IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Кошарка и ракомет
  Активни теми Активни теми RSS - ЛШ - Ракомет
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ЛШ - Ракомет

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
Автор
Порака Обратен редослед
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2014 во 11:02
Вардар одигра нерешено со Хамбург so 28:28 ... Иако ова е голем успех со оглед на тоа дека Хамбург е минатогодишниот носител на титулата во ЛШ момците од Вардар ќе мораат да го дадат својот максимум на реванш натпреварот кој го играат на гости. 

Металург извојува победа над Колдинг со 23:17 и тие се на чекор пред четвртфиналето. Дарко станиќ во елемент со 14 одбрани и Ренато Вугринец со 13 погодоци му овозможија убава победа на тимот од Автокоманда.  Вугринец е на првото место на листата на најдобри стрелци во ЛШ.
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2014 во 14:44
На Вардар му се падна минатогодишниот освојувач на ЛШ - Хамбург, додека Металург ќе има нешто полесна задача против данскиот КИФ Колдиг.

Првите натпревари ќе се играат на 19-ти и 23-ти март, додека реванш натпреварите се седум дена подоцна.
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2014 во 21:56
Тешки противници,али со игра ко вчера Металург може да се надева на пласман.

Вардар тешко некако оди,ќе видиме што ќе се случи.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2014 во 12:06
Металург ја победи големата Барселона во „Борис Трајковски“ со 31:29 во последниот натпревар од групната фаза( забава)
Подршката од публиката во преполната сала овој пат не изостана. Па така македонскиот вицешампион уште од почетокот на натпреварот постави добро темпо.
Со оваа победа Металург остана на третото место во групата Ц зад Барселона - која е прва и ПСЖ како втор. 
----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Од друга страна Вардар загуби во Париз со 35:25 и се најде на четвртата позиција зад Металург. 
----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Сега дури и познати се можните противници на Вардар и Металург во 1/8 финалето на ЛШ.
Металург како можни противници може да ги добие Фленсбург од Германија или данскиот Колдинг. 
Додека за Вардар противникот ќе биде потежок германските Кил и Хамбург или унгарскиот Веспрем. 

Извелкувањето е закажано за вторник во 12 часот во Виена. 
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2014 во 12:14
Вардар со убедлива победа против Вакер Тун од Швајцарија во 9. коло на групата Ц во Лигата на Шампионите. 
Македонскиот ракометен првак овој натпревар го заврши со резултат 32:25.

Вториот македонски претставник во ЛШ - Металург денеска пред нов предизвик против Брест Мешков од Белорусија во 16 часот. 
Тие останаа непоразени во дуелот со Динамо Минск минатата недела со резултат 23:23.
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Ноември.2013 во 13:42
Ова оти го налутија НаумЧе .... многу .... голема насмевкаплазење
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7055
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2013 во 22:27
Металург му се реваншира на Вардар

Екипата на Металург славеше против Вардар на гости со 26-18 во вториот меѓусебен дуел од ракометната Лига на шампионите и му се реваншира за поразот од пред десет дена.
Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2013 во 20:23
Слабо некако металурговци одиграа...замисленост
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2013 во 09:40
Вардар го совлада Металург со 27:22 ..... 

Во секој случај заслужено ..... 
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2013 во 15:54
Вечерва во 20.00 часот првиот двомеч од големото дерби во ЛШ ... за прв пат две на екипи голема насмевка Металург - Вардар ...

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2013 во 10:53
Неверојатен финиш на Вардар ..... но да не се заборави и креативноста на КОМИТИ ....голема насмевкааплауз



Изменето од Blue Scarlet - 14.Октомври.2013 во 10:57
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2013 во 21:35
ТРЕНЕРОТ НА ВАРДАР МНОГУ РИЗИКУВАШЕ
Пред натпреварот со ПСЖ решивме да одиграме со тројца голмани и со само еден десен бек што беше своевидна коцка, која на крајот се покажа како добитна комбинација, беше објаснувањето на тренерот на Вардар, Андон Бошковски, за немањето алтернатива за Алекс Душебаев во нападот, кој мораше да ги одигра речиси сите 60 минути во вечерашното реми во мечот од Лигата на шампионите.

Петриќ не беше во составот поради повреда на зглобот поради што наместо да внесеме десно крило да одиграме со еден чувар на мрежата повеќе. Обично не се коцкав, но вечерва добив. Честитки на моите ракометари за добрата игра. Цело време бевме во некоја негатива, се враќавме, а на крајот имавме напад за победа, но, за жал, не успеавме да погодиме. Мислам дека сите треба да бидеме задоволни од ова. Нам овој бод многу ни значи во комбинациите што ги правиме. Со ова реми и со евентуален добар резултат против Тун следната недела ќе дојдеме до шанса да дојдеме до пласман меѓу четирите најдобри“, дополни стратегот на црвено-црните.

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Октомври.2013 во 20:27
Барселона - Металург 35:17 (17:5)
По втор пат во неполн месец, македонски ривал се обиде да застане на патот на Барселона во Лигата на шампионите. Скопски Металург како лидер во групата Ц, пристигна во Каталонија против Лазаров и другарите. Капитенот на нашата репрезентација, за прв пат во карирата играше официјален натпревар против клубот од Автокоманда. Мечот одлично го отвори Дарко Станиќ и му го одбрани седмерецот на Хуанин Гарсија.
Но во наредниот напад, по грешката на Н. Мојсоски, од контранапад Раул Ентрериос го отвори резултатот (0:1). Лазаров со атрактивен скок-шут во третиот домашен напад го „начна„ Станиќ за одличен старт на каталонците. Дури по шест минути игра и 6-7 неуспешни напади, Дејан Манасков од бековска позиција погоди за прв пат за Металург, и тоа со човек помалку по исклучувањето на Вугринец (2:1). Лазаров и Станиќ како да имаа персонален дуел и од вториот обид, македонецот од Барселона погоди за 3:1. Томас и Седрик Сорондо со два рутински гола од своите позиции зголемија на 5:2 во 11 минута. Одбраната на Барселона делуваше како „непробоен зид„ и пречесто ги принудуваше гостите на технички грешки и лесни голови, како оној на Хуанин Гарсија за 6:2 и тајм-аут за Червар. Реакцијата на македонскиот вицешампион беше видлива и инвидуалностите на Наумче Мојсоски и Павел Атман со два гола, намалија на 6:4. Но домашната екипа веднаш понуди одговор и со две „бомби„ на Карабатиќ и Лазаров, фаворитот дојде до 8:4. Најдобриот во таборот на шпанскиот првак, Лазаров „улови„ контранапад и со четвртиот гол во половина полувреме, предноста ја донесе до +5. Победникот беше одлучен кога капитенот Томас со три реализации од контра донесе 12:4 за Барселона „Бродоломот„ на Металург на цели 10 минути без топка зад грбот на Штербик, лесно донесе нови голови за домашната екипа. Раул Ентрериос без скок-шут и на Даниел Сармиенто на идентичен начин, носат 14:4 во 23 минута. Кога Страновски реализира седмерец за +11, серијата на дрим-тимот на Пасквал достигна 9:0 за неполни 10 минути. На почетокот на 29 минута, русинот Атман го „скрши каталонскиот зид„ за 16:5. Првиот дел заврши со голот на Нодесбо за +12 и седмата интервенција на Арпад Штербик, за преубедливо прво полувреме на фаворитот.
На почетоот на вториот дел, Лазаров и Карабатиќ со уште два гола, предноста ја донесоа до највисоки 19:6. Металург возврати преку ветеранот Вугринец и дебитанскиот гол во Лигата на шампионите на Никола Марковски (19:7). Барса со милион ресурси во своите редови поврза нова серија преку Карабатиќ и Хуанин Гарсија за 22:8 во 37 минута. Лазаров од седмерец ја погоди мрежата на Мијатовиќ за шести негов гол од девет обиди. Домаќините се подопуштија и Георгиевски и Н. Марковски со два гола, намалија на 23:10. Но Пасквал алудираше да нема опуштање и Томас (два гола) и Нодесбо со лесни голови при брза транзиција носат највисоки 27:11 во 43 минута. Лазаров со осмиот гол во мечот, точно на средината на вториот дел ја доближи Барса до редовниот просек по бројот на голови (28:11). Пасквал ја почувствува мотивираноста на нашиот репрезентативен капитен и му довери уште еден седмерец за 29:11 за фаворитот. Со Вугринец во позитивна серија од 4:0, Металург намали на 29:15 во 53 минута. Домашната екипа и без помошта на Рутенка и Шариќ кои не добија шанса, лесно го приведе мечот кон крај. Никола Карабатиќ во последните 5-6 минути ја „подигна летвичката„ до +17 и катастрофата на Металург беше комплетирана. Финалните 35:17 јасно покажаа дека Барселона по мечот со Грањолерс, со цел скоро цел потенцијал ја покажа својата моќ и во Лигата на шампионите. Во победничката екипа блескаше Кирил Лазаров со 9 гола, Карабатиќ постигна 7, Томас додаде уште 6, а Штербик собра 18 интревенции. Кај Металург ветеранот Давор Вугринец со 6 гола најпозитивен. Со оваа победа Барселона го превзеде врвот на табелата во Ц групата, а наредниот викенд му гостува на францускиот првак ПСЖ во градот на светлоста.
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2013 во 19:27


Реакции во францускиот печат по победата на Металург над ПСЖ 

Без да се навредува публиката на Ранс, која виде како ПСЖ се прошета во натпреварот игран минатата среда со победа од 41-28 наспроти нивната екипа, шампионите на Франција играа во многу различен амбиент во саботата вечерта во Скопје, пишува спортскиот весник „Л’Екип“.

Нивната втора средба од Лигата на шампионите се одигра во зоврената сала на Автокоманда, каде 7000 Македонци беа зад Металург. Но ако се погледне биографијата на париските ѕвезди, тоа не може да им послужи за извинување за поразот 28-26 во Скопје, го пренесува пишувањето на спортскиот весник, дописникот на МИА од Париз.

„Лош ден за Французите“ – пишува париски „Фигаро“ кој се повикува на поразот на ПСЖ и тој и  на Данкерк во Полска.

За „Паризиен“  „ПСЖ падна во Македонија“, „Оуест Франс“ насловува „Париз победен во Македонија“ и понатаму констатира дека „ПСЖ беше доминиран од Металург“.

Интернет изданието на „СпортКО“ додава дека ПСЖ не издржа наспроти фуријата од Скопје, со што го доживеаја вториот пораз ова сезона во сите компетиции, но прв во регуларно време. Претходниот пораз беше по изведба на седум метри во средбата со Шамбери во полуфиналето на Трофејот на шампионите.

„ХандЊуз“ насловува „ПСЖ во пеколот во Скопје. Всушност, над 7.000 гледачи го следеа натпреварот од Лигата на шампионите. Презагреаната публика даде се од себе за својата екипа. Играчите на ПСЖ брзо сфатија дека амбиентот ќе биде задушувачки, кога Микел Хансен беше исвиркан при влегувањето на паркетот, како спомен за неговото однесување на европското првенство во 2012 во Србија на полуфиналето со Данска. Истата публика на секој повик на своите играчи или на тренерот Лино Чеврар се подигна и ја понесен својата екипа наспроти дреам теам-от на ПСЖ.

Фанатизам или шпекулации? Ракометот е религија во Скопје и Македонија. Во Скопје има 3 екипи 2 машки и 1 женска кои годинава играат во Лигата на Шампионите, тоа е единствен град во Европа со толку учесници во Лигата на шампионите. Тоа не го пропушти да го забележи ниту француската спортска телевизија БинТв (која е сопствеост на катасркиот емир, сопственик на ПСЖ).

ПСЖ е предупреден, за петнаесет денови повторно ќе игра во истата сала, но наспроти шампионот на Македонија – Вардар, Хансен и неговата „банда се предупредени каков пречек ги очекува“ завршува ХандЊуз. Додека „Л’Екип“ зјадливо со забелешка до Хансен за кој се надева дека ќе биде помалку нервозен, отколку што беше на крајот на средбата со Металург.

Инаку скоро сите француски извештаи се со многу пофални зборови за умешноста на тренерот на Метлаург Лино Чеврар, голманот Станиќ и скоро сите играчи кои го надиграа францускиот шампион.

Француската ракометна јавност добро знае дека не е лесно да се игра против екипите од Македонија.


I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.