Баклава
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Исхрана и кулинарство
Опис на форумот: Еднаш се живее... здраво или нездраво?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=27474
Датум на принтање: 02.Август.2025 во 15:06 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Баклава
Постирано од: емил
Наслов: Баклава
Датум на внесување: 16.Февруари.2014 во 04:45
http://moirecepti.mk/post/%D0%B0%D0%B2%D0%B3%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%B1%D0%B0%D0%BA%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0/" rel="nofollow - Авганистанска баклава Овој рецепт нема да ви одземе многу време, а одличен е за подготовка кога ќе ви дојдат ненајавени гости. Се приготвува многу брзо и верувам дека додека да го испиете кафето ќе ги послужите гостите со брз вкусен десерт ( кој може да го направите и во солена верзија), значи две во едно и десерт и доручек. Ако сакате солени баклавки испржете го малку сецканиот кромид, додајте го месото и зачини по желба. Пржете десетина минути. Најпрвин пресејте го брашното и заедно со потребните состојки за тестото замесете средно меко тесто. Поделете го на 4 еднакви дела. Од секој дел расукајте кора по можност правоаголна форма, дебелина околу 2 мм. Истата премачкајте ја со растопен маргарин насекаде подеднакво. Потоа засукајте ја како ролат внимавајки да ви биде по целата должина иста ширината кога ќе ја преклопувате. Преклопувајте ја кората на окулу 3-4 прста ширина. Кората исечете ја на 7 до 8 еднакви квадратчиња и тргнете ги настрана. Секое квадратче посипете го со брашно и површинатана која сукате исто така. Расукајте мала коричка околу 2 до 3 мм дебелина, додајте фил по вкус, крем, мармалад или фил со месо. Преклопете како што се гледа на една од сликите, притиснете со прстите по краевите за да не излезе филот при пржењето. Пржете ги во врел зејтин додека да добијат златно жолта боја. За да ги направите побрзо може да побарате помош од некој да ви помогне во пржењето за да бидат гостите експресно послужени. Кога се испржени тестото се дели на листови исто како лиснато тесто. Напомена! Внимавајте ако ставате мармалад како фил стрпете се, не ги јадете топли за да не се изгорите од врелиот мармалад. Јас малку се изгорев кога ги пробав првпат, затоа ве предупредувам. Почекајте да истинат подобро и дури тогаш навалете. За овој рецепт слушнав од една моја драга пријателка Ромка Менекше (нејзе рецептот и е од нејзина пријателка од Авганистан) и многу и благодарам и одовде. Првпат го пробав кај неа, многу ми се допадна, го направив два пати и во иднина ќе се прави често. Ви го препорачувам и се надевам дека добро ќе се засладите или засолите,како сакате. Ви посакувам добар апетит.
|
Коментари:
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Август.2015 во 15:11
БАКЛАВА СО ФСТАЦИ И СОС ОД ЦИМЕТ И МЕД500 гр. шеќер 8 лажици шеќер 50 гр. мед 250 мл. вода 2 лажички мелен цимет 150 гр. исчистени фстаци 50 гр. путер 1 пакување кори Припрема: Во тенџере ставете го шеќерот, медот и циметот и гответе на средна температура со постојано мешање, се додека целосно не се растопи шеќерот, а потоа оставете го сирупот да се излади. Во блендер ставете 2 лажици шеќер и фстаците и миксирајте ја смесата се додека фстаците целосно не се издробат. Потоа додадете 6 лажици шеќер и промешајте. Растопете го путерот. Загрејте ја рерната на 180 степени целзиусови и со зејтин намрсете ја тавата за печење. Ставете една кора, па намачкајте ја со зејтин и посипете ја со една лажичка од смесата со фрстаци. Постапката повторувајте ја се додека не ги потрошите корите и смесата со фстаци. Со остар нож исечете ја баклавата на ромбови и печете ја на температура од 180 степени околу еден час. Откако баклавата ќе се испече, извадете ја со рерна и врз неа рамномерно истурете го претходно подготвениот сируп. Оставете сирупот да се впие околу 2 часа, па послужете.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Август.2015 во 15:12
БАКЛАВА СО БАДЕМИ И ОРЕВИ500 гр. тенки кори За фил: 200 гр. мелени бадеми 200 гр. мелени ореви 100 гр. суво грозје 2 ќесички ванилин шеќер 150 мл. масло за јадење За шербет: 500 гр. шеќер 2 лажици мед 1 лимон 300 мл. вода Припрема: Во посебен сад измешајте ги бадемите, сувото грозје, оревите и ванилиниот шеќер. Намрсете тава за печење со масло, па додајте две кори, па малку од смесата со бадеми и ореви. Потоа додадете уште две кори, па повторно додадете од смесата. Постапката повторувајте ја се додека не ги потрошите корите. Потоа баклавата исечете ја со остар нож на триаголници и ставете ја да се пече во загреана рерна на температура од 180 степени целзиусови околу 30тина минути, односно се додека корите не заруменат. Во меѓувреме подгответе го шербетот. Во тенџере на оган ставете го шеќерот, водата и медот, како и лимонот исечен на кругови. Кога смесата со шербетот ќе се згусне, тргнете ја од оган. Извадете ја испечената баклава од рерна и додека е топла прелијте ја со подготвениот шербет. Оставете баклавата да го упие шербетот најмалку 2 часа пред да ја послужите. Добар апетит!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Август.2015 во 15:18
БАКЛАВА РОЛНИЧКИЗа ролничките: 8 листови кора за баклава 80 гр. ореви 80 гр. печени бадеми 100 гр. бела чоколада 50 гр. маргарин За сирупот: 330 гр. шеќер 180 мл. вода 5 зрна кардамон 2 лажици сок од лимон Припрема: Исецкајте ги бадемите и оревите, а чоколадата исецкајте ја на ситни коцки и измешајте ја со бадемите и оревите. Стопете го маргаринот во посебен сад. Секоја кора поделете ја на 4 дела. Еден дел премачкајте го со стопениот маргарин, па врз него ставете друг дел и повторно намачкајте го со маргарин. Врз него ставете една лажица од смесата со ореви бадеми и чоколада. Свиткајте ги краевите навнатре и свиткајте ролничка. Повторете ја постапката се додека не ги потрошите сите состојки. Наредете ги ролничките во намрсен плех, па премачкајте ги со растопен маргарин. Печете на температура од 180 степени се додека ролничките не поруменат, па откако ќе се испечат оставете ги да се изладат. Во тенџере ставете ја водата и шеќерот и гответе на умерен оган се додека шеќерот не се растопи, па потоа додајте го кардамонот и ринглата загрејте ја на најсилно. Кога смесата ќе зоврие намалете ја температурата и гответе уште 5 минути за да се згусне сирупот. На крајот додајте го сокот од лимон и со сирупот прелијте ги ролничките. Баклава ролничките треба да ги оставите да отстојат преку ноќ за целосно да го впијат сирупот. Добар апетит!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Август.2015 во 15:37
БАКЛАВА СО ЛЕШНИЦИ12 кори 250 гр. маргарин 200 гр. лешници 80 гр. суво грозје Мускатно оревче За сируп: 300 гр. шеќер 500 мл. вода 1 ванилин шеќер Сок од 1 лимон Припрема: На дното на тавата за печење ставете растопен путер, па ставете 4 кори исечени во големина на тавата, а меѓу сите нив нанесете растопен путер. Потоа ставете една кора, попрскајте ја со растопен путер, мелени лешници, рендано мускатно оревче и суво грозје, па прекријте со друга кора. Постапката повторете ја со следните 4 кори. Одозгора ставете ги останатите 4 кори, а помеѓу нив попрскајте само растопен маргарин. Исечете ја баклавата на коцки или ромбови, прелијте ја со преостанатитот растопен путер и печете во загреана рерна на температура од 200 степени се додека баклавата не добие румена боја. Во тенџере на оган растопете го шеќерот, ванилиниот шеќер, сокот од лимон и водата за да добиете сируп, па оставете го да се излади. Откако баклавата ќе се испече, прелијте ја со изладениот сируп и оставете ја да отстои 2 до 3 часа. Добар апетит!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Август.2015 во 15:56
БАКЛАВА СО ОРЕВИ1/2 кгр. кори за баклава Фил: 250 гр. путер 200 гр. ореви 80 гр. суво грозје Шербет: 300 гр. шеќер 500 гр. вода 1 лимон Начин на подготовка: Намачкајте ја тепсиiата со растoпен путер и наредете преку 4-5 листа кори. Секоја кора порoсете ја со стопен путер, пoтоа ставете мешавина oд толчени ореви и суво грозје. Ова повтoрувајте го додека не се пoтроши сиoт материјал, а за oд горе оставете пак 3-4 кори. Наредената баклава исечете ја на ромбови или коцки по желба, прелејте ја со растопен путер и печете ја во рерна на 200° се додека не добие убава црвена боја. Печената баклава извадете ја од рерна и веднаш прелејте ја со ладен шербет кој претходно сте го свариле од водата, шеќерот и лимонот. Оставете ја да стои 4-5 часа за да го впие шербетот, а потоа служете
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 31.Август.2015 во 09:35
КОКОС БАКЛАВА500 гр тенки кори за баклава 5 јајца 2 филџани шеќер 1 филџан масло 1 филџан јогурт 200 гр кокос 1 прашок за пециво За шербет: 4 филџани шеќер 5 филџани вода 1 ванилин шеќер Подготовка: Се матат јајцата со шеќер, па се додава масло, јогурт и кокос измешан со прашок за пециво. Сето тоа треба добро да се измеша. На дното на подмачкан плех се ставаат две кори, па фил. Повторно две кори, па фил…се додека не се потрошат состојките. На крај се ставаат три кори, се сече баклавата на ромбови, па се премачкува со масло. Се пече на 200 степени околу 40 минути. Додека баклавата се пече, се подготвува шербетот. Водата и шеќерот треба да зовријат и се вари на слаб оган десетина минути. Пред крај се додава ванилин шеќер. Печената баклава се остава малку да се олади, па се попарува со врелиот шербет, па откако ќе го упие, се става во фрижидер.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 31.Август.2015 во 09:38
БОЖИЌНА БАКЛАВА1 кг. тенки кори 500 гр. мелени ореви 300 гр. ситно сецкани суви смокви 300 гр. суво грозје 1 кг. шеќер 1 литар вода Сок од ½ лимон Масло за јадење Припрема: Во подмачкана тава за печење ставете три кори, попрскајте ги со малку масло, па посипете малку ореви, сецкани смокви и суво грозје, па ставете две кори, па повторно ореви, смокви и грозје. Постапката повторувајте ја се додека не ви останат три кори со кои ќе ја покриете баклавата. Баклавата исечете ја на коцки и печете на температура од 200 степени околу 40тина минути, односно не дури не добие златно жолта боја. Во меѓувреме во тенџере на оган ставете ја водата, па додадете го шеќерот и оставете го да се растопи. Потоа тргнете го тенџерето од оган и додадете го сокот од лимон. Штом ќе ја извадите баклавата од рерна, посипете ја со шербетот и оставете да остои барем три часа пред послужување. Добар апетит!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 31.Август.2015 во 09:40
БАКЛАВА СО ОРЕВИ И ПЛАЗМА БИСКВИТИ450гр. кори за баклава ; 150 гр. ореви (мелени) ; 150 гр. плазма бисквити (мелени) ; 100 гр. шеќер ; 1 ванилин шеќер ; 150 мл. масло ; Шербет: 500 гр. шеќер ; 1/2 л. вода Подготвување Во повисок сад се става шеќер, ванилин шеќер, ореви, и плазма бисквитите и се промешува. Во намрсено плехче, прво ставете кора, попрскајте ја со маслото и ставете малку од филот. Втората кора само попрскајте ја со масло. На третата кора ставете и малку од маслото, ставете и и фил, и замотајте ја во форма на ролат. Постапката повторете ја со сите кори. Печете ја баклавата 30 минути. во рерна на 200C. Припрема на шербет: Во сад ставете го шеќерот и водата. Откако ќе зоврие, оставете го 10 минути на тивок оган. Со ладен шербет се прелива топлата баклава.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 31.Август.2015 во 12:55
ЧОКОЛАДНА БАКЛАВА- 500 гр. кори за баклава
- 300 гр. ореви пола сецкани; пола мелени
- 300 гр. чоколадо за готвење рендано
- 250 гр. путер несолен
- 1 лажичка цимет
- морско оревче
Шербет- 800 гр. шеќер
- 600 гр. вода
- 0,5 лимон цеден
Подготовка: Во ренданата чоколада се додава циметот. Се зема една кора и се превиткува на пола. На неа се наросува една супена лажица рендани ореви, една супена лажица мелени ореви и две супени лажици рендана чоколада. Потоа кората се витка во тесен ролат. Се повторува постапката со сите кори кои се редат во подмачкано плехче. Баклавата се сече на димензија околу 6cm и се прелива со растопениот путер. Се пече во загреана рерна на 200 степени околу 20-тина минути, додека добие златно жолта боја. Испечената баклава се вади од рерната и над неа се попрскува малку морско оревче. Се остава да се олади и се прелива со топол шербет. Се покрива со фолија и се препорачува да преседи преку ноќ за доволно да се впие шербетот и да биде спремна за служење. Припрема на шербетот: Се ставаат шекерот и водата да вријат околу 10 – тина минути. Се додава сокот од лимон и рендана кора од лимон и се остава да вари уште 2 минути. Се остава да олади околу 5 минути пред да се прелие баклавата.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 31.Август.2015 во 22:10
БАКЛАВА СО ПУДИНГ3 пудинзи од ванила 1 л. млеко со шеќер по вкус за пудинг 4 јајца 1 дл. масло 1/2 кг. кора за баклава 1/2 кг. шеќер Подготовка: Сварете пудинг со млеко и засладете го по вкус. Оставете го да се олади. Изматете јајца со 4 лажици шеќер, додадете масло. Редете ги корите една преку друга и секоја мачкајте ја со заматените јајца. Така наредете 5 кори. На петтата кора ставете пудинг по долгата страна и свртете ја во ролат. Од сите кори можете да направите 3 ролати, зависно од дебелината на кората. Нека бидат 4, доколку корите се исклучително тенки. Испечете ги ролатите, но внимавајте да не се испечат – би требало само малку да пожолтат. Оставете ја печената баклава да се олади. Направете шербет од шеќер и 2 чаши вода. Оставете да врие уште 2-3 минути. Прелејте преку баклавата и оставете да се олади.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 05.Октомври.2015 во 08:13
БАКЛАВА СО ОРЕВИ И ПЛАЗМА БИСКВИТИСостојки 450гр. кори за баклава ; 150 гр. ореви (мелени) ; 150 гр. плазма бисквити (мелени) ; 100 гр. шеќер ; 1 ванилин шеќер ; 150 мл. масло ; Шербет: 500 гр. шеќер ; 1/2 л. вода Подготвување Во повисок сад се става шеќер, ванилин шеќер, ореви, и плазма бисквитите и се промешува. Во намрсено плехче, прво ставете кора, попрскајте ја со маслото и ставете малку од филот. Втората кора само попрскајте ја со масло. На третата кора ставете и малку од маслото, ставете и и фил, и замотајте ја во форма на ролат. Постапката повторете ја со сите кори. Печете ја баклавата 30 минути. во рерна на 200C. Припрема на шербет: Во сад ставете го шеќерот и водата. Откако ќе зоврие, оставете го 10 минути на тивок оган. Со ладен шербет се прелива топлата баклава.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 25.Октомври.2015 во 13:38
http://www.kafepauza.mk/zivot/desert-koj-kje-vi-ja-zasladi-dushichkata-baklava-so-puding/" rel="nofollow -
Потребни состојки:- 3 пудинга од ванила (засладени по вкус)
- 1 литро млеко
- 4 јајца
- 100 милилитри масло
- 500 грама кора за баклава
- 500 грама шеќер
- 2 чаши вода
Начин на подготовка:Подгответе ги пудинзите со млекото и засладете по вкус. Додека чекате да се оладат, изматете ги јајцата со 4 лажици шеќер и потоа додајте им го маслото. Почнете да ги редите корите една врз друга, притоа мачкајќи секоја од нив со изматените јајца. Наместете 5 реда кори и потоа врз нив ставете го пудингот по должина на работ и завиткајте ги во ролат. Од сите кори можете да направите 3 – 4 ролата, во зависност од нивната дебелина. Испечете ги ролатите, но внимавајте да не ги препечете. Тие се готови кога ќе добијат бледо жолтеникава боја. Откако ќе завршите со печење, оставете ја баклавата да се олади. Додека чекате, направете шербет од преостанатиот шеќер и 2 чаши вода. Откако ќе почне да врие, оставете го на оган уште 2, 3 минути и потоа прелијте го преку баклавата.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 14.Февруари.2016 во 10:00
РОЛОВАНА БАКЛАВА
http://migusto.mk/wp-content/uploads/2015/12/baklava-rolls5.jpg" rel="nofollow"> Кога денес би се направила анкета низ балканските земји како што се Македонија, Грција, Бугарија, Турска, Босна или Србија со едно единствено прашање – кој е вашиот омилен десерт, со сигурност тврдам дека еден од најчестите одговори ќе биде дека тоа е баклава. И тоа верувајте не е случајно. Овој десерт има посебен статус кога станува збор за балканската кујна и вкусот на баклавата на овие простори има посебен шмек и тоа независно дали е направена дома или е купена од локалната слаткара. На овој регион најголемите верски празници христијански и муслимански се празнуваат и слават со добро парче баклава. Тоа кажува се за статусот кој го ужива овој десерт. Што се однесува до потеклото на баклавата, постојат повеќе толкувања но најверодостојна е приказната која вели дека отоманските Турци за време на големата Империја го популаризирале овој рецепт најпрво насекаде низ Балканот, а подоцна низ Европа за конечно преку големиот број иселеници и насекаде низ светот. Иако постојат повеќе верзии на оригиналниот рецепт нам најмногу ни се допаѓа оној најблиску до класиката – баклава со ореви за која ви тврдиме дека ќе ги задоволи и најпребирливите мераклии на слатки нешта. Самиот рецепт е прилично едноставен, особено ако ги правите со готови кори за баклава. Правењето на овој десерт со домашни кори е нешто поинаква приказна за кој треба многу повеќе умешност и трпение, но и тоа не е премногу сложено, особено ако сте подготвени за предизвици. Мора да ви се пофалиме дека Ана пред некој ден и успеа во намерата да направи баклава со домашни кори и беше пресреќна што успеа во предизвикот кој и се чинеше премногу компликуван на почетокот. Бидејќи рецептот за овој тип на баклава е се уште во фаза на доработка, ви ветуваме дека во прва наредна прилика ќе го објавиме и ќе ви покажеме како самите да направите кори и приготвите домашна баклава. За сега го имате на располагање овој рецепт со готови кори, кој исто така е одличен и нема да му најдете никаква мана. Десерт кој го препорачуваме за сите оние кои сакаат благи нешта потопени во шербет. Знаеме дека е малку повеќе калоричен од останатите десерти, но понекогаш и телото и душата треба да бидат задоволени. Со овој рецепт ќе го постигнете тој совршен спој.
Рецептот го приготвија и фотографираа Ана&Зоран Зафировски. Забрането превзмемање на оваа содржина без согласност на авторите! Состојки: Фил: - 100 г мелени ореви
- 50 г мелени бисквити
- 2 г. лажици гриз
- 50 мл масло за готвење
Друго: - 50 г путер
- 50 мл масло за готвење
Шербет: - 300 г шеќер
- 350 мл вода
- 1 м. лажица ванила
- 1 м. лажица сок од лимон
Подготовка: - Подготовка на шербетот: Во длабок сад ставете ја водата да зоврие. Откако ќе зоврие, додадете го шеќерот и варете 5 минути. Пред да го тргнете шербетот од оган, додадете сок од лимон и ванила. Оставете шербетот да се олади.
- Во чинија, измешајте ги оревите заедно со мелените бисквити, гризот и маслото за готвење.
- Путерот растопете го и измешајте го со маслото за готвење.
- Садот за печење со големина 20 cm x 20 cm намачкајте го со путер. Рерната загрејте ја на 220 степени Ц.
- Земете една кора за баклава и со помош на четка премачкајте со путер. Ставете врз неа уште една кора и премачкајте ја со путер.
- На едниот крај од корите, по целата должина, распоредете ¼ од филот. Свиткајте ги во ролат и стегнете ги што е можно повеќе. Краевите исечете ги, пресечете ги ролатите на пола и ставете ги во садот за печење.
- Повторете ја постапката со останатите кори. Внимавајте ролатите да бидат цврсто стиснати една до друга во тавчето.
- Со остар нож, пресечете ги ролатите на мали парчиња и премачкајте ги со преостанатиот путер.
- Печете ги околу 10-тина минути, а потоа намалете ја температурата на 150-170 степени и печете уште 20 минути или додека корите не добијат убава златна боја.
- Топлата баклава прелијте ја со оладениот шербет и ставете ја да отстои барем 6-8 часа за да може шербетот убаво да се впие.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 21.Март.2017 во 09:42
ЧОКОЛАДНА БАКЛАВА ng-non-bindable="" border="0" ="0" marginheight="0" marginwidth="0" scrolling="no" ="0" ="0" width="100%" id="I0_1490085670216" name="I0_1490085670216" ="https://apis.google.com/se/0/_/+1/fast?usegapi=1&size=medium&count=true&origin=https%3A%2F%2Fpopara.mk&=https%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2017%2Frecepti%2Fchokoladna-baklava-2%2F&g=3p&ic=1&jsh=m%3B%2F_%2Fscs%2Fapps-static%2F_%2Fjs%2Fk%3Doz.gapi.bg.USXq4TrgCo4.O%2Fm%3D__features__%2Fam%3DAQ%2Frt%3Dj%2Fd%3D1%2Frs%3DAGLTcCOCgt5CIPm8IL563sgqr1tM3a22Rw#_methods=onPlusOne%2C_ready%2C_%2C_%2C_resizeMe%2C_renderstart%2Concircled%2Cd%2Ce%2C&id=I0_1490085670216&parent=https%3A%2F%2Fpopara.mk&pfname=&rpctoken=12332905" -gapiattached="true" title="+1" style="margin: 0px; padding: 0px; border-width: 0px; border-style: none; outline: 0px; vertical-align: line; : transparent; max-width: 100%; : static; top: 0px; width: 90px; left: 0px; visibility: ; height: 20px;"> https://popara.mk/2017/recepti/chokoladna-baklava-2/" rel="nofollow - https%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2017%2Frecepti%2Fchokoladna-baklava-2%2F&layout=button_count&locale=mk_MK&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow - https%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2017%2Frecepti%2Fchokoladna-baklava-2%2F&layout=button_count&locale=mk_MK&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow - 1 лажичка цимет 800 гр. шеќер 600 гр. вода 250 гр. путер несолен 300 гр. чоколадо за готвење рендано 300 гр. ореви пола сецкани; пола мелени 500 гр. кори за баклава морско оревче 0,5 лимон цеден https%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2017%2Frecepti%2Fchokoladna-baklava-2%2F&layout=button_count&locale=mk_MK&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow - https%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2017%2Frecepti%2Fchokoladna-baklava-2%2F&layout=button_count&locale=mk_MK&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow - Во ренданата чоколада се додава циметот. Се зема една кора и се превиткува на пола. На неа се наросува една супена лажица рендани ореви, една супена лажица мелени ореви и две супени лажици рендана чоколада. Потоа кората се витка во тесен ролат. Се повторува постапката со сите кори кои се редат во подмачкано плехче. Баклавата се сече на димензија околу 6cm и се прелива со растопениот путер. Се пече во загреана рерна на 200 степени околу 20-тина минути, додека добие златно жолта боја. Испечената баклава се вади од рерната и над неа се попрскува малку морско оревче. Се остава да се олади и се прелива со топол шербет. Се покрива со фолија и се препорачува да преседи преку ноќ за доволно да се впие шербетот и да биде спремна за служење. https%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2017%2Frecepti%2Fchokoladna-baklava-2%2F&layout=button_count&locale=mk_MK&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow - Припрема на шербетот: https%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2017%2Frecepti%2Fchokoladna-baklava-2%2F&layout=button_count&locale=mk_MK&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow - Се ставаат шекерот и водата да вријат околу 10 – тина минути. Се додава сокот од лимон и рендана кора од лимон и се остава да вари уште 2 минути. Се остава да олади околу 5 минути пред да се прелие баклавата. https%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2017%2Frecepti%2Fchokoladna-baklava-2%2F&layout=button_count&locale=mk_MK&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow - Добар апетит! https%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2017%2Frecepti%2Fchokoladna-baklava-2%2F&layout=button_count&locale=mk_MK&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow -
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 07.Декември.2017 во 18:37
Домашна баклава на едноставен начинПодгответе вкусна баклава со помош на овој рецепт за кој многумина домаќинки тврдат дека е најефикасниот и најуспешниот метод за правење на овој турски специјалитет. Потребни состојки: ½ кг кори за баклава 200 гр сечкани ореви 3 јајца 1 прашок за печиво 1 чаша масло 1 чаша јогурт 3 кесички ванилин шеќер 3 чаши вода Начин на подготовка: Секоја кора премачкајте ја со фил, а секоја втора поросете ја со сечкани ореви. Кога сите кори ќе се потрошат, веќе направената баклава исечете ја на коцки, па печете на 150 степени. Направете прелив од шеќер, вода и ванила. Оставете шербетот да врие, па потоа прелијте ја баклавата. Послужете откако ќе се излади.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Декември.2017 во 20:42
Баклава со лешници- По рецепт на Лиле Атанасовска
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Декември.2017 во 20:50
https://moirecepti.mk/post/%D1%98%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%B1%D0%B0%D0%BA%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0" rel="nofollow -
Состојки
5 јајца
1 шоља шеќер
1 шоља масло
1 шоља млеко
1 шоља гриз
1 шоља брашно
1 шоља сечкани ореви
1 ванила
1 пециво
Прелив
1 шоља шеќер
1 и 1/2 шоља млеко
2 пакетчиња шлаг крем
Убедена сум дека нема никаква врска со Јапонија :), уште помалку со традиционалната баклава, ама така ми е запишана во стариот тефтер веќе 30 години.
За тестото, се бијат јајцата со шеќерот, убаво, да станат кремасти, се додаваат течните состојки, па на крајот и сувите, матејќи со миксерот на најслаба брзина.
Тестото се излива во ѓувеч тава, претходно намрсена и набрашнета и се пече на 200 степени.
Прелив- шеќерот на пониска температура карамелизирајте го, па турете го млекото. Кога убаво ќе се растопи, прелијте го преку тестото.
Одозгора премачкајте го со изматениот шлаг крем, а можете да го декорирате и со чоколадо. Исечете го на коцки и послужете го.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Декември.2017 во 20:53

https://moirecepti.mk/post/%D0%B1%D0%B0%D0%BA%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0-%D1%82%D1%80%D0%B8%D0%B3%D0%BE%D0%BD%D0%B8-%D0%BF%D0%BE%D1%81%D0%BD%D0%B0" rel="nofollow -
Состојки
500 гр. кори за баклава
300 гр. орев (пола мелен, пола сецкан)
100 гр. посно чоколадо
5 лажици гриз
5 лажици маргарин
200 мл. газирана вода
200 мл. масло
Шербет
800 гр. шеќер
700 мл. вода
Оревите пола ги мелиме на ситно, пола ги сецкаме, чоколадото го рендаме, го додаваме гризот и маргаринот и месиме да добиеме смеса како за визитни колачи. Од неа правиме топчиња колку орев и со тоа ги филуваме тригоните.
Земаме кора ја попрскуваме со масло со помош на лажица, потоа ја предиплуваме до пола и ја попрскуваме со газираната вода. Потоа од едната страна ја предиплуваме 1/4, а од другата страна преку веќе предиплената но не до крај. И на крајот ставаме од филот едно топче и виткаме триаголник. Баклавата цела ја попрскуваме со малку масло и газирана вода и ја печеме во зависност од релната.Постапката ја фотографирам со помош на салфета, видете во дополнителните фотографии, ако нешто не е јасно слободно пишете. Шербетот се вари стандардно, но не треба да е прегуст.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Декември.2017 во 20:55

https://moirecepti.mk/post/%D0%B1%D0%B5%D0%BB%D0%B0-%D0%B1%D0%B0%D0%BA%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D1%81%D0%BD%D0%BE" rel="nofollow -
Состојки
500 гр. готови кори
700 гр. мелени ореви
250 гр. шеќер
2 ванили
250 гр. маргарин
Шербет
400 гр. шеќер
300 мл. млака вода
2 ванили
Мргаринот се растопува.
Корите се разделуваат една по една и се сечат на 4 еднакви квадрати. Се зема еден квадрат и се премачкува убаво со растопениот маргарин и се става по една лажица од филот, се витка како сарма. Готовите баклави се премачкуваат со маргарин.
Од една кора се добиваат 4 парчиња баклава. Баклавата се печи во загреана рерна на 180 степени 20-25 минути (баклавата треба многу малку да зарумени). Баклавата се остава да се излади целосно, па потоа по 10ина прачиња се ставаат во потполно врел шербет и се оставаат во шербетот 3-4 минути се вадат и се валкаат во 300гр. од мелениот орев. На секои 10 парчиња шербетот се става на оган повторно да зоврие.
Фил
400 гр. од ситно мелените ореви се промешуваат со шеќерот и ванилите.
Шербет
Во тенџере се става шеќерот, водата и ванилите и се става на оган да зоврие 5 минути.
Забелешка
Баклавата е посува.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Декември.2017 во 20:58

https://moirecepti.mk/post/%D0%B1%D0%B0%D0%BA%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0-%D1%81%D0%BE-%D0%BA%D0%B0%D0%B4%D0%B0%D0%B8%D1%84" rel="nofollow -
Состојки
500гр. кори за баклава
200гр. ситно сецкани ореви
250гр. кадаиф
300гр. брусница
кора од лимон
4 лажици шеќер
2 ампули ванила
250гр. маргарин (путер за мрсна варијанта)
50мл. масло
Шербет
1кг. шеќер
500мл. вода
сок од 1 и 1/2 лимон
кора од лимон
2 ампули ванила
Необична можеби по состав, спој на кадаиф со кори, но супер е, ем сочна ем крцкава. Спојот на орев, брусница и кора од лимон е совршен.
Користев маргарин овој пат, поради постачите дома, но секако со путер е уште поубава.
1. Во подлабок сад искшете го кадаифот, промешајте со оревите, ванилата, шеќерот и кората од лимон. Во друг сад ставете ја брусницата. По желба може претходно да ја покиснете во малку рум или бренди.
2. Маргаринот/путерот растопете го и додадете го маслото.
3. Плехот во кој ќе редите, премачкајте го. Наредете 4 слоја кори помеѓу убаво премачкани со маргарин. (Јас редев во плех 40ка па корите се преклопуваа, од 2 кори се добиваа 3 реда). Потоа секоја наредна кора премачкајте ја и ставете од филот со ореви и кадаиф и по малку брусница. Нека ви останат 4-5 кори за од горе. Пресечете ја баклавата, прелијте ја со остатокот од маргаринот и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 220С. Кога ќе ја ставите намалете на 170-180С и печете 70-80мин. покриена да не загори. Пред крај тргнете ја фолијата и оставете да добие златно жолта боја.
4. Кога ќе ја ставите баклавата да се пече подгответе го и шербетот. Најубав шербет според мене е оној со размер 2-1 (шеќер-вода) па кога и да правам баклава го применувам тој сооднос. Сокот од лимон е исто по желба, можеби ви се чини дека е многу сок од 1ипол лимон, но и дава една убава освежителна нота на баклавата. Исто така овој пат не ставив парчиња лимон туку со лупалка го излупив лимонот и ставив само од кората. Шербетот треба да проврие 10тина мин, па оставете го да се лади. Веднаш штом ќе ја извадите баклавата ја попарувате со шербетот. Значи топла баклава - млак (топол) шербет. Оставате убаво да го впие шербетот па дегустирате.
Пријатен апетит !
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Декември.2017 во 21:00

https://moirecepti.mk/post/%D1%82%D1%80%D0%B8%D0%B3%D0%BE%D0%BD%D0%B8-%D1%81%D0%BD%D0%B8%D0%BA%D0%B5%D1%80%D1%81-%D0%B1%D0%B0%D0%BA%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0" rel="nofollow - - Тригони сникерс баклава
Состојки
500гр. кори за баклава
350гр. мелени кикирики
150гр. мелени бисквити
200гр. чоколада
250гр. масло
шербет
900гр. шеќер
700гр. вода
2 ванилин шеќер
1/2 лимон по желба Кикириките сите ги обожаваме затоа и се одлучив на овој состав. Мала измена претрпе мотањето т.е формите на баклавата. Сакав да се навратам на старите мотани баклави барем во моето мало имаше слаткарница која продаваше баклави со оваа форма кои беа превкусни...
Подготовка.
1. Почнувам со подготовка на шербетот кој треба да биде ладен. Во касерола ставете го шеќерот заедно со водата. Од кога ќе зоври оставете точно пет минути да врие.
Тргаме на страна и оставаме да се излади додека си ја подготвуваме баклавата.
2. Кикириките печени лупени ги мелеме, бисквитите исто така, чоколадата ја рендаме (кој сака може да си додаде шеќер околу 50гр. но за мене нема потреба).
3. Корите ги сечеме на три ленти. Една баклава ја формирам од две кори кои ги премачкувам со масло. На почеток до средина го нанесувам филот и мотам
(погледнете ги дополнителните слики)полесно ќе ви биде за подготовка.
4. Готовите баклави редете ги во подмачкана тава и печете на 200 степени додека не добие убава златна боја. Печената жешка баклава ја полеваме со ладниот шербет и ја враќаме во рерна додека не се излади и го впие шербетот.
Добар апетит!!!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Декември.2017 во 17:26

https://moirecepti.mk/post/%D0%B1%D0%B0%D0%BA%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0-%D1%81%D0%BE-%D0%BA%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D1%81" rel="nofollow - - Баклава со кокос, јогурт и јајца
Состојки
500гр кори за баклава
2 пакетчиња кокос
2 лажици афион
2 ванили
1 пециво
200 мл зејтин
400мл. јогурт
4 јајца
1 лимон
800 мл вода
1 кг шеќер
Користени Делимано пр
За почеток на оваа прекрасна баклава е потребно да го подготвиме филот кој е главен дел од баклавата.
Кршиме јајца и ги матиме пенесто. Кога смесата ќе се зголеми, се додава јогуртот и кокосот. Матиме пополека , додавајќи го афионот, пецивото и ванилата.Филот е подготвен.
Го намрсуваме тавчето во кое ќе ја редиме баклавата. Ја редиме првата кора, па попрскуваме малку масло. Ја додаваме втората кора, па попрскуваме од филот.
(Значи, да се разбереме...Како подлога на баклавата се две кори од доле на тавата.)
Потоа продолжуваме со редење. Повторно редиме кора и попрскуваме со масло, па пак кора, па фил. Редоследот е тој се до последните две кори, кои како и на почетокот, ќе се наредат кора, масло, кора.
На страна во мал сад мешаме една лажица масло и и вода една лажица колку да ја премачкаме баклавата, на површината.
Ја сечеме баклавата на коцки па потоа ја преполовуваме во вид на тријаголничиња.
Ја печеме додека не зарумени.
Дојде ред и на шербетот.
Во длабок сад на тивок оган ги промешуваме шеќерот и водата.
Оставаме да вријат убаво околу десет минутки. Го тргаме садот на страна да постои уште 5 минутки да престане да врие клуч* со би рекла баба ми. Додаваме сок од еден исцеден лимон.
Откако баклавата е печена и изладена убаво, попрскуваме една ванила.
Полека со кутлачка преливаме од шербетот на секаде. Така попарената баклава ја оставаме да отстои, да прими убаво шербетот. Јас обично ја правам еден ден однапред, за да упие убаво шербетот.
Епа на здравје пријателки
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Декември.2017 во 17:30

Баклава со ореви и кокос Состојки
0,5 кг кори за баклава
За филот потребно е
3 филџани(100мл) вода
200 гр шеќер
200 гр ореви
200 гр кокос
2 лажици какао
1 пециво
За шербетпотребно
600 шеќер
600 вода
половина лимон исечен на парчиња
потребно уште и
малку масло
малку гриз
малку газирана вода
За почеток на оваа прекрасна баклава е потребно да го подготвиме филот кој е главен дел од баклавата.
Кршиме јајца и ги матиме пенесто. Кога смесата ќе се зголеми, се додава јогуртот и кокосот. Матиме пополека , додавајќи го афионот, пецивото и ванилата.Филот е подготвен.
Го намрсуваме тавчето во кое ќе ја редиме баклавата. Ја редиме првата кора, па попрскуваме малку масло. Ја додаваме втората кора, па попрскуваме од филот.
(Значи, да се разбереме...Како подлога на баклавата се две кори од доле на тавата.)
Потоа продолжуваме со редење. Повторно редиме кора и попрскуваме со масло, па пак кора, па фил. Редоследот е тој се до последните две кори, кои како и на почетокот, ќе се наредат кора, масло, кора.
На страна во мал сад мешаме една лажица масло и и вода една лажица колку да ја премачкаме баклавата, на површината.
Ја сечеме баклавата на коцки па потоа ја преполовуваме во вид на тријаголничиња.
Ја печеме додека не зарумени.
Дојде ред и на шербетот.
Во длабок сад на тивок оган ги промешуваме шеќерот и водата.
Оставаме да вријат убаво околу десет минутки. Го тргаме садот на страна да постои уште 5 минутки да престане да врие клуч* со би рекла баба ми. Додаваме сок од еден исцеден лимон.
Откако баклавата е печена и изладена убаво, попрскуваме една ванила.
Полека со кутлачка преливаме од шербетот на секаде. Така попарената баклава ја оставаме да отстои, да прими убаво шербетот. Јас обично ја правам еден ден однапред, за да упие убаво шербетот.
Епа на здравје пријателки
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Декември.2017 во 17:32
https://moirecepti.mk/post/%D0%B1%D0%B0%D0%BA%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0-3" rel="nofollow - - Баклава со презла и ореви
Состојки
500гр кори
ФИЛ
180гр маргарин
120гр шеќер
1 лажица презла
2 јајца
200гр мелени ореви
100мл масло
ШЕРБЕТ
1000кг шеќер
600мл вода
Во подмачкан плех се редат половината од корите попрскани со масло. Над нив се става фил припремен вака:
Се матат јајцата со шеќерот и се додава маргаринот, презлата и мелените ореви.
Се реди другата половина на корите попрскани со масло. Се сече на коцки, ромбоиди и пече на температура од 180 степени
Оладената баклава се прелива со топол шербет.
Пријатно!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Декември.2017 во 17:35

https://moirecepti.mk/post/%D1%87%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%BD%D0%B0-%D0%B1%D0%B0%D0%BA%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0" rel="nofollow - - Карамел чоколадна баклава со презла
Состојки
1/2 кг. кори за баклава
- Фил
300 гр. мелени ореви
100 гр. грубо рендана чоколада за говење
100 гр. грубо рендана млечна чоколада
4 лажици презла
- За полевање на баклавата пред печење
100 мл. зејтин
70 гр. маргарин
- За шербет
800 гр. шеќер
600 гр. вода
1 ванила
- За глазура
100 гр. чоколада за готвење
6 лажици зејтин
Во еден сад се измешаат оревите, ренданата чоколада и презла. Се зема една кора и на почетокот на кората се става лажица и пол од предходно подготвената смеса, се распоредува на средината (како на сликата подолу) и кората се преклопува од двете страни и се витка во цврст ролат. Постапката се повторува со сите кори. Колку кори, толку ролати баклава.
Потоа завитканите ролати се редат во првоаголен плех и се сечат, од еден ролат се добиваат 3 парчиња (види слика). Откако ќе се насече баклавата се полива со растопен маргарин и зејтин и се пече на 200 степени додека убаво не порумени.
Во меѓувреме се подготвува шербетот.
Се става околу 200 гр. шеќер на оган да се растопи како карамел и се додава водата, па после останатиот шеќер. Се вари шербетот додека да се стопи карамелот. Се трга шербетот од оган пред да почне за врие. И после се додава една ванила и мало парче лимон.
Баклавата откако ќе се испече, топла (штом се извади од рерна) се полива со шербетот. Убаво се покрива со целофан или фолија, па преку тоа и со пешкир. Така подготвената баклава се остава да го впие шербетот најмалку 12 часа.
Кога баклавата ќе го впие целиот шербет се полива со предходно растопена чоколада на пареа со 6 лажици зејтин. Може да се декорира по желба со бела чоколада и сл.
Оваа е мојата прва баклава, која ја имам направено безброј пати во последните 5 години. Многу е вкусна и лесна за правење.
Оваа баклава може да биде и посна доколку не се става млечно чоколадо, само посно.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Декември.2017 во 15:27

https://moirecepti.mk/post/%D0%B1%D0%B0%D0%BA%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0-%D0%BD%D1%83%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%B0" rel="nofollow - - Баклава Нутела Состојки
500 гр или 1 паковање од најтенките кори за баклава
Состојки за филот
2 млечни чоколада или Ноисет
400 гр лешник
2 кесички ванилин шеќер
За премачкување на корите
1 маргарин
300-400 гр масло
Состојки за шербетот
1 кг шеќер
750 гр вода
1 кесичка ванилин шеќер
Оваа баклава спремана по овој рецепт многу потсетува на вкусот на нутела...
1. Најпрво се растопува маргаринот со маслото на оган
2. Лешниците 100 гр се сецкаат, а останатите 300 грама ситно се мелат и се мешаат со изренданото чоколадо и двете ванили - ова ни е филот
3. Се филува по следнава постапка - се зема првата кора и малку се премачкува со истопеното масло со маргарин и врз неа се става втората кора која исто се премачкува со маргаринот и маслото, врз втората кора се нанесува од филот и врз неа се става третата кора, таа исто така се премачкува и врз неа се става четвртата кора која се премачкува и врз неа се става пак од филот. Потоа се зема сукало и сите кори се ролуваат на сукалото при што треба ширината на ролатот да ни биде колку пошироката страна од корите. Потоа корите нежно се насобираат кон средината за да добиеме изглед на армоника и со туркање се острануваат од сукалото и се редат во подмачкан плех. Ова е начинот за подготовка на еден ролат, а треба да добиете вкупно 9 вакви ролати - последниот е со три кори
4. Откако ќе ги направите ролатите ги сечете на мали ролатчиња и со остатокот од растопениот маргарин и масло кој малку ќе го загреете ја потурате баклавата помеѓу пресеците на ролатчињата и ја ставате да се пече на 50-60 мин на 150 степени , внимавајте да не ви изгори.
5.Ги варите водата,ванилиниот шеќер и шеќерот и пред крајот им ги додавате исечените парченца лимон и ја потурате оладената баклава со врелиот шербет
6. Оставате да отстои еден ден, при тоа после 12 часа ја превртувате од другата страна за да убаво го впие шербетот
Доколку не ви оди собирањето на корите во армоника на сукалото тогаш едноставно соберете ги во обичен ролат без сукало (овој рецепт си го измисли брат ми, а тој е мајстор кога ги прави, јас бидејќи некако не успевам да ги насоберам толку добро како него си ги роловам без сукало) - еве да признаам и во јавност дека брат ми ме шие во кујна хехехе
И најважниот совет е кога ги правите корите покријте ги со не многу влажна крпа и при секое вадење на кора, крпата пак ставете ја преку корите - така нема да ви бидат суви и полесно ќе можете да ги ролувате и собирате - ете ова е уште еден заклучок кој брат ми си го донел и ми го кажа хехехехе ,а јас го споделувам со вас за да не се нервирате како мене - бидејќи ако ви се суви ќе се ронат и кршат
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 08.Мај.2018 во 21:12

https://moirecepti.mk/post/%D0%B1%D0%B0%D0%BA%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0-%D1%81%D0%BE-%D1%81%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%BA%D0%BE-%D0%BE%D0%B4-%D1%81%D0%BC%D0%BE%D0%BA%D0%B2%D0%B8" rel="nofollow - - Баклава со слатко од смокви
Состојки
500гр. кори за баклава
150гр. мелени ореви
200гр. рендано, чоколадо за готвење
20тина смокви од слатко
125гр. маргарин
за шербет
3 чаши шеќер
2 чаши вода (чаша од 200мл)
Вкусна и многу сочна баклава. Слаткото од смокви и семките на смоквите и даваат многу специфичен вкус.
Прво, подгответе си го филот со кој ќе ги поросувате корите. Значи оревите се мелат, чоколадото се ренда, а слаткото од смокви се сецка на ситни парченца.
Потоа следи редење на корите. Се подмачкува четвртастиот плех со маргарин и прво во него се стават три кори, кои претходно една до друга се попрскуваат само со масло. По третата кора, се попрскува масло, се наросува со мелени ореви и со чоколадото, па на крај се разредуваат и сецканите смокви. На наредното ложење на кората, постапката е слична, само наместо смокви се попрскува кората со сокот од слаткото од смокви.
Значи, на секоја кора се става масло, ореви и чоколадо, а наизменично (преку една) се ставаат смоквите, па сокот од слаткото.
Последните две кори се попрскуваат само со масло.
Потоа баклавата се сече на коцки и се полива со растопениот маргарин. Се пече на 200степени додека да зарумени.
-За подготовска на шербетот
Се ставаат водата и шеќерот да зовријат
Баклавата треба да биде ладна и се полива со жежок шербет. Шербетот се става врз баклавата веднаш откако ќе започне да врие, но постепено и останатиот шербет не се трга од оган се додека не се потроши цел. Се остава да отстои околу една вечер.
Забелешка
- Филот ќе го делите од око, спрема бројот на тоа колку кори има во пакувањето.
Оваа баклава е ложена, но може корите да ги мотате и како ролат и како триаголници, со тоа што ако се одлучите за триаголна форма на баклавата, можете во секое парче да оставате по една цела смоква, но да не се преголеми.
На здравје, со чаша ладна вода!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 08.Мај.2018 во 21:14
Баклава со кикиритки и вишни
Состојки
500 гр готови кори
3 јајца
150 гр мелени потпечени кикиритки
50 гр сусам потпечен
100 гр чоколадо бело рендано
150 гр мелени бисквити
100 мл масло за јадење
7-8 лажици шеќер
1 ванила
300 гр вишни исчистени од семките, свежи или замрзнати
400 мл кисело млеко
100-150 гр ореви сечкани
1 печиво
150 гр маргарин (за полевање на корите)
За шербет
300 мл сок од вишни (може исцедениот од замрзнатите )
650 гр шеќер
1 ванила
1/2 лимон исечен на кругови
1. Бисквитите кикиритките сусамот, шеќерот, ванилата и ренданото чоколадо се промешува се заедно се меша и со него се прскаат корите и со по 1 лажица масло за јадење
2. На секоја кора се прска масло за јадење и по 3 лажици од сувиот фил. На секоја кора се попрскува сечкани ореви.
3. Кога ќе дојдеме на пола од корите, се става филот од кисело млеко, вишни, јајца, гриз и малку шеќер, па две кори една врз друга попрскани и со малку масло за јадење и потоа се попрскува пак со сечкани ореви и пак се продолжува со попрскување на останатата половина од корите со масло за јадење и сувиот фил од кикиритки.
4. Пред печење се порскува со стопен маргарин и се сече на коцки. Откако ќе се испече се досекува
5. Откако ќе се наредат во тава попрскано со малку масло за јадење, се полеваат ролатчињата со растопениот маргарин и се ставаат да се печат околу 20 мин на т од 180 С
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 08.Мај.2018 во 21:17
Ложена баклава
Состојки
500 гр кори за баклава
400 гр ореви
фил
1 канче (450-500гр) кисело млеко
1 канче шеќер
1 канче зејтин
4 прашок за пециво
шербет
900 гр шеќер
500 мл вода
1/2 лимон
Ова според мене е најубавата и највкусната баклава, кој пробал знае.
Најпрво го подготвуваме филот. Го истураме киселото млеко во еден поголем сад, потоа канчето ни служи за мерка за шеќерот и зејтинот. Ги додаваме сите состојки со прашокот за пециво и мешаме со миксер 1-2 мин, да се добие хомогена смеса.
Започнуваме со редење, го подмачуваме плехот со зејтин и ставаме една кора па премачкуваме од филот, па втора кора, па на третата од филот и плус поросуваме од оревите. Оревите малку во сецко да не се мелени туку како кршени на покрупни парчиња. И продолжуваме така да редиме до крај.
Кога сме веќе готови ја сечеме на коцки или на триаголници , по ваша желба.
Се пече на 180 С околу 25 - 30 мин додека да порумени убаво.
Ја оставаме на страна да се одмори и излади и откако е изладена го подготвуваме шербетот.
900 гр шеќер со 500 мл вода и парчиња лимон се оставаат да зовријат. Откако ќе почне да врие чекаме точно 8 мин и шербетот е готов, поливаме убаво и полека врз баклавата.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 08.Мај.2018 во 21:18
Ѓул баклава
30 мин – 60 мин
Состојки
500гр танки готови кори
за премачкување
150мл масло
100мл кисела вода
шербет
500гр шеќер
400мл вода
сок од половина лимон
полнење
1 пудинг од ванила
300мл вода
2 лажици шеќер
150гр мелен орев
150гр мелени бисквити -плазма
1/2 лажиче цимет
Совршенство од баклава, само толку ќе кажам.
На вас останува да ја направите, верувајте нема да зажалите
Во еден сад ги ставаме водата и шеќерот.
Од кога ќе зоврие, оставме да вари 5 минути.
Тргаме од оган и додаваме сок од лимон.
Оставаме шербетот потполно да се олади.
Во друг сад ги ставаме водата и маслото, да зовријаат само 5 секунди.
Тргаме на страна.
Во друг сад ставаме 300 мл вода, додаваме шеќер, прашок за пудинг и вариме на тивок оган до згуснување.
Тргаме од оган.
Одма додавме мелен орев и мелени бисвкити, цимет,
соединуваме.
Ги броиме корите и ги делиме на 3 дела.
Од првиот дел земаме кора, со четка мачкаме од течноста, па втора кора, па премачкуваме, па трета кора, па премачкуваме, па четврта, кора., петта .... па ставаме од подготвениот фил.
Постапката е иста со сите кори.
Добиените ролати ги ставаме во замрзнувач на 30 минути.
Потоа со остар нож ги сечиме на парчиња, одприлика дебели по 3 см.
Ги редиме во тава за печење, со пресечената страна на горе.
Печиме на 170 с, околу 45 минути.
Топлата баклава ја прелеваме со ладниот шербет.
Наредниот ден послужуваме од оваа убавина и уживаме во прекрасниот вкус.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Мај.2018 во 08:42
БАКЛАВА СО АФИОНСКО СЕМЕ
Потребни продукти: ½ кг кори, 3 јајца 500 грама шеќер 150-200 грама афионско семе 1 пециво 1 ванила 1 шолја (250 мл) зејтин 1 шолја (250 мл) кисело млеко За шербет потребни: 700 грама шеќер (или малку помалку зависи од вкусот) 700 мл вода Подготовка: < width="630" height="60" border="0" marginwidth="0" marginheight="0" ="0" ="0" allowtransparency="true" scrolling="no" allowfullscreen="true" id="aswift_1" name="aswift_1" style="left: 0px; : ; top: 0px; width: 630px; height: 60px;"> Се подмачкува подлабоко правоаголно тавче со зејтин. Се матат јајцата како за торта заедно со шеќерот и се додаваат по ред сите останати продукти. Се мешаат убаво и подготовката може да почне. Секоја кора се сече на половина. Се става првата на дното од тавчето и се мачка со филот што го направивме. Потоа се става втората, па пак се мачка и се така додека не ги потрошиме сите кори. Последната не ја мачкаме со фил. Ги сечеме на коцки или ромбови. Ги ставаме во загреана рерна на 180 степени. Се пече околу 15 минути, потоа температурата се намалува на 150 степени и се пече уште 30 минути на таа температура. Потоа се вади од рерна. Се посипува со ванилин шеќер и се полева со топол шербет. Шербетот претходно го подготвуваме со 700 грама шеќер (може и помалку зависи од вкусот) и 700 мл вода. Не треба да биде многу густ. Се остава да се олади, а шербетот да ги омекне корите, односно да се впие во баклавата. Најпосле баквата е подготвена за конзумирање.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 01.Јуни.2018 во 09:29
Баклава Копенхген
Состојки
1 кг кори
Фил 1
150 гр шеќер во прав
250 гр маргарин
2 јајца
1 лажица пециво
150 гр гриз
сок од половина лимон
1 ќесичка ванила
Фил 2
150 гр шеќер во прав
200 гр мелени ореви
2 јајца
кора од еден лимон
Шербет
1,5 кг шеќер
1 литар вода
1 ќесичка лимонтус
1-2 ќесички ванила
Најдобро е прво да ги подготвите и двата фила, па потоа само да редите.
Фил 1
1. Се делат белките од жолчките и од нив се мати цврст снег. Го оставаме садот настрана.
2. Во посебен сад најпрво се мати маргаринот со шеќерот во прав, а потоа му се додаваат и жолчките. Матиме убаво и постепено ги додаваме лимоновиот сок, ванилата, пецивото и гризот. На крај го ставаме и снегот од белките и матиме се дури смесата да се воедначи.
Фил 2
1. Се делат белките од жолчките и од нив се мати цврст снег. Го оставаме садот настрана.
2. Во посебен сад почнуваме да ги матиме жолчките и откако ќе станат пенести почнуваме со постепено додавање на шеќерот во прав. На крај ги ставаме кората од лимон, мелените ореви и снегот од белките и матиме се дури смесата да се воедначи.
Редење
1. Корите поделете ги на 3 дела. Не мора прецизно,освен ако сакате така. Јас секогаш ги делам од око,да бидат приближно еднакви делови.
2. Плехот намрсете го со зејтин, на дното и по страните, но не премногу. Почнуваме со редење на тој начин што се ставаат 2-3 кори, па пак намрсуваме со тенок конец зејтин и се така дури да ја потрошите првата третина. На кората врз која се филува не треба да има зејтин.
3. Го нанесуваме првиот фил, па почнуваме со редење на втората третина од корите. Препорачливо е првата кора што ќе ја ставите над филот да ја намрсите. Продолжуваме да редиме на ист начин како и претходно.
4. Кога ќе ја протрошиме и втората третина, го нанесуваме вториот фил, кој е малку полеплив и потежок за размачкување. Над него ја редиме последната третина од корите.
Секогаш по неколку наредени кори убаво притиснете.
5. Исечете ја по Ваша желба и намрсете ја убаво најгорната кора. Не ставајте зејтин пред сечење бидејќи ќе ви оди многу потешко и внимавајте да не стискате пресилно, па филот да почне да излегува.
Велат мајсторијата на баклавата се познавала во сечењето. Е јас малку како калфа сечев и се вцрвив од што беше дебел слојот.
Се пече 1 час во претходно загреана рерна на 175-180 степени Ц.
Кога е готова треба горната кора да е заруменета,а кога ќе го протресете плехот напред-назад да „игра„ во него,односно лесно да се одвојува од краевите.
За шербетот, ставете ги сите состојки заедно и откако ќе зовријат оставете ги да вријат околу 5-10 минути.
Доколку не сакате да ставите лимонтус, може да го замените со сок од еден лимон, но тој не го дава потполниот интензитет на вкусот.
Сепак оставам според Ваша желба.
На крај оладената баклава се прелива со врелиот шербет или обратно, претходно сварениот и оладен шербет се прелива преку баклавата веднаш штом ја извадите од рерна.
Димензиите на плехот можат да варираат, а ништо страшно и ако корите се редат преклопени на две. Ако пак се подолги подвиткајте им ги краевите.
Најубаво е баклавата да одстои барем 2 дена пред сервирање, со оглед на тоа што еден од филовите содржи гриз.
Бујрум!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 01.Јуни.2018 во 09:31
Ѓул баклава
Состојки
500гр танки готови кори
за премачкување
150мл масло
100мл кисела вода
шербет
500гр шеќер
400мл вода
сок од половина лимон
полнење
1 пудинг од ванила
300мл вода
2 лажици шеќер
150гр мелен орев
150гр мелени бисквити -плазма
1/2 лажиче цимет
Во еден сад ги ставаме водата и шеќерот.
Од кога ќе зоврие, оставме да вари 5 минути.
Тргаме од оган и додаваме сок од лимон.
Оставаме шербетот потполно да се олади.
Во друг сад ги ставаме водата и маслото, да зовријаат само 5 секунди.
Тргаме на страна.
Во друг сад ставаме 300 мл вода, додаваме шеќер, прашок за пудинг и вариме на тивок оган до згуснување.
Тргаме од оган.
Одма додавме мелен орев и мелени бисвкити, цимет,
соединуваме.
Ги броиме корите и ги делиме на 3 дела.
Од првиот дел земаме кора, со четка мачкаме од течноста, па втора кора, па премачкуваме, па трета кора, па премачкуваме, па четврта, кора., петта .... па ставаме од подготвениот фил.
Постапката е иста со сите кори.
Добиените ролати ги ставаме во замрзнувач на 30 минути.
Потоа со остар нож ги сечиме на парчиња, одприлика дебели по 3 см.
Ги редиме во тава за печење, со пресечената страна на горе.
Печиме на 170 с, околу 45 минути.
Топлата баклава ја прелеваме со ладниот шербет.
Наредниот ден послужуваме од оваа убавина и уживаме во прекрасниот вкус.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 16.Април.2021 во 09:28
Баклава која се прави за 20 минути
Брза баклава која се пече само 20-на минути. Состојки: - 1 пакување кора за пита - 125 гр. путер - 1 или 1/2 шолја ореви - 3 шолји шеќер - 2 шолји вода Подготовка: Поделете ги корите на 2 еднакви делови. Врз едната половина истурете 1/3 растопен путер и половина од грубо мелените ореви. Завиткајте добро во ролна и повторете ја постапката со другата половина од кората. Исечете ги ролатите на К*ргови со големина од околу 2-3 сантиметри и наредете ги во премачкана тава - вертикално, како чинии. Одозгора истурете го преостанатиот растопен путер. Ставете ја баклавата да се пече во умерено загреана рерна, на 180 степени околу 20-25 минути или додека не добие убава розова боја. Подгответе шеќерен сируп со ванила, оставете го да проврие неколку минути. Откако малку ќе се излади, прелијте го врз изладената баклава. Врз баклавата ставете ореви и сервирајте откако малку ќе отстои.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|