IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Домашни сосови
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Домашни сосови

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103864
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2015 во 14:10
Бел сос за тестенини

50 гр путер
1 главица сечкан кромид на ситно
лажица брашно
чаша млеко
вода по потреба
100гр. крем сир
100 гр. рендан кашкавал
100 гр. рендано сирење, овчо
маслиново масло
сол, бибер, кари, рузмарин.

Во длабока тава, со малку масло, пропржете го кромидот, да стане жолтеникав, но да не потемни. Кога ќе биде речиси готов, истурете го во чинија.
Во истата тава додајте го путерот и стопете го, на тивко. Додајте лажица брашно и направете мека запршка. Кога ќе биде златножолта бојата на брашното, додајте ја чашата млеко и варете бешамел сос. Посипете бибер, сол, кари и многу малку рузмарин.
Кога ќе биде веќе зовриено, додајте го кромидот и крчкајте на тивко. Сосема на крај, намалете го шпоретот, додајте го крем сирот, ренданиот кашкавал и сирењето. Мешајте додека да добиете хомогена смеса, и оставете ја на тивко да добие густина. По потреба налејте вода.
Се служи топол со макарони, њоки, а добар е и за прелив врз пире.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103864
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2015 во 14:11
Вкусни сосови за чипс

Сос со сенф и мед

Потребни состојки:
100 мл мајонез
2 лажици мед
2 лажици сенф
½ лажица лимонов сок
Начин на подготовка: Измешајте ги сите состојки во еден сад, сè додека не добиете хомогена смеса. Покријте го сосот со фолија и оставете го да преноќи во фрижидер.

Крем-сос

Потребни состојки:
100 мл павлака
50 мл мајонез
1 лажица лимонов сок
10 г свеж копар, исечкан
сол и бибер по вкус
Начин на подготовка: Измешајте ги сите состојки во еден сад и оставете го сосот 1-2 часа во фрижидер пред послужување.

Тексашки тартар сос

Потребни состојки:
1 кромид ситно исечкан
3 ситно исечкани краставички
5 зелени маслинки со пиперка, исцедени и исечкани
200 мл мајонез
свеж магдонос
Начин на подготовка: Во блендер ставете ги маслинките, краставичките, кромидот и магдоносот и нежно измешајте ги. Во еден сад ставете ја смесата и одозгора сипете го мајонезот. Убаво измешајте ги состојките и оставете го сосот во фрижидер, барем еден час пред послужување.

Моцарела сос

Потребни состојки:
250 мл мајонез
100 мл павлака
100 г рендано моцарела сирење
2 рендани лажици пармезан
1 лажица шеќер
1 лажица сечкан кромид
прстофат сол
Начин на подготовка: Измешајте ги сите состојки во еден сад и оставете го сосот 1-2 часа во фрижидер пред послужување.

Лут сос

Потребни состојки:
250 мл мајонез
250 мл павлака
50 мл луто доматно пире
½ лажица црвен пипер
Начин на подготовка: Измешајте ги сите состојки во еден сад и оставете го сосот 1-2 часа во фрижидер пред послужување.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103864
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2015 во 14:14
БОЛОЊЕЗЕ СОС

Потребни состојки


• 200 гр мелено месо
• 50 гр сушена сланина
• 60 мл маслиново масло
• 1 средноголем кромид
• 1 морков
• целер
• магдонос
• 1/2 филџан црвено вино
• подготвена инстант-супа со говедско
• 250 гр доматно пире
• сол и црн пипер по вкус


Подготовка

Ставете ги зеленчукот и сланината на масло за да се пржат. Кога ќе поцрвенат, додадете го меленото месо. Откако месото ќе се пропржи, сипете го виното и оставете да се динстува некое време. Потоа додадете ги: доматното пире, една црпа
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103864
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Септември.2016 во 08:33

Доматен сос кој ќе го обожавате цело зимо


Започнува периодот кога на големо подготвуваме зимница. Доколку имате во план да направите ајвар, туршија и уште по некои зеленчуци во расол, ние ви предлагаме да направите и доматен сос, кој ќе го обожавате во текот на целото зимо. Совршен е за во паста, во комбинација со мелено месо, па дури и за со домашни погачи. Се складира исто како и ајварот, во тегли бидејќи на тој начин ќе биде вакумиран и нема да се расипе.



Потребни состојки:

  • 500гр домати
  • Кромид
  • 3 чешлиња лук
  • 4 лажици маслиново мало
  • Босилек
  • Листови свежо оригано
  • 1 ½ лажица кафеав шеќер
  • Сол и бибер

Начин на подготовка:

Исчистете ги кромидот и лукот и ситно исечкајте ги. Доматите измијте ги и ставете ги во зовриена вода неколку секунди, а потоа изладете ги со млаз ладна вода. Излупете ги и исечкајте ги. 

Во сад со врело масло ставете го кромидот 5 минути за малку да омекне. Додајте ги доматите и лукот. Кога сосот ќе зоврие, додадете го шеќерот и мешајте на ниска температура, додека состојките не омекнат, а смесата не се згусне. На крај зачинете со босилек и оригано и додадете сол и бибер по вкус.

Жешкиот сос ставете го во стерилизирани тегли. Откако ќе ги исполните теглите, дополнете ги со маслиново масло до врвот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103864
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2016 во 22:09
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103864
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2020 во 20:46
Сос од брокула и сланина – прелив кој се сложува со секое јадење


Сос од брокула и сланина – прелив кој се сложува со секое јадење


Вкусен прелив од брокула и сланина…

СОСТОЈКИ:

  • 200 гр сланина
  • 1 главица кромид
  • 400 гр брокула
  • 5 чешниња лук
  • 250 мл павлака за готвење
  • 150 гр моцарела
  • 70 гр пармезан
  • сол

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Исечкајте на ситно сланина и пропржете ја да биде крцкава. Оставете ја на страна и во тавата додајте сечкна кромид, брокулата гответе ја 6-7 минути, па додајте ја во кромидот, ставете изгмечен лук, а потоа павлака за готвење. Вратете ја сланината во тавата, додајте моцарела и пармезан. Соединете и послужете.

Добар апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103864
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Септември.2020 во 11:54

Dave’s Kitchen: Домашен доматен сос




Доматниот сос од кујната на Давор, изобилува со богата арома на зачински билки кои го подобруваат вкусот. Користете го во текот на целата година како сос за паста, пица или додаток на Вашите омилени јадења.


Потребни состојки:

  • 30 кг домати, по можност јабучари
  • 1 кг кромид, излупен од лушпата
  • 2 китки магдонос, исечкани на покрупни листови
  • 1 главица лук, исчистена од лушпите
  • 3 китки босилек, листовите отстранети
  • 3 лажички сол
  • 2 лажички суво или свежо оригано
  • 4-5 лажици шеќер
  • 2 ловорови лист
  • 1 гранче рузмарин

Начин на подготовка:

Најпрво исепечете ги доматите во загреана рерна на 180-200 степени околу 30 минути. Излупете ги и изблендирајте ги во блендер. Добиеното пире поминете го низ сито за да ги отстраните семките.

Ставете го чистото пире во тенџере на оган, а во меѓувреме во сецко или блендер ставете ги китките магдонос, кромидот, лукот, босилекот и изблендирајте додека не добиете густо пире. Добиеното пире ставете го во доматниот сос и додајте го ловоровиот лист, рузмаринот и сувото оригано.

Гответе до посакуваната густина – околу 2 часа. Откако ќе го додадете шеќерот и солта гответе уште 15 минути пред да го соберете доматниот сос во тегли. Соберете во стелизирани тегли додека е топло веднаш затворете со чисти капачиња и чувајте ги теглите на топло место да се лади сосот постепено.

Дозата може да ја зголемувате или намалувате по вашите потреби. Од оваа доза излегуваат околу 14 тегли.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103864
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2020 во 13:31

(Рецепт) Совршена зимница: Најдобриот сос од домати




Потребни состојки:

-5 кг домати
-2,5 лажици сол
-5 лажици шеќер
-2 лажици алкохолен оцет
- Црн бибер
-Оригано
- Босилек
-Мајчина душица



Начин на подготовка:

Излупете ги доматите, исечкајте ги и смелете ги. Исцедете ги семињата. Сварете го сокот. Додадете ги зачини и варете до саканата густина. Истурете го сосот во стерилизирани тегли, а потоа добро затворете ги.

Наредете ги во рерната на 90 степени 90 минути, а потоа исклучете ја рерната и оставете ги теглите преку ноќ.

Бон апетит!


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,113 секунди.