IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Баклава
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Баклава

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2015 во 09:35

КОКОС БАКЛАВА

Состојки:

500 гр тенки кори за баклава

5 јајца

2 филџани шеќер

1 филџан масло

1 филџан јогурт

200 гр кокос

1 прашок за пециво

За шербет:

4 филџани шеќер

5 филџани вода

1 ванилин шеќер

Подготовка:

Се матат јајцата со шеќер, па се додава масло, јогурт и кокос измешан со прашок за пециво. Сето тоа треба добро да се измеша. На дното на подмачкан плех се ставаат две кори, па фил. Повторно две кори, па фил…се додека не се потрошат состојките. На крај се ставаат три кори, се сече баклавата на ромбови, па се премачкува со масло. Се пече на 200 степени околу 40 минути. Додека баклавата се пече, се подготвува шербетот. Водата и шеќерот треба да зовријат и се вари на слаб оган десетина минути. Пред крај се додава ванилин шеќер. Печената баклава се остава малку да се олади, па се попарува со врелиот шербет, па откако ќе го упие, се става во фрижидер.



Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 20:45
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2015 во 15:56

БАКЛАВА СО ОРЕВИ

1/2 кгр. кори за баклава

Фил:
250 гр. путер
200 гр. ореви
80 гр. суво грозје

Шербет:
300 гр. шеќер
500 гр. вода
1 лимон

Начин на подготовка:
Намачкајте ја тепсиiата со растoпен путер и наредете преку 4-5 листа кори. Секоја кора порoсете ја со стопен путер, пoтоа ставете мешавина oд толчени ореви и суво грозје. Ова повтoрувајте го додека не се пoтроши сиoт материјал, а за oд горе оставете пак 3-4 кори. Наредената баклава исечете ја на ромбови или коцки по желба, прелејте ја со растопен путер и печете ја во рерна на 200° се додека не добие убава црвена боја. Печената баклава извадете ја од рерна и веднаш прелејте ја со ладен шербет кој претходно сте го свариле од водата, шеќерот и лимонот. Оставете ја да стои 4-5 часа за да го впие шербетот, а потоа служете



Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 20:44
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2015 во 15:37

БАКЛАВА СО ЛЕШНИЦИ

Потребни состојки:

12 кори

250 гр. маргарин

200 гр. лешници

80 гр. суво грозје

Мускатно оревче

За сируп:

300 гр. шеќер

500 мл. вода

1 ванилин шеќер

Сок од 1 лимон

Припрема:

На дното на тавата за печење ставете растопен путер, па ставете 4 кори исечени во големина на тавата, а меѓу сите нив нанесете растопен путер. Потоа ставете една кора, попрскајте ја со растопен путер, мелени лешници, рендано мускатно оревче и суво грозје, па прекријте со друга кора. Постапката повторете ја со следните 4 кори. Одозгора ставете ги останатите 4 кори, а помеѓу нив попрскајте само растопен маргарин.

Исечете ја баклавата на коцки или ромбови, прелијте ја со преостанатитот растопен путер и печете во загреана рерна на температура од 200 степени се додека баклавата не добие румена боја.

Во тенџере на оган растопете го шеќерот, ванилиниот шеќер, сокот од лимон и водата за да добиете сируп, па оставете го да се излади.

Откако баклавата ќе се испече, прелијте ја со изладениот сируп и оставете ја да отстои 2 до 3 часа. Добар апетит!



Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 20:45
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2015 во 15:18

БАКЛАВА РОЛНИЧКИ

Потребни состојки:

За ролничките:

8 листови кора за баклава

80 гр. ореви

80 гр. печени бадеми

100 гр. бела чоколада

50 гр. маргарин

За сирупот:

330 гр. шеќер

180 мл. вода

5 зрна кардамон

2 лажици сок од лимон

Припрема:

Исецкајте ги бадемите и оревите, а чоколадата исецкајте ја на ситни коцки и измешајте ја со бадемите и оревите. Стопете го маргаринот во посебен сад.

Секоја кора поделете ја на 4 дела. Еден дел премачкајте го со стопениот маргарин, па врз него ставете друг дел и повторно намачкајте го со маргарин. Врз него ставете една лажица од смесата со ореви бадеми и чоколада. Свиткајте ги краевите навнатре и свиткајте ролничка. Повторете ја постапката се додека не ги потрошите сите состојки.

Наредете ги ролничките во намрсен плех, па премачкајте ги со растопен маргарин. Печете на температура од 180 степени се додека ролничките не поруменат, па откако ќе се испечат оставете ги да се изладат.

Во тенџере ставете ја водата и шеќерот и гответе на умерен оган се додека шеќерот не се растопи, па потоа додајте го кардамонот и ринглата загрејте ја на најсилно. Кога смесата ќе зоврие намалете ја температурата и гответе уште 5 минути за да се згусне сирупот. На крајот додајте го сокот од лимон и со сирупот прелијте ги ролничките.

Баклава ролничките треба да ги оставите да отстојат преку ноќ за целосно да го впијат сирупот. Добар апетит!



Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 20:44
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2015 во 15:12

БАКЛАВА СО БАДЕМИ И ОРЕВИ

Потребни состојки:

500 гр. тенки кори

За фил:

200 гр. мелени бадеми

200 гр. мелени ореви

100 гр. суво грозје

2 ќесички ванилин шеќер

150 мл. масло за јадење

За шербет:

500 гр. шеќер

2 лажици мед

1 лимон

300 мл. вода

Припрема:

Во посебен сад измешајте ги бадемите, сувото грозје, оревите и ванилиниот шеќер. Намрсете тава за печење со масло, па додајте две кори, па малку од смесата со бадеми и ореви. Потоа додадете уште две кори, па повторно додадете од смесата. Постапката повторувајте ја се додека не ги потрошите корите. Потоа баклавата исечете ја со остар нож на триаголници и ставете ја да се пече во загреана рерна на температура од 180 степени целзиусови околу 30тина минути, односно се додека корите не заруменат.

Во меѓувреме подгответе го шербетот. Во тенџере на оган ставете го шеќерот, водата и медот, како и лимонот исечен на кругови. Кога смесата со шербетот ќе се згусне, тргнете ја од оган.

Извадете ја испечената баклава од рерна и додека е топла прелијте ја со подготвениот шербет. Оставете баклавата да го упие шербетот најмалку 2 часа пред да ја послужите. Добар апетит!



Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 20:43
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2015 во 15:11

БАКЛАВА СО ФСТАЦИ И СОС ОД ЦИМЕТ И МЕД

Потребни состојки:

500 гр. шеќер

8 лажици шеќер

50 гр. мед

250 мл. вода

2 лажички мелен цимет

150 гр. исчистени фстаци

50 гр. путер

1 пакување кори

Припрема:

Во тенџере ставете го шеќерот, медот и циметот и гответе на средна температура со постојано мешање, се додека целосно не се растопи шеќерот, а потоа оставете го сирупот да се излади.

Во блендер ставете 2 лажици шеќер и фстаците и миксирајте ја смесата се додека фстаците целосно не се издробат. Потоа додадете 6 лажици шеќер и промешајте. Растопете го путерот.

Загрејте ја рерната на 180 степени целзиусови и со зејтин намрсете ја тавата за печење. Ставете една кора, па намачкајте ја со зејтин и посипете ја со една лажичка од смесата со фрстаци. Постапката повторувајте ја се додека не ги потрошите корите и смесата со фстаци. Со остар нож исечете ја баклавата на ромбови и печете ја на температура од 180 степени околу еден час.

Откако баклавата ќе се испече, извадете ја со рерна и врз неа рамномерно истурете го претходно подготвениот сируп. Оставете сирупот да се впие околу 2 часа, па послужете.



Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 20:43
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2014 во 04:45

Авганистанска баклава

Овој рецепт нема да ви одземе многу време, а одличен е за подготовка кога ќе ви дојдат ненајавени гости. Се приготвува многу брзо и верувам дека додека да го испиете кафето ќе ги послужите гостите со брз вкусен десерт ( кој може да го направите и во солена верзија), значи две во едно и десерт и доручек. Ако сакате солени баклавки испржете го малку сецканиот кромид, додајте го месото и зачини по желба. Пржете десетина минути.

Најпрвин пресејте го брашното и заедно со потребните состојки за тестото замесете средно меко тесто. Поделете го на 4 еднакви дела. Од секој дел расукајте кора по можност правоаголна форма, дебелина околу 2 мм. Истата премачкајте ја со растопен маргарин насекаде подеднакво. Потоа засукајте ја како ролат внимавајки да ви биде по целата должина иста ширината кога ќе ја преклопувате. Преклопувајте ја кората на окулу 3-4 прста ширина.
Кората исечете ја на 7 до 8 еднакви квадратчиња и тргнете ги настрана. Секое квадратче посипете го со брашно и површинатана која сукате исто така. Расукајте мала коричка околу 2 до 3 мм дебелина, додајте фил по вкус, крем, мармалад или фил со месо. Преклопете како што се гледа на една од сликите, притиснете со прстите по краевите за да не излезе филот при пржењето. Пржете ги во врел зејтин додека да добијат златно жолта боја. 
За да ги направите побрзо може да побарате помош од некој да ви помогне во пржењето за да бидат гостите експресно послужени. Кога се испржени тестото се дели на листови исто како лиснато тесто.

Напомена! 
Внимавајте ако ставате мармалад како фил стрпете се, не ги јадете топли за да не се изгорите од врелиот мармалад. Јас малку се изгорев кога ги пробав првпат, затоа ве предупредувам. Почекајте да истинат подобро и дури тогаш навалете. За овој рецепт слушнав од една моја драга пријателка Ромка Менекше (нејзе рецептот и е од нејзина пријателка од Авганистан) и многу и благодарам и одовде. Првпат го пробав кај неа, многу ми се допадна, го направив два пати и во иднина ќе се прави често.
Ви го препорачувам и се надевам дека добро ќе се засладите или засолите,како сакате. Ви посакувам добар апетит.




Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.