Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Медиуми
Опис на форумот: Телевизии, радио, списанија, весници...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=31501 Датум на принтање: 13.Декември.2024 во 22:15 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Познатите - каде се ... што прават ?Постирано од: zamislena
Наслов: Познатите - каде се ... што прават ?
Датум на внесување: 05.Декември.2018 во 22:23
ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ: ДЕЦАТА МЕ ТЕШАТ ПО ЗАГУБАТА НА СОПРУГАТА
Иако долго време не се музички партнери, Влатко Стефановски и Гаро Тавитјан го негуваат пријателатвото од времето на легендарните “Леб и сол”. Добри пријатели се и нивните синови, Јан Стефановски и Гаро Тавитјан јуниор и постариот син на Гарабет, Диран.
Легендарниот гитарист на инстаграм профилот објави фотографија од синот Јан, како свири тапани во студио кај Гаро. Јан изгледа е музичкиот наследник на Влатко, но место гитара,тој избра ударен инструмент.
Стефановски е посветен татко на Ана и на Јан. Синот и ќерката го следат на повеќето негови концертни патувања. Лани, по долго боледување почина Гордана, сопругата на Влатко.
„Ја загубив мојата драга сопруга со која што поминав 35 години. Децата и нивните проблеми сега ми се на прво место. А ако имам време, ќе се занимавам и со моите проблеми. Изгледа дека овој товар што го носам бил наменет за мене“, изјави Влатко претходно.
Синот Јан, лани страдаше во сообраќајна незгода од која со помош на семејството брзо закрепна.
Влатко е регионално актуелен со новиот албум „Мајчин јазик“.
Иако во претходно интервју изјави дека е фокусирана на работата, а не на љубовта, изгледа дека пејачката Лидија Кочовска самата си се деманираше. На својот Инстаграм профил, Лидија објави фотографија со маж со кој изгледа прилично блиска. Фотографијата е направена во Битола, а под неа Кочовска напиша: “Моето срце„.
Лидија претходно изјави дека се надева оти еден ден повторно ќе се вљуби, а по кусото брачно искуство во Хрватска, бракот како форма ништо не и значи. Пејачката одамна не е активна на фестивалите, но е вработена во хорот на Македонската опера и балет, каде што редовно настапува.
Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 06.Декември.2018 во 21:04
Префинета и секси: Фатиме Фетаи ја покажа тетоважата
05 Декември, 2018
Модната дизајнерка Тања Кокев завчеравечер го отвори новото ателје, а меѓу присутните беше и специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи.
Фетаи секогаш избира парчиња по последна мода и знае како да изгледа одлично.
Овојпат носеше фустанче со интересен дезен и на прерамки, со што уште еднаш ја откри својата тетоважа.
За оваа прилика избра елегантен накит, а секако неизоставена беше и нејзината претпознатлива фризура со шишки.
https://zenskimagazin.mk/foto-fatime-fetai-najelegantna-na-izborot-mazi-na-godinata-" rel="nofollow - Фетаи беше и најелегантна дама на изборот за „Мажи на годината„.
Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 06.Декември.2018 во 21:09
Сара Мејс во одлична форма само 3 месеци по раѓањето на ќерката
05 Декември, 2018
Поп-пејачката и харфистка Сара Мејс ужива во мајчинството со ќерката Илина која се роди на 10-ти септември.
Тие имаат свои секојдневни ритуали, меѓу кои е и кучето на Сара и нејзиниот сопруг водителот Димитар.
Таа само три месеци по породувањето изгледа одлично и и се врати на својата фит форма. Тоа се забележува по нејзините фотографии на социјалните мрежи, односно нејзините гостувања во неколку емисии периодов.
„ Додека бев бремена, постојано некој ме плашеше, вака ќе биде или онака ќе биде. Првата група на луѓе ми велеа: рано ви е за дете, зошто уште не шетате, втората група ми раскажуваше колку е тешко,а трети ми велеа дека е ова најубавиот период. И во право беа третите, јас сум во таа група. За сега одлично се снаоѓаме со Илина, целта ги оптавдува средствата. Кога спие по четири часа без да се разбуди, ми фали“, ни раскажа Сара во претходна прилика.
Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 11.Декември.2018 во 20:24
Пејачот Влатко Лозаноски-Лозано влезе во женскиот свет и ја поддржа кампањата против насилство врз жени и девојки. Лозано на својот Инстаграм профил позираше со мегафон на кој е напишано мотото на кампањата “Слушнија-16 дена активизам против жени и девојчиња“.
Оваа година беше многу успешна за пејачот, најголемите домашни хитови беа негови: “Камо тебе да те имам”, “Километри”, “Јако јако” и последната “Надеж”.
За кампањата “Слушнија“, вистинити приказни од жени кои биле жртви на семејно насилство споделија: Анета Кочишки, Амернис Нокшиќи, Тања Кочовска, Викторија Лоба. Сите снимија емотивни видеа кои жените ги споделуваа и ги коментираа.
Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 17.Декември.2018 во 20:08
Пејачката Викторија Лоба објави фотографија во издание во какво што не сме ја навикнале до сега. Лоба и претходно го нагласувала својот сексапил, но не како на оваа фотографија. Во преден план е деколтето на пејачката која пред неколку месеци снимаше спот на грчкиот остров Санторини, за песната “Над небото”.
Денеска, Лоба ќе го промовира првиот албум кој е наречен “Нов свет” и тоа во македонска и во англиска верзија. Снимен е во неколку студија и на него се старите хитови и неколку нови песни.
Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 20.Декември.2018 во 19:42
Ена Веко беше вистинска атракција на домашната музичка сцена. Ја паметиме како првата македонска раперка. Денеска Ена, со вистинско име Елена Домазетовска живее во Сиднеј, Австралија и изгледа сосема поинаку од почетокот на деведесетите.
Ена уште по завршувањето на средното училиште се повлече од музиката и замина во Сиднеј каде што живее денес. Сега има долга коса и сосема поинаков имиџ. Последен пат во Скопје беше летово.
Ена соработуваше со продуцентот Тоше Поп-Симонов и го издаде албумот “Бубачки и градски ѕверки“. Хитови кои останаа се „Опера хаус“ , „До кога вака“, „Царевата ќерка“, „Признавам-не признавам“, а настапи и на фолк-фестивалот „Цветници“ во дует со Мирко Митревски и со групата „Академци“.
Зорица и Александра Заеви, ќерката и сопругата на премиерот Зоран Заев се на заедничко патување. Мајката и ќерката заминаа во Франкфурт, Германија на предновогодишен шопинг. Александра за патувањето со мајката се пофали на својот Инстаграм профил. На фотографиите се гледа дека двете убаво си поминуваат.
На сликите го нема Душко, синот на премиерот, кој е помал од својата сестра. Заеви пред два месеци славеа 23 годишнина од бракот и изјавија дека се најгорди на своите деца.
Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 26.Декември.2018 во 23:34
По смртта на сопругот, Маја чека душата пак да и пее
Пејачката Маја Саздановска се присети на својот покоен сопруг, Саша Лилчиќ кој почина пред неколку години. Таа објави нивна заедничка слика од насловна страница на списание. Маја во јавноста никогаш не прозборе за ненадејната смрт на сопругот кој ја напушти додека нивната ќерка Срна беше многу мала.
Маја одамна не е активна како соло вокал на музичката поп сцена, таа работи во службата за односи со јавност во Македонската опера и балет. Маја е дел од придружните вокали на Калиопи и ја следи на сите настапи. Претходно таа работеше во еден диет клуб.
“Не сум подготвена да снимам нова песна. Чекам душата пак да ми запее”, изјави Маја
Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 29.Декември.2018 во 23:46
Речиси никој од македонските пејачи нема договорен настап за Нова година. Калиопи, Каролина, Елена Ристеска, Дани, Лозано… Новата година ќе ја поминат без ангажман, што не било пракса и претходно. Скопје, Прилеп и Битола се малкуте градови кои годинава организираат новогодишни прослави. Освен “Парни ваљак” во Скопје ќе свири и еден косовски панк бенд, на плоштадот Македонија. Во Прилеп, на плоштадот ќе пее Нино Величковски со неговите тамбураши. “Силви бенд” се едни од ретките кои се ангажирани за новогодишната ноќ, тие ќе пеат на Плоштадот Магнолија во Битола.
Ова е дефинитивно најнеплодна година за домашната естрада за Нова година. Дел од пејачите, си фатија “тезги” преку големите фирми на предновогодишните забави.
Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 20.Јануари.2019 во 23:32
Специјална обвинитела Фатиме Фетаи беше една од блиските пријатели кои во семејниот дом синоќа ги пречекаа Нора Шаќири и нејзиниот сопруг Марко Марковиќ.
„Ние двајца се сакаме и почитуваме, па затоа како и минатите 6 години така и оваа со радост и огромна почит кон неговата религија и славата која ја слави Св.Јован ја отворив вратата за нашите семејства и пријателите“, напиша Нора на социјалните мрежи.
Инаку, поранешната Ттв водителка и новинар, Нора Шаќири сега е вработена со Министерството за култура, како асистент на заменик Министерот и односи со јавност, Таа е мажена за музичарот Марко Марковиќ.
Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 25.Јануари.2019 во 23:40
Што се случувало меѓу Саше Политико и Марина, вмешан и градоначалникот на Аеродром?
Љубовен триаголник или нешто сосема друго? Зошто играле ножеви меѓу Саше Политико и неговата сопруга Марина, https://vecer.mk/life/protekoa-poraki-shto-se-sluchuvalo-megju-sashe-politiko-i-marina-foto" rel="nofollow - пренесува Вечер .
Според „Вечер“, порталот доказмакедонија.мк во сопственост на некогашниот партнер и другар на Саше Ивановски, синоќа објави фотографии од пораки, за кои тврди дека наводно се меѓу сопругата на Саше Ивановски, Марина и градоначалникот на Аеродром, Златко Марин.
Овие пораки во продолжение, во целост се преземени од „ https://vecer.mk/life/protekoa-poraki-shto-se-sluchuvalo-megju-sashe-politiko-i-marina-foto" rel="nofollow - Вечер“ .
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 29.Јануари.2019 во 18:27
Игор Џамбазов ... дематира дека бил болен и дека му се спремала операција во болница!
здрав прав за инат на ФБ хејтери!
Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 10.Февруари.2019 во 23:35
СЕ ВРАТИ ЉУБОВТА: Калиопи и Ромео повторно заедно?
Поп пејачката Калиопи Букле и нејзиниот поранешен сопруг Ромео Грил повторно се заедно. Наводно, тие живеат заедно во Белград, но “двојката“ сеуште не сака тоа да го сподели со јавноста. Калиопи последнава година повеќе е присутна во Белград, одржува концерти во Србија, а исто така и понатаму соработува со Ромео.
Инаку, Ромео и Калиопи беа во брак долги години, и го имаат синот Пако кој живее во Швајцарија. Тој е автор на повеќето хитови од албумот „Обои ме“. Како тандем повторно се соединија во 2012 година, кога Ромео беше дел од авторскиот тим на евровизискиот хит „Црно и бело“, а тој е автор и на музиката и на аранжманот на песната „Дона“, со која Калиопи беше на Евросонг во Шведска во 2016 година. Еден период Калиопи беше во брак и со актерот Васил Зафирчев.
Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 10.Февруари.2019 во 23:47
Дунавка Трифуновска: Вистинските луѓе никогаш не забораваат кој им ги избришал солзите (ФОТО)
Вистинските луѓе никогаш не забораваат кој им ги избришал солзите. И ком им дал крилја да полетаат. За да живеат и станат вистински“, напишаа таа под фотографијата
Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 18.Февруари.2019 во 00:42
Некогашна водителка, заштитно лице на „Макфест“, диџеј, Вера Јанковиќ е урбана градска дама која како да не старее. Од „Видеометроном“ на тогашната Телевизија Скопје, до сценарист и заштитно лице на „Макфест“ цели 14 години- ова се само дел од нештата по која ја препознаваме. Рокерка во душа, но љубител и на домашните и на екс-југословенски шлагери со кои пораснала, во 1984 година, таа беше вокал на групата „Психо“, чиј басист беше нејзиниот покоен сопруг Зоран Јанковиќ- Бајо. Вера и Бајо беа сопственици на култниот скопски клуб „ЗЗ ТОП“, кој се затвори во деведесетите.
„Ми недостасуваат ноќите во „ЗЗ“ и пијаните утра по него. Тоа не беше клуб, туку начин на живеење“, носталгично изјави Јанковиќ. И денес, таа ја носи истата фризура, го негува оригиналниот стил на облекување, работи како диџеј и инвестира во патувањата. Цедета кои ги носи со себе за забавите ги нарекува „куфер на љубовта“ . Младешкиот дух на диџеј Генерал Јанковиќ, уметничкиот прекар на Вера е за почит.
Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 18.Февруари.2019 во 00:46
Сексапил до болка: Антонија ја копира Бритни Спирс (ФОТО)
Прилеп како град има многу убави девојки, а дел од нив веќе сериозно зачекоруваат по модните писти низ Македонија, но и Европа.
Валерија Преспаноска е една од девојките кои сериозно се „печени“ за на модните писти низ Европа, но и пошироко.
Станува збор за исклучително убава девојка, со темен тен, но изразено светли очи. Ако се загледате подобро, слободно се заклучува дека и тоа како наликува на американската актерка, Анџелина Џоли.
Освен тоа што го смени својот изглед т.е ги врати суканиците и носи наочари Тајзи не мирува и на музичко поле. Пред крајот на летото не почасти со нова песна и видео.
Се работи за еден вид порака која визуелно и текстуално ја пренесува иронијата на општеството во кое живееме и дава мотив за сите оние кои пропагираат мир, љубов и имаат желба за подобро утре било дома или далеку од тука . “Мајка те раѓа да направиш нешто” Видеото се состои од материјали и снимки од целиот свет, го изработи Филип Пауновски додека текстот е на Тајзи и е првата песна од неговиот нов албум кој го најави за крајот на оваа година. Музиката и аранжманот се на Лазар Цветковски.
„Сите зборуваме за тоа како светот оди во погрешна насока, како капитализмот како и секој друг систем е ништо повеќе од бизнис, како има се помалку љубов меѓу луѓето, како постојано не трујат преку храна, вода, воздух и лажни информации и ред други актуелни теми , а всушност никој не презема ништо, туку сме дел од една пропаганда која секојдневно не убива на глобално ниво. Плукајте,коментирајте, но не ме фарбајте , не се работи за пари, за партија, за власт, за опозиција. Тука сум за сите вас кои го разбирате мојот јазик , мојата желба и мојата порака. Револуциите во минатото ретко кога донеле подобар живот и демократија туку смена на еден диктатор со друг ” Јас не носам револуција, носам вистина и позитивна енергија за будење за револуција на свеста кај сите нас бидејќи ако сакаме да го смениме светот нели прво треба да почнеме од себе”, вели Тајзи во врска со темата на новата песна.
Покрај „Револуција” Тајзи најавува уште песни овој период. Се работи за песна која ќе има и српска и македонска верзија и која ќе има свој видео запис. Песната е уште една соработка со Дарко Спејко, победникот на „Големиот брат”. Македонската верзија е на Лазар Цветковски и на Тајзи, додека на српската се потпишува балканскиот хит мејкер Цоби кој освен тоа е што е актуелен како артист со песната „Црни Сине” е и продуцент на неколку хитови на Раста,Тхц,Реља,Конект и други артисти од Балканот.
Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 01.Март.2019 во 01:21
Владо Јаневски проговори за врската со Дунавка: „Не сум ја видел со месеци“
Владо Јаневски, беше гостин пред камерите на естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“. Не беше заобиколени ниту прашањето за врската со Дунавка Трифуновска.
“Се познаваме, снимавме спот заедно. Што и се случува…Не сум ја видел со месеци, од лани ја немам видено, нит знам што прави. Се најубаво и посакувам. Јас не знам што прави она моментално“, одговари Владо.
Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 02.Март.2019 во 23:44
ПРВИОТ МАКЕДОНСКИ МАНЕКЕН
Мио Ристиќ, човекот што ја донесе светската мода во Скопје
Миодраг Ристиќ или едноставно познат како Мио, беше првиот манекен кој прошета по модната писта и ги преслика светските модни трендови во македонската метропола. Една од најурбаните скопски фаци, градска легенда кој на скопјани и пошироко прв ќе им покаже како се чекори по модна писта, прв ќе ги преслика Париз, Њујорк, Лондон, Милано, Белград… во Скопје, заедно со Лиле – „Липс“ ќе го имаат првиот бутик во главниот град, ќе биде дел од првите модни фотосесии… Во многу нешта кога е модата и не само модата во прашање Мио бил пионер – пишува вистина.мк.
Неговите модни ревии и модни перформанси во рамките на првите скопски пополноќни забави се’ уште се прераскажуваат. Најубавите скопски девојки во тоа време, меѓу кои подоцна некои станаа и се’ уште се име и презиме во оваа земја, биле дел од женската „модна ергела“ на Мио.
Неговиот бутик „Мио“ во 80-тите години ќе биде епицентарот од каде во Скопје, а со тоа и во Македонија ќе излегуваат најмодерните модни парчиња, кои најпознатите скопски јавни, но и урбани фаци ќе ги носат на себе како перјаници на актуелната мода во тоа време.
Но, не само модата се врзува за урбаната скопска легенда Мио. Години потоа тој и неговите локали ќе бидат заштитен знак на скопскиот ноќен живот. Особено легендарната „Академија“, еден од првите скопски ноќни клубови кој ќе работи „од самрак до мугри“.
А таму, од скопскиот и не само скопскиот „крем“, јавните лица, музичките ѕвезди, најубавите девојки, најдобрите забави, првите македонски бизнисмени, безбедносни структури, лица од балканското подземје… сите на купче. Сите на едно место, а местото култно со години!
Денес Миодраг Мио Ристиќ живее во Марбеља во Шпанија.
Речиси сите девојки изгледаат убаво, но Албанката од Скопје, Калтрина Балаш ги руши сите граници. Таа секојдневно објавува провокативни фотографии на својот Инстаграм профил.
Атарктивната професорка по солфеж и диригирање и мејкап артист денеска ги запали социјалните мрежи со уште неколку свои нови фотографии од последните фотосесии направени од уметничкиот фотограф Мики Трајковски – Манца. Таа на фотките е облечена во еротска црна долна облека. Високо „штикли“ и црни мрежести чорапи, жартиери, градник и гаќички од тантела.
„Нема страст без инстинкт“ – напиша русокосата убавица.
Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 18.Март.2019 во 23:39
Ме распнаа дека имам СИДА, се затворив со девојката, ама и таа избега - искрено со Владо Јаневски
Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 21.Март.2019 во 01:01
Лозано
Откако раскинав со вереницата, најдов сила да закрепнам
Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 22.Март.2019 во 00:26
Македонската манекенка и топ модел Катарина Ивановска по втор пат ќе стане мајка.
Иако се уште е во раната бременост, Катарина, покрај обврските дома, ангажирана е и за снимање на модни брендови. Таа деновиве беше да ја снима фотосесијата за „Парос“ во Грција, моден бренд со кој подолго време соработува.
Преку фотографии објавени на својот фејсбук профил Гордана Деан Поп Христова, сопруга на актерот Кирил Поп Христов – Кили, долови дел од свадбената веселба на која нејзината ќерка Јоана во Еквадор се омажи за Родригез Сориа Хосе Луис. Избраникот на Јоана има 30 а таа 24 години и во јуни ќе станат родители. Тие заедно биле четири години, а претходно биле најдобри другари.
“Другари во Латинска Америка жената не го зема презимето на мажот и кога прашавме за тоа, женскиот дел од фамилијата беше згрозен: како тоа на мажот презимето, па он не ме поседува, јас не сакам да менувам презимето од моите родители. Децата имаат 4 имиња, два имиња и два презимиња. Едно име бира мајка, друго татко то, а презимињата се од двата родители“ – напиша таа на својот Фејсбук профил
.
Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 04.Април.2019 во 19:55
Роберт Саздов сведочеше на судењето на Панки во Солун
Роберт Саздов сведочел на првото суење на колегата од „Куку леле“, Сашо Каимовски – Панки. Роберт морал пред грчкиот суд во Солун, да докажува дека е познат пејач во Македонија.
“ Морав да однесам насловни страници, да покажам телевизиски емисии, гостувања и што ли уште не, бидејќи само спотовите од „Јутјуб“ не можеле да помогнат во одбраната на Панки“, рекол Роберѕ во телефонскиот разговор со екипата на https://1tv.mk/show-business/%D1%80%D0%BE%D0%B1%D0%B5%D1%80%D1%82-%D1%81%D0%B0%D0%B7%D0%B4%D0%BE%D0%B2-%D1%81%D0%B2%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D1%87%D0%B5%D1%88%D0%B5-%D0%B2%D0%BE-%D1%81%D1%83%D0%B4%D0%BE%D1%82-%D0%B2%D0%BE-%D1%81%D0%BE/" rel="nofollow - „Ексклузив“ .
Инаку, пред десетина дена Панки беше уапсен на граничниот премин Евзони поради европска потерница распишана пред 13 години од страна на германските власти, за учество во мрежа која крадела податоци од банкомати.
Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 07.Април.2019 во 23:39
Актерката Билјана Беличанец беше пронајдена мртва вчера околу 23 часот, а МВР денеска официјално соопшти дека 45-годишната актерка, инаку мајка на две деца, се обесила во бањата, а ја пронашол сопругот.
Од неа со голема тага денеска се простија дел од актерите.
“Билјана Беличанец беше мојот Петар Пан. Полетна како никој од нашата бранша, леташе високо со своите улоги и оддаваше цврстина на маж, но беше кревка, како кокиче.Замина во Недојдиј”, напиша актеротДраган Спасов-Дац
– Почивај во мир драга Беличанец и во вечноста пронајди го она што овде не можеше. Бескрајно ќе ни недостасуваш, напиша, – Јелена Жугиќ.
Актерката Јелена Јована со емотивна порака се прости од нејзината постара колешка.
„Се надевам дека сега си на подобро место…
Се надевам дека таму нема да си изневерена од никого…
Се надевам дека таму ќе си прегрната од љубов која овде ти недостигаше…
Толку многу даде, а уште колку многу остана….
Тешко и за неверување маме..
Ти благодарам за СЕ!
Почивај во мир Билјана Беличанец“-напиша Јелена.
Игор Џамбазов напиша: “Почивај во мир моја Б. Б.“
– Билјана Беличанец. Ретка билка со раскошен талент за цветање. Можеше да даде уште многу цутови. И сакаше. А не напушти на најтрагичниот од сите можни начини. Како вистинска античка хероина. Вечна пролет за неа и за нејзиниот редок и убав цвет, – напиша Васил Зафирчев.
Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 29.Мај.2019 во 00:24
НОСЕШЕ СРЕЌА: Се сеќавате ли на лото девојката Пепита Танеска?
Повозрасната генерација сигурно ја памети познатата лото-девојка Пепита Танеска. Пепита беше една од најатрактивните наши Тв лица, а и сега во педесетата година изгледа одлично.
На социјалните мрежи, Пепита споделува фотографии и вели дека ужива во својата професија и во здравиот начин на исхрана со кој ја одржува линијата.
Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 30.Мај.2019 во 23:09
АНТОНИА ИМА 10 ГОДИНИ ПОСТАР ДЕЧКО
Иван ми е најголема поддршка
May 30, 2019
Изминативе неколку дена главна вест во домашните медиуми е новата музичка двојка на домашната естрада – Антониа Гиговска и Иван Јованов од составот на „Либеро бенд”.
Осумнаесетгодишната пејачка призна дека нејзиното ново момче е Иван кој е 10 години постар од неа
-Иван е моја најголема поддршка, – вели Антониа за „Бекстејџ“ каде првпат зборуваше за нејзината нова врска.
Инаку, убавата Антониа неодамна славеше матура, и беше придружен вокал на Тамара на Евровизија
Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 02.Јули.2019 во 19:28
Ексклузивно интервју со ФИФИ
Душа мила
колку се разубавила
Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 17.Јули.2019 во 22:28
Поради безбедносни и здравствени причини притворениот Бојан Јовановски, познат како Боки 13 е сместен во Хашкото одделение во затворот.
Притворското одделение може да се пофали со „хашките соби“ кои затворот ги изгради по барање на ЕУ за потребите на Судот од Хаг. Собите ги задоволуваат стандардите како на модерен европски затвор, но тие се само неколку.
Прегради на тоалетите има во сите ќелии, па и во „хашките“, единствена разлика е што во нив има веце шолја, а во обичните се чучавци. Хашките соби имаат поголема светлина за разлика од обичните на приземјето и поубави душеци. Во овие соби обично се двајца до тројца притвореници.
Инаку, во понеделникот на Боки 13-ка му беше определена мерка притвор во траење од 30 дена.
Се јави режисерката на Канал 5 Олгица Поцкова која беше спомената како можен извор на гласот кој во снимката со Боки 13 на Орце Камчев му вели „Не секирај за ништо, се ќе биде ОК”.
Откако новинарката Емилија Лазаревска напиша дека гласот кој вели „Се ќе биде во ред” може да е на ликот најпознат како Олето од емисијата Зевзекманија на Канал 5, Поцкова се јави на Фејсбук.
„И јас како Катица се сончам во Грчка”, напиша Поцкова одговарајќи шеговито на споредбата на нејзиниот глас со тој на Катица Јанева.
Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 08.Јануари.2020 во 23:11
РЕАКЦИЈА НА ЕФТО ПУПИНОВСКИ – МАКЕДОНСКИ ФЕНОМЕН: Самиот да се ставаш како граѓанин од ВТОР ред!
Ефто Пупиновски на 31. декември пееше на плоштадот во Охрид каде со граѓаните на македонскиот бисер ја дочека новата 2020. година но и сите присутни во Охрид ги воведе во Новата… На својот профил на Фејсбук, Пупиновски објави реакција по повод третманот на македонските изведувачи во однос на оние кои доаѓаат од страна и си одат со торби пари…
„И така помина и дочекот на Новата 2020 година, па гледавме и слушавме на вестите на сите национални телевизии „Дино Мерлин го наполнил плоштадот во Скопје“ , „Дино – вака…“ , „Дино – така…“ , и за сето тоа телевизиите во своите вести му посветија од 2-3 до 5 минути, додека за нас, македонските пејачи, по најмногу десеттина секунди. Господа новинари, зошто не известивте дека и Ефто Пупиноски го наполни охридскиот плоштад и дека на тоа студено време сите присутни останаа на плоштадот за целиот временски период на мојот настап од 23:15 до 1:00 часот на нивно и на наше задоволство ( мое и на оркестарот Фортуна) ?
Господа новинари, можеби Ви беше срам бидејќи се работеше за македонски пејач или можеби едноставно тоа не можевте да го пренесете заради длабоко вкоренетиот феномен кај Македонецот самиот на себе да не си верува и самиот себе да се става во подредена позиција како граѓанин од втор ред? Уште 1986 година со мојата песна „Лихнида“ ширум ми беше отворена вратата на белградската естрада, ама јас не отидов за Белград, останав во Македонија, и ја збогатив македонската културна ризница со уште пет-шест хитови. Најчесто, некои пејачи од соседството заради големата јазична предност бидејќи пеат на јазик кој го користат и разбираат преку 15 паати повеќе народ отколку македонскиот, добиваат третман како балкански ѕвезди, а не заради некое екстра квалитетно пеење и посебно убави песни.
Но и покрај тој голем хендикеп за нас, Македонците, јас ја имам „Лихнида кајче веслаше“ која и покрај тоа што е испеана на македонски јазик исклучиво со силата на квалитетот како композиција и интерпретација ги сруши јазичните бариери и стана балкански хит. И наместо ние кои компонираме и пееме на националниот јазик да имаме соодветно внимание и третман затоа што со нашите национални хитови даваме конкретен придонес кон јакнење на нашиот национален идентитет што на нас Македонците ни е неопходен во овие историски околности, вредноста на нашиот труд нѝ е и понатака девалвирана. Наспроти ова, на пејачите што доаѓаат од соседството и понатака им ги полниме торбите со пари, па испаѓа дека Дино Мерлин го наполни скопскиот плоштад за 100.000 евра, а Ефто Пупиноски го наполни охридскиот за 40-тина пати помала цена!
И да ви кажам, цел живот водев една моја борба за доброто на нашата национална песна и чекав нештата да се поправат, и сега од оваа позиција длабоко сум убеден НЍ НЕМА НАДЕЖ ! Им благодарам на Охриѓани и на гостите од Македонија и соседството за тоа што ме почестија со толкаво големо присуство. Ај со здравје,Ефто Пупиноски“, напиша познатиот пејач и добри многу коментари на подршка.
Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 10.Јануари.2020 во 22:00
Министерот Димитров по два пропаднати брака заљубен во новинарка
Министерот за надворешни работи Никола Димитров (48) има нова љубов, дознава https://www.zenskimagazin.mk/treta-srekja-ministerot-dimitrov-ima-nova-ljubov?fbclid=IwAR3UDaxopv42lov4R43BJePdHJ6-GyUbvB5E8jqgZD40154mFk5L6u-VwVE#" rel="nofollow - „Женски магазин“.
Се работи за новинарката Катарина Синадиновска, која е член на Советот за етика во медиумите во Македонија, со која заедно се појавуваат на настани.
-Можам само да кажам дека сме блиски, но дека нашата врска не е во сферата на јавен интерес, изјави кусо Синадиновска, која е еден од оснавачите на Советот за етика во медиумите во Македонија.
Инаку, Димитров зад себе има два брака.
Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 12.Јануари.2020 во 00:07
Викторија Јаначковиќ јавноста ја познава како некогашна мисица, манекенка, топ модел…На времето Викторија жареше и палеше на модните писти, ја гледавме на многу рекламни кампањи, билборди, а беше заштитно лице и на неколку модни брендови.
Дипломираниот стоматолог кој еден период живееше во Лондон, повторно се активира во модниот свет. Таа во моментов соработува со модната куќа „Елена Лука“ и се почесто имаме прилика да ја гледаме во улога на модел.
Исторемено згодната Викторија во последно време е доста активна и на социјалните мрежи, особено на Инстаграм, каде понекогаш знае да објави и провокативна фотка.
Викторија Јаначковиќ денеска своите следбеници ги почести со фотографија на која позира во црна проѕирна блуза, под која не носи градник.
ТВ-презентерката и поранешна официјална македонска убавица, Татјана Стојановска (45), која речиси никогаш не објавува фотографии во костим за капење, овојпат пријатно ги изненади своите следбеници на социјалните мрежи.
Имено, Татјана и нејзиниот партнер Михаил моментално уживаат во топлото време во Нов Зеланд.
Татјана од таму објави неколку фотографии на кои е на плажа, во костим за капење.
Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 04.Февруари.2020 во 22:22
Денот ми почнува секогаш со кафе, тоа е еден цел ритуал за мене. Кога имам наутро часови го пијам сама и го користам тој период за план на часот и план за денот општо. Додека за викенд со својот партнер како апсолутна релаксација. Од неодамна обичното кафе го заменив со кафе so реиши печурка кое јас си го викам јин кафе, бидејќи дополнително ме релаксира.
Ме мотивира меѓучовечкиот однос, кога ќе добијам фидбек од тоа што се трудам да го пренесам, посебно кога ќе видам дека ги мотивирам и другите да увидат колкав капацитет имаат за кој не се свесни. А во денови кога ја нема мотивацијата стапува дисциплината. Секој ден држам часови, а спремам и нешто ново, план и подготовки околу неколку проекти поврзани со јога и секако секојдевни обврски околу моите деца и домот.
енот обично ми завршува во опуштена атмосфера дома, фамилијарно, може нешто вкусно да се зготви, вино да се отвори... Искрено во последно време повеќе ме опушта филм или некоја комична серија
Лејла Рамковска, инструктор по јога
Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 07.Февруари.2020 во 23:09
Ова им е втор заеднички документарец: Славната двојка Тамара Котевска и Љубомир Стефанов
Тамара Котевска и Љубомир Стефанов се славната режисерка двојка на документарецот што ја разбранува светската јавност. Имено тие се прославија со „Медена земја“ и го добија епитетот медени. Познато е дека заедно поминале цели три години снимајќи го документарниот филм за животот на последниот женски пчелар со диви пчели, Атиџе, во регионот на реката Брегалница
Роден во 1975-година во Скопје, Љубомир Стефанов има 45 години. Има над 20-годишно искуство во развој и реализација на комуникациски концепти (промотивни, кампањи за подигнување на јавната свест), производство на документарни филмови и видеа, генерално посветени на проекти поврзани со еколошки проблеми и развој на човекот.
Тој со 26-годишната Тамара Котевска, претходно заедно работел на уште еден документарец во 2017-тата година, насловен како „Езеро од јаболка“
На профилите на Инстаграм на Тамара и Љубомир, може да се забележат многу нивни заеднички фотографии од приватниот живот. Јавноста ја скокотка прашањето дали станува збор и за љубовна врска, особено по фотографијата со сочниот бакнеж во уста меѓу двојката, меѓутоа на тоа прашање сѐ уште немаме одговор.
„Медена земја“ покрај многуте освоени признанија и награди, меѓу најзначајните се трите награди на филмскиот фестивал „Санденс“ во 2019 година и секако двете номинации на 92-то издание на Оскар: Најдобар документарен филм и Најдобар странски филм. Ова е втор македонски филм кој добил номинација за Оскар по „Пред дождот“.
Уште еден наш филм, но како југословенски кандидат за најпрестижната филмска награда, беше документарецот „Дае“ на Столе Попов пред точно 40 години.
Д.К.
Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 11.Февруари.2020 во 21:51
Доделувањето на престижните награди за Оскар е еден од најважните настани во Америка па така и облеката која ја носат присутните треба да биде во сосгласност со самиот настан.
Една од најбараните манекенки на денешницава, Емили Ратајковски (28) на 92-то доделување на наградите за Оскар во театарот Делби во Лос Анџелес се појавила во бела комбинација, но многу пооскудна од онаква каква што се очекуваше од неа...
Емили на црвениот тепих се појавила во бела топ маичка и долго здолниште во иста боја кое го спуштила до колковите за во прв план да бидат нејзините стомачни мускули.
Рака на срце, секако дека таа е една од најзгодните манекенки и навистина има што да покаже, но многумина сметаат дека истакнувањето на нејзиното голо тело на таков настан е непримерно.
Додека другите дами биле облечени во елегантни креации, Емили се појавила како да тргнала на ноќна забава или пак на плажа.
Постирано од: pajser
Датум на внесување: 12.Февруари.2020 во 07:10
,,,sobiraat med,,,
------------- nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 06.Март.2020 во 22:04
Македонски девојчиња од „Арт Балет“ победија на натпревар во Москва
Македонските претставнички од студиото „Арт Балет “ го освоија првото место на WADF (Europian Artistic Dance Champions) во Москва.
Имено, Хана Патриција Поповски го подигна пехарот на Европското Првенство во Танц кое се одржа во Москва, Русија во организација и лиценцирано од Светската Артистичка Танцова Федерација.
Додека македонската химна се свиреше во нивна чест македонските претставнички гордо го држеа македонското знаме на тронот и заедно обединети го дигнаа пехарот во раце.
Браво на успехот на овие македонски девојчиња!
Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 01.Април.2020 во 15:37
Елена Велевска со понуда до фановите за „блиска средба“, тие и возвратија со „непристоен предлог“
Дефинитивно, карантинот прави чуда… Она што никогаш не би ти паднало на ум или не си имал време да го правиш, кога си во изолација ти доаѓа да си кажеш: „Сега му е мајката…“ Од домаќинлук до билдање популарност. На секој од нас му текнува нешто со што ќе ја разбие монотонијата, ќе ја отепа досадата, а од друга страна, смета дека тоа нешто може да биде корисно, да му оди во прилог, да биде од полза… Или нему лично, или на тие околу него, а можеби на сите.
Особено моќна алатка станаа социјалните мрежи на кои можеш да направиш, изведеш, објавиш, споделиш… што ти душа сака. Така сите, така и пејачката…
Имено, Елена Велевска реши да биде што поактивна во карантинот, за времето побргу да и помине, а тоа што го прави да ја одржи во „кондиција“ нејзината кариера, а и самата да остане во конекција со своите обожаватели и следбеници на социјалните мрежи.
Меѓудругото, Велевска најпрвин на своите Инстаграм приказни им овозможи на нејзините фанови и Инстаграм следбеници да и поставуваат прашања, на кои таа кусо ќе им одговара.
Во меѓувреме, атрактивната македонска фолкерка доаѓа до нова идеја, па до своите обожаватели има нова понуда, овој пат баеги присна: Тие неа споделено видео со нејзина песна, таа ним за возврат – „блиска средба“. Рокот, до 1-ви мај!
Во меѓувреме стигнуваат прашањата на фановите до згодната и сексапилна пејачка. И како што е редот, повеќето, се коментари, пофалби, комплименти за неа, нејзиниот иглед, песните кариерата, арно ама… Меѓу сите нивни прашања и нејзини одговори, доминира ЕДНО, кое периодично се повторува, па му доаѓа нешто како одговор на нејзината понуда за „блиска средба“ со фановите… само што е прашање, кое всушност е еден вид „непристоен предлог“ кој гласи: „Елена дали ќе се омажиш за мене?“
А Велевска, се’ уште недоразведена, прво беше фина и одмерена во одговорите.
Но откако сфати дека „брачната онлајн понуда“ нуди широк избор, пејачката како да го губеше трпението, па на оние што и онлајн ја побараа нејзината рака, на крај нервозно им одговори со прашање: „Аман, што ви е?“
Ништо… веројатно и тие имаат „карантински синдром“. Затоа едвај чекаме да го видиме резултатот од понудата на фолкерката за „блиска средба“ со среќниот обожавател. И ние и особено оние што ќе одговорат на нејзиниот предизвик, па секој од нив со душа ќе чека и стрепи да дознае, дали токму ТОЈ е најголемиот среќник!? А дотогаш, снимај, постирај и ќути – трај… до 1-ви мај!
Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 03.Април.2020 во 23:35
Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 05.Април.2020 во 21:43
Нека е жив и здрав Филип: Антонио Милошоски стана татко по пети пат
„Драги пријатели, во ова тешко време за Македонија, нашето семејство посведочи една прекрасна благовест. Тивката Недела ни ја разубави бебешкиот плач на новородениот Филип, синот на храбрата мама Симона, најмалото братче на Илина, Михаела, Дариа и Давид Милошоски. Малку зборови има за да опишам колку сум радосен и возбуден како татко!
Дај Боже, што поскоро да го пребродиме заедно ова невреме и со таа мисла на сите Ви пожелувам многу здравје, и радосни вести за Вашите семејства и најблиските.
Благодарни сме многу на Д-р Филип Вановски (Хистера) и Д-р Златко Палчевски (Систина) и неговиот тим!“, објави на својата Фејсбук пратеникот Антонио Милошоски.
Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 16.Мај.2020 во 22:37
Мерките попуштија – време е Снеже Велков да се стегне
16. МАЈ 2020.
ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ/СЕЖЕВЕЛКОВ
Постирано од: paralelogram
Датум на внесување: 16.Мај.2020 во 22:42
А јас пред некој ден баш седам дома и си викам.. Што ли прави снеже во овие кризни времиња...
Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 16.Мај.2020 во 22:52
Замисли и јас исто.... се чудев како може да си ја задржи формава
а таа пустата се ...стегала.....
Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 03.Август.2020 во 22:23
http://mastilo.mk/2020/08/02/foto-tatko-po-vtorpat-se-rodi-mona-franc-krstevski/" rel="nofollow - Франц по втор пат татко