Испечати | Затвори го прозорот

Фан клуб Лионел Меси

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Спорт
Име на форумот: Фан клубови
Опис на форумот: навивачи, секој во својот клуб
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=22072
Датум на принтање: 27.Април.2024 во 19:40
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Фан клуб Лионел Меси
Постирано од: fiks
Наслов: Фан клуб Лионел Меси
Датум на внесување: 24.Март.2010 во 17:35
Апсолутно се сложувам со анкетата на Марка.
Меси е најдобриот фудбалер на сите времиња за мене.Ни Марадона ни Пеле не се во негов ранг,би рекол дека се и за една класа подолу од него.
 
И НАВИВАЧИТЕ НА РЕАЛ ГО ПОЗДРАВИЈА АРГЕНТИНЕЦОТ ОД БАРСА
Меси е најдобар на сите времиња

Играта на Лионел Меси во последно време не може да ги остави рамнодушни љубителите на фудбалот во целиот свет, па дури и навивачите на најголемиот ривал Реал Мадрид. Освен што секоја секунда од неговата игра е уметност, и бројките зборуваат сами за себе.

Така, во анкетата на мадридскиот спортски дневник Марка, кој е познат по својата блискост до Реал Мадрид и чии читатели во најголем број се навивачи на овој клуб, дури 68% од читателите гласале дека Меси е најдобар фудбалер на сите времиња. Во анкетата што беше поставена на интернет-страницата на реномираниот весник учествувале околу 75 илјади читатели и две третини од нив сметаат дека малиот Аргентинец е најдоброто што излегло во фудбалот од постоењето на овој спорт. Ваквите резултати од гласањето доаѓаат на нешто повеќе од три недели пред големото Ел Класико што се игра на 11 април на Сантијаго Бернабе, а кое може да го одлучи прашањето околу новиот првак на Шпанија.

И порано имало примери кога навивачите на Реал со овации ги поздравувале фудбалерите на својот најлут ривал. Последен од нив е оној од 2005 година кога цел Бернабе стана да му честита на Роналдињо за неверојатното издание во дербито кое Барса го доби со 3:0, а Бразилецот постигна два гола. Такво нешто доживеа и Диего Марадона пред повеќе од 20 години кога беше член на каталонскиот клуб.

Што се однесува до Меси, својата величина само ја потврди последната недела. Од 27 февруари досега има 11 гола во сите натпреварувања, а на последните два првенствени натпревари против Валенсија и Сарагоса постигна хет-трик. Во моментов е прв стрелец во Примера со 25 гола, пет повеќе од второпласираниот Гонзало Игуаин.

Аргентинецот и најплатен во светот

Францускиот магазин Франс фудбал 11. година по ред го објави списокот на најплатени светски фудбалери и фудбалски тренери. Според ова издание, Лионел Меси годишно инкасира неверојатни 33 милиони евра, се разбира не само од фудбалот туку и од своите спонзори.

Меси води пред Дејвид Бекам, чија годишна заработка изнесува 30,4 милиони евра, а на третото место е Кристијано Роналдо со 30 милиони. Кај тренерите води Жозе Мурињо од Интер со 13 милиони пред Луис Фелипе Сколари, тренер на узбекистанскиот Бунјодкор, чија годишна плата изнесува 9,5 милиони евра.

Во Франција, најплатен фудбалер е аргентинскиот репрезентативец Габриел Хајнце (4,4 милиони евра) пред Јоан Гуркуф од Бордо и Луис Гонзалез од Марсеј со 4,3 милиони.

СТАТИСТИКА ЗА МЕСИ ВО ПРИМЕРА

ОДИГРАНИ НАТПРЕВАРИ 24

Стартер 21

Резерва 3

ГОЛОВИ 25

Со десна нога 4

Со лева нога 18

Со глава 3

УДАРИ НА ГОЛ 115

Со десна нога 16

Со лева нога 89

Со глава 10

Останато 2

КАРТОНИ 1

Жолти 1

Црвени 0

ДРУГИ ПОДАТОЦИ

Офсајди 7

Асистенции за гол 9

Загубени топки 204

Освоени топки 40



-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.




Коментари:
Постирано од: емил
Датум на внесување: 24.Март.2010 во 17:40
http://www.vbox7.com/play:add8427f - Меси-голови и финтови  
 
 
http://www.vbox7.com/play:317739e7 - Топ 10 голови на Меси


-------------


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 24.Март.2010 во 17:44
Меси е чудо од фудбалер,секоја му чест и еден од најкомплетните фудбалери воопшто.

-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: емил
Датум на внесување: 24.Март.2010 во 18:25
http://vbox7.com/play:9271cc9f - Лео Меси преку Реал  
 
 


-------------


Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 31.Март.2010 во 18:31
Меси е ѕвер. среќа
Игра во добра форма во текот на целата сезона. трепкање

П.С Иам негов дрес.
Фејк е ама ќе го биде. голема%20насмевка




-------------
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality


Постирано од: vlad0
Датум на внесување: 04.Јули.2010 во 19:04
i fanovi na mesi uste mislite deka mesi e najdobar fudbaler po "dobroto" izdanie na svetskovo?

-------------
Која е таа љубовна состојка која не држи поврзани за оние кои ги сакаме и покрај тоа што ни нанесуваат многу голема болка?!


Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 04.Јули.2010 во 20:05
Originally posted by DelijaSkopje DelijaSkopje напиша:


Изгубено е дете 1.5 метри високо на стадионот Грин Поинт во Кејп Таун, се одзива на МЕСИ!!!   


Стварно беше изгубен на цело СП, ама сега растур ќе направи во Барса


Постирано од: Izzy
Датум на внесување: 18.Јули.2010 во 18:19
Меси беше изгубен цело СП. Каков е нај добриот фудбалер на сите времиња, а нема постигнато гол на едно СП. Меси е добар фудбалер, но далеко од класата на Пеле и Марадона. Кога ке има против себе ВИСТИНСКИ бек, Меси се изгубе. Сите видевме како се изгуби против Занети, и пред 2 сезони против Босингва. Со тоа што го споредуват со најдобар на светот, Меси станува се по overrated.

Зошто Меси е фантастичен во Барселона?

1. Ги има Чави и Иниеста зад него, со скоро 99% прецизност на пасот, кои ја држат средината, и му креираат празен простор на Меси. Многу е по лесно да се играе со вакви двајца играчи кои работат три-четири пати повише од тебе. Замислете ја играта на Барселона без Чави или Иниеста, и без Меси. Кога повише ке се одразе?

2. Шпанските "дефанзифци". Освен Реал Мадрид и Барселона, во Шпанската лига, дефанзивата е сведена на НУЛА. Против кој игра Меси? Хоземи од Виљареал, и други кловнови од Еспањол, Малага и Мајорка. Едноставно, нема конк*ренција, и играе лесно. Зошто се изгуби против Занети и Босингва? Обложувам се дека Меси ке биде обична мивка во Серија А ако се преселе, или во Бундеслигата. Едноставно, Меси не може да издрже физички доминантни дефанзифци, какви што играат во Англија, Италија и Германија.

-------------
UNITED!! UNITED!! UNITED MACEDONIA!!!!


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 12.Октомври.2010 во 11:24


И Меси ќе стане http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=57873 - манекен ...смешен за Долче и Габана.


-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: емил
Датум на внесување: 26.Март.2011 во 06:32

Меси сака титула со Аргентина


Најдобриот светски играч Лионел Меси сака успесите на клупско ниво со Барселона да ги префрли и во репрезентацијата.

$node-title

 

Меси верува дека еден ден со Аргентина ќе го освои Светското првенство.

"Убеден сум дека ќе го освојам Светското првенство, трофејот кон навистина многу го посакувам. Тоа е мојата голема желба. Му благодарам на Господ за титулите со мојот клуб. Единствениот трофеј кој ми недостасува е од СП", изјави Меси.

Чести се компарациите со Диего Марадона, но Меси инсистира дека тие се различни фудбалери, додавајќи:

"Диего е единствен и нема потреба да се споредувам со него. Но, сакам моето име да биде запаметено во историјата на фудбалот. Ако имам среќа да го сторам она што го направи Диего, тогаш ќе биде одлично", истакна "десетката" на Барса.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 26.Април.2011 во 23:39

Меси го надмина Пушкаш

Аргентинската суперѕвезда Лео Меси стана првиот играч што постигнал 50 гола во една сезона во Шпанија, откако беше стрелец на три минути пред крајот во победата на Барселона од 2:0 на Осасуна во натпреварот од 33. коло на Примера дивисион. Тој веќе го израмни претходниот рекорд од 49 погодоци на легендата на Реал Мадрид Ференц Пушкаш, кога ја затресе мрежата во ремито од 1:1 со мадридскиот тим предминатиот викенд. Сега, Меси има 31 гол во Примера, девет во Лигата на шампионите, седум во Купот на Шпанија и три во шпанскиот Суперкуп. Барселона е лидер со осум бодови повеќе од Реал.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 26.Август.2011 во 06:56

/sport/fudbal/9012-mesi-e-najdobar-fudbaler-vo-evropa-za-minatata-sezona - Меси е најдобар фудбалер во Европа за минатата сезона!

 

Вечерва, пред Мишел Платини застанаа Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Чави Хернандес. Претседателот на УЕФА притапи до Аргентинецот и му ја додели наградата за најдобар фудбалер во Европа, за минатата сезона.

„Сите освоени награди ги чувам дома и имам место за уште. Сакам да им се заблагодарам на новинарите, а наградата ќе ја поделам со моите соиграчи“ - изјави Меси во Монако.

Меси ја доби наградата со убедливи 38 гласови од новинарите, пред Чави кој освои 11 и Роналдо кој доби само 3 гласа.

Генијалниот Меси минатата сезона постигна импресивни 53 голови на 55 настапи



-------------


Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 21.Септември.2011 во 12:27

http://www.24sata.hr/nogomet/leo-ispunio-zelju-djecaku-bez-nogu-daj-gol-i-posveti-ga-meni-235608 - Прекрасен гест од Меси  даголемо%20гушкање



Постирано од: емил
Датум на внесување: 22.Декември.2011 во 19:57

Лионел Меси е најдобар спортист во Аргентина за 2011 година







За прв пат во својата исклучително богата со трофеи кариера, Лионел Меси е избран за најдобар спортист во Аргентина.


Во луксузниот голф клуб во градот Пилар кој се наоѓа на 60 километри од Буенос Аирес, спортските новинари од Аргентина избираа спортист на годината.

Наградата за прв пат му припадна на Лионел Меси, фудбалерот на Барселона, кој зад себе ги остави напаѓачот на Реал Мадрид, Гонзало Игуаин и шпицот на Манчестер Сити Кун Агуеро.


Меси оваа награда ја заслужи имајќи совршена 2001 година во која осви дури 5 трофеи со својот клуб. Единствениот кој му “побегна“ е шпанскиот куп. Меси во 70 натпревари постигна 59 погодоци од кои само четири постигна за Аргентина.



Постирано од: емил
Датум на внесување: 28.Февруари.2012 во 12:24

http://www.kurir.mk/sport/fudbal/62439-Mesi-Vo-Real-nitu-za-dvojno-poveke-pari" rel="nofollow - Меси: Во Реал ниту за двојно повеќе пари



Напаѓачот на Барселона, Лео Меси ја искористи приликата да оговори на прашањата на читателите на шпанскиот магазин „Спорт“.

mesi-real 

Еден од обожавателите го запраша Меси дали планира да остане Барса по зваршувањето на кaриерата.

-Кога ќе ја завршам кариерата само Бог знае што ќе работам, но би сакал да останам во клубот кој го обожавам, изјавил Меси.

Уште едно занимливо прашање е тоа кого Меси го цени најмногу од Барселона.

-Имам среќа што играм со група најдобри фудбалери. Тешко е да се избере еден играч, но сум пресреќен што играм заедно со Чави и Иниеста, рече Меси.

Еден од читателите го запрашал Меси дали би преминал во Реал за двојно повеќе пари, на што Аргентинецот одговорил:

-На тоа одговорив повеќе пати. Барса ми даде се', знаеја да ме чуваат. Многу и должам на Барселона и никогаш не ми паднало на памет да одам во ривалски клуб поради пари. Тука сум многу среќен, заклучи Меси.




-------------


Постирано од: Schatzii7
Датум на внесување: 18.Април.2012 во 11:30
http://zazabava.com/doagja-mesi-dzunior" rel="nofollow - ДОАЃА МЕСИ ЏУНИОР

Антонела Рокузо, долгогодишната девојка на најдобриот фудбалер на светот - Лионел Меси, е бремена. Оваа вест ја објавија вчера речиси сите аргентински медиуми, велејќи дека Антонела е првата и најголема љубов на Меси, а интересно е дека и двајцата се од аргентинскиот град Росарио и се познаваат уште од деца.


-------------
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)


Постирано од: Schatzii7
Датум на внесување: 29.Март.2014 во 00:55
mesi-el-klasiko

Лионел Меси е крал на “Ел Класико” дуелите

Лионел Меси во 259 Ел Класико стана најдобар стрелец во историјата на дуелите помеѓу најлутите ривали Реал Мадрид и Барселона. Фантастичниот Аргентинец успеа да го надмине својот сонародник Алфредо Ди Стефано со постигнатиот хет-трик.

Lionel Messi

Меси до сега има одиграно 26 натпревари против Реал и има постигнато 21 погодок и 11 асистенции, а има и позитивен скор од 11 победи и 7 порази. Но тоа не е единствениот рекорд оборен на ова Ел Класико. Меси е единствениот играч во историјата кој постигнал два хет-трика на Ел Класико, и единствен играч на Барса кој постигнал хет-трик на Сантиаго Бернабеу.

Реал Мадрид е омилената жртва на малиот Аргентинец. Меси најмогу погодоци има постигнато токму против Реал Мадрид 21, еден помалку има постигнато против Атлетико Мадрид.

Еве ја листата на најдобри стрелци во историјата на Ел Класико:

1. Лионел Меси 21 (Барселона)

2. Алфредо Ди Стефано 18 (Реал Мадрид)

3. Раул 15 (Реал Мардид)

4. Цезар Родригез 14 (Барселона)

5. Франциско Генто 14 (Реал Мадрид)

6. Ференц Пушкаш 14 (Реал Мадрид)

7. Кристиано Роналдо 13 (Реал Мадрид)






-------------
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk