IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Домашни сосови
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Домашни сосови

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
Автор
Порака Обратен редослед
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2011 во 23:38

Сос од печурки

Потребно:

* 30 г сув вргањ
* 1 главица кромид
* 40 г путер
* 20 г нишесте
* 400 мл супа од печурки
* 100 мл павлака за готвење
* сол
* магдонос

Приготвување: сувите печурки потопете ги во 150 мл топла вода. Излупете го и исечкајте го кромидот, па пржете го додека не стане стаклест. Додадете ги исечканите суви печурки и водата во која стоеја. Сето тоа прелијте го со супата во која сте го измешале нишестето и павлаката за готвење, па мешајќи загревајте го сето тоа, додека течноста не испари на 250 мл сос. На крај, сосот посолете го по вкус и посипете го со ситно сечканиот магдонос.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2011 во 15:36

Направете домашен мајонез

1. За подготовка на мајонез, потребни ви се следните продукти: жолчки, лимон, сенф, сол и масло.

2. Изматете ги жолчките, сокот од лимон, сенфот и солта со маталка, во стаклен сад. Со лесно мешање, постепено додавајте го маслото.

3. Со постојано матење и со постепеното додавање на маслото, смесата ќе стане светла и ќе добие густина типична за мајонезот.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2011 во 14:19

Зелен сос против желудочна нервоза

Освен што е вкусен додаток на салатите, ладното печено месо, месото од скара, на рибите и компирите печени во лушпа, зелениот сос од свежи листови од магдонос, босилек и матичник го забрзува варењето, ги смирува грчевите во желудникот и цревата, помага кај желудочната нервоза.
За овој сос ви е потребно: 1 лажица свежи листови од магдонос, 1 лажица свежи листови од босилек, 1 лажица свежи листови од матичник, 150 мл маслиново масло, 1 лажичка рендана кора од лимон, сол, бибер, малку табаско сос.
Во електрична мешалка ставете ги листовите од магдоносот, босилекот, матичникот, маслиновото масло и табаско сосот, па матете ги додека не добиете мазна смеса. Во сосот додадете ги ренданата кора од лимон, солта и биберот, па оставете го да отстои два-три часа пред употреба. Сосот чувајте го во фрижидер најмногу два дена.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2011 во 14:27

Ла­ден сос од до­ма­ти и бо­си­лек

Пот­реб­но:

* 400 г шпа­ге­ти
* 600 г до­ма­ти
* 4 чеш­ни­ња лук
* 15 лив­чи­ња бо­си­лек
* мас­ли­но­во мас­ло
* сол
* би­бер

При­гот­ву­ва­ње: исе­че­те ги из­лу­пе­ни­те до­ма­ти на коц­кич­ки и ста­ве­те ги во дла­бо­ка чи­ни­ја. Сит­но исеч­кај­те ги ис­чис­те­ни­от лук и бо­си­ле­кот, па из­ме­шај­те ги во до­ма­ти­те. За­чи­не­те ја сме­са­та од до­ма­ти­те со мас­ли­но­во мас­ло, сол и со би­бер. Вед­наш из­ме­шај­те ги сва­ре­ни­те шпа­ге­ти со со­сот од до­ма­ти­ и пос­лу­же­те ги.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2011 во 23:34

Сос од ванила со овошје

Потребно:

* 400 мл млеко
* 1/2 ќесичка пудинг од ванила
* 2 лажички шеќер
* 3 лажици сок од портокал
* овошје по избор - свежо или од компот

Приготвување: измешајте го прашокот за пудинг со шеќерот и со 3 лажици млеко (земени од 400 мл млеко) добро измешајте го. Остатокот од млекото сварете го, извадете го тенџерето од ринглата и додадете го разматениот прашок за пудинг. Сето тоа мешајќи варете го 1-2 минути. Сосот постепено ладете го со повремено мешање за да не се создаде коричка. Откако ќе се излади, сипајте го сокот од портокалот. Овошјето исечете го и послужете го заедно со сосот од ванила.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2011 во 23:19

Чили сос

Потребно:

* 400 г домати исечени на коцкички
* 120 г кромид
* 6 ситно сечкани чили пиперчиња
* 2 лажици ситно сечкан магдонос
* 1 чешне лук
* 3 лажици маслиново масло
* 2 лажици сок од лимон
* сол

Приготвување: измешајте ги доматите со ситно сечканите кромид, чили пиперчиња и магдонос. Додајте ги истолчениот лук, маслиновото масло, сокот од лимон и солта, па добро измешајте го сето тоа. Оставете го сосот да отстои еден час, а потоа послужете го.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2010 во 12:45

Фантастичен сос

Потребно:

* 1 китка магдонос
* 300 мл јогурт
* 1 лажица сок од лимон
* 1 лажичка сенф
* малку шеќер
* сол
* бибер

Приготвување: измешајте ги јогуртот, сокот од лимон, сенфот, шеќерот, солта, биберот и ситно сечканиот магдонос. Подготвениот сос послужете го со печени компири или со печена риба.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2010 во 12:42

Совети

* Како да ги подготвите сосовите?
Сосовите се подготвуваат од продукти со најдобар квалитет на тивок оган или над пареа, особено ако додатоците за врзување се чувствителни, на пример, јајца.

* Кои се карактеристиките на бешамел сосот?
Дворскиот каноник на Луј Четиринаесетти го измислил сосот бешамел. Во оригиналната верзија се употребува основа од брашно и путер, која лесно се пропржува, се додава павлака со додавање на ситно сечкани магдонос, лук и кромид, па се вари до саканата густина. Денес павлаката е заменета со млеко, а зачинските билки со малку рендано морско оревче.

* Што се тоа преливи за салати?
Наједноставните сосови се преливите за салати во кои главни состојки се зачинските билки, маслото, оцетот и лимоновиот сок.

* Со што да се послужи мајонезот и сосовите направени на база на мајонез?
Мајонезот и сосовите на база на мајонез одат со пржени јадења, јадења од месо, риба и зеленчук, со салати и како подлога за подготвување сендвичи.

* Со што да ги послужите топлите сосови?
Топлите сосови се послужуваат со варено и печено месо, риба или како прелив за варен зеленчук.

* Пикантни сосови

Пикантните сосови не мора да ги подготвувате само за прослави, туку може да ги употребите и како секојдневна ужина. Исечете на стапчиња или на помали парчиња целер, морков и некој друг крцкав зеленчук и сервирајте го во поголема чинија. Со зеленчукот послужете и некој пикантен сос.
1. Изматете кисело млеко со кисела павлака, во нив додадете малку сол, бибер и мелени ореви, па сето тоа добро измешајте го.
2. Изматете крем сирење и млеко, па во нив додадете ситно сечкано младо кромитче, мелени бадеми, малку сол, бибер и по желба, малку лут буковец.
3. Изрендајте кора од портокал, исцедете го сокот и измешајте го со кисела павлака. Во нив додадете сол, бибер и чили во прав.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2010 во 14:53

Солен сос од дуњи

Потребно:

* 300 г исчистени дуњи
* 300 мл вода
* 200 м слатка павлака
* малку рендано морско оревче
* бел бибер
* сол

Приготвување: исчистените и излупени дуњи исечете ги на коцкички и варете ги во вриена вода. Варете ги 10 минути, исцедете ги, а потоа испасирајте ги. Потоа, во нив додадете ги павлаката, солта, биберот, ренданото морско оревче и загревајте ја смесата додека не зоврие. Солениот сос од дуњи послужете го со печено телешко месо.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2010 во 06:38

Сос од Домати



Сомелете ги доматите на специјална машина што ги одделува семките и лушпата. Така сомелени ставете ги да се варат и варете ги 40 минути од како ќе зовријат. По варењетo сипајте ги во претходно загреани шишиња. Секое шише завиткајте гo во весник. Наредете ги шишињата во картонска кутија и завиткајте ги со ќебе за да се ладат постепено. Оставете ги да стојат 24 часа и потоа ставете ги со останатата зимница. Се употребува како додаток за јадења и за припремање на пица. Може да се пие како сок со додаток на сол и црн пипер по вкус.
---------------------------------------------------------------------------------------
 
 
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2010 во 05:55
Француски сос од црвено вино -за печено месо


1 л. црвено вино
1 главица кромид
1 гл.лук
70 гр.путер
20 гр.брашно
магданос
мајчина душичка
ловоров лист
бибер,сол
-Виното го ставаме да зоврие,и му ги додаваме ситно сечени кромидот и лукот,мајчината душичка,ловоровиот лист,сол и бибер.
-Се вари додека да изврие пола вино.
-Матиме 20 грама путер и брашно,па го додаваме во тенџерето со виното.Мешаме
-Непосредно пред јадењето се додава останатиот путер,магданосот ситно сечен,се пасира и служи.
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2010 во 05:53
Оригинален Бешамел сос
Од почит спрема човекот кој го креирал овој сос, а верувам дека скоро никој не го користи оригиналниот рецепт, сепак еве како Луис Бешамел, творецот на оригиналниот бешамел сос, го направил:

На путер, се динстаат ситно сецкани: печурки, лук, магдонос и ситно рендан морков. Се додава жешко млекото, сол, мелен бибер и малку морско оревче. Се ова се вари 45 минути на тивок оган. Откако ќе се свари зеленчукот, се процедува ( без пасирање) и во понатамошното изготвување на сосот, се употребува само течниот процеден дел.
На тивок оган се пропржува путер, се додава брашно и се додава претходно процеденета течност уште жешка. Се вари околу 3 минути.



Изменето од ФорумскаБаба - 10.Август.2010 во 05:54
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2010 во 05:40
Тако сос

Се користи како додаток при јадења од риба, месо или птици. Може да се комбинира и со тортиља чипс или со прилог од свеж зеленчук.

СОСТОЈКИ
• 1 голема лажица растително масло
• 1 кромид, исечкан на коцки
• 1 зелена или црвена пиперка, исечкана на коцки
• ½ до 1 чили пиперче
• ½ мала лажица мелен ким
• ½ мала лажица коријандер
• ½ чешне лук, здробен
• малку сол, бибер и шеќер
• лименка домати од 400 гр (или пире од домати)

ПОДГОТОВКА
Маслото ставете го во тава и загрејете го на слаб оган. Додадете ги кромидот и пиперката. Пропржете ги со постојано мешање, додека не омекнат. Ситно насечакајте го чили пиперчето и заедно со кимот, коријандерот и лукот додадете ги во тавата. Пржете уште околу 2-3 минути со постојано мешање.

Кон претходната смеса додадете малку сол, бибер, шеќер и лименката домати заедно со сокот (или пире од домати). Варете уште 5-6 минути (додека смесата не згусне) на не многу силен оган. Во зависност од вкусот, може да додадете повеќе зачини.
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2010 во 05:39
Песто со босилок -прелив за тестенини

2 китки босилек (50/70 листови)
1-2 чешниња лукче
30гр. сецкани бадеми
6-7 лажички маслиново масло
50 гр. пармезан
сол црн пипер

Босилекот зе мие , се цеди и лифчињата се кинат.Лукот се лупи и се сече на крупно
Босилекот , лукот и бадемите се ставаат во блендер се дотура маслото пармезанот се посолува и се става и бибер , секој по свој вкус .
Откако ке се соедини смесата во бландерот се преливаат врз тестенините , ако е потребно се дотура и малку од водата во која се вареле тестенините за да се разреди (секој по вкус) смесата ...
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,344 секунди.