IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Германска Бундеслига
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Германска Бундеслига

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 7>
Автор
Порака Обратен редослед
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2011 во 06:22
Милионерите“ почнаа да ја слават титулата

Борусија Дортмунд с` поцврсто чекори кон титулата шампион на Германија. Улогата на апсолутен фаворит во фудбалската Бундеслига ја потврди со победа од 3-1 на гостувањето на „Алијанс арена“ против актуелниот германски шампион Баерн Минхен. „Милионерите“ за кратко време почувствуваа дека се подобар противник и со погодоците на Бариос во 9. и Сахин во 18. на два пати обезбедуваа водство, по израмнувањето на домаќинот преку Густаво во 16. минута. Триумфот го потврди Хемелс, на половина час пред крајот на средбата.

Убедливиот лидер на табелата, за прв пат по 19 години оствари победа во Минхен против големиот ривал.

- Овој ден беше нешто посебно за нас. Работевме многу и победата беше заслужена, а тоа можеше директно да се види во 198 земји низ светот - наведе Јирген Клоп, тренерот на Борусија Дортмунд, која сега има 16 бода повеќе од актуелниот бранител на титулата.

Колегата од спротивниот табор, Луис ван Хал, не сакаше децидно да го признае поразот.

- Нивната победа се темелеше на наша грешка на средината на теренот при постигнувањето на првиот гол. Едноставно ги постигнаа головите во вистинско време - рече Ван Хал.

Ова беше дури 11. победа на гости за Борусија Дортмунд, која на домашен терен има само седум добиени средби.

Николче Новески го одигра целиот меч за Мајнц кој оствари победа од 2-1 кај Хофенхајм. Мајнц има завидливи осум победи на гости и се наоѓа на петата позиција која води во европските натпреварувања.

Резултати и стрелци: Волфсбург - Борусија М. 2-1 (Диегу 36, 45 - Демс 74 пен.), Келн - Фрајбург (Подолски 89), Шалке - Нирнберг 1-1 (Раул 52 - Хегелер 37), Хофенхајм - Мајнц 1-2 (Алаба 83 - Ивфаншиц 23, Сото 86), Кајзерслаутерн - Хамбургер 1-1 (Хлоушек 18 - Јансен 55), Сент Паули - Хановер 0-1 (Шулц 89), Баерн М. - Борусија Д. 1-3 (Густаво 16 - Бариос 9, Сахин 18, Хемелс 60).

Табела: Борусија Д. 58, Баер Л. (-1) 45, Хановер 44, Баерн М. 42, итн.

Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2011 во 15:45

На седум натпревари во 23.коло од Бундеслигата, само Баерн победи на гости. Борусија Д. лесно се справи во Сент Паули, додека Вердер доживеа дебакл од Хамбургер.


verder-bremen-500

Тренерот на Вердер, Томас Шаф  пред извесно време понуди оставка, но сепак раководството на клубот не ја прифати. Промени на шефот на стручниот штаб засега нема, но нема ниту резултати.

Единствено благодарејќи на конк*рентите Волфсбург и Кајзерслаутерн, Вердер се уште се наоѓа две позиции над опасната зона која носи испаѓање. Нова „шлаканица“ Вердер доби вчера, и тоа од нивниот најголем ривал Хамбургер кој славеше со убедливи 4:0. Стрелци за ХСВ беа Петриќ, Бен Хатира и Паоло Гереро, кој постигна два гола.

nikolce-noveski-500

Борусија лесно се справи со Сент Паули. „Гусарите“ по двата триумфа по ред против Мехенгалдбах и Хамбургер, во Дортмунд допатуваа растеретени. Меѓутоа тоа не им помогна против лидерот да направат позитивен резултат. „Милионерите“ славеа со 2:0, а резултатот можеше да биде поубедлив доколку домаќините беа попрецизни во завршниците. Лукас Бариос беше стрелец на првиот гол,  додека конечните 2:0 ги постави Ралф Гунеш кој ја затресе сопствената мрежа.

Баерн Минхен исто така беше убедлив на гостувањето кај Мајнц и Николче Новески победувајќи со 3:1, со што беше единствената гостинска екипа која во ова коло забележа победа. Швајнштајгер, Милер и Гомез беа стрелци за Баерн, додека поразот на Мајнц го ублажи Алагуи.

Бундес-лига 23.коло

Сабота:

Борусија Д. – Сент Паули 2:0

(Бариос 39, Гунеш а.г 49)

Хамбургер – Вердер 4:0

(Петриќ 42, Гереро 64, 79, Бен Хатира 87)

Хофенхајм – Келн 1:1

(Новаковиќ а.г 48 – Мохамад 69)

Фрајбург – Волфсбург 2:1

(Рајзингер 43, Сисе 70 – Хелмс 28)

Хановер – Кајзерслаутерн 3:0

(Шлојдраф 17, 57, Абделауе 45)

Мајнц – Баерн М. 1:3

(Алагуи 84 – Швајнштајгер 9, Милер 50, Гомез 77)

Недела:

Баер Л. – Штутгарт

Борусија М. – Шалке 04

Петок:

Нирнберг – Ајнтрахт 3:0

(Шибер 67, Мак 87, Коен 90)

Табела: Борусија Д. 55, Баер /-1/ 42, Баерн 42, Хановер 41, Мајнц 37, Фрајбург 37, Хамбургер 36, Нирнберг 35, Хофенхајм 33, Шалке /-1/ 29, Сент Паули 28, Ајнтрахт 27, Келн 26, Вердер 24, Волфсбург 23, Кајзерслаутерн 23, Штутгарт /-1/ 19, Борусија М. /-1/ 16 бодови.


I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2011 во 12:16
Мајнц домаќин на шампионот Баерн

Првакот на Германија, тимот на Баерн Минхен во рамките на 23.коло ќе гостува во Мајнц кај истоимената домашна екипа каде капитен е македонскиот репрезентативец Николче Новески. Натпреварот ќе се одигра утре со почеток во 18 часот и 30 минути.

Ова коло во Бундес лигата вечерва од 20 часот и 30 минути ќе го отворат Нирнберг и Ајнтрахт.

Во саботниот термин од 15 часот и 30 минути играат: Борусија Дортмунд - Сент Паули, Фрајбург - Волфсбург, Хамбургер - Вердер, Хановер - Кајзерслаутерн и Хофенхајм - Келн.

Во недела двојките се: Баер Леверкузен - Штутгарт и Борусија Менхенгладбах - Шалке.

Табела: Борусија Дортмунд 52 бода, Баер Леверкузен 42, Баерн Минхен 39, Хановер 38, Мајнц 37, Фрајбург 34,...
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2011 во 16:33
Дортмунд киксна во самиот финиш


 
Второ реми по ред одигра Борусија Дортмунд, попладнево на гостувањето кај Кајзерслаутерн, со што надежта на ривалите се зголеми откако Баер Леверкузен победи и конечно искористи еден кикс
 

 
 

Јан Моравек спречи Дортмунд да забележи нова гостинска победа и да ја продолжи неприкосновената серија. Претходно во 82 минута, „милионерите“ дојдоа во водство преку Свен Бендер, и до 90 минута изгледаше дека Дортмунд ќе се радува на нов триумф.

Ремито 1-1 сега на Борусија и овозможува десет бода предност, и ситна надеж за Баер Леверкузен кој се радуваше на победа кај Ајнтрахт во Франкфурт со 3-0. Победи и Баерн Минхен со 4-0 против Хофенхајм за да ја намали предноста на 13 бода, но сето оа се уште е премногу и решиси недостижно во следните 12 кола за комплетен пресврт и неосвојување на титулата.

Ако битката за тронот полека или од поодамна е јасна, за дното зоврива, а тму гигантот и екс-првак Штутгарт е се поблиску до втората лига

Штутгарт се поблиску до втората лига. „Швабите“ доживеаа срамен пораз од Нирнберг на домашен терен со 1-4 во 22 коло, па шампионот од 2007 година сега е претпоследен со 19 бода.

Резултати: Ајнтрахт - Баер Леверкузен 0-3, Волфсбург - Хамбургер 0-1, Баерн Минхен - Хофенхајм 4-0, Сент Паули - Борусија Менхенгладбах 3-1, Шалке - Фрајбург 1-0, Штутгарт - Нирнберг 1-4, Кајзерслаутерн - Борусија Дортмунд 1-1. Утре: Келн - Мајнц (15.30 ч.), Вердер - Хановер (17.30 ч.).

На табелата води Борусија Дортмунд со 52 бода, пред Баер Леверкузен со 42, следат Баерн Минхен со 39, Мајнц 37 (-1), Хановер 37 (-1), Фрајбург 34...

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2011 во 18:02
Диего го изведе ’најскапиот’ пенал, вреден 100.000 евра


Видео:%20Диего%20го%20изведе%20’најскапиот’%20пенал,%20вреден%20100.000%20евра Според пишувањето на германските медиуми Волфсбург одлучил оштро да го казни бразилкиот плејмејкер Диего со 100.000 евра поради непослушност и неадекватно однесување во саботата на натпреварот против Хановер.

Имено, на Волфсбург му беше досуден пенал во 80-та минута при резултат 1:0. Според инструкциите на тренерот изведувач требаше да биде Хелмес, но Диего не го послушал тренерот и сам одлучил да го шутира пеналот.

Бразилецот не само што ги игнорираше советите на Стив Мекларен, туку и го промаши пеналот што додатно го разбесна тренерот, а неговата екипа запиша нов пораз.

„Кога некој играч ги игнорира моите инструкции станувам многу лут. Тој заслужи казна, а исто така дополнителна казна ќе му биде тоа што ќе биде отстранет и од еден натпревар на тимот - следниот викенд против Хамбургер“, изјави Мекларен.


I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2011 во 07:57

Баерн Минхен речиси ја загуби битката за титулата во Германија откако си дозволи да не победи и покрај водството од 0:2 на гостувањето кај Келн.

 

Гомез и Алтинтоп му ја донесоа високата предност на најтрофејниот германски тим, и кога се очекуваше сигурен триумф на "Баварците", домашните се вратија од "мртвите". За само 18 минути Келн три пати погоди во мрежата на Крафт. Прво Клеменс намали, а Новаковиќ најпрво израмни во 62 минута, за да 11 минути подоцна и по втор пат се запише во листата на стрелците, и целосно го сврти резултатот во корист на Келн. Баерн со ова речиси немаат шанси за титулата, а по поразот и на Баер Леверкузен кај Нирнберг, Борусија и со нерешено ја зголеми предноста пред конк*рентите.

"Невозможно е како не успеавме да победиме. Да се има предност на гостински терен од два разлика, и да не се освојат трите бода е навистина срамно. Мораме сите да се запрашаме што се случуваше", изјави Томас Милер.

 

Бундес-лига 21 коло

Петок:

Борусија Д. - Шалке 0:0

Сабота:

Келн - Баерн М. 3:2 (Клеменс 55', Новаковиќ 62', 73' - Гомез 22', Алтинтоп 43')

Мајнц - Вердер 1:1 (Ширле 19' - Пизаро 90')

Нирнберг - Баер Л. 1:0 (Еглер 60')

Хановер - Волфсбург 1:0 (Пинто 5')

Хофенхајм - Кајзерслаутерн 3:2 (Сигурдсон 28', Руди 40', Ибишевиќ 62' - Хофер 58', Роднеи 59')

Борусија М. - Штутгарт 2:3 (Данте 29', Де Камарго 31' - Погребњак 51', Харник 56', Гебхарт (п) 87')

Недела:

Хамбургер - Ст. Паули (одложен)

Фрајбург - Ајнтрахт (17:30 ч.)

Табела: Борусија Д. 51, 2. Баер Л. 39, 3. Мајнц 37, 4. Хановер 37, 5. Баерн М. 36, 6. Фрајбург 33 (-1), 7. Хофенхајм 32, 8. Хамбургер 30 (-1), 9. Нирнберг 29, 10. Шалке 26, 11. Ајнтрахт 26, 12. Волфсбург 23, 13. Вердер 23, 14.  Кајзерслаутерн 22, 15. Ст. Паули 22 (-1), 16. Келн 22, 17. Штутгарт 19, 18. Борусија М. 16 бодови.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2011 во 12:45

Новески во топ-10 дефанзивци во Бундеслигата

Македонскиот репрезентативец Николче Новески е осми на листата најдобри дефанзивци во германската Бундеслига по завршувањето на есенската полусезона, составена од магазинот "Кикер". Капитенот на Мајнц настапи на сите 17 натпревари на својот клуб и со просечна оценка 3,24 е пред Лукаш Пишчек од Борусија (Д), Мартин Амедик од Кајзерслаутерн, Филип Лам од Баерн и Јорис Матајсен од Хамбургер. Прв на листата е Матс Хумелс од Борусија (Д), пред Жеромел од Келн и Невен Суботиќ, исто така, од Борусија (Д). Четврти е соиграчот на Новески, Кристијан Фухс.
Триесет и едногодишниот битолчанец беше столб на одбраната на есенскиот вицепрвак во Германија, која прими само 19 голови, што е полошо само од лидерот Борусија. Покрај одбранбените задачи, Новески успеа да постигне и еден гол во победата од 3:0 над Нирнберг во ноември.
Тој му се приклучи на Мајнц во 2004 година и оттогаш има повеќе од 200 настапи. Актуелниот договор му е со важност до летото 2013 година.

Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2010 во 12:11
Последно коло од првиот дел во Бундес лигата

Со вечерашниот натпревар меѓу Борусија Менхенгладбах и Хамбургер (почеток 20:30 часот) ќе стартува 17.коло во Бундес лигата. По ова коло ќе следува и пауза од еден месец, следното коло бундеслигашите ќе го одиграат на 14 јануари.

Во саботниот термин од 15:30 часот лидерот на табелата и првопласираната по првиот дел Борусија Дортмунд гостува во Франкфурт кај Ајнтрахт. Покрај овој дуел играат уште: Нирнберг - Хановер, Шалке - Келн, Вердер - Кајзерслаутерн, Волфсбург - Хофенхајм.

Мајнц гостува кај Сент Паули, а почетокот на овој дуел е во 18:30 часот.

Колото ќе биде комплетирано со натпреварите в недела: Баер Леверкузен - Фрајбург (15:30 часот) и Штутгарт - Баерн (17:30 часот).

Табела: Борусија Дортмунд 43 бодови, Баер 32, Хановер 31, Мајнц 30, Фрајбург 27, Баерн 26,...
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2010 во 14:27
Мајнц го загуби второто место во Бундес лигата

По поразот од Шалке вчеравечер пред својата публика, екипата на Мајнц го загуби второто место на табелата во Германското фудбалско првенство и сега се наоѓа на четвртата позиција. Одлучувачки за поразот на екипата за која настапува македонскиот репрезентативец Николче Новески беше голот на Џеферсон Фарфан во 30.минута со кој Шалке ги освои трите бода во последниот натпревар од 16.коло. Новески го одигра целиот натпревар, а во 75 минута доби жолт картон.

Лидерот Борусија Дортмунд го победи Вердер и сега има 11 бодови повеќе во однос на второпласираниот Баер Леверкузен.

Резултати од 16.коло во Бундес лигата: Хановер - Штутгарт 2:1, Баерн Минхен - Сент Паули 3:0, Келн - Ајнтрахт 1:0, Кајзерслаутерн - Волфсбург 0:0, Хамбург - Баер Леверкузен 2:4, Хофенхајм - Нирнберг 1:1, Борусија Дортмунд - Вердер 2:0, Фрајбург - Борусија Менхенгладбах 3:0 и Мајнц - Шалке 0:1.

Табела: Борусија Дортмунд 43 бодови, Баер Леверкузен 32, Хановер 31, Мајнц 30, Фрајбург 27, Баерн Минхен 26,...
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2010 во 15:10
Богат договор за Нојер

Екипата на Шалке нема намери да се раздели со својот голман Мануел Нојер за кого секојдневно пристигнуваат понуди од големите европски клубови. Германскиот репрезентативец е "врзан" за Шалке до 2012 година, меѓутоа клубот од Гелзенкирхен е презадоволен од него и планира да му понуди продолжување на соработката на уште една година со значително зголемени примања. Годишната плата од два ќе му скокне на пет милиони евра, а во договорот ќе постои клаузула според која сите заинтересирани купци може да го добијат пред 30 јуни 2013 година само доколку "искешираат" од 20 до 25 милиони евра.

"Сакаме да го задржиме најдобриот голман на светот, но не можам да откријам подетални информации. Би било добро тоа да се случи на почетокот на пролетниот дел од сезоната", изјави тренерот Феликс Магат.

Пред извесно време екс-голманот на Баерн Оливер Кан му порача на Нојер да замине во голем клуб доколку сака да стане најдобриот голман на светот. Но засега нема одговор од 24-годишниот чувар на мрежата на Шалке.
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2010 во 12:26
„Милионерите“ со двоцифрена предност на врвот на табелата во Бундес лигата

Берлин, 6 декември 2010 (МИА) - Лидерот Борусија Дортмунд вчеравечер славеше победа на гостувањето кај Нирнберг во последниот натпревар од 15.коло во Германското фудбалско првенство и по поразот на второпласираниот Мајнц нивната разлика на врвот на табелата сега изнесува 10 бодови. „Милионерите“ до победата од 2:0 стигнаа со головите на Матс Хамлест во 23.минута и Роберт Левандовски во 88.минута.

Дербито во оваа рунда кое се играше во Гелзенкирхен му припадна на домашниот Шалке кој беше поуспешен од шампионот Баерн Минхен.

Резултати од 15.коло во Бундес лигата: Сент Паули - Кајзерслаутерн 1:0, Штутгарт - Хофенхајм 1:1, Волфсбург - Вердер 0:0, Ајнтрахт - Мајнц 2:1, Борусија Менхенгладбах - Хановер 1:2, Фрајбург - Хамбургер 1:0, Шалке - Баерн Минхен 2:0, Баер Леверкузен - Келн 3:2 и Нирнберг - Борусија Дортмунд 0:2.

Табела: Борусија Дортмунд 40 бодови, Мајнц 30, Баер Леверкузен 29, Хановер 28, Фрајбург 24, Хофенхајм и Баерн Минхен по 23,...
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Ноември.2010 во 14:27
Мајнц и Нирнберг го отвораат 14.коло во Бундес лигата

Берлин, 26 ноември 2010 (МИА) - Со натпреварот против Нирнберг вечерва од 20 часот и 30 минути, екипата на Мајнц, за која настапува македонскиот репрезентативец Николче Новески, ќе го отвори 14.коло од Германското фудбалско првенство.

За утре се закажани шест натпревари. Пет од нив започнуваат во 15 часот и 30 минути, а двојките се: Баерн Минхен - Ајнтрахт Франкфурт, Хамбургер - Штутгарт, Хофенхајм - Баер Леверкузен, Хановер - Фрајбург и Кајзерслаутерн - Шалке. Од 18 часот и 30 минути е последната утрешна средба во која ќе играат лидерот на табелата Борусија Дортмунд и Борусија Менхенглабах.

За неделната програма планирани се два натпревара. Од 15 часот и 30 минути ќе започне дуелот Вердер - Сент Паули, а 14-тата рунда од Бундес шампионатот ќе биде затворена со натпреварот Келн - Волфсбург.

Табела: Борусија Дортмунд 34 бодови, Мајнц 27, Баер Леверкузен 25, Хановер 22, Хофенхајм 21, Фрајбург 21, Ајнтрахт Франкфурт 20, Баерн Минхен 20,...
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2010 во 11:20
Фудбалерите на Мајнц на автобуски седиштада
 

bus

Автопревозник од Mainz еден од своите автобуси целосно го посвети на локалниот бундеслигаш.

Автобусот наменет за градски превоз целосно е обоен во клупските бои, но вистинското изненадувањето следи откако ќе влезете внатре.

Сите педесет седишта се обложени со ликовите на фудбалерите на Mainz.

bus-vnatre

Целта на овој оригинален експеримент е да се следи однесувањето на патниците, за таа цел во автобусот се монтирани неколку камери.

На навивачите на клубот многу им се допадна идејата.

Добра околност е тоа што во градот нема ривалски клуб, па автобусот ќе остане неоштетен.

Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2010 во 13:24
Шампионот Баерн Минхен убедлив против Нирнберг

Фудбалерите на германскиот шампион Баерн во последниот натпревар од 12.коло на Бундес лигата одигран вчеравечер во Минхен забележаа висока победа од 3:0 против тимот на Нинберг. Стрелци на головите беа Марио Гомез два и Филип Лам еден, од пенал.

Во вториот вчерашен натпревар Фрајбург со гол во последната минута како гостин го совлада Хофенхајм со 1:0.

На саботните натпревари беа постигнати следниве резултати: Келн – Борусија Менхенгладбах 0:4, Кајзерслаутерн – Штутгарт 3:3, Сент Паули – Баер Леверкузен 0:1, Вердер – Ајнтрахт 0:0, Волфсбург – Шалке 2:2, Мајнц – Хановер 0:1 и во петокот Борусија Дортмунд – Хамбургер 2:0.

Табела: Борусија Дортмунд 31 бод, Баер Леверкузен и Мајнц по 24, Фрајбург 20, Баерн и Хановер по 19,...
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 7>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.