Испечати | Затвори го прозорот

Германска Бундеслига

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Спорт
Име на форумот: Фудбал
Опис на форумот: Лига на шампиони, првенства, репрезентации...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=23080
Датум на принтање: 28.Април.2024 во 00:53
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Германска Бундеслига
Постирано од: Schatzii
Наслов: Германска Бундеслига
Датум на внесување: 22.Август.2010 во 22:52
Започна новата сезона во фудбалскиот шампионат на Германија.
Минхенски Баерн ја брани титулата и според прогнозите и во новата сезона е најголемиот фаворит за трофејот. Конк*ренти на баварците ќе им бидат екипите на Шалке 04 и Хамбургер. За врвот на Бундеслигашката табела ќе се борат Волфсбург, Баер Леверкузен, Борусија Дортмунд, Вердер и Штутгарт.
Според букмејкерите главни кандидати во борбата за опстанок ќе бидат Фрајбург, Нинберг, Сент Паули и Кајзерслаутерн.


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.



Коментари:
Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 22.Август.2010 во 23:05

Резултати од овој викенд:

Bayern%20München Bayern München VfL%20Wolfsburg VfL Wolfsburg 2:1
1899%20Hoffenheim 1899 Hoffenheim Werder%20Bremen Werder Bremen 4:1
Bor.%20Mönchengladbach Bor. Mönchengladbach 1.%20FC%20Nürnberg 1. FC Nürnberg 1:1
1.%20FC%20Köln 1. FC Köln 1.%20FC%20Kaiserslautern 1. FC Kaiserslautern 1:3
SC%20Freiburg SC Freiburg FC%20St.%20Pauli FC St. Pauli 1:3
Hannover%2096 Hannover 96 Eintracht%20Frankfurt Eintracht Frankfurt 2:1
Hamburger%20SV Hamburger SV FC%20Schalke%2004 FC Schalke 04 2:1
1.%20FSV%20Mainz%2005 1. FSV Mainz 05 VfB%20Stuttgart VfB Stuttgart 2:0
Borussia%20Dortmund Borussia Dortmund Bayer%20Leverkusen Bayer Leverkusen 0:2


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: емил
Датум на внесување: 23.Август.2010 во 05:44
Хофенхајм да земат да се смират малку.....плазење

-------------


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 23.Август.2010 во 11:15

некого го зезнала утакмицата со вердер изгледахи,%20хи...

а овие штутгарт многу лошо започнаа...трепкање



-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 23.Август.2010 во 11:17
Баер победнички среде Дортмунд, катастрофа на Вердер

Почнаа ли фудбалерите на Вердер уште од првото коло да го чувствуваат отсуството на Месут Озил? Екипата од Бремен има катастрофален старт на сезоната во Германија откако уште во првото коло беа катастрофално поразени со 4:1. Откако поведоа преку Фрингс уиште во 3. минута од пенал, за 23 минути потоа примија дури четири голови. Отсуството на Налдо во дефанзивата скапо го чинеше тимот на Бремен, кој сега го очекува дуел со Сампдорија во рамките од плеј-офот во Лигата на шампионите. Имаат предност од првиот меч со 3:1, но ако одиграат вака како што одиграа во Хофенхајм, тогаш дуелите од групите во ЛШ ќе ги гледаат само од ТВ екраните.

"Многу сум разочаран. Одигравме лош натпревар. Имавме супер почеток по пеналот, но ја загубиме контролата на играта и не можев да верувам што се случува. Како е можно тоа за само 20 минути да примиме четири голови", рече тренерот на Вердер, Томас Шаф.

Разочарувачки старт и за Борусија Дортмунд, која на своите верни фанови им приреди незгоден пораз, и тоа од ривалот Баер Леверкузен, кој со три бода го стартуваше новото првенство во Германија. Враќањето на Балак се покажа како доста успешно кај "фармацевтите", и покрај тоа што не успеа да се запише во листата на стрелците. Творци на триумфот среде Дортмунд беа Аугусто и Барнета.

Шампионот Баерн Минхен, кој се очекува да ја одбрани титулата, едвај победи во дуелот со одличниот тим на Волфсбург. И покрај тоа што "баварците" супер стартуваа во натпеварот и поведоа со голот на Милер, сепак, во второто полувреме Џеко успеа да израмни. Работите не одеа онака како што тимот од Минхен посакуваше сè до последните секунди од натпреварот кога Швајнштајгер донесе три бода за големиот фаворит за освојување на трофејот во првенството во Германија.

"Најважно е што победивме и тоа ме прави среќен. Во првите 15 минути од второто полувреме бевме далеку од топката и примивме гол. Работевме напорно, и таа работа се исплатеше на крајот кога успеавме да дадеме победнички погодок", рече Ван Гал, тренерот на Баерн Минхен.

Супер старт во Бундес-лигата и за новите прволигаши Кајзерслаутер, односно Сент Паули. Поранешниот шампион Кајзерслаутерн триумфираше на гостувањето кај Келн, искористувајќи го играњето со играч повеќе од противникот. Јунак кај гостите беше Лакиќ кој двапати се запиша во листата на стрелците. Интересен беше мечот во Фрајбург каде Сент Паули триумфираше со 1:3. Интересно, победата на новиот прволигаш беше донесена во последните седум минути од 83 до 90, кога гостите трипати се запишаа во листата на стрелците, па така и покрај 1:0, на крајот го свртеа резултатот во своја корист.

Шалке кој има сериозни амбиции да дојде до титулата, се сопна уште на првата пречка во Хамбург. Домашниот тим на крилјата на расположениот Ван Нистелрој дојде до триумфот од 2:1. Откако Холанѓанецот донесе водство во првата минута од второто полувреме, Шалке преку Фарфан успеа да израмни во 80 минута. Сепак, само три минути подоцна Ван Нистелрој уште еднаш го "матираше" Нојер за конечен триумф.

Хановер и Мајнц имаат победнички старт на првенството откако на домашен терен победија во дуелите со Ајнтрахт, односно со Штутгарт. На мечот во Мајнц, Штутгарт не реализираше пенал во 9. минута преку Какау, со што подоцна беше казнет и победен со 2:0.

Демикелис може да си оди од Баерн

Дефанзивецот на Баерн, Мартин Демикелис е пред заминување од екипата на Баерн Минхен. Уште на првиот меч Ван Гал му покажа на Демикелис дека не е во прв план оваа сезона откако на мечот со Волфсбург во центалната линија играа Ван Бајтен и Бадштубер.

"Ако сака може да си оди, тоа не е за мене никаков проблем. Имаме играчи на таа позиција", рече Ван Гал.

РАМКА:

Во Купот "вкрстуваат" Баерн - Вердер

Беше извршена и ждрепка за Купот на Германија во која уште во 2. коло ќе видиме реприза на минатогодишното финале помеѓу Баерн Минхен и Вердер Бремен. Тренерот на Баерн Луис Ван Гал беше разочаран што уште сега ќе играат со најголемиот конк*рент за титулата, но верува дека неговите момци ќе успеат да го одбранат трофејот.

"Штета што еден од гигантите во германскиот фудбал ќе мора да испадне од купот. Ждрепката беше немилосрдна за нас како и за Вердер и место во полуфиналето или финалето ќе мора да играме уште во второто коло", изјави Ван Гал.

Од другите интересни двојки кои вредат да се истакнат е и дуелот меѓу Ајнтрахт и Хамбургер.

ДВОЈКИ ЗА 2.КОЛО ОД ГЕРМАНСКИОТ КУП

Кобленц - Херта

Викторија - Волфсбург

Офенбах - Борусија Д.

Елверсберг - Нирнберг

Четминцер - Штутгарт

Халекер - Дуизбург

Котбус - Фрајбург

Франкфурт - Шалке

Ајнтрахт - Хамбургер

Келн - Минхен

Гројтер - Аугсбург

Хофебхајм - Инглостад

Борусија М. - Баер Л.

Ахен - Мајнц

Баерн М. - Вердер

Кајзерслаутерн - Арминија

* натпреварите се играат на 26. и 27.10.2010

РЕЗУЛТАТИ

БАЕРН - ВОЛФСБУРГ 2:1

Милер 9', Швајнштајгер 90' - Џеко 55'

ХОФЕНХАЈМ - ВЕРДЕР 4:1

Ба 20', Млапа 37', Ибишевиќ 41', Салиховиќ 43' - Фрингс (п) 3'

БОРУСИЈА М. - НИРНБЕРГ 1:1

Идрису 31' - Хегелер 15'

КЕЛН - КАЈЗЕРСЛАУТЕРН 1:3

Новаковиќ 8' - Лакиќ 70' 84', Иличевиќ 88'

ФРАЈБУРГ - СТ. ПАУЛИ 1:3

Сисе 78' - Бол 83', Сукута-Пасу 89', Бартелс 90'

ХАНОВЕР - АЈНТРАХТ 2:1

Рауш 21', Конан Ја 75' - Колер 27'

ХАМБУРГЕР - ШАЛКЕ 2:1

Ван Нистелрој 46', 83' - Фарфан 80'

МАЈНЦ - ШТУТГАРТ 2:0

Алуџи 26', Расмусен 47'

БОРУСИЈА Д. - БАЕР Л. 0:2

Барнета 19', Аугусто 22'

ИДНО КОЛО (27-29.08)

Кајзерслаутерн - Баерн М.; Шалке - Хановер; Вердер - Келн; Волфсбург - Мајнц; Ајнтрахт - Хамбургер; Нирнберг - Фрајбург; Ст. Паули - Хофенхајм; Баер Л. - Борусија М.; Штутгарт - Борусија Д.;



-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: емил
Датум на внесување: 23.Август.2010 во 11:18
Штутгарт во последниве 2 години не се апсолутно ништо посебно.Екипа од средината на табелата......

-------------


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 23.Август.2010 во 11:20
знамсреќа 
на еден другар штутгарт му е омилен тим,тешко дека наскоро ќе види подобра игра од нивхи,%20хи...


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: KUKOC7
Датум на внесување: 23.Август.2010 во 11:31
ja navijam za site germanski klubovi :))))


Постирано од: емил
Датум на внесување: 23.Август.2010 во 11:33
Originally posted by KUKOC7 KUKOC7 напиша:

ja navijam za site germanski klubovi :))))
 
 
значи секогаш си среќен и не ти е гајле кој ќе победи среќаголема%20насмевка


-------------


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 23.Август.2010 во 11:46
изненадување како за сите?
немаш некој омилен да издвоишзбунетост


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: KUKOC7
Датум на внесување: 23.Август.2010 во 11:58
pa vaka bi idele po redosled

Bayern

Werder

Lverkusen

Frnakfurt

nurnberg

Hamburg

.....

i taka natamu site
 :))))


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 23.Август.2010 во 12:04

се знае дека bayern е на прво местоголемо%20гушкање

штета балак не е тамутага


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 24.Август.2010 во 23:39
Од 2013 година емитување на бундеслига во 3D да

-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 29.Август.2010 во 22:51
1.%20FC%20Kaiserslautern 1. FC Kaiserslautern Bayern%20München Bayern München 2:0
FC%20Schalke%2004 FC Schalke 04 Hannover%2096 Hannover 96 1:2
Werder%20Bremen Werder Bremen 1.%20FC%20Köln 1. FC Köln 4:2
VfL%20Wolfsburg VfL Wolfsburg 1.%20FSV%20Mainz%2005 1. FSV Mainz 05 3:4
Eintracht%20Frankfurt Eintracht Frankfurt Hamburger%20SV Hamburger SV 1:3
1.%20FC%20Nürnberg 1. FC Nürnberg SC%20Freiburg SC Freiburg 1:2
FC%20St.%20Pauli FC St. Pauli 1899%20Hoffenheim 1899 Hoffenheim 0:1
Bayer%20Leverkusen Bayer Leverkusen Bor.%20Mönchengladbach Bor. Mönchengladbach 3:6
VfB%20Stuttgart VfB Stuttgart Borussia%20Dortmund Borussia Dortmund 1:3
 
без коментарне%20зборувам


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: емил
Датум на внесување: 29.Август.2010 во 23:11
Зошто без коментар? Са се скршиле од голови и сите фаворити губат.Тоа е магијата на Бундеслигатада 
 
Дано сè е редовно и да нема црно тото зарад овие гилеми резултати


-------------


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 29.Август.2010 во 23:25
загубиле и баерн минхен и леверкузенне
но тоа е, кладилниците мора некако да опстанатгазење%20од%20смеење


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: емил
Датум на внесување: 31.Август.2010 во 11:28

Хурадо е нов играч на Шалке

Играчот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Хозе Мануел Хурадо, се согласи да потпише четиригодишен договор со екипата на Шалке 04. Шпанските медиуми пренесуваат дека цената на трансферот се движи помеѓу 11 и 13 милиони евра.

Хурадо синоќа го одигра својот последен натпревар за Атлетико, тој постигна еден од четирите погодоци со кои Атлетико го совлада Спортинг. Хурадо е втор фудбалер од Шпанија кој во преодниот рок го засили Шалке, предходно договор со бундеслигашот потпиша Раул Гонзалес.

Пред да го договори трансферот на Хурадо, челниците на Шалке го договорија преминот на Клас Јан Хунтелар, Напаѓачот го напушти Милан и за сума од 13 милиони евра се пресели во екипата од Гелзенкирхен



-------------


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 31.Август.2010 во 14:08
И Шалке изгуби ... не само баерн и баер....
Што е важно ... ? Бундес лигата е најефикасна ... кога се во прашање головите...голема%20насмевка надам се така ќе биде до крај .... па ќе видиме дали кладилниците ќе опстанат плазење


-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 31.Август.2010 во 14:58
Пред малку читав некоја статистика за бундеслигата
во првите два дена кога започна сезонава, паднале вкупно 67 головиизненадување повеќе имало единствено во 1984/85, 70 голови
49 % од играчите во бундеслигата се германци, во втората лига се 70 %
во просек имало по 42 237 посетители на стадионите ( само во првите два дена од почетокот ).
 


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: емил
Датум на внесување: 31.Август.2010 во 15:02
Германското првенство секогаш собира најмногу луѓе на утакмиците.Се сеќавам преди години кога Борусија Дортмунд се бореше да не оди во втора лига на ''Сигнал Идуна парк'' имаше по 60 000 публика 

-------------


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 31.Август.2010 во 15:09
точно така...без разлика дали игра некој од подобрите клубови или не посетеност на стадионите има...
ретко кој од машката популација во германија не прати фудбал...и да не е во можност да гледа на тв, ако има на пр. некои обврски радиото е тукада 


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: KINGDAVID
Датум на внесување: 31.Август.2010 во 15:37
Originally posted by емил емил напиша:

Германското првенство секогаш собира најмногу луѓе на утакмиците.Се сеќавам преди години кога Борусија Дортмунд се бореше да не оди во втора лига на ''Сигнал Идуна парк'' имаше по 60 000 публика 




Borussia Dortmund ima najdobri i najverni navivaci vo Bundes ligata.


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 01.Септември.2010 во 11:14

Бундес-лигата руши рекорди!

Можеби има најнизок рејтинг во однос на првенствата од "големата петорка" во Европа, но Бундес-лигата во новата сезона им понуди најмногу возбудувања на љубителите на фудбалот. Во првите две кола аналитичарите забележаа неколку рекордни достигнувања, а речиси сите натпревари беа одбележани од атрактивен фудбал од речиси сите клубови во првенството.

Под наслов "11 вистини за лудата Бундес-лига" Билд ги преброја рекордите во своето вчерашно издание.

- Во првите две кола се постигнати 67 гола (3,72 по натпревар). Повеќе од ова (70) последен пат имало во сезоната 1984/85.

- Седум гостински победи во едно коло (второто од првенството) досега никогаш не биле остварени. Гостинските екипи покажаа и исклучителна ефикасност, па во првите две кола постигнаа 36 гола што е уште еден бундеслигашки рекорд.

- Придонес на германските фудбалери во лигата изнесува 49% (лани 45%). Баерн против Волфсбург истрча со осуммина Германци. Во втората лига на Германија дури 70% од играчите се домашни (лани имаше 65%).

- Секој седми удар се претвора во гол, лани беше секој десетти.

- Просечно има по 42.337 гледачи по натпревар што е бундеслигашки рекорд по две одиграни кола.

- Во второто коло Борусија Дортмунд имаше најмлада постава чиј просек изнесуваше 23,97 години. Седуммина фудбалери до 22 години заиграа од првата минута, а 18-годишниот Марио Геце е најмлад стрелец на гол за "милионерите".

- Во 180 минути се направени 542 прекршоци, најмалку од сезоната 1993/94.

- Се игра на победа. Само еден натпревар (Менхенгладбах-Нирнберг 1:1) заврши без победник, нешто што се случи само во сезоната 1972-73.

- Напаѓачите постигнаа 37 гола. Откако се бележи оваа статистика, од сезоната 1993/94, ова е исто така рекорд.

- Досега голманите имаа многу грешки, дури шест. Повеќе од тоа (седум) имало во сезоната 1993/94.

- Мајнц против Волфсбург направи пресврт од 0:3 на 4:3. Досега шест пати имало победа на екипата која имала ваков минус.



-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: емил
Датум на внесување: 05.Септември.2010 во 06:40
Шалке го има најскапиот тим во клупската историја

По многубројните трансфери ова лето вице-првакот на Германија Шалке го создаде најскапиот состав во 106-годишната историја. Според елитниот спортски интернет портал трансфермаркт.де идеалната единаесетка на тренерот Феликс Магат чини точно 101,5 милиони евра нешто што преставува клупски рекорд, а како најскап во селекцијата е младиот германски голман Мануел Нојер проценет на извонредни 20 милиони. И покрај долговите од над 250 милиони евра, тимот од Гелзенкирхен потроши сериозна сума ова лето дури 34.6 милиони евра, а само во последниот ден од преодниот рок ги обезбеди потписите на напаѓачот на Милан Клас Јан Хунтелар и младиот плејмејкер на Атлетико Мадрид Хозе Мануел Хурадо за вкупно 27 милиони евра.

Неочекувано Шалке изненади ова лето со ангажирањето на неколку ѕвезди во тимот пред се легендата на Реал Раул Гонзалез меѓутоа и покрај големите амбиции лошо стартуваше во првенството каде по две кола има исто толку порази. Го загуби дербито против Хамбургер (2:1), а многу поболен беше поразот на домашен терен минатата недела од Хановер (исто со 2:1). Но и покрај бавниот старт Магат верува дека со доаѓањето на Хурадо и Хунтелар работите ќе се сменат и тимот брзо ќе фати приклучок кон водечките и до крајот ќе атакуваат на шампионскиот трофеј.


-------------


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 08.Септември.2010 во 18:11
Тим Вкупно Дома Гости Бод
1. К’лаутерн 2 2 0 0 5:1 1 0 0 2:0 1 0 0 3:1 6
2. Хофенхајм 2 2 0 0 5:1 1 0 0 4:1 1 0 0 1:0 6
3. Мајнц 2 2 0 0 6:3 1 0 0 2:0 1 0 0 4:3 6
4. Хамбург 2 2 0 0 5:2 1 0 0 2:1 1 0 0 3:1 6
5. Хановер 2 2 0 0 4:2 1 0 0 2:1 1 0 0 2:1 6
6. М’гладбах 2 1 1 0 7:4 0 1 0 1:1 1 0 0 6:3 4
7. Ст.Паули 2 1 0 1 3:2 0 0 1 0:1 1 0 0 3:1 3
8. Дортмунд 2 1 0 1 3:3 0 0 1 0:2 1 0 0 3:1 3
9. Баерн М. 2 1 0 1 2:3 1 0 0 2:1 0 0 1 0:2 3
10. Вердер 2 1 0 1 5:6 1 0 0 4:2 0 0 1 1:4 3
11. Леверкузен 2 1 0 1 5:6 0 0 1 3:6 1 0 0 2:0 3
12. Фрајбург 2 1 0 1 3:4 0 0 1 1:3 1 0 0 2:1 3
13. Нирнберг 2 0 1 1 2:3 0 0 1 1:2 0 1 0 1:1 1
14. Волфсбург 2 0 0 2 4:6 0 0 1 3:4 0 0 1 1:2 0
15. Шалке 2 0 0 2 2:4 0 0 1 1:2 0 0 1 1:2 0
16. Франкфурт 2 0 0 2 2:5 0 0 1 1:3 0 0 1 1:2 0
17. Келн 2 0 0 2 3:7 0 0 1 1:3 0 0 1 2:4 0
18. Штутгарт 2 0 0 2 1:5 0 0 1 1:3 0 0 1 0:2 0
 
Двете првопласирани екипи директно одат во Лигата на Шампиони. Третопласираната екипа ќе учествува во квалификациите за Лигата на Шампионите. Четврто и петтопласираната екипа како и победникот од Купот директно ќе настапува во УЕФА Европа Лига.Дветепоследно пласирани екипи ќе испаднат во понизок ранг на натпреварување, 16-та екипа ќе игра Плеј аут натпревар.
Во случај на ист број на бодови одлучува:
1. Гол разлика
2. Повеќе постигнати голови
3. Повеќе постигнати голови на гостински терен


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 11.Септември.2010 во 21:02

Хофенхајм - Шалке 2-0

Фрајбург - Штутгарт 2-1
 
Дортмунд - Волфсбург 2-0
 
М`Гладбах - Франкфурт 0-4
 
Хамбруг - Нирнберг 1-1
 
Хановер - Леверкузен 2-2
 
Баерн М. - Вердер 0-0не


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 20.Септември.2010 во 00:12
Резултати од овој викенд:
 
Франкфурт - Фрајбург 0-1
 
Баерн.М - Келн 0-0
 
Штутгарт - М`Гладбах 7-0
 
Волфсбург - Хановер 2-0
 
Вердер - Мајнц 0-2
 
К`лаутерн - Хофенхајм 2-2
 
Ст.Паули - Хамбург 1-1
 
Леверкузен - Нирнберг 0-0
 
Шалке - Дортмунд 1-3


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 20.Септември.2010 во 10:52
Успех на гостинските екипи во двата последни натпревари од 4.коло во Бундес лигата

Победа на Борусија Дортмунд против Шалке и реми на Нирнберг против Баер Леверкузен се исходите од двата вчерашни последни дуели од 4.коло во најсилната фудбалска лига во Германија.

Колото го карактеризираат четвртата последователна победа на Мајнц, тимот за кој настапува македонскиот репрезентативец Николче Новески, четвртиот пораз по ред на Шалке и продолжението на слабите и неубедливи игри на шампионот Баерн.

Резултати од 4.коло во Бундес лигата: Вердер – Мајнц 0:2, Баерн Минхен – Келн 0:0, Штутгарт – Борусија Менхенгладбах 7:0, Волфсбург – Хановер 2:0, Кајзерслаутерн – Хофенхајм 2:2, Сент Паули – Хамбургер 1:1, Шалке – Борусија Дортмунд 1:3, Баер Леверкузен – Нирнберг 0:0 и Ајнтрахт – Фрајбург 0:1.

Табела: Мајнц 12 бодови, Хофенхајм 10, Борусија Дортмунд и Фрајбург по 9, Хамбургер 8 бодови...


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 20.Септември.2010 во 15:12

Мајнц изненадува голема%20насмевка фаворитите по 4 кола во сенка , се надевам после долга пауза ... "Милионерите" оваа сезона ќе се тркаат до крај за шампионската титула голема%20насмевка



-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 21.Септември.2010 во 10:49
Мајнц пред нов предизвик во Бундес лигата

Водечката екипа во Бундес лигата Мајнц, каде капитенската лента ја носи македонскиот репрезентативец Николче Новески во рамките на 5.коло пред своите навивачи игра со тимот на Келн, кој во претходното коло остана не поразен во дуелот со Баерн Минхен.

Покрај овој натпревар вечерва се играат уште два во Бундес лигата, а двојките се: Хофенхајм – Баерн и Хановер – Вердер.

Утре се играат другите шест натпревари од ова рунда, а двојките се: Баер Леверкузен – Ајнтрахт,
Борусија Дортмунд – Кајзерслаутерн,
Хамбургер – Волфсбург,
Борусија Менхенгладбах – Сент Паули,
Фрајбург – Шалке и
Нирнберг – Штутгарт.

На врвот на табелата е Мајнц со максимални 12 бодови, пред Хофенхајм со 10, Борусија Дортмунд и Фрајбург имаат по 9,...


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 22.Септември.2010 во 12:33
Петта победа за Мајнц во Бундес лигата

Берлин, 22 септември 2010 (МИА) - Најголемото изненадување во Бундес лигата на почетокот од оваа сезона, екипата на Мајнц во чии редови македонскиот репрезентативец Николче Новески е капитен ја постигна и петтата победа во 5.коло.

Синоќа на домашен терен Мајнц со двата гола на Холтби го победи Келн со 2:0.

Со многу среќа и гол во судиското надополнување првакот Баерн славеше на гостувањето кај Хофенхајм. Домашните водеа од првата минута, но холандскиот репрезентативец Ван Бујтен на „баварците“ им донесе три големи бодови.

Во последниот натпревар кој се одигра синоќа од ова коло, Хановер го победи Ведер сo 4:1.

Колото ќе биде комплетирано со вечерашните шест дуели: Баер Леверкузен – Ајнтрахт, Борусија Дортмунд – Кајзерслаутерн, Хамбургер – Волфсбург, Борусија Менхенгладбах – СентПаули, Фрајбург – Шалке и Нирнберг – Штутгарт.

Со максимални 15 бодови Мајнц и по ова коло ќе биде осамен на првата позиција.


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 22.Септември.2010 во 12:41

Мајнц растураат со победи,изненадување баш ми е мило што Македонец игра во оваа екипада ...

Баерн едвај доаѓа до победа, ако продолжат вака ќе завршат некаде на средина на табелататрепкање


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 22.Септември.2010 во 12:42
Originally posted by Schatzii Schatzii напиша:

Мајнц растураат со победи,изненадување баш ми е мило што Македонец игра во оваа екипада ...

Баерн едвај доаѓа до победа, ако продолжат вака ќе завршат некаде на средина на табелататрепкање
 
Да, дојдоа до победа со дупли офсајд... не (можеби ја гледаше утакмицата...среќа)


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 22.Септември.2010 во 12:46
Зборуваш за натпреварот Баерн - Хофенхајм?
Гледав малку на почетокот, видов дека губат и ги баталивхи,%20хи...


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 23.Септември.2010 во 11:23
Немаме шанси за титула!

Келн е "прегазен" со 2:0, а Мајнц продолжува да прави чуда. "Пет од пет" за тимот чиј капитен е нашиот Николче Новески. Од ден на ден клубот ја пишува својата историја, но во Мајнц се свесни дека оваа убава приказна нема вечно да трае. Сите во клубот, во градот уживаат во сегашноста и во успесите, а Германија е фокусирана во Мајнц чии резултати, победи и игри се за големи пофалби.

"Македонски спорт" е на линија со капитенот чиј тим е единствениот со перфектен старт во најсилните лиги во Европа.

"Убаво е да се победува, но и да се биде прв во една лига која според бројот на публиката е најдобра во Европа. Келн е нашата нова жртва. Во тимот с4 е нормално, без некои големи еуфории. Свесни сме дека имаме добар старт, но исто така сме свесни дека далеку сме од титулата. Немаме шанси затоа што големите клубови ќе излезат од кризата. Ние мислиме од натпревар во натпревар и не гледаме толку далеку. Има уште многу да се игра од сезоната затоа што сега е само почеток...", изјавува Новески, кој на дуелот со Келн повторно блескаше во одбраната која не дозволи да се тресе мрежата на нивниот тим.

Што сега, како понатаму!? Новески е оптимист и најавува:

"Главниот испит доаѓа в сабота. Гостуваме на Баерн во Минхен. Одиме без притисок и без оптоварувања дека мора да се победи. Само со таква психологија може да стигнеме до нова сензација. Врвот на табелата е убав, но тој не ни дава дополнителен притисок", коментира македонскиот репрезентативен стопер кој со неговиот тим во моментов се вистинско фудбалско чудо. Серија од пет победи, и тоа против силни противници. Секоја чест за Мајнц, но и за нашиот Новески.


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 24.Септември.2010 во 15:13
Мајнц гостува кај шампионот Баерн

Берлин, 24 септември 2010 (МИА) - Екипата на македонскиот репрезентативец Николче Новески која се наоѓа на првото место на табелата во Бундес лигата утре го има најтешкиот испит по серија од пет победи по ред во новото првенство. Мајнц гостува на „Алијанц Арената“ кај шампионот Баерн Минхен, тим кој на стартот игра во променлива форма пред се поради повредите на клучните играчи. Почетокот на дербито е во 15:30 часот.

Инаку, 6.коло во Бундес лигата ќе биде отворено вечерва во 20:30 часот со дуелот меѓу Келн и Хофенхајм.

Утре во терминот од 15:30 покрај Баерн – Мајнц играат уште: Шалке – Борусија Менхенгладбах, Штутгарт – Баер Леверкузен, Ајнтрахт – Нирнберг, Сент Паули – Борусија Дортмунд, Вердер – Хамбургер (18:30).

Колото ќе биде комплетирано в недела со натпреварите Волфсбург – Фрајбург и Кајзерслаутерн – Хановер.

Табела: Мајнц 15 бодови, Борусија Дортумнд 12, Хофенхајм и Хановер по 10, Фрајбург 9, Хамбургер, Баер Леверкузен и Баерн по 8,... < = =text/>spodeli();

-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: Izzy
Датум на внесување: 25.Септември.2010 во 04:36
Sho se deshava so Schalke 04? Potroshija milioni, a rezultati nikade nema. Pocnuva da me fakja zal za Huntelaar i Jurado

-------------
UNITED!! UNITED!! UNITED MACEDONIA!!!!


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 27.Септември.2010 во 10:35
Хановер го победи Кајзерслаутерн во последниот натпревар од 6.коло во Бундес лигата

Екипата на Хановер оствари победа на гостински терен против Кајзерслаутерн во последниот натпревар од 6.коло во Германското фудбалско првенство и изби на третата позиција на табелата.

Во вториот вчерашен дуел Волфсбург на свој терен славеше против Фрајбург со 2:1.   

Лидерот на табелата во Бундес лигата, Мајнц ја продолжи серијата победи во новото првенство и во рамките на 6.коло како гостин го совлада шампионот Баерн со 2:1. На „Алијанц арената“ Мајнц во два наврати водеше против првакот и сосема заслужено стигна до нови три бода. Капитенот на Мајнц, македонскиот интернационалец Николче Новески, го одигра целиот натпревар.

На другит саботни натпревари беа постигнати следниве резултати: Шалке – Борусија Менхенгладбах 2:2, Штутгарт – Баер Леверкузен 1:4, Ајнтрахт – Нирнберг 2:0, Сент Паули – Борусија Дортмунд 1:3, Вердер – Хамбургер 3:2.

Во петокот, Келн – Хофенхајм 1:1.

Табела: Мајнц 18 бодови, Борусија Дортмунд 15, Хановер 13, Хофенхајм и Баер Леверкузен имаат по 11, Волфсбург и Фрајбург по 9,...


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: емил
Датум на внесување: 02.Октомври.2010 во 18:52
Мајнц продолжува со победничкиот од; Шалке повторно поразен
Мајнц изпишува нова историја, откако попладнево го совладаа Хофенхајм со 4-2 и стигна до седмата последователна победа, Шалке повторно загуби овој пат на гостувањет кај Нирнберг со 2-1

Лидерот во шампионатот на Германија на своето конто прокнижи уште нови три бода откако на домашен терен славеше со 4-2 во дуелот со Хофенхајм.

Со оваа победа Мајнц испишува историја бидејќи го изедначи најдобриот старт во Бундеслиага со седум последователни победи на Баерн Минхен од 1994 година, кој беше повторен од Кајзерслаутерн во 2001.

Тимот, чиј капитен е нашиот Николче Новевски стигна во водство по само две минути игра откако напаѓачите на Мајнц одлично избегнаа една офсајд стапица и Сами Алагуи ја затресе мрежата на Хофенхајм.

Во 41та минута Хофенхајм успеа да стигне до изедначување благодарејќи на погодокот на Демба Ба.

Но во второто полувреме домакините се погрижија да не го расипат 100% учиник во Бундеслигата.

Во 47та минута Адам Шалаи прецизно реализираше една полу-контра за водство од 2-1 а по еден час игра Мајнц имаше и предност од два погодоци благодарејќи на погодокот на Луис Холтби.

Хофенхајм во 64та минута го намали водството на Мајнц на 3-2 откако Гилфи Сигурдсон прекрасно биеше од слободен удар.

Но неизвесноста на натпреварот беше решена на 15тина минути пред крајот кога Хофенхајм остана без фудбалер а Ширле го зголеми водството на Мајнц на 4-2 со удар од белата точка.

Мизеријата на Шалке продолжува откако тимот на Феликс Магат загуби на гостувањето кај Нирнберг.

Шалке нешто помалку од 40 минути играше со играч помалку откако во 53та минута Џонс го заработи својот втор жолт картон.

Домакините ја искористија бројчаната предност и Мике Франтц го донесе тимот на Нирнберг во водство во 63та минута откако гостите лошо поставија една офсајд стапица.

Но и со играч помалку, Шалке преку Клас Јан Хунтелар во 74та минута стигна до изедначување. Сепак на пет минути до крајот Волф постигна погодок вреден три бода за Нинберг.

Хамбургер со пресврт во вториот дел стигна до победа пред своите фанови во дуелот со Кајзерслаутерн.

Гостите рано дојдоа до водство уште во третата минута преку Срџан Лакиќ а во првиот дел имаа уште неколку 100% шанси да го зголемат водството.

Откако не успаа во тоа, Хамбургер во последните 20 минути од натпреварот направи комплетен пресврт.

Најпрво Гојко Качар во 70та минута го изедначи резултатот за во 84та минута Чупо Мотинг да ги постави конечните 2-1.

Победа на домашен терен забележа и Фрајбург во дуелот со Келн. По десетина минути игра домакините имаа предност од два гола благодарејќи на Росентал.

Мохамед во 22та минута го намали водството на Фрајбург а во 50та минута Келн стигна до изедначување пеку Матушик.

Но Сисе во 70та минута повторно го врати домашниот тим во водство, резултат што Фрајбург го задржа до последниот свиреж на судијата.

Волфзбург од гостувањето кај Борусија Менхенгладбах заминува со бод. Томас Каленберг во првиот дел им донесе на гостите предност но Торбен Маркс во 65та минута го изедначи резултатот.



-------------


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 04.Октомври.2010 во 10:20
Дербито на 7.коло на Бундес лигата за Борусија Дортмунд

Екипата на Борусија Дортмунд освои нови три бодови и го задржа чекорот со водечкиот на табелата во Бундес лигата, откако во дербито на коло за десет минути го скршија отпорот на шампионот Баерн Минхен и победија со 2:0.

Но, хит на првенството и натаму е Мајнц каде капитен е македонскиот репрезентативец Николче Новески. Лидерот во седмото коло ја постигна седмата победа, овој пат над Хофенхајм со 4:2.

На другите натпревари од 7.коло постигнати се следниве резултати: Штутгарт – Ајнтрахт 1:2, Баер Леверкузен – Вердер 2:2, Фрајбург – Келн 3:2, Хамбургер – Кајзерслаутерн 2:1, Борусија Менхенгладбах – Волфсбург 1:1, Нирнберг – Шалке 2:1, Хановер – Сент Паули 0:1.

Табела: Мајнц 21 бод, Борусија Дортмунд 18, Хановер 13, Баер Леверкузен и Фрајбург по 12, Хофенхајм и Хамбургер по 11,...


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: емил
Датум на внесување: 13.Октомври.2010 во 16:52

Бекенбауер се сомнева дека Баерн може да ја одбрани титулата

 
Извор: АP

Легендата на германскиот фудбал, Франц Бекенбауер, смета дека Баерн Минхен има минорни шанси оваа сезона да ја одбрани шампионската титула.

Почесниот претседател на Баерн вели дека „ќе биде тешко да се одбрани титулата, бидејќи во овој момент Мајнц има предност од 13 бодови“.

По седум одиграни кола во Бундес лигата, екипата на Баерн Минхен се наоѓа на дванаесеттото место на табелата.

Бекенбауер во интервју за весникот „Билд“ ја критикуваше играта и тактиката на тренерот Луј ван Гал.

Легендарниот капитен на Германија стравува дека до зимската пауза Баерн може да ја зголеми негативата зад водечките екипи



-------------


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 15.Октомври.2010 во 18:52
Осмо коло во германското фудбалско првенство

Со натпреварот Келн - Борусија Дортмунд, вечерва од 20 часот и 30 минути почнува 8.коло во Бундес лигата.

Лидерот Мајнц во чии редови капитен е македонскиот репрезентативец Николче Новески утре пред своите гледачи игра со Хамбургер во обид да ја продолжи серија од седум последователни победи.

На другите утрешни натпревари кои започнуваат во 15 часот и 30 минути играат: Баерн Минхен – Хановер, Шалке – Штутгарт, Вердер – Фрајбург и Сент Паули – Нинберг.

Во утрешниот термин од 18 часот и 30 минути Волфсбург го пречекува Баер Леверкузен.

За в недела се закажани два натпревари.
Од 15 часот и 30 минути Кајзерслаутерн е домаќин на Ајнтрахт, додека два часа подоцна играат Хофенхајм и Борусија Менхенгладбах.

На табелата по седум одиграни кола со максимални 21 бод води Мајнц, а по него следуваат, Борусија Дортмунд 18, Хановер со 13, Баер Леверкузен и Фрајбург со по 12...


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: емил
Датум на внесување: 23.Октомври.2010 во 12:06

Ван Гал разочаран по ремито на Баерн со Хамбург

  http://sport.mnogoo.mk/mk/articles/Fudbal/van-gal-razocharan-po-remito-na-baern-so-hamburg -
-
За старт на деветото коло од Бундеслигата, дербито помеѓу Хамбург и Баерн заврши без голови во фантастична атмосфера на „Фолкспарк“ стадионот. Тренерот на тимот од Минхен изјави дека е разочаран од новиот „слаб“ резултат на неговата екипа, но инсистира дека играчите „дале сè од себе“. Најтрофејната германска екипа се искачи на делба на осмото место на табелата, со сè уште солидно задоцнување зад лидерот Дортмунд кој во недела игра со Хофенхајм.
 
„Моите момци даваат сè од себе за да победат и повторно заслужија, иако резултатот не е во наша корист. Задоволен сум од посветеноста и тимскиот дух кој владее во екипата, но повторно е проблем што не можеме да постигнеме гол“, вели Ван Гал.
 
Ниту тренерот на Хамбург, Армин Вех, не покажа преголемо задоволство од резултатот, сепак истакна дека „секогаш кога нема да му дозволите на Баерн да ве победи е успех“. Баерн Минхен нема ниту една победа против Хамбург во последните пет години.
 


-------------


Постирано од: окик
Датум на внесување: 23.Октомври.2010 во 22:33
Резултати
Вчера
Хамбургер - Баерн М. 0-0
Денес
Франкфурт - Шалке 0-0
Фрајбург - Кајзерслаутерн 2-1
Хановер - Келн 2-1
Минхенгладбах - Вердер 1-4
Нирнберг - Волфсбург 2-1
Утре
15:30 Дортмунд - Хофенхајм
17:30 Леверкузен - Мајнц
17:30 Штутгарт - Ст.Паули


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 25.Октомври.2010 во 13:07
Мајнц се врати на челната позиција во Бундес лигата

Екипата на Мајнц за која настапува и македонскиот репрезентативец Николче Новески повторно е на врвот на табелата во Германското фудбалско првенство, откако вчеравечер оствари победа на гостувањето кај Баер Леверкузен. Новески кој е капитен во Мајнц го одигра целиот натпревар. 

Довчерашниот лидер Борусија Дортмунд во втората минута од судиското надополнување се спаси од пораз на свој терен во натпреварот со Хофенхајм.

Постигнати резулутати во 9.коло од Бундес лигата: Борусија Дортмунд – Хофенхајм 1:1, Баер Леверкузен – Мајнц 0:1, Штутгарт – Сент Паули 2:0, Хамбургер – Баерн 0:0, Ајнтрахт - Шалке 0:0, Борусија Менхенгладбах - Вердер 1:4, Фрајбург – Кајзерслаутерн 2:1, Хановер - Келн 2:1 и Нирнберг - Волфсбург 2:1.

Табела: Мајнц 24 бодови, Борусија Дортмунд 22, Хановер 16, Хофенхајм 15, Баер Леверкузен 15, Хамбургер 15, Фрајбург 15, Вердер 14...


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: емил
Датум на внесување: 26.Октомври.2010 во 12:10

Баерн-Вердер, дерби во Купот на Германија

 
Извор: Макфакс

Вечерва и утре ќе се одиграат шеснаестфиналните натпревари во Купот на Германија, во фудбал. Дерби натпреварот во оваа фаза ќе биде реприза на последното куп-финале помеѓу Баерн Минхен и Вердер.



-------------


Постирано од: окик
Датум на внесување: 26.Октомври.2010 во 19:54
Куп на Германија - ДФБ Покал

Денес
Келн - Минхен 1860
Гројтер - Аугзбург
Кобленц - Херта
Викториа Хамбург - Волфсбург
Баерн Минхен - Вердер
Котбус - Фрајбург
ФСВ Франкфурт - Шалке
Кајзерслаутерн - Арминија Биелефелд
Утре
Алеманиа Ахен - Мајнц
Ајнтрахт Франкфурт - Хамбург
Халешер - Дуизбург
Хофенхајм - Инголштад
Чемнитцер - Штутгарт
Елверзберг - Нирнберг
Кикерс Офенбах - Дортмунд
Минхенгладбах - Баерн Леверкузен


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 01.Ноември.2010 во 13:40
Хофенхајм до три бода за трето место во Бундес лигата

Берлин, 1 ноември 2010 (МИА) - Екипата на Хофенхајм со убедливи 4:0 го победи Хановер вчеравечер во последниот натпревар од 10.коло во германското фудбалско првенство, по што се искачи на третата позиција на табелата.

Дербито на колото, а воедно и дуелот на двете првопласирани екипи им припадна на фудбалерите на Борусија Дортмунд кои славеа на гостувањето кај Мајнц со 2:0, по што дојде до смена на двете челни позиции во Бундес лигата. Целиот натпревар за поразениот тим го одигра македонскиот репрезентативец Николче Новески.

На другите натпревари беа постигнати овие резултати: Баерн Минхен – Фрајбург 4:2, Вердер – Нирнберг 2:3, Волфсбург – Штутгарт 2:0, Келн – Хамбургер 3:2, Кајзерслаутерн - Борусија Менхенгладбах 3:0, Сент Паули – Ајнтрахт 1:3 и Шалке - Баер Леверкузен 0:1.

Табела: Борусија Дортмунд 25 бодови, Мајнц 24, Хофенхајм и Баер Леверкузен по 18, Ајнтрахт и Хановер по 16...


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: емил
Датум на внесување: 01.Ноември.2010 во 16:54

Ван Гал не е според вкусот на Хенес

 
Извор: АП

Ван Гал се наоѓа пред отказ во минхенски Баерн. Претседателот на клубот Ули Хенес не спомна отпуштање на Ван Гал, но според јавно изречените квалификации блиску е денот кога Баерн и Ван Гал ќе се разделат.
„Ван Гал е тежок човек за разговор, не прифаќа мислења...



-------------


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 06.Ноември.2010 во 13:53
Раул му ја донесе првата домашна победа сезонава на Шалке
 


Во шестиот домашен натпревар фудбалерите на Шалке ја запишаа првата победа оваа сезона! Со 3:0 од Гелзеркирхен си замина Сент Паули во првиот натпревар од 11-то коло од Бундеслигата.


Во комплетно гледано втората победа оваа сезона на актуелниот вицепрвак посебна среќа можеше да почувствува шпанскиот фудбалер Раул, кој ова лето дојде во тимот на Феликс Магат.

Пред неколку дена тренерот на Шалке за прв пат делумно ја критикуваше живата легенда на светскиот фудбал, а овој возврати со два погодоци против тимот од Хамбург, кои за него беа вториот и третиот бундеслигашки гол.
Во листата на стрелците синоќа за Шалке се запиша и холанѓанецот Клас-Јан Хунтелар кој со тоа дојде до шестиот овосезонски погодок и сега е прв стрелец на клубот.

Шалке со право стравуваше пред овој натпревар. Не само поради сопствените проблеми оваа сезона, туку и поради трите досегашни победи на Сент Паули на гостувањата во Бундеслигата. Но, многу брзо се виде дека овој пат играчите на Шалке апсолутно се подготвени да направат се за конечно да ги развеселат своите навивачи.

Раул веќе во 14-та минута го донесе во предност домаќинот, а приказната всушност беше завршена по голот на Хунтелар со глава, на асистенцијата на Фарфан на почетокот од вториот дел.



-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: емил
Датум на внесување: 09.Ноември.2010 во 06:08
 
ПОБЕДНИЧКАТА СЕРИЈА Е МИНАТО ЗА ТИМОТ НА НОВЕСКИ
Мајнц во губитнички ритам

Еуфоријата по фантастичниот почеток на сезоната на Мајнц полека, но сигурно одминува, па фудбалерите на оваа екипа во последно време се почесто ги завршуваат натпреварите од Бундес-лигата со наведнати глави. Таков беше случајот и на нивното гостување во Фрајбург, каде што Мајнц загуби со 1-0 и го претрпи вториот пораз во серија, трет во последните четири кола од елитното германско фудбалско друштво. Натпреварот беше решен во 64. минута, кога судијата досуди пенал за Фрајбург, кој Сисе го претвори во погодок. Интересен натпревар се одигра во Менхенгладбах, каде што Борусија и Баерн Минхен ремизираа 3-3. Баварците имаа целосна доминација во првиот дел, но на почетокот од второто полувреме домашниот состав успеа да направи целосен пресврт и да поведе со 3-2. Спасител на актуелниот првак беше капитенот Филип Лам, кој го постигна изедначувачкиот погодок на шест минути пред крајот. - Не знам што се случува во главите на моите фудбалер. Ги предупредив дека домаќините ќе излезат крајно мотивирани на почетокот од второто полувреме, да бидат внимателни, но ние, сепак, примивме два гола за десет минути. По првите 45 минути требаше да водиме со 5-1, а на крајот се доведовме во ситуација да спасуваме бод, истакна кормиларот на Баерн, Луј ван Гал. Шалке најави излез од големата криза славејќи со 3-0 над Сент Паули. Раул постигна два гола во првиот триумф на Шалке на домашен терен сезонава, а еднаш мрежата на Сент Паули ја затресе Клас Јан Хунтелар.
РЕЗУЛТАТИ ГЕРМАНИЈА: Шалке - Сент Паули 3-0, Ајнтрахт - Волфсбург 3-1, Фрајбург - Мајнц 1-0, Хамбургер - Хофенхајм 2-1, Борусија М. - Баерн М. 3-3, Нирнберг - Келн 3-1.




-------------


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 13.Ноември.2010 во 13:33
Борусија незапирлива во Бундес лигата
 
 

Фудбалерите на Борусија од Дортмунд и по 12-то коло ќе останат на чело на табелата во германската Бундес лига

 


Во премиерниот натпревар од ова коло, Борусија во петокот навечер на домашен терен го победи Хамбургер со 2:0. За екипата од Дортмунд ова беше петтата последовна победа со која ја зацврсти лидерската позиција на табелата. Борусија на врвот има 31 бод, седум повеќе од Мајнц кој има и натпревар помалку.
До десетата победа сезонава „милионерите“ од Дортмуд стигнаа со головите кои во второто полувреме ги постигнаа Кагава и Лукас Бариос.
Останатите натпревари од 12-то коло во Бундес лигата ќе се одиграат викендов.



-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 15.Ноември.2010 во 13:24
Шампионот Баерн Минхен убедлив против Нирнберг

Фудбалерите на германскиот шампион Баерн во последниот натпревар од 12.коло на Бундес лигата одигран вчеравечер во Минхен забележаа висока победа од 3:0 против тимот на Нинберг. Стрелци на головите беа Марио Гомез два и Филип Лам еден, од пенал.

Во вториот вчерашен натпревар Фрајбург со гол во последната минута како гостин го совлада Хофенхајм со 1:0.

На саботните натпревари беа постигнати следниве резултати: Келн – Борусија Менхенгладбах 0:4, Кајзерслаутерн – Штутгарт 3:3, Сент Паули – Баер Леверкузен 0:1, Вердер – Ајнтрахт 0:0, Волфсбург – Шалке 2:2, Мајнц – Хановер 0:1 и во петокот Борусија Дортмунд – Хамбургер 2:0.

Табела: Борусија Дортмунд 31 бод, Баер Леверкузен и Мајнц по 24, Фрајбург 20, Баерн и Хановер по 19,...


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 18.Ноември.2010 во 11:20
Фудбалерите на Мајнц на автобуски седиштада
 

bus

Автопревозник од Mainz еден од своите автобуси целосно го посвети на локалниот бундеслигаш.

Автобусот наменет за градски превоз целосно е обоен во клупските бои, но вистинското изненадувањето следи откако ќе влезете внатре.

Сите педесет седишта се обложени со ликовите на фудбалерите на Mainz.

bus-vnatre

Целта на овој оригинален експеримент е да се следи однесувањето на патниците, за таа цел во автобусот се монтирани неколку камери.

На навивачите на клубот многу им се допадна идејата.

Добра околност е тоа што во градот нема ривалски клуб, па автобусот ќе остане неоштетен.



-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 26.Ноември.2010 во 14:27
Мајнц и Нирнберг го отвораат 14.коло во Бундес лигата

Берлин, 26 ноември 2010 (МИА) - Со натпреварот против Нирнберг вечерва од 20 часот и 30 минути, екипата на Мајнц, за која настапува македонскиот репрезентативец Николче Новески, ќе го отвори 14.коло од Германското фудбалско првенство.

За утре се закажани шест натпревари. Пет од нив започнуваат во 15 часот и 30 минути, а двојките се: Баерн Минхен - Ајнтрахт Франкфурт, Хамбургер - Штутгарт, Хофенхајм - Баер Леверкузен, Хановер - Фрајбург и Кајзерслаутерн - Шалке. Од 18 часот и 30 минути е последната утрешна средба во која ќе играат лидерот на табелата Борусија Дортмунд и Борусија Менхенглабах.

За неделната програма планирани се два натпревара. Од 15 часот и 30 минути ќе започне дуелот Вердер - Сент Паули, а 14-тата рунда од Бундес шампионатот ќе биде затворена со натпреварот Келн - Волфсбург.

Табела: Борусија Дортмунд 34 бодови, Мајнц 27, Баер Леверкузен 25, Хановер 22, Хофенхајм 21, Фрајбург 21, Ајнтрахт Франкфурт 20, Баерн Минхен 20,...


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 06.Декември.2010 во 12:26
„Милионерите“ со двоцифрена предност на врвот на табелата во Бундес лигата

Берлин, 6 декември 2010 (МИА) - Лидерот Борусија Дортмунд вчеравечер славеше победа на гостувањето кај Нирнберг во последниот натпревар од 15.коло во Германското фудбалско првенство и по поразот на второпласираниот Мајнц нивната разлика на врвот на табелата сега изнесува 10 бодови. „Милионерите“ до победата од 2:0 стигнаа со головите на Матс Хамлест во 23.минута и Роберт Левандовски во 88.минута.

Дербито во оваа рунда кое се играше во Гелзенкирхен му припадна на домашниот Шалке кој беше поуспешен од шампионот Баерн Минхен.

Резултати од 15.коло во Бундес лигата: Сент Паули - Кајзерслаутерн 1:0, Штутгарт - Хофенхајм 1:1, Волфсбург - Вердер 0:0, Ајнтрахт - Мајнц 2:1, Борусија Менхенгладбах - Хановер 1:2, Фрајбург - Хамбургер 1:0, Шалке - Баерн Минхен 2:0, Баер Леверкузен - Келн 3:2 и Нирнберг - Борусија Дортмунд 0:2.

Табела: Борусија Дортмунд 40 бодови, Мајнц 30, Баер Леверкузен 29, Хановер 28, Фрајбург 24, Хофенхајм и Баерн Минхен по 23,...


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 10.Декември.2010 во 15:10
Богат договор за Нојер

Екипата на Шалке нема намери да се раздели со својот голман Мануел Нојер за кого секојдневно пристигнуваат понуди од големите европски клубови. Германскиот репрезентативец е "врзан" за Шалке до 2012 година, меѓутоа клубот од Гелзенкирхен е презадоволен од него и планира да му понуди продолжување на соработката на уште една година со значително зголемени примања. Годишната плата од два ќе му скокне на пет милиони евра, а во договорот ќе постои клаузула според која сите заинтересирани купци може да го добијат пред 30 јуни 2013 година само доколку "искешираат" од 20 до 25 милиони евра.

"Сакаме да го задржиме најдобриот голман на светот, но не можам да откријам подетални информации. Би било добро тоа да се случи на почетокот на пролетниот дел од сезоната", изјави тренерот Феликс Магат.

Пред извесно време екс-голманот на Баерн Оливер Кан му порача на Нојер да замине во голем клуб доколку сака да стане најдобриот голман на светот. Но засега нема одговор од 24-годишниот чувар на мрежата на Шалке.


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 13.Декември.2010 во 14:27
Мајнц го загуби второто место во Бундес лигата

По поразот од Шалке вчеравечер пред својата публика, екипата на Мајнц го загуби второто место на табелата во Германското фудбалско првенство и сега се наоѓа на четвртата позиција. Одлучувачки за поразот на екипата за која настапува македонскиот репрезентативец Николче Новески беше голот на Џеферсон Фарфан во 30.минута со кој Шалке ги освои трите бода во последниот натпревар од 16.коло. Новески го одигра целиот натпревар, а во 75 минута доби жолт картон.

Лидерот Борусија Дортмунд го победи Вердер и сега има 11 бодови повеќе во однос на второпласираниот Баер Леверкузен.

Резултати од 16.коло во Бундес лигата: Хановер - Штутгарт 2:1, Баерн Минхен - Сент Паули 3:0, Келн - Ајнтрахт 1:0, Кајзерслаутерн - Волфсбург 0:0, Хамбург - Баер Леверкузен 2:4, Хофенхајм - Нирнберг 1:1, Борусија Дортмунд - Вердер 2:0, Фрајбург - Борусија Менхенгладбах 3:0 и Мајнц - Шалке 0:1.

Табела: Борусија Дортмунд 43 бодови, Баер Леверкузен 32, Хановер 31, Мајнц 30, Фрајбург 27, Баерн Минхен 26,...


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 17.Декември.2010 во 12:11
Последно коло од првиот дел во Бундес лигата

Со вечерашниот натпревар меѓу Борусија Менхенгладбах и Хамбургер (почеток 20:30 часот) ќе стартува 17.коло во Бундес лигата. По ова коло ќе следува и пауза од еден месец, следното коло бундеслигашите ќе го одиграат на 14 јануари.

Во саботниот термин од 15:30 часот лидерот на табелата и првопласираната по првиот дел Борусија Дортмунд гостува во Франкфурт кај Ајнтрахт. Покрај овој дуел играат уште: Нирнберг - Хановер, Шалке - Келн, Вердер - Кајзерслаутерн, Волфсбург - Хофенхајм.

Мајнц гостува кај Сент Паули, а почетокот на овој дуел е во 18:30 часот.

Колото ќе биде комплетирано со натпреварите в недела: Баер Леверкузен - Фрајбург (15:30 часот) и Штутгарт - Баерн (17:30 часот).

Табела: Борусија Дортмунд 43 бодови, Баер 32, Хановер 31, Мајнц 30, Фрајбург 27, Баерн 26,...


-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: емил
Датум на внесување: 04.Јануари.2011 во 12:45

Новески во топ-10 дефанзивци во Бундеслигата

Македонскиот репрезентативец Николче Новески е осми на листата најдобри дефанзивци во германската Бундеслига по завршувањето на есенската полусезона, составена од магазинот "Кикер". Капитенот на Мајнц настапи на сите 17 натпревари на својот клуб и со просечна оценка 3,24 е пред Лукаш Пишчек од Борусија (Д), Мартин Амедик од Кајзерслаутерн, Филип Лам од Баерн и Јорис Матајсен од Хамбургер. Прв на листата е Матс Хумелс од Борусија (Д), пред Жеромел од Келн и Невен Суботиќ, исто така, од Борусија (Д). Четврти е соиграчот на Новески, Кристијан Фухс.
Триесет и едногодишниот битолчанец беше столб на одбраната на есенскиот вицепрвак во Германија, која прими само 19 голови, што е полошо само од лидерот Борусија. Покрај одбранбените задачи, Новески успеа да постигне и еден гол во победата од 3:0 над Нирнберг во ноември.
Тој му се приклучи на Мајнц во 2004 година и оттогаш има повеќе од 200 настапи. Актуелниот договор му е со важност до летото 2013 година.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 06.Февруари.2011 во 07:57

Баерн Минхен речиси ја загуби битката за титулата во Германија откако си дозволи да не победи и покрај водството од 0:2 на гостувањето кај Келн.

 

Гомез и Алтинтоп му ја донесоа високата предност на најтрофејниот германски тим, и кога се очекуваше сигурен триумф на "Баварците", домашните се вратија од "мртвите". За само 18 минути Келн три пати погоди во мрежата на Крафт. Прво Клеменс намали, а Новаковиќ најпрво израмни во 62 минута, за да 11 минути подоцна и по втор пат се запише во листата на стрелците, и целосно го сврти резултатот во корист на Келн. Баерн со ова речиси немаат шанси за титулата, а по поразот и на Баер Леверкузен кај Нирнберг, Борусија и со нерешено ја зголеми предноста пред конк*рентите.

"Невозможно е како не успеавме да победиме. Да се има предност на гостински терен од два разлика, и да не се освојат трите бода е навистина срамно. Мораме сите да се запрашаме што се случуваше", изјави Томас Милер.

 

Бундес-лига 21 коло

Петок:

Борусија Д. - Шалке 0:0

Сабота:

Келн - Баерн М. 3:2 (Клеменс 55', Новаковиќ 62', 73' - Гомез 22', Алтинтоп 43')

Мајнц - Вердер 1:1 (Ширле 19' - Пизаро 90')

Нирнберг - Баер Л. 1:0 (Еглер 60')

Хановер - Волфсбург 1:0 (Пинто 5')

Хофенхајм - Кајзерслаутерн 3:2 (Сигурдсон 28', Руди 40', Ибишевиќ 62' - Хофер 58', Роднеи 59')

Борусија М. - Штутгарт 2:3 (Данте 29', Де Камарго 31' - Погребњак 51', Харник 56', Гебхарт (п) 87')

Недела:

Хамбургер - Ст. Паули (одложен)

Фрајбург - Ајнтрахт (17:30 ч.)

Табела: Борусија Д. 51, 2. Баер Л. 39, 3. Мајнц 37, 4. Хановер 37, 5. Баерн М. 36, 6. Фрајбург 33 (-1), 7. Хофенхајм 32, 8. Хамбургер 30 (-1), 9. Нирнберг 29, 10. Шалке 26, 11. Ајнтрахт 26, 12. Волфсбург 23, 13. Вердер 23, 14.  Кајзерслаутерн 22, 15. Ст. Паули 22 (-1), 16. Келн 22, 17. Штутгарт 19, 18. Борусија М. 16 бодови.



-------------


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 07.Февруари.2011 во 18:02
Диего го изведе ’најскапиот’ пенал, вреден 100.000 евра


Видео:%20Диего%20го%20изведе%20’најскапиот’%20пенал,%20вреден%20100.000%20евра Според пишувањето на германските медиуми Волфсбург одлучил оштро да го казни бразилкиот плејмејкер Диего со 100.000 евра поради непослушност и неадекватно однесување во саботата на натпреварот против Хановер.

Имено, на Волфсбург му беше досуден пенал во 80-та минута при резултат 1:0. Според инструкциите на тренерот изведувач требаше да биде Хелмес, но Диего не го послушал тренерот и сам одлучил да го шутира пеналот.

Бразилецот не само што ги игнорираше советите на Стив Мекларен, туку и го промаши пеналот што додатно го разбесна тренерот, а неговата екипа запиша нов пораз.

„Кога некој играч ги игнорира моите инструкции станувам многу лут. Тој заслужи казна, а исто така дополнителна казна ќе му биде тоа што ќе биде отстранет и од еден натпревар на тимот - следниот викенд против Хамбургер“, изјави Мекларен.




-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 13.Февруари.2011 во 16:33
Дортмунд киксна во самиот финиш


 
Второ реми по ред одигра Борусија Дортмунд, попладнево на гостувањето кај Кајзерслаутерн, со што надежта на ривалите се зголеми откако Баер Леверкузен победи и конечно искористи еден кикс
 

 
 

Јан Моравек спречи Дортмунд да забележи нова гостинска победа и да ја продолжи неприкосновената серија. Претходно во 82 минута, „милионерите“ дојдоа во водство преку Свен Бендер, и до 90 минута изгледаше дека Дортмунд ќе се радува на нов триумф.

Ремито 1-1 сега на Борусија и овозможува десет бода предност, и ситна надеж за Баер Леверкузен кој се радуваше на победа кај Ајнтрахт во Франкфурт со 3-0. Победи и Баерн Минхен со 4-0 против Хофенхајм за да ја намали предноста на 13 бода, но сето оа се уште е премногу и решиси недостижно во следните 12 кола за комплетен пресврт и неосвојување на титулата.

Ако битката за тронот полека или од поодамна е јасна, за дното зоврива, а тму гигантот и екс-првак Штутгарт е се поблиску до втората лига

Штутгарт се поблиску до втората лига. „Швабите“ доживеаа срамен пораз од Нирнберг на домашен терен со 1-4 во 22 коло, па шампионот од 2007 година сега е претпоследен со 19 бода.

Резултати: Ајнтрахт - Баер Леверкузен 0-3, Волфсбург - Хамбургер 0-1, Баерн Минхен - Хофенхајм 4-0, Сент Паули - Борусија Менхенгладбах 3-1, Шалке - Фрајбург 1-0, Штутгарт - Нирнберг 1-4, Кајзерслаутерн - Борусија Дортмунд 1-1. Утре: Келн - Мајнц (15.30 ч.), Вердер - Хановер (17.30 ч.).

На табелата води Борусија Дортмунд со 52 бода, пред Баер Леверкузен со 42, следат Баерн Минхен со 39, Мајнц 37 (-1), Хановер 37 (-1), Фрајбург 34...



-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 18.Февруари.2011 во 12:16
Мајнц домаќин на шампионот Баерн

Првакот на Германија, тимот на Баерн Минхен во рамките на 23.коло ќе гостува во Мајнц кај истоимената домашна екипа каде капитен е македонскиот репрезентативец Николче Новески. Натпреварот ќе се одигра утре со почеток во 18 часот и 30 минути.

Ова коло во Бундес лигата вечерва од 20 часот и 30 минути ќе го отворат Нирнберг и Ајнтрахт.

Во саботниот термин од 15 часот и 30 минути играат: Борусија Дортмунд - Сент Паули, Фрајбург - Волфсбург, Хамбургер - Вердер, Хановер - Кајзерслаутерн и Хофенхајм - Келн.

Во недела двојките се: Баер Леверкузен - Штутгарт и Борусија Менхенгладбах - Шалке.

Табела: Борусија Дортмунд 52 бода, Баер Леверкузен 42, Баерн Минхен 39, Хановер 38, Мајнц 37, Фрајбург 34,...

-------------
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 20.Февруари.2011 во 15:45

На седум натпревари во 23.коло од Бундеслигата, само Баерн победи на гости. Борусија Д. лесно се справи во Сент Паули, додека Вердер доживеа дебакл од Хамбургер.


verder-bremen-500

Тренерот на Вердер, Томас Шаф  пред извесно време понуди оставка, но сепак раководството на клубот не ја прифати. Промени на шефот на стручниот штаб засега нема, но нема ниту резултати.

Единствено благодарејќи на конк*рентите Волфсбург и Кајзерслаутерн, Вердер се уште се наоѓа две позиции над опасната зона која носи испаѓање. Нова „шлаканица“ Вердер доби вчера, и тоа од нивниот најголем ривал Хамбургер кој славеше со убедливи 4:0. Стрелци за ХСВ беа Петриќ, Бен Хатира и Паоло Гереро, кој постигна два гола.

nikolce-noveski-500

Борусија лесно се справи со Сент Паули. „Гусарите“ по двата триумфа по ред против Мехенгалдбах и Хамбургер, во Дортмунд допатуваа растеретени. Меѓутоа тоа не им помогна против лидерот да направат позитивен резултат. „Милионерите“ славеа со 2:0, а резултатот можеше да биде поубедлив доколку домаќините беа попрецизни во завршниците. Лукас Бариос беше стрелец на првиот гол,  додека конечните 2:0 ги постави Ралф Гунеш кој ја затресе сопствената мрежа.

Баерн Минхен исто така беше убедлив на гостувањето кај Мајнц и Николче Новески победувајќи со 3:1, со што беше единствената гостинска екипа која во ова коло забележа победа. Швајнштајгер, Милер и Гомез беа стрелци за Баерн, додека поразот на Мајнц го ублажи Алагуи.

Бундес-лига 23.коло

Сабота:

Борусија Д. – Сент Паули 2:0

(Бариос 39, Гунеш а.г 49)

Хамбургер – Вердер 4:0

(Петриќ 42, Гереро 64, 79, Бен Хатира 87)

Хофенхајм – Келн 1:1

(Новаковиќ а.г 48 – Мохамад 69)

Фрајбург – Волфсбург 2:1

(Рајзингер 43, Сисе 70 – Хелмс 28)

Хановер – Кајзерслаутерн 3:0

(Шлојдраф 17, 57, Абделауе 45)

Мајнц – Баерн М. 1:3

(Алагуи 84 – Швајнштајгер 9, Милер 50, Гомез 77)

Недела:

Баер Л. – Штутгарт

Борусија М. – Шалке 04

Петок:

Нирнберг – Ајнтрахт 3:0

(Шибер 67, Мак 87, Коен 90)

Табела: Борусија Д. 55, Баер /-1/ 42, Баерн 42, Хановер 41, Мајнц 37, Фрајбург 37, Хамбургер 36, Нирнберг 35, Хофенхајм 33, Шалке /-1/ 29, Сент Паули 28, Ајнтрахт 27, Келн 26, Вердер 24, Волфсбург 23, Кајзерслаутерн 23, Штутгарт /-1/ 19, Борусија М. /-1/ 16 бодови.




-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: емил
Датум на внесување: 28.Февруари.2011 во 06:22
Милионерите“ почнаа да ја слават титулата

Борусија Дортмунд с` поцврсто чекори кон титулата шампион на Германија. Улогата на апсолутен фаворит во фудбалската Бундеслига ја потврди со победа од 3-1 на гостувањето на „Алијанс арена“ против актуелниот германски шампион Баерн Минхен. „Милионерите“ за кратко време почувствуваа дека се подобар противник и со погодоците на Бариос во 9. и Сахин во 18. на два пати обезбедуваа водство, по израмнувањето на домаќинот преку Густаво во 16. минута. Триумфот го потврди Хемелс, на половина час пред крајот на средбата.

Убедливиот лидер на табелата, за прв пат по 19 години оствари победа во Минхен против големиот ривал.

- Овој ден беше нешто посебно за нас. Работевме многу и победата беше заслужена, а тоа можеше директно да се види во 198 земји низ светот - наведе Јирген Клоп, тренерот на Борусија Дортмунд, која сега има 16 бода повеќе од актуелниот бранител на титулата.

Колегата од спротивниот табор, Луис ван Хал, не сакаше децидно да го признае поразот.

- Нивната победа се темелеше на наша грешка на средината на теренот при постигнувањето на првиот гол. Едноставно ги постигнаа головите во вистинско време - рече Ван Хал.

Ова беше дури 11. победа на гости за Борусија Дортмунд, која на домашен терен има само седум добиени средби.

Николче Новески го одигра целиот меч за Мајнц кој оствари победа од 2-1 кај Хофенхајм. Мајнц има завидливи осум победи на гости и се наоѓа на петата позиција која води во европските натпреварувања.

Резултати и стрелци: Волфсбург - Борусија М. 2-1 (Диегу 36, 45 - Демс 74 пен.), Келн - Фрајбург (Подолски 89), Шалке - Нирнберг 1-1 (Раул 52 - Хегелер 37), Хофенхајм - Мајнц 1-2 (Алаба 83 - Ивфаншиц 23, Сото 86), Кајзерслаутерн - Хамбургер 1-1 (Хлоушек 18 - Јансен 55), Сент Паули - Хановер 0-1 (Шулц 89), Баерн М. - Борусија Д. 1-3 (Густаво 16 - Бариос 9, Сахин 18, Хемелс 60).

Табела: Борусија Д. 58, Баер Л. (-1) 45, Хановер 44, Баерн М. 42, итн.



-------------


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 06.Март.2011 во 05:48

Катастрофални осум денови за Баерн


Карл Хајнц Румениге, претседателот на управниот одбор на Баерн од Минхен, беше бесен по поразот од Хановер нагости од 3-1, но потенцираше дека нема да се донесуваат избрзани одлуки за иднината на тренерот Ван Гал, иако очигледно е дека по трите врзани порази (Дортмунд, Шалке и Хановер) иднината на холанѓанецот виси на конец.

“Ова беа катастрофални осум денови. Против Дортмунд игравме горе-долу добро, против Шалке се покажавме барем едно полувреме, но ова денес... Ова е најниско што паднавме цела оваа сезона. Ова ви го велам најискрено“ - изјавил Румениге за тимската Интернет страница.

“Дојдовме да победиме, но овој пораз и уште повеќе начиниот на кој изгубивме навистина боли. Најверојатно никој нема да спие вечерва, ќе анализираме што може да се направи да се запре ова. Ситуацијата на Баерн е навистина загрижувачка“ - ја завршил својата изјава Румениге.

Во диркетниот дуел за третото место на табелата, Хановер поведе со 2-0 со головите на Abdellaoue и Rausch. Малку надеж за баварците донесе голот на Робен во 55. минута, но само осум минути подоцна Pinto го постави конечниот резултат.

Баерн сега останува на четвртото место, пет бодови зад местото кое води во квалификациите на Лигата на шампионите, а на кое се наоѓа токму Хановер со 47 бодови. Баерн заостаува дури 19 бодови зад лидерот Борусија Дортмунд. Следно за Барен е дуелот од ЛШ против Интер дома, каде е единствената можност да дојде до малку “сребро“ оваа сезона, но со игра каква покажаа денес, не можат да се надеваат на ништо.




-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: емил
Датум на внесување: 21.Март.2011 во 10:29

/sport/fudbal/23189-Video-Baer-dojde-na-minus-sedum-od-Borusija - Баер дојде на минус седум од Борусија   

До пред само некое коло сите во Германија и ја даваа титулата на Борусија Дортмунд, која имаше голема предност над врвот. Сепак, добрата серија резултати на Баер Леверкузен и едниот пораз и реми на “милионерите“ ја направија завршницата на Бундеслигата поинтересна од очекуваното.

По ремито на Борусија дома со Мајнц бо саботата, “фармацевтите“ не ја пропуштија шансата да им се доближат на минус седум со победа на домашен терен над Шалке. Творци на триумфот беа Ерен Дердијок во 19. минута и Криштоф Мецелдер со својот автогол во 27. минута.

ТАБЕЛА: Борусија Д. 62, Баер 55, Хановер 50, Баерн 48, Мајнц 44, Нирнберг 42, Хамбург 40, Фрајбург 37, Хофенхајм 36, Шалке 33, Келн 32, Вердер 32, Кајзерслаутерн 31, Ајнтрахт 31, Штутгарт 29, Сент Паули 28, Волфсбург 27, Борусија М. 23.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 25.Април.2011 во 23:10
Порака за играчите на Келн: Опстанок или смрт

На велигденски понеделник во тренинг кампот на Келн, играчите ги пречекала страшна порака од навивачите.

Страв и шок во таборот на популарните "јарци". По неделниот пораз во Волфсбург (4:1), со што си ја искомпликуваа ситуацијата околу опстанокот, хулигани провалиле во внатрешноста од тренинг комплексот и со црн спреј испишале порака долга речиси 20 метри: "Ако испаднете, ќе ве тепаме до смрт!"

Најдобриот играч на Келн и репрезентативец на Германија, Лукас Подолски не можел да верува дека вакви работи се случуваат.

"Ова нема врска со здравиот разум. Вистинските навивачи тоа никогаш не би го сториле. Ништо нема да биде подобро, ако некој не тепа по глава. Мора да веруваме во иднината." - изјавил Подолски.

Голманот на "јарците" Михаел Ренсинг смета дека треба да се срами навивачот кој го напишал графитот.

"Не ми се допадна, тоа е удар под појас. Тој што тоа го напишал треба да се срами. Верувам дека зад пораката стојат помал дел од навивачите".

Во шок бил и тренерот на Келн, Франк Шефер.

"Ова нема никава врска со фудбалот, ниту со конструктивна критика. Тоа е обична деструкција".

Келн е во негативна серија од три порази во низа, што ја доведе екипата на само три бода над опасната зона, а до крајот на Бундес лигата останаа уште три кола.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 01.Мај.2011 во 05:35
Борусија Дортмунд шампион во Бундес лигата

http://www.netpress.com.mk/sport/vestiimages/18329/бд.jpg">

Две кола пред крај на сезоната фудбалерите на Борусија Дортмунд ја освоија титулата шампион на Германија. Тие во 32. коло во Бундес лигата ја победија екипата на Нирнберг, а откако Баер загуби во Келн, екипата на Борусија Дортмунд се стекна со недостижни осум бода предност. За Борусија ова е шеста шампионска титула, прва по девет години.

Борусија Менхенгладбах освои злато вредни бодови во борбата за опстанок победувајќи ја на гости екипата на Хановер, кој така го загрози пласманот на третото место на табелата и пласман во квалификациите за Лигата на Шампионите.

Мајнц со убедлива победа над Ајнтрахт за чекор е поблизу до излез во Европа, додека екипата на Франкфурт и понатаму е на место кое води во плеј аутот.
Штутгарт речиси сигурно обезбеди опстанок победувајќи го Хофенхајм. Ослабениот Хамбургер повторно разочара. Овој пат бодовите од северот ги однесе Фрајбург, па Хамбургер и дефинитивно испадна од трката за пласман во Лигата на Европа.



-------------


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 09.Мај.2011 во 00:02
Баерн и Баер во ЛШ


Во листата на стрелци се запиша и репрезентативецот на Македонија и капитен на Мајнц, Николче Новески


Откако Борусија (Д) ја освои шампионската титула во германската Бундеслига, остана во игра само прашањето кои клубови ќе ги осигураат местата кои водат во Европа и кој ќе се пресели во втората лига. Покрај "милионерите", кои можеа да си дозволат да загубат од Вердер во Бремен (2:0), Германија следната година во Лигата на шампиони ќе ја претставуваат уште Баер од Леверкузен и Баерн (М).

За разлика од "фармацевтите" кои освоија само еден бод во дербито со Хамбургер, баварците забележаа убедлива победа над повратникот во Втората лига, Ст. Паули (8:1).
- Ја исполнивме првата цел, го осигуравме местото за Лигата на шампиони. Се надеваме на нов кикс на Леверкузен. Ќе биде прекрасно ако завршиме на втората позиција, изјави привремениот тренер на Баерн (М), Андриес Јонкер.

Голем удел во триумфот на Мајнц против Шалке имаше и репрезентативецот на Македонија и капитен на тимот, Николче Новески, кој успеа да ја затресе противничката мрежа и да ги осигура трите бода на гостувањето во Гелзенкирхен.

Резултати: Баер (Л) - Хамбургер 1:1 (Кислинг 54' - Вестерман 2'), Ајнтрахт - Келн 0:2 (Чихи 24', Подолски 90' пен), Волфсбург - Кајзерслаутерн 1:2 (Манџукиќ 6' - Лакиќ 25', Амедик 44'), Борусија (М) - Фрајбург 2:0 (Ханке 80', Ројс 81'), Нирнберг - Хофенхајм 1:2 (Волшајд 16' - Фирмино 40', Сигурдсон 86'), Ст. Паули - Баерн М. 1:8 (Егер 78' - Гомес 10', 52', 86', ван Бујтен 32', Робен 54', 84', Рибери 78', 88'), Вердер - Борусија (Д) 2:0 (Силвестре 6', Пизаро 64'), Шалке - Мајнц 1:3 (Хунтелар 48' - Ширле 52', Холтби 83', Новески 85'), Штутгарт - Хановер 2:1 (Хајнал 58', Оказаки 61' - Штиндл 66').

Табела:

1. Дортмунд

33

22

6

5

64:21

72

2. Леверкузен

33

19

8

6

63:44

65

3. Баерн (М)

33

18

8

7

79:39

62

4. Хановер

33

18

3

12

46:44

57

5. Мајнц

33

17

4

12

50:38

55

6. Нирнберг

33

13

8

12

46:42

47

7. Хамбургер

33

12

8

13

45:51

44

8. Фрајбург

33

13

5

15

41:49

44

9. Хофенхајм

33

11

10

12

49:47

43

10. Кајзерслаутерн

33

12

7

14

45:49

43

11. Штутгарт

33

12

6

15

59:57

42

12. Вердер

33

10

11

12

45:58

41

13. Келн

33

12

5

16

45:61

41

14. Шалке

33

11

7

15

37:42

40

15. Волфсбург

33

8

11

14

40:47

35

16. Менхенгладбах

33

10

5

18

47:64

35

17. Ајнтрахт

33

9

7

17

30:46

34

18. Ст. Паули

33

8

5

20

34:66

29



-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: емил
Датум на внесување: 07.Јуни.2011 во 06:40
Шалке доведе засилување од Мајнц

Екипата на Шалке го доби првото засилување за следната сезона, а се работи за австриксиот репрезентативец, Кристијан Фухс, кој игра на позицијата лев бек.

25-годишниот Фухс потпиша договор на 4 години, но останува непознато колкава е отштетата која ја добил неговиот поранешен тим, каде овој фудбалер имаше одлична сезоната.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 22.Јуни.2011 во 05:34
Бундес лигата стартува на 5. август

Новата сезона во германската Бундес лига ќе започне на 5. август со дуелот меѓу шампионот Борусија Дортмунд и Хамбургер, одлучено е  со ждрепката која се одржа денеска. Првиот дел од сезоната завршува на 18. декември, а втората половина од шампионатот стартува на 20. јануари, додека крајот на сезоната е на 5. мај следната година.

Парови за 1. коло Бундес лигата:
Борусија Дортмунд - Хамбургер
Вердер - Кајзерслаутерн
Хановер - Хофенхајм
Мајнц - Баер Леверкузен
Штутгарт - Шалке
Келн - Волфзбург
Аугзбург - Фрајбург
Херта - Нирнберг
Баерн Минхен - Борусија Менхенгладбах.



-------------


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 14.Август.2011 во 22:07
Баер поуспешен од Вердер



Баер Леверкузен минимално со 1-0 славеше над Вердер во дерби-натпревар од второто коло од германската Бундес-лига. Стрелец на единствениот гол беше Кадлец четири минути пред крајот на мечот.
На табелата во водство се Мајнц на македдонскиот репрезентативен дефанзивец Николче Новески и Хановер со максимални 6 бодови. Штутгарт и Борусија Менхенгладбах имаат по четири поени, а осум екипи забележаа по една победа и еден пораз.
Резултати: Баер – Вердер 1-0, Кајзерслаутерн – Аугсбург 1-1, Волфсбург – Баерн 0-1, Хофенхајм – Борусија Д. 1-0, Хамбургер – Херта 2-2, Шалке – Келн 5-1, Нирнберг – Хановер 1-2, Фарјбург – Мајнц 1-2, Борусија Менхенгладбах - Штутгарт 1-1.


-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 28.Август.2011 во 19:47

http://k*rir.mk/sport/fudbal/40526-Mec-so-presvrti-vo-Hamburg - Меч со пресврти во Хамбург


keln-500

Вистински трилер меч одиграа Хамбургер и Келн, на кој славеа гостите со 4:3. Многу шанси, голови и пресврти беа видени на овој првенствен меч. Поведоа домаќините со голот на Петриќ во 11.минута од пенал, а по десет минути игра израмни Чихи.

По четири минути во вториот дел Келн поведе со голот на Новаковиќ со што направија целосен пресврт на дуелот. Радоста на гостите траеше десет минути бидејќи Рајковиќ му донесе изненадување на Хамбургер во 59-тата минута. За ново водство на домаќините се погрижи Сон во 62.минута, но тоа не беше доволно за победа.

Келн преку Клементс во 82-та и МекКена во 88-та минута повторно дојдоа до предност, но овој пат домаќините немаа време да се вратат резултатски на мечот.

Бундеслига 4.коло

Сабота:

Фрајбург – Волфсбург 3:0

/Барт 30, Јендришек 40, Макиади 60/

Хамбургер – Келн 3:4

/Петриќ 11 (п), Рајковиќ 59, Сон 62 – Чихи 21, Новаковиќ 49, Клеменс 84, МекКена 88/

Хофенхајм – Вердер 1:2

/Фирмино 37 – Арнаутовиќ 38, Розенберг 83/

Кајзерслаутерн – Баерн 0:3

/Гомез 37 (п), 55, 69/

Нирнберг – Аугсбург 1:0

/Есвајн 76/

Леверкузен – Дортмунд 18:30 ч.

Петок:

Херта – Штутгарт 1:0

Недела:

Хановер – Мајнц

Шалке - Мехенгладбах



-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 29.Август.2011 во 00:15

Шалке минимално, реми во Хановер

Фудбалерите на Шалке ја совладаа екипата на Борусија Менхенгладбах, а Хановер и Мајнц ги поделија бодовите.

Хановер и Мајнц одиграа 1:1, а двата гола беа постигнати во првиот дел. Поведоа гостите уште во втората минута со голот на Алагуе, а израмни Абделауе по половина час. За екипата на Мајнц, 90 минути капитенската лента ја носеше нашиот репрезентативец Николче Новески.

На последниот натпревар од четвртото коло, Шалке со голот на шпанецот Раул ја совлада екипата на Борусија Менхенгладбах и освои нови три поени. Со третата победа по ред, Шалке им се приклучи на Баерн Минхен и Вердер на врвот на германската Бундес лига.


Хановер - Мајнц 1:1
Абделауе 30' - Алагуи 2'
Шалке - Борусија Менхенгладбах 1:0
Раул 64'




-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: емил
Датум на внесување: 31.Август.2011 во 17:56
Хлеб во Волфзбург

http://www.netpress.com.mk/sport/vestiimages/20081/hleb.jpg">

Барселона потврди дека го испратила Александр Хлеб на позајмица во Волфзбург до крајот на сезоната.

Играчот, кој се чини, направи голема грешка со заминувањето од Арсенал одигра само 20-тина меча за Барса, а од 2009. година беше на позајмица во Штутгарт и Бирмингем. Волфзбург го врати за скромни милиони и пол евра.



-------------


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 11.Септември.2011 во 22:33

Манџукиќ го среди Шалке


http://plusinfo.cfd.mk/large_pics/2011/09/11/volfs-salke.jpg
Волфсбург со 2-1 го совлада Шалке во дерби дуелот од 5. коло во Бундес-лигата. Гостите поведоа преку Раул (13’), но домаќинот со двата погодоци на Манџукиќ (33’ и 82’) се избори за три бода. На вториот неделен натпревар, Нирнберг како гостин со 2-1 славеше во Келн.
Во саботата, Баерн ја покажа намерата да ја врати титулата во своите витрини со победата од 7-0 над Фрајбург, а рамо до рамо со Баварците е Вердер, кој во Бремен со 2-0 славеше против Хамбургер. 
Резултати: Волфсбург – Шалке 2-1, Келн – Нирнберг 1-2, Вердер – Хамбургер 2-0, Баерн – Фрајбург 7-0, Борусија Д. – Херта 1-2, Мајнц – Хофенхајм 0-4, Борусија М. – Кајзерслаутерн 1-0, Штутгарт – Хановер 3-0, Аугсбург – Баер 1-4. 
Табела: Баерн и Вердер 12, Борусија М. и Баер 10, Хофенхајм, Шалке и Нирнберг 9, Херта и Хановер 8, Штутгарт, Борусија Д. и Мајнц 7, Волфсбург 6, Фрајбург и Келн 4, Аугсбург и Кајзерслаутерн 2, Хамбургер 1 бод





-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 25.Септември.2011 во 20:14
Баерн Минхен пресилен за Леверкузен, Дортмунд со пресврт до победа против Мајнц

Баерн%20Минхен%20пресилен%20за%20Леверкузен,%20Дортмунд%20со%20пресврт%20до%20победа%20против%20Мајнц
Баерн Минхен убедливо со 3-0 го победи Баер Леверкузен, Борусија Дортмунд со пресврт славеше на гостувањето кај Мајнц, Шалке го победи Фрајбург.
Баерн Минхен со 3-0 победи во дерби натпреварот против Баер Леверкузен.

Победата на Баварците беше најавена уште во 5та минута кога по асистенција од Рибери, Милер го отвори резултатот.

Во 19та минута Рибери одново асистент, овој пат во улога на реализатор беше дефанзивецот Ван Бујтен.

Точка на натпреварот стави Аријан Робен пред самиот крај на натпреварот.

Борусија Дортмунд со пресврт во второто полувреме славеше на гостувањето кај Мајнц со 2-1.

Домаќините поведоа со голот на Милер во 33та минута, Перисиќ во 64та израмни на 1-1.

Пизчек во 90та минута постигна гол за комплетен пресврт и победа на Дортмунд од 2-1.

Нашиот репрезентативец, Николче Новески ги одигра сите 90 минути за Мајнц.

Шалке во Гелзенкирхен со 4-2 го победи тимот на Фрајбург.

Фарфан, Хунтелар, Холтби и Раул беа стрелци за домаќините, Сисе и Јендисек погодија за Фрајбург.

Во останатите вчерашни натпревари од Бундеслигата, Волфзбург со 1-0 го победи Кајзерслаутерн, Менхенгладбах со истиот резултат славеше над Нирнберг, Аугсбург и Хановер одиграа без голови.




-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 17.Октомври.2011 во 19:09

Деветта среќа за Аугсбург

 
http://www.dw-world.de/popups/popup_lupe/0,,15465594,00.html">Фудбалерите%20на%20Аугсбург%20ја%20прославуваат%20првата%20победа%20во%20Бундеслигата

Новакот во Бундеслигата стигна до првата победа во деветтото коло кое се одигра викендов. Бајерн продолжува суверено да гази, а Хамбург конечно се одлепи од самото дно на табелата.

 

Никој не може да го запре Бајерн Минхен во Бундеслигата. Во саботата „баварците“ извојуваа суверена победа од 4:0 над берлинска Херта. Два гола постигна Марио Гомез кој е на врвот на листата на стрелци со вкупно десет погодоци.

„Денеска одигравме одлично. Во моментов сме на добар пат, и доколку продолжиме со добри игри ќе ја освоиме титулата“, изјави Гомез.

Веднаш зад Бајерн, кој нанижа 22 поени, на табелата е екипата на Борусија Менхенгладбах со пет бода заостанување. Во рајнскиот дуел Борусија (М) одигра нерешено 2:2 против Бајер Леверкузен.

„Денеска пруживме добра тимска партија. Заслуживме и победа, но таков е фудбалот. Мораме да продолжиме на овој начин. Во секој случај покажавме дека сме добар тим, и доколку играме вака и натаму ќе победиме на уште многу мечеви“, изјави напаѓачот на Борусија (М), Марко Ројс.


Дортмунд се враќа во форма

На третото место е бранителот на титулата Борусија Дортмунд, која во петокот го совлада Вердер нагости со 2:0. Ист број бодови, 16, како и Вердер и Штутгарт. Во соседскиот дуел, Штутгарт беше подобар од Хофенхајм со 2:0. http://www.dw-world.de/popups/popup_lupe/0,,15465594_ind_1,00.html">Фудбалерите%20на%20Бајерн%20Минхен http://www.dw-world.de/popups/popup_lupe/0,,15465594_ind_1,00.html -

„На крајот победи тимот кој беше поорганизиран, а ние одигравме многу концентрирано во одбраната. Добро го запревме нападот на Хофенхајм, а ние одигравме квалитетно и ги реализиравме нашите шанси“, рече Мартин Харник од Штутгарт.

Новакот во лигата, Аугсбург ја забележа првата победа сезонава и воопшто во Бундеслигата. Пенал-ударот на Калсен Бракер беше доволен за победа од 1:0 на гостувањето кај Мајнц.

„Ние бевме единствениот тим во лигата без победа. Пред две недели доживеавме тежок пораз во Дортмунд. Тогаш одлучивме дека единственото што ни преостанува е да се бориме и тоа и го сторивме денеска“, изјави голманот на Аугсбург, Симон Јенч.

Уште еден чекор подалеку од кризата направи и Волфсбург кој го порази Нирнберг со 2:1. Според Ашкан Дежага од Волфсбург, тимот одиграл две различни полувремиња.

„Во првото полувреме игравме одлично, но правевме ситни грешки кои му овозможуваа на противникот да остане во игра. Во вториот дел бевме хаотични, но имавме среќа и ги освоивме трите бода“, изјави Дежага.

Големо изненадување во Гелзенкирхен

За големото изненадување на колото се погрижи тимот на Кајзерслаутерн кој нагости го совлада Шалке со 2:1. Освен изненадувачката победа, мечот го одбележаа и два црвени картони, по еден за двата тима. http://www.dw-world.de/popups/popup_lupe/0,,15465594_ind_2,00.html">Лукас%20Подолски%20%28Келн%29%20го%20прославува%20голот%20против%20Хановер http://www.dw-world.de/popups/popup_lupe/0,,15465594_ind_2,00.html -

Неизвесно беше и во Фрајбург, каде Хамбургер дојде до втората победа сезонава и се одлепи од дното на табелата. Фрајбург промаши безброј шанси, а на крајот и пенал, но тоа не ја намали радоста на гостите.

„Фрајбург можеби беше подобар противник и имаше чисти шанси. Но моите играчи веруваа во победата, а голманот Дробни имаше одличен ден“, рече привремениот тренер на Хамбургер, Франк Арнесен.

Веќе денеска, на тренерската клупа на големиот клуб од Хамбург ќе седне Торстен Финк.

Во неделата и тимот на Келн им приреди голема радост на своите навивачи по триумфот од 2:0 над Хановер. Двоен стрелец за третата победа во последните 4 меча, беше Лукас Подолски.




-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 30.Октомври.2011 во 22:29
Германскиот репрезентативец Лукас Подолски беше најзаслужен за победата на Келн од 3:0 над Аугсбург.

Пoдолски постигна два гола во триумфот на "јарците", а еднаш во листата на стрелци се запиша и Пешко.

Хамбургер и Кајзерслаутерн ги поделија бодовите (1:1). Домаќините од 23. минута останаа со фудбалер помалку по исклучувањето на Слободан Рајковиќ, кој доби директен црвен картон заради удирање со лакт.

Гостите тоа го искористија и поведоа во 38. минута преку Де Вит, но Хамбургер играше одлично во второто полувреме и со играч помалку изедначи преку Паоло Гереро.



Баерн - Нирнберг 4:0
Гомез 2', 69', Швајнштајгер 19', Рибери 39'

Шалке - Хофенхајм 3:1
Раул 28', Хунтелар 73'(п), 77' - Ибишевиќ 63'

Волфсбург - Херта 2:3
Манџукиќ 31', Шефер 84' - Рафаел 28', Кобијашвили 37'(п), Ласога 85'

Борусија Мехенгладбах - Хановер 2:1
Ројс 22', 51' - Погатец 26'

Штутгарт - Борусија Дортмунд 1:1
Ташчи 22' - Пишчек 45'

Мајнц - Вердер 1:3
Бунгерт 23' - Пизаро 29', Хунт 47', Продл 78'

Недела, 30. октомври:

Келн - Аугсбург 3:0
Подолски 19', 24', Пешко 56'

Хамбургер - Кајзерслаутерн 1:1
Гереро 65' - Де Вит 38'

Играно во петок:
Фрајбург - Баер Леверкузен 0:1



-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 27.Ноември.2011 во 15:48
Шампионот ја доби битката за Вестфалија

Популарните „милионери“ продолжуваат да „газат“ се пред себе во германското првенство. Бранителот на титулата во Бундеслигата, Борусија Допртмунд, кончено успеа да се искачи на врвот од табелата во тековната сезона. Во дерби пресметката од рамките на 14-тото коло, актуелниот шампион ја доби битката за Вестфалија, совладувајќи го тимот на Шалке 04 од соседниот Гелзенкирхен со резултат од 2-0. Гостинскиот отпор беше срушен уште во 16-тата минута кога репрезентативецот на Полска, http://videa.hu/videok/sport/d1-0s-b1Y79xxkv2ibeHxB" rel="nofollow -  Роберт Левандовски , по асистенцијата на Марсел Шмелцер ја доведе домашната екипа во водство. Дилемите околу победникот беа разрешени после точно еден час игра од почетокот на натпреварот, откако Бразилецот,  http://www.101greatgoals.com/videodisplay/felipe-santana-schalke-15741400/" rel="nofollow - Фелипе Сантана , по една сомнителна акција, го потврди триумфот. 

Со новата победа, Дортмунд изби на првото место на табелата со 29 освоени бодови, односно еден повеќе во однос на Баерн Минхен, кој утре му гостува на Мајнц. Шалке засега останува на четвртата позиција со 25 поени на своето салдо.

Резултати од останатите натпревари:
Нирнберг – Кајзерслаутерн 1-0
Хофенхајм – Фрајбург 1-1
Аугзбург – Волфсбург 2-0
Херта Баер – Леверкузен 3-3
Хановер – Хамбург 1-1

Денес :
Вердер – Штутгарт
Мајнц – Баерн Минхен


-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: емил
Датум на внесување: 19.Декември.2011 во 13:53
Осминафинални натпревари во купот на Германија

Со осминафиналните натпревари во купот ќе биде завршена првата половина на фудбалската сезона во Германија.

Дербито на оваа фаза секако е дуелот во Менхебгладбах помеѓу Борусија и Шалке.

Лидерот во Бундес лигата, во есенскиот дел од шампионатот, Баерн Минхен, не би требало да има проблеми против Бохум, исто како и Борусија Дортмунд која за противник ќе го има Дизелдорф. Мајнц би требало да има најлесна задача од сите Бундес лигаши, екипата на Николче Новевски ќе гостува кај третолигашот Кил.   

Вторник, 20. декември:

Бохум-Баерн Минхен
Нинберг-Гројтер Фирт
Фортуба Дизелдорф-Борусија Дортмунд
Хофенхајм-Аугзбург

Среда, 21. декември:

Херта-Кајзерслаутерн
Кил-Мајнц
Борусија Менхенгладбах-Шалке 04
Штудгарт-Хамбургер



Постирано од: емил
Датум на внесување: 04.Март.2012 во 07:38

Баерн се подалеку од титулата

Во дерби натпреварот од 24. коло на Бундеслигата, Баер Леверкузен на домашен терен славеше со 2:0 над Баерн Минхен.


Баерн се подалеку од титулата


Фрајбург се погрижи за изненадувањето, откако пред своја публика го порази Шалке со 2:1. Погодоците за домаќините ги постигнаа Фрајс и Калигури, а Пуки го даде единствениот гол за гостите.„Фармацевтите“ до триумфот стигнаа во финишот на мечот, кога прво Кислинг постигна погодок во 79. минута, а Беларби во 90. минута ги нокаутира „баварците“.

Штутгарт го декласира Хамбургер со 4:0, а два гола од пенал постигна Кузмановиќ, додека во листата на стрелци се запишаа и Ибишевиќ и Харник



-------------


Постирано од: Schatzii7
Датум на внесување: 02.Април.2012 во 17:15

Шалке освои еден бод на гостувањето кај Хофенхајм во Бундес лигата

Берлин, 1 април 2012 (МИА) - Фудбалерите на Шалке останаа непоразени на гостувањето кај Хофенхајм во последниот натпревар од 28.коло на Бундес лигата. Домашните поведоа во 30. минута со голот на Сеад Салиховиќ од пенал, а изедначи Јан Клас Хунтелар исто така од пенал во 80.минута.

Хановер во вториот натпревар од денешната програма ја победи Борусија Менхенгладбах со 2:1.

На другите натпревари од оваа рунда беа постигнати следниве резултати:

Херта – Волфсбург 1:4,

Аугсбург – Келн 2:1,

Вердер – Мајнц 0:3,

Кајзерслаутерн – Хамбургер 0:1,

Баер – Фрајбург 0:2,

Нирнберг – Баерн 0:1 и

Борусија Дортмунд – Штутгарт 4:4.

Табела: Борусија Дортмунд 63 бодови, Баерн 60, Шалке 54, Борусија Менхенгладбах 51, Хановер 41,...



-------------
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)


Постирано од: емил
Датум на внесување: 10.Април.2012 во 10:40
 
Холандскиот репрезентативец Клас Јан Хунтелар постигна еден од головите за успехот на Шалке 04 против Хановер (3:0) во текот на викендот и собори рекорд стар 70 години во клубот.

Со 43-тиот гол во сезоната од 42 натпревари во сите натпреварувања Хунтелар го подобри постигнувањето на клупската легенда Херман Епенхоф, кој во сезоната 1940/41 постигнал 42 погодоци во дресот на "кралско сините" од Гелзенкирхен.

"Човек секогаш сака да дава се од себе за да биде успешен. Кога се даваат толку многу голови, тоа е одлично", изјави самиот Хунтелар.

Освен тоа, Хунтелар стана и најефикасниот Холанѓанец во рамките на една сезона во Бундеслигата, откако веќе има 24 погодоци и го подобри досегашното достигнување на Рој Макај, кој во сезоната 2003/04 во дресот на Баерн реализираше 23 погодоци.


-------------


Постирано од: Schatzii7
Датум на внесување: 17.Август.2013 во 19:51
Денешни резултати:

Wolfsburg - Schalke 4:0

Stuttgart - Leverkusen 0:1

Hamburg - Hoffenheim 1:5

Freiburg - Mainz 1:2

Frankfurt - Bayern 0:1

Bremen - Augsburg 1:0

Mönchengladbach - Hannover ( 62 минута ) 2:0


-------------
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)


Постирано од: Schatzii7
Датум на внесување: 22.Септември.2013 во 20:26
И двата денешни натпревари
нерешеносреќа

Фрајбург - Херта 1:1
Штутгарт - Франкфурт 1:1


-------------
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)


Постирано од: Schatzii7
Датум на внесување: 10.Ноември.2013 во 16:41
На 11 натпревари во Бундеслигата, Пеп излезе со 11 различни состави

Овој Баерн не личи воопшто на оној на Хејнкес од минатата сезона, а тоа на многумина и не му се допаѓа. Гвардиола некои го сметаат за генијалец, а други за просечен тренер кој имаше среќа да води два супер клубови.

Pep Guardiola

Шпанскиот тренер во досегашните 11 натпревари во Бундеслигата во оваа сезона, на секој натпревар излегуваше со различен почетен состав, а истото се очекува да го направи и на следниот натпревар против Аугсбург што би било 12 натпревар во низа.

gvardiola-razni-sostavi

Колку за споредба, во првите 11 кола од Бундеслигата Баерн Минхен под водство на Гвардиола има еден бод помалку во однос на Баерн на Хејнкес од минатата сезона во првите 11 кола.

Гол разликата на овосезонскиот Баерн е 24:7, а на минатосезонскиот е 32:4. Но сите во клубот се задоволни од работата на Шпанецот, без разлика на некои тесни победи како против Ајнтрахт, Нирнберг, Хофенхајм.

Сепак рецептот на ротација на Гвардиола не ги задоволува сите навивачи на баварскиот гигант, па има и такви кои тврдат дека играта на Баерн е досадна кога имаат предност од еден или повеќе погодоци.



Постирано од: Schatzii7
Датум на внесување: 24.Ноември.2013 во 22:03
http://tocka.com.mk/2/111815/bavarcite-im-odrzaa-lekcija-po-fudbal-na-milionerite-vo-dortmund" rel="nofollow - Баварците им одржаа лекција по фудбал на " Милионерите " во Дортмунд

Фудбалерите на Баерн Минхен со високи 3-0 славеа на гостувањето кај најголемиот конкурент за титулата во Бундес лигата, екипата на Борусија Дортмунд.

Бундес лига, 13. коло, резултати:

Аугсбург 2-0 Хофенхајм
Брауншвајг 0-1 Фрајбург
Франкфурт 3-3 Шалке
Херта 0-1 Леверкузен
Нирнберг 1-1 Волфсбург
Дортмунд 0-3 Баерн


Постирано од: Schatzii7
Датум на внесување: 08.Декември.2013 во 17:43
Баерн го декласираше Вердер, Шалке поразен

Баерн на гости го совлада Вердер со убедливи 0:7, додека екипата на Шалке беше поразена на гостувањето во Минхенгладбах.

Баерн победата ја обезбеди уште на полувремето, Баварците на полувреме заминаа со предност од 0:3, стрелци на головите беа Ван Бајтен, Рибери и Мулонготи си постигна автогол. Во продолжението за “петарда” во мрежата погодија Манџукиќ и Милер, во 83 минута за 0:6 погоди Манџукиќ, точка на натпреварот стави Марио Геце во 90 минута.

Екипата на Шалке беше поразена на гостувањето кај Минхенгладбах со 2:1.

Натпреварот за гостите започна добро, Фарфан погоди во 17 минута за 0:1, но потоа Рафаел во 24. минута изедначи на 1:1, а целосен пресврт донесе Крус во судиското продолжение. Претходно Холдес заработи исклучување во 44 минута.

Во останатите натпревари победи забележија Хофенхајм, Аугусбург и Штутгарт. Екипата на Штутгарт во натпревар со многу голови ја совлада екипата на Хановер со 4:2. Стрелци за домашните беа Харник во 13 минута, Ибишевиќ во 33, Траоре во 52 и Раусч во 84 минута, додека двата гола за гостите ги постигнаа Соибеч и Сане.

Хофенхајм славеше со 1:2, а Аугусбург минимално против Хамбургер со 0:1.



Постирано од: Schatzii7
Датум на внесување: 18.Февруари.2014 во 13:59
Погледнете како младиот Србин експресно влезе во историјата на Бундеслигата

Младиот српски фудбалер Милош Јојиќ влезе во историјата на германскта Бундес лига постигнувајќи го најбрзиот гол како дебитант.

Јојиќ во зимскиот преоден рок се пресели од белградски Партизан во Борусија Дортмунд за 2 милиони евра, а на младиот фудбалер не му требаше многу за сите во Германија да го дознаат неговото име.

Имено, Јојиќ дебитираше за својот нов клуб влегувајќи во игра во 68. минута против Ајнтрахт и само после 17. секунди го постигна и својот прв гол и така го постигна најбрзиот погодок како дебитант во историјата на ова натпреварување. Покрај тоа, голот на Јојиќ е третиот најбрз гол во историјата на Бундес лигата.




-------------
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)


Постирано од: Schatzii7
Датум на внесување: 10.Март.2014 во 11:11
http://tocka.com.mk/2/120936/neverojaten-fer-plej-vakvo-nesto-denes-retko-se-gleda" rel="nofollow - Неверојатен фер-плеј




-------------
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)


Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 10.Март.2014 во 13:01
и баба ми знае да игра фер-плеј при водство од 0:2



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk