IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал > Фан клубови
  Активни теми Активни теми RSS - Фан клуб Лионел Меси
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Фан клуб Лионел Меси

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака Обратен редослед
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2010 во 17:44
Меси е чудо од фудбалер,секоја му чест и еден од најкомплетните фудбалери воопшто.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2010 во 17:40
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2010 во 17:35
Апсолутно се сложувам со анкетата на Марка.
Меси е најдобриот фудбалер на сите времиња за мене.Ни Марадона ни Пеле не се во негов ранг,би рекол дека се и за една класа подолу од него.
 
И НАВИВАЧИТЕ НА РЕАЛ ГО ПОЗДРАВИЈА АРГЕНТИНЕЦОТ ОД БАРСА
Меси е најдобар на сите времиња

Играта на Лионел Меси во последно време не може да ги остави рамнодушни љубителите на фудбалот во целиот свет, па дури и навивачите на најголемиот ривал Реал Мадрид. Освен што секоја секунда од неговата игра е уметност, и бројките зборуваат сами за себе.

Така, во анкетата на мадридскиот спортски дневник Марка, кој е познат по својата блискост до Реал Мадрид и чии читатели во најголем број се навивачи на овој клуб, дури 68% од читателите гласале дека Меси е најдобар фудбалер на сите времиња. Во анкетата што беше поставена на интернет-страницата на реномираниот весник учествувале околу 75 илјади читатели и две третини од нив сметаат дека малиот Аргентинец е најдоброто што излегло во фудбалот од постоењето на овој спорт. Ваквите резултати од гласањето доаѓаат на нешто повеќе од три недели пред големото Ел Класико што се игра на 11 април на Сантијаго Бернабе, а кое може да го одлучи прашањето околу новиот првак на Шпанија.

И порано имало примери кога навивачите на Реал со овации ги поздравувале фудбалерите на својот најлут ривал. Последен од нив е оној од 2005 година кога цел Бернабе стана да му честита на Роналдињо за неверојатното издание во дербито кое Барса го доби со 3:0, а Бразилецот постигна два гола. Такво нешто доживеа и Диего Марадона пред повеќе од 20 години кога беше член на каталонскиот клуб.

Што се однесува до Меси, својата величина само ја потврди последната недела. Од 27 февруари досега има 11 гола во сите натпреварувања, а на последните два првенствени натпревари против Валенсија и Сарагоса постигна хет-трик. Во моментов е прв стрелец во Примера со 25 гола, пет повеќе од второпласираниот Гонзало Игуаин.

Аргентинецот и најплатен во светот

Францускиот магазин Франс фудбал 11. година по ред го објави списокот на најплатени светски фудбалери и фудбалски тренери. Според ова издание, Лионел Меси годишно инкасира неверојатни 33 милиони евра, се разбира не само од фудбалот туку и од своите спонзори.

Меси води пред Дејвид Бекам, чија годишна заработка изнесува 30,4 милиони евра, а на третото место е Кристијано Роналдо со 30 милиони. Кај тренерите води Жозе Мурињо од Интер со 13 милиони пред Луис Фелипе Сколари, тренер на узбекистанскиот Бунјодкор, чија годишна плата изнесува 9,5 милиони евра.

Во Франција, најплатен фудбалер е аргентинскиот репрезентативец Габриел Хајнце (4,4 милиони евра) пред Јоан Гуркуф од Бордо и Луис Гонзалез од Марсеј со 4,3 милиони.

СТАТИСТИКА ЗА МЕСИ ВО ПРИМЕРА

ОДИГРАНИ НАТПРЕВАРИ 24

Стартер 21

Резерва 3

ГОЛОВИ 25

Со десна нога 4

Со лева нога 18

Со глава 3

УДАРИ НА ГОЛ 115

Со десна нога 16

Со лева нога 89

Со глава 10

Останато 2

КАРТОНИ 1

Жолти 1

Црвени 0

ДРУГИ ПОДАТОЦИ

Офсајди 7

Асистенции за гол 9

Загубени топки 204

Освоени топки 40

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,391 секунди.