IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Домашни сосови
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Домашни сосови

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2015 во 09:09

Кари сос

Потребни состојки:

  • 50 гр стопен путер
  • 1 лажица брашно
  • 250 мл млеко
  • 1/2 лажичка ким
  • 1 лажичка кари во прав
  • по вкус сол и бибер
  • 1 мала лажичка сушен копар

Подготовка:

Стопете го путерот и додадете го кимот, кратко пропржете и веднаш додадете брашно. Штом запршката стане бела, се прелива со топло млеко и мешајте за да се избегне создавање грутки. Зачинете со сол и црн пипер. Додадете кари и копар и нека се врие на тивок оган. Ако сосот е премногу густ, се разредува со малку млеко.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2015 во 09:05

Сос од лук

Потребни состојки:

  • 50 гр маргарин
  • 5 чешниња лук
  • 1 лажица брашно
  • 200 мл млеко
  • малку сол
  • малку бибер

Подготовка:

1.Стопете го маргаринот и додадете брашно, добро соединете ги и додадете сецкан лук. Малку варете додека лукот омекнува. Додадете млеко и варете уште малку додека не почне да се згусне. Додадете сол и бибер и сецкан магдонос.

2.Ставете во чаша и гарнирајте со сецкан магдонос. Служат со мелено месо, пилешки стек , мисиркино месо, телешко месо…. Уживајте!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2015 во 15:07

МЛЕЧЕН СОС СО КРАСТАВИЧКИ, ЛЕШНИЦИ И ФЕТА СИРЕЊЕ

recept

Во емисијата на Опра Винфри, познатат готвачка Рејчел Реј приготви интересен сос кој е вистинско освежување и интересен предлог за менито на вашите коктел забави.

1

Потребни состојки:

  • 500 гр. фета сирење
  • 250 мл. Млеко
  • 200 гр. печени лешници
  • 1 лажичка оригано
  • 1 печена црвена пиперка
  • 2 краставици
  • 100 гр. црни маслинки
  • 100 гр. зелени маслинки
  • Сол и црн пипер
  • 2 ќесички чипс со вкус по желба или пак зеленчук по желба (краставица, пиперка, морков, праз)

 

Припрема:

Ставете ги сирењето, млекото, ситно сецканите лешници, ориганото и ситно сецканите краставички во посебен сад и промешајте. Отстранете ги семките од маслинките и исецкајте ги на коцкички па додадете ги во садот. Исто така исецкајте ја пиперката и додадете ја во садот, па наросете сол и црн пипер.

Смесата мешајте ја додека не се соедини, а можете да ја изматите и во блендер.

Откако сосот ќе се соедини, ставете го во длабоки украсни чинии за сервирање, а околу чиниите наредете сецкан свеж зеленчук, како пиперки, краставица и морков, или пак чипс по желба. Добар апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2015 во 09:48

КАРБОНАРА СОС

3
Потребни состојки:

–      1 лажица маслиново масло

–      1 голем кромид, исецкан

–      2 чешниња лук, исецкани

–      175 гр сланина

–      2 лажици путер

–      175 гр печурки

–      300 мл хопла, неутрална

–      3 јајца

–      100 гр пармезан

–      сол и бибер

Подготовка:

Исецкајте ја сланината на тенки листови. Изматете ги јајцата, како кога правите кајгана. И печурките исецкајте ги на тенки листови. Во меѓувреме ставете ја пастата да се вари.

Во сад за пржење ставете го маслото за готвење на средна температура. Додајте ги кромидот и лукот и пржете ги 2-3 минути. Потоа додајте ја сланината и пржете додека не стане крцкава. Префрлете ја смесата во едена чинија. Во друга тава ставете го путерот да се растопи. Додајте ја сланината со кромидот и лукот. Во друг сад измешајте ја хоплата, јајцата и печурките и зачинете по ваш вкус. Ставете ги на оган и мешајте додека не се згусне смесата, па кога ќе биде густа ставете ја смесата со сланината. Кога ќе биде готово ставете го сост врз пастата и одозгора посолете со сецкан магдонос.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2014 во 09:16

Гвакамоле сос


avokadu-padazas-62995756

Состојки:

1 авокадо

1/2 лимета или лимон

1/2 лажичка чили

2 чешни лук

1/2 главица кромид

200 гр павлака

сол, коријандер

Приготвување:

1. Авокадото се се сече на половина и се одвојува месото од лушпата па се гмечи со помош на вилушка.

2. Кромидот се сечка најситно што може и се меша со исечкан лук и павлака.

3. Се додаваат авокадото, сок од лимон и зачини по желба и убаво се меша додека не се добие компактна смеса.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2014 во 21:29
                                                                       Рецепт за најбрз сос од домати
                                                                                                                             







Тестенините и пицата се храна што не може да се замисли без добар сос од домати.
Еве еден брз и лесен начин како да го подготвите.

Потребно
800 г.конзервирани домати (пелати)
2 чешниња лук
врзоп босилек
сол, бибер
масло за јадење


Подготовка
Во тенџерето во кое ќе го правите сосот ставете малку масло да се загрее, а потоа запржете го исечканото лукче. Кога лукот ќе почне да ја менува бојата, додајте го босилекот и процедениот домат.

Како што ќе се загреваат доматите, мешајте ги со дрвена лажица и пасирајте ги. Кога смесата ќе зоврие, зачинете со сол и бибер.

Тргнете го сосот од огнот, па процедете ја смесата низ крупна метална цедалка, а притоа извадете ги лукот и босилекот. Вратете го сосот во тенџерето и оставете кратко да се вари уште 5 минути, за смесата да згусне уште малку.

Сосот можете да го чувате во фрижидер околу недела дена, во добро затворена тегла.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2013 во 22:29

Сос од печурки-шампињони

Сос од печурки-шампињони

Состојки

  • 1 дл павлака,сол,црн -пипер,масло,магдонос
  • 1 лажица брашно
  • 1 гл кромид, лук
  • 150 г шамињони

Подготовка

 

Шамињоните се мијат,се сечат на ливчиња и се додаваат во испржениот кромид.Шамињоните се пржат заедно со кромидот уште малку,потоа се додаваат брашното и исечканиот лук и магдонос . Јадењето се пржи уште неколку минути ,се посолува ,се посипува со црн бибер и на крај се додава павлаката



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2013 во 22:27

Сос од шампињони и пилешко

Сос од шампињони и пилешко

Состојки

  • 700 гр. пилешки стек
  • 1 килограм шампињони
  • 1 китка свеж магданос
  • 3-4 чешниња лук
  • 1 павлака
  • 1 лаж. брашно

Подготовка

1. Стекот го сецкам на покрупни парчиња и го посолувам,наросувам црн пипер и на загреано масло го пржам
2. Ги додавам печурките и тие малку да се пропржат
3. Налевам во тоа малку вода и оставам да се динста со поклопен капак
4. Ги мешам павлаката и брашното ги додавам во тавата убаво промешувам да се згусне внимавајки да не загори
5. На крај ги додавам иситнетиот лук и магданос промешувам и сосот го ставам во сад за фонду за да го држи топол



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2012 во 13:07


Шпанска „Salsa Fresca“

Шпан­ска „Salsa Fresca“


Овој шпан­ски сос е неве­ро­јатно вку­сен со риба или пиле­шко месо.

СОСТОЈКИ
• 4–5 домати
• 1 помал вио­ле­тов кро­мид
• 1 лута пиперка (хала­пењо, по можност)
• 2 чениња лук, исит­нети
• 2 лажици сок од лимета
• 2 лажици масли­ново масло
• малку сол, бибер и оригано

ПОДГОТОВКА
Испа­си­рајте ги дома­тите. Изме­шајте ги сите други состојки освен дома­тите. Дода­дете ги дома­тите и убаво изме­шајте. Оста­вете на собна темпе­ра­тура 15 минути да отстои.



Изменето од Santijago - 14.Август.2012 во 13:07
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2012 во 17:41

Салса сос – лут Гонзалес



800 гр. цели конзервирани домати

1 чешне лук

2 лажици сецкан магдонос

2 лажици лимонов сок

1 сецкан кромид

1 лажица мелена црвена пиперка

Сол и црн пипер:

Припрема:

Исцедете ги доматите, па исецкајте ги на коцки, а зачувајте го сокот. Промешајте ги со ситно сецканите лук, кромид, магдонос, лимоновиот сок и црвената мелена пиперка. Потоа додадете го изцедениот сок, онолку колку што е потребно за да ја добиете саканата густина.

Салсата оставете ја во фрижидер да се излади неколку часа. Послужете ја со тортиља лешчиња, крекери или други солени грицки. Добар апетит!



Изменето од емил - 12.Март.2012 во 17:42
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2011 во 23:09

Песто сос

Потребно:

* 1 китка босилек
* 100 г сечкани ореви
* 3-4 чешниња лук
* 100 г пармезан
* околу 200 мл маслиново масло

Приготвување: измешајте ги сите состојки, ставете ги во блендер и миксирајте ги додека не добиете компактна смеса. Вака подготвениот сос се користи како прелив за шпагети или како сос за други јадења.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2011 во 12:17

Пикантни сосови како секојдневна ужина

Пикантните сосови не мора да ги подготвувате само за прослави, туку може да ги употребите и како секојдневна ужина. Исечете целер, морков и некој друг крцкав зеленчук на стапчиња или на помали парчиња и сервирајте го во поголема чинија. Со зеленчукот послужете и некој пикантен сос.
1. Изматете кисело млеко со кисела павлака, додајте малку сол, бибер и мелени ореви, па добро измешајте го сето тоа.
2. Изматете крем-сирење и млеко, па додајте ситно сечкано младо кромитче, мелени бадеми, малку сол, бибер и по желба, малку лут буковец.
3. Изрендајте кора од портокал, исцедете го сокот и измешајте го со кисела павлака. Во нив додајте сол, бибер и чили во прав.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јуни.2011 во 05:57

Сос од модри патлиџани

Потребно:

* 3 модри патлиџани
* 4 чешниња лук
* сол
* бибер
* 1 китка магдонос
* сок од половина лимон
* 100 мл маслиново масло

Приготвување: испечете ги модрите патлиџани во рерна, но оставете кората малку да им загори. Веднаш прелијте ги со ладна вода и излупете ги. Ставете ги во блендер и испасирајте ги во мазна смеса. Излупете го лукот и ситно исечкајте го со магдоносот. Додајте ги во смесата од патлиџаните, па зачинете го сето тоа со сол, бибер и со лимонов сок. Потоа додавајте по малку од маслиновото масло, со постојано мешање, сè додека не добиете компактна смеса.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2011 во 15:43

Сос од маг­до­нос

Пот­реб­но:

* 2 твр­до ва­ре­ни јај­ца
* 1 кит­ка маг­до­нос
* 150 г пу­тер
* сол
* би­бер
* 100 мл пав­ла­ка за гот­ве­ње

При­гот­ву­ва­ње: из­лу­пе­те ги јај­ца­та и сит­но исеч­кај­те ги, а ис­чис­те­ни­от маг­до­нос исе­че­те го на мал­ку по­го­ле­ми пар­чи­ња. Сто­пе­те го пу­те­рот, за­чи­не­те го со сол и би­бер, па ме­шај­ќи, ста­ве­те ги јај­ца­та, маг­до­но­сот и пав­ла­ка­та за гот­ве­ње. Ва­ре­те го се­то тоа до­де­ка со­сот не поч­не да врие и не ја до­бие са­ка­на­та гус­ти­на.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.