Испечати | Затвори го прозорот

Домашни сосови

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Исхрана и кулинарство
Опис на форумот: Еднаш се живее... здраво или нездраво?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=21692
Датум на принтање: 20.Април.2024 во 10:31
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Домашни сосови
Постирано од: La Ninja
Наслов: Домашни сосови
Датум на внесување: 05.Февруари.2010 во 11:24
Sos od pechurki среќа


250 gr svezi pechurki
50 gr brashno
1 chashka kisela pavlaka
1 glavica luk
sol, maslo

-Na zagreano maslo go przime iseckaniot luk i gi dodavame iseckanite pechurki i sol. Se dinstat pokrieni da omeknat. Pavlakata se mesha so brashnoto i se dodava vo pechurkite. Se ostava da se dinsta ushte 5 min.


-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....



Коментари:
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 05.Февруари.2010 во 11:25
Tartar Sos


6 jajca
6 laz maslo
2 laz senf
2 laz kisela pavlaka
1 limon
sol

-Tvrdo varenite jajca se pasiraat i se dodavaat ostanatite namirnici. Se miksira vo gusta smesa.


-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: Glenn
Датум на внесување: 05.Февруари.2010 во 17:07
Холандез Сос
 
2 жолчки
Лимонов сок исцеден од пола лимом
225 гр путер, стопен
Прстофат Кајеен(cayenne) бибер зачин
3/4 супена лажица сол
 
Се матат жолчките, лимонов сок и 2 супени лажици вода. Полека се додава путерот, само онаа путер маса која е провидна без грутките, најпосле се додава Кајеен биберот и солта.
Се служи свежо најчесто со рецепти со јајца или меко барен аспарагус, но добар е и како прелив за црвена, како и бела риба.


-------------
Beauty fades, dumb is forever


Постирано од: Glenn
Датум на внесување: 05.Февруари.2010 во 17:15

Француски прелив

250мл масло од семе од репка или маслиново масло
110мл бел вински оцет
1 Лимон/свежо цеден сок
Прстофат сол, шеќер и бибер
 
Се матат рачно сите состојки (освен солта и биберот) во овален сад.
Отпосле се посолува и се наросува со црн пипер(бибер) и се става во тегла со капаче.
Се чува една недела и пред употреба се протресува добро.
 
овој прелив најчесто се користи за свежи салати.
 
 


-------------
Beauty fades, dumb is forever


Постирано од: Glenn
Датум на внесување: 05.Февруари.2010 во 17:23
Сос од нане
 
50 гр свежи листови од нане, сецкани
25гр жолт шеќер
150мл  засладен оцет (со слад)
Сол и бибер, прстофат
 
Во сад се стават заедно сецакното нане и шеќерот и се посипуваат со 4 супени лажици врела вода. Се оставаат да одстојат едно 3 мин. Се додава оцет, се наросува со солта и биберот и се меша (матка) добро се тоа заедно.
Се остава да одстои во фрижидер до 1 недела пред конзумација, за подобро да се впијат состојките, но може и по малку ладење да се јаде.
Овој сос е идеален за печено јагнешко.


-------------
Beauty fades, dumb is forever


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 05.Февруари.2010 во 17:31
Bravo Glenn, definitivno ke mora da se zgotvi, a nekoj da degustira голема%20насмевка

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: емил
Датум на внесување: 03.Август.2010 во 13:09

Сос од домати

Потребно:

* 1 главица црвен кромид
* 500 г домати
* 3 гранчиња босилек
* 2 чешниња лук
* 2 лажици шеќер
* сол
* бибер
* маслиново масло

Приготвување: загрејте во сад 5 лажици маслиново масло и во него пропржете го ситно сечканиот кромид. Додадете го истолчениот лук, а потоа доматите исечени на коцкички, сечканиот босилек, шеќерот, солта и биберот. Сосот треба подолго време да го варите на тивок оган, т.е. додека не се згусне без да додадете нишесте или брашно. Откако сосот ќе се згусне, со миксер сето тоа испасирајте го и послужете го како прилог за тестенини.



-------------


Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 10.Август.2010 во 05:39
Бел сос со сирење и павлака

300 гр. шунка
300 гр. сирење
1 павлака
1 тегличе мало печурки
путер околу 2 лажици
1 главица лукче
сол и други зачини(оригано, чубрица)

Се става прво шунката сецкана на мали коцкички да се пропржи во путерот , се додаваат печурките исто сецкани ... Откако ке се пропржат убаво се додава сирењето ... Од путерот сирењето ке се стопи на ситни трошкички, се додава павлаката кога ке се добие убава смеса се додаваат зачините мегу кои е и лукчето убаво исецкано на најмали парченца(може толчено) после зачинувањето сосот е готов



-------------
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.


Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 10.Август.2010 во 05:39
Песто со босилок -прелив за тестенини

2 китки босилек (50/70 листови)
1-2 чешниња лукче
30гр. сецкани бадеми
6-7 лажички маслиново масло
50 гр. пармезан
сол црн пипер

Босилекот зе мие , се цеди и лифчињата се кинат.Лукот се лупи и се сече на крупно
Босилекот , лукот и бадемите се ставаат во блендер се дотура маслото пармезанот се посолува и се става и бибер , секој по свој вкус .
Откако ке се соедини смесата во бландерот се преливаат врз тестенините , ако е потребно се дотура и малку од водата во која се вареле тестенините за да се разреди (секој по вкус) смесата ...

-------------
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.


Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 10.Август.2010 во 05:40
Тако сос

Се користи како додаток при јадења од риба, месо или птици. Може да се комбинира и со тортиља чипс или со прилог од свеж зеленчук.

СОСТОЈКИ
• 1 голема лажица растително масло
• 1 кромид, исечкан на коцки
• 1 зелена или црвена пиперка, исечкана на коцки
• ½ до 1 чили пиперче
• ½ мала лажица мелен ким
• ½ мала лажица коријандер
• ½ чешне лук, здробен
• малку сол, бибер и шеќер
• лименка домати од 400 гр (или пире од домати)

ПОДГОТОВКА
Маслото ставете го во тава и загрејете го на слаб оган. Додадете ги кромидот и пиперката. Пропржете ги со постојано мешање, додека не омекнат. Ситно насечакајте го чили пиперчето и заедно со кимот, коријандерот и лукот додадете ги во тавата. Пржете уште околу 2-3 минути со постојано мешање.

Кон претходната смеса додадете малку сол, бибер, шеќер и лименката домати заедно со сокот (или пире од домати). Варете уште 5-6 минути (додека смесата не згусне) на не многу силен оган. Во зависност од вкусот, може да додадете повеќе зачини.

-------------
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.


Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 10.Август.2010 во 05:53
Оригинален Бешамел сос
Од почит спрема човекот кој го креирал овој сос, а верувам дека скоро никој не го користи оригиналниот рецепт, сепак еве како Луис Бешамел, творецот на оригиналниот бешамел сос, го направил:

На путер, се динстаат ситно сецкани: печурки, лук, магдонос и ситно рендан морков. Се додава жешко млекото, сол, мелен бибер и малку морско оревче. Се ова се вари 45 минути на тивок оган. Откако ќе се свари зеленчукот, се процедува ( без пасирање) и во понатамошното изготвување на сосот, се употребува само течниот процеден дел.
На тивок оган се пропржува путер, се додава брашно и се додава претходно процеденета течност уште жешка. Се вари околу 3 минути.



-------------
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.


Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 10.Август.2010 во 05:55
Француски сос од црвено вино -за печено месо


1 л. црвено вино
1 главица кромид
1 гл.лук
70 гр.путер
20 гр.брашно
магданос
мајчина душичка
ловоров лист
бибер,сол
-Виното го ставаме да зоврие,и му ги додаваме ситно сечени кромидот и лукот,мајчината душичка,ловоровиот лист,сол и бибер.
-Се вари додека да изврие пола вино.
-Матиме 20 грама путер и брашно,па го додаваме во тенџерето со виното.Мешаме
-Непосредно пред јадењето се додава останатиот путер,магданосот ситно сечен,се пасира и служи.

-------------
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.


Постирано од: емил
Датум на внесување: 08.Ноември.2010 во 06:38

Сос од Домати



Сомелете ги доматите на специјална машина што ги одделува семките и лушпата. Така сомелени ставете ги да се варат и варете ги 40 минути од како ќе зовријат. По варењетo сипајте ги во претходно загреани шишиња. Секое шише завиткајте гo во весник. Наредете ги шишињата во картонска кутија и завиткајте ги со ќебе за да се ладат постепено. Оставете ги да стојат 24 часа и потоа ставете ги со останатата зимница. Се употребува како додаток за јадења и за припремање на пица. Може да се пие како сок со додаток на сол и црн пипер по вкус.
---------------------------------------------------------------------------------------
 
 


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 15.Ноември.2010 во 14:53

Солен сос од дуњи

Потребно:

* 300 г исчистени дуњи
* 300 мл вода
* 200 м слатка павлака
* малку рендано морско оревче
* бел бибер
* сол

Приготвување: исчистените и излупени дуњи исечете ги на коцкички и варете ги во вриена вода. Варете ги 10 минути, исцедете ги, а потоа испасирајте ги. Потоа, во нив додадете ги павлаката, солта, биберот, ренданото морско оревче и загревајте ја смесата додека не зоврие. Солениот сос од дуњи послужете го со печено телешко месо.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 27.Декември.2010 во 12:42

Совети

* Како да ги подготвите сосовите?
Сосовите се подготвуваат од продукти со најдобар квалитет на тивок оган или над пареа, особено ако додатоците за врзување се чувствителни, на пример, јајца.

* Кои се карактеристиките на бешамел сосот?
Дворскиот каноник на Луј Четиринаесетти го измислил сосот бешамел. Во оригиналната верзија се употребува основа од брашно и путер, која лесно се пропржува, се додава павлака со додавање на ситно сечкани магдонос, лук и кромид, па се вари до саканата густина. Денес павлаката е заменета со млеко, а зачинските билки со малку рендано морско оревче.

* Што се тоа преливи за салати?
Наједноставните сосови се преливите за салати во кои главни состојки се зачинските билки, маслото, оцетот и лимоновиот сок.

* Со што да се послужи мајонезот и сосовите направени на база на мајонез?
Мајонезот и сосовите на база на мајонез одат со пржени јадења, јадења од месо, риба и зеленчук, со салати и како подлога за подготвување сендвичи.

* Со што да ги послужите топлите сосови?
Топлите сосови се послужуваат со варено и печено месо, риба или како прелив за варен зеленчук.

* Пикантни сосови

Пикантните сосови не мора да ги подготвувате само за прослави, туку може да ги употребите и како секојдневна ужина. Исечете на стапчиња или на помали парчиња целер, морков и некој друг крцкав зеленчук и сервирајте го во поголема чинија. Со зеленчукот послужете и некој пикантен сос.
1. Изматете кисело млеко со кисела павлака, во нив додадете малку сол, бибер и мелени ореви, па сето тоа добро измешајте го.
2. Изматете крем сирење и млеко, па во нив додадете ситно сечкано младо кромитче, мелени бадеми, малку сол, бибер и по желба, малку лут буковец.
3. Изрендајте кора од портокал, исцедете го сокот и измешајте го со кисела павлака. Во нив додадете сол, бибер и чили во прав.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 27.Декември.2010 во 12:45

Фантастичен сос

Потребно:

* 1 китка магдонос
* 300 мл јогурт
* 1 лажица сок од лимон
* 1 лажичка сенф
* малку шеќер
* сол
* бибер

Приготвување: измешајте ги јогуртот, сокот од лимон, сенфот, шеќерот, солта, биберот и ситно сечканиот магдонос. Подготвениот сос послужете го со печени компири или со печена риба.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 16.Февруари.2011 во 23:19

Чили сос

Потребно:

* 400 г домати исечени на коцкички
* 120 г кромид
* 6 ситно сечкани чили пиперчиња
* 2 лажици ситно сечкан магдонос
* 1 чешне лук
* 3 лажици маслиново масло
* 2 лажици сок од лимон
* сол

Приготвување: измешајте ги доматите со ситно сечканите кромид, чили пиперчиња и магдонос. Додајте ги истолчениот лук, маслиновото масло, сокот од лимон и солта, па добро измешајте го сето тоа. Оставете го сосот да отстои еден час, а потоа послужете го.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 21.Февруари.2011 во 23:34

Сос од ванила со овошје

Потребно:

* 400 мл млеко
* 1/2 ќесичка пудинг од ванила
* 2 лажички шеќер
* 3 лажици сок од портокал
* овошје по избор - свежо или од компот

Приготвување: измешајте го прашокот за пудинг со шеќерот и со 3 лажици млеко (земени од 400 мл млеко) добро измешајте го. Остатокот од млекото сварете го, извадете го тенџерето од ринглата и додадете го разматениот прашок за пудинг. Сето тоа мешајќи варете го 1-2 минути. Сосот постепено ладете го со повремено мешање за да не се создаде коричка. Откако ќе се излади, сипајте го сокот од портокалот. Овошјето исечете го и послужете го заедно со сосот од ванила.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 18.Март.2011 во 14:27

Ла­ден сос од до­ма­ти и бо­си­лек

Пот­реб­но:

* 400 г шпа­ге­ти
* 600 г до­ма­ти
* 4 чеш­ни­ња лук
* 15 лив­чи­ња бо­си­лек
* мас­ли­но­во мас­ло
* сол
* би­бер

При­гот­ву­ва­ње: исе­че­те ги из­лу­пе­ни­те до­ма­ти на коц­кич­ки и ста­ве­те ги во дла­бо­ка чи­ни­ја. Сит­но исеч­кај­те ги ис­чис­те­ни­от лук и бо­си­ле­кот, па из­ме­шај­те ги во до­ма­ти­те. За­чи­не­те ја сме­са­та од до­ма­ти­те со мас­ли­но­во мас­ло, сол и со би­бер. Вед­наш из­ме­шај­те ги сва­ре­ни­те шпа­ге­ти со со­сот од до­ма­ти­ и пос­лу­же­те ги.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 22.Март.2011 во 14:19

Зелен сос против желудочна нервоза

Освен што е вкусен додаток на салатите, ладното печено месо, месото од скара, на рибите и компирите печени во лушпа, зелениот сос од свежи листови од магдонос, босилек и матичник го забрзува варењето, ги смирува грчевите во желудникот и цревата, помага кај желудочната нервоза.
За овој сос ви е потребно: 1 лажица свежи листови од магдонос, 1 лажица свежи листови од босилек, 1 лажица свежи листови од матичник, 150 мл маслиново масло, 1 лажичка рендана кора од лимон, сол, бибер, малку табаско сос.
Во електрична мешалка ставете ги листовите од магдоносот, босилекот, матичникот, маслиновото масло и табаско сосот, па матете ги додека не добиете мазна смеса. Во сосот додадете ги ренданата кора од лимон, солта и биберот, па оставете го да отстои два-три часа пред употреба. Сосот чувајте го во фрижидер најмногу два дена.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 07.Април.2011 во 15:36

Направете домашен мајонез

1. За подготовка на мајонез, потребни ви се следните продукти: жолчки, лимон, сенф, сол и масло.

2. Изматете ги жолчките, сокот од лимон, сенфот и солта со маталка, во стаклен сад. Со лесно мешање, постепено додавајте го маслото.

3. Со постојано матење и со постепеното додавање на маслото, смесата ќе стане светла и ќе добие густина типична за мајонезот.




-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 26.Април.2011 во 23:38

Сос од печурки

Потребно:

* 30 г сув вргањ
* 1 главица кромид
* 40 г путер
* 20 г нишесте
* 400 мл супа од печурки
* 100 мл павлака за готвење
* сол
* магдонос

Приготвување: сувите печурки потопете ги во 150 мл топла вода. Излупете го и исечкајте го кромидот, па пржете го додека не стане стаклест. Додадете ги исечканите суви печурки и водата во која стоеја. Сето тоа прелијте го со супата во која сте го измешале нишестето и павлаката за готвење, па мешајќи загревајте го сето тоа, додека течноста не испари на 250 мл сос. На крај, сосот посолете го по вкус и посипете го со ситно сечканиот магдонос.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 27.Април.2011 во 15:43

Сос од маг­до­нос

Пот­реб­но:

* 2 твр­до ва­ре­ни јај­ца
* 1 кит­ка маг­до­нос
* 150 г пу­тер
* сол
* би­бер
* 100 мл пав­ла­ка за гот­ве­ње

При­гот­ву­ва­ње: из­лу­пе­те ги јај­ца­та и сит­но исеч­кај­те ги, а ис­чис­те­ни­от маг­до­нос исе­че­те го на мал­ку по­го­ле­ми пар­чи­ња. Сто­пе­те го пу­те­рот, за­чи­не­те го со сол и би­бер, па ме­шај­ќи, ста­ве­те ги јај­ца­та, маг­до­но­сот и пав­ла­ка­та за гот­ве­ње. Ва­ре­те го се­то тоа до­де­ка со­сот не поч­не да врие и не ја до­бие са­ка­на­та гус­ти­на.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 02.Јуни.2011 во 05:57

Сос од модри патлиџани

Потребно:

* 3 модри патлиџани
* 4 чешниња лук
* сол
* бибер
* 1 китка магдонос
* сок од половина лимон
* 100 мл маслиново масло

Приготвување: испечете ги модрите патлиџани во рерна, но оставете кората малку да им загори. Веднаш прелијте ги со ладна вода и излупете ги. Ставете ги во блендер и испасирајте ги во мазна смеса. Излупете го лукот и ситно исечкајте го со магдоносот. Додајте ги во смесата од патлиџаните, па зачинете го сето тоа со сол, бибер и со лимонов сок. Потоа додавајте по малку од маслиновото масло, со постојано мешање, сè додека не добиете компактна смеса.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 08.Јуни.2011 во 12:17

Пикантни сосови како секојдневна ужина

Пикантните сосови не мора да ги подготвувате само за прослави, туку може да ги употребите и како секојдневна ужина. Исечете целер, морков и некој друг крцкав зеленчук на стапчиња или на помали парчиња и сервирајте го во поголема чинија. Со зеленчукот послужете и некој пикантен сос.
1. Изматете кисело млеко со кисела павлака, додајте малку сол, бибер и мелени ореви, па добро измешајте го сето тоа.
2. Изматете крем-сирење и млеко, па додајте ситно сечкано младо кромитче, мелени бадеми, малку сол, бибер и по желба, малку лут буковец.
3. Изрендајте кора од портокал, исцедете го сокот и измешајте го со кисела павлака. Во нив додајте сол, бибер и чили во прав.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 13.Јуни.2011 во 23:09

Песто сос

Потребно:

* 1 китка босилек
* 100 г сечкани ореви
* 3-4 чешниња лук
* 100 г пармезан
* околу 200 мл маслиново масло

Приготвување: измешајте ги сите состојки, ставете ги во блендер и миксирајте ги додека не добиете компактна смеса. Вака подготвениот сос се користи како прелив за шпагети или како сос за други јадења.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 12.Март.2012 во 17:41

Салса сос – лут Гонзалес



800 гр. цели конзервирани домати

1 чешне лук

2 лажици сецкан магдонос

2 лажици лимонов сок

1 сецкан кромид

1 лажица мелена црвена пиперка

Сол и црн пипер:

Припрема:

Исцедете ги доматите, па исецкајте ги на коцки, а зачувајте го сокот. Промешајте ги со ситно сецканите лук, кромид, магдонос, лимоновиот сок и црвената мелена пиперка. Потоа додадете го изцедениот сок, онолку колку што е потребно за да ја добиете саканата густина.

Салсата оставете ја во фрижидер да се излади неколку часа. Послужете ја со тортиља лешчиња, крекери или други солени грицки. Добар апетит!



-------------


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 14.Август.2012 во 13:07


Шпанска „Salsa Fresca“

Шпан­ска „Salsa Fresca“


Овој шпан­ски сос е неве­ро­јатно вку­сен со риба или пиле­шко месо.

СОСТОЈКИ
• 4–5 домати
• 1 помал вио­ле­тов кро­мид
• 1 лута пиперка (хала­пењо, по можност)
• 2 чениња лук, исит­нети
• 2 лажици сок од лимета
• 2 лажици масли­ново масло
• малку сол, бибер и оригано

ПОДГОТОВКА
Испа­си­рајте ги дома­тите. Изме­шајте ги сите други состојки освен дома­тите. Дода­дете ги дома­тите и убаво изме­шајте. Оста­вете на собна темпе­ра­тура 15 минути да отстои.



-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Септември.2013 во 22:27

http://moirecepti.mk/post/%D1%81%D0%BE%D1%81-%D0%BE%D0%B4-%D1%88%D0%B0%D0%BC%D0%BF%D0%B8%D1%9A%D0%BE%D0%BD%D0%B8-%D0%B8-%D0%BF%D0%B8%D0%BB%D0%B5%D1%88%D0%BA%D0%BE/" rel="nofollow - Сос од шампињони и пилешко

Сос од шампињони и пилешко

Состојки

  • 700 гр. пилешки стек
  • 1 килограм шампињони
  • 1 китка свеж магданос
  • 3-4 чешниња лук
  • 1 павлака
  • 1 лаж. брашно

Подготовка

1. Стекот го сецкам на покрупни парчиња и го посолувам,наросувам црн пипер и на загреано масло го пржам
2. Ги додавам печурките и тие малку да се пропржат
3. Налевам во тоа малку вода и оставам да се динста со поклопен капак
4. Ги мешам павлаката и брашното ги додавам во тавата убаво промешувам да се згусне внимавајки да не загори
5. На крај ги додавам иситнетиот лук и магданос промешувам и сосот го ставам во сад за фонду за да го држи топол





-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Септември.2013 во 22:29

http://moirecepti.mk/post/%D1%81%D0%BE%D1%81-%D0%BE%D0%B4-%D0%BF%D0%B5%D1%87%D1%83%D1%80%D0%BA%D0%B8-%D1%88%D0%B0%D0%BC%D0%BF%D0%B8%D1%9A%D0%BE%D0%BD%D0%B8/" rel="nofollow - Сос од печурки-шампињони

Сос од печурки-шампињони

Состојки

  • 1 дл павлака,сол,црн -пипер,масло,магдонос
  • 1 лажица брашно
  • 1 гл кромид, лук
  • 150 г шамињони

Подготовка

 

Шамињоните се мијат,се сечат на ливчиња и се додаваат во испржениот кромид.Шамињоните се пржат заедно со кромидот уште малку,потоа се додаваат брашното и исечканиот лук и магдонос . Јадењето се пржи уште неколку минути ,се посолува ,се посипува со црн бибер и на крај се додава павлаката





-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Февруари.2014 во 21:29
                                                                       Рецепт за најбрз сос од домати
                                                                                                                             







Тестенините и пицата се храна што не може да се замисли без добар сос од домати.
Еве еден брз и лесен начин како да го подготвите.

Потребно
800 г.конзервирани домати (пелати)
2 чешниња лук
врзоп босилек
сол, бибер
масло за јадење


Подготовка
Во тенџерето во кое ќе го правите сосот ставете малку масло да се загрее, а потоа запржете го исечканото лукче. Кога лукот ќе почне да ја менува бојата, додајте го босилекот и процедениот домат.

Како што ќе се загреваат доматите, мешајте ги со дрвена лажица и пасирајте ги. Кога смесата ќе зоврие, зачинете со сол и бибер.

Тргнете го сосот од огнот, па процедете ја смесата низ крупна метална цедалка, а притоа извадете ги лукот и босилекот. Вратете го сосот во тенџерето и оставете кратко да се вари уште 5 минути, за смесата да згусне уште малку.

Сосот можете да го чувате во фрижидер околу недела дена, во добро затворена тегла.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Март.2014 во 09:16

Гвакамоле сос


avokadu-padazas-62995756

Состојки:

1 авокадо http://www.oklagija.rs/namirnice/voce/item/84-avokado%5b%5d" rel="nofollow -
1/2 лимета или лимон

1/2 лажичка чили

2 чешни лук

1/2 главица кромид

200 гр павлака

сол, коријандер

Приготвување:

1. Авокадото се се сече на половина и се одвојува месото од лушпата па се гмечи со помош на вилушка.

2. Кромидот се сечка најситно што може и се меша со исечкан лук и павлака.

3. Се додаваат авокадото, сок од лимон и зачини по желба и убаво се меша додека не се добие компактна смеса.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 07.Февруари.2015 во 09:48

КАРБОНАРА СОС

3
Потребни состојки:

–      1 лажица маслиново масло

–      1 голем кромид, исецкан

–      2 чешниња лук, исецкани

–      175 гр сланина

–      2 лажици путер

–      175 гр печурки

–      300 мл хопла, неутрална

–      3 јајца

–      100 гр пармезан

–      сол и бибер

Подготовка:

Исецкајте ја сланината на тенки листови. Изматете ги јајцата, како кога правите кајгана. И печурките исецкајте ги на тенки листови. Во меѓувреме ставете ја пастата да се вари.

Во сад за пржење ставете го маслото за готвење на средна температура. Додајте ги кромидот и лукот и пржете ги 2-3 минути. Потоа додајте ја сланината и пржете додека не стане крцкава. Префрлете ја смесата во едена чинија. Во друга тава ставете го путерот да се растопи. Додајте ја сланината со кромидот и лукот. Во друг сад измешајте ја хоплата, јајцата и печурките и зачинете по ваш вкус. Ставете ги на оган и мешајте додека не се згусне смесата, па кога ќе биде густа ставете ја смесата со сланината. Кога ќе биде готово ставете го сост врз пастата и одозгора посолете со сецкан магдонос.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Август.2015 во 15:07

МЛЕЧЕН СОС СО КРАСТАВИЧКИ, ЛЕШНИЦИ И ФЕТА СИРЕЊЕ

recept

Во емисијата на Опра Винфри, познатат готвачка Рејчел Реј приготви интересен сос кој е вистинско освежување и интересен предлог за менито на вашите коктел забави.

1

Потребни состојки:

  • 500 гр. фета сирење
  • 250 мл. Млеко
  • 200 гр. печени лешници
  • 1 лажичка оригано
  • 1 печена црвена пиперка
  • 2 краставици
  • 100 гр. црни маслинки
  • 100 гр. зелени маслинки
  • Сол и црн пипер
  • 2 ќесички чипс со вкус по желба или пак зеленчук по желба (краставица, пиперка, морков, праз)

 

Припрема:

Ставете ги сирењето, млекото, ситно сецканите лешници, ориганото и ситно сецканите краставички во посебен сад и промешајте. Отстранете ги семките од маслинките и исецкајте ги на коцкички па додадете ги во садот. Исто така исецкајте ја пиперката и додадете ја во садот, па наросете сол и црн пипер.

Смесата мешајте ја додека не се соедини, а можете да ја изматите и во блендер.

Откако сосот ќе се соедини, ставете го во длабоки украсни чинии за сервирање, а околу чиниите наредете сецкан свеж зеленчук, како пиперки, краставица и морков, или пак чипс по желба. Добар апетит!



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Октомври.2015 во 09:05

Сос од лук

Потребни состојки:

  • 50 гр маргарин
  • 5 чешниња лук
  • 1 лажица брашно
  • 200 мл млеко
  • малку сол
  • малку бибер

Подготовка:

1.Стопете го маргаринот и додадете брашно, добро соединете ги и додадете сецкан лук. Малку варете додека лукот омекнува. Додадете млеко и варете уште малку додека не почне да се згусне. Додадете сол и бибер и сецкан магдонос.

2.Ставете во чаша и гарнирајте со сецкан магдонос. Служат со мелено месо, пилешки стек , мисиркино месо, телешко месо…. Уживајте!



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Октомври.2015 во 09:09

Кари сос

Потребни состојки:

  • 50 гр стопен путер
  • 1 лажица брашно
  • 250 мл млеко
  • 1/2 лажичка ким
  • 1 лажичка кари во прав
  • по вкус сол и бибер
  • 1 мала лажичка сушен копар

Подготовка:

Стопете го путерот и додадете го кимот, кратко пропржете и веднаш додадете брашно. Штом запршката стане бела, се прелива со топло млеко и мешајте за да се избегне создавање грутки. Зачинете со сол и црн пипер. Додадете кари и копар и нека се врие на тивок оган. Ако сосот е премногу густ, се разредува со малку млеко.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 11.Ноември.2015 во 20:59

Сос за шпагети


Сос кој секоја млада невеста треба да го знае:)



Подготовка

Исечкајте 100 г сланина на коцки и пропржете ја во 1 дцл масло. Кога ќе порумени тргнете ја од огнот. Во маснотијата пропржете главица кромид и малку лута пиперка. Кога кромидот ќе биде испржен додајте 100 г сечкан и излупен домат. Гответе околу 5 минути со постојано мешање. На крајот додајте пржена сланина и со така подготвениот прелив прелијте ги, на пример, веќе сварените шпагети или макарони.

Време на подготовка од: 15
Време на подготовка до: 30
Број на лица: 4
Kомплицираност: 3

Состав

100 г сланина
1 дцл масло
главица кромид
лута пиперка
100 г домат



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 11.Ноември.2015 во 21:00

Бел сос




Подготовка

Се става прво шунката сецкана на мали коцкички да се пропржи во путерот , се додаваат печурките исто сецкани. Откако ке се пропржат убаво се додава сирењето. Од путерот сирењето ке се стопи и се додава павлаката кога ке се добие убава смеса се додаваат зачините меѓу кои е и лукчето убаво исецкано на најмали парченца(може толчено) и после зачинувањето сосот е готов.


Време на подготовка од: 20
Време на подготовка до: 45
Број на лица: 4
Kомплицираност: 3

Состав

300 гр. шунка
300 гр. сирење
1 павлака
1 тегличе мало печурки
путер околу 2 лажици
1 главица лукче
сол и други зачини(оригано)



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 11.Ноември.2015 во 21:01

Тартар сос


Интересен вкус



Подготовка

Во сад налејте го виното и додадете го мајонезот па промешајте. На смесата додадете ги сецканите краставици, магдоносот, сенфот, сокот од лимон, бибер и сол по вкус сe заедно повторно промешајте.

Време на подготовка од: 20
Време на подготовка до: 40

Состав

* 2 дл мајонез
* 1 сецкана кисела краставица
* 1 лажица сечкан магдонос
* половина чаша бело вино
* сок од половина лимон
* 1 лажичка сенф
* бибер, сол



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 11.Ноември.2015 во 21:02

Бешамел сос


Додаток за сите јадења



Подготовка

1. се вари путерот, млекото и брашното околу 20 минути, потоа се додава киселата павлака и сок од лимон. Сосот се користи за прелив на печено масо.

Време на подготовка од: 10
Време на подготовка до: 30
Број на лица: 4
Kомплицираност: 3

Состав

- 30гр. путер
- 20гр. брашно
- 500мл. млеко
- 200гр. кисела павлака



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 21.Ноември.2015 во 14:08
Mанго Kари Cос


1 зрело манго, 350 грама.

2 лажици масло од кикиритки
1 1 / 2 лажички кари во прав
2 лажици свеж листови од нане
1 / 2 шолја пилешка супа
2 1 / 2 лажици свеж лимонов сок, 

1 Mангото се лупи, се сече , и се става во блендер.
2 Cе затоплува масло на средна топлина.
3 Cе додава кари во прав, мешајте додека не се помеша смесата и отстранете го од топлина.
4.Cе додава кари мешавина нане и манго.
5 Cо мешалка, налевајте во супата.
6 Извадете на сад, додадете лимонов сок и сол по вкус и се промешајте.

Bреме за подготовка 15-20 мин.

-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 21.Ноември.2015 во 14:09
Прелив за месо и риба

200 мл. кисела павлака
3 лаж. мајонез
1 лаж. лимонов сок
1 чешне лук
сол по вкус\

Татар сос (за поховани јадења)

Рендани кисели краставички
оригано или сушен магданос
мелен црн бибер
сол 
1 лаж. бело вино
мајонез

-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 21.Ноември.2015 во 14:10
Бел сос за тестенини

50 гр путер
1 главица сечкан кромид на ситно
лажица брашно
чаша млеко
вода по потреба
100гр. крем сир
100 гр. рендан кашкавал
100 гр. рендано сирење, овчо
маслиново масло
сол, бибер, кари, рузмарин.

Во длабока тава, со малку масло, пропржете го кромидот, да стане жолтеникав, но да не потемни. Кога ќе биде речиси готов, истурете го во чинија.
Во истата тава додајте го путерот и стопете го, на тивко. Додајте лажица брашно и направете мека запршка. Кога ќе биде златножолта бојата на брашното, додајте ја чашата млеко и варете бешамел сос. Посипете бибер, сол, кари и многу малку рузмарин.
Кога ќе биде веќе зовриено, додајте го кромидот и крчкајте на тивко. Сосема на крај, намалете го шпоретот, додајте го крем сирот, ренданиот кашкавал и сирењето. Мешајте додека да добиете хомогена смеса, и оставете ја на тивко да добие густина. По потреба налејте вода.
Се служи топол со макарони, њоки, а добар е и за прелив врз пире.

-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 21.Ноември.2015 во 14:11
Вкусни сосови за чипс

Сос со сенф и мед

Потребни состојки:
100 мл мајонез
2 лажици мед
2 лажици сенф
½ лажица лимонов сок
Начин на подготовка: Измешајте ги сите состојки во еден сад, сè додека не добиете хомогена смеса. Покријте го сосот со фолија и оставете го да преноќи во фрижидер.

Крем-сос

Потребни состојки:
100 мл павлака
50 мл мајонез
1 лажица лимонов сок
10 г свеж копар, исечкан
сол и бибер по вкус
Начин на подготовка: Измешајте ги сите состојки во еден сад и оставете го сосот 1-2 часа во фрижидер пред послужување.

Тексашки тартар сос

Потребни состојки:
1 кромид ситно исечкан
3 ситно исечкани краставички
5 зелени маслинки со пиперка, исцедени и исечкани
200 мл мајонез
свеж магдонос
Начин на подготовка: Во блендер ставете ги маслинките, краставичките, кромидот и магдоносот и нежно измешајте ги. Во еден сад ставете ја смесата и одозгора сипете го мајонезот. Убаво измешајте ги состојките и оставете го сосот во фрижидер, барем еден час пред послужување.

Моцарела сос

Потребни состојки:
250 мл мајонез
100 мл павлака
100 г рендано моцарела сирење
2 рендани лажици пармезан
1 лажица шеќер
1 лажица сечкан кромид
прстофат сол
Начин на подготовка: Измешајте ги сите состојки во еден сад и оставете го сосот 1-2 часа во фрижидер пред послужување.

Лут сос

Потребни состојки:
250 мл мајонез
250 мл павлака
50 мл луто доматно пире
½ лажица црвен пипер
Начин на подготовка: Измешајте ги сите состојки во еден сад и оставете го сосот 1-2 часа во фрижидер пред послужување.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 21.Ноември.2015 во 14:14
БОЛОЊЕЗЕ СОС

Потребни состојки


• 200 гр мелено месо
• 50 гр сушена сланина
• 60 мл маслиново масло
• 1 средноголем кромид
• 1 морков
• целер
• магдонос
• 1/2 филџан црвено вино
• подготвена инстант-супа со говедско
• 250 гр доматно пире
• сол и црн пипер по вкус


Подготовка

Ставете ги зеленчукот и сланината на масло за да се пржат. Кога ќе поцрвенат, додадете го меленото месо. Откако месото ќе се пропржи, сипете го виното и оставете да се динстува некое време. Потоа додадете ги: доматното пире, една црпа

-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 07.Септември.2016 во 08:33

Доматен сос кој ќе го обожавате цело зимо


Започнува периодот кога на големо подготвуваме зимница. Доколку имате во план да направите ајвар, туршија и уште по некои зеленчуци во расол, ние ви предлагаме да направите и доматен сос, кој ќе го обожавате во текот на целото зимо. Совршен е за во паста, во комбинација со мелено месо, па дури и за со домашни погачи. Се складира исто како и ајварот, во тегли бидејќи на тој начин ќе биде вакумиран и нема да се расипе.



Потребни состојки:

  • 500гр домати
  • Кромид
  • 3 чешлиња лук
  • 4 лажици маслиново мало
  • Босилек
  • Листови свежо оригано
  • 1 ½ лажица кафеав шеќер
  • Сол и бибер

Начин на подготовка:

Исчистете ги кромидот и лукот и ситно исечкајте ги. Доматите измијте ги и ставете ги во зовриена вода неколку секунди, а потоа изладете ги со млаз ладна вода. Излупете ги и исечкајте ги. 

Во сад со врело масло ставете го кромидот 5 минути за малку да омекне. Додајте ги доматите и лукот. Кога сосот ќе зоврие, додадете го шеќерот и мешајте на ниска температура, додека состојките не омекнат, а смесата не се згусне. На крај зачинете со босилек и оригано и додадете сол и бибер по вкус.

Жешкиот сос ставете го во стерилизирани тегли. Откако ќе ги исполните теглите, дополнете ги со маслиново масло до врвот.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Декември.2016 во 22:09

Тартар сос




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 16.Мај.2020 во 20:46
Сос од брокула и сланина – прелив кој се сложува со секое јадење


Сос од брокула и сланина – прелив кој се сложува со секое јадење


Вкусен прелив од брокула и сланина…

СОСТОЈКИ:

  • 200 гр сланина
  • 1 главица кромид
  • 400 гр брокула
  • 5 чешниња лук
  • 250 мл павлака за готвење
  • 150 гр моцарела
  • 70 гр пармезан
  • сол

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Исечкајте на ситно сланина и пропржете ја да биде крцкава. Оставете ја на страна и во тавата додајте сечкна кромид, брокулата гответе ја 6-7 минути, па додајте ја во кромидот, ставете изгмечен лук, а потоа павлака за готвење. Вратете ја сланината во тавата, додајте моцарела и пармезан. Соединете и послужете.

Добар апетит!



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Септември.2020 во 11:54

Dave’s Kitchen: Домашен доматен сос




Доматниот сос од кујната на Давор, изобилува со богата арома на зачински билки кои го подобруваат вкусот. Користете го во текот на целата година како сос за паста, пица или додаток на Вашите омилени јадења.


Потребни состојки:

  • 30 кг домати, по можност јабучари
  • 1 кг кромид, излупен од лушпата
  • 2 китки магдонос, исечкани на покрупни листови
  • 1 главица лук, исчистена од лушпите
  • 3 китки босилек, листовите отстранети
  • 3 лажички сол
  • 2 лажички суво или свежо оригано
  • 4-5 лажици шеќер
  • 2 ловорови лист
  • 1 гранче рузмарин

Начин на подготовка:

Најпрво исепечете ги доматите во загреана рерна на 180-200 степени околу 30 минути. Излупете ги и изблендирајте ги во блендер. Добиеното пире поминете го низ сито за да ги отстраните семките.

Ставете го чистото пире во тенџере на оган, а во меѓувреме во сецко или блендер ставете ги китките магдонос, кромидот, лукот, босилекот и изблендирајте додека не добиете густо пире. Добиеното пире ставете го во доматниот сос и додајте го ловоровиот лист, рузмаринот и сувото оригано.

Гответе до посакуваната густина – околу 2 часа. Откако ќе го додадете шеќерот и солта гответе уште 15 минути пред да го соберете доматниот сос во тегли. Соберете во стелизирани тегли додека е топло веднаш затворете со чисти капачиња и чувајте ги теглите на топло место да се лади сосот постепено.

Дозата може да ја зголемувате или намалувате по вашите потреби. Од оваа доза излегуваат околу 14 тегли.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Септември.2020 во 13:31

(Рецепт) Совршена зимница: Најдобриот сос од домати




Потребни состојки:

-5 кг домати
-2,5 лажици сол
-5 лажици шеќер
-2 лажици алкохолен оцет
- Црн бибер
-Оригано
- Босилек
-Мајчина душица



Начин на подготовка:

Излупете ги доматите, исечкајте ги и смелете ги. Исцедете ги семињата. Сварете го сокот. Додадете ги зачини и варете до саканата густина. Истурете го сосот во стерилизирани тегли, а потоа добро затворете ги.

Наредете ги во рерната на 90 степени 90 минути, а потоа исклучете ја рерната и оставете ги теглите преку ноќ.

Бон апетит!




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk