Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Исхрана и кулинарство
Опис на форумот: Еднаш се живее... здраво или нездраво?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=27833 Датум на принтање: 19.Јули.2025 во 00:20 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Велигденска трпезаПостирано од: Valerija
Наслов: Велигденска трпеза
Датум на внесување: 27.Март.2018 во 10:59
1. Прво се замесуваат бисквитите шеќерот лешниците заедно со маргаринот и сокот од лимон (сокот ќе го балансирате од зависност на мекоста на тестото).
2. Потоа се прават бомбици големината да одговара со калапчето во кое ќе ги стегате слатките.
3. Го земате калапчето поставувате најлонче и ја ставате бомбицата внатре и со помош на показалецот ќе направите мала вдлабнатинка.
4. Во длабнатините ставате од белото стопено чоколадо и ставате парченца од исецканото желе.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Коментари: Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Март.2018 во 11:01
Состојки
500 мл млеко
3 јајца
3 лажици масло
1 лажичка сол
1 лажичка шеќер
1 коцка свеж квасец (40гр)
1.200 кг брашно (по потреба)
1 жолчка за премаз
Убава и декоративна погача која ќе ја краси вашата трпеза.
Најпрво се става квасецот да надојде со малку млеко и лајче шеќер. Потоа во длабок сад се ставаат сите состојќи постепено додавајки го брашното. Се меси убаво меко тесто. Тестото се остава да одмори на топло.
Се дели на три дела.
Првиот дел(поголемото тесто) се сучи и се премачкува со масло. Се витка ролат и се сечат парчиња кои се редат во тепсијата бр.28 наоколу.
Вториот дел (средното тесто ) се сучи кора и се сечат ленти кои се испреплетуваат и тоа оди за во средина.
И најмалото тесто се сучи во долга лента која се превиткува во фалта и се сечка.Така пресечено се става околу првото тесто.
Се остава погачата да стаса.Се премачкува со жолчка и масло и се посипува со сусам.... Се печи 40мин.-200 С.За многу години !
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Март.2018 во 11:02
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Март.2018 во 11:06
https://moirecepti.mk/post/%D0%B2%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%B3%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D1%81%D0%B0%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D1%81%D0%BE-%D0%B1%D1%80%D0%BE%D0%BA%D1%83%D0%BB%D0%B0" rel="nofollow - - Велигденска салата со брокула
Состојки
5оо грама компири
200 грама брокула
2 јајца
1 лажица зачин
2 лажици лимонов сок
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Март.2018 во 11:08
Велигденска плетенка
Состојки
За тесто
750 гр брашно
150 гр шеќер
350 мл млеко
150 мл масло
2 јајца
1 квасец
2-3 ванилин шеќери
За фил
100 гр афион
10 лажици џем или мармалад
За премачкување
1 жолчка
По желба, ореви, суво грозје, кора од лимон или портокал.
Традицијата продолжува, ја подготвуваме за Велигден, а секаде има различно име.
Додека не почнав да се дружам со Вас овде на МР поима немав што е тоа козињак, а познат ми беше милибродот. Еве и јас да ви се придружам со еден вкусен традиционален рецепт...
Подготовка
1. Се замесува средно меко тесто од сите состојки со млако млеко. Се остава да стаса.
2. Откако ќе стаса го размесуваме и го делиме на три дела.
3. Секој дел се сука во правоаголник, ама во форма на долга прачка, се филува, па се мота како ролат. Од трите прачки или ролатчиња се прави плетенка.
4. Плетенката ја ставаме во круг во округло намрсено тавче или пак ја делиме на два дела и ги редиме во правоаголно тавче.
5. Плетенките ги премачкуваме со жолчка од јајце и ги оставаме да стасаат околу 15-20 минути или додека да ни се загрее рерната.
6. Ги печеме на 180-200 степени во загреана рерна до поцрвенување.
Забелешка
Афион и мармалад ставајте по вкус, одокативна е дозата, затоа што мармаладот може да е погуст, посладок или поредок.
Вкусен е и ако се изренда кора од портокал во него, јас особено така го сакам. Може во тестото, а може и во филот.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Март.2018 во 11:10
https://moirecepti.mk/post/%D1%81%D0%B8%D1%82%D0%BD%D0%B8-%D0%B2%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%B3%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D1%87%D0%B8-%D1%81%D0%BE-%D1%81%D1%83%D0%B2%D0%BE-%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%88" rel="nofollow - - Ситни Велигденски колачи со суво овошје
Путерот се топи заедно со млекото.
Во друг сад се ставаат сецканите урми и суво грозје, мелените бисквити и сецканите ореви.
Се прелева смесата додека е топла и се соединува.
Се полнат претходно прелиените калапи со чоколада,па се оставаат да се изладат.
Се покриваат повторно со тенок слој на чоколада и повторно се оставаат да стврдне чоколадата,па се вадат од калапите.
Ете ви ситни колачиња,кои радоста на најмалите ќе ја направат најголема.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Март.2018 во 11:12
Состојки
600 гр брашно
1 пециво
1 лажиче сол
100мл масло
1 паковка сув квасец
200 мл млеко
1 јајце за премаз
вода по потреба
Ова е тесто кое е меко како памук, а јас ќе го искористам за да ви прикажам една Велигденска форма на кифла.
Патем да кажам дека овие супер кифли ќе ги подготвите за 15 минути.
Брашното го сееме и префрламе во сад за месење.
Квасецот го раствараме во млекото и кога ќе стаса го префрламе во брашното.
Солта ја нанесуваме по краевите на садот, а пецивото го помешуваме со брашното и маслото.
Месиме тесто и постепено ќе ја додаваме топлата вода се додека не замесиме убаво меко тесто.
На работната маса веднаш ја размесуваме смесата и делиме топчиња.
Мене ми испаднаа 10 топчиња од кои направив 10 зајачиња.
Земаме едно топче и вадиме тесто за опавче уши и глава.
Останато го сукаме со двете раце да испадне како јаже долго и вртиме полжавче.
На полжавчето додаваме глава уши и опавче.
Окото го направив со биберче, а вие ако сакате смислете му нешто по ваш избор.
Видете на сликата како изгледа.
Намачкајте со матено јајце во кое ставивте малку сол и масло и веднаш печете.
Еве ви идеја за Велигденско зајаче.
Израдувајте ги вашите најмили.
На здравје
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Март.2018 во 11:13
https://moirecepti.mk/post/%D0%B2%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%B3%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%BE-%D0%B7%D0%B0%D1%98%D1%87%D0%B5" rel="nofollow - - Велигденско зајче со мустаќи
Состојки
1 кг. брашно
1лажица сол
1лажица шеќер
25 гр. свеж квасец
1/2 л. млеко
1 шолја масло
1 јајце
Од дома ми викаат дека личат на глувчиња ама јас си ги викам зајчиња =)
Најпрво активирајте го квасецот со млакото млеко, брашното, солта и шеќерот и потоа замесете меко тесто и оставете го околу 20-30 мин. на топло.
Земете малку од тестото и обликувајте две топчиња (поголема и помала) за телото и главата, па потоа и за носот, ушите и шепите (на местото за нозете можете да ставите и по едно јајце).
Од две зрна бибер направете ги очите, а за мустаќи употребете шпагети.
Зајачињата ставете ги во сад за печење на кој претходно сте ставиле мрсна хартија и оставете го на топло уште 10-тина минути, додека да се загрее рерната.
Тестото не треба долго да стои, бидејќи ќе расте, па може да се случи зајчињата да го изгубат обликот. Затоа, почекајте само неколку минути.
Пред да го ставите да се пече, премачкајте го тестото со изматено јајце и по желба посипете со сусам. Печете на температура од 200 степени, околу 20-25 минути.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Март.2018 во 11:15
Состојки
1 кг брашно
600 мл топло млеко
100 мл зејтин
4 јајца
1 г. лажица сол
1 м. лажиче шеќер
1 квасец
50 гр маргарин
50 гр сусам
2 зрна суво грозје
Се става квасецот да нарасне со 200 мл млеко едно лажиче шеќер и едно лажиче брашно. Откога ќе стаса квасецот се замесуваат три јајца, 600 мл млеко, 100 мл зејтин, солта и брашното. Се замесува меко тесто и откога ќе се измеси се остава тестото да нарасне. Потоа се размесува и се прават мали топчиња се ставаат едно до друго, за главата се става поголемо топче, се формираат нозете и се ставаат ушите. За очи се ставаат сувите грозја. И врз телото се премачкува со јајце и се посипува со сусам. Се остава да нарасне и после се става да се пече на 220 с.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Март.2018 во 11:16
Состојки
Пандишпан
5 јајца
5 лажици зовриена вода
200 гр шеќер
150 гр брашно
100 гр нишесте
1 прашак за пециво
50 гр стопен и оладен путер
1 лажица екстрат од ванила
Фил
500 мл млеко
200 гр шеќер
2 пудинзи од ванила
200 гр путер
100 гр бела чоколада
Со оваа торта на тимот на Мои рецепти, неговите членови - готвачи и на сите посетители на рецептите ви го честитам празникот Велигден - За многу години!
Подготовка на пандишпанот
Одделете ги жолчките и белките.
Жолчките изматете ги со водата, постепено додавајте го шеќерот(само 125 гр) и продолжете со матењето да се добие светла кремаста смеса.
Додадете го путерот, ванилата и кратко изматете ги да се изедначат.
Со чисти мешалки изматете ги белките со останатиот шеќер(75 гр) во снег и додадете ги во жолчките. Измешајте ги со жица. Додадете ги брашното, нишестето, пецивото и убаво измешајте ги да нема грутчина.
Смесата ставете ја во намачкан со путер и набрашнет калап бр. 26 или 28 и печете на180 степени околу 30 мин во загреана рерна.
Подготовка на филот
Пудингот сварете го со млекото и шеќерот и оставете го покриен да олади.
Чоколадата стопете ја на пареа и оставете ја да олади.
Путерот изматете го, додадете го пудингот и на крај стопената чоколада. Изматете ги убаво да се изедначат.
Филовање
Пандишпанот исечете го по малку од двете страни да добиете форма што личи на јајце. Добиеното јајце - пандишпан исечете го хоризонтално на два дела. Едниот дел попрскајте го со малку топло млеко и премачкајте го со околу половина фил.Ставете го и другиот дел пандишпан, попрскајте го со млеко и целата торта премачкајте ја со останатиот фил.
Украсете ја со шлаг, кокос, чоколада и сл. или по ваша желба.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Март.2018 во 11:17
Велигденско колаче -јајце
Состојки
1 маргарин
2 лажици свинска маст
1 ванила
1/2 лажиче цимет
1 јајце
4 лажици шеќер во прав
За глазурата
1 лажица лимонов сок
1 белка од јајце
250 -300 гр шеќер во прав
Одлична идеја да ги соберете дечињата околу вас и да подготвите убави колачи.
Замесете не лепливо тесто од маргаринот, свинската маст, јајцето и шеќерот во прав.
Додадете ванила и цимет.
Растегнете кора од која со калапче ќе извадите фигури од јајце.
Веднаш редете ги во плех претходно обложен со хартија за печење.
Печете ги во претходно загреана рерна.
Откако ќе пожолтат, вадете ги и оставете да изладат.
Ја спремаме глазурата.
Мешаме лимонов сок, шеќер во прав и белка од јајце и правиме смеса со која подоцна ги укрсуваме велигденските колачиња.
По желба додајте прехрамбена боја и декорирајте.
Ете ви прекрасен украс на Велигденската трпеза.
Забелешка
Колачите ќе ви бидат со уште поубав вкус ако на работната маса наместо брашно попрскате какао, а потоа растегнете кора, па вадете фигури.
На здравје
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Март.2018 во 11:19
Состојки
1,5кг парче свинско месо (од ребра, без коска)
Суви состојки
1 полна лажица црвен пипер
1 полна лажица кромид во прав
1 лажичка мешан зачин
1 лажичка мајчина душичка
1 лажичка ким во прав
1 лажичка чили во прав
1 лажичка кориандер во прав
1 лажичка лук во прав
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
1 лажичка бибер
1 лажичка К*ркума
1/2 лажичка цимет
Водени состојки
300мл. темно пиво
100мл. виски
1 лажица сенф
1 лажичка лут сенф
1 лажичка мед
За полнење
1 главица кромид
1 чешне лук
200гр. исчистен спанаќ
100гр. свежи шампињони
по вкус сол и бибер
1 полна лажича урда
И уште
250мл. вода
малку зејтин
парчиња и стебленца целер
1 морков
2 чешниња лук
2-3 ловорови листа
Користени Делимано производ
Нека не ве плаши листата на состојки. Рецептот е едноставен, само бара малку повеќе време од вообичаеното. Крајниот резултат вреди да се потрудите малку повеќе.
1. Може да користите месо од било кој дел, но ова од ребрата е особено сочно и меко и затоа се одлучив токму за тоа. Коските извадени и добивате убаво парче погодно за ролување.
2. Сите суви состојки измешајте ги и убаво од сите страни наросете врз месото, тапкајте и притиснете со раце за убаво да се залепи. Јас ја потрошив целата количина на зачинот, доколку ви остане складирајте во тегличка и користете си го повторно. Потоа завиткајте го месото во ролат и оставете го во фрижидер да стои. Бидејќи рецептот ми беше смислен неколку дена претходно, си го распоредив времето па така 12 часа месото стоеше во сувиот зачин и 12 часа со водената маринада.
3. За маринадата само измешајте ги убаво состојките, да се раствори сенфот, месото одвиткајте го и претурете ја маринадата убаво да биде опфатено од сите страни. И повторно оставете во фрижидер.
4. Извадете го садот од фрижидер, барем 2 часа пред да печете да биде на собна температура.
Во тава на оган ставете го ситно сецканиот кромид и протиснатото лукче да се пропржат убаво. Додадете ги печурките сецкани на листови и оставете да динстаат додека не испари течноста. Потоа додадете го сецканиот спанаќ, зачинете по вкус и оставете повторно да испари течноста. На крај додадете ја урдата, промешајте и тргнете од оган.
5. Месото извадете го од маринадата и ставете на даска. Распоредете го филот но не до крај и лесно завиткајте во ролат. Прицврстете убаво со готварски конец и ставете во пекач.
6. Маринадата претурете ја во сад на оган, додадете ја водата, парчињата целер, морков, лукчето и ловоровиот лист и оставете да зоврие. Во меѓувреме убаво загрејте малку зејтин и попарете го месото. Може и да се запржи од сите страни, но заради полнењето оваа варијнта со попарување е подобра. Кога маринадата ќе зоврие, претурете ја во пекачот, поклопете со капак и ставете да се пече. Рерната претходно загреана на 220С, кога ќе ставите ќе намалите на 180С. На секои 20-30 мин. преливајте го месото со течноста. По 1час намалете на 160 и оставете уште 45 мин. На 10 мин пред крај, тргнете го капакот и оставете да добие убава боја. Кога е готово извадете го на чинија и оставете барем 20тина мин. да се одмори.
Доколку сакате содржината од пекачот ставете ја во блендер и направете си сос.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Март.2018 во 11:20
Се соединуваат брашното, сода бикарбоната, пецивото, какаото и солта. Во посебен сад се миксираат јајцето, шеќерот и ванилата, се додава млекото и маслото, а потоа и претходно соединетите суви состојки. Се мешаат. Смесата се става во хартиени кошнички до половина, а во средината се става по една карамела, а потоа се додава другиот дел од смесата. Се користат само меки млечни карамел бонбони. Се печат во загреана релна на 200 степени околу 14 минути. Се ладат.
Настрана се мати шлагот со млекото. Со шлагот се украсуваат мафините. Се става рендана чоколада врз шлагот, и врз нив се ставаат чоколадните јајца. Наизглед изгледаат како птичјо гнездо со 3 јајца.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Март.2018 во 11:22
За пандишпанот
Се матат пенесто јајцата со шеќерот. Потоа не престанувајќи со матењето се додаваат млекото и зејтинот. Се иклучува миксерот и во смесата се додаваат брашното, какаото и прашокот за пециво.
Релната се загрева на 200 степени.
Пандишпанот се пече во тавче од електричен шпорет обложено со хартија, околу 20 мин.
За филот
Во сад на оган се ставаат чоколадата, млекото, шеќерот. Со мешаат постојано додека не се стопи и чоколадата и шеќерот.
Се трга од оган и се остава да се излади.
Маргаринот се мати пенесто и во него се додава претходната смеса.
Одкако овие состојки ќе се соединат се додаваат и оревите.
Одкако ќе се испече пандишпанот се става на работна маса и се сечат форми на јајце од Делимано калапчињата.
Секоја тортичка се сече на половина и се филува и се премачкува со фил оддоколу. И секоја тортичка од страна се валка во шарени мрвици, а горниот слој од тортичката истотака се премачкува со фил и се става фондан којшто е исечен во форма на јајце и се декорира.
Од овој десерт излегуваат 35-40 парчиња.
А од останатиот пандишпан што нема да се употреби може да се измеша со претходно подготвен пудинг на вообичаен начин и да се стави во правоаголен калап и ќе се добие уште еден десерт.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Март.2018 во 13:39
Варените јајца ги лупиме и сечеме на половина и жолчките ги вадиме.
Шунката или салама ја мелеме на машина за мелење или на блендер, додаваме сол, пипер и мајонез се убаво промешуваме.
Јајцата ги полнимо ова смеса.
Одозгора ставете нешто што имате при рака, јас ставив ротквици исечени на коцки.
Добар апетит!!!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Март.2018 во 13:41
Состојки
1 кесиче желатин
1 портокал
3-4 сливи
2-3 мали јаболчиња(1 големо)
1 лимон (сок)
друго овошје по избор
4 лушпи од јајца (може и повеќе
Овој рецепт што и не е рецепт, туку е повеќе како идеја, го најдов на интернет, ептен му фрлив мерак и морав да го направам.
Во принцип, се е произволно, пишано е колку да не бидат празни полињата за состојки.
Прво се почнува со желатинот бидејки му треба време додека да се олади.
Желатинот се раставара по упатството на кесичката. Секој производител има различно упатство, па затоа нема да го објаснувам процесот. Кога желатионот ќе биде готов и подоладен, се додава сокот од лимон.
Ако правите само 4 јајца, желатин ќе ви остане. Јас потрошив можеби 1/3 од целиот желатин.
Се земаат 4 јајца и внимателно се кршат на врвот. Се истураат белките и жолчките во сад на страна. Нема да бидат потребни за понатаму во рецептот, па затоа испланирајте си нешто за спремање со нив.
Лушпите убаво се мијат и се ставаат во садчиња за јајца. Јас садчиња немам, па ги ставив на чашки за ракија. Кога можев да матам КУГЛОВ со шрафилица, за ова па ич не се секирам =))
Сите овошја се сецкаат на мали коцки и се пикаат во лушпите од јајца. Кога ќе се наполнат јајцата со овошје до горе се сипа оладениот желатин. Ќе внимавате да не е врел и ќе внимавате да не почне да се стега. Треба да е течен за убаво да се излее помеѓу овошјето.
Се ставаат во фрижидер да се оладат и за да се стврдне убаво желатинот. Оладени се кршат и лупат внимателно.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Март.2018 во 13:49
8 гр горчливи бадеми
75 гр шеќер во прав
30 гр белка од јајце
За декорација
15 - 20 бадеми
по желба шеќерни перли
1 кандирана цреша
Коломба е традиционален Италијански Велигденски колач. Името значи гулабица, заради карактеристичната форма во која се оформува тестото.
Растворете го квасецот во 40 гр млако млеко, додајте 40 гр брашно, добро измешајте неколку минути и оставете го првото тесто на топло да надојди, покриено со проѕирна фолија, околу 20 мин.
Во садот на стоечкиот миксер ставете 130 гр млака вода, додајте го првото тесто и добро измешајте, сосем да се раствори. Додајте 100 гр брашно и измесете го на рака или со продолжетокот за тесто, неколку минути. Покријте го второто тесто и оставете го на топло да надојдува 40 мин.
Додајте во тестото 20 гр шеќер и почнете да мешате со миксерот. Постепено додавајте 100 гр брашно, непрестано мешајќи. Кога е добро соединето, додајте го и путерот во 2 - 3 наврати со постојано мешање. Мешајте додека тестото не стане сосема мазно и елестично и не се одвои од ѕидовите на садот. Покријте го третото тесто и оставете да стасува на топло 60 мин.
Додајте 120 гр шеќер и понете да го мешате тестото. Кога цел шеќер ке се спои со тестото, постепено додавајте 210 гр брашно. Потоа додајте ги јајцата едно по едно, солта и ванилиниот шеќер. Бидете трпеливи и мешајте го тестото додека не стани сосема мазно. Во мали порции додајте 80 гр путер и продолжете со мешање десетина минути додека тестото сосема не се одвои од ѕидовите на садот. Треба да добиете мазно, сјајно и сосема еластично тесто кое мегу прстите може да се развлече во тенка мембрана. Додајте ја кандираната кора од портокал, кратко измешајте формирајте го тестото во топка и оставете го покриено да стасува на топло 75 - 120 мин. или додека не се удвои.
Стасаното тесто поделете го на два дела, 2/3 со 1/3. Од поголемиот дел оформете векна која ќе биде во средината, т.е. ке биде телото на гулабицата. Помалиот дел поделете го на два дела и од секој оформете мали векнички кои ке ги ставите од страните на телото.
Ставете го оформеното тесто во калап за Коломба , покријте и оставете на топло да стаса околу 60 мин. за кое време скоро ке се удвои.
За глазурата сомелете ги бадемите со шеќерот, да добиете сосема ситен прав. Додајте ја белката и матете додека не добиете мазна бела смеса. Ако ви изгледа ретка, додајте уште малку шеќер во прав.
Внимателно намачкајте ја горната површина на колачот со глазурата. Распоредете ги целите бадеми, посипете со шеќерни перли, обилно посипете со шеќер во прав. На делот каде ке биде главата на гулабицата со ножица направете мал засек и во него ставете ја кандираната цреша.
Печете во рерна загреана на 165 Ц 40 - 50 мин. Ако брзо ви потемнува, што зависи од рерната, покријте со алуминиумска фолија.
Оставете сосем да се олади, па чувајте добро завиткано во фолија и во најлон кесичка и до неколку дена.
Ако немате хартиен калап за Коломба, може да направите импровизиран од алуминиумско тавче за една употреба со правоаголна форма кое ќе го моделирате и ќе го обложите со навлажнета хартија за печење. За да сум сигурна дека тестото е на топло, јас го ставам да стасува во исклучена рерна, а покрај садот во кој е тестото ставам 1 - 2 чаши со врела вода.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Март.2018 во 15:27
https://moirecepti.mk/post/%D0%B2%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%B3%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D1%80%D0%BF%D0%B0-%D0%BE%D0%B4-%D1%82%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%BE" rel="nofollow - - Велигденска Корпа од тесто
Состојки
270 мл вода
270 мл сол
450 грама брашно
Најпрво солта и водата се мешаат до максимумот до кој можи солта да се растопи. Потоа се додава брашното и се замесува тесто, кое треба на допир да изгледа како пластелин. Значи, во зависност од впивливоста на брашното, додадете вода (или малку брашно, што во случајот брашно не би требало баш) за да ја постигните коигзестенцијата на изглед пластелин.
Расучете го тестото и исечете тенки траки со кои можи да ја исплетите кошницата. Во овој случај лењирот е супер помагало ако се има при рака. Секако, дека освен со вака испреплетено тесто, копрата можи да си ја направите и со друг изглед спрема вашата фантазија.
Доколку се решите за вака исплетена корпа, најдобар начин е најпрво да ја исплетите врз парче алуминиумска фолија, која предходно мора добро да се премачка со масло. Потоа плетеното тесто заедно со се фолијата се префрла врз длабокиот сад (кој е свртен наопаку). вишокот тесто се отсекува покрај рабовите и потоа на тој дел се поставува обрач од тесто.
Можи да обликувате и газер на корпата исто така со обрач или пак цело парче тесто во круг, или пак едноставно да остани само со плетенката.
И за крај, по желба од страните можи да ја украсите со форми од калапчиња.
Премачкајте ја со благо разматена белка (деловите кои ги додавате исто така ги лепите со белка) и печете на 150С додека не стани цврста и малку подотемни.
Пред да ја извадите од калапот оставете ја добро да се излади.
На крај, можи да направите и плетенка со преостанатото тесто која ќе ја обликувате како рачка за корпата и неа на ист начин ја печите и потоа ја прицврстувате на кошничката. Тоа можи да го направите со помош на чечкалици или со брашно и вода.
Уживајте во празниците!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Март.2018 во 15:29
Ова е куглоф кој традиционално редовно се наоѓа на нашата велигденска трпеза.
Подготовка
1. Јајцата ги матиме заедно се шеќерот во нив ги додаваме стопениот путер, млекото,прашакот за пециво и брашното. Од оваа смеса смеса оделуваме една третина.
2. Во поголемата смеса ја додаваме топена црна чоколада, румот, ситно сецканото суво гројзе и какаото смесата убаво ја мешаме со шпатула.
3. Во третината преостаната смеса додаваме кокос, густин и сечкана бела чоколада.
4. Во куглофот ја сипуваме прво црната смеса, а потоа со шприц ја сипуваме белата смеса па повторно црната смеса.
5. Куглофот го печеме 30мин на 180степени проверете со чепкалка дали внатрешноста е печена доколку не е слободно вратете да се допече.
6. Топиме чоколада заедно со путер и го поливаме целиот куглоф.
Забелешка
Доколку саката во црната смеса може да се додаде и мелен печен лешник јас секогаш го избегнувам затоа што има премногу други квалитетни состојки.
Добар апетит!!!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Март.2018 во 09:10
https://moirecepti.mk/post/%D0%B2%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%B3%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%BA%D0%BE%D0%B7%D0%B8%D1%9A%D0%B0%D0%BA-2" rel="nofollow - - Сладок велигденски козињак со локум
Состојки
За активирање на квасецот
2 пресни квасеци
1 шоља за млеко- млеко
3 лажици шеќер
по потреба брашно ( за да се добие густа кашеста маса)
За тесто
2кг. бело брашно
2 шољи за млеко- млеко
2 шољи шеќер
1 ванила
1 шоља масло
прстофат сол
1 пециво
4 јајца
100-200гр. суво бело грозје
рендана кора од 1 лимон
по желба, вкус, малку махлеб
За премачкување пред печење
1 жолчка
2 лажици млеко
За премачкување пред самиот крај на печење
неколку лажици шеќер
малку вода
1 ванила
За премачкување после печење
малку маргарин или путер
*Годинава првпат ставив и сецкан локум-одличен вкус има....А, секако можи да се стави и фил од орев, маак или мармалад
*Шољата е од 250мл
Традиционално кај нас на Велигденската трпеза, задолжителен е и Велигденскиот козињак.
Козињакот е многу убав и се дели на слоеви како памук, или како што уште велиме на конци. По овој рецепт го подготвувам козињакот околу 18 години. Се надевам ќе ви се допадне.
1. Двете шољи млеко се зовриваат со двете шољи шеќер и ванилата (за да се стопи шеќерот) и се остава да олади, да биди топло-таман за месење. Ова се прави прво, пред да се зафати квасецот, за да има време да излади течноста.
2. Во длабок сад го ставаме просеаното брашно. На средина правиме вдлабнатинка и го зафаќаме квасецот. Во надојдениот, активираниот квасец ги додаваме маслото, јајцата ( кои сме ги разматиле со вилушка), пецивото, прстофат сол, ако ставаме зачин-махлеб и тој, (јас некогаш ставам, понекогаш не) и замесуваме со топлата течност. Овде да напоменам - млекото треба да биде топло кон млако, зошто ако е многу топло козињакот ќе добие темна боја.
Маслото не трпи многу топло и ќе даде некоја темна нијанса на тестото.
Се меси добро, подолго време, додека стане тестото сјајно и се одделува од рацете. Откако ќе се замеси тестото во садот, го вадиме на работната маса и таму убаво го месиме. Покриваме со намрсена најлонска фолија (јас додавам уште покривки) и оставаме на топло место да стаса тестото, да го удвои волуменот. Бидејќи содржи поголема количина на шеќер, стасувањето е побавно.
3. Потоа го размесуваме и формираме плетенките, на тој начин што не го премесуваме, туку го вадиме од садот и со расплескување со намрсени раце на намрсена подлога го отвораме, ја додаваме кората од лимон и сувото грозје (претходно попарено и убаво исушено со памучна крпа) и делиме на 4 дела.Од секој дел по 3 топчиња и плетиме на вообичаен начин. По желба можи да се стават филови, јас ставив сецкан локум. Ставаме во намрсен плех со маргарин.
4.Чекаме повторно да надојдат плетенките,(покриени) најмалку 30 мин., а вчера јас ги чекав 45 мин. Се зависи од топлината во просторијата.
5. Пред печење ги премачкуваме со жолчка.
6. Ставаме да се печат во загреана рерна и тоа од почеток на 200 Ц. степени,околу 10-на мин., дури да добие боја козињакот, покриваме со алу фолија и намалуваме на 160 степени и продолжуваме, а вкупно време на печење околу 1 час и 15 минути. 7.10 - на мин. пред крајот го откриваме и премачкуваме со шербетчето, кое го сваривме од шеќерот, водичка колку да го покрива и ванилата. Го допекуваме.
8. По вадење од рерна плетенките ги премачкуваме со маргарин. Покриваме со платнена крпа и најлон.Така да отстоуи 10-15 мин., во плехот, а потоа го вадиме целосно исто така завиткан до потполно изладување.
*Бидејки мерката во рецептов е со шољи, да напоменам дека треба да се добие убаво меко тесто, мазно, сјајно, глатко - кое сепак нема да е до толку да биде лепливо на раце, туку убаво да се работи, лесно, па према тоа по потреба додадете или одземете на течност т.е. млеко.
А, на дополнителните фотографии ќе видите како изгледа кога ќе се скрши, тие конци...
На здравје и за многу години да ни биде Велигден!!!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Март.2018 во 09:13
Велигденски кифлички
Состојки
500-600 гр брашно
1 квасец
1 лажица шеќер
3 рамни лажици сол
1 жолчка од јајце
150 гр зејтин
250 гр. вода( млака)
100 гр маргарин (за врз кифличките кога се печат)
Во длабок пластичен сад го ставаме претходно отсеаното брашно, солта, шеќерот.
Промешуваме и го додаваме стасаниот квасец.
Додаваме масло и водата и замесуваме тесто кое е прилично меко.
Го делиме тестото на три еднакви делчиња и веднаш почнуваме со изработка на кифличките.
Не го оставаме тестото да одмори.
Расукуваме кора од првата топка и правиме фигури со модлички.
Јас искористив калапче на пиле и јајце, а направив уште неколку изработки со помош на чаша.
Кифлите во вид на јајце и на пиле веднаш ги редев во намастена тава и ги мачкав со разматена жолчка во која додадов една капка масло и сол. Декорирав со биберче во зрно за да има убав изглед.
Останатите пилиња, лебедчиња, зајаци ги правев со чаша.
Отсеков едно кругче од тестото со чашата, го превиткав кругот на пола и добив полукруг.
Од рамната страна сечам како три отсечки на полукругот и најголемата ја превиткувам како врат и декорирам со биберче, зада личи на око.
Можеби не јасно објаснив но од сликите би требало да имате претстава за што гооворам.Истата постапка се повторува со жолчката и се става по малку маргаринче и се печат веднаш.
Кога се заруменети, вадете ги. Бргу се печат, како што вели мајка ми....... колку душа имаат овие за печење.
Така ги средуваме и останатите два дела од тестото.
Искрено ова е едно поигрување со тестото, кое што моите деца многу го сакаат.
Имаат примамлив изглед ,па сигурно нема да ви остане ниту едно на овие празници.
На здравје
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Март.2018 во 09:33
Велигденски колачи
Состојки
4 чаши брашно (200мл)
3 јајца
1 и 1/2чаша шеќер
50гр какао
100 мл масло
50 гр маргарин
2 лажици рум, бренди или сок,кафе
1 пециво
1 ванила
кора од лимон или портокал
100 гр бело чоколадо
малку афион
Колачињата се многу вкусни и ароматични.
Започнуваме со матење на јајцата и шеќерот до густа смеса. Потоа ги додаваме останатите состојки без некој редослед, за да се добие убава глатка смеса.
Од тестото правиме мали топчиња колку орев и ги притискаме со палецот во средината.
Ги редиме во тепсија и ги печиме на 200С-20мин.
Кога ќе оладат во средината им ставаме растопено бело чоколадо и зрна мак-афион.
Може во средината да ставете слатко,мармалад или лешник со чоколада...по ваш избор.
На здравје!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Март.2018 во 17:24
ПОДГОТВЕТЕ ВКУСНА ТРПЕЗА
Четири рецепти за незаборавен Велигден
Велигден е идеалното време за да им приготвите нешто ново и вкусно на своите најмили.
Од желе јајца, преку лисната погача и јагнешки ребра, до превкусна чоколадна торта, ова се четирите јадења кои треба да се најдат на вашата велигденска трпеза
Желе јајца
Еве една интересна идеја за тоа како да ги искористите лушпите од јајцата кои ќе ги употребите за правење на велигденските јадења. Наместо да го скршите јајцето на класичен начин направете дупка на долниот дел преку која ќе ја истурите целата содржина од него.
За овој рецепт ќе ви бидат потребни:
10 лушпи
Пченка
Грашок
Исечкана салама, колбас или друг тип на преработено месо
Исечкана црвена пиперка
Малку исечкан магдонос
15 гр желатин
1 л жешка супа
Начин на подготовка:
Најпрвин во јајцата ставете магдонос, потоа пиперка, па салама, пченка и на крај грашок. Желатинот растворете го со жешката супа и со оваа течност наполнете ги лушпите до врв и оставете ги јајцата во фрижидер 4 часа. Откако ќе помине ова време може да пристапите кон лупење и сервирање.
Лисната погача
Потребни состојки за овој рецепт се:
100 мл топла вода
150 мл топло млеко
20 гр квасец
Околу 500 грама брашно
6 лажици масло
1 лажица шеќер
1 лажичка сол
1 јајце
За премачкување:
Жолчка и малку млеко
Сусам
Начин на подготовка:
Замесувате тесто од сите наведени состојки и го оставате да нарасне двојно. Потоа го поделувате на 4 дела и секој дел го развлекувате во мини кори кои ги редите една врз друга така што ставате маргарин помеѓу нив. Во следната фаза расукувате една кора која што ја сечете како што е прикажано на сликата.
Четирите ленти ги мотате во ролна, додека од триаголниците правите кифлички и ги редите во подмачкан плех повторно како што прикажано на сликата. Погачата ја оставете да отстои 15 минути, а потоа ја премачкувате со млеко и жолчка, наросувате сусам и печете во рерна загреана 180 степени околу половина час.
Јагнешки ребра во маринада од мед и зачини
Потребни состојки:
1,5 кг јагнешки ребра
2 главици кромид
2 лажици мелен лук
3 лажици мед
3 лажици маслиново масло
¼ лажица соја сос
¼ лажица лимонов сок
1 лажица цимет, вино,бибер и сол
Начин на подготовка:
Во мал сад измешајте ги сите состојки. Јагнешките ребра ставете ги во огноотпорна тава во која планирате да ги печете и прелијте ги со мешавината. Ставете ги во фрижидер и оставете да попримат од маринадата час време. Потоа преминете на печење во рерна загреана на 200 степени. Печете околу 40 минути и послужете со зеленчук.
Чоколадна гнездо торта
Потребни состојки за оваа торта се:
100 гр млечно чоколадо
300 мл хопла
200 гр крем сирење
1 лажица шеќер во прав
175 гр мини чоколадни јајца
За основата:
6 белки
180 грама шеќер
165 гр шеќер во прав
1 лажица какао
Начин на подготовка:
Пред да започнете да ги матите состојките за основата, земете лист хартија за печење и на неа исцртајте круг со дијаметар од 20 см. Потоа свртете ја хартијата од обратната страна, за линијата од кругот да не се исцрта на основата. Загрејте ја рерната на 120 степени.
Со помош на електрична маталка изматете ги белките, шеќерот и прстофат сол додека не добиете убава пена која прави остри врвови на маталките од миксерот. Откако ќе го направите тоа додавајте го шеќерот во прав и полека мешајте додека не добиете изедначена смеса. Матете уште 3 минути, за да на крај го додадете какаото.
Оваа смеса истурете ја на хартијата за печење така што ќе формирате гнездо со дупка во средната. Печете час до час и половина или додека целувката не започна да пука. Исклучете ја рерната и оставете ја подотворена додека гнездото убаво не се излади.
Во меѓувреме од чоколадото направете украси така што со помош на нож ќе изделкате мали бранови.
Во друг сад со миксер изматете ги хоплата, сирењето и шеќерот во прав. Потоа кремот ставете го во средината на изладеното гнездо и украсете со мини јајцата и чоколадните декорации. Доколку сакате за крај може да наросите малку шеќер во прав.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Март.2018 во 21:16
Колач за Велигден без печење
Супер вкусни чоколадни коцки за велигденската трпеза.
СОСТОЈКИ:
100 гр. ореви
100 гр. лешници
100 гр. урми
100 гр. суво грозје
1 лажица екстракт од ванила
20 гр. какао во прав
1 лажица мед
ПРЕЛИВ:
80 гр. урми
15 гр. какао
25 гр. кокосово масло
90 мл. вода
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Оревите и лешниците ситно се мелат, па се мешаат и се додаваат сите состојки за кора.
Треба да се добие леплива смеса, па се става во плех и се стиска со рацете за да се изедначи.
На кората се става прелив кој се добива кога ќе ги измешате сите состојки за прелив во блендер.
Се става врз кората, се става во ладилник и се полсужува.
Украсете по избор.
Наместо ореви и лешници може да користите бадеми или индиски ореви или нешто по избор.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Март.2018 во 08:40
Велигденски рецепт: печена јагнешка нога на традиционален начин
Трпезата за прославата на најголемиот христијански празник, Велигден, нема да биде потполна доколку не ги подготвите традиционалните јадења коишто се задолжителни. Секако, најважното меѓу нив е печеното јагнешко месо, на традиционален начин.
За ова јадење Ви се потребни следниве состојки:
- Една јагнешка нога (приближно 2 килограми); - Три чешниња лук, пресечени на половина; - Една супена лажица сол; - Едно кафено лажиче бибер; - Едно кафено лажиче оригано; - Малку лимонов сок; - Две супени лажици омекнат путер; и - Една чаша жешка вода.
Времето на подготовка е приближно два часа и дваесеттина минути.
Велигденски рецепт: Печена јагнешка нога на традиционален начин
1. Загрејте ја рерната на 200 степени. Убаво измијте ја и исушете ја јагнешката нога. Со остар нож направете мали засеци по должината на месото.
2. Попрскајте го месото со мешавина од сол и бибер. Вметнете ги половинките од лукот во засеците.
3. Направете смеса од лимоновиот сок, солта, биберот и ореганото и со неа истријте го месото по целата површина.
4. Месото поставете го врз решетка за печење поставена во тава. На горната страна од месото намачкајте го путерот, а во тавата истурете ја жешката вода.
5. Печете го месото откриено 25 минути. Потоа превртете го и намалете ја температурата на 175 степени. Печете го уште приближно два часа, повремено додавајќи вода во тавата, по потреба.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Март.2018 во 08:42
Велигденски венец со суво грозје
За свечена атмосфера на велигденската трпеза подгответе го велигденскиот венец со суво грозје.
Велигденските празници се пред нас, тие не зближуваат, не собираат на заедничка трпеза, а атмосферата е посвечена кога трпезата е убава и за очите, подеднакво исто како и за непцето.
Велигденскиот венец со суво грозје е традиционален во повеќе земји за оваа пригода, се разбира и во Македонија, и ако до сега не сте го подготвиле, пробајте го нашиот проверен рецепт.
За украсување ние ви предлагаме ( а украсувањето може да биде и по ваша желба) – 2 жолчки, 40 грама бадеми, велигденски јајца.
Подготовка
Ставете го брашното во подлабок сад и во средината направете длабнатина. Во длабнатината ставете ги нараснатиот квасец и една лажица шеќер. Замесете го тестото и оставете го да стасува 15 минути. Размесете го тестото и додадете ги преостанатиот шеќер, ванилиниот шеќер, изренданата лимонова кора, јајцата, путерот и преостанатото млеко. Оставете го да стасува уште 15-тина минути, па додадете го сувото грозје свалкано во брашно.
Поделете го тестото на три еднакви дела и формирајте ленти со должина од 50 сантиметри. Од лентите направете плетенка и свиткајте ја во венец со пречник од 35 сантиметри. Венецот ставете го во немрснета тава обложена со хартија и оставете го да стасува 30-тина минути. Премачкајте го венецот со изматени жолчки и наросете го со исечкани бадеми (рендана чоколада, суво грозје, или по желба).
Печете 30-тина минути на температура од 170 степени.
Изладениот венец ставете го на елеагантна чинија, а во средината ставете неколку велигденски јајца.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 31.Март.2018 во 09:13
МАФИНИ ВО ЈАЈЦЕ
Наполнете ги јајцата со вашето омилено тесто за мафини и испечете ги за да ги изненадите вашите гости и семејството. Доколку немате идеја, следете го следниов рецепт.
Состојки
9
јајца (само едно се користи за рецептот)
½ шолја
шеќер
2 мали лажички
брашно
¼ голема лажица
прашок за пециво
прстофат
сол
½ шолја
шеќер
¼ шолја
путер
½ голема лажица
изрендана кора од лимон
¼ шолја
павлака
Подготовка
Измешајте ги брашното, пецивото и солта во длабок сад.
Во поголем сад изматете со миксер едно јајце со шеќерот. Потребно е смесата да биде светла и кремаста, а потоа додајте ја кората од лимон и омекнатиот путер и матете додека нѐ се соединат состојките.
Во садот со изматената смеса додајте ги сувите состојки и промешајте.
На крајот додајте ја и павлаката и мешајте додека не се изедначи смесата.
На секое од јајцата направете му дупка во горниот дел и испразнете ги. Измијте ги јајцата под чешма, а потоа потопете ги во вода со сол и оставете ги да стојат половина час. Измијте ги со ладна вода и оставете ги да се исушат.
Пред да ги наполните со смесата, во секое јајце ставете малку масло и со вртење обидете се да ги намачкате ѕидовите на лушпата. Наполнете ги јајцата околу ¾ и ставете ги во тава за мафини. Под секое јајце ставете „гнездо“ од алуминиумска фолија за да стојат јајцата исправени. Печете на температура од 180⁰C околу 20-25 минути.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 31.Март.2018 во 10:12
СЛАТКИ ПОЛНЕТИ ЈАЈЦА - ПИЛИЊА
Што да направите со толку јајца на Велигден? Направете слатки и вкусни полнети јајца во облик на пилиња. Децата ќе им се радуваат, а интересни се и за возрасните. Доколку не сакате да ги декорирате јајцата искористете го основниот рецепт за да ги зачините варените јајца.
СОСТОЈКИ
тврдо варени јајца, оладени и излупени
мајонез
кисели краставички
маслинки, исечкани на мали парчиња (ќе ги користите за очи)
моркови, исечкани на тријалогници (за клунот)
сол, бибер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА
Внимателно исечете тенко парче од едниот крај на јајцето, но внимавајте да не ја исечете жолчката. Парчето белка, изедете го или фрлете.
https://www.pinterest.com/pin/create/button/?guid=0PxZ5f1kktYj-1&url=http%3A%2F%2Fwww.ladybook.mk%2Fmk%2Fpost%2F5052%2FSlatki-polneti-jajca-pilinja&media=http%3A%2F%2Fwww.ladybook.mk%2Fimages%2Fsliki%2F5052_190414201256027_750x563.jpg&description=%D0%A1%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%BA%D0%B8%20%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%BD%D0%B5%D1%82%D0%B8%20%D1%98%D0%B0%D1%98%D1%86%D0%B0%20-%20%D0%BF%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D1%9A%D0%B0" rel="nofollow - Save
Исечете една третина од јајцето.
https://www.pinterest.com/pin/create/button/?guid=0PxZ5f1kktYj-2&url=http%3A%2F%2Fwww.ladybook.mk%2Fmk%2Fpost%2F5052%2FSlatki-polneti-jajca-pilinja&media=http%3A%2F%2Fwww.ladybook.mk%2Fimages%2Fsliki%2F5052_190414201309360_750x563.jpg&description=%D0%A1%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%BA%D0%B8%20%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%BD%D0%B5%D1%82%D0%B8%20%D1%98%D0%B0%D1%98%D1%86%D0%B0%20-%20%D0%BF%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D1%9A%D0%B0" rel="nofollow - Save
Со мала лажичка, испразнете го горниот и долниот дел од јајцето, и ставете ја жочката во мал сад. Измешајте ја жолчката со малку мајонез, сечкани кисели краставички, сол и бибер, по вкус. Почнете со помалку од состојките, и потоа додавајте додека не го добиете посакуваниот вкус.
Смесата со мала лажичка ставете ја подлабоката белка, која претходно ја издлабивте, правејќи купче на врвот кое ќе биде главчето на пилето.
https://www.pinterest.com/pin/create/button/?guid=0PxZ5f1kktYj-3&url=http%3A%2F%2Fwww.ladybook.mk%2Fmk%2Fpost%2F5052%2FSlatki-polneti-jajca-pilinja&media=http%3A%2F%2Fwww.ladybook.mk%2Fimages%2Fsliki%2F5052_190414201321575_750x563.jpg&description=%D0%A1%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%BA%D0%B8%20%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%BD%D0%B5%D1%82%D0%B8%20%D1%98%D0%B0%D1%98%D1%86%D0%B0%20-%20%D0%BF%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D1%9A%D0%B0" rel="nofollow - Save
Внимателно ставете две маслинки како „очи“, и ставете морков како „клун“.
https://www.pinterest.com/pin/create/button/?guid=0PxZ5f1kktYj-4&url=http%3A%2F%2Fwww.ladybook.mk%2Fmk%2Fpost%2F5052%2FSlatki-polneti-jajca-pilinja&media=http%3A%2F%2Fwww.ladybook.mk%2Fimages%2Fsliki%2F5052_190414201332302_750x563.jpg&description=%D0%A1%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%BA%D0%B8%20%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%BD%D0%B5%D1%82%D0%B8%20%D1%98%D0%B0%D1%98%D1%86%D0%B0%20-%20%D0%BF%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D1%9A%D0%B0" rel="nofollow - Save
Потоа ставете го малото парче белка како капче и имате слатко јајце - пиле.
https://www.pinterest.com/pin/create/button/?guid=0PxZ5f1kktYj-5&url=http%3A%2F%2Fwww.ladybook.mk%2Fmk%2Fpost%2F5052%2FSlatki-polneti-jajca-pilinja&media=http%3A%2F%2Fwww.ladybook.mk%2Fimages%2Fsliki%2F5052_190414201341659_750x563.jpg&description=%D0%A1%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%BA%D0%B8%20%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%BD%D0%B5%D1%82%D0%B8%20%D1%98%D0%B0%D1%98%D1%86%D0%B0%20-%20%D0%BF%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D1%9A%D0%B0" rel="nofollow - Save
Повторете го истото со сите јајца.
https://www.pinterest.com/pin/create/button/?guid=0PxZ5f1kktYj-6&url=http%3A%2F%2Fwww.ladybook.mk%2Fmk%2Fpost%2F5052%2FSlatki-polneti-jajca-pilinja&media=http%3A%2F%2Fwww.ladybook.mk%2Fimages%2Fsliki%2F5052_190414201352672_750x517.jpg&description=%D0%A1%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%BA%D0%B8%20%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%BD%D0%B5%D1%82%D0%B8%20%D1%98%D0%B0%D1%98%D1%86%D0%B0%20-%20%D0%BF%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D1%9A%D0%B0" rel="nofollow - Save
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 01.Април.2018 во 10:14
Изненадете ги најмалите во вашето семејство со овие прекрасни, слатки велигденски колачиња кои се топат во уста. Верувајте откако ќе ги сервирате на маса по празничниот ручек, веднаш сите ќе посегнат да ги пробаат и да ќе ве прашаат за рецепт.
Велигденски колачиња
INGREDIENTS
270 г http://migusto.mk/ingredient/%d0%b1%d1%80%d0%b0%d1%88%d0%bd%d0%be/" rel="nofollow - брашно
120 г http://migusto.mk/ingredient/%d0%bf%d1%83%d1%82%d0%b5%d1%80/" rel="nofollow - путер (омекнат)
50 г http://migusto.mk/ingredient/%d0%b2%d0%be%d0%b4%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%b6%d0%b5%d0%bb%d0%b0%d1%82%d0%b8%d0%bd/" rel="nofollow - вода (за желатин) (ФОНДАН)
100 г http://migusto.mk/ingredient/%d1%84%d1%80%d1%83%d0%ba%d1%82%d0%be%d0%b7%d0%b0-%d1%84%d1%80%d1%83%d1%82%d0%b8%d0%bd-%d1%88%d0%b5%d1%9c%d0%b5%d1%80-%d0%b7%d0%b0-%d0%b4%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%b1%d0%b5%d1%82%d0%b8%d1%87%d0%b0%d1%80/" rel="nofollow - фруктоза (ФРУТИН - шеќер за дијабетичари на Виталиа) (ФОНДАН)
20 г http://migusto.mk/ingredient/%d0%b2%d0%be%d0%b4%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d1%84%d1%80%d1%83%d0%ba%d1%82%d0%be%d0%b7%d0%b0/" rel="nofollow - вода (за фруктоза) (ФОНДАН)
1 голема лажица http://migusto.mk/ingredient/%d0%bf%d1%83%d1%82%d0%b5%d1%80-%d0%bc%d0%b0%d1%80%d0%b3%d0%b0%d1%80%d0%b8%d0%bd-%d0%b8%d0%bb%d0%b8-%d0%b3%d0%bb%d0%b8%d1%86%d0%b5%d1%80%d0%b8%d0%bd/" rel="nofollow - путер, маргарин или глицерин (ФОНДАН)
малку http://migusto.mk/ingredient/%d0%bc%d0%b0%d1%80%d0%bc%d0%b0%d0%bb%d0%b0%d0%b4-%d0%b8%d0%bb%d0%b8-%d1%9f%d0%b5%d0%bc/" rel="nofollow - мармалад или џем (за премачкување)
INSTRUCTIONS
http://migusto.mk/wp-content/uploads/2013/04/testo-za-kolacinja.jpg" rel="nofollow">1.Во пластичен сад, со мискер, изматете го путерот, шеќерот и ванилин шеќер. Додадете брашно, јајце и прашок за пецивои месете се додека не добиете мазно тесто. Завиткајте го во фолија и оставете во фрижидер барем половина час да се одмори.
http://migusto.mk/wp-content/uploads/2013/04/sukano-testo.jpg" rel="nofollow">2.Одмореното тесто, помеѓу две проѕирни филии, расукајте го со дебелина од околу 2мм.
http://migusto.mk/wp-content/uploads/2013/04/vadenje-na-formi.jpg" rel="nofollow">3.Со помош на модли (велидгенски) вадете форми. Остатокот од тестото повторно расукајте го и повторно вадете форми.
http://migusto.mk/wp-content/uploads/2013/04/kolacinja-spremni-za-pecenje.jpg" rel="nofollow">4.Тавата за печење (доколку не е тефлонска) обложете ја со хартија за печење и врз неа ставете ги колачињата. Печете на 180 степени не повеќе од 10 минути. Внимавајте да не ви загорат.
http://migusto.mk/wp-content/uploads/2013/04/fondan.jpg" rel="nofollow">5.Фондан: желатинот се растовара во 50 мл вода и се остава да набабри (околу 2-3 минути). 100 г фруктоза (ја има во сите) се растопува, на оган, со 20 мл вода и постојано се меша.
http://migusto.mk/wp-content/uploads/2013/04/formi-od-fondan.jpg" rel="nofollow">6.Откако ќе зоврие, се остава уште 30 секунди на оган, се трга на страна, се меша со желатинот и се додава една голема лажица путер. Во сад, се меша 900 г шеќер во прав со смесата и се меси се додека не добиеш фина, хомогена смеса.
http://migusto.mk/wp-content/uploads/2013/04/formi-od-fondan2.jpg" rel="nofollow">7.Вака добиениот фондан, се витка во проѕирна фолија, се остава малку да се олади и може да се користи. Се бои со бои за храна (ако се во прав, се раствараат со малку алкохол) и се меси се додека не се добие подеднаква боја. Се сука врз мазна површина, врз шеќер во прав.
http://migusto.mk/wp-content/uploads/2013/04/veligdenski-kolacinja3.jpg" rel="nofollow">8.Испечените колачиња намачкајте ги со малку слатко или џем и врз нив ставете од фонданот. Бидете креативни, шарајте ги и ветуваме дека резултатот ќе биде одличен.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 01.Април.2018 во 11:55
Бомбици во форма на јајце
Потребни состојки:
½ шолја путер на собна температура
¾ шолја кафеав шеќер
2 шолји брашно
2 лажички екстракт од ванила
300ml кондензирано млеко
1 шолја рендано чоколадо
Бело чоколадо и прехранбени бои за декорирање
Подготовка:
Во сад мешајте ги путерот и шеќерот додека не се соединат. Додадете ги екстрактот од ванила и брашното и продолжете со мешање.
Понатаму продолжете со додавање и на кондензираното млеко. Кога сите состојки ќе се соединат додадете го на смесата и ренданото чоколадо.
Од тестото формирајте мали топки од кои ќе направите овални форми на јајца. Преку ноќ замрзнете ги.
Наредниот ден стопете го белото чоколадо, одвојте делови и потоа на секој дел додадете различна прехранбена боја. Готовите колачиња потопете ги во белото чоколадо.
Од остатокот можете да нанесете и интересни линии. Оставете ги да се исушат.
Велигденски шарени мафини
Потребни состојки:
4 јајца
1 шолја растително масло
¼ шолја млеко
2 шолји шеќер
2 шолји брашно
1 лажичка сол
2 лажички прашок за печиво
Шлаг пена
Прехранбена зелена боја
M&M бонбони или било кои други шарени бонбони
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени и подгответе сад за печење на мафини.
Во голем зад ставете ги јајца, маслото и млекото и мешајте ги додека полека го ставате и шеќерот во смесата. Во истата полека додавајте ги и брашното, солта и прашокот за печиво сè додека не добиете добро соединета смеса.
Распоредете ја во малите вдлабнатини на садот и оставете да се пече 20 до 25 минути додека не забележите дека мафините нараснале и добиле златно-жолта боја.
На страна во сад изматете ја шлаг пената со малку млеко и боја. Откако ќе се оладат мафините, декорирајте ги со шлагот и бонбоните.
Велигденски чоколадни мафини
Потребни состојки:
4 јајца
1 шолја растително масло
¾ шолја млеко
2 шолји шеќер
2 шолји брашно
1 лажичка сол
2 лажички прашок за печиво
1 шолја какао во прав
Шлаг крем од чоколадо
Бонбони за декорација по желба
Чоколадни трошки
Подготовка:
Начинот на подготвување е ист како и за претходните мафини, загревате рерна на 180 степени, ги мешате сите состојки додека не добиете компактна смеса и печете. Со таа разлика, тука додавате какао за неверојатен чоколаден вкус.
На крајот, откако ќе се оладат мафините, ги декорирате со шлагот, трошките и бонбоните.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 04.Април.2018 во 10:11
Ги мешаме брашното и шеќерот на работна површина и правиме мала дупка на средината од тестото во неа го стабаме јајцето и путерот, па 2 лајци какао и 1 лајца канела .
Го месиме тестото додека не стане мазно. Правиме топка и ја завиткуваме во фолија ја оставаме 30 тина минути во фрижидер. Потоа со помош на делимано калапите правиме разни фигури, декорираме по желба колаците ги печеме на 180 степени додека тестото не почне да ја менува бојата .
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 04.Април.2018 во 10:13
Козињак со суво грозје
Состојки
За тесто
1кг. просеано брашно
прстофат сол
1 ванила
2 кесички шеќер со вкус на лимон или кора од 1 лимон
250гр. шеќер
1 пресен квасец
150мл. масло
300-350мл. топло млеко
3 јајца
1 жолчка
100гр. суво грозје
За премачкување
1 белка
по потреба шеќер
Вкусно и одлично за со чаша топло млекце во овие ладни утра. :)
Во садот кој ќе се меси се става брашното, се додава солта, се прави вдлабнатинка и тука се активира квасецот со 1 лажиче шеќер и малку од млекото.
Јајцата се разматуваат со вилушка, се додаваат шеќерите и се убаво се меша.
Штом се активирал квасецот ги додаваме јајцата со шеќерите, маслото и со додавање на млекото замесуваме средно меко тесто кое не се лепи на дланки. Тестото треба убаво да се измеси едно 15 на минути. Го премачкуваме со масло, покриваме со најлонска фолија и уште некоја *покривка* и го оставаме на топло да го дуплира волуменот. Да напоменам дека овој процес е бавен, најмалку 2 часа.
Потоа тестото го истресуваме на намрсена работна површина, го расплескуваме со дланките, го додаваме сувото грозје, кратко го премесуваме. Го делиме на два дела.
Од секој дел правиме по три топчиња.
Секое топче го обликоваме во ваљак. Ги оставаме малку колку да се опуштат.
Уште малку ги издолжуваме и ги плетиме во плетенки. Од ова количина две плетенки.
Ги ставаме во правоаголни намрсени калапи со малку маргарин. Можи и во форма за куглоф.
Оставаме повторно да надојдат убаво, пак околу 2 часа.
Пред печење премачкуваме со благо разматена белка и наросуваме со кристален шеќер.
Ги печеме на 150 степени околу 50-60мин., (зависно од вашата рерна) во претходно загреана рерна.
После печење ги премачкуваме со малку путерче или маргаринче.
На здравје!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 04.Април.2018 во 10:16
Денешниот ден го започнуваме со два вксуни предлози кои можат да се најдат на вашата Велигденска трпеза – Пилешко месо на алпски начин и Телешко месо со суви сливи. Едниот или двата предлози можете да ги приготвите како дополнување на нашата традиционална Велигденска трпеза.
Пилешко месо на алпски начин
СОСТОЈКИ
• 1 кг пилешко месо
• 300 мл павлака
• 250 гр комири
• 100 гр моцарела
• 100 гр рукола
• 100 гр вргањ (или други печурки)
• рузмарин
• 150 мл бело вино
• 4 пиперки
• 100 гр мали домати
• 1 главица кромид
• маслиново масло
ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1:исечете ги малите домати и моцарелата на парчиња. Измешајте ги со рукола и маслиново масло. Потоа, земете парче пилешко месо, направете отвор во средината и наполнете го со оваа смеса. Печете на скара, а ако немате услови за тоа, тогаш во рерна.
Чекор 2: во меѓувреме, подгответе го сосот. Пропржете ги печурките, додадете малку кромид, рузмарин, бело вино и продолжете со динстање. Кон крајот, додадете ги павлаката и рузмаринот.
Чекор 3: направете гарнир од потпечени компири и пиперки на скара. Сервирајте во празничен сервис. Најпрвин наредете ги компирите и пиперките во круг, во средина ставете го сосот и врз него наредете го пилешкото месо исечено на парчиња.
.
Телешко месо со суви сливи
СОСТОЈКИ
• 500 гр телешко месо
• 100 гр лешници
• 100 гр суви сливи
• млад лук
• 10 мл оцет балсамико
• сол, шеќер и масло
• малку густин
ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1:на загреано маслиново масло испечете ги парчињата телешко месо. Извадете го месото од садот и во истото масло пропржете ги и сувите сливи кои претходно сте ги пресекле на помали парчиња.
Чекор 2: во садот за печење додадете млад лук, балсамико, малку вода и оставете да се динста. На крајот додадете малку густин и лешници. Исечете го телешкото месо на парчиња и прелијте го со сосот.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 04.Април.2018 во 10:17
Првиот дел од статијата го посветуваме на две вкусни предјадења – зелен ролат и солени кифлички, со кои одлично можете да ја започнете Велигденската трпеза.
Солени кифлички
СОСТОЈКИ
• 800 гр брашно
• ¼ маргарин или путер
• 4 јајца (2 јајца за премачкување)
• 1 свеж квасец
• 300 мл млеко
• сол
• сусам или ким
• 200 гр сирење (гауда)
ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1:изматете го свежиот квасец со 100 мл млеко и една лажица шеќер. Оставете на топло за да се подигне. Во меѓувреме, брашното промешајте го со 2 јајца, сол и растопен путер. На крајот, додадете го и стасаниот квасец и по потреба малко топло млеко.
Чекор 2: мешајте ги сите состојки со помош на миксер. Миксирајте сè додека смесата не започне да се одвојува од садот. Потоа, садот покријте го со крпа и оставете го на топло за да стаса.
Чекор 3: откако тестото двојно ќе се зголеми, разделете го на неколку топки. Измесете ја секоја од топките и од неа сечете триаголници. На секој триаголник ставете малку гауда и затворете го. Наредете ги во тава за печење обложена со хартија за печење. Разматете две јајца со малку млеко и премачкајте ги кифличките. Попрскајте со ким или сусам. Печете во загреана рерна на 200℃, додека кифлите не добијат златна боја.
.
Зелен ролат
СОСТОЈКИ
• 4 јајца
• 4 лажици брашно
• 1 прашок за пециво
• сол
• 1 л јогурт
• 10 лажици спанаќ (пасиран)
• крем сир (по желба)
ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1:измиксирајте ги јајцата со јогурт и пасиран спанаќ. Потоа, полека додавајте го брашното помешано со прашокот за пециво.
Чекор 2: смесата излијте ја во сад за печење. Загрејте ја рерната и печете околу 20 минути на 180℃. Испечениот ролат веднаш завиткајте го во влажна крпа.
Чекор 3: кога ќе се излади, отворете го и намачкајте го со крем сирење. Повторно затворете го. Ставете го во фолија и оставете го на ладно. Се сече на парчиња и се служи како ладно предјадење или како прилог со месо.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 04.Април.2018 во 10:19
- Салатите се дел од оброкот, без кои главното јадење нема да може никако да стане врвен специјалитет. Постојат безброј комбинации на продукти од кои може да се направат салати за сечиј вкус. За овогодинешното велигденско мени, ние одвоивме три салати кои може да бидат дел од главното мени.
- Цезар салата со јагнешко месо
- - - Во голем сад за салата, ставете ги парченцата месо, зелената салата, гравот, кромидот и сосот за салата. Добро измешајте и на крај покријте со ситно кравјо сирење.
- .
- Салата со јајца и мајонез
- - - Во голем сад за салата ставете ги сите состојки. Добро измешајте со дрвена лажица. Можете да ја служите на лебче како сендвич, или како салата нанесена на листови зелена салата.
- .
- Салата од спанаќ и јагоди
- - - Во друг, помал сад, измешајте ги маслото, оцетот, шеќерот, црвениот пипер, сусамот и афионот. Оваа смеса прелијте ја преку спанаќот и јагодите.
http://gurman.mk/recepti/nabrzina/veligdensko-meni-salati/print/" rel="nofollow - Верзија за печатење
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 05.Март.2020 во 18:04
Велигденски десерт од Сицилија
Рисо Неро, односно Црниот ориз е необично обичен десерт со потекло од Сицилија. Не станува збор за некој специјален вид на ориз, туку за десерт кој се прави со какао
Црниот ориз со својот состав и начинот на подготвување потсетува на арапските десерти богати со шеќер и со зашеќерено овошје. Начинот на подготвување се разликува од семејство до семејство па ова е само еден од начините за негово подготвување. Количината е голема па ако подготвувате десерт само за четиричлено семејство, преполовете ја количината на наведените намирници. Состојките можат да варираат и се лесно достапни, а резултатот е десерт со вкуден и раскошен изглед.
Состојки:
500 г ориз
1-1,5 л млеко
300 г шеќер
200 г чисто горчливо какао во прав
100 г црно чоколадо скршено на парчиња
200 г груби исечкани и излупени бадеми
100 г кандирано овошје (ситно исечкано)
Кора од 1 портокал
Цимет во прав
2 лажички ванилин шеќер
Прстофат сол
По желба за поросување:
Шеќерни трошки, кандирано овошје или препечени ливчиња бадеми.
Приготвување:
Оризот измијте го и ставете го да се вари во млекото, заедно со прстофат сол, шеќер и ванилин шеќер.
Кога е оризот речиси сварен, ал денте, полека, со постојано мешање додавајте го какаото и ситно изренданата кора од портокал.
Оризот не смее да се превари, ниту да се залепи за дното од садот. Ако е потребно, додадете малку врела вода (ако е оризот недоволно сварен, а смесата станала премногу густа.
Тргнете го од оган и додадете ги веднаш грубо исчеканите бадеми или почекајтесмесата малку да се олади, потоа додадете ги парченцата чоколадо.
Ставете ја смесата во садови за послужување и поросете со препржени ливчиња бадмеи, со кандирано овошје или шеќерни трошки и малку цимет во прав.
Напомена:
Количината на шеќер можете да ја намалите или зголемите според вкусот. Дел од млекото можете да го замените со вода.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 05.Март.2020 во 18:32
Велигденска чоколадна бомба
Состојки:
За кората:
4 јајца
100 г кафеав шеќер
1 ванилин шеќер
100 мл зејтин
70 г брашно
30 г какао
½ прашок за пециво
За кремот:
500 мл павлака за шлаг
300 г чоколадо за готвење
200 г млечно чоколадо
Приготвување:
Помешајте ги сувите состојки за кората.
Белките изматете ги со малку сол, а жолчките со шеќерот и со ванилиниот шеќер па додадете им го зејтинот, и наизменично додавајте по малку од изматените белки и по малку од сувите состојки и полека мешајте додека сите состојки не се соединат.
Ставете хартија за печење на дното од калапот за печење па истурете ја смесата и печете околу 15-20 минути на 180° C. 4. Оставете го тестото во калапот 15-тина минути да се разлади и во меѓувреме пригответе го кремот.
Ставете ја во тенџерче павлаката и искршеното чоколадо и загревајте на тивок оган додека чоколадото не се стопи. Прелијте го кремот преку млакото тесто.
Тортата оладете ја до крај на собна температура а потоа во фрижидер, најдобро преку ноќта.
Украсете со чоколадни зајчиња и јајца, а можете да ставите и малку зелен кокос (кокос обоен со зелена прехранбена боја за колачи, течна или во гел) како имитација на трева.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!