IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Албанците со или без Македонците во НАТО и ЕУ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Албанците со или без Македонците во НАТО и ЕУ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 10>
Автор
Порака Обратен редослед
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2009 во 12:08
Албанците - грчки џокер за името на Македонија

Албанците одамна беа најавувани како еден од клучните џокери на протагонистите за промена на името на Република Македонија. Децата обично ги плашат со вештерки, Американците со Осама бин Ладен и со Русите, Русите со прохибиција, а Македонците ги плашат со Албанците. И тоа не со какви било Албанци, туку со оние што истите Македонци ги штитат како бели мечки


     
     
А лбанците од Македонија ќе оделе во НАТО и ЕУ по секоја цена, со Македонците или без нив, сеедно. Тоа е најновата драматична порака што беше испратена до мнозинскиот народ во земјата и нејзината влада. Ако до декември не се решел проблемот со името, тогаш Албанците ќе ја радикализирале состојбата. Како тоа ќе го сторат, гласникот Рафиз Алити не знае, ама е сигурен: неговите сонародници ќе оделе за Брисел, ако треба и сами.

Албанците одамна беа најавувани како еден од клучните џокери на протагонистите за промена на името на Република Македонија. Децата обично ги плашат со вештерки, Американците со Осама бин Ладен и Русите, Русите со прохибиција, а Македонците ги плашат со Албанците. И тоа не со какви било Албанци, туку со оние што истите Македонци ги штитат како бели мечки: за нив не важат конвенциите за воени злосторства, законите дека не се пука во секој што накриво ги погледнал, за нив не важи ни посебно измисленото правило дека мора да се знае да се пишува и, од три збора да се состави реченица за да се добие вработување во државната администрација, за нив всушност не важи ни правилото дека мора да се работи за да се добие државна плата. За правилата дека е забрането зимно време да се одмрзнува чешмата во дворот со греалка прикачена директно на бандера, дека водата се плаќа, а фискалната каса не служи за украс, подобро и да не зборуваме.
Т аквата заштитена бела мечка сега ја облекоа во циркуски шалвари извадени од некој подрум на бриселските бирократи и ја изведоа пред Македонците за да ги заплашува. Има ли со што? Што навистина Албанците можат да сторат ако до декември не се реши проблемот со името, за што шансите, барем засега, очигледно се мали? Да предизвикаат економска криза и така да ги натераат Македонците да прифатат промена на името, не можат, зашто Македонија веќе е во криза и зашто тоа претполага да го знаат и рецептот како да излезат од неа. А, тука македонските Албанци се прилично тенки. Може ДУИ да ја напушти Владата и со тоа да предизвика политичка криза од која, во неможност да се формира ново парламентарно мнозинство, излезот би бил во предвремени избори. Целта не би била да се порази ВМРО-ДПМНЕ, туку барем да се спушти бројот на неговите пратеници под бројката од 60 луѓе, но во атмосфера во која Груевски би се претставил како жртва на предавство само затоа што не ги прифаќа грчките услови за името, тешко е да се очекува такво нешто. Посебно што еден сојуз, формален или неформален, меѓу албанските лидери со Црвенковски, Петковски, Манасиевски, Бошкоски и Георгиевски, чија идеја би била експресна промена на името, би бил и прелесна пропагандна мета дури и за многу понеопитни актери во вакви игри од Груевски.
На прв поглед, најмногу шанси за успех има нова војна, која би завршила не со отцепување на Илирида, туку со некаков нов рамковен договор, овој пат не за тоа кому Албанците ќе му плаќаат мито за купување диплома, туку за ново, „словенско-албанско“ име на Македонија. Проблемот е само што условите во кои таа војна би била водена се различни од тие во 2001 година и што постојат сите шанси, наместо да чекаат полицијата и војската да ја завршат работат, овој пат многу Македонци сами да почнат да спроведуваат правда. Како што е многу реално да се претпостави дека победничкиот дух на осилените Албанци нема да го губи времето чекајќи некоја нова ОНА да ја води битката, туку ќе сака што поскора разрешница.
К ако би изгледала таквата граѓанска војна на улиците во скопските општини Чаир или Бутел, во услови кога изминатите осум години е акумулирана нова омраза меѓу едните и другите, можеме само да замислуваме. Но, бројот на смачканите глави, пресечени грла, со нож исцртани имињата на НАТО и ЕУ на грбовите на цивили, сигурно не се гаранцијата што ДУИ и Рафиз Алити ја бараат од македонскиот дел од власта. Попрво, идејата на таквата „гаранција“ би била да се замрзне приемот на Македонија во НАТО и ЕУ за нови десетина години, нешто што Грците би го платиле со суво злато. Посебно што по лекцијата од 2001 година, шансите Македонците да прифатат нови уцени се многу помали. Освен во случај на тотален воен пораз, нешто што не се случи ни пред осум години кога методите за остварување на албанската кауза имаа многу поголема поддршка отколку што е тоа случај сега.

Кога во Првата светска војна, некој германски лекар со чин на мајор, без да погледне пратил на фронт инвалид со дрвена нога, овој му рекол: „Сега, кога покрај ногата ќе ја загубам и главата, ќе си ставам дрвена и ќе станам мајор“.

Изгледа дека таа приказна не е оригинално германска и има свои корени и на Балканот. Работата е само во тоа што со таквите дрвени глави Германците расчистија одамна. Со дрвените глави во Македонија оди потешко, зашто копчето што ги вклучува е надвор од државата.

     
Автор: Дарко Јаневски

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1149101265&id=13&setIzdanie=21828
Кон врв
real Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 19.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 161
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај real Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2009 во 02:40
Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:

До 7-ми декември политичарите да си залепат фластер на устаголема%20насмевка
Некои заслужуваат да им се залепат и со трајно лепило!
 
 
Jas mislam deka mnogu poveke ke zboruvat otkolku sto ti mislis.
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2009 во 01:30
До 7-ми декември политичарите да си залепат фластер на устаголема%20насмевка
Некои заслужуваат да им се залепат и со трајно лепило!
Кон врв
real Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 19.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 161
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај real Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2009 во 23:41
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

Originally posted by Buggyman Buggyman напиша:

Originally posted by mamamd mamamd напиша:


]Sega ke izleze deka toa e licen stav na onoj koj dal takva izjava i nabrgu ke se zamolci.



кој си знае, знае!

Se e ova repriza- 20 godishna reprizaголема%20насмевка
 
 
Tacno e toa.
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2009 во 22:42
Originally posted by Buggyman Buggyman напиша:

Originally posted by МАРШАЛ МАРШАЛ напиша:

во случајов конкретно ќе ти одговорам .............
николче не е нива туку БАВЧА .............

многу е важно за она што можеби ќе следува ( не дај боже )

да оставиш впечаток на миротворец ....... човек подготвен за

разговор и отворен за соработка намигнување ........


Аха... така ли?
 
 
не , не е ............... зборувам од инает голема%20насмевка
Кон врв
Buggyman Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јуни.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1308
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Buggyman Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2009 во 22:41
Originally posted by МАРШАЛ МАРШАЛ напиша:

во случајов конкретно ќе ти одговорам .............
николче не е нива туку БАВЧА .............

многу е важно за она што можеби ќе следува ( не дај боже )

да оставиш впечаток на миротворец ....... човек подготвен за

разговор и отворен за соработка намигнување ........


Аха... така ли?
Homo homini lupus est...
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2009 во 22:35
во случајов конкретно ќе ти одговорам .............
николче не е нива туку БАВЧА .............
многу е важно за она што можеби ќе следува ( не дај боже )
да оставиш впечаток на миротворец ....... човек подготвен за
разговор и отворен за соработка намигнување ........


Изменето од МАРШАЛ - 04.Ноември.2009 во 22:38
Кон врв
Buggyman Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јуни.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1308
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Buggyman Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2009 во 22:30
Originally posted by МАРШАЛ МАРШАЛ напиша:

што еден зборува , мнозинството мисли ..........
 а кога е во прашање каузата , тука ни али не смее да мрчи ........


Маршале, Али само си ја “втемелува“ својата позиција како “миротворец“ и човек кој е кооперативен пред домашната но и светската јавност. Со тоа само се здобива со симпатии однадвор како темел на мирот во Македонија. Зошто по разговорот веднаш “трчечим кораком“ отиде до УС АМБАСИ?????

За разлика од Груевски кој си се заклучува во кабинетот ( може и да грешам, не знам) и се држи “цврсто“ до, како и ти самиот рече, КАУЗАТА оставајќи впечаток за тврдокорен политичар со нула толеранција за флексибилност која е препознатлива за еден политичар.

Кој кого “обработува“ како нива?

П.С.- Тука лежи нашиот проблем, потценувањето....

Изменето од Buggyman - 04.Ноември.2009 во 22:35
Homo homini lupus est...
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2009 во 21:31
што еден зборува , мнозинството мисли ..........
 а кога е во прашање каузата , тука ни али не смее да мрчи ........


Изменето од МАРШАЛ - 04.Ноември.2009 во 21:32
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2009 во 21:28
Originally posted by Buggyman Buggyman напиша:

Originally posted by mamamd mamamd напиша:


]Sega ke izleze deka toa e licen stav na onoj koj dal takva izjava i nabrgu ke se zamolci.



кој си знае, знае!

Se e ova repriza- 20 godishna reprizaголема%20насмевка
Кон врв
Buggyman Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јуни.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1308
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Buggyman Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2009 во 21:21
Originally posted by mamamd mamamd напиша:


Originally posted by zabegan zabegan напиша:

знаат ли што рекле сега со ова збунетост искрено не верувам дека знаатдоколку Албанија и Косово сакаат да влезат во некој сојуз, никој не ги спречува, со среќамакедонските албанци можат да влезат во ЕУ доколку се преселат во некоја од земјите членки, а никој не ги спречува во тоа
Strashnoto e shto ako tie reshat da baraat neshto imaat podrshka od megjunarodnata zaednica i protiv toa ne moze nikoj nishto. Moze samo da se predizvikaat etnicki sudiri vo koi ke stradaat nevini zrtvi. Dobro e shto reagirale liderite na partiite so dogovaramke po telefon. ]Sega ke izleze deka toa e licen stav na onoj koj dal takva izjava i nabrgu ke se zamolci.



кој си знае, знае!
Homo homini lupus est...
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2009 во 15:13
Џафери: Членовите на ДУИ ја осудија изјавата на Алити
Коментари (0)   


04.11.2009 14:05



Изјавата на пратеникот на ДУИ Рафиз Алити е лична и таа беше осудена од членовите на партијата. Ова денеска го изјави министерот за локална самоуправа Муса Џафери, според кого изјавата на Алити не е директен повод за вчерашната средба меѓу премиерот Никола Груевски и лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Алити во понеделникот изјави дека „Албанците ќе се интегрираат во ЕУ и НАТО со или без Македонците“.

„На вчерашната средба Груевски и Ахмети се консултираа околу многу прашања, сите ние сме свесни дека мора да има компромис меѓу Македонија и Грција за името, а дотогаш не треба да се шпекулира“, изјави Џафери.

Тој не одговори конкретно на новинарско прашање дали во партија ќе има некакви санкции за изјавата на Алити, која ја оцени единствено како личен став.
A1

Секое чудо за еден ден...

Изменето од kultuzin - 04.Ноември.2009 во 15:14
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2009 во 12:00
a...mozebi i stvarno ke si otidat?збунетост....gledam,...neshto nema ...kuferi ..po prodavnicite.намигнување
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2009 во 00:32
СРЕДБА НА ГРУЕВСКИ И АХМЕТИ

Во Владата се одржа средба на коалициските партнери Груевски - Ахмети. Официјално, станува редовна и тековна средба. Груевски го информирал Ахмети за средбата и разговорите со грчкиот премиер Папандреу.



Неофицијално, на средбата се разговарало и за вчерашната изјава од партискиот потпретседател Рафиз Алити дека Албанците со или без Македонците ќе влезат во НАТО и во ЕУ и дека на Груевски му даваат рок до декември да понуди цврсти гаранции за меѓународната заедница и Грција дека ќе се реши проблемот со името.

Ваквите изјави, според информациите на Сител, не се став на ДУИ, каде има внатрепартиски превирања и лобирања пред престојниот Конгрес.

По средбата, Ахмети заминал на средба со американскиот амбасадор Филип Рикер.

Sitel

Нагласив дека ќе има „перење„ на ставови...Но ако така треба , треа малце да се разладат главите во овие важни моменти за нашата држава...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 10>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.