Поранешниот кандидат за претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија, Бобан Богдановиќ, генерален секретар на навивачката групација „орли“ и главен критичар на работата на актуелниот прв човек Томислав Караџиќ, силно го нападна селекторот Синиша Михајловиќ поради „основното тренерско неумеење и менаџерство“.
http://www.mkd.mk/wp-content/uploads/2012/10/miha.jpg" rel="nofollow">
Иако белградската публика не ја исвирка репрезентацијата на трибините, но не пропушти да „удри“ и овојпат по Караџиќ, силна бура во пресрет на гостувањето во Скопје, отвори лидерот на српската фудбалска опозиција Богдановиќ со прашањето: зошто во националниот тим се селектирани играчи под директна контрола на менаџерот Фали Рамадани?
Рамадани, кој има и македонски клиенти, беше во центарот на вниманието деновиве поради инспекцијата на полицискиот оддел за организиран криминал во неговото претставништво во Белград. Околу името на Рамадани се врзуваат куп трансфери на српски играчи, а менаџерот кој живее и работи во Германија, е интересен и за македонската јавност поради „војната“ во Вардар што се случи пред пет години за трансферот на Алексндар Васоски од Вардар во Ајнтрахт Франкфурт.
„Селекторот Михајловиќ, пред сите критики за кој било фудбалер во нашата селекција, прво да одговори зошто во националниот тим се селектирани играчи под директна контрола на Фали Рамадани и каква е неговата улога во сето тоа? Практично, селекторот Михајловиќ веќе покажа дека ја промашил професиојата и секој познавач на најелементарните тренерски вештини тоа го гледа, а остана само ’практично’ да го заврши овој циклус и пред да го започне. Наскоро во Скопје го очекува ’дебакл’“, рече Богдановиќ.
Богдановиќ беше генерален секретар на навивачката групација „орли“, која по заминувањето на Радомир Антиќ, застана на страната на поранешниот селектор и започна силна војна против актуелното раководство на ФСС. За Богдановиќ, Михаловиќ е лимитиран тренер.
„И кога се појави веста дека Михајловиќ би може да биде селектор, во стручните кругови беше коментирано дека Синиша има скромни тренерски можности. Со подготвителните мечеви видовме дека сето тоа покажа оти играта на фудбалските моќници само ни донесе човек со најелементарно неопзнавање на тренерската струка, педагошко знаење, а особено вештини кои се однесуваат на подмладување на тимот“, вели Богдановиќ.
Вечниот критичар на ФСС повотрно го праша раководството колку чинат месечните обврски кон Михајловиќ, како е решен проблемот со двојното оданочување и кој ги сноси трошоците за тоа. Бодгановиќ смета дека за Михајловиќ во однос на неговото знаење и умеење е преплатен тренер.
„Навивачите само кисело се смеат на извинувањето на Михајловиќ. Тоа што го видовме вчера и по прес-конференцијата, јасно се гледа дека се се сведува на критикување на своите играчи. Секакво оправдување го сметам за навреда на мојата интелегенција и на секој српски навивач“, рече Богдановиќ.
Македонија во вторник од 20.30 часот ја дочекува Србија на Арената „Филип втори“.