IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Да го разбудиме Вистинското Православие
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Да го разбудиме Вистинското Православие

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 8910
Автор
Порака Обратен редослед
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2009 во 19:27
Originally posted by Pravoslavie Pravoslavie напиша:

Originally posted by Majkl Majkl напиша:


 

Dobar marketinski trik (Ne)Pravoslavie, no Hristos opomena da gi drzime zapovedite. Edna od niv e da ne davame lazni svedostva... Na moment poveruvav deka se raboti navistina za inicijativa za reforma na Pravoslavnata crkva(koja se narekuva i katolicka odnosno ortodoxna ili istocna), no onde se nudi nesto drugo.


Ајде те молам објасни што мислиш дека се крие зад иницијативава?

Pa nema sto da se objasnuva, ti vece sè objasni. Mislam deka ne e fer sto go koristis terminot pravoslavie za da ja predstavis svojata ideja za vistinskoto hristijanstvo.

Изменето од Majkl - 07.Јануари.2009 во 19:28
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2009 во 19:24
Originally posted by Majkl Majkl напиша:

 
Dobar marketinski trik (Ne)Pravoslavie, no Hristos opomena da gi drzime zapovedite. Edna od niv e da ne davame lazni svedostva... Na moment poveruvav deka se raboti navistina za inicijativa za reforma na Pravoslavnata crkva(koja se narekuva i katolicka odnosno ortodoxna ili istocna), no onde se nudi nesto drugo.
 
 
Ајде те молам објасни што мислиш дека се крие зад иницијативава?
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2009 во 19:10
Dobar marketinski trik (Ne)Pravoslavie, no Hristos opomena da gi drzime zapovedite. Edna od niv e da ne davame lazni svedostva... Na moment poveruvav deka se raboti navistina za inicijativa za reforma na Pravoslavnata crkva(koja se narekuva i katolicka odnosno ortodoxna ili istocna), no onde se nudi nesto drugo.

Изменето од Majkl - 07.Јануари.2009 во 19:11
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2009 во 19:04

Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Аха... и како тоа ќе ги извршиш промените тогаш?!
Ќе ги натераш сите грешни свештеници да се откажат од свештенството на некој начин? Ќе ги истераш од црквите? Ќе се обратиш на целиот народ и тој ќе те послуша...?!
И Лутер го направи сето ова... па и неговиот "проект" заврши со разно-разни поделби и делумни успеси.
Така да - како тоа конкретно си го замислуваш?! (Јас изложив доста конкретен и јасен начин)

Најпрвин, идејата не е ние да се одвоиме од матичната Црква, туку да дејствуваме внатре неа! Нема да правиме “нова“, “изворна“... туку остануваме во нејзините рамки, работејќи на нејзино подобрување.

Следно, функционирајќи како жива заедница (пак ќе нагласам жива заедница, а не група на одделени индивидуи), колку повеќе не’ има, толку поголема сила ќе имаат нашите активности и нашите одлуки, па тогаш кога и самото Служевно Свештенство ќе види како се дејствува вистински во рамките на Црквата, а знаејќи дека целиот труд на народот (на световните Христијани) е силно, посветено и интензивно, и самите ќе се приклучат, бидејќи ако бројот на луѓето е голем, тогаш и прилогот на луѓето ќе биде голем, па и финансиите ќе бидат поголеми и се разбира дека, дури и да гледаш од страната на финансиите - Служевните Свештеници кои се евентуално така ориентирани - ќе се придружат. Евентуално, ќе има потреба од “истерување“ на оние од Служевното Свештенство (но и на оние световни Христијани) кои нема да сакаат да работат доволно добро и со своето дејствување ќе ги корумпираат процесите, исто како што се случува и во фирмите и во Компаниите и во бизнисите, кога зборуваме за истерување од работа.

Знаеш... кога се одлучив за акцијава, ја имав на ум Црквата како Заедница на луѓе кои се во непосредно познанство едни со други, а не како група на осамени верници, кои не се во конкретно заедништво едни со други... Дали имаш забележано, драг мој, дека денес во Црквата има една појава на Духовништво која јас лично повеќе би ја категоризирал како гуруизам, отколку како НовоЗаветно Христијанство? Она што го кажав: ти одиш кај твојот Духовник, јас кај мојот Духовник, а јас и ти, иако стоиме постојано на Литургија еден до друг - не се познаваме еден со друг. Тоа е една тажна и апсурдна појава!! Во Црквата треба да има конкретно заедништво и блискост на луѓето едни со други. Ако ја има таа личносна блискост, тогаш јас ќе те познавам тебе, ќе ги познавам твоите и што е најважно - јас ќе ги знам твоите потреби, потребите на твоето семејство, потребите на твоите роднини, потребите на твоите пријатели и ЌЕ ЗНАМ во која насока да ти помогнам, доколку си во невоља, ти и / или луѓето што те опкружуваат. Утре, ако денес сум успеал да ти завршам работа, ти ќе им пренесеш на други луѓе кои ги знаеш, кои имаат потреба, па тие ќе се обратат кај мене, па ќе им помогнам ним и така натаму. Ти посочив само една инстанца, само еден (но не и единствен) пример. Таквата поврзаност на луѓето ќе направи Црквата да прерасне во Жив Организам (кој ќе ДелоТвори), кое што не би можело да се случи доколку секој од нас доаѓа на Литургија, па си оди дома, и не заедничари, не се запознава со луѓето... т.е. со една реченица: Не го реализира кај себе Христијанството, кое постојано повикува на ЗАЕДНИЦА, ЗАЕДНИЦА, ЗАЕДНИЦААААААААА!!! И, што е многу добро, кога ќе ни се случи Жива Заедница, Дом, Семејство, тогаш тоа Семејство ќе може да биде и прифатилиште за новодојдени луѓе. Зашто, дури и да се случи ДЕНЕС желба и/или иницијатива кај луѓе да ја побараат Црквата за да влезат во Неа, прашање е КАДЕ и ВО КОЛКАВА МЕРКА можат да ја најдат. (Молам да не бидам погрешно сфатен) Заради тоа, ќе ни се случуваат сценарија од типот “Поради тоа што младината и воопшто народот својот Дом не го гледа во Православната Црква им се придружува на Протестантските Заедници“. Со тоа само се случува разединување на народот, и цацко си успева во своите планови, воден од најсилниот принцип за воспоставување на власт: “Раздели, па владеј“. Размисли убаво zidarski!



Изменето од Pravoslavie - 07.Јануари.2009 во 19:05
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2009 во 06:35
Аха... и како тоа ќе ги извршиш промените тогаш?!
Ќе ги натераш сите грешни свештеници да се откажат од свештенството на некој начин? Ќе ги истераш од црквите? Ќе се обратиш на целиот народ и тој ќе те послуша...?!
И Лутер го направи сето ова... па и неговиот "проект" заврши со разно-разни поделби и делумни успеси.
Така да - како тоа конкретно си го замислуваш?! (Јас изложив доста конкретен и јасен начин)
Do what is right, come what may...
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2009 во 03:34
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Идејата е добра, но не гледам потреба од "организирање" за да се спроведе истата...
Се што треба да се направи е да седнеш и да ги поучиш најблиските првин. Ако видиш дека грешат, посочи им, покажи им како треба (според тебе) и помогни им да не грешат повеќе. Постапи исто со младите луѓе околу тебе, кои се желни за вера, но немаат кој да ги упати како што треба и многу често залутуваат на погрешни места, намамени од личности кои лажно се претставуваат и имаат сомнителни мотиви.
Нема потреба од организација за да го направиш токму тоа. Организација има - Црквата. Црквата е вечна, неуништива. Црквата е безгрешна. Грешни се луѓето во неа. Некаде е водена од вистински верници, некаде е водена од неверници, но тоа не треба да е предмет на осуда, а предмет на промена и поучување.
Значи, поучи ги оние кои ги познаваш, тие нека ги поучат луѓето кои тие ги познаваат и така натаму.
Да, нема да се случи некоја неверојатна промена за две, три или пет години... но за една генерација, ќе има доволно луѓе кои ќе знаат што е во ред, а што не и нема да ги сквернават верските обреди.
Патем - немој да мислиш дека ова не се прави веќе... на многу места, многу луѓе го прават токму истово. Потребно е време и трпение...
 
Црквата не е само множество на индивидуи, туку е жива заедница. И тоа како е потребно сето ова да го правиме заеднички - и световните Христијани и Служевните Свештеници. Има такви кои мислат дека нивното дете може да забега ако посака да заживее поинтензивно во Црквата. Да не ти зборувам какво е мислењето на некои чие што дете сака да се замонаши. За жал во народот има конзервативни сфаќања. Така да ваквите деца, кои ти ги споменав за пример, седат дома и траат и пекаат и не можат да ја заживеат Вистинската Православна Црква, ем затоа што таа не постои во целост, ем заради неразбирањето од околината во која живеат. Тогаш кога мнозинството ќе го прифати и заживее ваквиот - вистинскиот начин на практицирање на Христијанството, тогаш ќе се променат сфаќањата на многу наши луѓе и благословот Божји ќе биде голем! Едно е што јас ќе им кажам на некои луѓе, а друго е што ќе каже чичкото во црна мантија плус начинот по кој се води мнозинството. Овој вториов начин е многу посилен. Оваа иницијатива што ја пуштив постои за тоа големо%20гушкање Не мора да чекаме постепено да се случуваат промените, бидејќи некои умираат во чекање, а кога може да се направи нешто, тоа и ТРЕБА да се направи.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2009 во 03:20
Идејата е добра, но не гледам потреба од "организирање" за да се спроведе истата...
Се што треба да се направи е да седнеш и да ги поучиш најблиските првин. Ако видиш дека грешат, посочи им, покажи им како треба (според тебе) и помогни им да не грешат повеќе. Постапи исто со младите луѓе околу тебе, кои се желни за вера, но немаат кој да ги упати како што треба и многу често залутуваат на погрешни места, намамени од личности кои лажно се претставуваат и имаат сомнителни мотиви.
Нема потреба од организација за да го направиш токму тоа. Организација има - Црквата. Црквата е вечна, неуништива. Црквата е безгрешна. Грешни се луѓето во неа. Некаде е водена од вистински верници, некаде е водена од неверници, но тоа не треба да е предмет на осуда, а предмет на промена и поучување.
Значи, поучи ги оние кои ги познаваш, тие нека ги поучат луѓето кои тие ги познаваат и така натаму.
Да, нема да се случи некоја неверојатна промена за две, три или пет години... но за една генерација, ќе има доволно луѓе кои ќе знаат што е во ред, а што не и нема да ги сквернават верските обреди.
Патем - немој да мислиш дека ова не се прави веќе... на многу места, многу луѓе го прават токму истово. Потребно е време и трпение...
Do what is right, come what may...
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2009 во 02:48

Како што е очигледно, она што се случува во традиционализмот на Македонците е присуството на обичаи, традиции и пракси кои се неправославни и нехристијански. Тажно е што многумина од нас ги гледаме сите овие нешта, и, во најдобар случај - упатуваме критики или скраја да е - осудуваме, но за жал, за голема жал, не превземаме ништо за да нештата се променат на подобро.

Не е добро да очекуваме иницијативата да почне од некој друг, и не е во ред да велиме дека баш служевното свештенство е тоа кое треба да ги почне иницијативите за промена ниту пак да ги почне самите промени.

Зошто сето тоа да не започне од нас, световните Христијани? Зарем сме ние како световни Христијани нешто помалку од нив, кога е во прашање Христовата Вера и Црква и одговорноста за Верата и Црквата и за состојбите во Црквата?

Да се потсетиме: Црквата ја сочинуваме СИТЕ НИЕ ЗАЕДНО и заради тоа не треба НИЕ - СВЕТОВНИТЕ ХРИСТИЈАНИ да се дистанцираме од одговорноста за тековните состојби во Црквата, ниту пак да се дистанцираме од одговорноста за иднината на Црквата. Христијанинот не бега од проблемите, не се дистанцира од нив, не му ги префрла на друг, туку зема во свои раце што може повеќе.

Без да настапувам фалбаџиски и горделиво и без да осудувам НИКОГО, ни од световните Православни Христијани, ни од служевните Православни Свештеници, епископи, презвитери и ѓакони, би сакал да прашам: дали овде може да се најдат личности кои сериозно сакаат да работат на менувањето на состојбите во Црквата? Ајде да се потрудиме, да се вложиме себеси - секој од нас по сопствените можности, и да направиме нешто добро за Христовата Црква.

Што можеме да изгубиме?
НИШТО!

Што би можеле да добиеме?

Големо олеснување!!

- Ќе бидеме очистени од суеверието,

- Ќе бидеме очистени од формализмот и празните традиции (на пример:
1. формалните пости (само на храна),
2. китење на иконите со цвеќе,
3. галење на истите со пари,
4. оставање на дарови на истите,
5. к*рбаните,
6. главата на јагнето во темелот на куќата во изградба
7. Коледарите и песната која ја пеат, во која освен ’утре е Божиќ’ нема ништо кое Благовести за доаѓањето на Синот Божји во светот за Спасение на целиот човечки род.
8. гоштавки на блиските и пријателите после помени или погреби наместо молитва,
9. гоштавки на куќни слави, при што во еден добар дел се губи суштината на славата: наместо молитвен собир и/или собир во кој би се ЧУВСТВУВАЛО присуството Божјо и/или делење на Милостиња на сиромасите
10. бадникарско лепче за да се види кој ќе биде к’сметлијата за следната година,
11. бадникарскиот оган и веселба со мезенце и ракиичка, со тоа што непосредно пред крајот на постот се престанува суштински да се пости, за жал)
12. свеќи за живи и за починати
13. ...

- Ќе бидеме очистени од незнаењето и кривоверието кај неупатените

- Ќе бидеме очистени од делумно индивидуалистичкиот пристап кон Верата (на пример: јас кај мојот духовник, ти кај твојот духовник, таа кај нејзиниот духовник, а ние тројцата не функционираме како Црква (т.е. Заедница) која има своја Мисија во овој свет)

- ...


Со сето ова нашиот живот ќе стане поиспразнет од празни, непотребни нешта.
На нивното место ќе внесеме:

- многу повеќе молитва и тоа многу повеќе молитви, химни, псалми и акатисти упатени до Бога, отколку до Мајката Божја, Апостолите и до Светителите (молитвата е незаобиколна, зашто животот и дејствувањето наше со Божјото Присуство е посилно и поделотворно),

- активно наше лично темелно и длабинско проучување и анализирање на Светото Писмо и Светото Предание,

- воцрковување на неоцрковените членови на Православната Христова Црква,

- интензивирање на Заедничарењата на членовите на Црквата,

- засилување на Литургискиот Живот и

- она што го сметам за врв на животот на Христијанинот - Мисионерството, а тоа е:
1. Упатување, Поучување, оСветоПисменување, ВоЦрковување и Просвет(л)ување на оние кои не се активни членови на Христовата Православна Црква и
2. Помош на сите оние кои имаат потреба (храна, облека, финансии, лекови, крв, ...)


На таков начин Христијанството ќе добие своја поцелосна Реализација во Православната Црква !!

За реализација на сето ова е потребно поддршка од луѓето од Служевното Свештенство, кои се заинтересирани да се случат конструктивни промени, исто како што сакаме и ние и верувајте дека ја имаме од некои од нив!

Би сакал да го чујам вашето размислување на оваа тема.
- Ајде да ги издефинираме правците и насоките на дејствување.
- Да ги изанализираме проблемите со кои евентуално би можеле да се соочиме и како да се справиме со нив.
- Да се обидеме да формираме тим кој ќе се среќава за да ги оформи идеите и конкретните акции.

Не очекувам дека секој од читателите на текстов ќе каже: “јас можам“ или “јас можам по цел ден, седум дена во седмицата да дејствувам“. Знам дека овде има и вработени и невработени, и сами и сопружницици и родители и студенти и ученици. Секој од нас си имаме лични обврски. Но, секој кој сака да помогне, дури и само десет минути дневно да дејствува на овој или на оној начин - ќе биде добредојдено. Подобро многу малку, отколку ништо! Да се обидеме секој од нас да си го пронајде своето вистинско место во овој наш проект, со тоа што ќе дејствува на своето место онолку колку што ќе може и сака.

Сите кои имате добра волја сте добредојдени! Сите Ваши од Вашите семејства, роднини, пријатели, блиски, познаници... СИТЕЕЕЕЕЕЕ кои се со добра волја се добредојдени!! Ве молам, зборувајте за ова со луѓето кои Ве опкружуваат.

Кога би се знаело кои се луѓето кои сакаат да учествуваат и кога би имале дефинирано барем неколку основни конкретни активности за почеток, би се знаело со кој член од Служевното Свештенство, монасите и игумените како да се поставиме и како да дејствуваме ние лично едни со други меѓу нас и нашите, потоа би побарале Благослов од Бога преку заедничката наша молитва и преку човек / луѓе од Служевното Свештенство / монаси / игумени и би започнале, па ако сака уште нека паѓа снег и нека биде -30 степени и се’ нека биде замрзнато голема%20насмевка. Потоа, со тек на време и бројот и интензитетот на активностите би се зголемувал постепено.

Господи, Ти се молам најпрвин Тебе, ако Ти е според волјата сето ова да се случи од нас и да се случи овде и да се случи сега, биди ни на Помош! Најпрвин спои не’, потоа дај ни знаење што да направиме и по кој редослед да го направиме тоа, потоа покажи ни насоки и отвори отвори ни врати и патишта на дејствување, потоа дај ни сила да дејствуваме, и на крај - ТебеУгодни Дела. Се’ е од Тебе, преку Тебе и за Тебе! Тебе Слава и Чест во сите векови! АМИН!!!

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 8910
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.