Испечати | Затвори го прозорот

Пробиштип

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Градови во Македонија
Опис на форумот: Со се' села... настани, култура-некултура, рекла-кажала...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=25925
Датум на принтање: 13.Мај.2024 во 15:59
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Пробиштип
Постирано од: емил
Наслов: Пробиштип
Датум на внесување: 18.Јули.2012 во 20:07

Општина Пробиштип

Број на населени места 37 (1 градско)
Центар на општината Градот Пробиштип со 10.816 жители

Локација Североисточен дел на Р.Македонија
Површина 329 км2
Број на жители 16.193 жители
(8248 мажи и 7945жени)
Национален состав 15.977 македонци (98,67%)
Број на населени места 37 (1 градско)
Центар на општината Градот Пробиштип со 10.816 жители




Коментари:
Постирано од: емил
Датум на внесување: 18.Јули.2012 во 20:08

http://www.probistip.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=679%3A2012-07-18-13-10-23&catid=41%3Anastani&Itemid=269&lang=mk" rel="nofollow - Во Пробиштип се постави камен темелник на пречистителна станица за вода за пиење

http://www.probistip.gov.mk/index.php?option=com_mailto&tmpl=component&link=aHR0cDovL3d3dy5wcm9iaXN0aXAuZ292Lm1rL2luZGV4LnBocD9vcHRpb249Y29tX2NvbnRlbnQmdmlldz1hcnRpY2xlJmlkPTY3OSUzQTIwMTItMDctMTgtMTMtMTAtMjMmY2F0aWQ9NDElM0FuYXN0YW5pJkl0ZW1pZD0yNjkmbGFuZz1taw%3D%3D&lang=mk" rel="nofollow">Е-пошта
http://www.probistip.gov.mk/index.php?view=article&catid=41%3Anastani&id=679%3A2012-07-18-13-10-23&tmpl=component&print=1&layout=default&page=&lang=mk" rel="nofollow">Печати

Во присуство на Потпретседателот на Владата на Република Македонија и Министер за финансии, Зоран Ставрески, Амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, Ален Брајан Бергант, Заменик министерот за одбрана, Емил Димитриев, Државниот секретар за животна средина, Соња Лепиткова, Државниот секретар на Секретаријатот за европски прашања, Јован Андоновски, Владини претставници, Градоначалници од повеќе градови од Источниот плански регион и голем број на сограѓани, во Пробиштип во средата, на 18 јули беше поставен камен темелник на новата Филтер станица, еден од најкапиталните проекти, кои што ги гради Општина Пробиштип во последните 20 години. Овој ден трајно ќе влезе во историскиот архив на општина Пробиштип од причина што нешто што изгледаше дека е невозможно, заради големата вредност, изградбата на филтер станицата за вода за пиење ќе чини 1.400.000 евра, сега станува реалност, а веќе за четири месеци, односно до крајот на годината граѓаните на Пробиштип ќе добијат конечно чиста и квалитетна вода за пиење. „Ова беше мој главен и врвен приоритет во предизборната програма“ истакна првиот човек во општина Пробиштип, градоначалникот Тони Тоневски, кој не ја криеше возбудата од почетокот на изградбата на најпосакуваниот проект на граѓаните на општина Пробиштип. Од име на Владата на Република Словенија, се обрати неговата екселенција, Амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, Ален Брајан Бергант, кој исто така не ги криеше зборовите на пофалба и среќа што еве и Република Словенија даде свој значителен придонес во реализацијата на овој проект. „Главниот виновник“ како што го најавија Вицепремиерот и Министер за финансии, Зоран Ставревски, не го криеше своето задоволство од реализацијата на овој мошне значаен проект за Пробиштип и Пробиштипјани, а исто така не ги штедеше зборовите на пофалба за посветеноста и упорноста на првиот човек во општината, градоначалникот Тоневски.



-------------



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk