IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Општо > Животински и растителен свет
  Активни теми Активни теми RSS - Мачки (и мачори)...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Мачки (и мачори)...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 14>
Автор
Порака
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Мачки (и мачори)...
    Испратена: 15.Февруари.2014 во 00:20


Не сум приметила досега дека имаме посебна тема за кучиња, а немаме за мачки...
Како сме дозволиле таква дискриминација? трепкање

Ги сакате ли мачките, дали сте чувале/чувате во моментот, проблеми со исхрана, негување, болести, парење, паразити и се околу мачките на темава.
Не мора да е само со слики.
Имаат посебен карактер, независни, своеглави и каприциозни, можеби затоа и посебно сакам мачки.
Знаат како да го добијат од тебе тоа што го сакаат, закачливи се и ќе те заиграат баш и кога не ти е до игра.

Кој го интересира повеќе за мачките, да си прочита на викито оти мене ме мрзи да препишувам за уводплазење

Две сликички од мојот Мичо: каков го зедов и каков шкембар го направив за година иполљубов








Изменето од Анастеа - 15.Февруари.2014 во 00:20
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2014 во 00:29

Зошто да чувате мачка?

Мачките се неверојатно слатки, мили и нежни суштества. Постојат многу причини зошто да чувате едно такво животинче дома. Еве некои од најинтересните.

Зошто да чувате мачка?

Имаат меко крзно

Една од најдобрите причини зошто да чувате маче е нивното убаво, меко крзно. Тие се толку нежни и рунтави што едноставно не може да им се одолее. Ќе сакате цело време да ги гушкате и да си играте со нив. Едноставно се прекрасни.

Лесни се за одржување

Мачките се многу лесни за одржување. Тие се одлични за луѓе кои се премногу зафатени. Вие само ставете им доволно храна, тие самите се негуваат, си ги средуваат ноктите и се мијат.

Зошто да чувате мачка?

Независни се

Добрата работа кај мачките е што не мора секогаш да сте со нив. И да излезат надвор, паметните мачки секогаш ќе се вратат дома кога ќе бидат гладни. Затоа, нема потреба од грижи.

Мирни чувари

Мачките имаат остри нокти, опасни очи и изострен слух на кој ништо не може да му избега. Можеби нема да ве разбудат со силен лаеж, но бидете сигурни дека држат сѐ под контрола.

Зошто да чувате мачка?

Сакаат да си играат

Мачките навистина сакаат да си играат. Тие на новиот, убав кауч гледаат како на ново место за истражување и играње, а секој предмет што им изгледа интересен, веднаш станува нивни плен.

Мрзливи се

Мачките се доста мрзливи суштества. Тие само зеваат, спијат, јадат и уживаат во топлата атмосфера на домот. Никако не смеете да им бидете љубоморни на тоа.

Зошто да чувате мачка?

Сакаат да се галат

Мачките уживаат да се галат, а најмногу ценат кога тоа го прават со вас. А, ако вие не сте расположени, ви го земаат мобилниот, далечинскиот управувач или што и да користите во моментот, само за слатко да ве нервираат.

Дружељубиви се

Мачките се многу опуштени животни. Не мора да се грижите ако донесете уште некој папагал или кученце дома. Тие веднаш ќе се приспособат на новата ситуација и срдечно ќе ги прифатат.

Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21942
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2014 во 00:59





Изменето од Gabriela_S - 19.Февруари.2014 во 00:27
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2014 во 08:49

Како на мачката да ѝ го олесните долгото патување со автомобил


Често може да прочитате совети за тоа како да го подготвите вашето куче за пат и како да му го олесните патувањето. Кучињата почесто ги носиме со нас на патување затоа што знаеме дека потешко го поднесуваат нашето отсуство. Меѓутоа, во некои ситуации и мачките треба да патуваа со нас

macka vo kola

Сместете ја во голем жичен кафез во кој ќе ставите многу предмети што ѝ се драги и до кои може да си легне

За почеток, подгответе место во автомобилот што ќе ѝ се допадне, наместо да ја затворите во кафез што ја потсетува на одењето кај ветеринар. Наместо транспортер, пробајте со голем жичен кафез во кој ќе ставите многу предмети што ѝ се драги и до кои може да си легне во текот на патувањето.

Страничните прозори од возилото можете да ги покриете со некаква хартија, секако, ако тоа не ви пречи во возењето, за мачката да не се плаши од брзото движење. За да ѝ го направите патувањето поудобно, можете дури и автомобулот да го попрскате со феромони, кои можете да ги купите во пет-шоповите.

Погрижете се и за амбиентот. Ако знаете дека мачката е нервозна во автомобил, набавете музика и звуци што ѝ одговараат. Какви звуци сакаат мачките, можете лесно да најдете ако малку пребарате на Интернет.

Правете паузи во текот на патувањето за да ја пуштите да прошета во возилото, но ако е вознемирена, внимавајте да не ви побегне. Додека возите, не вадете ја од кафез за да не ви пречи во возењето.

Кога ќе стигнете на посакуваната цел, не пуштате ја да скита во околината, додека не се навикне на новата околина. Ставете и синџирче со адреса за да можете полесно да ја најдете во случај да се изгуби, истражувајќи го местото што ѝ е ново и непознато.

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2014 во 12:46

Јас не сум патувала до сега со мачорот во кола. И не би се нафатила на таков потфат на подолг пат, освен ако не е нешто итно за до ветеринарот.не знам

Еднаш го носев на ветеринар, беше преплашен во колата и плачеше како што плачат малите деца.
На враќање од ветеринарот до дома, не знам како издржав. Не расплача сите во колата, одвај чекав да стигнам дома.
Едно жално завивање, ми се скина срцето.
Кога си дојдовме дома, само што ја виде вратата, влезе и се смири, ама трепереше како лист.
Мислам дека има трауми од патување, колку и да му го направам пријатен амбиентот во колата...
Не можат да ги поднесат тие вибрации и не би го мачела повторно, а ни јас со него.тага





Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21942
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2014 во 13:09





Изменето од Gabriela_S - 19.Февруари.2014 во 00:38
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2014 во 13:09

Одвај го видов мачето кај е.хи, хи...
Ова е тоа без опавчето?

Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21942
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2014 во 13:13
абе тоа без опавчето погоре го ставив, над постот од Емил...е тоа кратко време беше мое хи, хи...
па го дадов на посвојување трепкање
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2014 во 13:17

Е ова некое трето ли е?
Колку мачиња врткаш околу тебе? изненадување

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2014 во 13:26

Ова додека ми помагаше при новогодишното украсување...хи, хи...


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2014 во 16:38


Мојата мачка е многу слаба иако јаде нормално

Имам две женски мачки. Едната има година и два месеци и е стерилизирана, а другата има единаесет месеци и не е стерилизирана. Постарата мачка изгледа добро ухранета, дури може да се каже дека има и вишок тежина. Но, помалата е многу слабичка. Плешките и колковите ѝ се силно изразени, а исто така ѝ се гледаат и ребрата. Двете мачки ги хранам двапати дневно со сува храна, а на помалата поради тоа што е толку слаба еднаш дневно ѝ давам и храна од конзерва или паштета и тоа ѝ го давам настрана за да не може постарата да ѝ ја изеде храната. Но, и покрај додатната храна мачката и понатаму е слаба. Дали нешто не е во ред со неа? Што да направам за да ја доведам до нормална тежина? Не знам дали ќе помогне, но мачката беше во циклус пред нешто повеќе од еден месец.

Одговор:

Можно е да станува збор за едно од следниве три работи. Едната можност е дека вашата мачка има паразити. Тоа можете да го проверите со тоа што ќе отидете во Лабораторијата за паразитологија и паразитарни заболувања при Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје, каде што ќе се провери изметот на мачката и, откако ќе се утврди дали и каков паразит има вашата мачка, ќе ѝ се пропише соодветна терапија. Доколку досега ја немате прочистено мачката од паразити можете сега тоа да го направите.

Втората опција е дека слабоста на вашата мачка е резултат на тоа што пред еден месец таа имала еструс (полов циклус). За време на половиот циклус мачките трошат многу енергија, а во исто време не покажуваат многу интерес за јадење. Ако по завршувањето на нејзиниот циклус мачката продолжила да јаде нормално, тогаш за некое време таа ќе си ја врати тежината на нормала, освен ако повторно не влезе во циклус. Доколку се решите да ја стерилизирате и помалата мачка, тогаш таа веќе нема да троши толку енергија поради тоа што веќе нема да влегува во циклус и дури ќе почне да качува тежина.

Третата опција е дека вашата помала мачка не стига да го изеде својот дел од храната поради тоа што постарата веќе го изела и нејзиниот дел (рековте дека постарата изгледа како да има вишок тежина). Ова можете да го проверите со тоа што ќе ги храните двете мачки одвоено. Ако помалата мачка си ја изеде храната и понатаму продолжи да биде слаба, тогаш станува збор за некој друг проблем.

Проверете ги овие работи, а доколку вашата мачка и понатаму остане слаба, тогаш однесете ја на ветеринар за подетални анализи.

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2014 во 18:33
Сакам мачиња и сум чувала. Добро е што не одземаат премногу време.
Омилена ми е руската сина мачка







Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21942
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2014 во 22:26
Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:


Е ова некое трето ли е?
Колку мачиња врткаш околу тебе? изненадување


па што љубител ќе бидам само со една мачка хи, хи...
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2014 во 22:32

Е сега ми ја кажа...изненадување
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 14>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.