|
Познатите - каде се ... што прават ? |
Внеси реплика | страница 123 4> |
Автор | |
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 03.Август.2020 во 22:23 |
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Замисли и јас исто.... се чудев како може да си ја задржи формава
а таа пустата се ...стегала.....
|
|
paralelogram
Сениор Регистриран: 29.Мај.2017 Статус: Офлајн Поени: 787 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А јас пред некој ден баш седам дома и си викам.. Што ли прави снеже во овие кризни времиња...
|
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мерките попуштија – време е Снеже Велков да се стегне 16. МАЈ 2020. Пандемијата со коронавирусот не само што ги затвори кафулињата, рестораните, трговските центри, туку и теретаните и салите за вежбање. Оние кои имаа практика да спортуваат и тренираат и за време на изолација најдоа алтернативно решение. Така некои вежбаат дома, пешачат, возат велосипед…но едно е сигурно многумина се активираа, па сега речиси сите на некој начин се занимаваат со физичка активност. Македонската фитнес инструкторка и водителка Снеже Велков вели дека салата за вежбање е нејзиниот втор дом. Така, таа редовно со девојките од пилатас тренираше. Се додека не доби една повреда на коленото, па мораше да паузира. Меѓутоа, Снеже им се врати на тренинзите, секако со успорено темпо, но не се откажа од вежбање. Ни корнота, ни вонредната состојба не ја спречија Снеже да продолжи со пилатас. Иако не може засега да оди во сала, таа најде алтернативно решение да се стигне, односно да вежба дома. Неодамна во кратките приказни на „Инстаграм“ сподели како вежба, а во описот напиша: „Мерките попуштија, време е да се стегнеме“. |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нека е жив и здрав Филип: Антонио Милошоски стана татко по пети пат„Драги пријатели, во ова тешко време за Македонија, нашето семејство посведочи една прекрасна благовест. Тивката Недела ни ја разубави бебешкиот плач на новородениот Филип, синот на храбрата мама Симона, најмалото братче на Илина, Михаела, Дариа и Давид Милошоски. Малку зборови има за да опишам колку сум радосен и возбуден како татко! Дај Боже, што поскоро да го пребродиме заедно ова невреме и со таа мисла на сите Ви пожелувам многу здравје, и радосни вести за Вашите семејства и најблиските. Благодарни сме многу на Д-р Филип Вановски (Хистера) и Д-р Златко Палчевски (Систина) и неговиот тим!“, објави на својата Фејсбук пратеникот Антонио Милошоски. |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Елена Велевска со понуда до фановите за „блиска средба“, тие и возвратија со „непристоен предлог“Дефинитивно, карантинот прави чуда… Она што никогаш не би ти паднало на ум или не си имал време да го правиш, кога си во изолација ти доаѓа да си кажеш: „Сега му е мајката…“ Од домаќинлук до билдање популарност. На секој од нас му текнува нешто со што ќе ја разбие монотонијата, ќе ја отепа досадата, а од друга страна, смета дека тоа нешто може да биде корисно, да му оди во прилог, да биде од полза… Или нему лично, или на тие околу него, а можеби на сите. Особено моќна алатка станаа социјалните мрежи на кои можеш да направиш, изведеш, објавиш, споделиш… што ти душа сака. Така сите, така и пејачката… Имено, Елена Велевска реши да биде што поактивна во карантинот, за времето побргу да и помине, а тоа што го прави да ја одржи во „кондиција“ нејзината кариера, а и самата да остане во конекција со своите обожаватели и следбеници на социјалните мрежи. Меѓудругото, Велевска најпрвин на своите Инстаграм приказни им овозможи на нејзините фанови и Инстаграм следбеници да и поставуваат прашања, на кои таа кусо ќе им одговара. Во меѓувреме, атрактивната македонска фолкерка доаѓа до нова идеја, па до своите обожаватели има нова понуда, овој пат баеги присна: Тие неа споделено видео со нејзина песна, таа ним за возврат – „блиска средба“. Рокот, до 1-ви мај! Во меѓувреме стигнуваат прашањата на фановите до згодната и сексапилна пејачка. И како што е редот, повеќето, се коментари, пофалби, комплименти за неа, нејзиниот иглед, песните кариерата, арно ама… Меѓу сите нивни прашања и нејзини одговори, доминира ЕДНО, кое периодично се повторува, па му доаѓа нешто како одговор на нејзината понуда за „блиска средба“ со фановите… само што е прашање, кое всушност е еден вид „непристоен предлог“ кој гласи: „Елена дали ќе се омажиш за мене?“ А Велевска, се’ уште недоразведена, прво беше фина и одмерена во одговорите. Но откако сфати дека „брачната онлајн понуда“ нуди широк избор, пејачката како да го губеше трпението, па на оние што и онлајн ја побараа нејзината рака, на крај нервозно им одговори со прашање: „Аман, што ви е?“ Ништо… веројатно и тие имаат „карантински синдром“. Затоа едвај чекаме да го видиме резултатот од понудата на фолкерката за „блиска средба“ со среќниот обожавател. И ние и особено оние што ќе одговорат на нејзиниот предизвик, па секој од нив со душа ќе чека и стрепи да дознае, дали токму ТОЈ е најголемиот среќник!? А дотогаш, снимај, постирај и ќути – трај… до 1-ви мај! |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Македонски девојчиња од „Арт Балет“ победија на натпревар во Москвамарт 6, 2020 Македонските претставнички од студиото „Арт Балет “ го освоија првото место на WADF (Europian Artistic Dance Champions) во Москва. Имено, Хана Патриција Поповски го подигна пехарот на Европското Првенство во Танц кое се одржа во Москва, Русија во организација и лиценцирано од Светската Артистичка Танцова Федерација. Додека македонската химна се свиреше во нивна чест македонските претставнички гордо го држеа македонското знаме на тронот и заедно обединети го дигнаа пехарот во раце. Браво на успехот на овие македонски девојчиња! |
|
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13922 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
,,,sobiraat med,,,
|
|
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Една од најбараните манекенки на денешницава, Емили Ратајковски (28) на 92-то доделување на наградите за Оскар во театарот Делби во Лос Анџелес се појавила во бела комбинација, но многу пооскудна од онаква каква што се очекуваше од неа... Емили на црвениот тепих се појавила во бела топ маичка и долго здолниште во иста боја кое го спуштила до колковите за во прв план да бидат нејзините стомачни мускули. Рака на срце, секако дека таа е една од најзгодните манекенки и навистина има што да покаже, но многумина сметаат дека истакнувањето на нејзиното голо тело на таков настан е непримерно. Додека другите дами биле облечени во елегантни креации, Емили се појавила како да тргнала на ноќна забава или пак на плажа. |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ова им е втор заеднички документарец: Славната двојка Тамара Котевска и Љубомир СтефановТамара Котевска и Љубомир Стефанов се славната режисерка двојка на документарецот што ја разбранува светската јавност. Имено тие се прославија со „Медена земја“ и го добија епитетот медени. Познато е дека заедно поминале цели три години снимајќи го документарниот филм за животот на последниот женски пчелар со диви пчели, Атиџе, во регионот на реката Брегалница Роден во 1975-година во Скопје, Љубомир Стефанов има 45 години. Има над 20-годишно искуство во развој и реализација на комуникациски концепти (промотивни, кампањи за подигнување на јавната свест), производство на документарни филмови и видеа, генерално посветени на проекти поврзани со еколошки проблеми и развој на човекот. Тој со 26-годишната Тамара Котевска, претходно заедно работел на уште еден документарец во 2017-тата година, насловен како „Езеро од јаболка“ На профилите на Инстаграм на Тамара и Љубомир, може да се забележат многу нивни заеднички фотографии од приватниот живот. Јавноста ја скокотка прашањето дали станува збор и за љубовна врска, особено по фотографијата со сочниот бакнеж во уста меѓу двојката, меѓутоа на тоа прашање сѐ уште немаме одговор. https://www.instagram.com/p/B72FvuvH3b3/?utm_source=ig_embed „Медена земја“ покрај многуте освоени признанија и награди, меѓу најзначајните се трите награди на филмскиот фестивал „Санденс“ во 2019 година и секако двете номинации на 92-то издание на Оскар: Најдобар документарен филм и Најдобар странски филм. Ова е втор македонски филм кој добил номинација за Оскар по „Пред дождот“. Уште еден наш филм, но како југословенски кандидат за најпрестижната филмска награда, беше документарецот „Дае“ на Столе Попов пред точно 40 години. Д.К. |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Денот ми почнува секогаш со кафе, тоа е еден цел ритуал за мене. Кога имам наутро часови го пијам сама и го користам тој период за план на часот и план за денот општо. Додека за викенд со својот партнер како апсолутна релаксација. Од неодамна обичното кафе го заменив со кафе so реиши печурка кое јас си го викам јин кафе, бидејќи дополнително ме релаксира. Ме мотивира меѓучовечкиот однос, кога ќе добијам фидбек од тоа што се трудам да го пренесам, посебно кога ќе видам дека ги мотивирам и другите да увидат колкав капацитет имаат за кој не се свесни. А во денови кога ја нема мотивацијата стапува дисциплината. Секој ден држам часови, а спремам и нешто ново, план и подготовки околу неколку проекти поврзани со јога и секако секојдевни обврски околу моите деца и домот. енот обично ми завршува во опуштена атмосфера дома, фамилијарно, може нешто вкусно да се зготви, вино да се отвори... Искрено во последно време повеќе ме опушта филм или некоја комична серија Лејла Рамковска, инструктор по јога |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Презентерката Татјана Стојановска во костим за капење во Нов Зеланд (ФОТО)January 30, 2020 ТВ-презентерката и поранешна официјална македонска убавица, Татјана Стојановска (45), која речиси никогаш не објавува фотографии во костим за капење, овојпат пријатно ги изненади своите следбеници на социјалните мрежи. Имено, Татјана и нејзиниот партнер Михаил моментално уживаат во топлото време во Нов Зеланд. Татјана од таму објави неколку фотографии на кои е на плажа, во костим за капење. |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
МАКЕДОНКАТА ПРОВОЦИРАВикторија ЈаначковиќВикторија Јаначковиќ јавноста ја познава како некогашна мисица, манекенка, топ модел…На времето Викторија жареше и палеше на модните писти, ја гледавме на многу рекламни кампањи, билборди, а беше заштитно лице и на неколку модни брендови. Дипломираниот стоматолог кој еден период живееше во Лондон, повторно се активира во модниот свет. Таа во моментов соработува со модната куќа „Елена Лука“ и се почесто имаме прилика да ја гледаме во улога на модел. Исторемено згодната Викторија во последно време е доста активна и на социјалните мрежи, особено на Инстаграм, каде понекогаш знае да објави и провокативна фотка. Викторија Јаначковиќ денеска своите следбеници ги почести со фотографија на која позира во црна проѕирна блуза, под која не носи градник. |
|
Внеси реплика | страница 123 4> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |