IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Велигденска трпеза
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Велигденска трпеза

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2018 во 13:39
Полнети велигденски јајца

Полнети велигденски јајца


Состојки

4 јајца
100 грама мајонез
70 грама шунка

Варените јајца ги лупиме и сечеме на половина и жолчките ги вадиме.
Шунката или салама ја мелеме на машина за мелење или на блендер, додаваме сол, пипер и мајонез се убаво промешуваме.
Јајцата ги полнимо ова смеса.
Одозгора ставете нешто што имате при рака, јас ставив ротквици исечени на коцки.
Добар апетит!!!


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2018 во 13:41
Овошни велигденски јајца

Овошни велигденски јајца


Состојки
1 кесиче желатин
1 портокал
3-4 сливи
2-3 мали јаболчиња(1 големо)
1 лимон (сок)
друго овошје по избор
4 лушпи од јајца (може и повеќе

Овој рецепт што и не е рецепт, туку е повеќе како идеја, го најдов на интернет, ептен му фрлив мерак и морав да го направам.

Во принцип, се е произволно, пишано е колку да не бидат празни полињата за состојки.

Прво се почнува со желатинот бидејки му треба време додека да се олади.
Желатинот се раставара по упатството на кесичката. Секој производител има различно упатство, па затоа нема да го објаснувам процесот. Кога желатионот ќе биде готов и подоладен, се додава сокот од лимон.
Ако правите само 4 јајца, желатин ќе ви остане. Јас потрошив можеби 1/3 од целиот желатин.

Се земаат 4 јајца и внимателно се кршат на врвот. Се истураат белките и жолчките во сад на страна. Нема да бидат потребни за понатаму во рецептот, па затоа испланирајте си нешто за спремање со нив.
Лушпите убаво се мијат и се ставаат во садчиња за јајца. Јас садчиња немам, па ги ставив на чашки за ракија. Кога можев да матам КУГЛОВ со шрафилица, за ова па ич не се секирам =))

Сите овошја се сецкаат на мали коцки и се пикаат во лушпите од јајца. Кога ќе се наполнат јајцата со овошје до горе се сипа оладениот желатин. Ќе внимавате да не е врел и ќе внимавате да не почне да се стега. Треба да е течен за убаво да се излее помеѓу овошјето.

Се ставаат во фрижидер да се оладат и за да се стврдне убаво желатинот. Оладени се кршат и лупат внимателно.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2018 во 13:49
Велигденска коломба

Состојки
За прво тесто
40 гр високоглутенско брашно
40 гр млако млеко
За второ тесто
20 гр свеж квасец цело прво тесто
130 гр млака вода
100 гр високоглутенско брашно За трето тесто цело второ тесто
20 гр шеќер
100 гр високоглутенско брашно 20 гр путер на собна температура За четврто тесто
80 гр путер на собна температура
цело трето тесто 210 гр високоглутенско брашно 120 гр (околу 2) средно големи јајца
За глазура
150 гр кандирана кора од портокал 120 гр шеќер 1 кесичка ванилин шеќер 5 гр (1/2 лажичка) сол 30 гр бадеми
по потреба шеќер во прав
8 гр горчливи бадеми 75 гр шеќер во прав 30 гр белка од јајце За декорација 15 - 20 бадеми по желба шеќерни перли
1 кандирана цреша

Коломба е традиционален Италијански Велигденски колач. Името значи гулабица, заради карактеристичната форма во која се оформува тестото.
Растворете го квасецот во 40 гр млако млеко, додајте 40 гр брашно, добро измешајте неколку минути и оставете го првото тесто на топло да надојди, покриено со проѕирна фолија, околу 20 мин.

Во садот на стоечкиот миксер ставете 130 гр млака вода, додајте го првото тесто и добро измешајте, сосем да се раствори. Додајте 100 гр брашно и измесете го на рака или со продолжетокот за тесто, неколку минути. Покријте го второто тесто и оставете го на топло да надојдува 40 мин.
Додајте во тестото 20 гр шеќер и почнете да мешате со миксерот. Постепено додавајте 100 гр брашно, непрестано мешајќи. Кога е добро соединето, додајте го и путерот во 2 - 3 наврати со постојано мешање. Мешајте додека тестото не стане сосема мазно и елестично и не се одвои од ѕидовите на садот. Покријте го третото тесто и оставете да стасува на топло 60 мин.

Додајте 120 гр шеќер и понете да го мешате тестото. Кога цел шеќер ке се спои со тестото, постепено додавајте 210 гр брашно. Потоа додајте ги јајцата едно по едно, солта и ванилиниот шеќер. Бидете трпеливи и мешајте го тестото додека не стани сосема мазно. Во мали порции додајте 80 гр путер и продолжете со мешање десетина минути додека тестото сосема не се одвои од ѕидовите на садот. Треба да добиете мазно, сјајно и сосема еластично тесто кое мегу прстите може да се развлече во тенка мембрана. Додајте ја кандираната кора од портокал, кратко измешајте формирајте го тестото во топка и оставете го покриено да стасува на топло 75 - 120 мин. или додека не се удвои.

Стасаното тесто поделете го на два дела, 2/3 со 1/3. Од поголемиот дел оформете векна која ќе биде во средината, т.е. ке биде телото на гулабицата. Помалиот дел поделете го на два дела и од секој оформете мали векнички кои ке ги ставите од страните на телото.
Ставете го оформеното тесто во калап за Коломба , покријте и оставете на топло да стаса околу 60 мин. за кое време скоро ке се удвои.
За глазурата сомелете ги бадемите со шеќерот, да добиете сосема ситен прав. Додајте ја белката и матете додека не добиете мазна бела смеса. Ако ви изгледа ретка, додајте уште малку шеќер во прав.
Внимателно намачкајте ја горната површина на колачот со глазурата. Распоредете ги целите бадеми, посипете со шеќерни перли, обилно посипете со шеќер во прав. На делот каде ке биде главата на гулабицата со ножица направете мал засек и во него ставете ја кандираната цреша.
Печете во рерна загреана на 165 Ц 40 - 50 мин. Ако брзо ви потемнува, што зависи од рерната, покријте со алуминиумска фолија.
Оставете сосем да се олади, па чувајте добро завиткано во фолија и во најлон кесичка и до неколку дена.
Ако немате хартиен калап за Коломба, може да направите импровизиран од алуминиумско тавче за една употреба со правоаголна форма кое ќе го моделирате и ќе го обложите со навлажнета хартија за печење. За да сум сигурна дека тестото е на топло, јас го ставам да стасува во исклучена рерна, а покрај садот во кој е тестото ставам 1 - 2 чаши со врела вода.



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2018 во 15:27
Велигденска Корпа од тесто

Велигденска Корпа од тесто



Состојки

270 мл вода
270 мл сол
450 грама брашно

Најпрво солта и водата се мешаат до максимумот до кој можи солта да се растопи. Потоа се додава брашното и се замесува тесто, кое треба на допир да изгледа како пластелин. Значи, во зависност од впивливоста на брашното, додадете вода (или малку брашно, што во случајот брашно не би требало баш) за да ја постигните коигзестенцијата на изглед пластелин.

Расучете го тестото и исечете тенки траки со кои можи да ја исплетите кошницата. Во овој случај лењирот е супер помагало ако се има при рака. Секако, дека освен со вака испреплетено тесто, копрата можи да си ја направите и со друг изглед спрема вашата фантазија.

Доколку се решите за вака исплетена корпа, најдобар начин е најпрво да ја исплетите врз парче алуминиумска фолија, која предходно мора добро да се премачка со масло. Потоа плетеното тесто заедно со се фолијата се префрла врз длабокиот сад (кој е свртен наопаку). вишокот тесто се отсекува покрај рабовите и потоа на тој дел се поставува обрач од тесто.
Можи да обликувате и газер на корпата исто така со обрач или пак цело парче тесто во круг, или пак едноставно да остани само со плетенката.
И за крај, по желба од страните можи да ја украсите со форми од калапчиња.

Премачкајте ја со благо разматена белка (деловите кои ги додавате исто така ги лепите со белка) и печете на 150С додека не стани цврста и малку подотемни.
Пред да ја извадите од калапот оставете ја добро да се излади.

На крај, можи да направите и плетенка со преостанатото тесто која ќе ја обликувате како рачка за корпата и неа на ист начин ја печите и потоа ја прицврстувате на кошничката. Тоа можи да го направите со помош на чечкалици или со брашно и вода.

Уживајте во празниците!


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2018 во 15:29
Сочен велигденски куглоф

Сочен велигденски куглоф


Состојки
4 јајца
100гр шеќер
4 лажици млеко
125гр путер
125гр брашно
1 прашак за пециво
3 лажички какао
50гр бела чоколада
100гр црна чоколада
50гр кокос
2 лажици густин
50гр суво гројзе
1лажица рум
прелив
100гр чоколада
50гр путер

Ова е куглоф кој традиционално редовно се наоѓа на нашата велигденска трпеза. 
Подготовка
1. Јајцата ги матиме заедно се шеќерот во нив ги додаваме стопениот путер, млекото,прашакот за пециво и брашното. Од оваа смеса смеса оделуваме една третина.
2. Во поголемата смеса ја додаваме топена црна чоколада, румот, ситно сецканото суво гројзе и какаото смесата убаво ја мешаме со шпатула.
3. Во третината преостаната смеса додаваме кокос, густин и сечкана бела чоколада.
4. Во куглофот ја сипуваме прво црната смеса, а потоа со шприц ја сипуваме белата смеса па повторно црната смеса.
5. Куглофот го печеме 30мин на 180степени проверете со чепкалка дали внатрешноста е печена доколку не е слободно вратете да се допече.
6. Топиме  чоколада заедно со путер и го поливаме целиот куглоф.
Забелешка
Доколку саката во црната смеса може да се додаде и мелен печен лешник јас секогаш го избегнувам затоа што има премногу други квалитетни состојки.
Добар апетит!!!


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2018 во 09:10
Сладок велигденски козињак со локум

Сладок велигденски козињак со локум



Состојки
За активирање на квасецот
2 пресни квасеци
1 шоља за млеко- млеко
3 лажици шеќер
по потреба брашно ( за да се добие густа кашеста маса)
За тесто
2кг. бело брашно
2 шољи за млеко- млеко
2 шољи шеќер
1 ванила
1 шоља масло
прстофат сол
1 пециво
4 јајца
100-200гр. суво бело грозје
рендана кора од 1 лимон
по желба, вкус, малку махлеб
За премачкување пред печење
1 жолчка
2 лажици млеко
За премачкување пред самиот крај на печење
неколку лажици шеќер
малку вода
1 ванила
За премачкување после печење
малку маргарин или путер
*Годинава првпат ставив и сецкан локум-одличен вкус има....А, секако можи да се стави и фил од орев, маак или мармалад
*Шољата е од 250мл

Традиционално кај нас на Велигденската трпеза, задолжителен е и Велигденскиот козињак.
Козињакот е многу убав и се дели на слоеви како памук, или како што уште велиме на конци. По овој рецепт го подготвувам козињакот околу 18 години. Се надевам ќе ви се допадне.

1. Двете шољи млеко се зовриваат со двете шољи шеќер и ванилата (за да се стопи шеќерот) и се остава да олади, да биди топло-таман за месење. Ова се прави прво, пред да се зафати квасецот, за да има време да излади течноста.

2. Во длабок сад го ставаме просеаното брашно. На средина правиме вдлабнатинка и го зафаќаме квасецот. Во надојдениот, активираниот квасец ги додаваме маслото, јајцата ( кои сме ги разматиле со вилушка), пецивото, прстофат сол, ако ставаме зачин-махлеб и тој, (јас некогаш ставам, понекогаш не) и замесуваме со топлата течност. Овде да напоменам - млекото треба да биде топло кон млако, зошто ако е многу топло козињакот ќе добие темна боја.
Маслото не трпи многу топло и ќе даде некоја темна нијанса на тестото.
Се меси добро, подолго време, додека стане тестото сјајно и се одделува од рацете. Откако ќе се замеси тестото во садот, го вадиме на работната маса и таму убаво го месиме. Покриваме со намрсена најлонска фолија (јас додавам уште покривки) и оставаме на топло место да стаса тестото, да го удвои волуменот. Бидејќи содржи поголема количина на шеќер, стасувањето е побавно.
3. Потоа го размесуваме и формираме плетенките, на тој начин што не го премесуваме, туку го вадиме од садот и со расплескување со намрсени раце на намрсена подлога го отвораме, ја додаваме кората од лимон и сувото грозје (претходно попарено и убаво исушено со памучна крпа) и делиме на 4 дела.Од секој дел по 3 топчиња и плетиме на вообичаен начин. По желба можи да се стават филови, јас ставив сецкан локум. Ставаме во намрсен плех со маргарин.
4.Чекаме повторно да надојдат плетенките,(покриени) најмалку 30 мин., а вчера јас ги чекав 45 мин. Се зависи од топлината во просторијата.
5. Пред печење ги премачкуваме со жолчка.
6. Ставаме да се печат во загреана рерна и тоа од почеток на 200 Ц. степени,околу 10-на мин., дури да добие боја козињакот, покриваме со алу фолија и намалуваме на 160 степени и продолжуваме, а вкупно време на печење околу 1 час и 15 минути. 7.10 - на мин. пред крајот го откриваме и премачкуваме со шербетчето, кое го сваривме од шеќерот, водичка колку да го покрива и ванилата. Го допекуваме.
8. По вадење од рерна плетенките ги премачкуваме со маргарин. Покриваме со платнена крпа и најлон.Така да отстоуи 10-15 мин., во плехот, а потоа го вадиме целосно исто така завиткан до потполно изладување.
*Бидејки мерката во рецептов е со шољи, да напоменам дека треба да се добие убаво меко тесто, мазно, сјајно, глатко - кое сепак нема да е до толку да биде лепливо на раце, туку убаво да се работи, лесно, па према тоа по потреба додадете или одземете на течност  т.е. млеко.
А, на дополнителните фотографии ќе видите како изгледа кога ќе се скрши, тие конци...
На здравје и за многу години да ни биде Велигден!!!


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2018 во 09:13


Велигденски кифлички

Велигденски кифлички

Состојки
500-600 гр брашно
1 квасец
1 лажица шеќер
3 рамни лажици сол
1 жолчка од јајце
150 гр зејтин
250 гр. вода( млака)
100 гр маргарин (за врз кифличките кога се печат)

Во длабок пластичен сад го ставаме претходно отсеаното брашно, солта, шеќерот.
Промешуваме и го додаваме стасаниот квасец.
Додаваме масло и водата и замесуваме тесто кое е прилично меко.
Го делиме тестото на три еднакви делчиња и веднаш почнуваме со изработка на кифличките.
Не го оставаме тестото да одмори.
Расукуваме кора од првата топка и правиме фигури со модлички.
Јас искористив калапче на пиле и јајце, а направив уште неколку изработки со помош на чаша.
Кифлите во вид на јајце и на пиле веднаш ги редев во намастена тава и ги мачкав со разматена жолчка во која додадов една капка масло и сол. Декорирав со биберче во зрно за да има убав изглед.
Останатите пилиња, лебедчиња, зајаци ги правев со чаша.
Отсеков едно кругче од тестото со чашата, го превиткав кругот на пола и добив полукруг.
Од рамната страна сечам како три отсечки на полукругот и најголемата ја превиткувам како врат и декорирам со биберче, зада личи на око.
Можеби не јасно објаснив но од сликите би требало да имате претстава за што гооворам.Истата постапка се повторува со жолчката и се става по малку маргаринче и се печат веднаш.
Кога се заруменети, вадете ги. Бргу се печат, како што вели мајка ми....... колку душа имаат овие за печење.
Така ги средуваме и останатите два дела од тестото.
Искрено ова е едно поигрување со тестото, кое што моите деца многу го сакаат.
Имаат примамлив изглед ,па сигурно нема да ви остане ниту едно на овие празници.
На здравје



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2018 во 09:33
Велигденски колачи


Велигденски колачи

Состојки
4 чаши брашно (200мл)
3 јајца
1 и 1/2чаша шеќер
50гр какао
100 мл масло
50 гр маргарин
2 лажици рум, бренди или сок,кафе
1 пециво
1 ванила
кора од лимон или портокал
100 гр бело чоколадо
малку афион

Колачињата се многу вкусни и ароматични.
Започнуваме со матење на јајцата и шеќерот до густа смеса. Потоа ги додаваме останатите состојки без некој редослед, за да се добие убава глатка смеса. 
Од тестото правиме мали топчиња колку орев и ги притискаме со палецот во средината.
Ги редиме во тепсија и ги печиме на 200С-20мин.
Кога ќе оладат во средината им ставаме растопено бело чоколадо и зрна мак-афион. 
Може во средината да ставете слатко,мармалад или лешник со чоколада...по ваш избор.
На здравје!


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2018 во 17:24

ПОДГОТВЕТЕ ВКУСНА ТРПЕЗА

Четири рецепти за незаборавен Велигден



Велигден е идеалното време за да им приготвите нешто ново и вкусно на своите најмили.

Од желе јајца, преку лисната погача и јагнешки ребра, до превкусна чоколадна торта, ова се четирите јадења кои треба да се најдат на вашата велигденска трпеза

Желе јајца

Еве една интересна идеја за тоа како да ги искористите лушпите од јајцата кои ќе ги употребите за правење на велигденските јадења. Наместо да го скршите јајцето на класичен начин направете дупка на долниот дел преку која ќе ја истурите целата содржина од него.

За овој рецепт ќе ви бидат потребни:

Начин на подготовка:

Најпрвин во јајцата ставете магдонос, потоа пиперка, па салама, пченка и на крај грашок. Желатинот растворете го со жешката супа и со оваа течност наполнете ги лушпите до врв и оставете ги јајцата во фрижидер 4 часа. Откако ќе помине ова време може да пристапите кон лупење и сервирање. 

Лисната погача

Потребни состојки за овој рецепт се:

За премачкување:

Начин на подготовка: 

Замесувате тесто од сите наведени состојки и го оставате да нарасне двојно. Потоа го поделувате на 4 дела и секој дел го развлекувате во мини кори кои ги редите една врз друга така што ставате маргарин помеѓу нив. Во следната фаза расукувате една кора која што ја сечете како што е прикажано на сликата.

Четирите ленти ги мотате во ролна, додека од триаголниците правите кифлички и ги редите во подмачкан плех повторно како што прикажано на сликата. Погачата ја оставете да отстои 15 минути, а потоа ја премачкувате со млеко и жолчка, наросувате сусам и печете во рерна загреана 180 степени околу половина час. 

Јагнешки ребра во маринада од мед и зачини

Потребни состојки:

Начин на подготовка: 

Во мал сад измешајте ги сите состојки. Јагнешките ребра ставете ги во огноотпорна тава во која планирате да ги печете и прелијте ги со мешавината. Ставете ги во фрижидер и оставете да попримат од маринадата час време. Потоа преминете на печење во рерна загреана на 200 степени. Печете околу 40 минути и послужете со зеленчук. 

Чоколадна гнездо торта

Потребни состојки за оваа торта се:

За основата:

Начин на подготовка: 

Пред да започнете да ги матите состојките за основата, земете лист хартија за печење и на неа исцртајте круг со дијаметар од 20 см. Потоа свртете ја хартијата од обратната страна, за линијата од кругот да не се исцрта на основата. Загрејте ја рерната на 120 степени.

Со помош на електрична маталка изматете ги белките, шеќерот и прстофат сол додека не добиете убава пена која прави остри врвови на маталките од миксерот. Откако ќе го направите тоа додавајте го шеќерот во прав и полека мешајте додека не добиете изедначена смеса. Матете уште 3 минути, за да на крај го додадете какаото. 

Оваа смеса истурете ја на хартијата за печење така што ќе формирате гнездо со дупка во средната. Печете час до час и половина или додека целувката не започна да пука. Исклучете ја рерната и оставете ја подотворена додека гнездото убаво не се излади. 

Во меѓувреме од чоколадото направете украси така што со помош на нож ќе изделкате мали бранови. 

Во друг сад со миксер изматете ги хоплата, сирењето и шеќерот во прав. Потоа кремот ставете го во средината на изладеното гнездо и украсете со мини јајцата и чоколадните декорации. Доколку сакате за крај може да наросите малку шеќер во прав.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2018 во 21:16
Колач за Велигден за кој не треба да вклучите рерна: Може да експериментирате со смесата


Колач за Велигден без печење

Супер вкусни чоколадни коцки за велигденската трпеза.

СОСТОЈКИ:

  • 100 гр. ореви 
  • 100 гр. лешници 
  • 100 гр. урми 
  • 100 гр. суво грозје 
  • 1 лажица екстракт од ванила 
  • 20 гр. какао во прав 
  • 1 лажица мед

 

ПРЕЛИВ:

  • 80 гр. урми 
  • 15 гр. какао 
  • 25 гр. кокосово масло 
  • 90 мл. вода

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Оревите и лешниците ситно се мелат, па се мешаат и се додаваат сите состојки за кора. 
  2. Треба да се добие леплива смеса, па се става во плех и се стиска со рацете за да се изедначи. 
  3. На кората се става прелив кој се добива кога ќе ги измешате сите состојки за прелив во блендер. 
  4. Се става врз кората, се става во ладилник и се полсужува. 
  5. Украсете по избор. 
  6. Наместо ореви и лешници може да користите бадеми или индиски ореви или нешто по избор.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2018 во 08:40

Велигденски рецепт: печена јагнешка нога на традиционален начин

Трпезата за прославата на најголемиот христијански празник, Велигден, нема да биде потполна доколку не ги подготвите традиционалните јадења коишто се задолжителни. Секако, најважното меѓу нив е печеното јагнешко месо, на традиционален начин.

За ова јадење Ви се потребни следниве состојки:

- Една јагнешка нога (приближно 2 килограми);
- Три чешниња лук, пресечени на половина;
- Една супена лажица сол;
- Едно кафено лажиче бибер;
- Едно кафено лажиче оригано;
- Малку лимонов сок;
- Две супени лажици омекнат путер; и 
- Една чаша жешка вода.

Времето на подготовка е приближно два часа и дваесеттина минути.

Велигденски рецепт: Печена јагнешка нога на традиционален начин

1. Загрејте ја рерната на 200 степени. Убаво измијте ја и исушете ја јагнешката нога. Со остар нож направете мали засеци по должината на месото.

2. Попрскајте го месото со мешавина од сол и бибер. Вметнете ги половинките од лукот во засеците.

3. Направете смеса од лимоновиот сок, солта, биберот и ореганото и со неа истријте го месото по целата површина. 

4. Месото поставете го врз решетка за печење поставена во тава. На горната страна од месото намачкајте го путерот, а во тавата истурете ја жешката вода.

5. Печете го месото откриено 25 минути. Потоа превртете го и намалете ја температурата на 175 степени. Печете го уште приближно два часа, повремено додавајќи вода во тавата, по потреба.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2018 во 08:42


Велигденски венец со суво грозје

За свечена атмосфера на велигденската трпеза подгответе го велигденскиот венец со суво грозје.

 Велигденските празници се пред нас, тие не зближуваат, не собираат на заедничка трпеза, а атмосферата е посвечена кога трпезата е убава и за очите, подеднакво исто како и за непцето.

veligdenska 1234

Велигденскиот венец со суво грозје  е традиционален во повеќе земји за оваа пригода, се разбира и во Македонија, и ако до сега не сте го подготвиле, пробајте го нашиот проверен рецепт.

Потребни намирници: 500 грама брашно, 1 свеж квасец, 250 милилитри млако млеко, 100 грама шеќер, 1 лимон, 80 грама суво грозје, 1 ванилин шеќер, малку сол, 2 јајца, 100 грама путер.

За украсување ние ви предлагаме ( а украсувањето може да биде и по ваша желба) – 2 жолчки, 40 грама бадеми, велигденски јајца.

Подготовка

Ставете го брашното во подлабок сад и во средината направете длабнатина. Во длабнатината ставете ги нараснатиот квасец и една лажица шеќер. Замесете го тестото и оставете го да стасува 15 минути. Размесете го тестото и додадете ги преостанатиот шеќер, ванилиниот шеќер, изренданата лимонова кора, јајцата, путерот и преостанатото млеко. Оставете го да стасува уште 15-тина минути, па додадете го сувото грозје свалкано во брашно.

Поделете го тестото на три еднакви дела и формирајте ленти со должина од 50 сантиметри. Од лентите направете плетенка и свиткајте ја во венец со пречник од 35 сантиметри. Венецот ставете го во немрснета тава обложена со хартија и оставете го да стасува 30-тина минути. Премачкајте го венецот со изматени жолчки и наросете го со исечкани бадеми (рендана чоколада, суво грозје, или по желба).

Печете 30-тина минути на температура од 170 степени.

Изладениот венец ставете го на елеагантна чинија, а во средината ставете неколку велигденски јајца.



Изменето од Valerija - 31.Март.2018 во 09:14
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2018 во 09:13

МАФИНИ ВО ЈАЈЦЕ

Велигденски идеи

Наполнете ги јајцата со вашето омилено тесто за мафини и испечете ги за да ги изненадите вашите гости и семејството. Доколку немате идеја, следете го следниов рецепт.

Состојки

9јајца (само едно се користи за рецептот)
½ шолјашеќер
2 мали лажичкибрашно
¼ голема лажицапрашок за пециво
прстофатсол
½ шолјашеќер
¼ шолјапутер
½ голема лажицаизрендана кора од лимон
¼ шолјапавлака

Подготовка

  1. Измешајте ги брашното, пецивото и солта во длабок сад.
  2. Во поголем сад изматете со миксер едно јајце со шеќерот. Потребно е смесата да биде светла и кремаста, а потоа додајте ја кората од лимон и омекнатиот путер и матете додека нѐ се соединат состојките.
  3. Во садот со изматената смеса додајте ги сувите состојки и промешајте.
  4. На крајот додајте ја и павлаката и мешајте додека не се изедначи смесата.

На секое од јајцата направете му дупка во горниот дел и испразнете ги. Измијте ги јајцата под чешма, а потоа потопете ги во вода со сол и оставете ги да стојат половина час. Измијте ги со ладна вода и оставете ги да се исушат.

Пред да ги наполните со смесата, во секое јајце ставете малку масло и со вртење обидете се да ги намачкате ѕидовите на лушпата. Наполнете ги јајцата околу ¾ и ставете ги во тава за мафини. Под секое јајце ставете „гнездо“ од алуминиумска фолија за да стојат јајцата исправени. Печете на температура од 180⁰C околу 20-25 минути.

Велигденски идеи



Изменето од Valerija - 31.Март.2018 во 09:14
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2018 во 10:12

СЛАТКИ ПОЛНЕТИ ЈАЈЦА - ПИЛИЊА

Што да направите со толку јајца на Велигден? Направете слатки и вкусни полнети јајца во облик на пилиња. Децата ќе им се радуваат, а интересни се и за возрасните. Доколку не сакате да ги декорирате јајцата искористете го основниот рецепт за да ги зачините варените јајца. 

post cover photo

СОСТОЈКИ

  • тврдо варени јајца, оладени и излупени

  • мајонез

  • кисели краставички

  • маслинки, исечкани на мали парчиња (ќе ги користите за очи)

  • моркови, исечкани на тријалогници (за клунот)

  • сол, бибер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА

Внимателно исечете тенко парче од едниот крај на јајцето, но внимавајте да не ја исечете жолчката. Парчето белка, изедете го или фрлете.

Исечете една третина од јајцето. 

Со мала лажичка, испразнете го горниот и долниот дел од јајцето, и ставете ја жочката во мал сад. Измешајте ја жолчката со малку мајонез, сечкани кисели краставички, сол и бибер, по вкус. Почнете со помалку од состојките, и потоа додавајте додека не го добиете посакуваниот вкус. 

Смесата со мала лажичка ставете ја подлабоката белка, која претходно ја издлабивте, правејќи купче на врвот кое ќе биде главчето на пилето. 

Внимателно ставете две маслинки како „очи“, и ставете морков како „клун“. 

Потоа ставете го малото парче белка како капче и имате слатко јајце - пиле. 

Повторете го истото со сите јајца.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.