IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Кошарка и ракомет
  Активни теми Активни теми RSS - РАКОМЕТ - новости
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

РАКОМЕТ - новости

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 18>
Автор
Порака Обратен редослед
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2012 во 00:27

Скопската предност недостижна, ракометарите одат во Шпанија

Македонската ракометна репрезентација го продолжи континуитетот на настапи на големите натпреварувања, откако избори пласман на Светското првенство, чиj домаќин следната година ќе биде Шпанија.
 

Македонија  од Австрија, го загуби реванш натпреварот од баражот за пласман на Мундијалот, со 30:27, но благодарение на победата од пет голови разлика на првиот меч во јануари следната година ќе бидат дел од светската ракометна елита.

Македонската репрезентација речиси во ниту еден момент не го доведе во прашање својот пласман на СП, иако Австрија прва дојде до посериозна предност, во 19-та минута 9:6. Македонија се врати за само две минути, кога голови постигнаа Алушовски, Миркуловски и Димовски за 9:9.

На крајот од првото полувреме Македонија, предводена од капитенот Лазаров (6 гола во првиот дел) создаде предност од 14:13.

Второто полувреме почна со неколкуте успешни одбрани на Ристовски, а во 36-та минута Македонија дојде до три гола предност со 17:14, предност која „црвено-жолтите“ ја одржуваа се до 50-та минута. Австрија потоа се врати во водство, но без сили да ги загрози скопските пет голови предност.

Лазаров со 9 гола беше најефикасниот играч на Македонија, Мојсоски постигна 7, Алушовски 4, а Миркуловски 3 гола.

Македонија во Шпанија по трет пат во својата историја ќе учествува на Светските првенства, а Мундијалот ќе се одржи од 13-ти до 27-ми јануари 2013 година.

На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2012 во 22:01
Cestitki za plasmanot na Makedonskite rakometarki na uste edno Evropsko Prvenstvo...


Na red se rakometarite. Pa, so srekja... i znaenje, sekako.
Incredible Blue
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2012 во 14:02
Ракометарите не го сакаат Лино Червар за селектор


 
Иако сите репрезентативци фрлаат дрва и камења по Шундовски, никој јавно не излегува да каже збор против него
 

 
 
Ракометарите кои се дел од македонската национална селекција не сакаат да има смена на селекторската позиција, односно наместо Звонко Шундовски, да дојде Лино Червар, сегашниот тренер на Металург. Играчите не застанале ниту зад сегашниот селектор, чии потези со изборот на играчи и со тактиката против ривалите многумина ги коментираа како лоши - објави Дневник.

Веднаш по мечот со Бразил имало разговор меѓу капитенот Kирил Лазаров и претседателот на РФМ, Михајло Михајловски, во кој се спомнало можна рокада на селекторската позиција, односно назначување на Червар, кој би требало да ги предводи на бараж-мечот со Австрија во јуни. Но капитенот и дел од репрезентативците, кои и порано порачуваа дека не сакаат да ги води Червар од клупата, и сега ја отфрлиле таквата можност. Сепак, како што пишива Дневник, никој не сака јавно да проговори плашејќи се од можните напади.

Тренерот на Металург подолг период во кулоарите се споменува како нов селектор и дел од раководството на федерацијата сака да го постави на таа функција, но не доби потврда од ракометарите, кои успеаја да го сменат претходниот селектор Љубомир Савевски правејќи му штрајк, со непојавување на тренинг. Савевски самиот си замина, а Шундовски дојде на предлог на играчите кои гласале дека најдобро би било да има македонско решение.

-Слично е и сега, во Гетеборг многу од репрезентативците во неофицијалните разговори фрлаат дрва и камења по селекторот за неговите одлуки во текот на натпреварите, но никој тоа јавно не сака да го каже. Сите бегаат од одговорноста, па ниту на прес-конференциите немаше нови лица, освен дежурните дрдорковци, Шундовски и Лазаров, кои мораа да објаснуваат зашто сме загубиле. Никој од играчите не застана јавно зад сегашниот селектор давајќи му поддршка без разлика на постигнатите резултати

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2012 во 15:11

Македонската фаланга повторно се мобилизира. Курир екслузивно дознава дека на неколку стотици македонски навивачи ќе им се овозможи патување во Шведска, со што ќе се засили поддршката за нашата ракометна репрезентација за пласман на Олимписките игри.

makedonska248
Владата и повеќе спонзори, еминентни приватни компании и пријатели на спортот ги подмируваат трошоците за патувањето, престојот и влезниците во целост.

Навивачите ќе бидат избрани по пат на лотарија. Се очекува во текот на денот Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Лазар Поповски да има прес-конференција на која ќе информира за бројот на навивачите, методологијата за избор и други детали за патувањето.

Македонија во петок го игра првиот натпревар од квалификациите, со почеток од 14:45 часот ќе се судриме со Унгарија.


Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2012 во 00:52
DA GO OBOIME I GETEBORG !!!!!



Incredible Blue
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2012 во 19:34

На одржаниот прес денеска во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ беше најавена промоција на новите дресови на ракометната репрезентација.

dres2-500

Вечерва истите тие дресови беше најавена промоција на новите дресови на ракометната репрезентација.

Вечерва истите тие дресови беа промовирани во „Веро Центар“, во изложниот салон на еден од спонзорите на ракометната федерација. Стојанче Стоилов, Филип Миркуловски, Бранко Ангеловски и Филип Лазаров беа присутни на промоцијата на новиот дрес.

dres1-500

dres3-500 

dres4-500


Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2012 во 02:24










Incredible Blue
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2012 во 17:44

Ексклузивно инфо од Гетеборг: половина Скандинавиум ќе биде црвено-жолт!

20МАР 201217:08

Неверојатна мобилизација се случува деновиве кај македонските иселеници во Гетеборг, на само две недели пред почетокот на ракометниот квалификациски турнир во ракомет за пласман на ЛОИ во Лондон, каде што Македонија се бори за едно од првите две места во групата во која се и Шведска, Унгарија и Бразил.

Каде и да одат, македонските навивачи прават фантастична атмосфера

Ѓорѓи Трпинов, еден од главните организатори на мобилизацијата кај нашинците во Гетеборг, ни ја пренесува атмосферата од шведскиот град, каде што има неколку македонски друштва на иселеници.

„Максимално сме ангажирани. Владее тотална еуфорија, се купуваат билети, им се делат организирано на членовите на друштвата. Досега само ние тука имаме купено 5.000 влезници за натпреварите на Македонија, поддршката што ракометарите ќе ја имаат во Скандинавиум ќе биде невидена. Народски кажано, на секој агол, на секоја улица има нашинец што е задолжен да го рекламира настанот. Не верувам дека има Македонец во Шведска што не знае што се подготвува за периодот 6-9 април“, вели Трпинов.

Тој се надева дека уште повеќе Македонци ќе има во арената во Гетеборг (капацитетот на салата е 12 илјади), зашто во бројката не се сметани навивачите што со чартер-летови и со автобуси ќе допатуваат од Македонија, но и од другите европски земји. Трпинов исто така нè информираше и за љубомората кај Швеѓаните од невидената мобилизација на Македонците за овој настан.

Швеѓаните со право ни љубоморат

„Викендов играше нивниот претставник во Лигата на шампионите (Савехоф н.з.) и во салата имаше едвај 4.000 навивачи. Тие се добро информирани каква еуфорија кај нас владее за ракометот, знаат и како се навива на дуелите на Металург. Се чувствува дека се љубоморни, не гледаат нас, како се подготвуваме, како едвај го чекаме моментот да дојдат нашите момци. Згора на тоа, ги боли што тие како домаќини може да останат со најмалку навивачи во арената Скандинавиум, зашто информациите што ги имам јас се дека и од Унгарија ќе дојдат многу навивачи на нивната репрезентација“, објаснува Трпинов.

Освен големата поддршка што Кирил Лазаров и неговите колеги од репрезентацијата ќе ја имаат во салата, се очекува вистинско лудило и на улиците во градот, кој се очекува да биде празен поради прославувањето на католичкиот Велигден. Во време кога масовно Швеѓаните ќе заминат надвор од градот, Гетеборг ќе биде обоен во црвено-жолто. Затоа, Трпинов најавува дека се очекува организирање на огромна фан-зона и тоа на стадионот каде што настапува фудбалскиот клуб Вардар од Гетеборг, екипа која ја имаат формирано нашите иселеници во далечната 1972 година.

„Очекуваме таму да биде главното дружење на сите навивачи пред и по натпреварите, ќе има храна, сокови, пиво… Местото не е многу далеку од салата, има околу 4 километри, но со јавен превоз се патува кратко. Фан зоната би требало да работи нонстоп, таму ќе биде центарот на сите случувања, секако и нашите ракометари би сакале да дојдат таму и да се дружат со нас“, вели Трпинов.

Македонија во Гетеборг ќе се чувствува како домаќин, поддршката ќе биде исто толку голема како што беше во јануари на ЕП во Србија, кога завршивме на петтото место. Сите предуслови за радост се исполнети, останува уште ракометарите да ги повторат игрите од Ниш и Белград и потоа на ред за окупација да дојде и Лондон…

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2012 во 19:17
Металуруг забележа победа од 19-18 (7-9) над Загреб во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на Шампиони.
Реванш мечот се игра за седум дена во Загреб.
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2012 во 16:22

КИРЕ ЛАЗАРОВ ПРОДОЛЖУВА СО АТЛЕТИКО







Кирил Лазаров го продолжи договорот со Атлетико Мадрид до крајот на сезоната 2013/2014.


Клубот го објави продолжувањето на церемонија оддржана во ВИП ложата на стадионот “Висенте Калдерон“.


Договорот значи дека Атлетико Мадрид ќе може да смета на услугите на еден од најдобрите десни бекови на континентот. Луис Мигел лопез, генералниот менаџер на клубот, изрази големо задоволство по потпишувањето на договорот.


„Денеска е многу важен ден бидејќи со овој договор докажуваме дека Атлетико Мадрид е проект кој во иднина ќе ни донесе многу титули, а за тоа ни треба играч како Кирил Лазаров“.


„Фановите ќе уживаат во шоуто во “Висталегре“, кое им го приредува Лазаров, уште две години. Посветеноста, како и продолжувањето на договорот со Талан Душебаев не уверува дека Атлетико Мадрид не е проект за еден ден, туку проект за иднината“, рече генералниот менаџер.


Лазаров кој беше најдобар стрелец на последното ЕП во Србија, но и во историјата воопшто, изјави дека воопшто не се двоумел дали да го потпише договорот.


„Тренерот и тимот беа одлучувачки фактори. Ние сме една прекрасна фамилија, со искусни играчи, под водство на најдобриот теренер во светот. Имаме се што е потребно за да освојуваме титули.“


„Ќе дадам се од себе како играч, ја ценам довербата која во мене ја имаат играчите и тренерот. Работиме по пример на најдобрите европски тимови. Со нашето искуство и со тренер каков што е Душебаев подготвени сме да освоиме многу титули во иднина, со што ќе ги израдуваме црвено-белите фанови“, изјави Лазаров.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2012 во 06:28

ЛАЗАРОВ : ЌЕ ЈА МИНЕМЕ АВСТРИЈА





Репрезентацијата на Австрија сигурно не е селекција од која треба да стравуваме. Не доаѓа од ракометниот крем, но во секој случај мора да бидеме претпазливи – се првите импресии капитенот Кире Лазаров по одредувањето на бараж двојките за пласман на СП 2012 година во Шпанија.





Тој потенцираше дека за постигнување на поголеми резултати потребен ни е континуитет од настап на големи натпреварувања.


Не го сметам за хендикеп тоа што првиот меч ќе го играме на домашен терен, а реваншот на гости. Досегашните настапи ги обезбедивме откако одигравме прво дома па потоа на гости, се надевам дека и сега ќе биде така – истакна Лазаров кој со 61 гол е апсолутен рекордер по бројот на постигнати голови на едно европско првенство.


Првиот бараж меч се игра на 9 јуни, додека реваншот седум дена подоцна во Виена.

Кон врв
sanja-a Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Only God Can Judge Me!

Регистриран: 12.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 13457
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sanja-a Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2012 во 18:35
Кирца Лазаров вика ќе ги мачкаме
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу.
Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот.
Одри Хепберн
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2012 во 14:43
 

Попладнево на ждрепката одржана во Белград, Македонија за противник во баражот за пласман на СП во Шпанија ја доби селекцијата на Австрија.

makedonija-500

Македонската ракометна репрезентација ќе мора преку селекцијата на Австрија да брка пласман на Светското првенство кое 2013-та година ќе се одржи во Шпанија. Вака беше одлучено на денешната ждрепка која се одржа во Белград пред завршните натпревари од ЕП.

Првите натпревари ќе се одиграат на 9-ти и 10-ти јуни, додека реваншите се на програмата седум дена подоцна.

Девет селекции од баражите  ќе им се приклучат на Франција, која го брани трофејот, потоа полуфиналистите од ЕП, Србија, Хрватска и Данска, како и домаќинот Шпанија.

Светското првенство во ракомет во 2013-та година ќе започне на 13-ти јануари, а ќе заврши на 27-ми истиот месец.

Двојки за бараж натпреварите за СП 2013

Македонија – Австрија

Исланд – Холандија

Словенија – Португалија

Литванија – Полска

Русија –Чешка

Словачка –Белорусија

Унгарија – Норвешка

Германија –БиХ

Шведска - Црна Гора

Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јануари.2012 во 00:17
zagrevanje... Evropsko Prvenstvo vo rakomet, Srbija 2012...




Pionir Arena, kapacitet 8150 gledaci...



Sportski Centar Cair, Nis, kapacitet 4000 gledaci...





Millenium Hall, Vrsac, kapacitet 4058 gledaci...



SPC Vojvodina, Novi Sad, kapacitet 8000 gledaci


Изменето од Marko Polo 1 - 03.Јануари.2012 во 00:35
Incredible Blue
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 18>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,422 секунди.