nepoznata vo duhovnata i svetskata praktika, bez kakvo bilo izvestuvawe, go vrati pismoto od 15 avgust 1891 godina, zaedno so drugite pisma, koi se odnesuvaa za u~ili{tata i pansionite i ni soop{ti deka nema da se soobrazi so niv"; 5. bidej}i Teodosij ne sakal da go primi K'n~ova vo Skopje, Josif mu se zakanil deka }e go zeme na odgovornost; 6. Josif istaknal deka Teodosij ne gi sakal pokraj sebe licata verni na Egzarhijata, zo{to se pla{el da ne gi iznesat temnite strani na negovoto delo. Toj, zatoa, i gi objavil za neva`e~ki egzarhiskite pravilnici i instrukcii. Vo pismoto od 9 avgust 1891 godina, Josif iska`al dlaboka `alost poradi takvite negovi postapki i napomenal deka Egzarhijata, dokolku ne postapuva spored egzarhiskite pravilnici vo u~ili{tata i pansionite, }e bide prinudena da go smeni od dol`nosta)
CDIA - Sofi®. Fond 176, Op.1, arh.ed.596, str.31. Egzarhot do Sinodot vo Sofija,
761 od 16-V-1892 g., (rezimiraj}i ja prosvetnata dejnost na m. Teodosij, egzarhot Josif podocna zaklu~il: "I taka, prvata polovina od 1891/92 godina, izmina vo najnapregnati usilbi od strana na m. Teodosij da gi otstrani eden po drug najusrdnite i najiskusnite dejci na bugarskoto u~ebno delo vo Skopskata eparhija, kakva {to Egzarhijata ima tolku malku na raspolagawe).
CDIA - Sofi®. Fond 246, Op.1, arh.ed.36, l.193-194. Egzarhot do m. Teodosij,
802 od 16-VI-1891 g., (Egzarhijata i bugarskata vlada prezele radikalni ~ekori protiv Teodosij. Vo po~etokot na juni 1891 godina, egzarhit Josif mu ispratil pokana da zamine za Carigrad i da dade pojasnuvawe vo vrska so negovata dejnost vo Skopje).
CDIA - Sofi®. Fond 246, Op.1, arh.ed.36, l.195. Egzarhot do Min. za nadv. raboti vo Sofija,
803 od 16-VI-1891 g., (egzarhot smetal koga ]e dojde Teodosij vo Carigrad, da go ostavi za izvesno vreme tamu, dodeka ne obezbedi berat za nov mitropolit).
CDIA - Sofi®. Fond 176, Op.1, arh.ed.562, l.3, 4, 7. Egzarhot do m. Teodosij,
497, 599, 850 od 17-IV, 16-V i 28-VI-1891 g., (egzarhot protestiral so pove}e pisma, no ne dobil odgovor. Osobeno ostri pisma upatil do Teodosij na 17 april, 16 maj i na 28 juni 1891 godina. Vo poslednoto pismo go prekoril deka treba da prekine so goneweto na gra|anite, osvedo~eni Bugari i so nivnoto zamenuvawe so somnitelni lu|e).

CDIA - Sofi®. Fond 246, Op.1, arh.ed.50, l.17. M. Teodosij do egzarhot,
824 od 10-VIII-1891 g., (Teodosij mu odgovoril na Josifa deka za Skopskata eparhija ne va`at egzarhiskite pravilnici, nitu gi priznava instrukciite na Egzarhijata po odnos na upravuvaweto vo u~ebnoto delo i pansionite. Egzarhiskite pravilnici nemale va`nost vo Skopskata eparhija, bidej}i taa si imala svoj gospodar).
CDIA - Sofi®. Fond 246, Op.1, arh.ed.50, l.4. Egzarhot  do m. Teodosij,
1407 od 28-XI-1891 g., (za paleweto na dokumentite so zaglavieto "B†lgarska Ekzarhi®" egzarhistite vedna{ go izvestile Josifa i toj vedna{ protestiral protiv postapkata na Тeodosij napomenuvaj}i mu deka mu e dobro poznato re{enieto na Me{ovitiot sovet pri Egzarhijata od 5 avgust 1875 godi., protokol br.152, deka site eparhii pod jurisdikcija na Egzarhijata se dol`ni da upotrebuvaat nejzini dokumenti, koi imaat nejzin pe~at. Pravej}i se deka ne e dobro informiran, egzarhot pra{uval dali Teodosij vistina pe~atel dokumenti koi nemaat vo zaglavieto "B†lgarska Ekzarhi®").



Ај доста ви се останатите др. пат инаку сега посочив само документи од Софија оти само бугарите се прават недоветни за тоа кој е митрополитот Теодосиј и што правел...
Од мене сега за сега толку намигнување


П.С. За малку ќе заборавев - за заточението
CDIA - Sofi®. Fond 246, Op.1, arh.ed.238, l.45-46. Egzarhot do Sinodot,
579 od 19-IV-1902 g., (do 1901 godina, Teodosij bil vo celosna izolacija vo Dragalevskiot manastir vo blizinata na Sofija).
CDIA - Sofi®. Fond 246, Op.1, arh.ed.238, l.45-46. Sinodot do m. Natanailj, 579 od 17-XII-1901 g., (i po osloboduvaweto od celosna izolacija,Teodosij ne smeel da patuva sam niz Bugarija, a i rabotel pod stroga kontrola na vladikata Natanail, bez pravo da gi re{ava eparhiskite problemi).



Изменето од Bronhi - 30.Март.2008 во 00:21
Земете БРОНХИ полесно се дише
Кон врв
дуле Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај дуле Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2008 во 09:09
Originally posted by Bronhi Bronhi напиша:


Митрополитот Теодосиј (Гологанов) умрел како затвореник, а не како академик! А бил затворен во Духовната академија од страна на Бугарската егзархија. Повели читни малку за него...


Сум читал доста за Теодосиj Скопски. Ама ти ми говориш за еден период до 1891 г. А Теодосиj се пак умрел во 1926 година. Значи ли ова дека од 1891 г. до 1926 г. - цели 35 години Теодосиj бил "затворник" во Духовната академиjа (малку чуден поим?). Што знаеш што се случило со Теодосиj после 1891 г. Тоа се цели 35 години од животот му. За овоj период од животот ништо не знаете....
А случајно да знаеш дека од 1901 до 1906 г. Теодосиj е на чело на Пловдивската епархиjа? (доста по голема од Скопската). А во периодот од 1913 г. до 1918 г. е на чело на новосоздадената Марониjска епархиjа (создадена во окупираните грчки земи во Егеjска Тракиjа)... А од 1910 г. е академик на БАН... Нешто не личи на затворање.

Изменето од Македон - 02.Октомври.2009 во 18:21
Кон врв
Vladimir88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
"Arbeit macht frei"

Регистриран: 20.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4349
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vladimir88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2008 во 09:41
Originally posted by дуле дуле напиша:

Originally posted by Bronhi Bronhi напиша:


Митрополитот Теодосиј (Гологанов) умрел како затвореник, а не како академик! А бил затворен во Духовната академија од страна на Бугарската егзархија. Повели читни малку за него...


Сум читал доста за Теодосиj Скопски. Ама ти ми говориш за еден период до 1891 г. А Теодосиj се пак умрел во 1926 година. Значи ли ова дека од 1891 г. до 1926 г. - цели 35 години Теодосиj бил "затворник" во Духовната академиjа (малку чуден поим?). Што знаеш што се случило со Теодосиj после 1891 г. Тоа се цели 35 години од животот му. За овоj период од животот ништо не знаете....
А случајно да знаеш дека од 1901 до 1906 г. Теодосиj е на чело на Пловдивската епархиjа? (доста по голема од Скопската). А во периодот од 1913 г. до 1918 г. е на чело на новосоздадената Марониjска епархиjа (создадена во окупираните грчки земи во Егеjска Тракиjа)... А од 1910 г. е академик на БАН... Нешто не личи на затворање.



Дуле
А што ако е академик во БАН???
Се прашувам како ШТО се осеќал човекот..
И првпат слушам дека умрел како академик..
УМРЕЛ КАКО ЗАТВОРЕНИК..
Нешто неговото писмо вика дека вашите заедно со србите, грците и бугарите сте правеле ршум низ Македонија
И Теодосиј како прво и прво УМРЕЛ ВО МАНАСТИР во мизерни услови поради тоа за што се ЗАЛАГАЛ...

И знаеш што ми е најинтересното
Ти упорно и упорно го ИГНОРИРАШ ТОА ШТО ГО КАЖАЛ..
Он дури и да кажал нешто друго за македонците
Го кажал на БУГАРСКА ТЕРИТОРИЈА ВО БУГАРИЈА..
Кај ЛУЃЕ ШТО МУ СЕ ЗАКАНУВАЛЕ СО СМРТ(сигурно бугарите му се заканувале со смрт зошто он беше повлечен од Македонија во Бугарија и го оставија да цркне во манастирите.)..
А тоа што го кажал за македонците ГО КАЖАЛ НА МАКЕДОНСКА ТЕРИТОРИЈА
ШТО е сега ПОАВТЕНТИЧНО МОЈОТ ДОКАЗ ИЛИ ТВОЈОТ???


И Дуле сакаш ли да знаеш зошто умре Отец Теодосиј како затвореник???
Тоа што го правел некако не се поклопува со ова твоево.


Изменето од Македон - 02.Октомври.2009 во 18:22
Кон врв
дуле Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај дуле Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2008 во 09:59
Originally posted by Vladimir88 Vladimir88 напиша:


Дуле
А што ако е академик во БАН???
Се прашувам како ШТО се осеќал човекот..
И првпат слушам дека умрел како академик..
УМРЕЛ КАКО ЗАТВОРЕНИК..
...

И Дуле сакаш ли да знаеш зошто умре Отец Теодосиј како затвореник???
Тоа што го правел некако не се поклопува со ова твоево.


Согласи се дека за да ја добиеш титулата "академик" треба да имаш некакви научни достигнувања. Таа титула не се дава само за мили очи. И знаеш ли заради кое научно откритие му е присудена титулата "академик"? Теодосиj Гологанов е автор на теориjата за потеклото на Паисиj Хилендарски - тоj прв кажал дека Паисиj e од Банско. Неговото гледиште е сеопшто прифатено и никакви теории за Кралев дол не можат да го расклатат. Зоштото авторитетот на академик Гологонов е над авторитетот на учителот Кралевски.




Изменето од Македон - 02.Октомври.2009 во 18:24
Кон врв
Vladimir88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
"Arbeit macht frei"

Регистриран: 20.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4349
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vladimir88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2008 во 10:06
Originally posted by дуле дуле напиша:

Originally posted by Vladimir88 Vladimir88 напиша:


Дуле
А што ако е академик во БАН???
Се прашувам како ШТО се осеќал човекот..
И првпат слушам дека умрел како академик..
УМРЕЛ КАКО ЗАТВОРЕНИК..
...

И Дуле сакаш ли да знаеш зошто умре Отец Теодосиј како затвореник???
Тоа што го правел некако не се поклопува со ова твоево.


Согласи се дека за да ја добиеш титулата "академик" треба да имаш некакви научни достигнувања. Таа титула не се дава само за мили очи. И знаеш ли заради кое научно откритие му е присудена титулата "академик"? Теодосиj Гологанов е автор на теориjата за потеклото на Паисиj Хилендарски - тоj прв кажал дека Паисиj e од Банско. Неговото гледиште е сеопшто прифатено и никакви теории за Кралев дол не можат да го расклатат. Зоштото авторитетот на академик Гологонов е над авторитетот на учителот Кралевски.





Дуле, Дуле
Ова што го зборуваш врска нема откриј самиот
Ама упорно не ми одговараш..
ШТО Е ПОАВТЕНТИЧНО
Мојот доказ или твојот доказ(што не го видов) кажан на БУГАРСКА ТЕРИТОРИЈА под закана......???
Он умрел како затвореник, затворен од Бугарската Егзархија во Софија...
Да кажеш нешто такво, црно ти се пишувало тогаш


Изменето од Македон - 02.Октомври.2009 во 18:25
Кон врв
дуле Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај дуле Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2008 во 10:32
Originally posted by Vladimir88 Vladimir88 напиша:


Дуле, Дуле
Ова што го зборуваш врска нема откриј самиот
Ама упорно не ми одговараш..
ШТО Е ПОАВТЕНТИЧНО
Мојот доказ или твојот доказ(што не го видов) кажан на БУГАРСКА ТЕРИТОРИЈА под закана......???
Он умрел како затвореник, затворен од Бугарската Егзархија во Софија...
Да кажеш нешто такво, црно ти се пишувало тогаш


Твоjот доказ:

Иако Теодосиј соработувал со „Македонскиот комитет“ кој бил под влијание на Српската пропаганда, самиот воопшто не ги делел интересите и мислењата на српската Влада. Ова го потврдува и Коста Групчев кој во својот извештај до Стојан Новаковиќ вели дека Теодосиј сакал да ја возобнови Охридската архиепископија преку Цариградската патријаршија, но на македонска основа, и дека самиот тој [Теодосиј] воопшто не го симпатизира србизмот и не сака да прави никакви компромиси со српската Влада[3].
     Подоцна Теодосиј очигледно го изменил својот став кон неправењето компромиси со српската Влада. Ова може да се заклучи од разговорот воден со српскиот конзул во Солун - Христиќ, со кого што се сретнал на бродот за Цариград при своето враќање од Скопје (април 1890). Според Христиќ, Теодосиј се жалел на грчката и српска акција во Скопје против него, што како последица довело до негово присилно изгонување од градот.
-----
Читам ова и гледам: Теодосиj много сакал да биде голем началник (митрополит Скопски било од мало значење за него). И во исполнување на таа цел бил согласен да склучи соjуз дури и со Србите. Откако не успеал истиот со Србите, сакал да направи униjа со католиците, та да биде избран за архиепископ на Охридската Архиепископиjа.
Само не го разбрав следново:
"...дека Теодосиј сакал да ја возобнови Охридската архиепископија преку Цариградската патријаршија". Зошто
преку Цариградската патријаршија, а не преку Бугарската Егзархиjа? Зар македонското земјиште било 90% вклучено кон Егзархиjата? Ако  правел возобнова на Охридската архиепископиjа, таа возобнова треба да е за сметка на Екзархиjата, а не на Патриаршиjата. Во таа смисла грчката Патриаршиjа треба да се радува што некоj сака да ја цепи Бугарската Егзархиjа.
Но, дејствијата за правење унија со католиците се примени како антиканонски чин во православието, независно дали станува збор за Егзархијата или Патријаршијата.



Изменето од Македон - 02.Октомври.2009 во 18:30
Кон врв
Vladimir88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
"Arbeit macht frei"

Регистриран: 20.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4349
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vladimir88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2008 во 10:37
Originally posted by дуле дуле напиша:

Originally posted by Vladimir88 Vladimir88 напиша:


Дуле, Дуле
Ова што го зборуваш врска нема откриј самиот
Ама упорно не ми одговараш..
ШТО Е ПОАВТЕНТИЧНО
Мојот доказ или твојот доказ(што не го видов) кажан на БУГАРСКА ТЕРИТОРИЈА под закана......???
Он умрел како затвореник, затворен од Бугарската Егзархија во Софија...
Да кажеш нешто такво, црно ти се пишувало тогаш


Твоjот доказ:

Иако Теодосиј соработувал со „Македонскиот комитет“ кој бил под влијание на Српската пропаганда, самиот воопшто не ги делел интересите и мислењата на српската Влада. Ова го потврдува и Коста Групчев кој во својот извештај до Стојан Новаковиќ вели дека Теодосиј сакал да ја возобнови Охридската архиепископија преку Цариградската патријаршија, но на македонска основа, и дека самиот тој [Теодосиј] воопшто не го симпатизира србизмот и не сака да прави никакви компромиси со српската Влада[3].
     Подоцна Теодосиј очигледно го изменил својот став кон неправењето компромиси со српската Влада. Ова може да се заклучи од разговорот воден со српскиот конзул во Солун - Христиќ, со кого што се сретнал на бродот за Цариград при своето враќање од Скопје (април 1890). Според Христиќ, Теодосиј се жалел на грчката и српска акција во Скопје против него, што како последица довело до негово присилно изгонување од градот.
-----
Читам ова и гледам: Теодосиj много сакал да биде голем началник (митрополит Скопски било од мало значење за него). И во исполнување на таа цел бил согласен да склучи соjуз дури и со Србите. Откако не успеал истиот со Србите, сакал да направи униjа со католиците, та да биде избран за архиепископ на Охридската Архиепископиjа.
Само не го разбрав следново:
"...дека Теодосиј сакал да ја возобнови Охридската архиепископија преку Цариградската патријаршија". Зошто
преку Цариградската патријаршија, а не преку Бугарската Егзархиjа? Зар македонското земјиште било 90% вклучено кон Егзархиjата? Ако  правел возобнова на Охридската архиепископиjа, таа возобнова треба да е за сметка на Екзархиjата, а не на Патриаршиjата. Во таа смисла грчката Патриаршиjа треба да се радува што некоj сака да ја цепи Бугарската Егзархиjа.
Но, дејствијата за правење унија со католиците се примени како антиканонски чин во православието, независно дали станува збор за Егзархијата или Патријаршијата.
 





Мојот ДОКАЗ:






[COLOR=GREEN]Ние МАКЕДОНЦИТЕ не страдаме ТОЛКУ ОД ТУРЦИТЕ КОЛКУ ШТО СТРАДАМЕ!!! ОД СРБИТЕ, ГРЦИТЕ И БУГАРИТЕ!!Дуле
Ако ти најдам записи дека пишува дека Гоце Делчев бил турски шпион ќе веруваш ли во тоа!?



И знаеш ли што е интересното...
Што он не се залагал преку Цариградската Патријаршија да ја обнови Охридската Архиепископија
Погоди преку која црква он се залагал да обнови Охридската Архиепископја?
Или со еден збор, ова тој што го пишувал врска нема
Лаже


Ама затоа Македонскиот комитет соработувал со србите
Уфф јако беше ова нема што
Од кај го ископа овој смешен запис

Изменето од Македон - 02.Октомври.2009 во 18:31
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 9>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.