IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Српска репрезентација
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Српска репрезентација

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Српска репрезентација
    Испратена: 07.Април.2012 во 12:48
Ја отварам оваа тема оти милиони навивачи има оваа држава во нашава Македонија големо гушкање 

 

Синиша Михајловиќ до крајот на следната недела би требало да стане нов селектор на Србија. Тој по се изгледа се одлучил да ја прифати понудата на сојузот, а следната недела ќе пристигне во Србија.


“Пресс“ дознава дека Михајловиќ пресекол и дека следниот викенд ќе стане селектор на “орлите“.


Преговорите траеле долго, се чинеше дека е се загубено, а како најголема причина се наведувале преголемите финансиски барања на Михајловиќ.


Исто така, српскиот тренер беше доведуван во врска со некои италијански клубови, а сеуште е под договор со Фиорентина, која ја разгледуваше можноста да го врати на клупата.


Сепак изгледа дека од тоа нема ништо, како ни од можноста да седне на клупата на Лацио или Сампдорија во случај тимот од Џенова да се врати во Серија А.


Михајловиќ следната недела пристига во Србија, дали на завршни преговори или останале само формалности, но сепак изгледа дека Србија ќе добие нов селектор.


Михајловиќ од почетокот беше желба на Томислав Караџиќ, првиот човек на фудбалскиот сојуз на Србија, а неговите соработници сметаат дека МИхајловиќ е голем авторитет, дека е способен да се справи со притисокот и дека ќе биде идеален тренер за создавање нов тим за мисијата “Бразил 2014“.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2012 во 20:07

МИХАЈЛОВИЌ И ОФИЦИЈАЛНО СЕЛЕКТОР НА СРБИЈА





Прославениот српски дефанзивец Синиша Михајловиќ денеска беше официјално претставен како нов селектор на српската фудбалска репрезентација. 


Ова беше одлучено на состанокот на извршниот одбор на Фубалската Федерација на Србија. 

Михајловиќ потпиша двегодишен договор со  Федерацијата. Негова цел, а цел и на ФФС ќе биде пласман на Светското првенство во 2014-та година, кое ќе се одржува во Бразил.

Голема чест ми е што станав селектор. Убеден сум дека ќе можам да ги остварам желбите и целите на навивачите“-рече новоизбраниот селектор на нашиот северен сосед на прес-конференцијата. 

Тој додаде дека играчот на Интер, Дејан Станковиќ и одбранбениот играч на Манчестер Јунајтед, Немања Видиќ, нема да се вратат во репрезентацијата. Поранешниот играч на Црвена Звезда, Лацио, Сампдорија и Интер ќе одлучува помеѓу Бранислав Ивановиќ и Александар Коларов околу тоа кој ќе биде нов капитен на А-тимот. 

Инаку, само да се потсетиме дека токму Србија е противник на Македонија во групата А од квалификациите за СП 2014, во која настапуваат и репрезентациите на Хрватска, Шкотска, Велс 
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2012 во 22:11

Михајловиќ: Не е паметно Пандев да ѝ се заканува на Србија

Српскиот фудбалски селектор Синиша Михајловиќ го предупреди македонскиот репрезентативецГоран Пандев дека не е паметно да ѝ се „заканува“ на Србија, откако нашиот најдобар играч на својот фејсбук профил објави дека во октомври во Скопје ќе паднат и Хрватска и Србија.

Михајловиќ реагираше откако и Белгиецот Винсент Компани имаше слична изјава и најави триумф на неговиот тим во Белград на 12 октомври. Дуелот на Србија со нашата репрезентација е четири дена подоцна во Скопје.

Нивна работа е тоа што се закануваат, воопшто не ми е гајле.  Но, очигледно не го знаат нашиот карактер и тоа дека не е паметно да му закануваш на Србин“, е изјавата на Михајловиќ за „Вечерње новости“.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2012 во 21:48

Михајловиќ на удар на српската фудбалска опозиција: зошто се селектираат само играчи на Фали Рамадани?

Поранешниот кандидат за претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија, Бобан Богдановиќ, генерален секретар на навивачката групација „орли“ и главен критичар на работата на актуелниот прв човек Томислав Караџиќ, силно го нападна селекторот Синиша Михајловиќ поради „основното тренерско неумеење и менаџерство“.

Иако белградската публика не ја исвирка репрезентацијата на трибините, но не пропушти да „удри“ и овојпат по Караџиќ, силна бура во пресрет на гостувањето во Скопје, отвори лидерот на српската фудбалска опозиција Богдановиќ со прашањето: зошто во националниот тим се селектирани играчи под директна контрола на менаџерот Фали Рамадани?

Рамадани, кој има и македонски клиенти, беше во центарот на вниманието деновиве поради инспекцијата на полицискиот оддел за организиран криминал во неговото претставништво во Белград. Околу името на Рамадани се врзуваат куп трансфери на српски играчи, а менаџерот кој живее и работи во Германија, е интересен и за македонската јавност поради „војната“ во Вардар што се случи пред пет години за трансферот на Алексндар Васоски од Вардар во Ајнтрахт Франкфурт.

„Селекторот Михајловиќ, пред сите критики за кој било фудбалер во нашата селекција, прво да одговори зошто во националниот тим се селектирани играчи под директна контрола на Фали Рамадани и каква е неговата улога во сето тоа? Практично, селекторот Михајловиќ веќе покажа дека ја промашил професиојата и секој познавач на најелементарните тренерски вештини тоа го гледа, а остана само ’практично’ да го заврши овој циклус и пред да го започне. Наскоро во Скопје го очекува ’дебакл’“, рече Богдановиќ.

Богдановиќ беше генерален секретар на навивачката групација „орли“, која по заминувањето на Радомир Антиќ, застана на страната на поранешниот селектор и започна силна војна против актуелното раководство на ФСС. За Богдановиќ, Михаловиќ е лимитиран тренер.

„И кога се појави веста дека Михајловиќ би може да биде селектор, во стручните кругови беше коментирано дека Синиша има скромни тренерски можности. Со подготвителните мечеви видовме дека сето тоа покажа оти играта на фудбалските моќници само ни донесе човек со најелементарно неопзнавање на тренерската струка, педагошко знаење, а особено вештини кои се однесуваат на подмладување на тимот“, вели Богдановиќ.

Вечниот критичар на ФСС повотрно го праша раководството колку чинат месечните обврски кон Михајловиќ, како е решен проблемот со двојното оданочување и кој ги сноси трошоците за тоа. Бодгановиќ смета дека за Михајловиќ во однос на неговото знаење и умеење е преплатен тренер.

„Навивачите само кисело се смеат на извинувањето на Михајловиќ. Тоа што го видовме вчера и по прес-конференцијата, јасно се гледа дека се се сведува на критикување на своите играчи. Секакво оправдување го сметам за навреда на мојата интелегенција и на секој српски навивач“, рече Богдановиќ.

Македонија во вторник од 20.30 часот ја дочекува Србија на Арената „Филип втори“.

Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2012 во 21:59
Бугарска работагазење од смеење
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2012 во 05:42
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Бугарска работагазење од смеење
 

Навредуваш , провоцираш или спамираш ? Кое од трите правиш или и трите заедно ?
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.