Испечати | Затвори го прозорот

ЛШ - Ракомет

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Спорт
Име на форумот: Кошарка и ракомет
Опис на форумот: Нашите најуспешни национални спортови
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=26669
Датум на принтање: 28.Април.2024 во 22:15
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: ЛШ - Ракомет
Постирано од: gonzo
Наслов: ЛШ - Ракомет
Датум на внесување: 22.Септември.2013 во 12:29
За прв пат во историјата на ракометот во Мк, имаме три ракометни екипи во лигата на шампионите. Вардар и Металург кај мажите и Вардар СЦБТ во женска конкуренција.
Металурзите стартуваа со победа на гостински терен против Тун во Швајцарија, додека Вардар дома ремизираше со Барселона.


-------------
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.



Коментари:
Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 22.Септември.2013 во 14:04
Нерешениот резултат на Вардар против Барселона е за секоја почит ... аплауз

http://on.net.mk/sportal/rakomet/lazarov-vardar-odigra-odlichno" rel="nofollow - Лазаров: Вардар одигра одлично!


-------------
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!



Постирано од: Schatzii7
Датум на внесување: 22.Септември.2013 во 16:41
Одличен почеток на Вардарда


-------------
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 25.Септември.2013 во 00:33
И така можеме да очекуваме баш добра и успешна сезона голема насмевка да

-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 28.Септември.2013 во 17:18
Металург попладнево (18 часот) ја продолжува скопската ракометна еуфорија, со оглед на фактот дека нашиот вицепрвак во рамките од второто коло од Лигата на шампионите ќе го пречека францускиот гигант Пари Сен Жермен. „Светците“ од Париз важат за најбогар светски ракометен клуб, со оглед на фактот дека имаат неверојатен буџет од 13.580.000 евра, но историјата покажала дека кога македонските екипи или репрезентации играат со срце и даваат 100% од своите можности, знаат како да ги замрсат плановите на големите фаворити. 
 
Впрочем, шампионот Вардар направи такво нешто со ремито во „Борис Трајковски“ против големата Барселона, па не постои причина зошто Металург не би повторил нешто слично во дуелот против францускиот мултимилионски состав. „Металурзите“ во минатата сезона покажаа дека можат да играат квалитетно против секој ривал, а тимот на Лино Червар сега е доволно зрел за да земе скалп на еден од фаворитите за европската круна.
 
Не се сомневам дека ќе имаме безрезервна поддршка од трибините, како што тоа беше случај и во претходните неколку сезони. Токму поради навивачите ќе дадеме се од себе, ќе изгинеме на терен, со цел да стигнеме до победата што сите толку многу ја посакуваме. Ќе играме најдобро што знаеме, па дури и доколку се случи да го загубиме мечот, навивачите да знаат дека сме дале се од себе за да стигнеме до нова заедничка радост“ - изјави капитенот Наумче Мојсовски.
 
Бековите на „металурзите“ ќе се соочат со дополнителен притисок со оглед на отсуството на Миркуловски, особено ако се знае дека и Павел Атман веќе извесно време влече незгодна повреда. Сепак, дуелите со Хансен, Вори, Абало, Нарсис и останатите ракометни мегаѕвезди сигурно ќе бидат мотив плус за да се одигра перфектен натпревар и да се направи чудо против „светците“ од Париз.

Извор *ekipa.mk*


-------------
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.


Постирано од: sanja-a
Датум на внесување: 28.Септември.2013 во 19:56
квалитетна победа

-------------
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу.
Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот.
Одри Хепберн


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 29.Септември.2013 во 19:27


Реакции во францускиот печат по победата на Металург над ПСЖ 

Без да се навредува публиката на Ранс, која виде како ПСЖ се прошета во натпреварот игран минатата среда со победа од 41-28 наспроти нивната екипа, шампионите на Франција играа во многу различен амбиент во саботата вечерта во Скопје, пишува спортскиот весник „Л’Екип“.

Нивната втора средба од Лигата на шампионите се одигра во зоврената сала на Автокоманда, каде 7000 Македонци беа зад Металург. Но ако се погледне биографијата на париските ѕвезди, тоа не може да им послужи за извинување за поразот 28-26 во Скопје, го пренесува пишувањето на спортскиот весник, дописникот на МИА од Париз.

„Лош ден за Французите“ – пишува париски „Фигаро“ кој се повикува на поразот на ПСЖ и тој и  на Данкерк во Полска.

За „Паризиен“  „ПСЖ падна во Македонија“, „Оуест Франс“ насловува „Париз победен во Македонија“ и понатаму констатира дека „ПСЖ беше доминиран од Металург“.

Интернет изданието на „СпортКО“ додава дека ПСЖ не издржа наспроти фуријата од Скопје, со што го доживеаја вториот пораз ова сезона во сите компетиции, но прв во регуларно време. Претходниот пораз беше по изведба на седум метри во средбата со Шамбери во полуфиналето на Трофејот на шампионите.

„ХандЊуз“ насловува „ПСЖ во пеколот во Скопје. Всушност, над 7.000 гледачи го следеа натпреварот од Лигата на шампионите. Презагреаната публика даде се од себе за својата екипа. Играчите на ПСЖ брзо сфатија дека амбиентот ќе биде задушувачки, кога Микел Хансен беше исвиркан при влегувањето на паркетот, како спомен за неговото однесување на европското првенство во 2012 во Србија на полуфиналето со Данска. Истата публика на секој повик на своите играчи или на тренерот Лино Чеврар се подигна и ја понесен својата екипа наспроти дреам теам-от на ПСЖ.

Фанатизам или шпекулации? Ракометот е религија во Скопје и Македонија. Во Скопје има 3 екипи 2 машки и 1 женска кои годинава играат во Лигата на Шампионите, тоа е единствен град во Европа со толку учесници во Лигата на шампионите. Тоа не го пропушти да го забележи ниту француската спортска телевизија БинТв (која е сопствеост на катасркиот емир, сопственик на ПСЖ).

ПСЖ е предупреден, за петнаесет денови повторно ќе игра во истата сала, но наспроти шампионот на Македонија – Вардар, Хансен и неговата „банда се предупредени каков пречек ги очекува“ завршува ХандЊуз. Додека „Л’Екип“ зјадливо со забелешка до Хансен за кој се надева дека ќе биде помалку нервозен, отколку што беше на крајот на средбата со Металург.

Инаку скоро сите француски извештаи се со многу пофални зборови за умешноста на тренерот на Метлаург Лино Чеврар, голманот Станиќ и скоро сите играчи кои го надиграа францускиот шампион.

Француската ракометна јавност добро знае дека не е лесно да се игра против екипите од Македонија.




-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 12.Октомври.2013 во 20:27
Барселона - Металург 35:17 (17:5)
По втор пат во неполн месец, македонски ривал се обиде да застане на патот на Барселона во Лигата на шампионите. Скопски Металург како лидер во групата Ц, пристигна во Каталонија против Лазаров и другарите. Капитенот на нашата репрезентација, за прв пат во карирата играше официјален натпревар против клубот од Автокоманда. Мечот одлично го отвори Дарко Станиќ и му го одбрани седмерецот на Хуанин Гарсија.
Но во наредниот напад, по грешката на Н. Мојсоски, од контранапад Раул Ентрериос го отвори резултатот (0:1). Лазаров со атрактивен скок-шут во третиот домашен напад го „начна„ Станиќ за одличен старт на каталонците. Дури по шест минути игра и 6-7 неуспешни напади, Дејан Манасков од бековска позиција погоди за прв пат за Металург, и тоа со човек помалку по исклучувањето на Вугринец (2:1). Лазаров и Станиќ како да имаа персонален дуел и од вториот обид, македонецот од Барселона погоди за 3:1. Томас и Седрик Сорондо со два рутински гола од своите позиции зголемија на 5:2 во 11 минута. Одбраната на Барселона делуваше како „непробоен зид„ и пречесто ги принудуваше гостите на технички грешки и лесни голови, како оној на Хуанин Гарсија за 6:2 и тајм-аут за Червар. Реакцијата на македонскиот вицешампион беше видлива и инвидуалностите на Наумче Мојсоски и Павел Атман со два гола, намалија на 6:4. Но домашната екипа веднаш понуди одговор и со две „бомби„ на Карабатиќ и Лазаров, фаворитот дојде до 8:4. Најдобриот во таборот на шпанскиот првак, Лазаров „улови„ контранапад и со четвртиот гол во половина полувреме, предноста ја донесе до +5. Победникот беше одлучен кога капитенот Томас со три реализации од контра донесе 12:4 за Барселона „Бродоломот„ на Металург на цели 10 минути без топка зад грбот на Штербик, лесно донесе нови голови за домашната екипа. Раул Ентрериос без скок-шут и на Даниел Сармиенто на идентичен начин, носат 14:4 во 23 минута. Кога Страновски реализира седмерец за +11, серијата на дрим-тимот на Пасквал достигна 9:0 за неполни 10 минути. На почетокот на 29 минута, русинот Атман го „скрши каталонскиот зид„ за 16:5. Првиот дел заврши со голот на Нодесбо за +12 и седмата интервенција на Арпад Штербик, за преубедливо прво полувреме на фаворитот.
На почетоот на вториот дел, Лазаров и Карабатиќ со уште два гола, предноста ја донесоа до највисоки 19:6. Металург возврати преку ветеранот Вугринец и дебитанскиот гол во Лигата на шампионите на Никола Марковски (19:7). Барса со милион ресурси во своите редови поврза нова серија преку Карабатиќ и Хуанин Гарсија за 22:8 во 37 минута. Лазаров од седмерец ја погоди мрежата на Мијатовиќ за шести негов гол од девет обиди. Домаќините се подопуштија и Георгиевски и Н. Марковски со два гола, намалија на 23:10. Но Пасквал алудираше да нема опуштање и Томас (два гола) и Нодесбо со лесни голови при брза транзиција носат највисоки 27:11 во 43 минута. Лазаров со осмиот гол во мечот, точно на средината на вториот дел ја доближи Барса до редовниот просек по бројот на голови (28:11). Пасквал ја почувствува мотивираноста на нашиот репрезентативен капитен и му довери уште еден седмерец за 29:11 за фаворитот. Со Вугринец во позитивна серија од 4:0, Металург намали на 29:15 во 53 минута. Домашната екипа и без помошта на Рутенка и Шариќ кои не добија шанса, лесно го приведе мечот кон крај. Никола Карабатиќ во последните 5-6 минути ја „подигна летвичката„ до +17 и катастрофата на Металург беше комплетирана. Финалните 35:17 јасно покажаа дека Барселона по мечот со Грањолерс, со цел скоро цел потенцијал ја покажа својата моќ и во Лигата на шампионите. Во победничката екипа блескаше Кирил Лазаров со 9 гола, Карабатиќ постигна 7, Томас додаде уште 6, а Штербик собра 18 интревенции. Кај Металург ветеранот Давор Вугринец со 6 гола најпозитивен. Со оваа победа Барселона го превзеде врвот на табелата во Ц групата, а наредниот викенд му гостува на францускиот првак ПСЖ во градот на светлоста.


-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 13.Октомври.2013 во 21:35
ТРЕНЕРОТ НА ВАРДАР МНОГУ РИЗИКУВАШЕ
Пред натпреварот со ПСЖ решивме да одиграме со тројца голмани и со само еден десен бек што беше своевидна коцка, која на крајот се покажа како добитна комбинација, беше објаснувањето на тренерот на Вардар, Андон Бошковски, за немањето алтернатива за Алекс Душебаев во нападот, кој мораше да ги одигра речиси сите 60 минути во вечерашното реми во мечот од Лигата на шампионите.

Петриќ не беше во составот поради повреда на зглобот поради што наместо да внесеме десно крило да одиграме со еден чувар на мрежата повеќе. Обично не се коцкав, но вечерва добив. Честитки на моите ракометари за добрата игра. Цело време бевме во некоја негатива, се враќавме, а на крајот имавме напад за победа, но, за жал, не успеавме да погодиме. Мислам дека сите треба да бидеме задоволни од ова. Нам овој бод многу ни значи во комбинациите што ги правиме. Со ова реми и со евентуален добар резултат против Тун следната недела ќе дојдеме до шанса да дојдеме до пласман меѓу четирите најдобри“, дополни стратегот на црвено-црните.



-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 14.Октомври.2013 во 10:53
Неверојатен финиш на Вардар ..... но да не се заборави и креативноста на http://kurir.mk/sport/rakomet/133440-VIDEO-Vo-Boris-Trajkovski-kako-vo-vulkan" rel="nofollow - КОМИТИ .... голема насмевкааплауз



-------------
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!



Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 14.Ноември.2013 во 15:54
Вечерва во 20.00 часот првиот двомеч од големото дерби во ЛШ ... за прв пат две на екипи голема насмевка Металург - Вардар ...



-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 15.Ноември.2013 во 09:40
http://tocka.com.mk/2/110929/sampionite-ja-dobija-prvata-bitka-za-skopje-vardar-go-sovlada-metalurg" rel="nofollow - Вардар го совлада Металург со 27:22 ..... 

Во секој случај заслужено ..... 


-------------
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!



Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 15.Ноември.2013 во 20:23
Слабо некако металурговци одиграа...замисленост

-------------
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.


Постирано од: Schatzii7
Датум на внесување: 24.Ноември.2013 во 22:27
http://zazabava.com/metalurg-mu-se-revanshira-na-vardar" rel="nofollow - Металург му се реваншира на Вардар

Екипата на Металург славеше против Вардар на гости со 26-18 во вториот меѓусебен дуел од ракометната Лига на шампионите и му се реваншира за поразот од пред десет дена.


Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 26.Ноември.2013 во 13:42
Ова оти го налутија НаумЧе .... многу .... голема насмевкаплазење

-------------
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!



Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 18.Февруари.2014 во 12:14
Вардар со убедлива победа против Вакер Тун од Швајцарија во 9. коло на групата Ц во Лигата на Шампионите. 
Македонскиот ракометен првак овој натпревар го заврши со резултат 32:25.

Вториот македонски претставник во ЛШ - Металург денеска пред нов предизвик против Брест Мешков од Белорусија во 16 часот. 
Тие останаа непоразени во дуелот со Динамо Минск минатата недела со резултат 23:23.


-------------
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!



Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 24.Февруари.2014 во 12:06
Металург ја победи големата Барселона во „Борис Трајковски“ со 31:29 во последниот натпревар од групната фаза( забава)
Подршката од публиката во преполната сала овој пат не изостана. Па така македонскиот вицешампион уште од почетокот на натпреварот постави добро темпо.
Со оваа победа Металург остана на третото место во групата Ц зад Барселона - која е прва и ПСЖ како втор. 
----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Од друга страна Вардар загуби во Париз со 35:25 и се најде на четвртата позиција зад Металург. 
----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Сега дури и познати се можните противници на Вардар и Металург во 1/8 финалето на ЛШ.
Металург како можни противници може да ги добие Фленсбург од Германија или данскиот Колдинг. 
Додека за Вардар противникот ќе биде потежок германските Кил и Хамбург или унгарскиот Веспрем. 

Извелкувањето е закажано за вторник во 12 часот во Виена. 


-------------
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!



Постирано од: fiks
Датум на внесување: 24.Февруари.2014 во 21:56
Тешки противници,али со игра ко вчера Металург може да се надева на пласман.

Вардар тешко некако оди,ќе видиме што ќе се случи.

-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 26.Февруари.2014 во 14:44
На Вардар му се падна минатогодишниот освојувач на ЛШ - Хамбург, додека Металург ќе има нешто полесна задача против данскиот КИФ Колдиг.

Првите натпревари ќе се играат на 19-ти и 23-ти март, додека реванш натпреварите се седум дена подоцна.


-------------
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!



Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 24.Март.2014 во 11:02
Вардар одигра нерешено со Хамбург so 28:28 ... Иако ова е голем успех со оглед на тоа дека Хамбург е минатогодишниот носител на титулата во ЛШ момците од Вардар ќе мораат да го дадат својот максимум на реванш натпреварот кој го играат на гости. 

Металург извојува победа над Колдинг со 23:17 и тие се на чекор пред четвртфиналето. Дарко станиќ во елемент со 14 одбрани и Ренато Вугринец со 13 погодоци му овозможија убава победа на тимот од Автокоманда.  Вугринец е на првото место на листата на најдобри стрелци во ЛШ.


-------------
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!



Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 31.Март.2014 во 10:59
Скопје се запиша во историјата, стана прв град со два тима во најдобрите осум голема насмевка.
Вардар со чудо го совлада големиот Хамбург во Германија со 30:29 (морам да ја спомнам неверојатната одбрана на Диви на клучниот пенал при резултат 29:28 голема насмевка)
Металург го совлада Холдинг со 30:26... 
Со тоа Македонија има две екипи во четвртфиналето на ЛШ совладувајќи два големи тима .... голема насмевка

Ја направивте горда својата земја момци .... голема насмевка


-------------
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!



Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 31.Март.2014 во 11:24
Еве еден убав текст .... голема насмевка

http://handballme.me/2014/03/lijepo-je-biti-balkanac-hvala-vam-makedonci/?fb_action_ids=10201982651994628&fb_action_types=og.likes&fb_source=other_multiline&action_object_map=%5B616242365119287%5D&action_type_map=%5Bog.likes%5D&action_ref_map=%5B%5D" rel="nofollow - Lijepo je biti Balkanac – Hvala vam Makedonci





-------------
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!



Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 01.Април.2014 во 13:33
Познати противниците ... 

Вардар ќе игра против Флензбург , Металург го доби Кил ... голема насмевка


-------------
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!



Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 01.Април.2014 во 13:34
Првпат слушам за овие.


Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 19.Април.2014 во 20:53
Металург поразен од Кил во „Борис Трајковски“ и тоа не со 1-2 разлика туку со цели 10 гола. Натпреварот заврши со резултат 21:31.

Вториот натпревар е следната недела во Германија ... но со ваков резутат ни чудо нема да помогне ... До тука било ... 


-------------
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!



Постирано од: sanja-a
Датум на внесување: 19.Април.2014 во 21:05
Да успееа до два гола разлика да дотераат, па да се надева човек...
Вардар ќе се одмазди и за Металург

-------------
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу.
Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот.
Одри Хепберн


Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 22.Април.2014 во 11:49
Вардар беше поразен во Германија со два гола разлика .... Во нивниот случај сеуште има надеж за претстојниот реванш натпревар во Скопје следната сабота ... 

Флензбург - Вардар 24:22


-------------
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!



Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 28.Април.2014 во 12:08
Вардар не успеа да влезе во „фајнал фор“ иако победија во Борис Трајковски со 27:25. Германците одат во полуфиналето поради повеќе голови постигнати на гостински терен ( а толку бевме блиску вртење со очи)

Металург пак беше убедливо совладан од Кил со 34:26. Сега за сега Ренато Вугринец останува првиот стрелец во ЛШ со 95 погодоци но шансите да остане на првата позиција се никакви затоа што втор на листата е Момир Илиќ со 91 чија екипа ќе игра и во полуфиналето. 


-------------
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!



Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 28.Јуни.2014 во 11:34
Металург и вардар ги добија своите противници во групната фаза на ЛШ по ждребката во Виена. 

Металург во групата А на прва ги доби Кил (Германија), ПСЖ (Франција) , Загреб КО (Хрватска), Мешков Брест (Белорусија) и Ла Риоха (Шпанија)

Вардар во групата Ц за противници ќе ги има Вестпрем (Унгарија), Монпелје (Франција), Цеље (Словенија), Чеховски Медведи (Русија) и Рај Некар Ловен (Германија) 


-------------
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!



Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 01.Октомври.2014 во 11:35
Премиерата на ЛШ во Скопје не започна еуфорично како што беше очекувано. ПСЖ коначно со победа над Металург со пет гола разлика (22:27).
Се шпекулира дека лошиот резултат е последица на лошата атмосфера во клубот, имено на играчите на Металург не им биле исплатени платите неколку месеци ... замисленост


-------------
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!



Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 19.Октомври.2014 во 12:34
Бундеслигашот Кил сепак пресилен за Металург. Со убедлива победа од 42:27 синоќа во „Борис Трајковски“ Металург го претпе еден од најголемите порази. 

Сепак постои надеж за понатамошен пласман во ЛШ а се ќе зависи од двомечот со Ла Риоха. Ќе имаат едномесечна пауза и да се надеваме дека ќе успеат да се вратат во форма пред да се соочат со шпанската екипа....замисленост


-------------
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!



Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 19.Октомври.2014 во 12:38
Вардар игра денеска во 17 часот со Монпелје. 
Очекувам позитивен резултат затоа што вардар во првите три кола имаше три победи а Монпелје само една. 


-------------
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!



Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 20.Октомври.2014 во 13:12
Монпеље - Вардар 34:34

Вардар и после четири кола останува непоразен иако од Франција се врати со само еден бод ( кој сепак може многу да значи) 


-------------
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!



Постирано од: Zelenikovo
Датум на внесување: 02.Јуни.2019 во 18:22
Originally posted by Schatzii7 Schatzii7 напиша:

Одличен почеток на Вардарда



ВТОРО ПА МАШКО ...

ги бев пуштил како 1-0-2 но некако излезе 8-0-2

http://sharemytactics.com/129319/" rel="nofollow - http://sharemytactics.com/129319/

АИРЛИЈА !!!

сега за Вардар второ полувреме мора нова стратегија 0-2-8

http://sharemytactics.com/129322/" rel="nofollow - http://sharemytactics.com/129322/


ДА СЕ МНОЖАТ !!!

http://archive.is/aoPJu" rel="nofollow - Вујо иако прорече со закаснување гризни јазик за да ги има уште!




TX2 ~ 2017 ~ 2019



https://en.wikipedia.org/wiki/Maced%C3%B4nia" rel="nofollow - https://en.wikipedia.org/wiki/Macedônia



http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=729&PID=53590#53590" rel="nofollow - http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=729&PID=53590#53590



https://i.postimg.cc/C5xkv1Fy/image.png" rel="nofollow - МАКЕДОН



https://english.republika.mk/news/macedonia/samsonenko-says-vardar-will-go-for-a-third-title/" rel="nofollow - https://english.republika.mk/news/macedonia/samsonenko-says-vardar-will-go-for-a-third-title/








Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk