IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Останати спортови
  Активни теми Активни теми RSS - Како Ѓоковиќ го урниса Алкараз
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Како Ѓоковиќ го урниса Алкараз

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13899
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Како Ѓоковиќ го урниса Алкараз
    Испратена: 25.Јануари.2024 во 22:47

Карлос Алкараз важи за најдобар млад тенисер во светот, Шпанецот успеа да мине и кратко време на врвот на АТП-листата, по што почна се почесто да говори за темата „уривање на Новак Ѓоковиќ“, на само од светскиот ранкинг, туку и за рекордите што Новак ги постави со децении макотрпна работа, а Алкараз преоптимистично најавува дека е пдготвен да ги достигне.

Реалноста е сосема поинаква, откако последниот пораз од Александар Зверев во четвртфиналето од Австралија Опен само потврди дека младиот Шпанец се наоѓа во сериозна резултатска криза, која почна од – еден болен пораз од Новак Ѓоковиќ.


Станува збор за Матерс-турнирот во Синсинати, каде Алкараз замина полн со самодоверба по освоениот трофеј на Вимблдон по победата над Ѓоковиќ. Во финалето повторно против себе го имаше Србинот, имаше и водство од 1-0 во сетови и брејк во вториот сет, но тогаш Новак воскресна, не само што се врати, туку со голем пресврт стигна и до победата.

Резултатите велат дека од тој пораз во Синсинати, Алкараз веќе не личи на оној тениски џин што е недопирлив за ривалите. Впрочем, потврда за тоа е фактот дека во последните пет месеци тој не само што не освои ниту еден трофеј, туку и не успеа да стигне до ниту едно финале.

На УС Опен играше полуфинале каде беше декласиран од Данил Медведев, следеше Пекинг каде во полуфиналето загуби од Синер, а потоа на Матерс-турнирот во Шангај беше поразен од Григор Димитров. Сензација беше неговиот пораз на Мастерсот во Париз од Роман Сафијулин, а на завршниот турнир во Торино Алкараз налета на расположениот Ѓоковиќ, кој во полуфиналето лесно го демолираше со 6-3, 6-2.


nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.