|
Пробиштип |
Внеси реплика |
Автор | |
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85179 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 18.Јули.2012 во 20:08 |
Во присуство на Потпретседателот на Владата на Република Македонија и Министер за финансии, Зоран Ставрески, Амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, Ален Брајан Бергант, Заменик министерот за одбрана, Емил Димитриев, Државниот секретар за животна средина, Соња Лепиткова, Државниот секретар на Секретаријатот за европски прашања, Јован Андоновски, Владини претставници, Градоначалници од повеќе градови од Источниот плански регион и голем број на сограѓани, во Пробиштип во средата, на 18 јули беше поставен камен темелник на новата Филтер станица, еден од најкапиталните проекти, кои што ги гради Општина Пробиштип во последните 20 години. Овој ден трајно ќе влезе во историскиот архив на општина Пробиштип од причина што нешто што изгледаше дека е невозможно, заради големата вредност, изградбата на филтер станицата за вода за пиење ќе чини 1.400.000 евра, сега станува реалност, а веќе за четири месеци, односно до крајот на годината граѓаните на Пробиштип ќе добијат конечно чиста и квалитетна вода за пиење. „Ова беше мој главен и врвен приоритет во предизборната програма“ истакна првиот човек во општина Пробиштип, градоначалникот Тони Тоневски, кој не ја криеше возбудата од почетокот на изградбата на најпосакуваниот проект на граѓаните на општина Пробиштип. Од име на Владата на Република Словенија, се обрати неговата екселенција, Амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, Ален Брајан Бергант, кој исто така не ги криеше зборовите на пофалба и среќа што еве и Република Словенија даде свој значителен придонес во реализацијата на овој проект. „Главниот виновник“ како што го најавија Вицепремиерот и Министер за финансии, Зоран Ставревски, не го криеше своето задоволство од реализацијата на овој мошне значаен проект за Пробиштип и Пробиштипјани, а исто така не ги штедеше зборовите на пофалба за посветеноста и упорноста на првиот човек во општината, градоначалникот Тоневски. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85179 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Општина Пробиштип Број на населени места 37 (1 градско) |
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |