![]() |
|
Суетата на модерното општество и човечката личнос |
Внеси реплика ![]() |
страница 123 10> |
Автор | |
Tetratka ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Испратена: 07.Март.2010 во 21:20 |
.....Кога веќе станува збор за човечката личност (п.с. започнувам со 3 точки - проблемот нема нити почеток нити крај...) тогаш повеќе од логично е човек што размислува да си го постави ова прашање...
Што е човекот односно човечката личност...?
дали е тоа “кариерата“?
Дали се тоа парите?
Дали е тоа надворешниот изглед?
Дали е тоа добрата работа?
Дали е тоа секојдневното ласкање?
Дали е тоа лицемерието?
Дали е тоа човекот - роб на секојдневните навики?
Која е целта и смислата на “суетниот живот“
И најголемиот и сериозен проблем е тоа дали човекот денес е свесен за неговото секојдневно лицемерие и робување на суетните навики?
Се прашувам, ако ова се поврзи со личноста, како е можно еден ист човек додека е “ин“ го сакаат сите..., додека се “издугнува“ во суетните работи и површното лицемерие, а нема мир во душата;
додека истиот тој е добар со сите, односно “забавен и интересен“ за сите... тогаш сите го сакаат, и кога истиот тој ќе реши да се повлече доброволно и да се бори со суетата барајќи го мирот - истиот тој во истиот момент станува “непожелен“, за сите...
Дали тоа е вистина... дали истата личност има свои вистински пријатели и луѓе што навистина го сакаат или се е “суета“...
за жал ова е сурова секојдневна реалност за луѓето што трагаат по духовните вредности... и се борат со сопствената суета...
затоа темелите на овој современ свет се темели на суетата и човечкото лицемерие...
се што не опкружува е “панаѓур на суетата“ ... малкумина се оние “црни овци“ што се замараат со “проблемите на душата“ и вистинските вредности и љубов, борејќи се со суетата... барајќи скромност...
Суетните не можат да разберат дека најлесно од се е “човек да биде суетен“. Така е зашто човек заробен во суетата не може да ги види другите вредности на душата... и да ја задржи вистинската личност...
да се избори за човечкото достоинство... и да биде нормален...
животот е “тест“!!! - се е минливо...
дните минуваат и исчезнуваат тонејќи во океанот на суетата...
некои “продаваат и купуваат суета“... суетните што не ја ценат и разбираат вистинската личност и љубов... и кога се дел од суетното уживање - може само да жалат кога ќе станат свесни што губат со нивната суета...
Губејќи го мирот на душата луѓето суетни многу страдаат...
така страдајќи го искористуваат “духовното“ да ја “утешат душата во мака“, а бидејќи суетата е еднаква на лицемерие и е дел од нивниот сегашен и предходен живот, истите тие кога малку закрепнуваат, повторно живеат и се враќаат кон суетата...
Така тоа кружи постојано... но некои грешки не се поправаат и времето не се враќа назад...
зашто “суетата е најлесна работа“ , а не цел на животот...
Затоа “црните овци“ некогаш нема да бидат разбрани од “панаѓурот на суетата“ и секојдневнота лицемерна монотонија што ја труе човечката душа...
|
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
![]() |
|
Tetratka ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Станува збор за лицемерието и духовниот обид сврзан со суетата на модерното општество... за ова мислам дека не се дискутира, ова според мене е сериозен проблем и го пишувам лично. Верувам дека многумина се судруваат со ваков или сличен проблем...
Кога сакам да живеам нормално, тогаш тоа на некој не му се допаѓа; ако човек се труди да биде нормален и сериозен - односно посветен и скромен...
Кога сум центар на внимание за многу работи (без разлика за што се работи) - тогаш сите ме сакаат... ласкаат, за сите си најдобар и сл...
Кога со нешто го привлекуваш вниманието на некои луѓе, повторно исто...
се прашувам, зашто човек секогаш треба да биде центар на внимание за да некој го почитува и сака...
Зарем човек постојана треба да се бори со суетата и да се докажува пред другите или едноставно другите погрешно го разбираат, иако си мислат дека тоа е правилно...
А кога сакаш да бидеш скромен и да не се занимаваш со суетата на светот... тогаш некако се се променува,,,
ете тоа е духовен опит, човекот е склон да експериментира, да размислува за животот, иднината и се она што носи секој нов ден...
ете тоа е најтешко... човек да се победи самиот себе си...
борбата започнува кога човекот престанува да биде роб на секојдневната монотонија и бара нешто подлабоко... нешто реално и Вистинско, а не лицемерие и лага...
Еееее.... колку е тешко денес човек да ја живее секојдневната помрачувачка монотонија во време на ерата на светската суета и да се бори со себе си...
Изменето од Tetratka - 07.Март.2010 во 21:36 |
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
![]() |
|
pagane ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 21.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 13044 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
лицемерие= суета???
ммм...има нешто...но дали лицемерниот има дупе да биде суетен? ![]() |
|
![]() |
|
Tetratka ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Целта на дискусијата е внатрешната (духовната) борба, и проблемите на душата поврзани со секојдневието...
ми се причинува дека светот заминал предалеку... или почнале да ми растат (умници) и бели влакна....
гадно е иако млад по години да се чуствуваш “старец“... само затоа што денес секојдневието заминало во неповрат...
|
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
![]() |
|
Tetratka ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Таткото на сите “добродетели“ е егото...
тоа од самиот почеток кога човек ќе се роди и додека е бебе, егото во него е најгласно...вика ли вика... и како што човек расте, така егото се смалува...
Малото дете не знае за “НЕ“... па треба да го воспиташ да го скроти егото во него...
да не забораваме...
|
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
![]() |
|
Marko Polo 1 ![]() Сениор ![]() ![]() venecijaner Регистриран: 20.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9693 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Pa Tetratka... i prasanje i odgovori vo isto vreme. Da, lesno e da bides sueten. Vo eden moment, koga kje go svatis toa ( a vekje si go svatil), kje go otkries seto licemerie, niskost na opstestvoto koe te opkruzuva, iskompleksiranosta na onie koi go sozdavaat toa opstestvo, onie koi ni gi nametnale site onie pogresni vrednosti na denesnicata, kje posakas da go najdes covekot vo sebe. I kje go najdes, i toa e lesno. No da, togas kje se najdes vo svet koj ne te razbira... Ti kje bides razlicniot... |
|
![]() |
|
Tetratka ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Тоа е идеата... мислам дека ако не на друго место - човек може и во виртуелната реалност да ги “отвори“ овие проблеми...
работите се повеќе од јасни... а и причините за тоа се премногу...
едноставно со креирање на јавното мислење допринесуваме нешто да се промени... водени од “суетата“ или против “суетата“ ...
интересен парадокс...
добро би било ако има сериозни дискутанти...
|
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
некако... ми се чини дека секогаш кога се на дневен ред човечките несовршености, ние се оградуваме од нив ставајќи ги во трето лице.
со тоа, на некој несвесен вообразен начин се претставуваме себе си како мали богови, издигнати високо над лошиот, лицемерниот, суетниот ЧОВЕК. Па се прашуваме бескрајно, Зошто има неправди по светот? Зошто е човек на човека волк? Зошто се луѓето лоши? ![]() Сте се фатиле ли себе си како под диригентска палка на сопствената суета, громогласно обвинувате некого дека е суетен? |
|
![]() |
|
Tetratka ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
за внатрешната борба... и причините што ја поттикнуваат суетата, а ако сакаш да не бидеш суетен - ти си никој и ништо денес...
Никој не те гледа... без разлика што правиш...
значи мора денес да си направиш “суетна реклама“ за некој да ја види “твојата работа“...
ова е многу грубо кажано... зашто под “твоја работа“ спаѓаат многу формални и духовни добродетели... и тука настапува кулминација на “парадоксот“ за кој што ти говориш...
затоа има вистина во тоа... но нема дефиниција - т.е. не е така едноставно како што ти го кажуваш...
|
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
па да го поедноставиме тогаш
![]() значи мора денес да си направиш “суетна реклама“ за некој да ја види “твојата работа“... пример, јас сакам на нет просторите да ги пастирам моите песни. Зошто? за да си направам суетна реклама? ![]() Мојата професија е нешто сосема друго и нема никакви допирни точки со П од поезија. Ниеден сериозен критичар не би рекол за неа дека е добра. Ама мене ми е преубаво чувството кога го правам тоа и верувам дека и некој друг ќе го почувствува истото. Суетна сум? или... ти имаш потреба да дебатираш на разни теми кои тебе ти се интересни, и уживаш кога креираш издржани постови со кои го победуваш (условно се разбира) противникот. Нагласувам - приметливо е дека уживаш! Суетен си? |
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
а ако мислиш на рекламите за бизнисот, ги правам и јас
и да, во нив се фалам на велико, НЕМА ДРУГИ КАКО НАС!!!! ![]() ама тоа да го нарекуваме суета..... што знам..... |
|
![]() |
|
Џо ![]() Сениор ![]() ![]() Каубоец Регистриран: 17.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2121 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Се согласувам со првичните постови на Тетратка.
Бев суетен, имав таква ‘суета‘. Можеби само уживав во одредени доблести. Но потоа се променив , и откако ‘видов‘ некои работи , истите задоволства некако ги занемарив , престанаа да ми чинат живот.И откако ја изгубив суетата , изгубив и многу задоволства од животот , правопропорционално открив и многу нови , ситни но моќни и истрајни.Фактички ја најдов патеката до мирот и хармонијата. Но што највеќе ми пречи , е тоа што изгубив и многу пријателства , кога всушност јас отварав простори за нови. Сега сам ја орам таа патека , повремено ќе ми довикне некој , еј друже како иде , ја му викам да дојде да виде , овај ми врте грб... Ќе се обидам да дополнам со мислења во наредниве денови, лични искуства. |
|
sjena je od zastora kula na nebesima u našim je prsima |
|
![]() |
|
Tetratka ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Мислам дека проблемот лично меѓу нас е решен на самиот почеток... затоа постојат и интерпункциски знаци... (а ја морам суетно да одговарам...
![]() “Суетна реклама“ не е “професија“... нели...
![]() Ја кога зборувам за ова, пред се мислам на проблемите сврзани со душата и самиот човек, за внатрешната борба:
- дали да го направам ова или не...?
- не требаше вака... но ете... се случи... и сл...
значи кога човек прави некоја работа свесно или несвесно за на тој начин да се “докаже“ (без да сака - во многу случаи), дека нешто “работи“; “разбира“ и сл...
Знаеш дека ете на пример кога станува збор за многу генијални дела од минатото, ние не знаеме кој е автор на истит...
Значи во тој случај или тоа време има многу такви примери (затоа има и такви дела) кај што човек од мал е воспитан да се бори против суетата, и затоа наквиот начин на живот или општо општествена практика е дел од секојдневието на човекот...
Сакам да кажам дека денес не е така!
и проблемот се состои во друго...
Факт е дека има премногу “кич“ (лажни) “уметници“ ...
денес се е сведено на ретроспективна критика, затоа користам термин “кич уметник“ бидејќи таков не постои, како што не постои и “кич дело“ - зашто се што е створено има своја вредност,... во некое време.
Дене имаме правила и граници што е кич а што не... што е суета, а што не... и сл...
За тоа викам и лично протестирам против многу работи...
ако станува збор за наука, историја, археологија, музика или нешто што е дефинирано, тогаш според современите стандарди се знае што е што...
Зашто денес нема пејач како Сариевски... или нема виолона како Садило...
многу јасно...
Старата екипа не живее и твори за “суетата на светот“ а за радоста на душата и чистотата на срцето... творат со љубов...
За жал денес таквите “уметници“ се маргинализирани и избришени од лицето на земјата! (тука мислам на тие што денес творат и работат во таков дух...)
п.с.
како најпрост секојдневен и достапен пример е “музиката“.
По ваквиот начин на расудуање, може да анализираме и прокоментираме многу работи...
сега мислам дека малку по малку се открива смислата на суштинската намена на темата...
целта е да навлеземе подлабоко и да размислуваме за овие навистина сериозни проблеми, а не да живееме секојдневен монотонски “ад“...
.....
![]() |
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
![]() |
|
Tetratka ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Значи ете уште ако на самиот почеток е тешко да се разговара за проблемите на “суетната душа“ интроспективно...
тоа нека биде за творечкиот дух, или дух на суетата во уметноста...
немам ништо против...
сепак тоа е поврзано со општеството денес и некогаш...
па затоа денес немаме “креативност“
на сила убавина не бидува!
треба огромна љубов за секоја работа, но љубов вистинска а не љубов суетна...
така е скоро за се што е поврзано со животот на човекот...
|
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница 123 10> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |