Испечати | Затвори го прозорот

РАКОМЕТ - новости

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Спорт
Име на форумот: Кошарка и ракомет
Опис на форумот: Нашите најуспешни национални спортови
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=14078
Датум на принтање: 28.Април.2024 во 02:25
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: РАКОМЕТ - новости
Постирано од: La Ninja
Наслов: РАКОМЕТ - новости
Датум на внесување: 11.Јуни.2008 во 16:46
Македонија има адути и за Рејкјавик
Машката ракометна репрезентација на Македонија на првиот меч против Исланд во баражот за СП 2009 оствари одличен резултат (34-26), но што е уште поважно, на теренот одигра зрело, координирано, плански. Успехот против големиот фаворит, кој патем, треба да се завери на неделниот реванш, дефинитивно, не беше само моментен блесок или спортска среќа во новата сала. Напротив, тоа е плод на темелна, студиозна работа и максимална ангажираност на играчите, на стручниот штаб и за наши услови „новитетите“, стручниот аналитичар Андон Бошковски и спортскиот психолог Ленче Алексовска-Неделковска. Нивната помош се покажа драгоцена во подготвителниот период пред баражот, тоа го нагласуваат и ракометарите и селекторот Илија Темелковски, а се виде и на дело.
- Имаме поголема студиозност во работата, тоа е сигурно. Добро ја проанализиравме играта на Исланд многу работи излегоа токму така како што планиравме и тоа донесе резултат. Но, тоа не е максимумот на оваа репрезентација, иако на прв поглед изгледа така. Не ги откривме сите адути, имаме нешто и за реваншот во Рејкјавик. На првиот меч, на пример, Исланѓаните не видоа ништо или многу малку од можностите на Гоце Макалоски, Филип Лазаров, Влатко Митков... Имавме и мали слабости, пред се во фазата на одбрана, кои ги увидовме по прегледувањето на снимката од мечот, а кои треба да ги коригираме до недела - вели аналитичарот Андон Бошковски.
Исланѓаните, можеби, беа затекнати и изненадени на првиот меч, но сигурно ќе сторат се тоа да го исправат на реваншот на домашен терен. Сепак, според Бошковски, македонските репрезентативци сами ќе си ја решаваат судбината и пласманот на СП во Хрватска.
- Исланд ќе стори нешто да ги исправи грешките и да се извади за поразот. Сигурно ќе имаат поразличен пристап во играта, ќе бидат многу поагресивни во одбраната, па дури и груби. Но, сепак, мислам дека крајниот исход, сепак, зависи од нас. Имаме големи шанса да се пласираме на СП. Имаме добар резултат и на реваншот ќе патуваме во мирна и релаксирана атмосфера. Верувам дека и во реваншот ќе одиграме според планот и ќе го оствариме тој долгопосакуван успех да играме на светскиот шампионат. А, потоа ќе славиме - најавува Андон Бошковски.


-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....



Коментари:
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 11.Јуни.2008 во 16:50
Ацкоска во Германија, Наумоска во Кометал ЃП?

КИЧЕВО. - Весна Ацкоска, организатор на играта на ракометниот вицепрвак Кале-Кичево, се наоѓа на проба во германскиот прволигаш Бломберг, екипа за која изминатата сезона настапуваше поранешната кичевка Даниела Новеска. Ова е вторпат Ацкоска да бара ангажман во странство, по едно и полгодишниот престој во Грција.
- Не сме наполно сигурни дали Ацкоска и дефинитивно ќе го напушти нашиот клуб. Ако се случи тоа, ќе побараме адекватно засилување на нејзината позиција, така што воопшто нема да бидеме послаби на европските натпревари од досега. Имаме најави дека нашиот клуб ќе го напушти и голманот Дијана Наумоска, која води преговори со шампионот Кометал ЃП. Ако се оствари овој трансфер, ќе мораме наскоро да размислуваме за доведување и на квалитетен голман - ни рече спортскиот директор на Кале-Кичево, Муарем Коџаџиклиоски-Масаро.


-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 11.Јуни.2008 во 17:06
МЕЧОТ НА ИСЛАНД ПОД КОНТРОЛА НА БАУМ И ГОРАЛЧУК ОД ПОЛСКА

Познати имиња на центарот

Мирослав Баум и Марек Горалчук од Полска се судиите кои ќе треба да обезбедат регуларност на натпреварот во Рејкјавик. Баум и Горалчук се едни од најискусните судии во Европа во моментов.

Уште од 1994 година се на ЕХФ листата. Немаат судено на машка македонска репрезентација, но неколкупати му имаат судено на Кометал Ѓ. П. (финалето во Будимпешта со Херц, 2002; 1/2 финале во Волгоград 2000; два дуели со Шлагелсе). Во Скопје му имаат судено и на Вардар во 2002 против романскиот Фибрекс.

Неколкупати му имаат судено на Исланд, а врвот на кариерата го достигнаа дури лани, кога судеа финале на Лига на шампиони и тоа мечот по кој се додели шампионскиот пехар (Кил-Флензбург). Постојано се на ЕХФ листата и главно во последните сезони судат мечеви на силни екипи (Сиудад, Адемар, Флензбург, Загреб ...) .


-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: nikuch
Датум на внесување: 12.Јуни.2008 во 21:36
СЕКОГАШ ГОЛЕМИТЕ РЕПРЕЗЕНТАЦИИ ИГРААТ И ПОВЕЌЕ ОД СОПСТВЕНИТЕ МОЖНОСТИ, ЗОШТО ЕДНАШ И НИЕ НЕ ОДИГРАМЕ КАКО ГОЛЕМА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА.

НАПРЕД МАКЕДОНИЈА, СЕГА Е ТВОЈОТ РЕД ДА НАПЛАТУВАШ СТАРИ ДОЛГОВИ

-------------
ГОЛЕМИНАТА НА НЕШТОТО СЕКОГАШ НЕ СЕ МЕРИ ВО САНТИМЕТРИ ИЛИ КИЛОГРАМИ


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 13.Јуни.2008 во 15:26

МАШКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА УТРЕ ПАТУВА ЗА ИСЛАНД КАДЕ В НЕДЕЛА ГИ ИГРА РЕВАНШОТ ОД БАРАЖОТ ЗА СП 2009

Со умерен оптимизам за Рејкјавик

Сениорите со осум гола позитива утре ќе патуваат за Исланд, каде в недела ќе се обидат да дојдат до резултат кој ќе ги одведе на Светското првенство во Хрватска на почетокот на следната година.

БАРАЖ ЗА СП 2009
Недела, 15.06.2008
ИСЛАНД - МАКЕДОНИЈА 18:00ч
Рејкјавик, Исланд. Прв меч: 26:34
Судии: Мирослав Баум и Марек Горалчук од Полска
Делегат: Роже Ксену од Белгија

По импресивниот настап на сениорите во салата "Борис Трајковски" во неделата полека стивнува еуфоријата и сосема смирено се очекува реваншот кој в недела ќе се одигра во Рејкјавик. Осумте гола предност во однос на Исланд се секако голема предност, но тоа ќе мора да се потврди и на реваншот каде е потребно да се одигра исто така на високо ниво за да се оправда оваа позитива.

Атмосферата е на истото ниво коешто го достигна и пред одигрувањето на првиот меч така што сите ракометари се подготвени за она што ги очекува.

"Постојано работиме на психолошката подготовка на ракометарите за мечот кој ни претстои. Знаеме колку беше тешко да се направи разлика со која ќе стигнеме до добар резултат на првиот меч, но свесни сме сите дека сега ќе ни биде уште потешко на реваншот", вели селекторот Темелковски на ден до патувањето на реваншот.

Што се однесува до очекувањата, не се зборува премногу за мечот туку како што беше кажано и на пресот во мир се извршуваат последните подготовки пред заминувањето.

"За Исланд ќе патуваме со умерен оптимизам. Имаме резултат, имаме услови и се обидуваме да се смириме пред одигрувањето на овој меч. Атмосферата и натаму ја одржуваме на истото ниво како што беше и пред првиот меч. С$ е сосема нормално и знаеме што н$ чека на реваншот во Исланд. Јасно ни е дека домаќинот ќе брка резултат бидејќи има негатива, но јасно ни е и дека нема нешто премногу да смени во играта".

Вчера се анализираше играта од првиот меч со Исланд и се бараа добрите и лошите страни во играта. Целта е да се надминат слабостите и да не се повторат на дуелот во Рејкјавик, но воедно и добрите страни да се повторат и да се одигра на уште повисоко ниво.

"И понатаму одиме со истиот план со кој работевме и пред првиот меч со Исланѓаните. Вчера работевме наутро во салата за кревање товар, а вечерта тренингот беше чисто на тактички план. Ќе работиме и на тактиката и во текот на денешниот ден за да можеме акциите да ги подобриме уште повеќе. Воедно ја гледавме и снимката од мечот од неделата. Ги бараме грешките за да можеме да ги поправиме. Можевме да видиме каде беа нашите слабости, а каде беа на противникот, па ќе се обидеме на реваншот да одиграме уште поквалитетно отколку на првиот дуел во Скопје. Создадовме предност која мораме да ја потврдиме. Оваа генерација мора да покаже дека има зрелост и квалитет да издржи со една ваква предност и да обезбеди пласман на СП бидејќи мислам дека тоа и го заслужува", заврши Темелковски.

Во секој случај реваншот в недела репрезентацијата на Македонија ќе го почне со осум гола предност. Сите би биле презадоволни кога ваква предност би остала и по завршување на мечот во Рејкјавик бидејќи тоа ќе значи и пласман на СП. Македонија покажа дека може да игра против учесниците на Олимписките игри на свој терен. Време е да покаже дека знае како се игра против овие селекции и кога се игра на гости.



Денеска прес во 12:30 часот

Во просториите на РФМ, со почеток во 12:30 часот денеска ќе се одржи прес-конференција на која ќе стане збор за натпреварот што ќе се одигра в недела во Рејкјавик. Овој прес ќе биде на ден до заминувањето бидејќи репрезентативците патуваат утре рано наутро.

Со 15 ракометари на реваншот

Според информациите во моментов на реваншот во Исланд ќе патуваат вкупно 15 ракометари. Сепак, кои ќе бидат тие,ќе се знае дури вечерва откако ќе се одржи и последниот тренинг во Скопје. Дури потоа ќе биде познат и списокот на патници за реванш средбата.

И утре со тренинг

Иако утре рано наутро се патува за Исланд, сепак, во план е да се одржи тренинг во салата каде што в недела ќе се игра реванш дуелот против Исланѓаните. Од информациите кои ги имаме редоследот на летовите е таков што ќе се стигне навреме за да може и да се одржи тренинг. В сабота тоа ќе се случи сигурно во терминот на одигрување на средбата.


-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 15.Јуни.2008 во 00:42

МАКЕДОНСКИОТ ПРВАК СО МАЛКУ СРЕЌА ЌЕ СЕ НАЈДЕ МЕЃУ 32-ТЕ ЕКИПИ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ

Лесно за Металург?

Македонскиот првак Металург не би требало да има поголеми проблеми за да стигне до пласман во натпреварите по групи во Лигата на шампионите.

Металург, сепак, ќе мора во квалификациите, кои знаат да бидат и прилично незгодни. Пред две сезони Металург ја доби Брага за противник и иако победи и на двата дуела, тоа воопшто не беше наивна пресметка. Португалскиот шампион и годинава е меѓу екипите кои се можни противници на Металург. Не е Брага, туку Бенфика. Сеедно, лош противник и среќа е што таа е веројатно единствената екипа од осумте можни противници која може да направи проблем. Така на Металург ќе му треба само малку среќа за да ја избегне оваа екипа. Со оглед на тоа како мина пред две години со ждрепката, ред е фортуната да го помилува овој пат. Најдобро би било среќата да го испрати Металург на патување во Белгија или Луксембург, можеби повторно на Кипар. Не се лоши противници ниту Полва Сервити, која лани беше лесно елиминирана од Вардар, ниту, пак, Гранитас Каунас од Литванија. Црвена Звезда звучи малку поопасно, но Металург редовно излегува како победник од дуелите со "црвено-белите" на контролните натпревари, а и во голема криза се наоѓа овој тим, практично на ивица да се "распадне". Но, Ц. Звезда како и Бенфика не се екипи кои би ги посакал за противник македонскиот првак.

Ждрепката ќе биде извршена на 1 јули во Виена, а три дена подоцна во Гетеборг ќе биде извршена уште една ждрепка. За комплетната Лига на шампиони, по што ќе биде познато какви шанси ќе има Металург или кои екипи ќе ги гледаме во Скопје следната есен.

Можни противници се сите учесници, а посебно интересна треба да биде третата група, во која освен Портланд Сан Антонио сите други противници се екипи кои можат и би требало да загубат во Скопје. Среќа ќе му биде потребна на Металург во тој дел, со евентуално добивање на полесен противник од третата група шансите за пласман на минимум третото место нема да се воопшто мали.


1. Група

Сиудад Реал Шпанија

Кил Германија

Веспрем Унгарија

Монпеље Франција

Целје Словенија

Копенхаген Данска

Ч. Медведи Русија

Загреб Хрватска

2. Група

Барселона Шпанија

Флензбург Германија

Сегед Унгарија

Шамбери Франција

Цимос Копер Словенија

Гог Гудме Данска

Адемар Леон Шпанија

Хамбург Германија

3. Група

Портланд СА Шпанија

Амичитиа Швајцарија

ЗТР Запорожје Украина

Висла Плок Полска

Хамарби Шведска

Босна БиХ

Татран Прешов Словачка

Драмен Норвешка

Квалификации носители

Карвина Чешка

Стеауа Романија

Металург Македонија

А1 Брегенц Австрија

Хаукар Исланд

Дукас Грција

Брест Белорусија

Касарано Италија

Квалификации

Ц. Звезда Србија

Гранитас Литванија

Полва Сервити Естонија

Кипрус Колеџ Кипар

Измир Турција

Бенфика Португалија

Сашја Белгија

Дуделанж Луксембург

ЖДРЕПКА ЗА ЕП 2008

Македонија во третиот шешир

Македонската женска сениорска репрезентација е рангирана во третиот шешир за ждрепката која на 20 јули ќе се одржи во Охрид. Македонија, које е домаќин на првенството, е заедно со селекциите на Данска, Австрија и Шпанија и против нив нема да може да игра во првата фаза од натпреварувањето.

Франција од првиот, Португалија или Шведска од вториот и Белорусија или Србија од последниот шешир се екипите кои Македонија ги посакува за можни противници.

ЕХФ објави и тоа дека билети за натпреварите од Европското првенство ќе можат да се купат од 15 септември, а последниот рок за акредитирање ќе биде 31 октомври.

1 Шешир:

Норвешка

Русија

Франција

Германија

2. Шешир:

Унгарија

Шведска

Хрватска

Португалија

3. Шешир

Македонија

Данска

Австрија

Шпанија

4. Шешир:

Србија

Белорусија

Романија

Украина



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: nikuch
Датум на внесување: 15.Јуни.2008 во 20:04
ИСЛАНД 30:24 МАКЕДОНИЈА

изненадувањеплазењеизненадувањезбунетостНАЈСЛАТКИОТ ПОРАЗ ДОСЕГАголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевка
БРАВО ДЕЧКИ ГО ИСТОПИВТЕ ЦЕЛИОТ ИСЛАНД, КОЈ ТРИПАТИ НЕ СМРЗНУВАШЕ ДОСЕГАголема%20насмевкаголема%20насмевкааплауз
аплаузаплаузаплаузаплауз

ЧЕСТИТИКИ, ЧЕСТИТИКИ И САМО ЧЕСТИТКИ
аплаузаплаузаплаузаплаузаплауз




Немора да не оќоравуваш намигнување


-------------
ГОЛЕМИНАТА НА НЕШТОТО СЕКОГАШ НЕ СЕ МЕРИ ВО САНТИМЕТРИ ИЛИ КИЛОГРАМИ


Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 16.Јуни.2008 во 14:25
Bravo momci, navistina prekrasno.
Cestitki i mnogu sreka vo Hrvatska.


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 16.Јуни.2008 во 18:01
ПО ДЕВЕТ ГОДИНИ НАЈДОБРИТЕ МАКЕДОНСКИ РАКОМЕТАРИ ПОВТОРНО ЌЕ СЕ НАЈДАТ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО

Крај на постот, Македонија оди на СП!

ИСЛАНД - МАКЕДОНИЈА 30:24 (13:13)
Рејкјавик, гледачи: 3000
Судии: Мирослав Баум и Марек Горалчук од Полска
Делегат: Роже Ксену од Белгија

Исланд:

Х. Гудмундсон 10 одб.

Б. Гудмундсон 5 одб.

Сваварсон 2

С. Сигурдсон -

Халмгримсон -

Атласон 2

Јонсон -

В. Сигурдсон 9

Гудјонсон 8

Стефансон 7

Холмгеирсон -

Петерсон 2

Јакобсон

Седмерци: 2/3

Исклучувања: 12 мин.

Македонија:

Ристовски 15 одб.

Ангелов -

Алушевски 2

К. Лазаров 10

Митков -

Темелков 2

Миркуловски 2

Маркоски 1

Мојсоски 4

Димовски 2

Ф. Лазаров -

Макалоски -

Ѓоргоноски -

Стојановиќ 1

Седмерци: 2/2

Исклучувања: 6 мин.

Таму каде што почна црната серија на македонскиот репрезентативен ракомет, таму и заврши. На Исланд, во Рејкјавик. Вчера македонските ракометари го тргнаа прашалникот од прашањето која ќе биде последната европска репрезентација која ќе оди на мундијалот во Хрватска.

Тоа е Македонија. Во четвртата пресметка, конечно, ги елиминира Исланѓаните и го прекина проклетството кога се во прашање баражите.

Клучни во целата пресметка со островјаните беа осумте гола разлика кои беа извојувани во Скопје. Во натпревар во кој не недостасуваа возбудувања, Македонија загуби со шест и од денеска почнува нова ера.

Исланд и на реваншот н$ почасти со бавна игра, нешто што македонските ракометари сигурно го посакуваа како тактика. Веројатно нивната математика се темелеше на тоа постепено да ја намалуваат разликата и да чекаат Македонија да почне прва да попушта под притисокот.

За среќа, Македонија покажа доволно зрелост за да не дозволи рано да се направи притисок.

По 12 минути игра беше 4:4, со неколку пропуштени шанси од наша страна и за подобар резултат. Првата криза во македонскиот тим се почувствува во периодот меѓу 12. и 17. минута. Тогаш Исланд направи серија од 3:0 и за првпат на мечот дојде до посолидно водство (7:4). Кирил Лазаров и Филип Миркуловски постигнаа важни голови во тој период, па Македонија се врати на минус еден (7:6), но веднаш по тоа Исланд одново влезе во серија и стигна до најголемото водство до тој момент (10:6).

Плус четири и 40 минути за играње е веројатно нешто што Исланд посакуваше во своите пресметки. Македонските играчи тогаш покажаа дека се зрели за пласман на мундијалот.

Се соземаа, одиграа како што треба и во одбрана и во напад и стигнаа до 10:9 во 25. минута од натпреварот. Во завршните минути од првото полувреме, уште и дополнително го исфрустрираа противникот и стигнавме до егал (13:13) на паузата.

Со тоа Македонија имаше плус осум гола и само уште 30 минути за играње.

Второто полувреме го донесе финалното одбројување. Секој прекинат напад, секоја освоена топка, секоја потрошена секунда значеше чекор поблиску до мундијалот во Хрватска.

Исланд набрзина дојде до плус два (17:15, 37 мин.). Всушност тоа беше нивниот прв обид да стигнат до првенството. Двата гола беа дел од серијата со која стигнаа до плус 4 (19:15).

И, исто како и во првиот дел, Македонија уште еднаш се врати во игра. Намаливме на 19:18, пред одново да влеземе во криза и да и дозволиме да стигнат до плус четири (24:20).

Но, време имаше с$ помалку. Македонските ракометари тактички одлично ги извршуваа задачите и Исланѓаните немаа многу избор во играта. На пет минути до крајот резултатот беше 25:22, Исланд беше крајно исфрустриран, но Македонија покажа дека има уште работа пред неа.

За само една минута можеше с$ да оди в неврат. Следеа три неизнудени грешки и избрани потези и во 57 минута Исланд имаше плус шест (28:22). Се можеше да се случи во тие три минути. Но, среќата овој пат не ни го заврте грбот. Македонија тргна во последен напад на 30 секунди до крајот, Исланд имаше плус седум, само гол го делеше од пласман на првенството.

Полјаците сигнализираа пасивна игра, но Кирил Лазаров со десеттиот гол ја запечати судбината на "рибарите".

"Честитам на сите мои соиграчи. Не е мала работа за државичка како Македонија да се најде на светско првенство. Бевме оспорувани, но докажавме дека имаме квалитет. Ги паметиме сите проблеми кои ги имавме во овие квалификации, како беше со Португалија, кога се собравме, како игравме. Но, останавме силни и успеавме да го надминеме сето тоа. Ова не е крајниот дострел на оваа репрезентација. Со правилни подготовки и добар план ќе траеме уште седум осум години и ќе н$ има на СП и ЕП", изјави Кирил Лазаров, ракометарот кој годинава доби уште еден двобој на највисоко ниво со некогаш најдобриот десен бек на светот, Олафур Стефансон и е с$ поблиску до моментот кога ќе мора да му биде оддадено должното признание.

Борко Ристовски уште еднаш одличен. 15 интервенции, секоја исклучително важна. Честитки заслужуваат буквално сите, секој понесе дел од товарот и учествуваше во креирањето на овој, најголем репрезентативен успех на машките сениори.

Можност за пречек на ракометарите

За сите заинтересирани кои сакаат денеска да ги пречекаат македонските ракометари при враќањето од Исланд, Ракометната федерација на Македонија и Агенцијата за спорт и млади организираат превоз до аеродромот Александар Велики. Тргнувањето е точно во 14 часот од пред новата Автобуска станица.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 16.Јуни.2008 во 18:01
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2009

Прекин во Сараево!

БиХ - Унгарија 24:27 прек. (25:27)

Мечот во Сараево меѓу БиХ и Унгарија не го дочека крајот! Револтирана од судењето на Леифсон и Палсон од Исланд публиката во "Скендерија" (околу 7000) почна да фрла предмети на теренот по што мечот беше прекинат. Унгарците се повлекоа во соблекувалните, а делегатот процени дека нема услови да се продолжи натпреварот. Сега на ред е Дисциплинската комисија на ЕХФ да ја донесе конечната одлука.

БиХ очекуваше пласман на СП по тесниот пораз од два гола разлика во Унгарија. Но на реваншот во Сараево, Унгарија играше далеку подобро и на полувреме имаше водство од шест разлика.

Во вториот дел БиХ заигра подобро, ја намали разликата и се чинеше дека има шанса да стигне, но тогаш прво беше досудено едно сомнително пробивање на Доборац, а во следниот напад исто така сомнителни две минути на Терзиќ и тогаш дојде до ерупција од незадоволство во салата по што се случи и прекинот.

Србија низ иглени уши

СРБИЈА - ЧЕШКА 29:24 (33:38)

Србија успеја во меч со драматичен финиш да ја елиминира фаворизираната Чешка и во јануари ќе игра во Хрватска.

Голманот Димитрије Пејановиќ е нов херој на српската репрезентација бидејќи успеја да скроти 23 топки вклучувајќи го и клучниот напат во последната минута. Станиќ одбрани 8 и со вкупн 31 одбрана Србија стигна до посакуваните плус пет.

Нервите на навивачите во Ниш постојано беа на испит со оглед на тоа дека Србија водеше со 6 во 38 минута, за по тоа да биде на само плус 2 во 45 минута.

Во финишот како и да е Србија имаше 29:24, но топката во последната минута и пол беше во посед на Чешка. Пејановиќ ја спаси ситуацијата, но Србите веднаш во нападот погрешија и им дадоа уште 10 секунди шанса на Чесите. Но, гостите се сплеткаа и ја испратија домашната репрезентација на мундијалот.

Ц. Гора, елиминирана

РОМАНИЈА - Ц. ГОРА 29:25 (27:31)

Ц. Гора нема да се појави на мундијалот во Хрватска. По почетниот успех на оваа репрезентација, (како дебитанти играа на ЕП) сега стигна приземјувањето. Прво во женскиот, сега и во машкиот тим.

Инаку, имаа Црногорците убав резултат до 36 минута (15:14), но доволни беа две исклучувања за Романија да направи серија од 5:1 и да ја анулира нивната предност.

Последниот воз замина во 58 минута од натпреварот, кога Романија водството од 26:23 го зголеми на плус шест (29:24), а последниот гол на Црна Гора не вредеше ништо.

Стоп за Словенија!

СЛОВАЧКА - СЛОВЕНИЈА 29:28 (33:33)

Низата од девет едноподруго настапи на големите натпреварувања за Словенците заврши во словачкиот Левице. По ремито во "Златорог", Словенците минимално поразени во Словачка и на мундијалот во Хрватска ќе бидат гледачи.

Резултатски натпреварот беше тесен во текот на сите 60 минути, со тоа што Словачка го диктираше темпото. Нивната колективна игра беше клучна во финишот кога Словенците освен Жвижеј (11 гола) не можеа да најдат расположен стрелец во своите редови, по што мораа да се помират со судбината.

Полска без ризик

ШВАЈЦАРИЈА - ПОЛСКА 24:22 (24:32)

Избраниците на поранешниот македонски селектор Драган Ѓукиќ, сега кормилар на Швајцарија, имаа малку шанси против далеку посилната репрезентација на Полска.

По минус 8 во Киелце, јасно беше дека нема да можат да направат подвиг, единствено им остана чесно да си ја одработат задачата. Тоа и го сторија, победија 24:22, резултат со кој Полска заминува на првенството.

Во поголемиот дел резултатот беше изедначен. Познатото бековско дуо (Биелецки-Лијевски) постигна вкупно 3 гола, но Полска не беше во реална опасност.

Адиос Грција

ГРЦИЈА - ШПАНИЈА 32:31 (24:32)

Како што и се очекуваше, Шпанија без проблем ја елиминираше Грција. По победата од осум разлика во Шпанија прашање беше само со каков скор.

Грците победија, утешно, не не беа ниту блиску до изненадување.

На одмор се замина со еден разлика за Грција, во вториот дел Шпанците без мака ја одржаа таа разлика.

Русија се прошета во баражот

РУСИЈА - БЕЛОРУСИЈА 34:30 (26:26)

Белорусите само во еден период, кон средината на првото полувреме имаа период во кој можеби се понадеваа на пласман на првенството. Водеа со 10:9, но набрзо Каманин и Игропуло ја однесоа Русија во водство кое на полувреме изнесуваше два разлика.

Во второто полувреме Русија речиси цело време имаше водство од 4 до 6 гола разлика и на крајот без возбудувања го финишираше натпреварот.

Норвешка со 2 победи

Украина - Норвешка 30:32 (22:27)

Норвешка, противникот на Македонија во идните квалификации, е единствената репрезентација која со 2 победи го одигра баражот.

По 27:22 дома, Норвежаните не им дадоа шанса на Украинците да се понадеваат на изненадување ниту на како гости.

На полувреме Норвешка водеше 18:12 и со петте гола од првиот меч тоа правеше разлика од 11 гола. Недостижно за Украина, која успеја да намали на минус два колку впечатокот да не биде толку лош.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 16.Јуни.2008 во 18:15

РЕПРЕЗЕНТАТИВКИТЕ СЕ СЕЛАТ НА ЈУГОТ ОД ЗЕМЈАТА

Од денеска надвор од Скопје

Женската јуниорска репрезентација на Македонија по тренинзите во Скопје, во салата во Автокоманда во следните седум дена ќе се подготвува надвор од главниот град и заминува за Негорски бањи. Ова ќе биде базата во која ќе се одработат вкупно 12 тренинзи бидејќи ќе се претстојува вкупно седум дена.

На овие подготовки Георгиевски и Петрушевски сметаат вкупно на 17 ракометарки. Ова се девојките кои влегоа во конк*ренција за овој собир, но с$ уште ќе мора да ги покажуваат своите квалитети доколку сакаат да си ја задржат позицијата и да играат на Мундијалот од 21 јули до 3 август.

Инаку, се патува денеска, а вечерва ќе биде одржан првиот тренинг. Од утре до сабота секој ден ќе има сигурно по два тренинзи, но можно е темпото да биде и засилено доколку има можност. Оваа екипа од 17 ракометарки се враќа во Скопје в недела, па потоа ќе следува една седмица тренирање во Скопје пред ново заминување, овој пат во Виница.

Во Негорски бањи според програмата која ја има стручниот штаб ќе се работи главно на подобрување на физичката подготвеност на ракометарките. Покрај тоа веројатно главно во вечерните термини ќе се увежбуваат и елементи од техничко-тактичкиот дел, како би можело во следните фази да се продолжи со уште посилна работа посебно на овој план.

Веќе ќе се почне и со собирање информации за противниците со кои играме во групата од првата фаза, па ќе може и тренинзите да се прилагодуваат на она што е дојдено како информација.

Д. М.

СОСТАВ

ГОЛМАНИ

Фросина Крстевска (Еуростандард Ѓ. П.)

Елизабета Стојановиќ (Металург Скопје)

Наташа Антиќ (Кастратовиќ)

ЛЕВИ КРИЛА

Ива Стојковска (Еуростандард Ѓ. П.)

Цветанка Срњаковска (Кабран А.)

ДЕСНИ КРИЛА

Симона Николовска (Кометал Ѓ. П.)

Симона Гроздановска (Кале Кичево)

ЛЕВИ БЕКОВИ

Ивана Петковска (Кометал Ѓ. П.)

Марија Когој (Универс 1)

Елена Димковска (Вардар Осигурување)

СРЕДНИ БЕКОВИ

Марија Штериова (Еуростандард Ѓ. П.)

Беба Белма (Металург Скопје)

Теодора Ефремова (Еуростандард Ѓ. П.)

ДЕСНИ БЕКОВИ

Елена Георгиевска (Кометал Ѓ. П.)

Анета Анчевска (Кожувчанка)

ПИКЕРИ

Кристина Илиоска (Универс 1)

Марија Серафимовска (Металург Скопје)

Што се случува со Мркиќ?

Левиот бек на Еуростандард Ѓ. Петров, Савица Мркиќ, која беше предвидена за настап во јуниорската репрезентација с$ уште се нема појавено на тренинзите. Иако беше во план за сите претходни собири на јуниорките таа ниту еднаш не се приклучи. Последниот обид беше во четвртокот, кога имаше состанок со неа и стручниот штаб, но одново не се појави на тренинг.

Според ова веќе станува јасно дека ракометарката сама се откажува од играњето во националниот состав, така што се продолжува со овој состав со кој денеска се заминува во Негорски бањи.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 17.Јуни.2008 во 16:40

МАКЕДОНСКИТЕ РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ ВЧЕРА СЕ ВРАТИЈА СО КРЕНАТИ ГЛАВИ ОД ИСЛАНД ОПРАВДУВАЈЌИ ГО ОПТИМИЗМОТ СО ПЛАСМАНОТ НА СП 2009 ВО ХРВАТСКА

Величествен дочек за хероите

Вчера беше прекрасно да си Македонец бидејќи целиот ракометен свет зборуваше само за едно, за големата победа против учесникот на Олимписките игри, Исланд. Македонските репрезентативци по големиот успех пристигнаа на аеродромот во Скопје "Александар Велики", а беа пречекани на величествен начин.

Музика, аплаузи, скандирање на имињата на ракометарите, на земјата... Сите сложни и сите заедно без двоење, покажувајќи дека само сложно можеме да стигнеме до посакуваниот резултат. Над 300 навивачи вчера ги пречекаа на аеродромот. Потоа имаа прием кај премиерот, а денеска ќе бидат примени и во МОК. Од неделата ова се нашите нови херои коишто заслужуваат да бидат прославувани од сите коишто барем малку го сакаат ракометот, а тоа беше потврдено и вчера на аеродромот. Македонија има причина за радост и прослава бидејќи успеавме во она што го замисливме.

Почнавме во јануари, кога одбранетиот седмерец на Ристовски во Португалија н$ однесе во баражот. Следуваше Балканијадата, па "Трофејот Македонија" и на крајот стариот должник, Исланд. И стигнавме до успех и учество на Светското првенство во Хрватска.

Македонските репрезентативци покажаа дека заслужуваат да се рамо до рамо со големите. Дека заслужуваат да играат секогаш во полна сала и секогаш да имаат поддршка каква што имаа пред с$ во баражите против Исланд. Ред е да има малку одмор, а потоа ќе се фати нов залет за јануари кога ќе треба некои други репрезентации да се најдат на нашиот список.

Д. М.

ИЛИЈА ТЕМЕЛКОВСКИ (СЕЛЕКТОР)

Ова не е последниот збор

"Ова е голем ден за нас. Долго го чекавме пласманот на сениорската селекција на големите натпреварувања. Драго ми е што можевме во ваков број да го прославиме тоа. Јас се гордеам со моите ракометари и можам да кажам само дека ова не е последниот збор на оваа генерација бидејќи допрва следува вистинското од нив".

КИРЕ ЛАЗАРОВ (КАПИТЕН)

Допрва ќе следуваа резултатите

"Свесни сме за резултатот којшто успеавме да го постигнеме, но нема да летаме во облаци. Ова не е последниот збор на оваа генерација бидејќи допрва ќе следуваат резултатите од нас. Ќе прославиме за ова што го направивме, па кога ќе дојде време одново ќе покажеме колку вредиме. Се надевам дека ќе добиеме можност за добри подготовки и на СП да се прикажеме во одлично издание".

 

 

 

 

 

 



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 17.Јуни.2008 во 16:40

РАКОМЕТАРИТЕ ГИ ИЗРАДУВАА СИТЕ ЉУБИТЕЛИ НА СПОРТОТ ВО ДРЖАВАТА

Македонија во мундијалски транс

Исланд е силен тим составен од врвни професионалци. Исланд е и добро организиран и скап и ги има сите услови. Исланд ќе игра и на Олимписките игри во Пекинг. Но, на Светското првенство во Хрватска - не! Таму ќе оди Македонија, најголемото изненадување во квалификациските бараж натпревари.

Македонските играчи го спуштија на земја учесникот на олимписките игри само две недели по нивната "сензационална" елиминација на Шведска во квалификациите за ОИ.

Конечно, по безмалку 10 години чекање најдобрите македонски ракометари се враќаат на светската ракометна сцена. За само десетина дена по вторпат се во насловите од извештаите во ракометна Европа.

Од денеска почнува нова ера во машкиот ракомет. Конечно е свртена нова страница, страница на која ќе се пишуваат резултатите од големите натпреварувања, а не од неуспешните квалификации.

Последниот рецепт се покажа успешен. Репрезентацијата беше на големо искушение во овие квалификации. Не само од силата на противниците кои никако не се потценување (Исланд, Португалија). Причините што мораше да се чека 10 години, сега се виде, во најголем дел лежеле во македонскиот табор. Ракометарите, конечно, решија сами да стават крај на сето тоа. Созреаја и како играчи и како личности и дојдоа до нивото каде што веќе мораше да се отиде чекор напред. Побараа шанса самите да излезат на крај со Исланд. Побараа да се прекине практиката да се носат странски тренери кои имаат познати имиња и резултати со некои други репрезентации. Секоја чест за нив, секој од нив доследно си ја работеше својата работа, но за овој тим очигледно дека беше потребно нешто друго. Слобода да одиграат како што знаат и како што мислат дека треба. Па што биде, нека биде. Побараа шанса со Темелковски на клупата да се обидат да го победат Исланд. Ја добија и ја искористија. Докажаа дека ако се склопат сите коцкички и ако секој на свој начин си ја одработи својата задача во цел да се постигне резултат, резултатот ќе дојде.

Мундијалскиот транс кој ја зафати Македонија ќе мора да трае. Резултатот остварен на Исланд не значи дека работата е завршена. Напротив, дури сега почнува.

Ракометарите обезбедија место меѓу најдобрите, но, сега, кога добија шанса да "пливаат" со големите риби, мора и да се однесуваат како нив. Ако досега се импровизираше на многу полиња, сега тоа не смее да го има. Мора да бидат елиминирани сите слабости кои на еден или друг начин ја сопираа Македонија минативе десет години за оваа шанса докрај да биде искористена.

Десет години беа потребни да се изгради тим и да се најде начин како да се стигне до мундијалот. Многу малку, можеби само една грешка би била доволна да се вратиме назад. Сега ракометната репрезентација е на позиција која мора по секоја цена да се одбрани.

Ракометарите ќе можат заслужено да уживаат во своите "пет минути" слава. Тие се нашите спортски херои и заслужија да бидат под светлото на рефлекторите уште долго време. Честитки стигаат од сите страни и што е посебно важно од сите институции. Радоста ја делат сите, победата над Исланд сите ја чувствуваат како своја. Тоа е убаво, но тоа ќе треба да се запамети и кога еуфоријата ќе стивне.

Наскоро, за нешто повеќе од три месеци овие момци одново ќе бидат на бојното поле, а тогаш, веројатно повеќе од кога и да е, ќе им биде потребна помош од сите.

Играчите го направија најважниот чекор, ја однесоа Македонија на СП. Сега на сите останати е одговорноста да направат стратегија како овој моментен успех да го претворат во траен.

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 17.Јуни.2008 во 16:42

МАКЕДОНСКИОТ ПРВАК ДИРЕКТНО СЕ ПЛАСИРАШЕ ВО НАТПРЕВАРИТЕ ПО ГРУПИ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

Кометал избегна квалификации!

За разлика од машкиот првак, Металург, кој ќе мора да одигра едно квалификациско коло, женскиот шампион, Кометал Ѓ. П., и оваа сезона ќе игра директно во Лигата на шампионите.

Пресметките на ЕХФ отидоа во корист на Кометал Ѓ. П., иако македонскиот клуб бележи постојан пад и од првиот, сега се наоѓа во третиот, последен шешир кој обезбедува директно играње во натпреварите по групи.

Друштво на Кометал во оваа треторангирана група на клубови му прават прваците на Германија, Романија и Црна Гора и против нив нема да може да игра во првата фаза на Лигата на шампионите. Но, затоа од другите два шешири доаѓаат добро познати имиња, клубови против кои некогаш не само што беше рамноправен туку и ги победуваше. Сега тие се во улога на големи фаворити.

Од првиот доаѓаат двата руски тима, Звезда и Лада Тољати. Првиот во улога на бранител на титулата, вториот како сопствениот на шампионскиот пехар во Русија. Данскиот Виборг, веројатно најскапиот тим во моментов и добропознатиот Хипо од Виена.

Ништо подобро не доаѓа ниту од вториот шешир. Крим Меркатор, тим кој се наоѓа во слична надолна линија, како и Кометал е единствениот посакуван противник. Ѓер е секоја година с$ посилен, Ларвик никогаш и не бил слаб, а релативна енигма е Елда од Шпанија. Но, добро е познато дека на Кометал не му оди против шпански екипи, па така Крим останува единствена добра опција.

Вистинки пекол ги очекува екипите кои ќе треба да го пополнат четвртиот шешир. Многу некогаш силни екипи сега ќе мораат низ квалификациско сито.

Икаст, Дунафер, Мотор, Подравка, Мец се само дел од екипите кои ќе чекаат разврска од претквалификациите, за по тоа да ги добијат своите противници во вториот квалификациски циклус. Овој систем се игра втора сезона по ред. Се организираат претквалификациски групи, а победниците одат во второто квалификациско коло.

Се игра турнирски, а домаќините главно доаѓаат од шеширот со носители. Годинава во најповолна позиција да ги организираат групите се Икаст, Дунафер, Целје и Иткаксо Естела од Шпанија.

Ждрепката во која Кометал ќе ги добие своите противници ќе се одржи заедно со ждрепката за машката Лига на шампиони, на 4 јули во Гетеборг, како збогатување на најголемиот турнир во млади категории, Партиле Куп кој Швеѓаните го организираат секоја година.


ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2008/09

1. Шешир

Звезда Звенигород Русија

Виборг Данска

Лада Тољати Русија

Хипо Австрија

2. Шешир

Ѓер Унгарија

Крим М. Словенија

Елда Престиго Шпанија

Ларвик Норвешка

3. Шешир

Кометал Ѓ. П. Македонија

Нирнберг Германија

Олчим Влчеа Романија

Будуќност Ц. Гора

Квалификации:

1. Шешир:

Икаст Данска

Дунафер Унгарија

Целје Словенија

Естела И. Шпанија

2. Шешир

Бјасен Норвешка

Лајпциг Германија

Рулментул Романија

Подравка Хрватска

3. Шешир

Стјарнан Исланд

Мотор Украина

Љублин Полска

Мец Франција

Претквалификации:

Братислава Словачка

Патрас Грција

Мили Пјанго Турција

Мадеира Португалија

Наиса Ниш Србија

Сасари Италија

Амстердам Холандија

Брул Швајцарија



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 18.Јуни.2008 во 17:06

ДЕЛ ОД ЧЛЕНОВИТЕ НА СЕНИОРСКАТА МАШКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА ВЧЕРА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ГОВОРЕА ЗА ПЛАСМАНОТ НА СП

Постот заврши, време е за добри резултати

Машката сениорска селекција во јануари следната година ќе игра на СП во Хрватска, а уште отсега се најавува дека овие ракометари ќе имаат што да кажат и на тој шампионат.

По десет години Македонија повторно ќе биде во друштво со најдобрите репрезентации од светот. Македонија е на Мундијалот заедно со уште 23 други селекции, но самиот факт што во баражот беше совладан составот на Исланд ја зголемува тежината бидејќи тоа е репрезентација која на последните големи настани редовно се бореше за највисок пласман. Воедно оваа селекција ќе игра и на Олимписките игри во Пекинг.

"Премногу долго бевме оспорувани и сите сметаа дека баражот е максимумот на оваа генерација. Направивме с$ што е во наша можност за да докажеме дека сите коишто не веруваа во нас грешат и покажавме дека имаме квалитет за да минеме понатаму. Сметам дека ова не е нашиот лимит бидејќи и на СП ќе имаме што да кажеме", рече организаторот на играта, Наум Мојсоски на вчерашниот прес во РФМ.

На оваа средба со новинарите ракометарите имаше со што да се пофалат и да говорат за направеното бидејќи тоа е оправдано. Резултатот говори за себе бидејќи овој пласман на СП е голем резултат, нешто што не успеале да сторат неколку претходни генерации од 1999 година наваму.

"Многумина премногу долго ме оспоруваа. Зборуваа за мене дека ќе ги сменам боите и ќе играм за Хрватска. И можам сега јавно да кажам дека ќе играм во Хрватска, ама на Светското првенство и во дресот на Македонија. Мислам дека ова е најдобар доказ колку е голем нашиот квалитет и гарантирам дека овој тим ќе остане заедно 6-7 години и ќе води главен збор на првенствата на коишто ќе настапува. Никогаш не било важно дали во еден тим има 6 или 7 добри индивидуалци, ниту тоа дали на клупата седи некој тренер од светска класа. Секако дека тоа е потребно, но не е задолжително. Во еден тим е најважен тимскиот дух и другарството, а ние тоа го сторивме овој пат. Докажавме дека можеме заедно да се издигнеме над сите проблеми и докажавме дека знаеме како треба да стигнеме до резултат. Другарството и меѓусебната поддршка беа најголеми и тоа н$ донесе до она што многу го посакувавме", коментираше Кире Лазаров.

А, патот кон Светското првенство почна уште во јануари.

"Почнавме со големи проблеми и недоразбирања. Сепак, не е момент сега да зборуваме за тоа бидејќи кој постојано се навраќа на минатото тој не верува во она што ќе се случува во иднината. Затоа ние одиме направен кон она што н$ очекува".

Меѓутоа, никако не може да се заборават игрите во последните неколку недели кога беа совладани неколку големи селекции. Македонија е доктор за "олимпијците". Прво во Скопје падна Бразил во групата од "Трофејот Македонија". Потоа во Велес во финалето на истиот турнир се најде лекот и за Египет. На крајот на списокот беше додаден и Исланд. Три селекции кои ќе го видат Пекинг ова лето, но последната нема да може да игра на Мундијалот во Хрватска бидејќи во следниот јануари токму Македонија ќе биде дел од овој голем настан.

"Сите овие резултати влијаеја позитивно на нас и ни дадоа можност добро да се подготвиме. Јас не знам дали има друга селекција која би си дозволила два силни турнири во подготвителен период за бараж. Ние тоа го сторивме и победивме на двата иако резултатот не ни беше важен туку играта. Меѓутоа најважно е како одиграме со Исланд. Јас на реваншот верував во пласман. Кога се интонираше химната почувствував во мене дека можеме. Пеевме сите заедно и си реков можеме и одиме до крај. Кога тие поради наши грешки во финишот дојдоа до седум разлика ми се вртеа многу мисли низ главата. Го видов семафорот и си велев дали е можно повторно да ни случи ова. Сепак, ја преземав одговорноста и фала му на Господ што ми помогна да успеам. Фала им и на колегите бидејќи никогаш досега не сум имал ваква поддршка од нив", заврши капитенот Кире Лазаров.

И откако ќе се направи ваков успех сите грешки направени на средбите се забораваат. Сето тоа оди во заборав. Одат во заборав загубените топки, нереализираните удари бидејќи пласманот на СП е пред с$, а тоа во оваа ситуација Македонија го доби благодарение на своите херои кои има зошто да бидат славени и спомнувани постојано на сите страни. Македонија го прекина постот и по десет години е одново учесник на едно големо натпреварување.



Португалија ни носи среќа

Иако има поминато дури пет месеци од средбите против Португалија, сепак, една работа заслужува токму сега да се спомене. Оваа селекција е длабоко врежана во историјата на македонската машка репрезентација.

Секогаш кога сме ги имале за противници Португалците, секогаш сме завршувале на големите натпреварувања. Игравме во 1997, а потоа следната година игравме на ЕП во Италија. Повторно ни беа противник во квалификациската група и за СП во Египет, па во 1999 година бевме на Мундијалот. Оттогаш ждрепката ги одбегнуваше од нас. Н$ посака лани кога ни ги донесе за противник во квалификациската група. Ги минавме третпат и за вистинско чудо третпат завршивме на големите натпреварувања. Португалија секогаш ни носи среќа.


-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 18.Јуни.2008 во 17:07
БОРКО РИСТОВСКИ

Заслужено на СП

"Машкиот ракомет одамна нема доживеано вакво нешто. Се обидовме да дадеме 100% од нас на средбите со Исланд и во најдобро светло да ја претставиме нашата држава. Ова беше една од потешките средби како лично за мене така и за целата репрезентација. Се држевме цели 50 минути, а од 52. минута до крајот направивме неколку грешки во нападот, кои противникот знаеше како да ги казни. Сепак, сметам дека откако с$ ќе се собере, Македонија заслужено се пласираше на Светското првенство бидејќи успеа да елиминира една силна екипа како што е Исланд. Ова е преголем успех и за ракометот во нашата земја, но и воопшто за спортот во Македонија".

РАДЕ СТОЈАНОВИЌ

Резултатите допрва следуваат

"Мислам дека заслужено дојдовме до победата во баражот против Исланд. Она што се договоривме пред средбите и го изигравме. Покажавме дека оваа репрезентација вреди и има квалитет. Допрва н$ очекуваат големи успеси. Со право сме оптимисти дека можеме да направиме уште повеќе на Светското првенство во Хрватска".

НАУМ МОЈСОСКИ

Докажавме дека вредиме

"Презадоволни сме од нашата игра. На некои скептици успеавме да им докажеме дека за ова генерација ова бил максимумот. Докажавме дека тоа не е така, дека можеме да играме, а ќе го направиме тоа уште повеќе на Светското првенство. Не само да сме таму туку мислам дека можеме да го направиме тоа да бидеме и меѓу првите шест. Во Исланд покажавме дека Македонија не игра добро само дома туку знае да игра и во гости".

ИЛИЈА ТЕМЕЛКОВСКИ

Историски резултат

"Ова е историски успех за Македонија. Кога се нафатив да работа како селектор на оваа селекција многумина се сомневаа во мојата одлука бидејќи некои ме сметаа за преамбициозен, а некои можеби и за 'будала'. Сепак, јас ги познавам добро ракометарите и верував во нивниот квалитет. Иако Исланд беше фаворит пред средбата ние верувавме во нашиот квалитет. Исланд дојде на првиот меч пресамоуверено по пласманот на ОИ и во облаци. Ние ги спуштивме, а тие рекоа дека на реваншот ќе биде поинаку. Меѓутоа, овде не се работи за квалитетот на Исланд туку за нашиот квалитет бидејќи покажавме како треба да се стигне до добар резултат и успеавме да го оствариме она што го посакувавме".

ВАНЧО ДИМОВСКИ

Се како што посакувавме

"Направивме голема работа. Можевме овие неколку денови по вториот дуел со Исланд да седиме затворени дома и да не креваме телефони, но и да не сакаме да ги читаме весниците. Но ние направивме токму како што посакувавме и успеавме. Дојдовме до добар резултат и сега е сосема поинаку. Чекавме можеби предолго, но важно е што успеавме и стигнавме по толку години пост да се најдеме на првенството".

СТЕВЧЕ АЛУШЕВСКИ

Резултат рамен на медал

"Ова е круна на оваа генерација бидејќи успеа да го стори она што не успеа ниту една генерација по откажувањето на Пепи Манасков. Јас сум последниот Мохиканец во оваа селекција, кој ги поврзува сите минати. Конечно успеавме да го направиме и тој чекор кој доаѓа како круна на оваа репрезентација. Елиминиравме една селекција од типот на Исланд која знаеме што значи во светски рамки. Затоа за мене ова е голем успех рамен можеби и на медал. По оваа победа мислам дека сите во македонскиот тим се свесни дека поседуваат квалитет дури и да се бориме за медал на СП во Хрватска, а се надевам дека ќе можам да помогнам и во јануари на Мундијалот".

ЗВОНКО ШУНДОВСКИ

Мора да ја негуваме оваа генерација

"Одигравме два прекрасни натпревари. На првиот дуел во Скопје ги надигравме целосно. На вториот меч бевме рамноправен противник с$ до пред крајот кога попушти концентрацијата, но на крајот можеме да бидеме задоволни бидејќи ја остваривме целта и се пласиравме на Светското првенство.Факт е дека имаме една прекрасна генерација која мораме да ја негуваме. Мораме да вложуваме во неа и да играме многу вакви средби. Јас сум убеден дека и на СП нема да бидеме само учесници туку ќе постигнеме добар резултат за да може сите да се гордеат со нас".

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 18.Јуни.2008 во 17:07
ЛЕНЧЕ АЛЕКСОВСКА (ПСИХОЛОГ)

Чест ми е да работам со вакви момци

"Резултатот кој го постигнавме зборува сам по себе. По десет години одиме на Светско првенство. За тоа најмногу заслужни се секако играчите кои успеаја да се надминат себеси и да ги покажат своите индивидуални квалитети. Успеаја да изградат тим бидејќи тимот победува. Веруваа во себе и веруваа во тимот. Веруваа и во успех. Мислам дека тоа го покажаа и во Скопје и во Исланд.

Секако дека победата беше императив, но не по секоја цена. Мораше да останат со ладна глава и со чисти мисли. Да се борат 60 минути. Тоа го знаеја добро и го изработија. Имавме ментални тренинзи, но и визуелизации од психолошки аспект во однос на натпреварот. Тие се одлични момци и ми беше голема чест и задоволство да работам со една ваква репрезентација бидејќи патриотското чувство кога играш пред 6000 публика во Скопје, но и во Исланд кога два милиони те гледаат тие се покажаа во најдобро светло. Играа за себе, но и за тимот. Играа за Македонија".

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 18.Јуни.2008 во 17:08

РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИТЕ ВЧЕРА ВО ЦЕНТАРОТ НА ВНИМАНИЕТО

30.000 евра награда од УО

Машката сениорска селекција и два дена по остварувањето на големиот успех беше во центарот на вниманието. Вчера репрезентативците беа примени во МОК од страна на претседателот Васил Тупурковски, а потоа беа и на средба со членовите на УО на РФМ. На оваа средба беше соопштена и наградата која ќе ја добијат за пласманот, па ракометарите ќе добијат вкупно 30.000 евра за остварениот пласман на Светското првенство.

Покрај оваа награда тие имаат ветено уште 20.000 евра од Агенцијата за млади и спорт, така што добиваат една солидна сума за оствареното. Сепак, од она што можеше да се види наградата е во втор план бидејќи во прв план беше бранењето на дресот со националниот грб и тоа беше остварено на вистински начин. Се играше со срце и тоа беше потврдено на најдобриот можен начин, со пласман на Мундијалот.

На средбата со Костовски му беше врачен дрес за спомен од оваа селекција за оствареното.

"Сакам и понатаму да продолжиме вака заедно да чекориме кон успехот. Потврдивме дека тимот ни е на прво место. Сите бевте едно и направивте одличен резултат, а во иднина сакам да продолжиме во ист стил и да бележиме одлични резултати бидејќи ова е одлична генерација", рече Костовски при вчерашното обраќање кон ракометарите честитајќи им го големиот успех.


На Олимпијада во 2012 година

На вчерашниот прием во МОК Кире Лазаров даде интересна изјава во име на сите ракометари.

"За Пекинг не успеавме, но сега се враќаме на големите натпреварувања, па тоа е и шанса за нови добри резултати. Воедно тоа е шанса и за место на ОИ или во квалификациите за Олимпијадата, па можам да кажам дека ќе имате шанса да н$ видите на Олимписките игри во Лондон во 2012 година", рече Лазаров.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 18.Јуни.2008 во 18:45
Во Хрватска Кире ќе игра за Македонија

Репрезентативците на Македонија и стручниот штаб, вчера имаа прием во Ракометната федерација на Македонија и во МОК, каде примија бројни честитки. Беше нагласено дека успехот е голем, но тука не треба да се застане.

Капитенот на нашата репрезентација, Кире Лазаров појасни една работа:
- Долго време бев оспоруван и се зборуваше дека ќе го сменам дресот бидејќи имам и хрватско државјанство. Лазаров ќе игра на СП во Хрватска, но за Македонија - беше дециден Кире.


-------------



Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 19.Јуни.2008 во 16:59
МАШКАТА СЕНИОРСКА СЕЛЕКЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА И НАТАМУ ВО ЦЕНТАРОТ НА ВНИМАНИЕТО ВО СПОРТСКАТА ЈАВНОСТ

Славењето трае, следува ждрепката

Сениорите се уште се главна тема во спортската јавност во земјава и сите погледи се свртени кон нашите најдобри ракометари кои в сабота ќе ги дознаат противниците за Мундијалот.

Неколку дена по големиот успех и победата над Исланд по која се пласиравме на Светското првенство во Хрватска, Македонија не престанува да зборува за големиот момент и да ги слави своите херои. Приеми од сите страни, многу честитки, пофалби... Едноставно во последните денови секој се чувствува горд затоа што е Македонец.

И повторно спортот го обедини овој народ. Уште еднаш тоа е ракометот. Македонија покажа дека знае како да се радува на големите резултати. Македонија знае како треба да ги слави оние коишто со срце играат на теренот од првата до последната минута. Од првиот до последниот заслужија пофалби, заслужија честитки од сите страни.

Деновиве сите зборуваат само за победата над Исланд и пласманот на Светското првенство. Така ќе биде сигурно уште долго бидејќи дури десет години го чекавме денот кој се случи на 15 јуни. Го чекавме моментот кога нашите репрезентативци ќе се симнат од авионот и голем број фанови ќе ги дочекаат со голем аплауз.

И се случи тоа. Сите заедно покажавме дека знаеме како да се радуваме. Знаеме како да го прославиме секој убав момент. Така било секогаш кога се случувало нешто големо во оваа земја, а така почна и оваа прослава од неделата по мечот со Исланд. Се работеше само за бараж, но како што го кажа тоа најискусниот во репрезентацијата, единствениот ракометар кој игра во националниот состав уште од првата средба на самостојна Македонија, Стевче Алушевски, овој резултат е рамен на освоен медал од некое големо натпреварување.

За кусо време паднаа дури три учесника на Олимписките игри. Бразил, Египет, Исланд... список на земји коишто летово ќе бидат дел од натпреварите во Пекинг и секако факти коишто значат многу пред с$ во поглед на остварениот резултат. Нашите ракометари се свесни за она што го направија бидејќи покажаа дека сите оние коишто многупати досега немаа доверба во нив сега можат само да им подадат рака и да им честитаат.

Можеби чекавме долго на оваа генерација да созрее и да стигне до местото коешто секако & припаѓа, а тоа е секако учество на големите натпреварувања. Сепак, најважно е да се успее во она за коешто се мечтае, во она за коешто постојано се вложува и се работи секојдневно.

Денес сите велат дека знаеле дека Македонија ќе се пласира на првенството. Тоа е добро бидејќи секоја поддршка е значајна. Важно е да се биде со нашите репрезентативци иако до пред само неколку денови повеќе се сомневаа дека овие ракометари можат да го минат Исланд. Сега и тие песимисти со поинаков поглед ќе ги следат настапите на македонската сениорска селекција бидејќи веќе никој не говори дека ние не можеме туку сега сите ќе зборуваат дека Македонија има квалитет и има сили да им парира и на оние најдобрите коишто се со највисок ранкинг.

Но, не можеме долго да живееме со славењето на резултатите. Ќе се навраќаме секогаш во минатото и ќе ги спомнуваме сите големи моменти. Меѓутоа мораме да одиме напред.

"Оној кој постојано се навраќа во минатото, тој не верува во иднината", рече во една своја изјава капитенот Кире Лазаров.

И сосема е во право. Секој голем успех не крева с$ повисоко и повисоко. Меѓутоа, мораме да мислиме на она што претстои и добро да се подготвиме за настаните кои ќе следуваат.

Ние постојано во нашата репрезентација имаме одлични ракометари, но недостигаше само едно, а тоа е пласман на завршницата. Сега го сторивме и тоа, а веќе в сабота ќе се одржи ждрепката, па ќе се дознаат петте противници против коишто ќе играме во првата фаза на Мундијалот.

Македонија е во ист шешир со Шпанија, Словачка и Египет, што значи дека овие противници сигурно ги избегнуваме. Оваа генерација има сериозна задача, а тоа е да успее да го надмине она 18. место коешто во 1999 година беше остварено на првенството во Египет.

ПЛАСМАНОТ НА СП МНОГУ ГО КРЕНА НАШИОТ РЕЈТИНГ

Две понуди за контролни средби

Македонската репрезентација станува интересна за спарингување со многу други селекции и одигрување контролни средби. Веќе пристигнаа две покани за контроли, што ќе бидат секако добредојдени во периодот кога ќе се подготвуваме за учеството на Светското првенство.

Првата е од Австрија за крајот на октомври. Засега се работи за двомеч со оваа селекција, но с$ уште е рано за прецизирање, па постои можност и за организација на турнир со учество на уште две селекции.

Во Франција дефинитивно се работи за турнир. Би требало да се одржи на почетокот на јануари следната година меѓу новогодишните и божиќните празници. Она што е сигурно дека турнирот би бил со најмалку четири тима, но во опција се и шест селекции. Што и како ќе се случува, ќе се знае во следниот период. Голема е веројатноста дека ќе има и други понуди бидејќи сега на машката сениорска селекција на Македонија се гледа сосема поинаку.

ГОРАН ЃОРГОНОСКИ

Почит кон знамето, химната и тимот или надвор!

"Јас уште по првиот натпревар овде постојано мислев само на една работа: Да ја оправдаме на Исланд играта од Скопје, да го одбраниме резултатот по секоја цена. Ако таму загубевме, с$ ќе се сведеше на случајност, на нивно потценување, на судии и не знам што.

Одигравме многу стабилно и зрело во Рејкјавик и што е многу важно и што е ако можам да кажам новитет во играњето, неколкупати се враќавме од минус четири гола.

Мислам дека секој за првпат се почувствува навистина важен и горд што е во репрезентацијата. Сега мислите ми се насочени кон Хрватска. И ние и сојузот преземавме голема обрврска кон овој народ, кој се надеваме го направивме горд за момент.

Тоа што се случи за време на интонирањето на химната, пеењето на цел глас и подигањето на целата национална свест е тоа што и требаше на оваа репрезентација. Отсега па натаму, секој играч кој ќе се приклучи ќе добие привилегија да игра во репрезентацијата ќе мора да се однесува кон знамето, химната и тимот како што доликува. Во спротивно, ќе биде исфрлен како 'страно' тело!

Друга работа е што Исланд беше простудиран до најситни детали, секој, буквално секој знаеше што му е задачата на теренот. Сега доаѓаат квалификациите за ЕП и нормално, светското првенство. Доаѓаат многу брзо, затоа треба ова да го заборавиме што побрзо и да се фатиме за работа. Треба да се обезбедат максимални услови за подготовки и с$ што ќе треба", изјави Горан Ѓоргоноски.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 19.Јуни.2008 во 17:00

ЈУНИОРКИТЕ ВО ОДЛИЧНИ УСЛОВИ СЕ ПОДГОТВУВААТ ВО НЕГОРСКИ БАЊИ

Договорени три контроли

Женската јуниорска репрезентација на Македонија ги одработува тренинзите од подготовките за Светското првенство на југот на земјата, каде што има одлични услови за работа. Негорски бањи е базата на првата недела од главните подготовки бидејќи тренинзите траат повеќе од еден месец.

"Секој ден од понеделникот работиме по двапати во денот. Како што планиравме така и се одвиваат сите настани. Наутро работиме на подобрување на физичката подготвеност кај ракометарките и тоа засега оди во одлично темпо. Во вечерниот термин веќе се работи со топка, но и на воигрување на одбраната која сметаме дека ќе ни биде клучот на нашиот успех на Светското првенство. Девојките работат одлично и го почитуваат сето она што се бара од нив. Ги одработуваат задачите, така што засега с$ оди според планот", вели селекторот на јуниорската селекција, Новко Георгиевски.

Засега с$ оди според планот, а тренинзите во Негорски бањи ќе траат до недела.

"Здравствениот билтен е одличен. Сите ракометарки се подготвени и работат без проблеми, што секако е позитивно за нас. Веќе се подготвуваме и за првите контролни средби. Договоривме три натпревари против тимот на Роман од Романија кои ќе ги одиграме на почетокот на следниот месец. Договорено е на 4 и 6 јули да спарингуваме во Виница, додека на 10 јули ќе биде одигран уште еден дуел во Скопје", заврши Георгиевски.

За условите за работа во овој период од подготовките се надоврза и тренерот на репрезентацијата, Крсто Петрушевски, кој веќе има искуство од едно Светско првенство.

"Во Негорски бањи имаме услови какви што посакувавме пред да дојдеме. С$ што ни е потребно овде ни е на располагање, почнувајќи од сместувањето, па до терените за извршување на тренинзите. Засега с$ оди според планот и одиме во вистинска насока", коментираше Петрушевски.

Јуниорките остануваат во ова место до крајот на неделава, а во понеделник и вторник треба да имаат два слободни дена. Потоа неколку дена треба да се тренира во Скопје пред да заминат за Виница каде што ќе ја имаат и првата проверка.



Хрватска и Бразил почнуваат со работа

Селекциите на Хрватска и на Бразил кои се меѓу противниците на Македонија во првиот круг од Светското првенство ги објавија составите на ракометарките за кои сметаат на Мундијалот. Хрватска прозивката ќе ја изврши в недела кога ќе биде и стартот на подготовките пред учеството на Светското првенство. Во тимот има вкупно 18 ракометарки на коишто се смета во овој период, а ракометарките доаѓаат главно од тимовите кои се во средината на табелата од ланската сезона на хрватскиот шампионат.

Што се однесува до Бразилките, тие веќе почнаа со тренинзи, а во тимот има ракометарки коишто играат во домашниот шампионат & се непознати за нашата јавност.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 19.Јуни.2008 во 17:00





МАКЕДОНСКИТЕ КЛУБОВИ НЕМААТ ЕВРОПСКИ АМБИЦИИ

МРК Вардар во Челенџ куп!

Кога нема кој во Европа може и довчера прволигаш! Кризата која владее во македонските машки ракометни екипи го направи возможно и невозможното.

За првпат на европска сцена ќе игра екипа која сезоната ја минала во понизок ранг на натпреварување. МРК Вардар ја искористи финансиската и секаква друга криза во екипите кои играа во шампионатот и се пријави за учество во Европа.

Со оглед на тоа дека само две екипи се имаа пријавено до тој момент, РФМ го пријави МРК Вардар за учесник во Челенџ купот. Така младите вардарови играчи ќе добијат шанса во првата година како повратници во Супер-лигата да играат и европска сезона, што, секако, ќе биде од големо значење за нив, посебно ако успеат и да отидат некој чекор подалеку.

Другите два клуба кои се пријавени за Европа се Металург, кој ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите, и Вардар Про, кој се одлучи да игра во КПК.

Пелистер, Преспа, Младост, Т. Пролет, В. В. Тиквеш имаа шанса да играат во Челенџ купот или Купот на ЕХФ, но ниту една од нив не сакаше да се натпреварува во Европа сезонава. Тоа сигурно ќе се одрази на рејтингот на македонските клубови во Европа, ќе имаме коефициент "0" во Купот на ЕХФ и во Челенџ купот каде место два ќе имаме само еден претставник. И по две сезони (во наредните 3 години), овие нули ќе се бројат во вкупниот ранкинг. Тоа значи противник кој ќе има улога на носител!

Ниту во женскиот дел од учесниците бројот не е комплетиран. И овде како и во машка конк*ренција, имаше можност прволигаш да игра во Европа. Но, Металург Скопје не се пријави за настап во КПК, па Македонија во овој куп нема да има претставник.

Нема да има затоа што Кометал Ѓ. П. ќе игра во Лигата на шампионите, а Кале Кичево, кој е финалист, го одбра Купот на ЕХФ место КПК.

Можност да играат во КПК имаа полуфиналистите на Купот, Металург Скопје и Вардар Осигурување. Металург не се пријави воопшто, а Вардар не сакаше да игра во КПК туку одбра да игра во Челенџ Купот.

Од ваквата распределба на местата загуби екипата на Фон Универзитет, која иако сакаше за неа немаше место во Европа без оглед што едно место останува непополнето.

Во Челенџ купот, покрај Вардар О. ќе игра и екипата на Кабран Амбалажа. Така списокот на учесници изгледа вака: Кометал (Лига на шампиони), Кале Кичево (ЕХФ), Кабран Амбалажа, Вардар Осиг. (Челенџ Куп).

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 19.Јуни.2008 во 17:01

КЛУБОВИТЕ ОДНОВО НА СЦЕНА, МЕТАЛУРГ ПОЧНА ДА СЕ ЕКИПИРА

Живковиќ потпиша, Макалоски во Вардар

Клупскиот ракомет одново се враќа на сцената по крајот на квалификациските бараж натпревари на репрезентативно ниво.

Во Македонија и во овој период тоа што вреди да се спомене е врзано со имињата на Металург и Вардар.

"Црвено-црните" веќе ги отворија картите и објавија неколку имиња кои би требале да бидат дел од нивниот тим следната сезна.

Металург досега го немаше. Целото раководство на клубот беше подредено на активностите на репрезентацијата, па така се остана во втор план. Не дека не беа активни периодов, но конкретно ништо не беше реализирано заради споменатите активности.

Бобан Живковиќ потпиша нов договор со Металург. Тоа е еден од последните играчи од ланскиот тим кои остануваат во екипата. Последното име со кое уште се чека разврска е Филип Шчепановиќ.

Гоце Макалоски заминува, тоа е дефинитивно, и тоа оди во екипата на Вардар Про. Фактички, Вардар и Металург ги заменуваат крилата, затоа што во спротивен правец се сели Владо Недановски.

Но, тоа се вести кои веќе долго време се најавуваат и повеќе-помалку се познати.

Условно кажно ново од таборот на Металург се контактите и како што неофицијално се дознава големите шанси да се постигне договор со двајца репрезентативци на Египет.

Се споменуваат уште една дузина имиња кои важат како потенцијални засилувања за македонскиот првак, главно играчи од бившите ју-простори и Романија. Но, првата опција за Металург, сепак, се ракометарите од Египет. Сеедно, ситуацијата во овој клуб ќе треба многу брзо да се решава. Трансфер маркетот со квалитетни играчи брзо се затвора, а Лигата на шампионите и не е така далеку.

За потсетување, Металург ќе мора да одигра едно квалификациско коло за пласман во Лигата на шампионите. На 1 јули е ждрепката, а можни противници на македонскиот шампион се Бенфика (Португалија), Ц. Звезда (Србија), Каунас (Литванија), Сашја (Белгија), Дуделанж (Луксембург), Кипрус (Кипрар) и Полва Сервити (Естонија).

Втората ждрепка, таа која ќе ги одреди вистинските противници во Лигата на шампионите, ќе биде извршена 4 дена подоцна во Гетеборг.



"ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ" АНГАЖИРАА ЛЕВ БЕК

Кукрика, ново засилување

Анте Кукрика, лев бек од Хрватска, е новото засилување за екипата на Вардар Про.

Поранешниот играч на Метковиќ од Хрватска и Алпи Прато од Италија, минатата сезона ја одигра во Тунис, а сега кариерата ја продолжува во "црвено-црно".

Со овој, а доколку се реализираат и претходно најавените трансфери, тогаш на Вардар ќе му остане уште голманската позиција. Неофицијално, Петар Ангелов е едно од имињата кои се наоѓаат на листата на желби на Вардар, но засега не е ништо конкретно договорено.

Ѓукиќ заврши со Швајцарија!

Поранешниот македонски селектор, Драган Ѓукиќ, по 31 јули ќе го напушти кормилото на репрезентацијата на Швајцарија.

Ѓукиќ одработе две години со подмладениот швајцарски тим, со кого ја имаше несреќата да мора да игра со светскиот вицепрвак Полска во бараж квалификациите.

Договорот завршува на крајот на јули, нема да биде продолжен.

"Да, можам да потврдам дека по 31 јули нема да бидам селектор на Швајцарија", изјави Ѓукиќ.

Ѓукиќ е поврзувам со неколку екипи и неколку репрезентации во моментов. Најзвучно име во моментов е Портланд Сан Антонио, иако Ѓукиќ демантираше дека има таква опција.

Брегенц, Касарано, Бенфика се една од можните дестинации. Сеедно, многу брзо ќе се знае во кој правец ќе се одвива кариерата на поранешниот македонски селектор.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 20.Јуни.2008 во 17:59
НА ЕДЕН ДЕН ДО ЖДРЕПКАТА ЗА СП, СЕЛЕКТОРОТ ИЛИЈА ТЕМЕЛКОВСКИ ЗБОРУВА ЗА ПОСАКУВАНАТА ГРУПА

Да се избегнат Русија и Србија

По неколкуте фуриозни денови вчера членовите на машката сениорска репрезентација имаа можност за мал одмор иако с$ уште не стивнуваат реакциите, а веќе се размислува и за ждрепката.

Утре, во Загреб, според информациите, на плоштадот "Бан Јелачиќ" ќе биде направена ждрепката со која ќе се одредат четирите групи за првиот круг на Светското првенство кое следната година во јануари ќе се одржи во Хрватска.

"Ако имаме малку среќа при ждрепката можеме да се надеваме на добар резултат на Светското првенство. Од првите два шешира не можеме многу да бираме и јасно е дека имаме силна селекција за противник. Сепак, од другите две е многу важно да ги избегнеме Русија и Србија бидејќи против другите можеме да се надеваме на позитивен резултат", вели селекторот Илија Темелковски.

На ден до ждрепката Темелковски коментираше за секој од шеширите посебно.

"Која репрезентација и да биде од првиот шешир немаме голем избор бидејќи сосема е јасно што значат Хрватска, Франција, Данска и Германија во светскиот ракомет. Што се однесува до вториот, тука веќе сметам дека скандинавската школа би ни одговарала повеќе. Затоа ги посакувам Шведска или Норвешка и според мене тие ќе бидат добра ждрепка", вели Темелковски.

Откако го совладавме Исланд добивме шанса да се најдеме во третиот шешир, каде се наоѓаат уште две селекции кои имаат богата традиција зад себе и се редовни учесници на Светските првенства, Шпанија и Египет.

"Самото тоа што се најдовме заедно со овие две селекции во ист шешир доволно говори за тоа што направивме во баражот. Ова е голем резултат бидејќи самиот факт што сме во ист шешир со Шпанија и Египет доволно говори дека имаме добра позиција пред ждрепката".

Сепак, има квалитетни репрезентации и во шеширите коишто се послаби од оној во кој се наоѓа Македонија, така што нема да биде воопшто лесно на првенството.

"Најважно е да ги избегнеме Русија и Србија. Сепак, нема стравување од никого. Кога можеше Црна Гора да излече реми со нив на минатото ЕП, тогаш зошто не би можеле и ние да направиме уште поголемо изненадување. Сепак, би било добро оваа селекција да се избегне од четвртиот шешир. Истото важи и за Србија од петтиот, додека шестиот е со далеку послаби селекции и тука која селекција и да биде ние сме во предност".

Во моментов, сепак, сето ова се само желби и главното ќе биде дури утре откако ќе се изврши ждрепката. Потоа ќе се почне со собирањето на информации и со подготовките за првенството. Сепак, пред тоа ќе играме и квалификации за ЕП 2010, така што машката сениорска селекција сега ќе биде со далеку понатрупан распоред отколку што беше тоа порано.

"Јас подготвувам план за следните две години. Акцентот ќе биде ставен на Светското првенство, но паралелно со квалификациите за Европскиот шампионат во 2010 година. Во следниот период секако постепено шанса ќе добиваат и младите за да се обидат да се изборат за место во најсилниот состав, но главно костурот на селекцијата веќе го имаме и продолжуваме во ист стил како што беше тоа случај и во последните неколку месеци", заврши Темелковски.

РАНГИРАЊЕ ПРЕД ЖДРЕПКА

ШЕШИР 1: Германија, Данска, Хрватска, Франција

ШЕШИР 2: Шведска, Норвешка, Полска, Унгарија

ШЕШИР 3: Шпанија, Словачка, Египет, Македонија

ШЕШИР 4: Романија, Русија, Кореја, Пан Америка 1

ШЕШИР 5: Србија, Тунис, Кувајт, Пан Америка 2

ШЕШИР 6: Алжир, Пан Америка 3, Саудиска Арабија, Австралија



-------------



Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 20.Јуни.2008 во 18:01

Сакаме и можеме и на ЕП!

Репрезентативната еуфорија полека стивнува, а актуелностите полека ги потиснуваат старите спортски настани.

Репрезентацијата е на одмор, клубовите се на пауза, но за тие кои ќе треба наскоро одново да ја преземат диригентската палка, нема многу простор за релаксација.

Директорот на репрезентацијата, Ристо Чокрев, уште и претседател на Металург, е една од личностите кои ќе бидат на огнената линија мошне брзо. Металург, предводен од членот на УО, Минчо Јорданов, ја презеде одговорноста кај сениорите и уште "честно" невлезени во сите сфери на репрезентацијата имаа можност да се радуваат на еден од најголемите успеси и да застанат пред еден од најголемите предизвици.

"Ние немавме волшебно стапче со кое ќе ја однесевме репрезентацијата на мундијалот. Да бидам искрен имавме и малку поинакви планови околу изгледот на целиот тим. Најголемата заслуга ја имаат самите играчи. Ние едноставно го почувствуваме моментот, сфативме дека и нив им е дојдено преку глава од неуспешни баражи и оспорувања на нивниот квалитет и решивме дека за дуелите со Исланд најпаметно е да се прилагодиме и да им излеземе во пресрет колку што ќе можеме, со оглед на краткото време. Се покажа како успешен рецепт и сега нема никаква смисла да менуваме нешто што се покажа дека функционира. Но, затоа има многу други работи кои мора да се доведат в ред и ние тоа ќе го сториме. Ќе разговараме со селекторот Темелковски и ќе му понудиме договор. Каков ќе биде ќе прецизираме понатаму. По тоа тој ќе мора, а и ние ќе му помогнеме, да состави програма за подготовки. Веќе има стигнато понуди за контролни натпревари, но за нив ќе разговараме откако ќе видиме каков ќе биде нашиот план. Имаме долгорочни планови со репрезентацијата. Ќе бараме да бидат вклучени повеќе играчи, нормално, селекторот ќе си го прави изборот, но ќе мора да има тука и млади ракометари кои ќе можат да бидат дел од "А" тимот во иднина. Се знае, костурот на тимот ќе бидат сите овие играчи кои изборија пласман на мундијалот", вели директорот на репрезентацијата, Чокрев.

"Сега ќе се ориентираме на два клучни настани кои се однесуваат на репрезентацијата. Прво квалификациските натпревари со Естонија во ноември и по тоа Светското првенство. Значи, ќе направиме прво една краткорочна програма за да ги одработиме овие два настани. По мундијалот, во целост ќе се посветиме на квалификациите за ЕП и ќе направиме стратегија за подолг период. Сакаме и можеме да се пласираме и на ЕП. Главно, ќе се трудиме да направиме тим кој ќе функционира на вистински начин. Секој да си ја работи својата работа. Повторно играчите ќе бидат тие кои ќе ја имаат главната улога. Но, ние ќе сториме с$ за тоа да им биде единственото со што ќе се заморуваат. Ништо нема да се решава во од, с$ мора да биде плански. Ќе направиме обид да ги елиминираме сите импровизации. С$ ќе мора да биде договорено и подготвено за реализација кога тие ќе пристигнат да играат. Сега сме сите горди на тој тим, најмногу тие. Мора да им вратиме за тоа, мора да се чувствуваат горди и подготвени да дадат максимум секој пат и секој миг додека се со репрезентацијата", вели Чокрев.

Македонија, првиот и единствен квалификациски меч годинава ќе го има 27/27 ноември со Естонија во Скопје, три дена подоцна на гости, веројатно во Талин.

Р. Ѓамовски

РЕПРЕЗЕНТАТИВНИОТ ПИКЕР, ПОД НОЖ

Ѓоргоноски опериран

Репрезентативниот пикер Горан Ѓоргоноски вчера беше успешно опериран и наскоро ќе може повторно да тренира.

Ѓоргоноски имаше проблем со коленото, ризикуваше и на настапите на репрезентацијата, а за среќа се заврши како што треба. Веднаш, првиот слободен момент беше искористен за да биде санирана повредата и да може да биде подготвен за стартот на подготовките на Металург кои се планирани за почетокот на август.

 
    Copyright © 2004 Македонски Спорт 2004

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 20.Јуни.2008 во 18:02

БАРАЖ КВАЛИФИКАЦИИТЕ ОД ПЕРОТО НА СЕЛЕКТОРОТ НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА ШВАЈЦАРИЈА

Сјај сонце македонско!

Македонија четврт пат на Исланд, според мене и тоа што го зборував уште од Трондхајм (СП Норвешка), мислев дека во најамала рака има право на надеж. Исланд не е непобедлив и ако СИТЕ, но буквално сите околу тимот се ангажираат повеќе од кога и да е во минатото, шанса постои и реална е!

За "Македонски спорт"
Драган Ѓукиќ
селектор на Швајцарија


Пишував во февруари за "Македонски спорт" од далечната Норвешка. Многумина не веруваа дека е можно, но во спортот само теренот покажува кој е вистински, а кој е од "хартија". Македонија има причини да слави, да се гордее, да верува.. а тоа е најважно. Правото на надеж никој не може да го одземе! Тоа што е најголема победа, покрај пласманот по долги девет години чекање е новиот замаец во овој убав спорт. Долго време ракометот е најдобриот македонски извозен артикл. Факт е дека кога сите ќе застанат зад еден проект успехот е речиси сигурен. Организација (РФМ), војниците за пишан збор (новинарите), публиката во преубавата "Борист Трајковски", клубовите кои за миг ги забораваат сопствените "војни" и играчите. Играчите обединети како никогаш до сега и решени да успеат, постари и попаметни за сите оние "гладни" години. Стручен штаб на челот со "бркатиот" Илија, твордоглаво верувајќи и туркајќи го до крај својот концепт, концепт за успех. Историјата ја пишуваат победниците, а победниците овој пат се сите!

Тим кој го има еден Кире како лидер, не само убоит шутер добро познат на сите најдобри голмани на денешницата туку и како асистент, водач во најтешките моменти. Еден Борко, позади, последната, огромната и често непремостливата пречка за топката да стигне до мрежата, борци какви што се Ванчо, Филип, Мојсо. Искуството на Аљуш, Раде.. Тое е тим кој ќе има што да каже на следната планетарна смотра и од срце се надевам дека ќе сјае со полн сјај и на Јадранот.

Добро одбрани противници, сериозни подготовки и поддршка од сите структури е рецепт кој не смее да се погреши. И јас сум сигурен дека момците во жолто-црвено ќе ги гледаме и во втората фаза од шампионатот. Напишано, да биде и проверено! Посакував следното СП да биде еден нов турнир на Авној затоа што сите екипи на бившата ни татковина имаа шанси да се најдат таму. Но, не беа доволно паметни, подготвени, гладни. Па така "само" три екипи ќе заиграат со своите амбиции.

Баражот е зад нас, времето за славење е тука. Но, и времето за нови европски квалификации доаѓа уште утре. Октомври е блиску, таму чекаат нови искушенија. Таму е скандинавското лоби Норвешка, Естонија и Исланд, желно за одмазда. Се надевам дека лекцијата е научена и дека нема да се враќаме во одделенијата кои веќе ги минавме. Дотогаш, да уживаме во ракометот на Олимписките игри и да ги славиме овие момци, кои се вистински херои на квалификациите.

Србија - Чешка, целосно изедначен двомеч. Решаваа нијанси (повеќе голови во гости) и фактот што реваншот се играше во Ниш. Публиката ги носеше на своите крила играчите и придонесе некои очигледни и од порано познати проблеми во играта на "орлите" да бидат надминати и да одат на големо натпреварување. За некои поголеми амбиции во Хрватска ќе треба подобра организација, нови идеи, сили. Првиот чекор е направен, комплексот Чешка е архивиран, на ред е следниот и момците на Јовица Цветковиќ треба да покажат дали се подготвени да го направат.

Словенија - Словачка. Со елиминацијата на Исланд, едно од најголемите изненадувања. Но, само за површните познавачи на ракометните случувања во Европа. Состојбата во најсилните словенечки клубови (Голд Клуб, Целје), историјата на судирите внатре во сите структури во и околу сојузот, екипи, промена на тренер кој имаше план и (по мене) прилично добро работеше... само се некои од причините кои надлежните во "дежелата" ќе мора добро да ги анализираат ако сакаат да се вратат макар близу до ракометните сили, каде до вчера и тие беа. Лекцијата е скапа, се надевам и научена.

Ц. Гора - Романија. Типична приказна за нашиот менталитет. Пласманот на ЕП и ракометната еуфорија не е искористена за ракометот да се избори за подобра организација. Подобри и сериозни услови и се случи тоа што обично тогаш се случува. Опуштеност, импровизација и "лесно ќе биде", носат до тоа две релативно силни репрезентации (и женската) и некои фантастични играчи (Бојана Поповиќ, Ален Муратовиќ) да не играат во Хрватска и Македонија. Најавите за создавањето на нови ракометни центри (Подгорица, Будва) можеби се најави дека нешто се менува, но нека ни го покаже тоа времето.

БиХ - Унгарија. Втор дел од приказната за "сите нас". Во тој момент кога ќе сфатиме дека и победата, поразот и понекогаш (за жал) и неправдата се дел од спортот и дека ни треба за "толку" да бидеме подобри од ривалот, ќе бидеме подготвени не само да се појавуваме туку (како Хрватска) да бидеме таму каде што се решава и за медалите. Мене лично жал ми е што работата на еден добар тренер, (Демировиќ) и неговите момци (Тахировиќ, Стојановиќ, Торомановиќ) е фрлена под нога.

С$ освен победата на Русија над "браќата" Белоруси или на Шпанија над Грција или Норвешка над Украина или, пак, на Полска над Швајцарија ќе беше повеќе отколку изненадување. Така што, само попатен коментар дека Шпанија без Рутенка и Штербик не е екипа за голем дострел иако се добар тим. Дека моите момци (Швајцарија) на последниот меч на кој ги предводев покажаа одлична 3:2:1, која е за жал се помалку играна, дека со големо срце и контранапади може и еден тим каков што е денеска Полска да остане 13 минути без постигнат гол.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 20.Јуни.2008 во 18:02
Imame golema shansa za da ja pomineme grupata prvite 4 od 6 ekipi odat napred. kako sto rece temelkovski da se izbegnat rusija i srbija i mislam imame mnogu golemi shansi i ako srbite posleden pat gi pobedivme...

-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 22.Јуни.2008 во 00:37
Grupite na SP vo hrvatska...

A: Francija, Ungarija, Slovacka, Romanija, Pan Amerika2, Avstralija

B: Hrvatska, Svedska, Spanija, Juzna Koreja, Kuvajt, Pan Amerika3

C: Germanija, Polska, Makedonija, Rusija, Tunis, Alzir

D: Danska, Norveska, Egipet, Pan Amerika1, Srbija, S.Arabija


Mnogu jaka grupa ni se padna ali mozno e.....Napred Makedonija

-------------



Постирано од: Eli
Датум на внесување: 22.Јуни.2008 во 21:36
Leleee kaj ni se pogodi ovaa grupa..bas tie so ne trebase..Germanija svetski prvak,Rusija jaka,Polska igrase u finaleto so Germanija..edinstvenoto dobro e so prvite natprevari gi igrame so Tunis i Alzir,pa ako gi pobedime mozeme da ideme valjda ponatamu..taka bar ko da cuv deka kazuvase Borko vo edno intervju..


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 23.Јуни.2008 во 23:25

МАКЕДОНИЈА ГИ ДОБИ ПРОТИВНИЦИТЕ ЗА ПРЕЛИМИНАРНАТА РУНДА НА МУНДИЈАЛОТ КОЈ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ВО ХРВАТСКА

Македонија во најсилната група!

Актуелниот светски првак, Германија, актуелниот светски вицепрвак, Полска, африканскиот вицепрвак, Тунис, селекцијата на Алжир и екипата која веројатно никој никогаш не ја сакал за противник - Русија, се противниците на Македонија на 21. Светско првенство во ракомет.

Секоја ждрепка си има свои правила, по секоја од нив еден дел од учесниците завршува со насмевки, другиот со стиснати заби. Во секое натпреварување по правило се издвојува една група. Група која учесниците ја нарекуваат група на "смртта", а другите се задоволни со фактот дека не се таму.

Македонија на своето второ учество на светско првенство влетува директно во групата на "смртта". Тешко дека можеше потешко од оваа група да се падне, иако лесно нема. Место да се гледа на ова како на лоша ждрепка, подобро е да се гледа како на можност да се докаже квалитетот.

Но, за да бидеш "голем" треба да играш и да ги победиш поголемите од себе. Единствено тоа се вреднува на вистински начин. С$ друго е маскирање, затскривање.

Македонски ракометари покажаа дека можат да им парираат на големи и познати. Не само што го елиминираа Исланд, туку со ред имаат победено на последните три натпревари, три учесника на следните Олимписки игри (Бразил, Египет, Исланд).

Во јануари ќе ги дочекаат нови противници, против кој е секогаш посебна мотивација да се игра на мундијал.

Легендарниот "бркајлија" Хајнер Бранд и неговата Германија се најзвучното име во моментов во групата "Ц". Актуелен светски првак, тим кој во Хрватска ќе брани и ќе брка злато.

Добро позната екипа, со тоа што се очекува по Пекинг, конечно, панцирот да го соблечат Маркус Баур, Кристијан Шварцер, Хенинг Фриц и да им ја остават контролата над тимот на играчите кои важат како исклучително квалитетни, но не докажале дека можат сами да ја носат Германија. Имињата се познати, тоа ќе бидат Паскал Хенс, Холгер Гландорф, Михаел Крауз... За нивната игра не мора премногу да се коментира. Всушност и брзиот центар беше практично измислен за натпреварите во нивното првенство да станат поинтересни.

Покрај актуелниот светски првак, Македонија ќе мора и против актуелниот светски вицепрвак, тоа е Полска.

Тим кој практично "експлодира" во 2007 година, под водство на Богдан Вента. Тој конечно успеа да ги вклопи Полјаците, да им го најде вистиското место и вистинската игра. Дел од овој тим е мошне добро познат на македонските ракометари. Посебно нивниот најдобар играч, Карол Биелецки. Тој беше дел од полската јуниорска репрезентација која стана европски првак. Тоа им успеа откако во полуфиналето ја победија Македонија по две продолженија и тоа откако двапати утнувавме пенал во последната секунда. Тогаш, на нивни терен не беа подобри од нас, но разликата од играњето во Бундес-лигата и во македонското првенство доведе до тоа тие да се светски вицешампиони, а ние како историски успех да славиме пласман на мундијал.

Единствената репрезентација која има освоено с$ што може да се освои и која веројатно никој и никогаш не ја посакувал за противник е Русија. Но, за тоа во каква група сме доволно кажува фактот што сега Русија изгледа како противник против кого се може. Навистина, Растворцев и Игропуло не се Кудинов и Тучкин, ниту, пак, Костјугов е Лавров, но оваа руска репрезентација е с$ само не противник за потценување.

Најавената оставка на Максимов може да донесе олеснување кај нивните противници. Најмногу затоа што тој е творецот на овој тим и тој најдобро знае како треба да се постапува со играчите.

Кога ќе се спомене Тунис веднаш едно име отскокнува од с$ друго. Висем Хмам, левиот бек на францускиот Монпеље. Хмам е најдобриот стрелец од СП кое се одржа 2005 година и е ракометар кој не го сака ниту една одбрана. Африканците се традиционално незгодни противници поради нивниот стил на игра. Таканаречена "дива" одбрана, длабока формација, агресивни до раб (па и преку него) на грубост, одлични шутери - напаѓачи. Сеедно, на хартија послаби од претходните три и добро е што со нив играме на првиот натпревар, кога условно ќе бидеме најсилни.

Единствено убаво во врска со противникот од шестиот шешир, Алжир, се нивните резултати од олимписките квалификации. Порази од 39:12 од Русија, 37:26 од Хрватска и 38:27 од Јапонија. Тоа ги прави аутсајдери и веројатно единствениот противник против кого ќе можеме да се опуштиме и да запишеме сигурна победа.

Р. Ѓамовски

ГРУПА "А"

Франција

Унгарија/БиХ

Словачка

Романија

Пан Америка 2

Австралија

ГРУПА "Б"

Хрватска

Шведска

Шпанија

Ј. Кореја

Кувајт

Пан. Америка 3

ГРУПА "Ц"

Македонија

Германија

Полска

Русија

Тунис

Алжир

ГРУПА "Д"

Данска

Норвешка

Египет

Пан. Америка 1

Србија

С. Арабија

РУСИЈА БЕЗ СЕЛЕКТОР ПО ОИ ПЕКИНГ

Максимов поднесе оставка!

Легендарниот руски тренер Владимир Максимов го информираше ракометниот сојуз на Русија дека по завршувањето на Олимписките игри во Пекинг ќе поднесе оставка на позицијата селектор.

Причина за овој потег не се презаситеноста или неамбициозноста, туку едноставно парите.

"Јас како селектор добивам плата од 11 000 рубљи (нешто повеќе од 20 000 денари), а во клубот толкава плата имаат мојот помошник, докторот и физиотерапевтот. Во современиот свет тоа е малку. Четиригодишниот договор истекува и по завршувањето на ОИ ја напуштам репрезентацијата", стои во изјавата на Максимов објавена на официјалниот сајт на рускиот ракометен сојуз.

ХАЈНЕР БРАНД (СЕЛЕКТОР НА ГЕРМАНИЈА)

Првакот не смее да се жали

"Не е убаво што толку рано ќе мораме да играме со Полска. Русија исто така е силен тим. Но, ние сме прваци и не смееме да гледаме на тоа кој колку е силен. Едноставно, кој и да е, ние ќе мораме да се пласираме во следната рунда", е коментарот на Хајнер Бранд за епилогот од ждрепката.

Потпретседателот на германската федерација, Хорст Брендмајер, со ист став.

"Групата не е тешка само на прв поглед. Полска и Русија се репрезентации во налет. Македонија ја сметам за силна штом го елиминираше Исланд. Освен тоа тие ќе можат да сметаат во Хрватска и на голема поддршка од навивачите", изјави Брендмајер.

ГОРАН ЃОРГОНОСКИ

Можеме до вториот круг

"Добивме тешки противници во групата, но тоа впрочем и се очекува кога се оди на светско првенство. Најнезгодно ќе биде со Тунис и Алжир поради начинот на игра, со длабоки одбрани и многу трчање. Мислам дека најдобро ќе играме со Германија и се надевам дека ако сме сите здрави и максимално подготвени можеме да поминеме во вториот круг.

Фаворити се знае, Германија и Полска, а ние Русија и Тунис ќе го бркаме третото место", изјави Ѓоргоноски.

Ѓоргоноски инаку имаше успешна операција на менискус и за околу три недели, ако е с$ како што треба, би требало да почне со тренинзи.

ВАНЧО ДИМОВСКИ

Сe се решава во првото коло

"Да биравме најтешка група пред ждрепката, веројатно ова ќе беше помалку или повеќе тоа. Позитивен е распоредот. Првите две средби ги играме со Тунис и Алжир. Така може да се случи да бидеме единствената репрезентација која во 3. коло ќе влезе со 4 бода. Тогаш с$ ќе биде можно. Сега мораме да се фокусираме за тој дуел со Тунис. Мораме да бидеме максимално подготвени и да победиме за да можеме подоцна да бркаме пласман во втората рунда", изјави Димовски.

ИЛИЈА ТЕМЕЛКОВСКИ (СЕЛЕКТОР НА МАКЕДОНИЈА)

Ќе имаме што да кажеме

Добро познати имиња, тешка група. Играме со првиот и вториот од последното првенство, Германија и Полска. Русија е Русија, иако малку заостанува во резултатски поглед зад неколку репрезентации во последниве години. Но, за нас е Русија е си е и име и квалитет, иако веројатно можеби токму таму ни е шансата. Тунис и Алжир. Мораме да ги совладаме нив и да дојдеме до позиција да играме за пласман во втор круг. Нема кукање, нема плачење. Тешка група, нормално, светско првенство е, нема лесно. Овие играчи покажаа дека имаат квалитет, дека можат да се носат со позвучни репрезентации. Со добри подготовки, добри спаринг натпревари, мислам дека ќе имаме што да покажеме во Хрватска", изјави селекторот Темелковски.

ПРОМОВИРАНА МАСКОТАТА НА МУНДИЈАЛОТ

"Гасеницата" заштитен знак

Заштитниот знак на хрватската ракометна репрезентација, познатата "гасеница" , потегот кој го прават по секоја (важна) победа нивните е официјалната маскота на мундијалот.

Гасеницата беше за првпат официјално промовирана на денот на извлекувањето на групите.

ПРЕЛИМИНАРНЕН РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

Стартуваме со Тунис

Веќе е објавен прелиминарниот распоред на натпреварите на првенството. Македонија првиот меч ќе го игра со Тунис, последниот со Русија. Сето ова, нормално, треба да биде и официјализирано и потврдено од ИХФ, исто како и градот во кој ќе се игра. Засега се знае само дека тоа нема да биде Сплит. Таму ќе игра Хрватска, која е во групата "Б".

Распоред на натпреварите

17.01.09 Македонија - Тунис

18.01.09 Македонија - Алжир

19.01.09 Македонија - Полска

21.01.09 Македонија - Германија

22.01.09 Македонија - Русија

СЕ УШТЕ НЕ СЕ ДОГОВОРЕНИ ГРАДОВИТЕ ДОМАЌИНИ

Најверојатно во Вараждин

Иако се уште не е одредено која група во кој град ќе игра (освен група "Б" во Сплит), неофицијално се зборува дека групата "Ц" во која ќе игра Македонија ќе се игра во Вараждин. Градче од околу 60.000 жители кое се наоѓа во северозападниот дел на Хрватска.

Салата е во изградба, засега се вика "градска сала", а ќе има капацитет од 4000 седишта. Тоа е една од помалите Сали во кои ќе се игра првенството, поточно помала од неа е единствено спортскиот центар во Пореч, кој има може да прими 3.500 гледачи.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 24.Јуни.2008 во 16:28
..

ЖЕНСКАТА ЈУНИОРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА ПО НАПОРНАТА СЕДМИЦА ВО НЕГОРСКИ БАЊИ

Формата допрва ќе се темпира

По вчерашниот ден одмор, јуниорските репрезентативки и денеска ќе имаат можност да одморат по напорната недела која ја имаа во Негорски бањи. Ракометарките се подготвуваат за она што ќе следува во текот на следните денови кога тренинзите продолжуваат, но темпото полека ќе се засилува бидејќи до почетокот на Светското првенство останува помалку од еден месец.

"Веќе утре ќе продолжиме со тренинзите, а планот е да тренираме три дена, пред репрезентативките да добијат уште два дена за одмор. Ќе работиме во Скопје, а потоа од понеделник се селиме во Виница каде што ќе ја имаме втората фаза од главните подготовки за Светското првенство", вели селекторот на нашата јуниорска селекција, Новко Георгиевски.

Во досегашниот дел од тренинзите јуниорките одработија повеќе од еден месец во Скопје каде што имаа вовед за овие подготовки кои стартуваа минатиот понеделник во Негорски бањи. Таму се тренираше една недела и беа одработени вкупно 12 тренинзи.

"Девојките полека влегуваат во форма. И на овие тренинзи се виде дека многу недостигаше работата во клубовите. Затоа, темпото со коешто работевме не беше најсилното туку трениравме со доволно силен ритам за да може да го одработиме тоа што го планираме. Сепак, сметам дека ќе имаме доволно време до почетокот на Светското првенство да го постигнеме она што го сакаме и да ја постигнеме посакуваната форма".

Од целиот претстој во Негорски бањи и од условите коишто се имаа за работа во стручниот штаб се максимално задоволни. Тоа беше показател дека се имаше сето она што е потребно за нормална работа.

"Ги имавме сите услови за да можеме да работиме онака како што имаме замислено. С$ што посакавме и го добивме, така што с$ беше на ниво. Во последните 2-3 дена времето не ни беше наклонето бидејќи беше премногу топло, но успеавме да го пребродиме и тоа и да ги одработиме планираните тренинзи. Покрај одличните услови, имавме и голема помош од медицинскиот центар каде што ракометарките можеа да одат на прегледи, а воедно и да бидат правени терапии, кај оние девојки кај кои беше потребно тоа", заврши Георгиевски.

Во следниот период сите тренинзи ќе се насочуваат кон создавањето на играта за Светското првенство. Веќе се почна со ова и во Негорски бањи, но се очекува во Виница да бида вистинското бидејќи за следната недела се предвидени и првите контролни натпревари.

Првиот меч треба да се одигра на 4 јуни, а вториот два дена подоцна. Тоа ќе се случува во седмицата кога ракометарките ќе тренираат во Виница, а противник треба да биде екипата на Роман од Романија. Дури тогаш ќе може да се дадат првите вистински коментари за тоа колку јуниорките се подготвени бидејќи досега само тренираше.



ПО МАГНЕТНАТА РЕЗОНАНЦА КАПИТЕНОТ ДОБИ ПОЗИТИВНИ ВЕСТИ

Мала повреда кај Георгиевска

Капитенот на женската јуниорска репрезентација, Елена Георгиевска, по обновената повреда на тетивата вчера изврши снимање со магнетна резонанца. Наодите по прегледувањето на снимките даваат позитивни вести според кои таа ќе може да им се приклучи на тренинзите на своите колешки веќе за неколку дена. Се работи само за мала повреда бидејќи од ударот има воспалување на тетивата. Тоа е стара повреда која, за среќа, предизвика само мал проблем, па капитенот продолжува да тренира.

Играњето на Георгиевска е од голема важност бидејќи таа во овој состав има најголемо искуство. Зад себе веќе има настап на неколку големи натпреварувања во сениорска селекција што ќе биде од голема помош за средбите кои ќе претстојат на Мундијалот од 21 јули до 3 август.

Николовска ќе одмори уште некој ден

Десното крило Симона Николовска и натаму има проблеми со повреденото колено. Таа доби повреда при тренинг уште додека се работеше во Скопје, па мораше да мирува.

Сепак, не се работеше за нешто посериозно, па таа продолжи со работа во Негорски бањи. Таму одново почувствува болки, па вчера беше направено снимање со магнетна резонанца и кај неа. Наодите покажуваат дека ќе мора да мирува барем уште една седмица во која ќе бидат правени терапии за да може во вистинско време да се врати во составот пред почетокот на Мундијалот.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 25.Јуни.2008 во 16:57

КОНЕЧНО, УБАВИ ВЕСТИ ОД ТАБОРОТ НА ЖЕНСКИОТ ШАМПИОН

Крижанац потпиша за Кометал

Ана Крижанац, хрватскиот репрезентативен голман, е првото странско засилување за екипата на Кометал Ѓ. Петров годинава. Со тоа е пробиен ледот и конечно можат да здивнат фановите на клубот, кои се нетрпение очекуваа нешто да почне да се случува.

"Крижанац потпиша договор на две години. Овде е, во Скопје, имавме можност да разговараме и да се договориме", изјави претседателот на клубот, Иван Бојков.

Таа беше голман на Хрватска на Светското јуниорско првенство во Македонија, мундијал на кој Хрватките финишираа на третото место.

Крижанац, иако не беше прв избор на Јосип Шојат на мундијалот во Франција (Грубишиќ и Јелчиќ се првите два голмани во моменот), важи за еден од најталентираните голмани. Беше дел од репрезентацијата која играше на контролните натпревари со Македонија во Скопје, како и на далеку поважните, квалификациите за ОИ Пекинг кои се играа во Германија.

Со овој ангажман Кометал реши еден проблем во конструкцијата на тимот. Ова беше неопходно, откако клубот не се договори со Тања Андрејева за продолжување на соработката. Имаше шпекулации за ангажман на Дијана Наумоска или Александра Стојков за чувари на мрежата, но тоа немаше реализација.

Во меѓуверме клубот имаше разговарано со менаџери кои си ја работеа својата работа и бараа засилувања какви што Кометал Ѓ. П. бара.

25-годишната голманка на Трогир ќе има шанса да покаже колку може и тоа во најсилната конк*ренција, во Лигата на шампионите.

Со ова е направен само еден чекор, Кометал има уште долг пат да мине додека состави екипа кадарна да го брани рејтингот на клубот во евро-елитата. Но, битно е што тргна, наскоро очекуваме и други засилувања и пред с$ финиширање на преговорите со двете репрезентативни крила на Македонија, Радуловиќ и Пецевска.


-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 25.Јуни.2008 во 16:57

НАЈДОБРИОТ СТРЕЛЕЦ ВО НАЦИОНАЛНИОТ ШАМПИОНАТ ЗАМИНУВА ВО БЕЛГИЈА

Тасевски потпиша за Тонгерен

Убедливо најдобриот стрелец во македонскиот шампионат (303 гола), Владимир Тасевски од Преспа одново ќе биде интернационалец.

Десноракиот бек следната година ќе игра во екипата на Тонгерен од Белгија. Слаба лига, каде што сигурно ќе доминира и ќе биде од огромна помош за овој тим кој се обидува да ја симне екипата на Сашја (можен противник на Металург во квалификациите за ЛШ) од тронот.

За Тасевски заминувањето во Белгија нема да биде прво интернационално искуство. Претходно една полусезона имаше минато во италијанскиот Алпи Прато, а по тоа накратко замина и во Дубаи.

Тоа беа трансфери кои беа реализирани во "последен" момент, како екстра засилувања за главните натпревари на споменатите тимови.

Договорот со Тонгерен, сепак, е нешто поинаков.

"Договорени сме на една година, со можност доколку по тоа бидеме задоволни од соработката да продолжиме на уште една. Задоволен сум од условите и сега ми останува само да излезам на крај со формалностите за вадење виза и да стартуваме со подготовките", изјави Владимир Тасевски.

Заминувањето на Тасевски сигурно ќе биде голем удар за екипата на Преспа, каде беше лидер на тимот и ја предводеше екипата до четвртото место во Супер-лигата минатата сезона.

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 26.Јуни.2008 во 19:29
"ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ" НАЈДОА ОДЛИЧНО РЕШЕНИЕ ЗА ГОЛМАНСКАТА ПОЗИЦИЈА

Косановиќ ќе го брани Вардар

Српскиот интернационалец Милан Косановиќ следната сезона ќе ги брани боите на екипата на Вардар Про.

Српскиот голман во Македонија доаѓа од најсилната лига на светот - Бундес лигата. Таму има настапувано за екипите на Балинген и за тимот на Минден. Потекнува од Ниш и нормално, има настапувано за екипата на Југоптерол Железничар.

Со оваа аквизиција на Вардар решени се практично сите дупки во "црвено-црниот" тим и евентуално што би можеле да ангажираат како финално засилување би бил играч од позицијата десен бек.

Косановиќ има зад себе одлични настапи во Бундес-лигата, има 27 години и треба да му до донесе на Вардар тоа што минатата сезона не му појде од рака на Марио Блажевиќ.

Според досега направените потези на управите на нашите два најсилни тима, следната сезона ќе гледаме ако не поинтересно од ланското (резултатски, тешко дека повторно ќе има 3 нерешени и ќе решава само 1 гол), тогаш сигурно поквалитетни пресметки во шампионатот меѓу Вардар и Металург. Исто така, двата најдобри македонски клуба годинава би требало да бидат и многу поуспешни во Европа. Улогите се сменети, а Металург ќе треба да брка главна фаза од ЛШ, а Вардар 1/2 финале во КПК, резултати кои би ги израмниле најуспешните остварувања на македонскиот клупски ракомет досега.


-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 26.Јуни.2008 во 19:43
Македонија во Вараждин

Вараждин ќе им биде домаќин на нашите најдобри ракометари во првата фаза од Светското првенство 2009 во Хрватска. Овој град на северот на Хрватска (50.000 жители) ќе ги нагости селекциите од Ц-групата, па тамошните љубители на ракометот ќе имаат можност на дело да ги видат светските прваци и вицепрваци, Германците и Полјаците, како и Русите, Тунижаните и Алжирците. Својот прв меч Македонија го игра на 17 декември против Тунис.
Сите шест града што се избрани за домаќини на средбите од СП добија или ќе добијат нова сала. Новото спортско здание во Вараждин може да собере 4.000 гледачи и само салата во Пореч има помал капацитет - 3.500.
Во случај да се пласираат меѓу трите најдобри селекции во групата, избраниците на Илија Темелковски ќе се преселат во Задар за средбите од втората фаза. Доколку бидат елиминирани, продолжуваат да разигруваат за пласман од 13. до 24. место, а натпреварите од тн. Претседателски куп се играат во Пореч и Пула.

-------------



Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 27.Јуни.2008 во 16:32

МАКЕДОНСКИОТ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦ ЈА СМЕНИ СРЕДИНАТА ВО ПОТРАГА ПО МИНУТАЖА

Петровски позајмен во Рингстед

Македонскиот интернационалец Михајло Петровски останува во Данска, но ја менува клупската средина и следната сезона ќе настапува за екипата на Рингстед.

Петровски во Рингстед заминува од екипата на Архус, а причината поради која се сели во овој клуб главно се сведува на желбата на Петровски да добива поголема минутажа, нешто што екипата на Архус во овој момент не може да му го пружи.

"Петровски е одличен играч и одличен човек, секогаш е 100 насто лојален и 100 насто подготвен да & помогне на екипата. Ние никако не сакаме да му застанаме на патот на неговиот развој како играч и среќни сме што најдовме решение од кое задоволни ќе можеме да бидеме сите", изјави Хенрик Јакобсен, директорот на Архус за данскиот весник "Екстра Бладет".

Преминувањето на Петровски го коментираа и од неговиот нов клуб.

"Многу ме интересира како ќе се вклопи Петровски во мојот клуб. Сакам да видам и очекувам да внесе новини во нашата игра затоа што се работи за играч кој доаѓа од балканските простори, тие се поинакви, а нам тоа во моментов ние е потребно. Сигурен сум дека добро ќе се снајде во нашиот тим кој е составен исклучиво од млади и талентирани играчи", изјави Мик Хагенбо, тренерот на Рингстед.

Михајло Петровски е десен бек, левак и важи за еден од најголемите македонски таленти. Хендикеп за него е што игра на позицијата за која во репрезентација местото во првата постава е резервирано за Кирил Лазаров, а тука се уште и Влатко Митков, Лазо Мајнов.

За стартот на ланските квалификации, во моментите кога од повеќе причини македонската репрезентација "кризираше" со десни бекови, селекторот Темелковски се сети на него, но предоцна. Петровски веќе имаше закажано операција на коленото и не можеше да одговори на овој повик. За СП Хрватска мора да биде во некаква комбинација, а дали ќе биде еден од патниците, ќе покаже времето.

Како играч на Пелистер беше еден од најдобрите во првенството. Од Битола се пресели во Романија, во екипата на Констанца. Таму остана една сезона, а по тоа замина во екипата на Архус. Со нив потпиша двегодишен договор, одигра една сезона која директорот Јакобсен во изјавите за весникот ја оцени како "добра сезона", но Архус доведе неколку засилувања и дански таленти, па конк*ренцијата стана таква што реално беше да се очекува Петровски да добива помала шанса.

Решението беше едноставно, позајмица во клуб каде ќе може да игра и напредува. Рингстед беше тимот кому му беше потребен десен бек откако нивната ланска солуција, Мадс Кристијансен, потпиша за Копенхаген.

Во секој случај, добар развој на настаните за Петровски, кој сега ќе има вистинска шанса да го покаже својот талент и квалитет во данската лига.

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 27.Јуни.2008 во 16:33

ДЕСНОКРИЛНИОТ РАКОМЕТАР ОСТАНУВА ВО БИТОЛА

Марковски се договори со Пелистер

Пелистер од Битола, еден од најзвучните македонски клубови, полека влегува во фазата на формирање на екипата и правење на плановите за следната сезона.

Иван Марковски, деснокрилниот ракометар, се договори со клубот за продолжување на соработката и за следната сезона. Нормално, доколку му се укаже шанса да замине некаде во странство, клубот нема да му прави проблеми да замине.

"Се договоривме со Пелистер за соработка и задоволен сум. Ако се остварат најавите, ќе имаме тим далеку посилен од лани", изјави Марковски.

Пелистер разговара со повеќе играчи, засега освен со Марковски нема друго конкретно. Освен тоа дека ланската варијанта Александар Зарков да се врати нема да се исполни затоа што тој потпишал за тим во втората лига во Грција.

Сепак, има реални шанси работите за битолчаните да тргнат на арно.

Деновиве се очекува разврската за тренерската позиција. Три кандидати се издвојуваат како најсериозни. Тоа се Михајло Силјанов, Цане Крстевски и Борче Марковски. Во конк*ренција е и Боро Чурлевски, меѓутоа премногу рано е да се зборува за тоа колкави се шансите на овие тренери да ја преземат диригентската палка во Пелистер.

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 01.Јули.2008 во 17:12

ДЕНЕСКА, СО ЖДРЕПКАТА ЗА КВАЛИФИКАЦИИТЕ, ПОЧНУВА ЕВРО-СЕЗОНАТА ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРВАК

Само еден непосакуван, Бенфика

Металург денеска ќе го дознае противникот во квалификациите за Лигата на шампиони. Во петок, одново ждрепка за ЛШ, за прватат фаза, натпреварите по групи. Противниците за ЛШ, во петок ќе ги дознае и Кометал Ѓ. П.

Евро-сезоната за двата македонски шампиони, Металург и Кометал Ѓ. П., стартува неделава.

За Металург, веќе денеска, со ждрепката за квалификациите за пласман во прелиминираната фаза на натпревари по групи. За Кометал во петок, тогаш ќе ги дознае имињата на противниците во групата женскиот првак, додека Металург, истиот ден (4 јули) ќе знае што ќе го чека во рундата "групи" во случај да избори пласман.

Првите работи, прво, а тоа е денешната ждрепка. Металург, осносно, Македонија во вкупниот ранкинг за Лигата на шампионите за сезонава се наоѓа на 27 место. Три места подоле од крајната граница за директен пласман во фазата на групи.

Според последната поделба која ја направи ЕХФ, во квалификациите ќе играат 16 екипи, кои се поделени во 4 т.н. шешири. Металург е во првиот заедно со екипите Брегенц од Австрија, Стеауа од Романија и тимот кој влезе со вајлд карта (по откажувањето на Бањик), Рајн Некар Ловен од Германија. Металург ќе добие противник од четвртиот шешир. Таму се наоѓаат четирите екипи кои имаат најнизок ранкинг во Лигата на шампионите, но таму се и две имиња кои ја прават оваа четворка посилна отколку на пример екипите од третиот.

Се би било далеку поубаво денеска доколку во последниот шешир не е сместен првакот на Португалија, Бенфика од Лисабон. Португалците се исклучително незгоден противник, силна екипа и единствената причина што Португалије е толку ниско рангирана се должи на проблемите, односно, судирот кој пред некоја година го имаа португалските екипи со португалската федерација. ЕХФ тогаш ги суспендираше, тоа се одрази на нивниот рејтинг и оваа е трета година што играат како едни од најслабо рангираните.

На двапати веќе се обидоа да се пласираат во групите на ЛШ и на двапати не успеаја. Пред две сезони Металург ја елиминираше Брага во нивниот прв обид за кам-бек по суспензијата, а следната сезона одново Брага се обиде, но налета на Барселона. Тогаш Каталонците влегоа со вајлд карта во ЛШ затоа што Грците (Панелиниос) се повлекоа. Беа пратени во квалификациите (исто како и Рајн Некар годинава) а најголем малер во ждрепката беше спомената Брага.

Доминацијата на Брага во португалскиот шампионат заврши, Лисабон, односно Бенфика сега е главнот центар, откако со 3:1 во плеј оф доигрувањето го симнаа бранителот од тронот. Лани играа во Челенџ Купот и стигнаа до полуфиналето, каде беа елиминирани од актуелениот освојувач Ресица од Романија.

Три релативно познати имиња можат да се сретнат во нивниот состав. Ги гледавме во дресот на Португалија на квалификациите со Македонија. Тоа се нивниот најдобар играч и стрелец Карлос Карњеиро (најдобар играч во португалското првенство), по тоа Луис Нуњеш и Педро Џеронимо. Засилени се со тројца странци, Павел Цинчук, Белорусин кој има и португалски пасош, по тоа Украинецот Артем Кубида и Русинот Георги Зајкин. Овие шестмина ја прават Бенфика исклучително незгодна и најубаво би било денеска некој друг, а не Металург, ја добие за противник.

Измир од Турција го немаше на ракометната карта досега, но сезонава со само три порази во националниот шампионат, ги минаа Мерсин, Мили Пјанго, Бешикташ, Трабзон и другите далеку попознати имиња.

Во нивниот состав за следната сезона (засега) нема странски имиња, но има неколку добро познати турски репрезентативци. Ченгиз Хатирназ е нивниот предводник, ракометар кој неколкупати има играно против Македонија и со репрезентација и на клупски натпревари.

Измир не е противник од кого Металург би требало да се плаши, во никој случај не смее да ги потцени. Сеедно, далеку подобар избор би бил од Банфика, но последните два клуба во шеширот се тие кои би било најубаво да се добијат за противник.

Иако од лани зад името на Дуделанж стои еден "голем" резултат, тимот од Луксембург е еден од најпосакуваните екипи. Минатата година оваа екипа го елиминираше Ловќен од Цетиње во првото коло од Купот на ЕХФ! Навистина, Црногорците беа екипа која се распаѓаше на секој чекор, но сепак, името си е име, а Дуделанж имаше и што да запише во клупската историја. Веднаш по тоа налетаа на Мадеира од Португалија (каде играше Горан Кузманоски) и беа приземјени, иако на реваншот и нив ги совладаа со 6 разлика (двете средби се играа во Луксембург, а на првиот меч загубија со 11 гола разлика). Имаат дури пет интернационалци. Французинот Камел Амеда, Словаците Петер Затко и Љубош Зас, Португалецот Фабио Мачадо и Исланѓанецот Бјорн Холмторсон. Но, тоа се интеранционалци кои немаат вистинско педигре и овој тим може да смета на сигурна елиминација со кого и да треба да игра во квалификациите. Се надеваме, дека тоа ќе биде Металург.

Ако за луксембуршкиот Дуделанж можеме да кажеме дека е лесен противник, тогаш Сашја би требало да биде вистинско "мезенце" за Металург во квалификациите. Шампионот на неракометна Белгија би бил најубавото загревање за Металург пред стартот на сезоната. Македонија неколкупати има игра со Белгија во квалификациите, а од нивниот национален тим во дресот на Сашја од "позвучните" се крилата Класенс и Ламури и нивниот најдобар играч, десниот бек Иван Копљар. Тим кој по сите параметри би требало да биде (пре)лесен за минување. Немаат (засега) странци во екипата, освен Копљар кој има хрватско потекло.

Ждрепката ќе се одржи денеска во Виена, со почеток во 11:00 часот. Натпреварите од квалификациите се предвидени да се играат на 6/7 септември и една недела подоцна.

Металург би можеле мирно да го прогласиме за патник во фазата по групи, ако добие кого било освен Бенфика. Затоа и ќе му биде поребна среќа денеска на македонскиот шампион.

ЕХФ останува многу слаб кога е во прашање информирањето, па дури ни на ден до ждрепката немаше детално (формално) објаснување за тоа како ќе биде извршена. Германските медиуми во меѓувреме го проширија списокот на можни противници (за Рајн Некар) и на третиот шешир. Таму се за потсетување Ц. Звезда од Србија, Гранитас (Литванија), Полва Сервити (Естонија) и Кипрус Колеџ од Кипар. Ако се случи денеска место четири, сепак, да бидат само два шешири, тогаш и овие екипи се можни противници на Металург. Генерално, според имињата ништо битно не се менува дури да биде и вака. Бенфика и натаму останува најнезгоден противник, а сите други би биле поволна ждрепка.

Добие ли Металург што посакува од ждрепката во Виена, тогаш ќе може да се фокусира на далеку поинтрересниот настан, ждрепката која во петок ќе биде извршена во Гетеборг.

Тогаш изборот ќе биде многу поинаков, но на прв поглед, се избегне ли Портланд од третиот шешир Металург би бил во најмала рака рамноправен во бтиката за третото место во група. Се добие ли на пример уште еднаш Цимос Копер (годинава е без голманот Тахировиќ) од вториот шешир или ослабениот Целје од првиот, тогаш амбициите би можеле да значително да пораснат и дури и да се брка најдобриот резултат во историјата на настапи на македонските екипи во најсилната конк*ренција.

Но, тоа веќе е во доменот на "кога би бирале", па така останува прво да се види исходот на лотаријата која ќе биде одржана денеска, а по тоа да се ќе се размислува за следната ждрепка.

Р. Ѓамовски

ЗВОНКО ШУНДОВСКИ, ТРЕНЕР НА МЕТАЛУРГ

Ако можам да бирам, би ја избегнал Бенфика


Тренерот на Металург, Звонко Шундовски, не очекува големи проблеми во квалификациите.

"Кој и да биде противник, со овој играчки кадар што го имаме, сме поквалитетни. Сепак, ако би можел јас да изберам, би ја одбргнал Бенфика. Другите три тима, се екипи кои секако би ги минале. Не знам, што друго да кажам. Да видиме што ќе се случи денеска, па ќе коментираме", изјави тренерот на Металург, Звонко Шундовски.

(Ждрепка, 4 јули)

Лига на шампиони

1. Носители


Сиудад Реал Шпанија

Кил Германија

Веспрем Унгарија

Монпеље Франција

Целје ПЛ Словенија

ФЦК Данска

Ч. Медведи Русија

Кроација О. Хрватска

2. Носители

Барселона Шпанија

Флензбург Германија

Пик Сегед Унгарија

Шамбери Франција

Цимос Копер Словенија

ГОГ Данска

Адемар Леон Шпанија

3. Носители:

Портланд СА Шпанија

Амичитија Швајцарија

Запорожје Украина

Висла Плок Полска

Хамарби Шведска

Босна БиХ

Татран Прешов Словачка

Драмен Норвешка

(Ждрепка, денеска)

Квалификации за ЛШ

1. Шешир:

Рејн Некар Ловен Германија

Стеауа Романија

Металург Македонија

А1 Брегенц Австрија

2. Шешир:

Хаукар Исланд

Дукас Грција

Брест Мешково Белорусија

Касарано Италија

3. Шешир:

Ц. Звезда Србија

Гранитас Каунас Литванија

Полва Сервити Естонија

Кипрус Колеџ Кипар

4. Шешир:

Измир Турција

Бенфика Португалија

Сашја Белгија

Дуделанж Луксембург



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 07.Јули.2008 во 15:46

МЕТАЛУРГ ВО ПРВИТЕ ДВЕ КОЛА ЌЕ ИГРА СО ФАВОРИЗИРАНИТЕ ПРОТИВНИЦИ

ЛШ стартува со Кил во Скопје!

Доколку Металург го елиминира турскиот Измир во квалификациите за Лигата на шампионите, во групната фаза, на премиерното издание би го имал за противник Кил. Според "бергер" Металург во првото коло ќе игра дома. Веднаш по тоа гостува во Барселона.

Распоредот на македонскиот права не му оди од рака, затоа што на решавачките натпревари, со норвешкиот Драмен, прво ќе игра дома, во третото коло, а во последното гостува во Драмен.

Во женската Лига на шампиони, Кометал на стартот го пречекува Ѓер, а веднаш по тоа оди на непријатното гостување во Звенигород, каде што ќе се сретне со актуелниот европски првак, Звезда.

Доаѓањето на Кил не ги остава рамнодушни во Металург и без разлика што го имаат Измир пред себе, веќе се размислува за организацијата на натпреварите од групата.

"Пријавени се две сали, "Борис Трајковски" како главна и "Кале" како резервна варијанта. Веќе побарав средба со раководителите на новата сала, да видиме како тоа би се реализирало. Наша желба е да играме таму, но и "Кале" е опција", изјави потпретседателот на Металург, Филип Христов.

За ракометарите на Металург, исто така е голем предизвик со најпознатите европски ракометни екипи да играат во новата сала.

"Се надевам дека салата ќе биде полна и за нашите натпревари, исто како што беше и за дуелот на репрезентацијата со Исланд. Во таков амбиент, ќе можеме да се носиме со секого. Не најавувам изненадувања, но се надевам дека ќе успееме да ги израдуваме љубителите на ракометот во Македонија. Групата е таа, ќе играме со двете најпознати ракометни имиња, а за третото место ќе решаваме со првакот на Норвешка. Имаме шанси, ќе треба да го одработиме нашето", вели тренерот на Металург Звонко Шундовски.

Играчки, Металург останува во моментов на тоа што го има. Четири нови имиња ќе има во тимот. Тоа се голманот Данило Брестовац, крилото Владо Недановски и двата десни бека, Сергеј Погорелов и Милан Ивановиќ.

Р. Ѓамовски

ГИГАНТИТЕ НЕ РАЗМИСЛУВААТ ЗА ИЗНЕНАДУВАЊЕ

Задоволни и Барса и Кил

Претставниците на двата фаворити во групата "Ц", Барселона и Кил изразија задоволство од ждерпката.

"Не сакавме да играме со Кил толку рано, но сеедно. Пласманот во следната рунда не е загрозен, не очекуваме проблеми од Металург и Драмен", е изјавата на тренерот на Барселона, Маноло Каденас.

Сличен е контекстот на изјава на менаџерот на Кил, Уве Швенкер, со тоа што "зебрите" изразуваат задоволство што ќе играат во "супер-атрактивна" група.

БИТОЛЧАНИТЕ ЌЕ ДОБИЈАТ ТРЕНЕР

Пелистер решава денеска

Денеска ќе биде официјализирано кој ќе биде новиот тренер на Пелистер. Два дена состанчат членовите на управниот одбор на клубот, разговарано е и денеска само треба да биде соопштено името на тренерот.

Цанце Крстевски, Михајло Силјанов и Борче Марковски беа во најтесниот круг на кандидати. Можни се и комбинации (Крстевски и Силјанов), можно е да нема работа во дуо.

ПОДГОТОВКИ ЗА ОИ

Германија минимално со Египет

Германија, која е противник на Македонија во групата на мундијалот кој во јануари ќе се одржи во Хрватска, одигра контролен меч со Египет.

Победија Германците, минимално, 26:25. Египет кој пред нешто повеќе од еден месец беше поразен од Македонија, настапи засилен со Хусаин Заки кој не беше во Скопје. Најдобар стрелец за "фараоните", беше Ал Ахмар (6 гола) кој се уште е во комбинација за трансфер во Металург.

За Гермаците Јенсен со 7 погодци ја предводеше листата, а Гландорф и Климовец по 4 пати беа прецизни.

СЕ ОСТВАРИЈА НАЈАВИТЕ, СМЕНЕТ ЖЕЉКО КАВРАН

Хрватска со нов претседател

Хрватскиот ракометен сојуз има нов претседател, Санди Шола. Тој доаѓа на местото на Жељко Кавран кој 13 години успешно си ја вршеше својата работа. Но, во пресрет на мундијалот, дојде до судир на интереси внатре во федерацијата и УО реши да го смени и да постави нов човек.

Шола во своето прво интервју изјави дека нема да биде "фикус" во федерацијата. Останува да потврди дека нема да трпи притисоци.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ - МАЖИ

Распоред група "Ц"

01/05.10.2008

1. Коло

Металург - Кил

Драмен - Барселона

08/12.10.2008

2. Коло

Барселона - Металург

Кил - Драмен

15/19.10.2008

3. Коло

Металург - Драмен

Барселона - Кил

05/09.11.2008

4. Коло

Металург - Барселона

Драмен - Кил

12/16.11.2008

5. Коло

Кил - Металург

Барселона - Драмен

19/23.11.2008

Кил - Барселона

Драмен - Металург

ЛИГА НА ШАМПИОНИ - ЖЕНИ

Распоред група "А"

29.10/02.11.2008

1. Коло

Кометал Ѓ. П. - Ѓер

Квалификант - Звезда

05/09.11.2008

2. Коло

Звезда - Кометал Ѓ. П.

Ѓер - Квалификант

12/16/11.2008

3. Коло

Квалификант - Кометал Ѓ. П.

Ѓер - Звезда

02/04.01..2009

4. Коло

Кометал Ѓ. П. - Звезда

Квалификант - Ѓер

05/07.01. 2009

5. Коло

Ѓер - Кометал Ѓ. П.

Звезда - Квлификант

14/18.01.2009

Кометал Ѓ. П. - Квалификант

Звезда - Ѓер



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 08.Јули.2008 во 16:52
Лазаров официјално е најдобар стрелец во ЛШ

И додека ватерполистите ги уживаат миговите на слава на стартот на Евро шампионатот во Малага, круна на успесите што ги постигна на личен план во изминатата сезона, вечерва доби уште еден македонски спортски херој, Кире Лазаров.

На гала свеченост во Скандинавиум арената во Гетеборг, на капитенот на Македонската ракометна репрезентација му беше врачено признанието за најдобар стрелец во Лигата на шампионите.

Леворакиот бомбардер на Загреб постигна 96 гола и ја понесе наградата наменета за најефикасниот во елитната Европска конк*ренција во сезоната 2007/2008.

Според практиката воспоставена лани, на ваквата манифестација, најдобриот стрелец во шампионската лига е вклучен во извлекувањето на составот на групите за наредната сезона.

Раката на Лазаров ги одреди можните ривалите на Металург во фазата по групи од елитното натпреварување.

Ако во квалификациите го мине Измир, нашиот првак ќе ќе биде дел од во конк*ренцијата „Ц“ заедно со германскиот великан Кил, со шпанскиот гигант Барселона и со најдобриот норвешки состав Драмен. Звучна група, каква што досега немал ниту еден македонски шампион.

На сличен начин, беа составени групите и за ракометната Лига на шампионките. Кометал Ѓорче Петров се уште поради стара слава ги прескокнува квалификациите, а наесен ќе биде дел од во конк*ренцијата „А“, заедно со актуелниот Европски првак, руската екипа Ѕвезда Звенигород, со стариот унгарски познаник Ѓер и со победникот на квалификацискиот турнир 3, на кој фаворити се данскиот Икаст, полскиот Лублин и романскиот Рулментул.

-------------



Постирано од: IceshooteR
Датум на внесување: 09.Јули.2008 во 12:14
Имаме шанса


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 10.Јули.2008 во 14:20

МАКЕДОНИЈА СО ТРИУМФ ОД 2:0 НАД КИНА ГО ПОЧНА НАСТАПОТ НА 3. СП ВО РАКОМЕТ НА ПЛАЖА ВО КАДИЗ

Победуваме и со позајмена опрема

Откако опремата на нашите репрезентативки не стигна во Шпанија, ракометарките добија опрема од организаторот, но и тоа не ги спречи да ја совладаат Кина.

МАКЕДОНИЈА - КИНА 2:0
(18:14; 18:13)

Кадиз. Судии: Ал-Нофли и Ал-Шаик од Оман. Делегати: Јоргстад од Норвешка и Чианг од Тајпех.

МАКЕДОНИЈА: Андрејева 6, Радуловиќ 10, Црвенкоска, Пецевска 18, Славковска, Платон 2, Боева, Ацковска

КИНА: Цанг 1, Гонг 6, Цао 10, Цанг 2, Цу 4, Ли, Си 4, Ху

Со победа од 2:0 женската репрезентација на Македонија во ракомет на плажа стартуваше на успешен начин на Светското првенство. Триумфот потврди дека нашата селекција има шанси на Мундијалот да обезбеди висок пласман така што беше многу важно да се дојде до првиот триумф.

И во двата сета Македонија беше поквалитетниот противник. Во првиот сет одигравме доволно добро за да стигнеме до предност, а сетот беше добиен со резултат од 18:14.

Во вториот само се продолжи во ист стил. Се играше во исто темпо така што немаше никаков проблем за да се дојде одново до солидна предност со која се оствари разликата која беше доволна за да се освои и овој сет.

Тоа значеше дека Македонија ги освојува првите бодови и по првиот ден може да се пофали со добар резултат.

На првата средба најдобра игра демонстрираше Драгана Пецевска. Таа беше незадржлива за противничкиот состав бидејќи успеа да собере дури 18 поени. Покрај неа на овој меч во листата успеа да се запише и Радуловиќ, која мечот го заврши со десет поени. Андрејева, која е голман, имаше шест, а дебитантот Анжела Платон на крајот имаше два поена.

Оваа средба заврши без поголеми проблеми, а денеска добрата игра ќе мора да се потврди и против Уругвај и против Русија.

За денешните натпревари се очекува Македонија да настапи со својата опрема. Откако багажот на нашите репрезентативки не пристигна заедно со нив тие на првиот меч играа со опрема која им ја даде организаторот. Доцнење на опремата поради проблеми со летовите и трансферите се случува вторпат на една наша селекција бидејќи и лани имаше вакви проблеми кога се патуваше за Франција на Светското првенство. Инаку, се очекуваше доцна синоќа багажот да пристигне, па ракометарките да можат без проблеми да настапат на денешните натпревари.

РУСИЈА ЗАГУБИ НА ДУЕЛОТ СО УРУГВАЈ

Аутсајдерот со голема победа

Селекцијата на Уругвај, која на овој шампионат се сметаше како аутсајдер во групата "Б", изненади уште на стартот на првенството во Кадиз. Успеа да ја надигра репрезентацијата на Русија и во тај-брек дојде до победа од 2:1 така што по првото коло е хитот на овој шампионат.

Добро е што ваквото изненадување се случи уште на стартот на првенството бидејќи токму Уругвај е следниот противник на Македонија и ова ќе делува трезвено за нашите репрезентативки да нема потценување кон оваа селекција.

Денеска против Уругвај и Русија

Според програмата за натпреварување, следни противници на Македонија се селекциите на Уругвај и Русија. По вчерашното изненадување Уругвај денеска ќе игра против Македонија, а мечот почнува во 12:30 часот. Тоа е шанса за нашата селекција да успее да стигне до својот втор триумф со кој ќе остане во трка за едно од двете места кои водат во полуфинале.

Покрај овој меч нашите репрезентативки ќе играат и против Русија во рамки на 3. коло. Доколку успееме да дојдеме до победа тогаш утре ќе ни остане против европскиот шампион Хрватска и домаќинот Шпанија да се бориме за полуфинале. Двете селекции синоќа го одиграа својот прв дуел.

Илиева и Карбеска почнаа со судење

Нашата судиска двојка на Светското првенство, Марија Илиева и Силвана Карбеска почна со делење на правдата. Тие вчера ги имаа првите натпревари на Мундијалот. Во утринската програма Илиева и Карбеска судеа на средбите во машка конк*ренција. Беа дел од натпреварот меѓу Унгарија и Иран, а немаа воопшто тешка задача бидејќи Унгарците го решија дуелот со 2:0.

РАСПОРЕД И РЕЗУЛТАТИ

ЖЕНИ

ГРУПА "А"

1. КОЛО

Бразил - Србија 2:0 (23:13; 23:17)

Норвешка - Дом. република 2:0 (24:1; 23:5)

Италија - Украина 2:0 (17:16; 17:16)

2. КОЛО

Србија - Норвешка 2:1 (11:16; 16:10; 7:6)

Украина - Бразил 0:2 (7:18; 14:18)

Дом. република - Италија 0:2 (11:16; 9:15)

ЧЕТВРТОК (10.07.2008)

3. КОЛО

09:30 Бразил - Дом. република

13:30 Норвешка - Италија

20:00 Србија - Украина

ГРУПА "Б"

1. КОЛО

Македонија - Кина 2:0 (18:14;18:13)

Русија - Уругвај 1:2 (10:6; 4:10; 2:6)

Хрватска - Шпанија 2:1 (20:18; 14:22; 9:5)

ЧЕТВРТОК (10.07.2008)

2. КОЛО

10:30 Шпанија - Русија

11:30 Кина - Хрватска

12:30 Уругвај - Македонија

3. КОЛО

17:00 Хрватска - Уругвај

18:30 Русија - Македонија

19:30 Шпанија - Кина

МАЖИ

ГРУПА "А"

1. КОЛО

Русија - Србија 1:2 (18:22; 14:11; 4:7)

Хрватска - Уругвај 2:0 (20:8; 22:10)

Унгарија - Иран 2:0 (14:10; 18:12)

ГРУПА "Б"

1. КОЛО

Египет - Либан 2:0 (14:11; 20:8)

Пакистан - Турција 0:2 (17:19; 10:18)



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 20.Јули.2008 во 16:53

В ПОНЕДЕЛНИК ПОЧНУВА 16. СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ЗА ЈУНИОРКИ НА КОЕ 20 СЕЛЕКЦИИ ЌЕ СЕ БОРАТ ЗА ТИТУЛАТА

Светот ќе добие нов јуниорски првак

Прилогот го подготви:

Дејан Михајловски

Од 21 јули до 3 август Македонија одново ќе биде домаќин на најдобрите женски селекции во јуниорска конк*ренција. Вторпат во пет години нашата земја има чест да ги пречека најдобрите 20 репрезентации од целиот свет во категоријата до 20 години.

Јуниорските првенства редовно се отскочна штица за многу млади ракометарки. Ова е шанса за секоја од нив да успее да се докаже и да си обезбеди место во сениорските репрезентации на својата земја.

На ваквите натпреварувања редовно се случуваат изненадувања. Фаворитите секогаш и има, но тие не победуваат бидејќи редовно се случуваат промени во формата, па тоа знае да донесе до непредвидливи резултати.

Во групата на селекции од кои се очекува да обезбедат место во полуфиналето или се наоѓаат најблизу до место меѓу најдобрите четири, секако, се носителите на четирите групи: Данска, Романија, Кореја и Шпанија. Тоа е главната група на фаворити за медалите на овој шампионат, а другите ќе имаат таква можност да им ги помрсат сметките и да ги напаѓаат во текот на целиот шампионат. Секој што ќе успее да освои бодови против овие репрезентации ќе може да каже дека направил добра работа бидејќи секој поен против овие четири селекции значи и чекор поблизу до следната рунда.

На овој шампионат за многумина Данска е фаворитот број еден. Ова се однесува пред с$ на добрите резултати кои оваа генерација ги бележи веќе три години наназад. Кореја пред две години во кадетска конк*ренција играше во финалето на Светскиот шампионат, но времињата се менуваат, а во Македонија ќе има неколку селекции кои тогаш не играа и сега имаат многу поквалитетен тим, така што никој нема загарантирана позиција во завршните борби за трофеите.

Зад носителите во втората група има поголем број селекции кои имаат еднакви шанси за да изненадат, па дури и да се најдат пред четирите главни фаворити. Словенија, Црна Гора, Хрватска, Франција, Унгарија, Германија се репрезентациите од кои ќе се чека да изненадат. Квалитетот кој го демонстрираа при игрите во квалификациите покажуваат дека тие имаат сили да дојдат до победа и против посилните од нив.

Тешко е да се каже која од овие шест селекции отскокнува во однос на квалитетот со оглед на фактот што досега немаат многу заеднички натпревари, па тука се нијанси во прашање.

Доколку Македонија имаше повеќе контролни средби тогаш сигурно нашата репрезентација ќе беше во оваа група заедно со шесте селекции. Вака останува отворено прашањето дали имаме сили за да одиме многу погоре од сите очекувања.

Другите селекции остануваат во последната група. Многу е тешко да се верува дека некоја репрезентација од оние кои беа рангирани во последните два шешири пред ждрепката ќе може да изненади и да се пласира меѓу најдобрите осум на првенството.

Во секој случај светот ќе добие нов првак во јуниорска конк*ренција бидејќи Русија која ги освои последните три титули нема да игра во Македонија. Прашањето е кој ќе се најде на тронот на 3 август.

Недостигаат Русија, Норвешка....

Овој шампионат ќе биде осиромашен за неколку селекции кои редовно имаат добри јуниорски тимови. Русија, која е сопственик на последните три титули, немаше среќа во квалификациите и загуби во Црна Гора така што не успеа да се најде меѓу 20 репрезентации кои ќе играат на овој шампионат.

Порак Русинките ќе недостигаат и Норвежанките, Србинките, Швеѓанките така што првеството сигурно ќе биде осиромашено без нив, но сигурно ќе понуди квалитетни игри и со оние состави кои успеаја да си обезбедат место меѓу најдобрите 20 во светот.

Данска со три злата

Селекцијата на Данска важи како прв фаворит пред с$ поради фактот што оваа генерација веќе има освоено три титули. Данките победија во 2005 година на кадетското Европско првенство, а една година подоцна и на Светското.

Покрај тоа и во јуниорска конк*ренција се европски шампионки, па овде ќе се обидат да ја комплетираат колекцијата.

СУДИИ

ГРУПА "А"


Матија Губица/Борис Милошевиќ (Хрватска)

Кијоши Хизаки/Томоказу Икебучи (Јапонија)

Ким Андерсен/Пер Мортен Содал (Норвешка)

ГРУПА "Б"

Ѓорѓи Начевски/Славе Николов (Македонија)

Клодоалдо Паз/Сержо Соуза (Бразил)

Валериа Гушева/Стела Вартањан (Русија)

Малгоржата Голус-Счубелак/Моника Новак (САД)

ГРУПА "Ц"

Хенри А. Ахифон/Ерик Џ. М. Ниот (Камерун)

Андерс Бирх/Денис Стенранд (Данска)

Анис Беји/Сами Фарах (Тунис)

Татјана Ракитина/Ирина Ткачук (Украина)

ГРУПА "Д"

Петер Хорват/Балаш Мартон (Унгарија)

Ахмед Ал Мутава/Хосем Ал Суваилем (Кувајт)

Ненад Николиќ/Душан Стојковиќ (Србија)

ДЕЛЕГАТИ

ГРУПА "А" - СКОПЈЕ


Маноел Луиз Оливеира (Бразил)

Карин Нилсон Грин (Шведска)

Саид Боуамра (Алжир)

Неделко Неделковски (Македонија)

ГРУПА "Б" - ГЕВГЕЛИЈА

Марио Гарсиа де ла Торе (Мексико)

Фабиано Фереира М. Редондо (Бразил)

Роналд Бурги (Швајцарија)

Мајкл Д. Кавануг (САД)

ГРУПА "Ц" - ОХРИД

Бадер Ал - Тејаб (Кувајт)

Д-р Францоис Гнамиан (Б. С. Коска)

Франтишек Таборски (Чешка)

Манфред Праузе (Германија)

ГРУПА "Д" - ВИНИЦА

Насер Абу Марзок (Кувајт)

Гунал Енсари (Турција)

Душан Поповиќ (БиХ)

Драган Начевски (Македонија)

ИСТОРИЈАТ

ГОДИНА ДОМАЌИН ЗЛАТО СРЕБРО БРОНЗА


1977 Романија Југославија СССР Романија

1979 Југославија СССР ДДР Југославија

1981 Канада СССР Југославија СР Германија

1983 Франција СССР ДДР Кореја

1985 Кореја СССР Кореја Полска

1987 Данска СССР Данска ДДР

1989 Нигерија СССР Кореја Бугарија

1991 Франција СССР Кореја Данска

1993 Бугарија Русија Бугарија Кореја

1995 Бразил Романија Данска Норвешка

1997 Б. С. Коска Данска Русија Романија

1999 Кина Романија Литванија Данска

2001 Унгарија Русија Унгарија Германија

2003 Македонија Русија Унгарија Норвешка

2005 Чешка Русија Норвешка Кореја

2008 Македонија ? ? ?



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 23.Јули.2008 во 14:31

ДЕН ПОСЛЕ ЖДРЕПКАТА ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ЕХФ ОДРЖАА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА

Античкиот амфитеатар, полн погодок

По одлично организираната ждрепка која се одржа во неделата во Охрид на античкиот амфитеатар, вчера во просториите на хотелот Метропол се одржа прес-конференција на која челниците на ЕХФ и РФМ се обратија со впечатоците од она што беше прикажано.

Задоволството е евидентно. Вестите се позитивни и с$ е во најдобар ред засега. Посебно позитивни беа коментарите за организацијата на ждрепката на отворено бидејќи ова е првпат да се одржи ждрепка за едно ЕП на отворено, но и на таков објект кој е изграден пред повеќе од 20 века.

"И честитам на РФМ за одлично организираната ждрепка. Идејата да ни ја покажат историската позадина за спортот беше одлична, каде што видовме комбинација на спорт и култура. Првпат видов ваква организација на ждрепка и беше едно одлично искуство од наша страна. Првпат сум во Охрид и можев да се уверам колку е прекрасен овој град. Мислев дека сум во Медитеранска земја, а впечатокот беше зголемен со ноќната прошетка со бродот", рече на почетокот на пресот, претседателот на ЕХФ, Тор Лиан.

Покрај тоа, Лиан говореше и за тоа што треба да се сработи во следниот период за да може на првенството да се има максимална посетеност.

"Ова првенство е едно водечките. Кога мислиме на гледачи имаме максимално позитивен развој. Ова е голем настан за Македонија. Имаме многу добра соработка со РФМ, а се надевам дека ќе имаме успешно првенство бидејќи ова е навистина потребно. Луѓето во Македонија се компетентни, посветени и искусни организатори. Се радуваме да ја поканиме Европа во Македонија. Сигурен сум дека знаете дека многу овие еипи ќе оимаат навивачи со нив. Имаше поплаки да се донесат навивачи по воздушен пат, се надевам дека ќе поработите на тоа да се направат салите поживи. Мислам дека секој кој го искусил македонското гостопримство ќе сака да се врати уште еднаш. Задоволни сме. Се радуваме и ги броиме деновите до 2 декември", заврши Лиан.

Инаку, вчерашниот прес пред с$ беше за да се потенцира дека Македонија одлично ја сработи својата задача и дека идејата да се организира ваква манифестација на отворено и во историски објект е одлична.

Што се однесува до салите каде што е планирано да се играат средбите с$ е во најдобар ред. За салата во Скопје беше кажано дека тоа е прекрасен спортски објект, додека за во салата во Охрид постои задоволство од тоа што досега е сработено.

МИХАЕЛ ВИДЕРЕР

Датите за првиот меч веќе познати


Генералниот секретар, Михаел Видерер објасни како ќе течат натпреварите во првата фаза на првенството.

"Македонија покажа дека е одличен организатор на вакви манифестации. Се виде дека подготвеноста е одлична и дека може веднаш да се каже која група во кој град ќе игра. Покрај тоа веднаш го изработивме и распоредот, а се знае и на кои дати ќе се одиграат средбите. Според тоа натпреварите од групите "Ц" и "Д" ќе почнат на 2 декември, а ќе се играат со ден одмор. Додека групите "А" и "Б" ќе почнат на 3 декември. Исто така и овде средбите се играт со ден одмор", рече Видерер.

ТРИФУН КОСТОВСКИ

Голем ден за Македонија


Претседателот на РФМ, Трифун Костовски имаше пофални зборови за тоа како се одвиваше ждрепката.

"Ова е голем ден за Македонија посебно за Скопје и Охрид. Спортот припаѓа на сите. Задоволен сум од групата во која се најдовме. Сепак, најмногу ќе зависи од девојките и нивната мотивираност. Би посакал на сите натпревари да ги бодриме максимално девојките. Да ја почувствуваат поддршката, додека на другите тимови им посакувам да имаат добар прием и во Скопје и во Охрид. Да го почувствуваат духот на Македонија".

Почнуваме против Германија

Според распоредот кој веќе е направен за првата фаза, Македонија ќе стартува против селекцијата на Германија, а средбата ја игра на 2 декември. Потоа се продолжува против Хрватска, а последниот дуел во групата "Д" го имаме со селекцијата на Србија.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ГРУПА "А" (СКОПЈЕ)

1. КОЛО (03.12.2008)


Франција - Данска

Унгарија - Романија

2. КОЛО (05.12.2008)

Романија - Франција

Данска - Унгарија

3. КОЛО (07.12.2008)

Франција - Унгарија

Данска - Романија

ГРУПА "Б" (ОХРИД)

1. КОЛО (03.12.2008)


Норвешка - Шпанија

Португалија - Украина

2. КОЛО (05.12.2008)

Украина - Норвешка

Шпанија - Португалија

3. КОЛО (07.12.2008)

Норвешка - Португалија

Шпанија - Украина

ГРУПА "Ц" (ОХРИД)

1. КОЛО (02.12.2008)


Русија - Австрија

Шведска - Белорусија

2. КОЛО (04.12.2008)

Белорусија - Русија

Австрија - Шведска

3. КОЛО (06.12.2008)

Русија - Шведска

Австрија - Белорусија

ГРУПА "Д"

1. КОЛО (02.12.2008)


Германија - Македонија

Хрватска - Србија

2. КОЛО (04.12.2008)

Србија - Германија

Македонија - Хрватска

3. КОЛО (06.12.2008)

Германија - Хрватска

Македонија - Србија

Семинари во септември и октомври

За да може организацијата на првенството да мине во најдобар ред во септември и октомври ќе бидат организирани и семинари. Според планот во септември ќе има состанокот со екипата која ќе ги работи ТВ преносите, а од 2 до 4 октомври ќе се одржи семинар со водачите на делегаците на сите 16 селекции што ќе биде вовед за Европското првенство.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 23.Јули.2008 во 14:32

МАКЕДОНИЈА СО ПОБЕДА ОД 33:16 ПРОТИВ АВСТРАЛИЈА СТАРТУВАШЕ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО СО ОЧЕКУВАНИ БОДОВИ

Успешен старт на Мундијалот

МАКЕДОНИЈА - АВСТРАЛИЈА 33:16 (16:9)

Сала: СРЦ "Билјанини извори" во Охрид. Гледачи: 1000. Судии: Гушева и Вартањан од Русија. Делегати: Праузе од Германија и Таборски од Чешка.

МАКЕДОНИЈА

Крстевска 12

Срњакова 4/5

Георгиевска 0/1

Илиоска 4/4

Стојковска 5/7

Штериова 3/3

Когој 2/5

Стојановиќ 6

Гроздановска 6/7

Николовска 1/2

Анчева 0/2

Петковска 7/12

Беба 0/2

Серафимовска 1/2

Седмерци: 0/2

Исклучувања: 2

Тех. грешки: 23

АВСТРАЛИЈА

Луис 6, 1 с

Перинс 1

Ван Бусел 1/3

Мекдоналд

Најдовски

Кејт

Поточки 4/9

Лукас 1/3

Ван дер Мерве 0/2

Смиљаниќ 7/19

Блондел 1/3

Томас 2/4

Паркер 0/1

Седмерци: 2/2

Исклучувања: 8

Тех. грешки: 31

Јуниорската селекција на Македонија стартуваше со победа од 33:16 на Светското првенство откако против Австралија очекувано се одигра доволно, колку што беше потребно за да се забележи овој убедлив триумф.

Тремата која што се очекуваше да биде присутна на почетокот на средбата беше надмината со првите два напади. Ивана Петковска, а потоа и Кристина Илиоска беа стрелци на првите два гола за Македонија. Голманот Стојановиќ запре три топки во само три минути игра, така што немаше многу проблеми за да се направи предност од два гола разлика.

Австралија успеа да се врати во игра и во 5 минута од мечот резултатот беше 3:2.

Следните пет минути од мечот не донесоа премногу новости во играта на теренот. Македонија и покрај грешките кои ги имаше во нападот успеваше да го зголемува водството и да се одржува во ритам. Во 10. минута водеше веќе со 6:3, а само три минути подоцна на семафорот стоеше резултат од 8:3 што до тој момент беше највисокото водство.

Место да се продолжи по ова водство да се игра во ист ритам и да се оди до крајот со сите сили, се дозволи противникот да наметне своја игра. Неколку напади во коишто не успевавме да постигнеме гол не ставија во незгодна ситуација бидејќи Австралија направи серија од 5:2 со што во 20 минута намали на два гола разлика, 10:8.

Откако после ова Австралијките останаа без најдобрата ракометарка работите им станаа далеку покомплицирани и потешки и на теренот не одеше с$ како што се посакуваше. Тоа значеше дека Македонија полека успева да воспостави контрола на резултатот, а полека но сигурно се одеше и кон сигурна предност која даваше шанса за многу посмирена игра во продолжението.

До крајот на првиот дел Македонија успеа да зголеми на седум гола и на паузата да замине со седум гола предност, 16:9. Користејќи го отсуството на Георгиевска лидер во нападот беше левиот бек Петковска, додека помош имаше и од другите свои колешки.

Второто полувреме и двете репрезентации го почнаа во грч. Имаа дури по три технички грешки, така што првиот гол беше постигна Гроздановска по четири минути игра.

Сепак, продолжението од средбата донесе многу поефикасна игра. Се играше нешто послободно во нападот, па првпат водевме со десет гола разлика во 41. минута. Тоа беше најава дека, сепак, ќе дојдеме до двоцифрена победа. На семафорот стоеше резултат од 21:11, после кој се очекуваше разликата постојано до расте за убедлив триумф на стартот на шампионатот.

Она што се претпоставуваше почна да се случува бидејќи девојките продолжија со слободната игра. Полесно наоѓаа решение во нападот, па разликата од минута во минута растеше, што значеше шанса за сите ракометарки кои беа во составот да покажат колку можат.

До крајот немаше проблеми за да зачува разликата и да биде уште повеќе зголемена. Меѓутоа кога се мислеше дека позитивата оди над 20 разлика тогаш дојде до мало опуштање, па застанавме на 17 разлкика и конечни 33:16.

Поточки заработи црвен

Левиот бек на репрезентацијата на Австралија и дефинитивно најдобрата ракометарка во оваа селекција, Сали Поточки на почетокот на 21 минута мораше да го напушти теренот. Судиите од Русија престрого и го покажаа патот кон соблекувалната по еден прекршок кој го направи над Марија Когој. До тој момент таа беше најдобрата и најефикасна ракометарка на Австралија.

Градоначалниците говореа на отворањето

Пред одигрувањето на мечот меѓу Македонија и Австралија имаше кратка церемонија во која како што е обичај на ваквите настани беше отворен шампионатот. Свој говор одржаа градоначалниците на Скопје, Трифун Костовски и Охрид, Александар Петревски. Како претставник од ИХФ, на ракометарките коишто ќе играат им се обрати делегатот од Брегот на Слоновата Коска, Д-р Гнамиан.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 27.Јули.2008 во 11:09
Originally posted by blueprayer blueprayer напиша:

<p ="WB_MKS_Nadnaslov" id="Articleing" align="justify">МАКЕДОНИЈА СО ПОБЕДА ОД 33:16 ПРОТИВ АВСТРАЛИЈА СТАРТУВАШЕ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО СО очекувани БОДОВИ


<p align="justify"><span ="WB_MKS_Naslov" id="ArticleTitle">Успешен старт на Мундијалот</span



Успешен СТАРТ.........катастрофален ФИНИШ



-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 28.Јули.2008 во 14:12

МАКЕДОНИЈА ВЕЧЕРВА ГО ИГРА РЕШАВАЧКИОТ МЕЧ ЗА ПЛАСМАН НА 3. МЕСТО ВО ГРУПАТА И ЗА МЕСТО ВО ВТОРАТА РУНДА НА МУНДИЈАЛОТ

Победа за Охрид или пат за Гевгелија

Вечерва е денот "Д" за Македонија, кога на мечот против Бразил ќе се бориме за пласман во втората рунда и за продолжение на шампионатот меѓу најдобрите 12 селекции.

Од 21 часот вечерва во СРЦ "Билјанини извори" репрезентацијата на Македонија ќе има голем предизвик против составот на Бразил да надомести за пропуштеното во претходните средби. Денеска нема избор и можност за тактизирање. Единствениот избор за Македонија е победа бидејќи само така може да се дојде до место во следната фаза.

Македонија се наоѓа на 4. позиција, па затоа денеска ќе мора да бидат вложени сите напори за да се успее во намерите и да се дојде до победа. Единствено два бода против Бразил н$ носат во следната рунда и за нас значат место во втората фаза.

Денеска се решава едно многу важно прашање за нас. Вечерва ќе падне одлука каде Македонија ќе игра од понеделник. Постојат две опции. Првата е да продолжиме со настап во Охрид, што посакуваат сите. Втората е Гевгелија и таа е во опција само доколку се случи нешто што ќе делува поразително за сите.

После двата порази, кои може да се каже дека на некој начин беа и очекувани прашање е дали ќе се успее во намерите девојките да се вратат на психолошки план. Нема да биде воопшто лесно и тоа е потполно јасно. Посебно поради играта која беше демонстрирана на натпреварот одигран во четвртокот против Хрватска кога цели 12 минути се мачевме за да ја сместиме топката во голот на противникот.

"Ништо не може да кажеме предвреме. Еден Исланд дојде на екск*рзија во Македонија, а успеа да ја совлада Германија која ја вбројуваа меѓу фаворитите за прво место. Ние ќе се обидеме да направиме с$ за да дојдеме до победа, а нема да биде ништо чудно и да загубиме од Бразил. С$ е можно на оваа средба. Јас верувам во девојките дека тие имаат сила за да стигнат до победа на натпреварот против Бразил, а самиот пласман во вториот круг ќе биде големо искуство за сие ракометарки", вели селекторот Георгиевски пред одигрувањето на денешната средба.

Факт е дека денеска ќе биде денот "Д" за репрезентацијата на Македонија. Нема избор и тоа го прави мечот посебно интересен и максимално предизвикува за уште еднаш салата СРЦ "Билјанини извори" да биде исполнета до последното место.

Подготовките веќе се направени. Играта на Бразил е простудирана на три средби и според тоа се очекува на теренот да се види квалитетот на Македонија. Тактиката е подготвена и вистинското треба да го очекуваме што судиите ќе означат почеток на средбата.

"Бразил игра чудна одбрана за сите нас. Игра некаков полупресинг постојано 3-3 и го бркаат противникот по теренот. Затоа за нас е потребно да играме еден на еден на овој дуел и секој играч ќе мора да покаже колку е подготвен на технички план. Ќе мора и пикерите да прават повеќе блокади, крилата да се уфрлаат за да добиеме и на простор. Ќе мора оние работи коишто ќе ги договориме пред мечот и да ги спроведеме на теренот".

За да се случи сето ова кое го посакуваме ќе мора да го надминеме сето она што го направивме на мечот против Хрватска. Имавме премногу лошо отворање на мечот, а потоа само на моменти игравме како што сите посакуваат што во никој случај не беше доволно за да се оствари добар резултат.

Грешките коишто беа правени ќе бидат можност за анализи. Можност да се види зошто девојките одиграа премногу неодговорно. Шутираа од сите позиции без да размислуваат. Токму поради тоа имаше премногу промашувања коишто влијаеја и на резултатот на крајот од средбата.

"Хрватска има фантастична генерација и игра модерен ракомет, па нашите девојки имаат што да научат. И на овој меч одново кикснавме пред с$ од нашето неискуство. Пред полна сала самите девојки во желба да постигнат некаков максимум одеа од грешка во грешка. Пробавме да направиме с$ за да ги смириме, но тие само продолжија со грешките. На овој меч не можеше да настапи ниту Ивана Петковска која се повреди, а Елена Георгиевска игра со пола сила. Нивното време допрва доаѓа и од овие селекции имаат можност само многу да научат. Би и се заблагодарил на публиката која многу им помага на девојките. И кога нема да можат и кога ќе губиме десет разлика ние играме како да е нерешено".

Во секој случај секој меч е ново искуство за нашите репрезентативки. Меѓутоа, после три средби не може повеќе да се каже дека тремата го прави своето. Искуството можеби и може да се кажува како причина за ваквата игра, но тремата, сепак, не е оправдание бидејќи првенството е веќе на пола и тоа треба да е надминато.

Веројатно од сите работи коишто се случија на теренот во четвртокот најдоброто беше тоа што тренерите и дадоа шанса на најмладата, Наташа Антиќ да може да настапи на овој дуел и да дебитира со можеби идниот носител на некој од медалите.

"Ние сме тим и кога ќе погреши една сите грешат. На почетокот ништо не ни одеше од рака. Разликата меѓу нас и Хрватска беше во голманите. Кај нас, пак, голманите беа далеку од потребното ниво. Затоа, одлучив да и дадам шанса на малата Наташа Антиќ која има само 15 години бидејќи денеска немавме воопшто помош од голманите", заврши Георгиевски.


Петковска повторно неизвесна

Левиот бек, Ивана Петковска и за последниот меч од групата "Ц" е неизвесна за настап. Повредата на зглобот може да ја спречи да игра и на овој дуел. С$ уште има оток и тоа беше причината поради која не настапуваше на мечот против Хрватска. Сепак, се прават напори таа да може да игра на последниот дуел од групата и да помогне да дојдеме до победа и пласман во втората рунда.

ЗОРАН МЛИНАРИЌ (СЕЛЕКТОР НА ХРВАТСКА)

Ќе навиваме за Македонија


Селекторот на Хрватска, Зоран Млинариќ рече дека ја посакува Македонија во групата за вториот круг и вели дека тоа е остварливо.

"Отсега ќе почнеме со срце да навиваме за Македонија бидејќи доколку успее да помине во втората фаза тогаш ќе имаме одново полна сала. Се надевам дека и ќе бидат во комплетен состав и ќе можат да ни помогнат да дојдеме до што подобар пласман бидејќи чекаме да дојдат до победа против некој од противниците кои доаѓаат од Виница".

Што се однесува до средбата одиграна во четвртокот, за тој дуел вели дека е изненаден од развојот на настаните, но важно е што неговиот тим го оствари планот.

"Овој натпревар беше важен за нас бидејќи овие бодови се пренесуваа во следниот круг. Затоа сакавме да прокнижиме два нови поени. Мислам дека овој меч беше големо искуство за нашите девојки. Не знам дали досега имале можност да играат во ваков амбиент и пред полна сала. Сметам дека за сите нив ова ќе биде вистинско искуство за некој друг пат да не се плашат ниту од публиката ниту од навивањето. Знаевме дека Македонија има проблеми со повредите и дека нема да настапи во комплетен состав. Штета за натпреварот бидејќи така ќе беше далеку подобра средба. Ние сме задоволни од нашата игра посебно во првото полувреме".

МАРТА ЖДЕРИЌ (ХРВАТСКА)

Игравме со 120 посто од силите


Една од подобрите во составот на Хрватска на дуелот против Македонија, голманот Марта Ждериќ имаше свој коментар за настаните на теренот.

"Влеговме 120 посто. Знаевме што не очекува. Не е исто да се игра против Кореја или против Македонија. Македонија има добри ракометарки и поединци. Ние влеговме подобро како тим. Игравме сите за една. Немаше разлика. Кога дававме голови се веселевме и тоа пресуди на крајот", рече Ждериќ.

СИМОНА ГРОЗДАНОВСКА

Данок на неискуството


На почетокот на средбата Македонија одигра неверојатно и ништо не одеше како треба бидејќи беа примени многу голови, а првиот го дадовме дури во 12 минута.

"Првите десетина минути се случуваше чудо на теренот. Тоа е резултат на неискуството. Ние сме млада репрезентација, па кога еден ќе почне да греши другите продолжуваат. Место да ја смириме играта и да продолжиме со поорганизирана игра во напад, ние бевме далеку од ова туку влагавме во с$ поголеми грешки. Одбраната на Хрватска е над 180 сантиметри, а ние некогаш шутиравме и од десетина метри па не можевме да пробиеме", вели Гроздановска.

БЕЛМА БЕБА

Подготвени сме за Бразил


Пред дуелот против Бразил, во таборот на Македонија се размислува максимално позитивно и покрај тоа што се случи со Хрватска.

"Подготвени сме посебно за дуелот против Бразил. Знаеме што не очекува и ќе мораме да покажеме дека знаеме како да дојдеме до победата. Против Хрватска одигравме неверојатно лошо и ниту една девојка не одигра како што треба. Имавме премногу грешки и во напад и во одбрана, а немавме решение за голманите на противникот", вели Беба.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 28.Јули.2008 во 14:17

РАСПОРЕД И РЕЗУЛТАТИ

ПРВА ФАЗА

ГРУПА "А" (СКОПЈЕ)

1. ДЕН

Унгарија - Исланд 23:23 (10:10)

Словенија - Германија 26:29 (13:15)

2. ДЕН

Исланд - Словенија 26:26 (13:10)

Романија - Германија 30:38 (17:15)

3. ДЕН

Унгарија - Романија 27:26 (14:12)

4. ДЕН

Германија - Исланд 23:24 (13:11)

Словенија - Унгарија 24:33 (12:16)

5. ДЕН

Исланд - Романија 28:32 (13:15)

26.07.2008

19:00 Германија - Унгарија

21:00 Романија - Словенија

ТАБЕЛА

1. Унгарија 3 2 1 0 83:73 5

2. Германија 3 2 0 1 67:56 4

3. Исланд 4 1 2 1 101:104 4

4. Романија 3 1 0 2 88:93 2

5. Словенија 3 0 1 2 76:88 1

ГРУПА "Б" (ГЕВГЕЛИЈА)

1. ДЕН

Црна Гора - Ангола 31:23 (15:13)

Казахстан - Јапонија 27:31 (13:13)

2. ДЕН

Јапонија - Црна Гора 30:31 (16:13)

Данска - Ангола 32:25 (16:17)

3. ДЕН

Казахстан - Данска 22:33 (10:16)

4. ДЕН

Ангола - Јапонија 26:24 (15:11)

Црна Гора - Казахстан 30:28 (18:15)

5. ДЕН

Јапонија - Данска 28:34 (10:16)

26.07.2008

19:00 Ангола - Казахстан

21:00 Данска - Црна Гора

ТАБЕЛА

1. Данска 3 3 0 0 99:75 6

2. Црна Гора 3 3 0 0 82:81 6

3. Јапонија 4 1 0 3 113:118 2

4. Ангола 3 1 0 2 74:87 0

5. Казахстан 3 0 0 3 77:94 0

ГРУПА "Ц" (ОХРИД)

1. ДЕН

Хрватска - Бразил 33:25 (16:11)

Македонија - Австралија 33:16 (16:9)

2. ДЕН

Австралија - Хрватска 18:53 (8:24)

Кореја - Бразил 37:32 (22:9)

3. ДЕН

Македонија - Кореја 27:35 (10:19)

4. ДЕН

Бразил - Австралија 34:12 (18:6)

Хрватска - Македонија 34:20 (16:6)

5. ДЕН

Австралија - Кореја 12:39 (7:18)

26.07.2008

19:00 Кореја - Хрватска

21:00 Бразил - Македонија

ТАБЕЛА

1. Хрватска 3 3 0 0 120:63 6

2. Кореја 3 3 0 0 111:71 6

3. Бразил 3 1 0 2 91:82 2

4. Македонија 3 1 0 2 80:85 2

5. Австралија 4 0 0 4 58:159 0

ГРУПА "Д" (ВИНИЦА)

1. ДЕН

Франција - Тајван 39:22 (21:11)

Аргентина - Алжир 31:18 (13:13)

2. ДЕН

Алжир - Франција 18:34 (8:15)

Шпанија - Тајван 27:19 (14:10)

3. ДЕН

Аргентина - Шпанија 14:22 (8:11)

4. ДЕН

Тајван - Алжир 28:18 (14:6)

Франција - Аргентина 28:16 (12:9)

5. ДЕН

Алжир - Шпанија 14:22 (8:13)

26.07.2008

19:00 Тајван - Аргентина

21:00 Шпанија - Франција

ТАБЕЛА

1. Франција 3 3 0 0 101:56 6

2. Шпанија 3 3 0 0 71:47 6

3. Аргентина3 1 0 2 61:68 2

4. Тајван 3 1 0 2 69:84 2

5 . Алжир 4 0 0 4 75:108 0



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 30.Јули.2008 во 17:14

КАРИН НИЛСОН ГРИН, СУПЕР ВИЗОР НА СВЕТСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА ЗА СВЕТСКОТО ЈУНИОРСКО ПРВЕНСТВО

Македонија стана модерен организатор

ИХФ и на третото светско првенство во јуниорска конк*ренција како набљудувач ја испрати Швеѓанката Карин Нилсон Грин, претседател на седумчлената комисија на ИХФ за промоција и односи со јавност.

За Грин, како и да е, ова не е трето службено патување во Македонија, била и претходно и со задоволство реши да направи споредба околу тоа како е сега и како било порано на ракометните случувања во Македонија.

"Можам да кажам дека Македонија стана модерен организатор на првенствата и многу ми е мило затоа што тоа е така. Се води сметка на сите детали кои се важни за учесниците и с$ функционира како што треба", вели Грин.

Деталите се всушност оние ситници кои на организаторот му задаваат многу главоболки, а не се видливи за гледачите.

"Тоа е сместувањето, превозот, медиа центрите и сите работи кои се јавуваат како тековни. За Македонија ова е трето првенство и одлично знае да се снајде во сите ситуации", вели Грин.

- Вие не сте првпат во Македонија, бевте во улога на официјален претставник на ИХФ и на претходните две првенства.

"Да, но јас сум била и претходно во Македонија. Ова е мој петти пат да сум овде. Првпат во квалификациите за женското сениорско првенство во 1997 година. Тогаш бев шеф на делегацијата на Шведска, игравме квалификации со Македонија. Морам да забележем дека има огромна промена од тогаш до сега. Тогаш, ако смеам така да се изразам, а да не навредам никого, Македонија беше многу 'источна' земја. Условите во кои игравме беа навистина лоши. Салата беше валкана и несредена, паркетот беше нерамен. Се сеќавам дека нашите девојки беа многу исплашени што доаѓаат да играат во Македонија. Публиката беше нервозна, летаа и предмети кон нашите играчи. Паметам дека имавме шанса и да победиме, но не успеавме во последниот напад, па Македонија замина на СП", вели Грин.

- Следниот пат?

"По тоа бев во 1998, значи една година подоцна. Повторно со репрезентацијата. Ништо посебно не беше променето. Безмалку беше идентично како и претходната година, разликата беше во тоа што знаевме помалку-повеќе што да очекуваме", изјави Грин.

- Вашето наредно гостување беше во 2003, на светското јуниорско првенство...

"Тогаш бев навистина пријатно изненадена. С$ беше поинаку. Салата беше средена, публиката пријатна, с$ функционираше како што треба. Многу ми беше мило што е така, затоа што јас го сакам и го сфаќам македонскиот народ. Овде има голема ракометна публика, луѓе кои го разбираат и го сакаат ракометот", вели Грин.

- 2007, па сега 2008...

"Се оди напред. Реков Македонија стана модерен организатор и сега е вистинско задоволство да се доаѓа овде. Сите луѓе вршат одлична работа. И претставниците на федерација и медиумите. Условите се одлични и во салите. Со нетрпение чекам да видам како ќе изгледа сето тоа во новата сала... Би сакала да се заблагодарам за работата што ја работите. С$ е одлично и сите треба да се задоволни. Јас сега заминувам во Охрид, но се враќам! За натпреварите од завршницата одново ќе бидам во Скопје", изјави Грин.

РФМ и Шведска имаат одлични односи

"Морам да кажам дека односите меѓу македонската и шведската ракометна федерација се одлични и дека одлично соработуваме. Би издвоила само дека Македонија се откажа од организацијата на ЕП 2006 во корист на Шведска кога ние добивме организација. По тоа Шведска се откажа во корист на Македонија за 2008 и вие добивте. Не се сомневам дека и тоа првенство ќе биде перфектно организирано и дека наскоро одново ќе имаме шанса да соработуваме", вели Грин.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 03.Август.2008 во 09:53
Ракомет: Јуниорките 18-ти

Македонските ракометни јуниорки се пласираа на разочарувачкото 18-то место во конк*ренција на 20 земји учеснички на Светското првенство во нивната возрасна категорија што се одржува во земјава.

Лошиот настап на мундијалот го завршија со уште еден пораз, вкупно петти во осмиот натпревар што беше круна на лошите изданија на шампионатот.

Денеска во Скопје загубија со 26:25 од селекцијата на Кинески Тајпеј, во борбата за 17-та позиција на конечната табела.

Катастрофално, но послаби од нив на планетарниот светски младински ракометен собир се само две репрезентации.

Пласман од 13 до 20 место:

13 место

Исланд - Јапонија 27:26

15 место

Словенија - Алжир 33:27

17 место

Македонија - К. Тајпеј 25:26

19 место

Казахстан - Австралија 32:22

-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 04.Август.2008 во 14:15
ОДРЖАНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА КЛУБОВИТЕ

Прво коло: Вардар - Металург!

Во првото коло од следната сезона ќе се сретнат двата најдобри македонски клуба, Вардар и Металург, а домаќин ќе биде екипата на Вардар. Безмалку идентично како и минатата сезона. И тогаш во првото коло играа овие два тима, но домаќин беше тимот на Металург.

Првенството ќе почне на 5 септември, што значи дека дербито ќе биде одложено бидејќи Металург тој викенд игра во Измир во квалификациите на Лигата на шампионите.

Побарано е од екипите кои учествуваат во Супер-лигата да се изјаснат дали Супер-лигата би се проширила. Барање за влез во Супер-лигата има од екипите на Т. Комбинат и на тимот на Струмица.

Доколку едногласно не биде поддржано ова барање, нема да има проширување, доколку биде, ќе оди на УО и на собрание на клубови.

Подносителите на барањето до крајот на неделава ќе бидат информирани дали имаат поддршка од членовите на Супер-лигата.


-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 05.Август.2008 во 16:06
ЖЕНСКАТА ЈУНИОРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА ЗАВРШИ СО НАСТАПОТ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО СО ПЛАСМАН НА 18. МЕСТО

Ова е реалноста во моментов

Репрезентацијата на Македонија го заврши настапот на Мундијалот како најслабопласирана европска селекција.

Македонија во моментов е 18. селекција во светот. Ова е факт којшто никој не може да го демантира, никој не може ниту да го избрише или да го поправи со некакво објаснување или оправдание. Тоа е реалноста на која ситемораат да & погледнат во очи и што побрзо да го најдат проблемот бидејќи така ќе можеме да продолжиме напред.

Пред почетокот на првенството никој не постави барање од оваа генерација дека таа мора да дојде до медал. Никој не рече ниту дека репрезентацијата на Македонија мора да биде и меѓу првите осум. Едноставно девојките живееја во некој сон според кој очекуваа да се пласираат дури и во финалето. Веруваа во себе, но не беа свесни дека другите селекции имаат одлични тимови коишто со години наназад играат заедно и имаат голем број контролни средби.



И сега откако е с$ завршено, а се пласиравме дури на 18. место многу е тешко да кажете дали ова е неуспех и разочарување или овој резултат е само една реалност на младинскиот ракомет во Македонија.

Сите ние очекувавме барем едно. Самите ја избравме групата и токму поради тоа сметавме дека вториот круг ни е загарантиран. Пласманот во овој втор круг за нас ќе беше голем успех и веќе по првата недела ќе кажевме дека сме го добиле она што сме го посакувале од оваа генерација и далеку поопуштено ќе ги следевме средбите.

"Првенството го почнавме со добра игра, но на крајот с$ излезе на лошо. Се најдовме дури на дното. Дали е тоа резултат на неискуство или е во прашање нешто друго... По средбите во Охрид имаше некој психолошки пад и беше многу тешко да ги вратиме назад девојките. Се виде на последниот меч против Кинески Тајпеј дека тие сакаа да играат, но не знам што се случи. Дали е толку силата? Дали е тоа неискуството? Турнирските средби? Едноставно не знам. Девојките се бореа. Даваа максимум, но... се виде дека тоа не е доволно. Ќе мораме многу да работиме за да успееме да постигнеме еден европски квалитет на ракомет. Во секој случај сето ова беше едно големо искуство за сите бидејќи одигравме многу меѓународни натпревари. Се гледаше разликата меѓу репрезентациите коишто настапија на ова Светско првенство и нас. Другите имаа многу повеќе натпревари пред да дојдат во Македонија и тоа им помогна многу да ги остварат своите амбиции", вели селекторот Георгиевски.

Нештата тргнаа по надолна линија уште во првиот круг кога игравме во Охрид. Првата средба против Австралија покажа дека Македонија ќе има многу проблеми за да стигне до втората фаза. Ни требаа 40 минути за да влеземе во шема, но тоа ни остана единствена победа. Следуваа Кореја, Хрватска, Бразил... Три порази кои ги преселија девојките. Во саботата, на 26 јули кога сите очекуваа забава за прослава на пласманот во вториот круг тие ги пакуваа куферите за пат кон Гевгелија.

"Во Охрид сите видоа што се случуваше. На мечот со Бразил доколку бевме посталожени можевме да дојдеме до посакуваниот резултат. На полувремето реков дека имаме да издржиме уште 30 минути. Беше важно да го победиме Бразил за да останеме меѓу тие 12 селекции. Сепак, не успеавме во тоа и по овој меч с$ се сврте наопаку. Имаше и проблеми со повреди, па сето тоа одеше против нас. И поразот против Бразил веројатно беше шок за сите и делуваше разочарувачки бидејќи овие деца, сепак, се недоволно искусни. Тие не се научени на одговорност и на вакви големи натпревари".



Имаше премногу грешки. Пропусти во одбраната, загубени топки во нападот. Она што ќе го направевме во десетина добри минути го губевме во продолжението кога влегувавме во криза и никако не успеававме да продолжиме во ист стил.

"Го плативме данокот на неискуството. Оние селекции кои останаа во кругот за највисок пласман се далеку посилни и со многу повеќе турнирски натпреврувања и контролни средби. Се гледаше од начинот на којшто играа. Ние 'кикснавме' бидејќи немавме доволно средби пред почетокот на првенството. Можеби девојките имаа страв и од самата публика, па имаше и многу технички грешки. Како пример може да послужи и фактот што во втора минута не одиш на брз центар, а во 55 минута с$ уште можеш да трчаш. Тоа беше психолошки момент. Јас постојано им велев дека можат. Тие играа подобро во второто полувреме, но дури откако ќе почнеа да губат. Дури тогаш се опуштаа и почнуваа да играат. Ние секогаш одевме на победа и така се мотивиравме без разлика што противниците беа посилни од нас. Имаше преголем стрес од преголема одговорност. Со Бразил имавме четири зицери пред крајот со кои можевме да го решиме тој меч и да победиме. Успеевме ли да победиме с$ ќе беше подобро. Вака загубивме и с$ почна да оди надолу и веќе немаше доволно мотив и играта беше сосема различна", заврши Георгиевски.

И сега откако веќе завршија двете напорни недели во кои имаше и многу квалитетни натпревари, нам ни останува да извлечеме поука и грешките да ги поправиме веќе при следните квалификации на јуниорките за некое друго првенство. Квалитетот дефинитивно го имаме, но тој не може да дојде до израз преку ноќ. Треба некој да го извлече најдоброто од овие девојки, а тоа може само преку добра и квалитетна работа во клубовите.

Иднината е пред нас. Само таа може да ни покаже дали знаеме како да ги поправиме грешките!



Многу проблеми со повреди

Во текот на целиот шампионат репрезентацијата на Македонија имаше проблеми со повреди. Елена Георгиевска ја повреди тетивата на два дена пред стартот на СП. Елена Димковска, која беше во составот за првиот круг, воопшто не настапи поради повреда. Ивана Петковска го свитка зглобот на тренингот пред мечот со Кореја. Елизабета Стојановиќ се повреди на средбата против Бразил. Георгиевска во вториот круг имаше проблеми со стомачен вирус. Голманката Фросина Крстевска ја свитка ногата на загревањето пред средбата со Казахстан. Сето тоа влијаеше многу на играта на репрезентативките.

Нов демант за "девојки од улица"

При последниот коментар за случувањата на Светското првенство Георгиевски уште еднаш се обиде да објасни што сакаше да каже со својата изјава "девојки од улица" за која многу се коментираше во медиумите.

"Дојде до едно недоразбирање. Сакав да кажам општо за целата ситуација бидејќи ние цело време така изгледавме на теренот, но бев погрешно сфатен. Е сега ние сакаме од некоја девојка да биде технички дотерана. Се знае дека во Македонија некои клубови немаат воопшто услови. Некои тренираат во школски сали. Сето тоа беше кажано во тој смисол, а не за да ги нападнеме девојките. Сепак, поради овие девојки и ние бевме овде. Доколку не беа тие немаше ниту ние да бидеме на тоа место. Затоа, сакав да го демантирам тоа за да не се сфаќа погрешно. Девојчињата се тие и не можеме да бараме преку леб погача", вели Георгиевски.

Можевме многу повеќе

Откако заврши и последниот дуел на овој шампионат, левото крило на репрезентацијата на Македонија, Ива Стојковска, која има право да игра уште две години за јуниорките, го кажа своето видување за постигнатото.

"Можевме да направиме повеќе на овој шампионат. Сепак, мислам дека неискуството си го направи своето. Не бевме доволно ангажирани на натпреварите. Не го дадовме и максимумот. Паднавме премногу по дуелот со Бразил и сето тоа н$ чинеше пласман на 18. место", вели Стојковска.

Стојковска причините повеќе ги гледаше во психолошката подготвеност на сите ракометарки.

"Сметам дека физички бевме премногу подготвени. Меѓутоа, отидовме предалеку кога мислевме дека ќе ја победиме Кореја. Потоа дуелот со Бразил, кој ни беше билет за втор круг. Паднавме психолошки, па потоа игрите н$ однесоа само до 18. место. Мотивот ни падна премногу по мечот со Бразил бидејќи очекувавме победа. Не бевме свесни додека не се најдовме на теренот во Гевгелија. Мислевме дека Алжир ќе го добиеме со многу голема разлика, па преопуштено излеговме на терен, што ни се одрази на резултатот и одигравме нерешено".

Според неа во ваква ситуација не може да издвои некој кој е посебно виновен за ваквиот пласман на Македонија.

"Никој не е виновен. Нема некој што е посебно виновен за резулатот. Сепак, секогаш може да се одигра подобро и повеќе од она што го прикажавме. Меѓутоа, мора да се има предвид дека немавме контролни средби. Другите репрезентации имаа педесетина натпревари, а ние не знаевме каде ни се грешките", заврши Стојковска.

Еден од најслабите пласман на домаќините

Македонија со освојувањето на 18. место стана земја која има еден од најслабите пласмани на Светските првенства, а била домаќин на истиот шампионат. Досега на првенствата каде што играле 20 селекции немало послаб пласман за домаќинот бидејќи претходно Чешка беше на 16. позиција. Единствено тука споредба може да се прави со 1997 година кога Брегот на Слоновата Коска беше претпоследен, но тогаш играа само 17 селекции.





-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 05.Август.2008 во 16:08
РЕПРЕЗЕНТАЦИИТЕ НА ГЕРМАНИЈА И ДАНСКА ОДИГРАА ОДЛИЧЕН МЕЧ ВО КОЈ СО ЗРЕЛОСТА БЕА НА НИВО НА ПОИСКУСНИТЕ КОЛЕШКИ

Финалистките како сениорки

Германките од неделата се нови сопственици на светскиот трон кој го преземаа од Русинките и ќе го чуваат до следното Светско првенство.

Би било најубаво кога двете репрезентации кои играат во финалето би можеле да го поделат златниот медал. Така би немало разочарани, а сите би славеле, но првенството би загубило од убавината која ја дава финалниот меч.

Радост на едната страна, тага на другата страна. Солзи радосници за Германија, солзи кои значат големо жалење кај Данска. Вака некако би се опишала сцената по завршувањето на финалето на 16. Светско првенство за јуниорки во кое Германките успеаја да дојдат до златниот медал благодарение на голот на Франциска Мицнер.

Она што целото првенство се очекуваше и можеше само на моменти да се проследи на некои од натпреварите беше сосема поправено на последните два меча. И додека дуелот за 3. место меѓу Кореја и Шпанија мина во најголемиот дел со висока предност во корист на Корејките, финалната средба беше една сосема поинаква приказна.

Сосема неизвесно, динамично, со неколку серии на двете страни и постојани пресврти. Меѓутоа, неколку збора не може да отсликаат с$ што се случуваше на овој дуел кој дефинитивно беше на нивото на сениорски ракомет и репрезентативките кои играа на теренот покажаа дека можат веднаш да добијат шанса во најдобрите селекции на своите земји. Тие дефинитивно заслужуваат да бидат повикани од селекторите за следните големи натпреварувања.



Мечот почна одлично за Данска. Оваа селекција беше прв фаворит пред стартот на Мундијалот, а со играта во првите неколку минути успеа и да ја оправда оваа улога. Данките излегоа на терен со голем мотив и набрзина дојдоа до шест гола предност. Сите во салата веќе го гледаа победникот и помислија дека до крајот ќе проследат досаден дуел во кој до крајот ќе се гледа смирен дуел и победникот. Но тогаш следуваше контраудар, а Германија направи пресврт. Од 22. минута, кога беше 9:9, до крајот потоа се следеше неизвесен дуел во кој резултатот најчесто беше нерешен.

Она што беше најинтересно, сепак, се случи во последните пет минути. Данска поведе со 22:21 во 56. минута од мечот. Тоа беше најава за триумф, но тогаш се разбуди Франциска Мицнер. Минута подоцна израмни на 22:22, а на пет секунди пред крајот донесе триумф за Германија и голема радост.

"Ова е голема победа за нас. Направивме голема работа во првото полувреме. Откако имавме негатива од шест гола успеавме да се вратиме, а и самиот не знам како го сторивме тоа. Потоа мотивацијата си го стори своето. Н$ врати во игра и сметам дека заслужено успеавме да дојдеме до победата на овој шампионат", коментираше по средбата селекторот на Германија, Дирк Лојн.

Ова е првпат Данска да не дојде до златен медал со оваа генерација. Данките победија лани на европското првенство за јуниорки, а беа и европски и светски прваци и во кадетска конк*ренција. Токму поради тоа се сметаа и на овој шампионат како главни фаворити, но немаа среќа во финалето, па мораа да се задоволат со златниот медал.



РАБОТИ ПО КОИ ЌЕ СЕ ПАМЕТИ ПРВЕНСТВОТО

* Се виде дека ракометот с$ повеќе се развива на другите континенти. Дури една селекција од Азија, една од Африка и две од Пан-Америка се најдоа во втората рунда.

* Домаќинот не успеа да се пласира во вториот круг.

* Многу големи пресврти на неколку натпревари. Репрезентациите успеваа да се вратат и да победат и по осум или девет гола негатива.

* Пропустите во записниците. На два меча (Македонија-К. Тајпеј и финалето Германија-Данска) беа запишани погрешни ракометарки за игра.

* Беа постигнати вкупно 4506 гола, направени 2406 асистенции, одбранбените ракометарки имаа 499 блокади. Покрај тоа беа "украдени" вкупно 933 топки, а голманите имаа 2228 одбрани.

Роденденски подарок за Херман

Голманката на Германија, Мелани Херман во неделата имаше двојна причина за радост. Таа одбрани феноменално и имаше голем придонес за победата на својата селекција против Данска. Воедно, истата вечер со мундијалско злато го прослави и својот 19. роденден, а колешките знаеја пред 2000 гледачи како да & честитаат.



-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 05.Август.2008 во 16:09
МВП ИГРАЧОТ НА МУНДИЈАЛОТ, ЖЕЛБА НА МАКЕДОНСКИОТ ПРВАК

Кометал ја бара Хана Гвон

Плејмејкерот на репрезентацијата на Кореја, Хана Гвон е ракометарката која Кометал радо би ја видел во своите редови следната сезона. Веќе стапи во акција македонскиот шампион и во наредните денови треба да има повеќе детали.

Хана Гвон беше прогласена за МВП на мундијалот кој се одржа во Македонија и целосно го заслужи ова признание. Дури и статистички, Гвон е на првото место во најценетиот елемент, комбинацијата на голови плус асистенции со 103 реализирани пасови, односно голови. Поединечно има постигнато 57 гола (4. место) и 46 пати асистирала (3. место).

Кометал веќе контактирал со Корејката, разменети се првите мислења, но премногу е рано да се прогнозира како ќе се одвива целата работа и дали има реални шанси таа од есен да игра за македонскиот првак.

"Имавме многу желби од овој шампионат, но тешко оди реализацијата на трансфери. Најзаинтересирани сме за Хана Гвон од Кореја. Таков играч ни е и тоа како потребен во нашиот тим. Стапивме во контакт, имавме прелиминарен разговор и ќе видиме како ќе се одвива сето ова", изјави претседателот на Кометал, Иван Бојков.

Има уште позиции во Кометал покрај центарската кои треба да бидат пополнети или засилени, но во моментов нема од клубот конкретни имиња.




-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 05.Август.2008 во 16:10
БЕКОТ НА КАЛЕ КИЧЕВО СЛЕДНАТА СЕЗОНА ЌЕ ИГРА ВО ТУРЦИЈА

Ацковска во Анталија

Плејмејкерот на екипата на Кале Кичево, Весна Ацковска, следната сезона ќе биде играч на турскиот тим Анталија.

Договорот е потпишан, ќе трае најмалку една сезона, а дали ќе биде продолжен и за натаму ќе се знае откако ќе се види како ќе оди соработката.

Ацковска летово накратко беше на проба и во Германија,требаше да игра во екипата на Бломберг, но не беше најден заеднички јазик.

"Понудата која ми ја дадоа Германците не беше вредна за да останам таму. Мислам не беше комплетна и сметам дека немаше да биде добар 'дил' за мене. Оваа од Турција е многу поконкретна, ми одговараат условите и заминувам таму на една година. Знам само генерално за каков тим се работи, с$ друго ќе видам кога ќе стигнам таму", вели Ацковска.

Битолчанката Ацковска досега беше ракометарка на Кале Кичево. Таму мина две сезони, а заминувањето во Турција нема да биде нејзин прв трансфер надвор од Македонија. Претходно, неколку сезони играше во Грција. Ацковска на својата нова екипа ќе & се приклучи уште денеска. Нејзиното заминување Кале Кичево го пополни со ангажманот на Ивана Маневска од екипата на Вардар Осигурување.

Во Турција во моментов играат уште три македонски ракометарки. Билјана Црвенкоска, Робертина Меческа и Ева Диневска. Минатата сезона накратко таму беа и Марија Папуџиева и Робертина Грујоска, но не се знае дали и оваа година ќе бидат дел од екипата на Ускудар каде играа.



Кирилов се пресели во Мерсин

Белорусинот Сергеј Кирилов, пикерот кој неколку сезони играше во екипата на Младост од Богданци, е претставен како засилување во турскиот тим Мерсин.


-------------



Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 06.Август.2008 во 16:28

ШУНДОВСКИ ТРЕТ ДЕН ГО ПОДГОТВУВА ТИМОТ ЗА СТАРТОТ НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

Металург зема залет од Маврово

Екипата на Металург во полн состав ги почна подготовките за наредната сезона во која ќе имаат комплицирана задача во битката со засилениот Вардар Про да ја одбранат титулата и уште покомплицирана, во Лигата на шампионите да парираат на двете најпознати европски екипи, Кил и Барселона. Нормално, со услов да го елиминираат турскиот шампион Измир во квалификациите за Лигата на шампионите.

Металург на Маврово работи на физичката подготвеност, по што ќе замине на гостување во Словенија каде се планирани неколку натпревари.

Нема да имаат многу време ракометарите на Металург за подготвување. Првенството почнува по еден месец, а тоа што ја прави незгодна целата работа е што веќе на стартот, прво ќе мораат да играат со споменатиот Измир и веднаш по тоа со Вардар Про. Исто како и лани, веќе во првото коло од националното првенство.

Екипата претрпе неколку измени сезонава. Замина Гоце Макалоски, тој ќе игра во Вардар, а во обратна насока стигна Владо Недановски. Замина голманот Славиша Стојиновиќ, а на неговото место пристигна добро познатото име, Данило Брестовац.

Уште во текот на сезоната заминаа Иван Телепњев и Левко Наумоски. Место нив нема нови играчи. Филип Шчепановиќ веќе потпиша за Ц. Звезда, а на неговата, односно позицијата десен бек дојдоа Милош Ивановиќ и Сергеј Погорелов.

Последниот новитет беше доаѓањето на десното крило Александар Јовиќ од Вардар.

"Засега сме во овој состав, но ќе видиме како ќе биде. Нормално дека нема да прогласиме крај на преодниот рок. Ќе видиме како ќе течат подготовките и ќе реагираме навреме доколку за такво нешто се покаже потреба", вели претседателот на клубот, Ристо Чокрев.

Металург и натаму во комбинација ги има двата бека на репрезентацијата на Египет, но дали ќе има можност тие да дојдат, ќе се знае по завршувањето на Олимписките игри во Пекинг. И двата ракометари се дел од тимот на "фараоните" кој ќе игра на Олимпијдатата.

"Засега с$ си оди нормално. Работиме главно на физички план. Знаеме колку искушенија н$ чекаат и свесни сме дека мораме уште веднаш, на стартот да достигнеме топ форма", вели пикерот Горан Ѓоргоноски.

Тимот засега тренира по двапати на ден. На Маврово ќе остане вкупно 10 дена.

СО НОВА ОПРЕМА ВО ЛШ

Ереа место Најк


Металург следната сезона ќе биде облечен во опремата на италијанската фирма "Ереа". Досега суперлигашот од "Автокоманда" носеше опрема на познатиот "Најк", но годинава ќе ги носи продуктите на фирмата која ги снабдува фудбалските тимови на Мидлсброу, Аталанта, националниот тим на Шкотска итн. Поголемиот дел од опремата веќе е пристигнат и се користи на подготовките, с$ ќе биде комплетирано наскоро, кога веројатно и официјално ќе бидат промовирани.

ЖЕНСКАТА ЕКИПА ГИ ПОЧНА ПОДГОТОВКИТЕ

И Металург Скопје во погон


Паралелно со машкиот тим и женската екипа на Металург Скопје ги почна подготовките за следната сезона.

Оваа екипа сезонава се враќа во Супер-лигата и има план во следните неколку години да стане тим за почит, пред с$ во поглед на начинот на кој ќе биде организиран, а соодветно со тоа треба да доаѓаат и резултатите.

"Не сакаме да се излетуваме премногу. Клубот мора да се развива чекор по чекор. Играчкиот кадар за оваа сезона ќе биде комплетиран до крајот на неделава. Подготовките ќе се одвиваат во Скопје. Натпревари ќе играме во втората фаза од подготовките. Сигурно ќе заминеме во Србија, но уште немаме дефинирано каде и со кои екипи ќе имаме контролни натпревари", вели Крсто Петрушевски.

Најавите околу женскиот тим беа далеку поамбициозни, но главно темелени на чаршијата.

"Оваа сезона целта е да бидеме стабилни во првенството. Нормално, секое место погоре ќе биде поубаво. Но, главно е организациски с$ да биде поставено на свое место, за да може подоцна клубот правилно да се развива. Немаме намера веднаш да се залетуваме со бркање резултати. Доколку се работи правилно, тие сами ќе дојдат", вели Томе Треневски, претседателот на спортското друштво Скопје.



СТАРТУВАШЕ ЖЕНСКИОТ ВИЦЕПРВАК

Кале почна со подмладен тим

Женскиот вицепрвак, екипата на Кале Кичево, почна со подготовките за наредната сезона. За кичевскиот клуб, кој во минатиот период за кратко имаше финансиски проблеми, најважно беше да се почне.

Играчкиот состав беше познат помалку или повеќе уште пред да стартуваат. Измени има на голманската позиција. Дијана Наумоска замина во Грција, а на нејзиното место доаѓа Билјана Николовска, која лани беше член на Фон Универзитет од Струга.

Замина и Весна Ацковска, а дојде Ивана Маневска. Тоа се познатите измени, останува да се причека деновиве и конечната разврска по прашањето дали и Мирјана Грчевска останува или и таа ќе замине.

Следната сезона во Кале одново ќе игра Робертина Грујоска, која лани накратко замина во Турција, во екипата на Ускудар.

Тоа е помалку повеќе с$ што се однесува до играчкиот кадар. Планот на подготовки е екипата да се подготви физички во Кичево, а по тоа заминува на турнир во Бугарија.

Турнирот ќе се одржи во Варна од 15 до 17 август, а ќе учествуваат Локомотив, кој е и домаќин, Кале Кичево, екипата на Ускудар, вицешампион на Турција и тим каде игра македонската репрезентативка Билјана Црвенкоска. Би требало да учествува и една романска екипа.

По тоа екипата продолжува со подготовките во Македонија, тука сигурно ќе бидат одиграни неколку натпревари, а можно е да се оди на кратко гостување и во Србија.

"Немаме амбиции како минатите сезони да бидеме втори по секоја цена. Докажавме што требаше, сега имаме малку поинакви амбиции. Нормално, ќе се бориме за второто место, но тоа нема да биде со посебен притисок. Најважно ни е играчите во кои вложувавме минативе години да добијат шанса да играат во првиот тим. Имаме неколку помлади ракометарки кои ги сметаме за наша иднина и тие ќе треба да се докажуваат годинава", изјави Коџаџиклиоски-Масаро, директорот на екипата на Кале Кичево.
Кале Кичево е македонски претставник во Купот на ЕХФ. Таму во второто коло ќе игра со вицешампионот Кикинда, екипа во која од оваа сезона ќе настапува и македонската репрезентативка Тања Андрејева, поранешен голман и капитен на Кале Кичево.

МАШКИОТ ТУРНИР НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО КИНА ЌЕ БИДЕ НЕВЕРОЈАТНО СИЛЕН, А КОНк*рЕНЦИЈАТА ЗА ЗЛАТОТО Е ГОЛЕМА

Шест селекции со еднакви шанси

Вкупно 12 репрезентации од недела ќе почнат со трката за златниот медал на Олимписките игри во Пекинг во машка конк*ренција каде што трофејот го брани селекцијата на Хрватска.

На оваа Олимпијада постои голема израмнетост меѓу репрезентациите, а дури шест од нив имаат состав кој може да дојде до златниот медал на крајот на турнирот. Многу е тешко да се процени кој состав има поголеми шанси, но факт е дека се работи за шест селекции од Европа и сите се во кругот на кандидати за највисокото место на тронот.

Финалето од пред четири години во коешто играа Хрватска и Германија с$ уште е во сеќавањата на сите вљубеници во ракометот. Неизвесниот дуел кој се решаваше при крајот го разубави целиот турнир кој донесе квалитетна игра.

Сепак, она што беше тогаш сега сигурно ќе биде уште посилно и поквалитетно бидејќи има многу посилни репрезентации. Покрај финалистите од пред четири години големи надежи за место во финалето има и кај составите на Данска, Франција, Шпанија, Полска...

Сите шест селекции имаат медали на големите натпреварувања од Олимписките игри во 2004 година наваму. Сите имаат и состави во кои има голем број ѕвезди. Сето тоа покажува дека овој турнир ќе биде на рамниште на Европските и Светските првенства и токму поради тоа заслужува да се следи во текот на целиот шампионат.

Репрезентациите се поделени во две групи од по шест селекции. По секое коло ќе има по ден одмор, а по завршувањето на средбите по групи ќе се игра четвртфинале така што за да се стигне до златото ќе биде потребно да се одиграат по осум натпревари.

ГРУПА "А"

Хрватска

Шпанија

Франција

Бразил

Полска

Кина

ГРУПА "Б"

Русија

Исланд

Германија

Кореја

Данска

Египет

ДОСЕГАШНИ ПОБЕДНИЦИ

1936 Германија

1972 Југославија

1976 СССР

1980 Германија

1984 Југославија

1988 СССР

1992 ЗНД

1996 Хрватска

2000 Русија

2004 Хрватска

Бронзените од Атина, во споредна улога

Пред четири години Русите успеаја да завршат на 3. место, но по тоа формата на оваа селекција редовно се движеше по надолна линија. Токму поради ова Русија не е репрезентација која се смета како фаворит за врвот и затоа се наоѓа во групата на селекции кои ќе се обидат да изненадат. Во таа група се и: Исланд, Бразил, Египет, Кина и Кореја.

ХРВАТСКА

Светското првенство во прв план


Ако кажеме дека Хрватска има редица на повредени ракометари нема да кажеме ништо ново бидејќи тоа е нешто кое веќе сме навикнале да го слушаме пред големите натпреварувања за оваа селекција. На малиот Иван Чупиќ му беше ампутиран прст на левата рака. Џомба и Метличиќ имаа операции пред почетокот на подготовките. Балиќ доби незгодни удари на последните контролни средби...

Едноставно, селекцијата која ја брани титулата од пред четири години има многу проблеми. Селекторот Лино Червар не може да смета на 100% подготвени ракометари и тоа е причина да не може со сигурност да се каже какви се шансите на овој состав на игрите.

Сепак, предноста на Хрватска е тоа што оваа репрезентација во ист состав игра заедно веќе подолг период. Токму поради тоа кога е во прашање овој тим ништо не може да се предвиди туку најдобро е да се почека и да се види како ќе тргнат работите.

"Нашата главна цел е Светското првенство на кое сме домаќини на почетокот на следната година. Олимписките игри се дел од тој проект и затоа главното од нас ќе следи во јануари", вели Гобац, инаку одговорниот за машките селекции во Хрватска.

ГЕРМАНИЈА

Тешка задача за ново финале


Хајнер Бранд смета на најсилниот состав за игрите, но има еден проблем кој се случи прет тргнувањето за Кина. Ларс Кауфман го поврди мускулот на левата нога и поради тоа мора да мирува извесен период.

Неиграњето на Кауфман секако ќе измени дел од тактиката на германскиот селектор бидејќи тој е еден од оние коишто имаат квалитет да помогнат и во одбраната и во нападот. Воедно беше еден од подобрите на последните контролни средби.

И покрај повредата на овој ракометар, Бранд има одличен тим кој на овие игри ќе биде предводен од голманите Фриц и Битер, а во тимот ги имаат и искусните Шварцер и Керман така што Германија има голема шанса да успее да стигне барем до финалето.

Инаку, Германците почнаа лошо на контролните средби, а потоа продолжија во добар стил и постојано го креваа квалитетот на играта. Тие се освојувачи на среброто од пред четири години и затоа за очекување е на овој шампионат да стигнат до нов висок пласман.

ДАНСКА

Атак на уште едно злато


Составот кој на почетокот на оваа година успеа да дојде до титулата на Европското првенство, сега ќе се обиде да стигне до нов пехар, но од Олимписките игри.

Каспер Хвидт е главниот адут на Данците на игрите во Кина бидејќи тој е еден од најстандардните во оваа репрезентација. Данска има и одлична предна линија. Пивотот Кнудсен е еден од најдобрите во светот, но и еден од специјалистите за одбранбени задачи. Крилото Ларс Кристиансен веќе со години е меѓу подобрите на својата позиција.

Бековската линија ги има истите ракометари како и на шампионатот од јануари. Тука се: Спелерберг, Боесен, Болдсен... како и специјалистите за одбрана Јоргенсен и Нилсен. Сето ова го прави тимот на Данска еден од фаворитите за трофеј и секоја селекција која ќе игра со овој состав ќе има потешкотии.

ФРАНЦИЈА

Карабатиќ ги предводи "триколорите"


Селекцијата на Франција на Олимписките игри ќе биде предводена од двајцата најдобри ракометари: бекот Никола Карабатиќ и голманот Тиери Омејер. Тоа се главните адути на "триколорите" коишто и во Пекинг гледаат свои шанси да дојдат до првото место.

Според многу оценки токму Французите заедно со Данците треба да го водат главниот збор на теренот и од нив ќе се очекува да дојдат до пласман во финалето на игрите. Неизвесно е дали ова ќе може да се оствари бидејќи можно е овие две селекции да се сретнат и пред финалето, но факт е дека од нив ќе се очекува многу.

Победата над Шпанија од 33:29 пред некој ден е само показател дека Франција е во добра форма и на теренот во Пекинг ќе има што да покаже.

ШПАНИЈА

"Фуријата" чека на искусните


Баруфет, Хомбрадос, Ромеро, Ентрериос, Лозано, Гарабаја... Тоа се само дел од имињата на ракометарите коишто ќе играат на Олимписките игри за "црвената фурија".

Имаа слаба форма во последните неколку натпревари и не го прикажаа она што сите го очекуваа. Токму поради тоа е неизвесно каква е силата на Шпанците пред одигрувањето на средбите на игрите во Пекинг.

Факт е дека никој нема да може да се наигра против нив, но и дека нема да можат лесно да дојдат до место во завршницата и борбата за медалите.

Шпанците овој пат ќе се обидат со искуството да дојдат до што е можно повеќе бодови во првата фаза, а потоа и до пласман во полуфиналето.

Во секој случај тоа што селекторот може да смета на сите ракометари е доволен показател дека Шпанија има сили за највисок дострел.

ПОЛСКА

Состав кој може да изненади


Селекцијата која во јануари 2007 година на Светското првенство дојде до сребрениот медал е подготвена за настап на игрите во Кина. Речиси истиот состав со мали измени е повторно на теренот.

Билецки, двајцата Лијевски, но и двајцата Јурецки заедно со Ткачик и Јурасик се адутите на Полска на овој шампионат. Сите погледи се свртени кон овие ракометари кои доколку успеат да ја повторат играта која ја прикажаа пред нешто повеќе од 18 месеци ќе можат да се надеваат на место во завршницата.

Во споредба со другите пет селекции Полска најниско на скалилото заедно со Шпанците, но тоа не мора да значи ништо бидејќи прогнозите се едно, а вистинската слика на теренот нешто сосема друго.





-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 07.Август.2008 во 16:16
ПОЧНУВААТ ПОДГОТОВКИТЕ ЗА СТРУШКИОТ РАКОМЕТЕН ТУРНИР

Стружани го затвораат списокот

Голем број екипи пројавија интерес за учество на годинашниот 36. по ред струшки меѓународен ракометен турнир. Турниот ќе се одржи од 20 до 23 август, по вообичаената шема ќе се формираат две групи, три дена ќе се играат по две средби, а четвртиот, в сабота, натпреварите за пласман.

"Годинава е најголемиот интерес. Да настапат на турнирот побараа Вардар МРК и Пролет од Скопје, потоа Пелистер, Приштина, Врање, Будуќност (Подгорица), Жупа (Александровац), Борац (Чачак). Нема да избираме, односно одредуваме кој ќе учествува. Оние екипи кои први ќе се јават и дефинитивно ќе потврдат дека доаѓаат во Струга ќе бидат учесници на турнирот", вели претседателот на Струга, Крсте Иљоски.

"Подготовките веќе ги почнавме и прво што треба да направиме е да ги санираме оштетените делови на покриениот терен на спортскиот полигон, како и трибините и рефлекторите. Има доволно време до стартот и како што до сега сме го правеле ќе се потрудиме и годинава турнирот да се одвива во беспрекорна организација. Екипите ќе бидат сместени во хотелот Дрим и во мотелот 'Монтенегро' кој се наоѓа во непосредна близина до 'женска плажа', односно до отворениот спортски полигон", додава Науме Угреновиќ, кој го предводи тимот за организација на турнирот.



-------------



Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 08.Август.2008 во 17:18

"ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ" ПРЕЗАДОВОЛНИ ОД УСЛОВИТЕ НА ЗЛАТИБОР

Првата фаза е полн погодок

Екипата на Вардар Про е единствената екипа од Македонија која првата фаза од подготовките ја реализира во странство. "Црвено-црните" од 2 август се на Златибор и таму се подготвуваат за претстојните предизвици.

"Овде е прекрасно. Изненаден сум од сите услови, од салата, од сместувањето, од приемот. Временските услови се одлични, овде е 23 степени, идеално за работа, за оваа фаза од подготовките", коментира тренерот на скопскиот тим, Веселин Вујовиќ. "Доаѓањето овде го сметам за полн погодок и можам уште сега пријателски да му препорачам на директорот на репрезентацијата на Македонија да го има предвид кога ќе ја подготвува репрезентацијата", вели Вујовиќ.

Вардар во Србија отпатува со 18 ракометари, а единствен кој остана во Македонија е голманот Никола Митровски, кој треба да заврши со терапијата на колената.

"Имавме мал пех на стартот, Немања Прибак го исчанчи зглобот, но веќе почна да тренира и наскоро ќе биде во полн ритам. Мали проблеми имаат и Ракчевиќ и Симовиќ, но ништо сериозно. Друго... умор, тоа е. Но, сосема нормално е во оваа фаза од подготовките играчите да се жалат на умор. Договоривме контролен меч со Ц. Звезда и тоа ќе биде првата контрола за екипата", вели Вујовиќ.

Вардар по комплетирањето на базичната фаза на подготовките продолжува во БиХ и Словенија и ќе учествува на четири турнири, меѓу кои централното место го зазема турнирот во Добој, каде ќе игра со Нордхорн и Иври во рамките на групата.



ВАРДАР ПОБЕДИ НА ПРВАТА КОНТРОЛА

Денот, по утрото се познава

ВАРДАР ПРО - Ц. ЗВЕЗДА 29:27 (14:15)

Екипата на Вардар Про ја забележа својата прва победа во новата сезона. На контролниот натпревар кој го одигра со белградска Ц. Звезда, Вардар победи со два разлика. Минимална предност на полувремето, имаше белградскиот тим.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 11.Август.2008 во 14:38

РУСКИОТ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦ СЕ ВРАЌА НАЗАД БЕЗ ДОГОВОР

Погорелов заминува од Металург!

Не им требаше многу време во Металург за да видат дека Русинот Сергеј Погорелов е далеку од тоа што некогаш бил. Веќе на прв поглед беше јасно дека ќе му треба многу време за да се врати пред с$ во физичка форма. Му беа дадени неколку дена на Маврово да се адаптира, да почне со вистински тренинзи, но во меѓувреме веднаш почна потрагата по замена во случај тој да не може да остане.

Како што беше најавено, Погорелов беше испратен на лекарски прегледи, а резултатите кои ги добија во Металург, за жал, беа очекуваните. Погорелов покрај тоа што не е физички подготвен има и здравствени проблеми и тука некаде завршува приказната за неговиот ангажман во македонскиот шампион.

Деновиве и официјално ќе биде потврдено заминувањето на Погорелов од Металург и веројатно ќе биде објавен нов трансфер, име на играч кој ќе дојде во Македонија.

Од Металург разбирливо не сакаат премногу да ја комантираат ситуацијата со рускиот бек. Велат само дека им е жал што ова не успеало. Сергеј Погорелов е дефинитивно најголемото име кое дошло да игра во некој македонски тим. Но, се чини дека само името е и останато. Погорелов е многу далеку од своите најдобри денови и во ваква состојба нема да може да му помогне на Металург ниту во битката со Вардар уште помалку во натпреварите од Лигата на шампионите.

Но, не очајува македонскиот првак по Погорелов, уште од моментот кога им стана јасно дека постои можност да не се реализира договорот со Русинот почна да бара алтернативно решение.

Хрватот Даниел Џоно, Босанецот Ковач и уште неколку имиња беа и се во комбинација за трансфер во Металург.

Наскоро би требало да биде објавено името на играчот кој ќе ја пополни десно-бековската позиција во клубот.

Металург во меѓуврме ги продолжува подготовките на Маврово. Таму остануваат вкупно 13 дена, а клубот очекува на 15 август да им се приклучи Милош Ивановиќ, десниот бек кој се рахабилитира од повреда и ќе работи под посебен третман. Но, за разлика од Погорелов, Металург свесно влезе во "дил" со Ивановиќ, сметајќи на тоа дека тој би бил подготвен најмалку до крајот на годинава.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 11.Август.2008 во 14:38

ПРИЛЕПЧАНИ И СТРУМИЧАНИ (НАЈВЕРОЈАТНО) ЌЕ ОСТАНАТ ПРВОЛИГАШИ

Никој не одговорил на барањето за проширување

Екипата која со години беше позната како Т. К. Бренд од Прилеп и тимот на Струмица побара на конференцијата на клубови одржана на 3 август согласност од суперлигашите за проширување на Супер лигата и на тој начин да се пресели во најсилното натпреварување и условно кажано да ги спаси овие два ракометни центри од пропаст.

Клубовите треба писмено да се изјаснат до денеска, на пладне. Во случај некој клуб да не прати одговор, ќе се смета дека не го поддржува барањето за проширување на Супер лигата.

Струмичани и прилепчани би требало да почнат да се подготвуваат да ја одиграат оваа сезона како прволигаши. Договорот на конференцијата на клубовите беше до денеска на пладне да стигнат одговори, но доколку само еден клуб не прифати, тогаш пропаѓа целиот проект на овие два тима за враќање во елитата.

До вчера ниту еден суперлигаш немаше пратено одговор!

Дури и да соберат потписи со поддршка од сите суперлигаши, овие два клуба, сепак, нема да можат да влезат во Супер лигата. Одлука за проширување на лигите носи собранието на клубовите. Така, ова барање на двата споменати клуба фактички претставува барање за свикување на собрание на кое, доколку се согласат суперлигашите не би требало да имаат проблем да дојдат до посакуваното проширување.

Ваквото проширување не беше можно до пред некоја година. Имено, собранието може да донесе одлука за проширување на Супер лигата, но не за оваа туку за наредната сезона. Ова беше сменето во 2001 година, на собранието кое се одржа во Прилеп, во времето кога претседател на РФМ беше Душко Кадиевски. Тогаш беше сменето ова правило и лигата се прошири. Поточно беше направен компромис со екипите кои во тоа време штрајкуваа и тие кои играа.

Сеедно, прилепчани и струмичани денеска ќе знаат дали нивниот проект пропаѓа или дали ќе имаат шанса да играат во Супер лигата.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 12.Август.2008 во 15:59

КОМЕТАЛ Ѓ. П. НЕ УСПЕВА ДА АНГАЖИРА ЗАСИЛУВАЊА ОД МУНДИЈАЛОТ

Ништо од трансферот на Потоцки, тешко и за Гвон

Дефинитивно нема да има "дил" меѓу Кометал и Австрлијката Потоцки. Сe помали се шансите за ангажман на Корејката Гвон и сe помалку време за Кометал да ангажира засилувања за следната сезона.

Обидите на Кометал Ѓ. Петров да ангажира ракометарки кои беа во Македонија на јуниорскиот мундијал се со с$ помали шанси да бидат реализирани.

Вториот стрелец на првенството, Сали Потоцки од Австралија, требаше да биде едно од засилувањата, но тоа дефинитивно нема да се случи. Младата Австралијка останува во својата татковина. Не добила дозвола од нејзините родители да реализира ваков трансфер. Македонија, сепак, е далечна дестинација, а австралијските ракометарки се далеку од професионалци, ако ништо повеќе тогаш во сфаќањата и амбициите врзани за ракометот.

Така Потоцки се враќа назад и овој трансфер е дефинитивно "аут". Тоа го потврдија и од канцеларијата на Кометал Ѓ. Петров.

Кометал сигурно нема да жали што нема да ја има Потоцки во тимот, но ќе има за што да жали доколку не успее да ја ангажира Корејката Хана Гвон.

Гвон е ракометарката која беше прогласена за најкорисен играч на мундијалот. И статистички беше на самиот врв на ранкингот на играчите според индивидуалните остварувања.

Кометал стапи во контакт со неа, но нешто повеќе од една недела по крајот на мундијалот шансите таа да се пресели во Македонија се помали отколку што беа.

"Нема ништо ново по тоа прашање. Направивме еден контакт, но тешко оди реализацијата. Ќе видиме што ќе биде", изјави претседателот на клубот, Иван Бојков, без претеран оптимизам или очекувања дека нешто набрзо и на подобро ќе се промени во тој поглед.

Дунафер, екипата која веројатно ќе се распадне и која им даде одврзани раце на своите ракометарки доколку сакаат да заминат, би можел да е интересен за Кометал. Посебно на голманската позиција каде брани Хрватката Санела Кнезовиќ. Има и пар други ракометарки кои би донеле новини во овој тим на Кометал Ѓ. П.

"Следиме што се случува во Дунафер, веќе анализиравме каков профил на играчи имаат и дали може тука нешто да се стори. Имаме некое свое мислење и став, но не можам сега да кажам дали ќе има нешто од тоа. Ние сме во контакт со неколку менаџери и се работи на ангажман на играчи. Но, во моментов немаме ништо конкретно за објавување", вели Бојков.

Кометал во меѓувреме ја заврши фазата на подготовките на Маврово. Ракометарките во редуциран број ја одрабореа оваа фаза и сега се во Скопје, во очекување на првите контролни натпревари.



КОМЕТАЛ И ГОДИНАВА НА ЗИКА КУП

Контроли со Звезда, Хипо, Рулментул ...

Кометал Ѓ. Петров и годинава ќе оди на турнирот "Зика куп", кој се одржува во Германија. Од 28 до 31 август, во Бад Урах ќе се сретне со дузина одлични екипи меѓу кои се и финалистите на ланската сезона од Лигата на шампионите, Звезда Звенигород и Хипо.

Кометал со Звезда ќе мора да се соочи и во натпреварите по групи, а во Бад Урах ќе биде уште еден можен противник - Рулментул Брашов од Романија.

Баер Леверкузен, каде што игра Наташа Коцевска, исто така е учесник. Шпанската Бера Бера од Сан Себастијан, норвешкиот Бјасен и германскиот Гепинген ја заокружуваат листата од осум учесници на ова издание на традиционалниот турнир.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 12.Август.2008 во 16:00

САМО ЕДЕН ПОТВРДЕН ОДГОВОР НА БАРАЊЕТО ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА СУПЕР-ЛИГАТА

Вип и Струмица останаа прволигаши!

Единствена екипа која го поддржа барањето на двата клуба кои сакаа проширување на Супер-лигата е В.В. Тиквеш од Кавадарци.

Вип 2007 од Прилеп и Струмица следната сезона ќе играат во Првата лига. Нивното барање за проширување на Супер-лигата од 8 на 10 екипи не мина кај суперлигашите и тука завршуваат нивните шанси и надежи и следната сезона да играат во најсилната конк*ренција.

Овие два клуба побараа на конференцијата на клубовите да се прошири Супер-лигата. Барањето требаше да биде верификувано од сите суперлигаши за да се најде на дневен ред на највисокиот орган, Собранието на клубови.

Клубовите требаше да се изјаснат до вчера на пладне.

Услов беше сите клубови да се согласат. Ако само еден не се согласеше со идејата за проширување, предлогот немаше да оди на УО, па на Собрание. До вчера, значи кога истече официјалниот рок, потврда имаше само од еден клуб - Винарска Визба Тиквеш од Кавадарци. Ниту еден друг тим немаше пратено одговор. Останува отворено уште ден-два, ако евентуално некој испратил одговор по пошта, но епилогот нема да се промени. Договорот од конференцијата имаше и еден подуслов. Доколку не стигне одговор од некоја екипа, тоа значи дека одговорила негативно.

Иако беа свесни дека шансите за врќање во Супер-лигата им се теоретски, сепак, не можеа да го скријат разочарувањето во Струмица и Прилеп.

Прилепчани, односно нивниот тренер и еден од иницијаторите за оваа идеја, Томче Петрески, разочарано ги коментираше одлуките на клубовите.

"Разочаран сум од односот на клубовите. Знам дека не побаравме мала работа. Свесни сме, ние регуларно го загубивме суперлигашкиот статус и тоа е тоа. Јас разговарав со управите на клубовите. Имаше различни мислења. Ни беше јасно ставено до знаење дека лигата нема доволно квалитет за да се проширува. Имавме и поддршка од некои клубови. Не можеме никого со сила да натераме, ниту, пак, можеме да се лутиме на некого. Ќе продолжиме да соработуваме со сите. Но, морам да кажам: Не е фер што никој не одговори! Не н$ удостоија ниту со негативен одговор. Поинаку ќе беше доколку испратеа одговор и напишеа дека не сакаат проширување од тие и тие причини. Вака...", вели Петрески.

"Но, тоа е тоа. Неорганизираност, незаинтересираност... поради тоа и ваков е нашиот ракомет. Како и да е, ракометот во Прилеп нема да згасне. Ќе одиграме една сезона во Првата лига и ќе се вратиме на многу поголема врата. Сега ќе се организираме, ќе се подготвиме и ќе бркаме суперлигашки статус низ натпреварувањето. Екипата засега го носи името ВИП 2007, но преговорите за спонзорство се во финална фаза и ќе има промена на името", изјави Петрески.

Со ова завршуваат суперлигашките надежи за ВИП и Струмица. Дури и сите суперлигаши да одговореа позитивно, тоа немаше да значи официјално враќање во Супер-лигата. Предлогот ќе требаше да оди на усвојување прво на УО, а по тоа и на Собранието на клубови, па дури тогаш ќе се знаеше дали ќе има проширување или не.

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 13.Август.2008 во 17:17

МАКЕДОНСКИОТ ПРВАК ЗАИНТЕРЕСИРАН ЗА ХРВАТСКИОТ ПИВОТ

Кометал ја бара Бошњак

Кометал Ѓ. Петров останува во центарот на вниманието на ракометната јавност која со нетрпение очекува засилувања со кои Кометал одново би станал конк*рентен, колку што ќе се може во Лигата на шампионите.

Засилување на голманската позиција, иако дојде Хрватката Ана Крижанац ќе биде потребно, но најдефицитарна позиција во клубот во моментов е линијата. Таму сега е единствено Наташа Младеновска.

Имаше неколку шпекулации околу можниот наследни на Платон на пикерската позиција, но ништо не беше доволно конкретно, затоа и не се најде во јавноста.

Сандра Бошњак, пикерот на јуниорската репрезентација на Хрватска е едно од имињата кои се најчесто се вртат кога е во прашање засилување на линијата за Кометал.

Од управата не негираат дека имало обид да се постигне договор, но дека сето тоа оди тешко затоа што Локомотива има планови со неа.

Минатата сезона Бошњак беше позајмена во екипата на Сесвете, но сега вице-првакот на Хрватска решил да ја врати назад во своите редови.

Ова не го прави невозможен трансферот на Бошњак во Кометал.

За разлика од можните трансфери на Хана Гвон и Сали Потоцки, овој има далеку поголеми шанси да се реализира.

Наскоро, како и да е, Кометал ќе информира каков прогрес има во преговорите со евентуалните засилувања, а тука сосема сигурно ќе стане збор и за Бошњак.

Таа инаку беше селектирана во идеалната седморка на светското јуниорско првенство кое се одржа во Македонија, а на кое Хрватска финишираше како шеста.

Постигна 22 гола имаше и 9 блокади на вкупно 8 одиграни натпревари. Добро се снаоѓаше и во одбрана и во напади и сигурно би била освежување за Кометал, пред кого е долга сезона, во која покрај домашниот шампионат и Лигата на шампионите ќе се натпреварува и во регионалната лига.

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 14.Август.2008 во 16:58
Станојевиќ, цел на Металург

Иако во моментов има посилен тим од лани, Металург, сепак, не е во позиција да ужива во шампионските моменти и подготовките за Лигата на шампионите. Подговотките течат, Металург не е во незавидна позиција, но мора да се врати на ракометниот пазар и да бара играч од позицијата десен бек за да може да каже дека е комплетен и подготвен за дуелите од квалификациите за Лигата на шампионите против турскиот шампион Измир и посебно со засилениот Вардар во првото коло од националниот шампионат.

Многу од нивните планови се сменија откако увидоа дека играчот кој требаше да донесе нови моменти во клубот, руската ѕвезда Сергеј Погорелов, нема да може да одговори на предизвикот.

Потрагата по замена почна уште истиот момент. Се редат имиња кои се на списокот на желби на Металург, но до вчера немаше конкретен "дил" со евентуално засилување.

Обидите да се ангажираат Џоно и Ковач полека излегуваат од комбинациите, но затоа влегува едно ново име. Србинот Александар Станојевиќ, 199 сантиметри високиот десен бек на Париз.

Станојевиќ е ракометар кој поголемиот дел од кариерата го мина во екипата на Партизан, пред во сезоната 2006/07 да замине прво во Балинген (беше соиграч на вардаровото засилување Милан Косановиќ), а по тоа и во Гумерзбах, каде заедно со Русинот Денис Захаров требаше да го надополнат заминувањето на Кјун Шин Јон од Кореја.

Една сезона по тоа, замина во Франција, во екипата на Париз, а сега доколку се биде во ред, би требало да продолжи во Металург.

Но, засега ништо не е договорено. Останува да се види како ќе се развива оваа ситуација и дали Металург ќе ја затвори оваа позиција. Таму се уште и Олег Маљцев и Милош Ивановиќ. Србинот, како и да е, е во период на рехабилитација и прашање е дали ќе биде подготвен до почетокот на сезоната.

Останува деновиве да се расчистат дилемите околу овој трансфер. Од клубот засега не коментираат околу шансите овој трансфер да биде реализиран.

-------------



Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 15.Август.2008 во 15:59

ОД ФРАНЦИЈА ЛЕВИОТ БЕК СЕ СЕЛИ НА ЕМИРАТИТЕ

Ангеловски во Ал Али

Левиот бек кој минатата сезона ја мина во Франција, Бранко Ангеловски во следната година ќе настапува на Емиратите.

Според информациите, тој се договорил на една година со тимот на Ал Али, а вчера требаше да замине во својот нов тим каде што ќе ја продолжи кариерата.

Ангеловски пред три сезони беше најдобриот ракометар во домашното првенство. Беше еден од најзаслужните што Металург дојде до титулата и одигра една одлична сезона. Потоа кариерата ја продолжи надвор од Македонија, а играше во екипата на Тулуз.

Иако имаше информации кои говореа дека тој ќе остане во оваа екипа, сепак, пред неколку дена дојде до разделба и тој стана слободен играч. За неговите услуги беше заинтересирана и екипата на Вардар Про. Сепак, во последен момент тој одлучи повторно да замине надвор од земјава и да игра за тимот на Ал Али.

Се работи за искусен ракометар, кој зад себе веќе има големо искуство. Секако останува и во плановите на селекторот Темелковски за репрезентацијата за Светското првенство така што без разлика на далечината може да се очекува да биде во тимот за Мундијалот следната година во Хрватска.

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 18.Август.2008 во 19:42
"ВАРДАРЦИТЕ" НАЈДОБРИ НА ТУРНИРОТ ВО БИХ, КОЈ Е УВЕРТИРА НА СРЕДБИТЕ ВО ДОБОЈ

Вардар прв во Зеница

ФИНАЛЕ
ВАРДАР ПРО - ЗЕНИЦА 38:28
СРЕДБИ ВО ГРУПА
Вардар Про - Коњух Ж. 35:28
Вардар Про - Металопластика 32:26

Екипата на Вардар Про го освои првото место на турнирот во Зеница, каде против составот на домаќинот дојде до висока победа од 38:28 со што и го освои првото место.

На овој начин "црвено-црните" продолжуваат со одличните игри во подготвителниот период што само покажува дека формата на сите ракометари оди во нагорна линија. Финалниот дуел како што може да се забележи и од резултатот не донесе никакви проблеми за "вардарците" и тие заслужено успеаја да стигнат до триумф на мечот со Зеница.

Добрата игра беше само продолжена бидејќи ракометарите на Вардар Про покажаа дека се силни и на двата натпревари одиграни во група. Средбите се одиграа во саботата, а и на првиот и на вториот дуел немаше никаков проблем за да се дојде до победа.

Првата жртва беше составот на Коњух Живинице кој беше совладан со резутлат од 35:28, а потоа во вечерниот термин беше обезбедена уште една победа со која беше покажан квалитетот и на дуелот против Металопластика. Резултатот од 32:26 покажа дека финалето е потполно заслужено, а победата во него само потврди дека Вардар Про годинава има состав со кој сигурно ќе биде далеку поконк*рентен на Металург во борбата за титулата.

После настапот на турнирот во Зеница, "вардарците" заминуваат за Добој каде што би требало да бидат уште од денеска. Ќе продолжат со тренинзи пред стартот на силниот турнир каде ќе се обидат да стигнат до својата втора победа во неколкуте досегашни учества.

Калуѓеровиќ во МРК Вардар

Вториот тим на Вардар Про с$ повеќе се засилува за новата сезона во која ќе има и деби настап на евро-сцената. Оваа екипа го доби и Милан Калуѓеровиќ од Вардар Про, па сега има уште посилен тим од досега. Покрај тоа во своите редови ги има и пикерите Дарко Јанев и Никола Маркоски, кои играа за јуниорската селекција на ланското СП, а двајцата важат и како одлични одбранбени ракометари.

-------------



Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 20.Август.2008 во 15:54

ВЧЕРА СТАРТУВАШЕ ЈУБИЛЕЈНИОТ 40. ТУРНИР НА ШАМПИОНИТЕ

Добој ужива во врвен ракомет

Македонскиот вицешампион Вардар Про е претставник од Македонија на турнирот со најдолга традиција на Балканот.

Добој од вчера е во центарот на вниманието на ракометните збиднувања на Балканот. 40. издание на традиционалниот турнир собра на едно место 8 екипи од седум држави, а меѓу нив е и македонскиот вице-првак Вардар Про.

За скопскиот тим ова е главниот дел од подготовките за наредната сезона. Досега "црвено-црните" одиграа неколку натпревари, ги совладаа Ц. Звезда, Коњух, Металопластика и Зеница и го освоија турнирот чиј домаќин беше споменатата Зеница.

ТВ турнирот на шампионите, кој е со најдолга традиција на Балканот, е сепак нешто друго. За јубилејното 40. издание на овој турнир собрани се звучни имиња, екипи кои се познати во Европа, вклучувајќи го и актуелниот победник на Купот на ЕХФ, германскиот Нордхорн. Германците, кои во моментов настапуваат без олимпијците Холгер Гландорф и Горан Шпрем годинава решија да се подготвуваат на овие простори, па покрај учеството на турнирот во Добој, ќе се појават и на турнирот во Блаце, каде годинава ќе нема македонска екипа.

Токму бундеслигашот беше првиот противник на Вардар. Македонскиот тим се сретна со Германците синоќа. Денеска "црвено-црните" ќе одмораат, а по тоа ќе играат со домаќинот на турнирот Слога и со францускиот Иври.

Во групата "Б", сараевската Босна ќе се обиде да изненади некого од фаворитите. Репрезентацијата на Тунис е во Добој, исто како и ланскиот противник на Вардар во Лигата на шампоните, Адемар Леон од Шпанија. Унгарскиот вице-првак Пик Сегед го комплетира списокот на учесцници на турнирот од кого "слободно" би можела да се формира една група за Лигата на шампионите на ЕХФ.

Партизан Бјеловар е екипата која има најмногу триумфи на овој турнир. Шест пати оваа екипа триумфирала, последен пат во 1978. Македонскиот Пелистер има два триумфи во Добој. 1996 и 1997 година триумфираа битолчаните. Последен победник е Адемар Леон. Шпанците лани го совладаа Чеховски Медведи и го добија преодниот пехар кој го доделува ЕХФ, со оглед на тоа дека овој турнир е влезен во календарот на натпреварување на европската федерација.



Распоред на натпреварите

1. Коло

Слога - Иври

Нордхорн - Вардар Про

Босна- Адемар Леон

2. Коло (среда)

Слога - Нордхорн

Тунис - Босна

Пик Сегед - Адемар Леон

3. коло (четврток)

Тунис - Пик Сегед

Вардар Про - Слога

Нордхорн - Иври

4. коло (петок)

Иври - Вардар Про

Пик Сегед - Босна

Адемар Леон - Тунис

Сабота:

Финале и мечеви за пласман



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 20.Август.2008 во 15:55

ВАРДАР ОСИГУРУВАЊЕ ЗАМИНУВА ЗА СРБИЈА

Од денеска во Врњачка бања

Екипата на Вардар Осигурување, која минатата сезона го освои 3. место во Супер женската лига, од денеска ќе ги одработува подготовките во Србија во Врњачка бања. Ова е продолжување на традицијата "црвено-црните" да работат во подготвителниот период кај северниот сосед.

Според планот за работа во Врњачка бања ќе бидат одиграни и неколку контролни средби. Предвидено е да се спарингува Жупа, Хипопластика, Врњачка бања... што ќе биде добра можност да се проверат квалитетите на тимот.

Составот има и неколку принови. Покрај Дијана Милошоска во редовите на Вардар Осигурување дојдоа и Куксановиќ и Пујаз од Еуростандард Ѓ. Петров, како и Катерина Атанасоска, која во минатата сезона настапуваше во Првата лига.

"Ќе имаме посилен тим од лани и очекуваме да постигнеме одново добар резултат. Со исклучок на Маневска, која е пред суспензија бидејќи се нема јавено на подготовките, а најавува заминување во друг тим за што с$ уште не е платена отштета, другите ракометарки останаа во тимот. Со тој состав сметаме дека можеме да останеме во врвот на табелата", вели генералниот секретар на "вардарките", Боте Георгиевски.

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 21.Август.2008 во 17:02
"ЦРВЕНО - ЦРНИТЕ" ДЕНЕСКА ГО ИГРААТ ВТОРИОТ МЕЧ НА ТУРНИРОТ ВО ДОБОЈ

Вардар по прва победа

Македонскиот вицепрвак, екипата на Вардар Про, денеска во Добој ќе ја "брка" својата прва победа, на мечот со домаќинот, тимот на Слога Добој.

Со оглед на високиот пораз на домаќините на дуелот со Иври, с$ освен победа на Вардар би било изненадување од "висока" класа на овој турнир.

Вардар на првиот натпревар загуби од бундеслигашот Нордхорн со пет гола разлика. Има причини и да биде задоволен, има и за незадоволство. Голманот Косановиќ се покажа како добра инвестиција за премиерата, иако "црвено-црните" ќе мора многу да поработат на колективноста во играта за да можат да се класифицираат меѓу екипите кои бркаат трифеи низ Европа.

Изненадување, ако може така да се каже, на турнирот беше високиот пораз на Босна од Адемар Леон од девет гола разлика.

Но, најдобриот босански тим ќе има шанса денеска да се рехабилитира за таа партија на натпреварот со Пик Сегед.

Вардар за противник ја има Слога, што во секој случај ќе биде убава можност да одигра мирен меч пред дуелот со францускиот Иври. Тој натпревар се игра денеска, со почеток во 17:15, а ќе биде пренесуван на Еуроспорт 2, денеска мечот со Слога (18:45), исто така ќе биде пренесуван на Еуроспорт 2.

-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 26.Август.2008 во 21:18
ДВА МЕСЕЦИ ПОСЛЕ БАРАЖОТ СТИГНА ПОТВРДАТА ЗА ГОЛЕМИНАТА НА ТРИУМФОТ НА МАКЕДОНИЈА НАД ИСЛАНД НА ПАТОТ КОН СП 2009

Победа вредна олимписко сребро

Олимписките игри во Пекинг и второто место на Исланд докажаа колку беше голема победата на сениорите кога во баражот за СП дојдоа до триумф токму над овој противник.

Македонија не играше на Олимписките игри во Кина, но индиректно, по завршувањето на Игрите можеме да бидеме задоволни пред с$ од резултатот кој го постигна селекцијата на Исланд. Олимпиското сребро на оваа репрезентација ја зголеми вредноста на постигнатото на сениорите против Исланѓаните во баражот во кој успеавме да ги совладаме и да се пласираме на СП следниот јануари.

На Мундијалот следниот јануари ќе ги нема сребрените од Пекинг. Ќе ги нема токму поради тоа што играа против Македонија во баражот и не успеаја да победат. Затоа, сега имаме причина за двојно задоволство. Сега сите ќе гледаат со уште поголемо внимание бидејќи овој триумф покажува многу работи.

Триумфот во баражот покажа дека Македонија имаше квалитет да се најде и на Олимпијадата и таму да дотурка до голем резултат. Разликата во квалитетот меѓу репрезентациите постојано се намалува и затоа секој состав има причина за големи надежи од првенствата.

Исланд во Пекинг настапи со истиот состав со кој на почетокот на јуни играше во квалификациите за ОИ, а потоа и во баражот против нашата репрезентација. Играше речиси идентично како против Македонија, но овој пат поучени од тој двобој не ги правеа грешките поради кои останаа без учество на Мундијалот.

Уште во јуни на сите им беше јасно дека Македонија направи одличен резултат во баражот. Исланд секогаш се наоѓал во врвот на светскиот ракомет, а во Пекинг потврди дека Стефансон и колегите имаат квалитет и за медал. Сето ова е потврда дека и нашата репрезентација има состав кој е подготвен за многу повисоки дострели од победа во бараж. Самиот резултат на Исланд ни покажува дека немаме причина да стравуваме од никого ниту на Светското првенство. Ако можевме со Исланд, тогаш ќе можеме и против Германија, и против Полска, па и против Русија...

Ова се моменти во кои можеме да уживаме само неколку дена. Можеме неколку денови да се фалиме со тоа дека сме успеале да ги исфрлиме на патот кон СП сребрените од Олимписките игри. Меѓутоа, не смееме никако да живееме до Мундијалот на славата дека сме постигнале голем резултат во баражот бидејќи таму ќе н$ чекаат многу потешки средби. Олимпијадата ни покажа дека сме на вистинскиот пат. Натпреварите во Пекинг ни дадоа причина да веруваме во нашите квалитети и да продолжиме по патот кој го трасираме веќе неколку години. Македонија имаше сили да излезе на крај со Исланд, а доколку направи одлични подготовки, тогаш и во Хрватска на стартот на следната година ќе може да излезе на крај со уште неколку квалитетни репрезентации.

Не треба да заборавиме дека Исланд ќе дојде повторно во Скопје на квалификациски дуел. Овој пат тоа е за ЕП 2008. Сега оваа селекција ќе гостува како вицешампион од Олимписките игри. Тоа ќе биде шанса повторно да докажеме дека можеме да играме против најдобрите репрезентации во светот, а секако тоа ќе биде и нова можност да докажеме дека и нашата машка селекција веќе е кадарна да биде "рамо до рамо" со другите.



ШТО ГИ ЧЕКА СЕНИОРИТЕ НА СП 2009?

Дури три репрезентации од петте противници на Македонија во првата фаза на СП 2009 се натпреваруваа на ОИ во Пекинг, но ниту една не успеа да дојде до медал.

Најдоброрангираната пред игрите, Германија, која е и носител на групата во која ќе игра Македонија на Мундијалот го имаше и најслабиот пласман. Германците завршија дури на 9. место, а разочарувачки беше и тоа што оваа селекција не успеа да го мине првиот круг. Игрите покажаа многу болни точки во играта на Германија, кои сигурно во јануари следната година ќе бидат поправени. Сепак, се виде дека нема потреба да се стравува од Бундес составот, но и тоа дека овој тим не е непобедлив.

Полјаците беа меѓу фаворитите за трофеј, но токму од Исланд загубија во четвртфиналето. Оваа репрезентација играше одлично против секој од противниците. Има константна форма и не се случуваат големи падови. Оттаму оваа репрезентација ќе ни биде веројатно многу потежок ривал отколку Германците. Инаку, Полска заврши на 5. позиција.

Русите веќе не се така квалитетни како порано, но повторно имаат генерација која може да дотурка далеку на големите натпреварувања. Иако претстојат промени, сепак, 6. место на игрите кажува многу за квалитетот. Меѓутоа, во однос на сите селекции овој состав имаше големи осцилации во играта.

Селекциите на Тунис и Алжир не беа на игрите, но овие репрезентации заостануваат со квалитетот зад другите.

ЕДЕН ПРОТИВНИК НА СЕНИОРКИТЕ НА ЕП ИГРАШЕ НА ОИ

Германките сосема разочараа

Носителот на групата во која ќе игра и Македонија на Европското првенство во декември кое се одржува кај нас, Германија целосно разочара со игрите на Олимпијадата. Оваа репрезентација која многумина ја сметаа за фаворит за медал ги разочара своите фанови со прикажаното на теренот.

Почнаа лошо од првиот меч и продолжија со очајно лошата игра до крајот на своите настапи. Германките немаа доволно квалитет и не беа доволно добро подготвени. Поискусните не беа на потребното ниво и тоа на крајот им се одрази на пласманот. Загубија од Русија, Јужна Кореја, Унгарија и Шведска, а го совладаа само Бразил, што беше премалку и на крајот завршија на 11. место. Податок кој ни дава причина дека сениорките имаат шанса да ги добијат на Европското првенство.

-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 12.Септември.2008 во 16:32
Ништо од "дил"со Сур

Македонскиот интернационалец Ацо Јоноски и натаму е во потрага по клуб каде ќе ја продолжи кариерата.

По една сезона мината во екипата на Босна, Јоноски е во постојана потрага, преговори со разни екипи, а најблиску беше до враќање во Швајцарија и договор со екипата на Сур.

Јоноски беше во Швајцарија, транираше со екипата, но дилот пропадна поради "најбитната"работа - парите. Сур не можел да даде толку колку што понудил и на Јоноски било да одлучи дали ќе прифати за игра за помалку пари или ќе си ја бара среќата на друго место.

Втората варијанта била поприфатлива, па така сега одново е во потрага по клуб каде ќе настапува годинава.

Јоноски пред да се договори со екипата на Босна, кој е неговиот последен клуб, една сезона играше во Швајцарија. Во екипата на Сент Гален, но не стигна да се покаже во вистинско светло поради честите повреди поради кои поголемиот дел од сезоната ја мина на терапии место на тренинзи. Пред тоа играше за македонските екипи Вардар и Пелистер.



-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 16.Септември.2008 во 17:58
УТРЕ СЕ ИГРА ОДЛОЖЕНИОТ МЕЧ ОД ПРВОТО КОЛО, ДВАТА ЕДИНСТВЕНИ РИВАЛИ ЗА ТИТУЛАТА НА МЕГДАН ВО "КАЛЕ"

Вардар Про прв "сервира"

Ждрепката уште во првото коло го смести дуелот меѓу единствените кандидати за титулата, Вардар и Металург. Првата пресметка е во среда, домаќин е вицепрвакот Вардар Про.

Среда, 17 септември

ВАРДАР ПРО - МЕТАЛУРГ 18:00

Сала: "Кале" во Скопје.

Судии: Сашо Кркачев и Христо Бошковски

Делегати: Неделко Неделковски и Драган Начевски

Сезоната во машката Супер лига почна, се одиграа две кола, но официјалниот старт на Лигата беше во сенка на натпреварот на македонскиот првак во Лигата на шампионите и дуелот кој сите со нетрпение го очекуваат. Одложениот натпревар од првото коло во кој вицепрвакот Вардар Про на домашен терен го пречекува актуелниот првак Металург.

Ова е четврта сезона во која битката за шампионската титула ќе се води меѓу овие два тима.

Металург двапати се накити со шампионскиот пехар, на Вардар тоа му појде само еднаш од рака.

Но, "црвено-црните" годинава важат за фаворити за освојување на шампионскиот пехар. Вардар "брцна" подлабоко во џебот, состави тим кој е значително посилен од ланскиот, одработе одлични подготовки на кои забележа убави резултати.

Само двапати загубија "црвено-црните" во подготвителниот период, еднаш од Нордхорн и еднаш од ГОГ Свендборг. Но, затоа, пак, сега имаат во својата колекција "скалпови" од Иври, Пик Сегед, Босна...

Металург од друга страна играше мошне променливо на подготвителниот период и нема резултати со кои може да се пофали, напротив. Запишани се и порази од анонимни екипи, тимови далеку од рејтингот на македонскиот првак.

Скорот е негативен, но сликата барем резултатски ја поправаат двата официјални натпревари кои ги одиграа, со турскиот шампион Измир, преку кого дојдоа до пласман во натпреварите по групи во Лигата на шампионите.

Ова го прави Вардар фаворит на првиот меч, иако тоа не мора да значи дека така ќе биде и на паркетот. Минатата сезона Металург играше одлично низ подготовките, па по тоа уште во првото полувреме од првото коло, за малку ќе се посрамотеше.

Ланските дуели меѓу овие два тима беа единственото нешто вредно да се спомене од македонскиот шампионат. Самата битка за титулата повеќе од драматична, а Металург профитираше благодарение на победата од еден гол разлика во второто одмерување на силите, токму во "Кале".

к*риозитет од лани е што и Вардар и Металург подобри резултати остварија играјќи на гости. Ова се однесува конк*ретно за битката за шампионската титула. Но, тоа беше лани, годинава, повторно, во принцип предноста на домашен терен си е предност која би требало да се искористи.

За разлика од лани, сега Вардар прв "сервира", гостин е Металург, па со самото тоа и поголемиот притисок оди на плеќите на "црвено-црните", во пакет со улогата на фаворит која несомнено е на нивната страна.

Играчки гледано, Вардар профитираше повеќе за време на преодниот рок. Нивно најголемо засилување секако е враќањето во тимот на Наум Мојсоски, македонскиот репрезентативец. Тој секогаш имал големо влијание во играта и беше еден од клучните играчи на сите дуели кои Вардар ги доби со Металург пред две сезони кога "црвено-црните" станаа шампиони.

За разлика од лани, сега Вардар е одлично покриен и на позицијата лев бек. Анте Кукрика и Мите Караиванов се двата леви бека кои треба да донесат новитет, односно тоа што Вардар лани го немаше, шутеви од дистанца.

Како и да е, се очекува најмногу време на теренот, на бековската линија да минуваат Радуловиќ, Мојсоски и Прибак.

Марио Пејовиќ, црногорскиот пикер кој лани не покажа којзнае што, е заменет со Украинецот Владимир Кисил. Како тоа ќе функционира, треба да се види. Милан Косановиќ, српскиот голман кој дојде од Германија, би требало да ја донесе потребната сигурност на голот, која на Вардар лани му недостасуваше на клучните натпревари, со исклучок на финалето на Купот.

Вардар во своите редови ќе има еден "одмаздник". Гоце Макалоски, крилото кое од Металург се пресели во Вардар и ќе има дополнителен мотив да се покаже и докаже не само на дуелите со Металург туку и на сите важни натпревари на Вардар. Докажување, но од други причини, како новак во тимот, ќе има и за крилото Ивановиќ, кое дојде од Партизан.

Ракчевиќ, Прибак, Маркоски, Даскаловски, З. Мојсоски, Алушевски се играчи кои се добро познати, си ја знаат својата работа и знаат колку треба да дадат.

Спротивниот табор, Металург задржа с$ што сакаше да задржи. Идејата тимот да биде истиот со едно екстра засилување пропадна со Сергеј Погорелов, кој требаше да донесе пресврт, нов момент. Но, тој беше далеку од можност да стане засилување, па мораше назад. Неговото место го зазема играчот кој на двата меча со Измир веќе почна да се "исплати" - Александар Станојевиќ. Така и Металург доби што сакаше, шут од дистанца од деснобековската позиција. Се чека на пролет да се приклучи и Ивановиќ и таа позиција ќе биде покриена.

Вардар има еден, Металург два "одмаздника". Владо Недановски и Александар Јовиќ. Двата екс играчи на Вардар сигурно ќе имаат дополнителни мотиви уште на првиот дуел да покажат дека нивниот бивш клуб направил грешка.

Металург дополнително ја засили голманската позиција. На лани одличниот Борко Ристовски му се приклучи Данило Брестовац и сега Металург ја има можеби најкомпактната двојка на македонски голмани. Се виде тоа на дуелите со Измир.

За разлика од Вардар, кого немавме можност да го гледаме на официјален натпревар, Металург одигра два. Против послаб противник и очигледно со намера да скрие колку што може да се скрие за дуелите со Вардар. Колку е, пак, можно да се крие ова или тоа, можеби во целата таа приказна на играње со "пола сила" беше поважно да се заштитат играчите од некоја евентуална повреда. Турците играат прилично агресивно и опасно во Измир, во Скопје не беше опасна нивната игра до таа мерка.

Но, не видовме многу од Металург. Не видовме практично ништо од најголемиот дел од играчите, лани носители, Ристовски, Шмигиќ, Лазаров... Многу јасно дека Металург со Вардар нема ни да се постави ни да игра како што тоа го правеше со Измир, но време да чекање - нема. Едноставно, сите ќе мора да играат на едно сосема поинакво ниво, за да има шанса Металург в среда.

Што се однесува до важноста на натпреварот, тоа е, сепак, само прв меч кој нема да реши ништо. Ќе има уште три натпревари на кои ќе може да се надополни тоа што ќе се пропушти сега. Но, факт е дека екипата која ќе победи ќе биде во голема, огромна предност. Посебно, ако разликата е над 3 гола на пример. Лани само еден гол решаваше пред последната пресметка, но тешко дека ќе се повтори уште една таква изедначена сезона.

Би било убаво за ракометната јавност да гледа мечеви со мала разлика, која малку од малку би го задржала вниманието на неутралните љубители и би надополнила, тоа што дербито се игра веќе во првото коло и што првенството ќе биде рано решено, најдоцна во првото коло од последниот круг.

Лани битката за титулата безмалку ќе завршеше со општа тепачка, пред две години нешто слично. Годинава би било убаво за промена и за добро на целиот ракомет "клупите" да си седат мирни без оглед како се движат бројките на семафорот.

Првото дерби ќе го судат Кркачев и Бошковски. Ова ќе им биде четвртпат да судат меч меѓу Вардар и Металург. Забелешки, грешки и незадоволство секогаш има(ло) за судењето, кој и да бил на "центарот". Веројатно исто ќе биде и сега. Но, немало преголеми тензии кога тие двајца ја делеле правдата, или со други зборови, никогаш директно не бил вперен прстот кон нив како виновници за поразот на некој од тимовите.

За мир на клупите и сега ќе има два делегати. Драган Начевски веројатно ќе треба поголемо внимание да обрнува на клупата на Металург, а Неделко Неделковски истото тоа да го прави за клупата на Вардар.



-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 17.Септември.2008 во 23:05
Вардар Про - Металург 27:27

Во нашиот ракометен шампионат се уште не е комплетирано првото коло, а веќе се игра натпревар за титула.

Тоа е можно затоа што вицешампионот Вардар Про и актуелниот првак Металург немаат конк*ренција, па нивните четири меѓусебни пресметки ќе решаваат за тронот.

На полувремето од денешната средба во салата „Кале“ беше 15:10 за Вардар Про.

Црвено - црните дојдоа во водство благодарение на серијата од 6:1 во средината на првото полувреме за водство од 11:5, потоа само ја одржуваа предноста до крајот на полувремето.

Очекувано во првото полувреме немаше голем број на погодоци, двете екипи праве доста грешки.

Во првите осум минути од второто полувреме Металуг направи серија од 5:0 и го изедначи резултатот на 15:15.

Се играше гол за гол до самиот финиш, во кој Вардар имаше предност од еден гол на 15 секунди до крајот, но Живковиќ погоди за Металург за конечни 27:27.

Неманја Прибак беше најуспешен во домашниот тим со седум погодоци, Мојсоски и Ивановиќ потигнаа по еден помалку. Кај гостите најистакнати беа Шмигиќ со девет погодоци и голанот Борко Ристоски со 11 одбрани.


Imaat sreka Metalurg kako i uvek!!!

VARDAR SHAMPION!!!


-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 09.Октомври.2008 во 20:12
Кавадарчани без шанси во "Кале"

ВАРДАР ПРО - В.В ТИКВЕШ        35:23 (17:13)

Сала: "Кале" во Скопје: Гледачи: 50. Судии: Попов и Чаневски. Делегат: Неделковски

Вардар Про: Косановиќ (5 одб, 1 сед), Даскаловски (13 одб), Кисил 3, Макалоски 4, Прибак 8, Вујовиќ 1, Симовиќ 7, Радуловиќ 2, Ивановиќ 3, З. Мојсоски 4, Алушевски, Кукрика 2, Маркоски 1

Седмерци: 3/4 Исклучувања: 8 мин. Ц. Картон: Алушевски (директен)

В. В. Тиквеш: Паунов (12 одб, 1 сед), Филипов (1 одб), Китев 2, Левов 10, Златев, Плетварски, Булуков 2, Грозданов 3, Соколов 3, Најдев, Јанчев, Нешков 1

Седмерци: 1/2 Исклучувања: 20 мин. Цартон: Китев (3х2), Плетварски, Нешков (директни)

Вардар Про го има истиот проблем кој го има и Металург во домашниот шампионат. Проблем за "црвено-црните" е да се мотивираат за натпреварите кои ги играат во националниот шампионат и им даваат шанса да помалите екипи да покажат заби, дури и да се понадеваат на изненадување.

В. В. Тиквеш не беше блиску до изненадување, но можат да бидат задоволни кавадарчаните од партијата која ја пружија во Скопје.

Првите 20 минути од натпреварот минаа во изедначена игра и резултатски и на паркетот. 10:10 беше во 20. минута од мечот. Вардар по тоа со серија од 4:0 колку толку "се одлепи", но на полувреме се замина со само три гола предност за вицешампионот.

Во продолжението В.В. Тиквеш беше рамноправен уште десетина минути, а по тоа разликата во квалитет дојде до израз.

Вардар имаше водство од 22:17, кога влезе во ритам (пред с$ Немања Прибак) и направи серија од 7:0 по која на кавадарчаните не им остана многу што да направат.

На крајот, убедливи 13 разлика за домашниот натпревар, на меч кој не беше толку нервозен и груб, иако имаше дури 4 црвени картони.

Плетварски прв заработи билет за трибината откако опцу еден од судиите. Истата судбина го снајде и Китев, кој имаше 3 исклучувања.

На крај, судиите правецот кон соблекувалните им го покажаа и на Нешков и на Алушевски. За малку беше избегнат инцидент.

Алушевски беше во залет кон голот кога Нешков неспортски и многу ризично го бутна кон мантинелата. Потегот беше опасен и Алушевски можеше сериозно да се повреди. За среќа, успеа да се исконтролира да не падне, но не и да ги смири нервите. Го бутна Нешков, овој падна и за неколку секунди сите играчи на двата тима беа на паркетот.

За среќа, страстите брзо се смирија, па мечот продолжи и се доиграа последните десет минути.



-------------



Постирано од: ZOTE
Датум на внесување: 19.Октомври.2008 во 12:34

Металург - Драмен  37-30

 слики од уткамицата

 

 
 
 
 
 
 
 


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 27.Октомври.2008 во 16:54
"ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ" НА ДОМАШЕН ТЕРЕН УБЕДЛИВО ГО ПОРАЗИЈА НЕМОЌНИОТ БОРЕЦ МЛАДОСТ

Вардар сигурно до нов триумф

ВАРДАР ПРО - БОРЕЦ - МЛАДОСТ            42:22 (25:11)

Сала: "Кале" во Скопје Судии:Ѓорѓиев и Папуџиев од Скопје Делегат: Климкаров

ВАРДАР ПРО: Митревски, Косановиќ, Ракчевиќ 6, Макалоски 3, Прибак 2, Вујовиќ 1, Радуловиќ 9, Мојсоски 10, Алушовски 7, Кукрика , Маркоски 2.

Седмерци: 6/8 Исклучувања: 2 мин.

БОРЕЦ МЛАДОСТ:Петров, Паунков, Крстевски, Кочов, Стојановски 4, Илиев 8, Лазаревски И. 2, Андреев 1, Лазаревски А. 1, Темелковски 3, Ивановски, Узунчев 3.

Седмерци:1/3 Исклучувања: 2 мин.

Ново, очекувано надмоќно издание на "вардарците" на свој паркет, овој пат против екипата на Борец Младост од Велес Ракометарите на Вардар про останаа недостижни за послабиот противник, доминирајќи во текот на целиот натпревар за конечен триумф од цели 20 гола разлика, 42:22.

По дербито со ривалот Металург и по еден бод од нивниот меѓусебен дуел, "црвено-црните" се вратија со победа и одново се на првото место, благодарение на подобрата гол разлика од единствениот ривал.

Избраниците на тренерот Вујовиќ одиграа организирано, сигурно, и брзо напаѓаа. По некаде 6 минути игра резултатот беше 7:1 во корист на домашните. Предноста продолжи да расте, а највисоката разлика за тимот на Вардар Про во првиот дел беше постигнат токму пред крајот од полувремето, а изнесуваше 14 гола (25:11).

На самиот почеток од вториот дел од мечот ракометарите на Вардар про направија мини-серија од три гола (28-11), но веднаш потоа се вратија и велешани намалувајќи го резултатот на 28:14, во 37 мин.

Во овој дел од мечот се виде малку похрабра игра на ракометарите на Борец без оглед на високото водство на фаворизираниот противник. Меѓутоа, недоволно за позитивен впечаток. "Вардарците" останаа неприкосновени за послабиот противник постигнуваа голови од сите позиции и рутински ја водеа средбата кон крајот.

Иако победникот веќе беше решен, гостите се обидуваа да го намалат високото водство, но тоа тешко им одеше од рака.

На овој меч кам-бек имаше голманот на Вардар про Никола Митревски, кој се врати на ракометните терени по паузата поради повреда на коленото.



-------------



Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 11.Ноември.2008 во 16:46

В ЧЕТВРТОК, ВО СКОПЈЕ ДОАЃА КИЛ, ЕКИПАТА КОЈА ПОСЛЕДНИВЕ ДВЕ СЕЗОНИ ИГРАШЕ ВО ФИНАЛЕТО НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

Кавтичник: Металург може секого да победи дома

ЧЕТВРТОК, 13.11.2008

МЕТАЛУРГ - КИЛ            18:00

Скопје, сала: Борис Трајковски"

Судии: Милан Сивак и Петер Дворски од Словачка

Делегат: Оле Кристијансен од Данска

Иако с$ уште е актуелен натпреварот кој во саботата го играше со Барселона, Металург мора веднаш да се фокусира на тоа што следи. А следи гостувањето на еден од двата најсилни и без двојби најатрактивниот тим во моментов - Кил.

"Зебрите" во Скопје доаѓаат ослабени. Но, да не се добие погрешен впечаток, "ослабени" во Кил, по с$ изгледа, е збор кој има поинакво значење отколку кај другите екипи.

Отсуство на играчи како Никола Карабатиќ, по тоа Борге Лунд итн. секаде би било оквалификувано како огромен хендикеп, можеби решавачки момент и слично. Но, Кил и без нив во последното првенствено коло го совлада (дотогаш) второпласираниот во Бундес-лигата, Лемго, со 10 гола разлика!

Предводен од вонсерискиот Тјери Омејер (17 одбрани), пикерот Маркус Алм (10 гола) и ветеранот Штефан Ловгрен (7 гола), Кил навидум лесно и повеќе од убедливо победи (33:23).

Сега доаѓаат во Скопје да го одиграат и вториот меч со македонскиот шампион. На првата средба победија со 8 гола разлика (37:29), без сомнеж и овде ќе бидат огромни фаворити.

Тоа што ситуацијата во групата "Ц" од Лигата на шампионите е решена, за Кил не значи ништо. Едноставно тие играат исто на секој натпревар, секогаш. А тоа го прават на многу високо ниво и затоа и резултатите им се такви (единствениот пораз сезонава го имаат доживеано од Сиудад Реал во полуфиналето на "Трофејот на шампионите" во Веспрем. А имаат одиграно над 15 натпревари, што во Бундес-лигата што во Лигата на шампионите.

Кил доаѓа некомплетен, но со доволен број имиња кои ги почитува цела ракометна Европа.

Во квалитетите на Словенецот Вид Кавтичник и начинот на кој тој функционира во машинеријата на Кил можеа да се уверат и ракометарите на Металург и љубителите на ракометот кои го следеа натпреварот преку малите екрани.

Станува збор за еден од најкорисните ракометари во "стадото на зебрите", екстремно брз и безмалку перфектно воигран исто толку и реализаторски способен, посебно кога се работи за типичните додавања преку цел терен со кои се прослави Кил, посебно во казнувањето на противничките грешки.

На тој меч постигна 5 гола од исто толку обиди, а сигурно многу мака ќе им создава на одбранбените играчи на Металург и в четврток.

Тој одново се согласи за Македонски спорт да ги искоментира последните случувања и да пренесе дел од атмосферата во германскиот табор до македонската публика.

"Очекуваме амбиентот во Скопје да биде добар, салата полна и сигурно ќе биде тежок натпревар. Не се залажуваме, знаеме дека Металург има добра екипа и дека на домашен терен ќе биде тешко да ги победиме. Се потпираме на нашиот квалитет, а квалитетот на Кил налага да се оди на секој натпревар на победа, па така и во Скопје. На тој натпревар, најверојатно, нема да играат Никола Карабатиќ, Борге Лунд и Андрас Паличка. Така нашата екипа ќе биде прилично ослабена и мораме да бидеме посебно внимателни", вели Кавтичник.

- Сега кога ситуацијата во групата е практично решена, како успева Кил да ја задржи мотивацијата на дуелите со послабите противници?

"За нас секој натпревар е посебна приказна, па така како што ќе играме со Металург, така ќе играме и со Вецлар и мораме на секој натпревар да дадеме с$ од себе за да победиме. Така мораме ако сакаме повторно да станеме прваци во Германија или прваци на Европа. Во нашиот спорт не смее да има калкулации во играта. Мора секогаш да се дава 100 % на теренот".

- Скептиците велат дека на првиот меч Кил играл со "пола" сила.

"Хе-хее.. Можеби така изгледа. Лесно е да се игра дома пред 10 250 гледачи. Но, затоа, пак, во Скопје сигурно ќе биде исклучително тешко".

- Уште една компарација на Металург со екипите во групата "Ц"

"Металург има добра екипа, но нема голем број вонредно квалитетни играчи како што имаат Кил и Барселона. Но и покрај тоа Металург би можел на домашен терен секого да победи. Драмен е млада екипа и нив најмногу им недостига искуство, па Металург е тука во предност", изјави Кавтичник.

Средбата е закажана за в четврток, во 18:00, тоа термин кој го одреди ЕХФ, а кој е на барање на Германците заради ТВ преносот. Распоред кој е утврден уште на почетокот на сезоната. Металург прес-конференција ќе одржи утре на пладне.



КИЛ АНГАЖИРАШЕ НОВ ГОЛМАН

Лусау место Паличка

На натпреварот во Скопје, Кил ќе допатува со својот нов голман, 21-годишниот Хердерио Лусау. 193 сантимери високиот Лусау е од Ангола, а во Кил доаѓа од шведската екипа Гуиф Есклиструна.

Тој доаѓа на местото на Швеѓанецот Андреас Паличка, кој мора на операција на менискусот. Нема многу информации за квалитетите на младиот голман од Ангола, освен што веќе неколку години брани во Шведска (Сканела, Ѓургарден, Гуиф) и има шведско државјанство. Сепак, штом Кил се решил за него, сигурно станува збор за голман кој е вонсериски талент. Тој потпиша за Кил договор со кој останува до јуни следната година.  Тој веќе дебитираше за Кил, на мечот со Лемго. Влезе во последните 4 минути, кога натпреварот веќе одамна беше решен и успеа за тој период да запише две одбрани, а да не прими ниту еден гол.

Кил и натаму е во потрага по дефанзивец, играч кој ќе го замени сезонава Борге Лунд. Норвежанецот се повреди (Ахилова тетива) на натпреварот во Барселона и ќе паузира меѓу 4 и 6 месеци. Практично, сезоната за него е завршена.

Повреден е и Никола Карабатиќ, повторно повреда на рамето и тој, најверојатно, нема да доаѓа во Скопје.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ

Портланд на "тенок" лед

Екипата на Стеауа од Романија се наоѓа на прагот да го направи најголемото и веројатно единственото изненадување во Лигата на шампионите, во оваа прва фаза од натпреварите.

Романците на две кола до крајот имаат два бода предност пред Чеховски Медведи и Портланд Сан Антонио, кои се на второто и третото место со ист број бодови, но Русите имаат подобар меѓусебен скор од памплонците.

Во следните две кола Стеауа игра на гости во Чехов и дома со Портланд. Победат или одиграат нерешено на една од тие две средби, тогаш Стеауа ќе оди во главната рунда, а еден од фаворитите се сели во КПК. Како стојат работите, таква "среќа" му се насмевнува на некогашниот еврошампион Портланд Сан Антонио. Ќе имаат пеколно тешка задача Шпанците да ја совладаат Стеауа пред најмалку 5000 нивни навивачи во последното коло.

Во другите групи, главно с$ е познато. Шамбери и Целје ќе одат во главна рунда, Хамарби во КПК, а Гранитас се збогува со Европа.

Во групата "Б", Сиудад Реал и Гог продолжуваат во Лигата на шампионите, Босна во КПК, а Дукас ја заврши сезоната.

Во групата "Ц", Кил и Барселона остануваат во елитата, Металург треба да одбрани седум разлика во последното коло или да чепне бод од Кил за да остане во КПК, а Драмен да ја чека следната евро-сезона за подобар резултат.

Хамбург и ФЦК од групата "Д" остануваат во ЛШ, Татран сега е сигурен патник во КПК, а Ц. Звезда се посрамоти и веројатно без освоен бод ја завршува оваа сезона.

Во групата "Ф", Флензбург е сигурен, посебно ако го совлада вториот фаворит Веспрем во следното коло. Хаукар се дружи со теоријата, додека Запорожје е елиминиран.

Реале Адемар во групата "Г" и Монпеље се екипите кои ја продолжуваат дружбата со најсилните, Амичитија има цели 10 гола предност во однос на Брегенц од меѓусебната средба и извесно се сели во КПК.

Во последната група, Загреб и Рајн Некар ќе играат во ЛШ, прашање е само кој ќе биде прв а кој втор. Ќе одлучи пресметката во Манхајм, првиот меч заврши нерешено. Пик Сегед ќе го направи КПК поинтересен, а полската Висла Плик е елиминирана.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 12.Ноември.2008 во 17:59
ПРОТИВНИКОТ НА ВАРДАР ПРО, ЗАСИЛЕН СО ИСКУСЕН РАКОМЕТАР ОД СЛОВЕНИЈА

Пунгартник потпиша за Кадетен

Составот на Кадетен од Швајцарија ќе биде засилен со Роман Пунгартник од Словенија за дуелите против Вардар Про од КПК кои ќе се одиграат следните два викенди во Скопје и во Шафхаузен.

Искусниот ракометар од Словенија веќе се договори со Швајцарците и тој ќе остане во овој тим до крајот на сезоната. Се работи за играч кој има големо меѓународно искуство и тоа ќе биде голем плус за оваа екипа на натпреварите против "црвено-црните".

Во кариерата има многу титули, а има и во европските купови. Досега има играно и за тимови како што се Кил и Хамбург и оттаму Кадетен ќе биде засилен за дуелите со "вардарците".

Затоа, пак, на дуелите со Вардар Про, Швајцарците најверојатно ќе бидат без Унгарецот Даниел Будај. Тој се повреди на еден од последните тренинзи и како што засега стојат работите најверојатно нема да биде во тимот ниту за едниот ниту за другиот натпревар. Според вестите од Шафхаузен тој би требало да се врати на тренинзите дури на крајот на овој месец. Се работи за повреда на менискусот која доколку не биде залечена најверојатно ќе мора да биде извршен и оперативен зафат за да се реши целата ситуација.

Што се однесува до средбите од домашниот шампионат таму на последниот дуел Кадетен забележа победа од 25:21 (полувреме 12:12) на домашен терен против Криенс, а на табелата и натаму е втор зад Амичитиа која има бод повеќе. Против Криенс најефикасни беа Патраил и Линигер кои имаа по седум погодоци, додека Старцан имаше пет гола.



ДУЕЛОТ ОД 11. КОЛО ОДИГРАН ПРЕДВРЕМЕ

Нова победа за Вардар

Т. ПРОЛЕТ - ВАРДАР ПРО             22:31 (11:17)

Сала: Расадник во Скопје. Судии: Кркачев и Бошковски од Скопје. Делегат: Климкаров од Велес.

ТИНЕКС ПРОЛЕТ: Чупаркоски, Цветкоски, Тренчоски, Иваноски, Спасовски, Димовски 3, Младеновски 2, Котески, Постоловски 9, Петрушевски 2, Матлиески 4, Стефанов 2, Василески

Седмерци: 2/5, Исклучувања: 8 мин.

ВАРДАР ПРО: Косановиќ, Митревски, Кисил, Макалоски 4, Прибак, 4, Вујовиќ 3, Симовиќ 2, Радуловиќ 5, Ивановиќ 1, Мојсоски 3, Алушевски 4, Мојсовски 4, Кукрика, Маркоски 1

Седмерци: 2/3, Исклучувања: 4 мин.

Ракометарите на Вардар Про дојдоа до нова победа во првенството откако на дуелот од 11. коло против Т. Пролет овој пат полесно дојдоа до бодовите во Расадник. Вардар победи со 31:22 и заработи нови три поени.

Вториот дуел од ова коло ќе се одигра денеска кога во СРЦ "Кале", МРК Вардар ќе ја пречека екипата на Преспа.

Филипос минимално против Димос

Екипата на Филипос Верија која е противник на МРК Вардар во натпреварот кој во недела ќе се одигра во СРЦ "Кале" од Челенџ купот на последниот дуел од домашниот шампионат успеа да дојде до победа од 26:25 против составот на Димос. Филипос победи како гостин на овој меч и сега после седум средби се наоѓа на 4. позиција во шампионатот на Грција, а има пет победи и два порази.

Засега најдобар стрелец на екипата е Дејан Унчанин кој со 34 гола или 5,67 по натпревар се наоѓа на 16 место на листата на стрелците. На 18 позиција е Димитриос Бадис кој досега има 30 погодоци.

-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 14.Ноември.2008 во 17:08
Вујовиќ ја гледа својата екипа во следната рудна

Македонскиот ракометен претставник во Купот на победниците на куповите, Вардар Про, се подготвува за следниот натпревар од 3. коло против екипата на Кадетен Шафхаузен. Тренерот Веселин Вујовиќ вели дека ја гледа својата екипа како патник во следната рудна.

„Годинава имаат изменета екипа, за разлика од онаа што играше со нас лани, но имаат и многу засилувања. Ние нема да калкулираме со бројот на головите кои ќе ги постигнеме. Одиме на победа, без разлика со колку голови ќе биде изразена. Нема фаворит на овој дуел, но Вардар Про го гледам како патник во следната рунда“, изјави Веселин Вујовиќ.

Натпреварот ќе се одигра во СРЦ „Кале“, в сабота со почеток во 18 часот.


Вујовиќ: Вардар Про го гледам како патник во следната рунда

-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 16.Ноември.2008 во 17:02
КПК, 3. РУНДА

ВАРДАР ПРО (МКД) - КАДЕТЕН (ШВА)    33:27

Сала: СРЦ "Кале" во Скопје. 2000 Гледачи, Судии: Петер Херцег и Петер Суди од Унгарија. Делегат: Владимир Ранчик од Словачка.

-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 22.Ноември.2008 во 12:34
Пораз на ракометарките од Хрватска

Најдобрите македонските ракометарки загубија убедливо од селекцијата на Хрватска со 37:27, во првиот меч на Панон куп турнирот во унгарскиот град Сомботели.

Ослабениот состав на Владимир Глигоров, без болната Радуловиќ и повредените Андреева и Бајрамовска, имаше неуспешна прва контрола, пред претстојното Европско првенство што за десетина дена почнува во нашата земја.

Шанса за подобрување на впечатокот, нашиот национален тим ќе има утре и в недела, во преостанатите две средби на турнирот, против домаќинот Унгарија и со Австрија.



-------------



Постирано од: Trine
Датум на внесување: 23.Ноември.2008 во 23:04
Pobeda na Metalurg Skopjenad DHK vo Drammens hallen.
Fotograf Atle Olav Dahl.


Navivachi na Metalurg
Fotograf Katerina Dahl


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 24.Ноември.2008 во 19:17

ПРЕТСТАВНИКОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО КПК, ВАРДАР ПРО, ПОВТОРНО ИСПАДНА ОД ШВАЈЦАРЦИТЕ

Кадетен и годинава подобар

КАДЕТЕН - ВАРДАР ПРО 33:25 (19:14)
Спортска сала во Шафхаузен. Гледачи: 1500. Судии: Денц и Реибел до Франција.
Кадетен: Квадрели, Подпечан, Раух 2, Петро, Грубнер, Патраил 6, Олтманс, Старцан 3, Марчинкевичиус 1, Пунгартник 6, Ларсон, Бухер 1, Уршиќ 3, Линигер 9.
Седмерци: 6/8, Исклучувања: 12 мин.
Вардар Про: Косановиќ, Митревски, Ракчевиќ 5, Кисил, Макалоски, Прибак, Симовиќ 5, Радуловиќ 3, Ивановиќ 2, З. Мојсовски 1, Алушевски, Н. Мојсовски 2, Кукрика 7, Маркоски
Седмерци: 1/2, Исклучувања: 16 мин.

Тимот на Вардар Про е единствениот од трите македонски претставници во европските купови во машка конк*ренција кој не се пласираше во осминафинале откако против Кадетен во Шафхаузен загуби со 33:25. Поради само шесте гола предност од првиот дуел Вардар Про синоќа мораше да се прости со настапите во европските купови сезонава.

Уште на стартот на средбата се виде дека домашниот состав се има подготвено многу подобро за реваншот и дека ракометарите се решени и оваа година да го остават Вардар Про без презимување во Европа. Кадетен поведе со 6:1 и овој резултат беше актуелен на средбата во 9. минута.
Во следните осум минути "црвено-црните" како да ја најдоа формулата за да го загрозат голот на противникот, па на тој начин успеаја да фатат резултатски приклучок и да дојдат до резултат од 9:8. Меѓутоа, сето она што се сработи во овој период го снема во продолжението од натпреварот бидејќи следните седум минути донесоа нова серија за домашните кои одново дојдоа до посакуваната позитива. Во 24. минута поведоа со 16:10 и најавија возбудливо продолжение на средбата.
На 16:11 "вардарците" не искористија три напади со играч повеќе и тоа беше шанса за Кадетен да ја зачува предноста од пет гола и по завршувањето на првото полувреме.
Второто полувреме имаше неколку различни периоди за двата тима. Вардар намали по пет минути игра на три разлика и се обидуваше да дојде до уште подобар резултат. Немаше шанси да направи нешто повеќе бидејќи во 33. минута Вардар Про остана без Маркоски, а во 39. минута и без Ивановиќ, кои добија директни црвени картони. Сето тоа им помогна на домашните во 40. минута да дојде до осум гола предност и водство од 26:18.
По ова с$ беше многу потешко. Вардар мораше да брка одново резултат, но тоа одеше тешко и немаше сили за одново да се дојде до разлика која го води тимот во следната рунда. На 30:22 беа утнати зицер и седмерец, па веќе стануваше јасно дека на овој дуел "вардарците" нема да успеат да стигнат до подобар резултат и дека нема да можат да стигнат до пласман во осминафиналето.
Точка на средбата стави Линигер, кој со својот деветти гол стави до знаење дека и оваа сезона Кадетен продолжува понатаму, а Вардар Про долгот ќе го враќа во некоја друга година.

Тројца "поцрвенеа"

Дури тројца ракометари не го дочекаа крајот на средбата одиграна синоќа. Во 33. минута при еден дуел Маркоски и Пунгартник паднаа на земјата, а од искусниот ракометар на Кадетен имаше обид за удар. По сето тоа настана мешаница од која најдебелиот крај го извлекоа двајцата ракометари кои и ја почнаа целата ситуација. Добија директни црвени картони и се преселија на трибините. Шест минути подоцна на Маркоски му се придружи и десното крило Ивановиќ, но овој црвен картон остана чуден за сите бидејќи е доделен без објаснување и за прекршок за кој најмногу би требало да се доделат две минути.

КПК, 3. РУНДА
Нордхорн (Гер) - Будивелник (Укр) 23:21/28:21
Кадетен (Шва) - Вардар Про (Мкд) 27:33/25:33
Каустик В. (Рус) - Алпла Хард (Аут) 31:34/36:26
Париз (Фра) - Филинген (Нор) 32:27/32:21
Партизан (Срб) - КИФ Колдинг (Дан) 27:41/31:35
Ваљадолид (Шпа) - Коњух (БиХ) 25:16/34:20
АБЦ Брага (Пор) - Констанца (Ром) 18:21/24:28
Дунафер (Унг) - Плер (Унг) 32:30/29:26



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: HI)H(
Датум на внесување: 24.Ноември.2008 во 22:37
MAKEDONIJA

-------------
1 Година верен форумџија


Постирано од: ZOTE
Датум на внесување: 25.Ноември.2008 во 15:47
Сит екој сакаат д аодат да гледаат евроспко жени макеоднска репрезентациа имате карти по евтин ицени.





Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 27.Ноември.2008 во 23:21
Рекордна победа на прилепскиот ракометен прволигаш
"Пиварите" со 57 голови за 60 минути

Ракометарите на прилепскиот прволигаш Златен даб го истурија својот бес по неочекуваниот пораз во Куманово, нивни прв сезонава, врз фенерџијата Младост. Младиот ресенски состав замина со мрежа наполнета до врв, примајќи 57 голови за 60 минути, што е рекордно постигнување на прилепчани во сите конк*ренции во кои се имаат натпреварувано. Прилепските ракометари важат за главни кандидати за експресно враќање во Суперлигата, но на последните две гостувања потфрлија. И додека за нерешениот исход против Повардарие беше барано алиби во грубата игра на домаќините, за поразот во дербито во Куманово нема оправдување. Затоа избраниците на Петрески и на Нешкоски одиграа максимално мотивирано во 10. коло и го изрешетаа голот на последнопласираниот тим во лигата, победувајќи со 57:18

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 27.Ноември.2008 во 23:23
НАШИТЕ НАЈДОБРИ РАКОМЕТАРИ ГИ ПОЧНУВААТ КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП 2010
Со Естонија како да е Исланд
Нашите најдобри ракометари за момент ќе го заборават Светското првенство во Хрватска за да се фокусираат на денешниот старт на квалификациите за Европското првенство 2010 во Австрија. Естонија им е стар познајник, но не и муштерија, бидејќи еднаш ги

Нашите најдобри ракометари за момент ќе го заборават Светското првенство во Хрватска за да се фокусираат на денешниот старт на квалификациите за Европското првенство 2010 во Австрија. Естонија им е стар познајник, но не и муштерија, бидејќи еднаш ги изненади на домашен терен, изборувајќи се за нерешено. Избраниците на Илија Темелковски се свесни дека влегуваат како големи фаворити во двомечот со Естонија, но тоа го прават внимателно и без потценување. Напротив, на Естонија гледаат како на Исланд.
- Не треба да ги мешаме работите. СП и дуелите со Естонија се нешто сосема различно. Ние сме фаворити и така ќе се поставиме, но на теренот ќе се однесуваме како да играме против Исланд. Ни тргна годинава, машкиот ракомет е во нагорна линија, но тоа не треба да не крене во облаци, туку треба да ја искористиме оваа позитивна атмосфера што сите ја чувствуваме - вели капитенот Кире Лазаров.
Во ситуација кога до почетокот на Мундијалот остануваат нешто повеќе од месец и половина, и овие дуели со Естонија ќе послужат како дел од подготовките и никој не се сомнева во позитивниот исход.
- Одиме постепено. Подготовките за СП фактички стартуваат со овој двомеч со Естонија. Атмосферата е на завидно ниво и очекувам да продолжиме таму каде што застанавме на успешниот пат. Овие две победи ќе ни бидат од големо значење кога циклусот ќе продолжи напролет, а во прилог ни оди и ремито на Исланд против Норвешка на гостински терен. Не се сомневам во нашата квалитетна игра и во добриот резултат, но само доколку бидеме максимално ангажирани, бидејќи Естонците имаат интернационалци низ Европа - рече селекторот Темелковски, кој додаде дека списокот за подготовките за СП ќе го прошири со по еден голман и пикер и со две крила.
Средбата се игра во салата "Борис Трајковски", со почеток во 17.30 часот. Според новиот систем, првите две селекции од секоја група обезбедуваат директен пласман.


-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 27.Ноември.2008 во 23:23
ПОДГОТОВКИ НА ЖЕНСКАТА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА
Радуловиќ ќе мирува до ЕП

Повредата на Валентина Радуловиќ, заработена на утринскиот тренинг во вторникот, не е толку страшна за да и биде загрозен настапот на претстојното Европско првенство, но до неговиот почеток во вторник, најверојатно, ќе мора да мирува. Капитенката доби удар во десното колено од Јулија Портјанко во дуел-игра и во прв момент се стравуваше да не се настрадани лигаментите, но лекарскиот преглед укажа само на истегнување.
- Не е толку сериозно, во прашање е само истегнување, но Вале доби препорака да мирува барем два дена. Потоа ќе и биде извршен уште еден лекарски преглед. Се уште не сум решил дали ќе игра на последниот контролен меч со Шпанија в недела. Можеби, ќе биде попаметно да добие поштеда за да не ризикуваме ништо - оцени селекторот Владимир Глигоров.
Со исклучок на Радуловиќ, репрезентацијата вчера тренираше во комплетен состав, што не беше случај претходниот ден. Во работата повторно се вклучи и Наталија Тодоровска, која уште од турнирот во Унгарија, одигран викендов, се жалеше на температура, а Драгана Пецевска ја санираше повредата на вратот.


-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 27.Ноември.2008 во 23:48
Македонија славеше против Естонија со 31:22

Убаво е кога ќе се победи но уште поубаво е кога триумфот го следат и високи амбиции. Најдобрите македонски ракометари фуриозно во стил на елитна репрезентација го почнаа маршот до Австрија 2010-та. Во Борис Трајковски 31:22 против Естонија.

Фаворитската улога не им беше товар на момците на Илија Темелковски да ја завршат задачата. Одиграа добро, колку што е потребно и поглед на конечниот резултат ги става во позадина повремените осцилации во играта.

Естонците делуваа како да знаат што ги очекува па во тој правец почна натпреварот. Ние веднаш исчекоривме резултатски и наскоро имавме 6:1 во наша полза.

Гостите најдоа начин да ја задржат оваа дистанца и на полувреме се замина со 13:8. Најдобриот наш период беше на почетокот од вториот дел кога стигнавме до максималните плус 11, 24:13.

Со серија од 5:0 противникот се врати на едноцифрена негатива која остана до последниот свиреж. Борко Ристовски се издвои со 18 одбрани, најефикасен беше Кире Лазаров со шест гола, два повеќе од Миркуловски, од Темелков и од Алушевски.
Верзија за печатење      Верзија за печатење

-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 30.Ноември.2008 во 12:35
Ракометарите ремизираа со Естонија

Најдобрите македонски ракометари успеаа само да ремизираат 28:28, во реванш натпреварот со Естонија, во квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство што во 2010 ќе се одржи во Австрија.

Во првото полувреме не ни одеше баш најдобро, а Естонците го искористија тоа и успеаа да ни парираат со 15:15 на крајот од првиот дел.

Второто полувреме Естонците повторно стартуваа многу поорганизирано од нашите ракометари, поведоа и со 19:17 во првите 10. минути од вториот дел.

Во 16-та минута од второто полувреме дојдовме во водство од 20:22 и одржувавме предност од два гола до 26. минута, кога Естонците изедначија на 25:25.

На крајот 28:28, Естонците успееја да ни освојат значаен бод во квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство што во 2010 ќе се одржи во Австрија.


Ova e Katastrofa sto se desava so nasite sportisti vo bilo koj Sport!!!! Za nisto ne ne biva edna estonija nemoze da ja pobedime vo gosti! Sega ke sanjame EP!

-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 01.Декември.2008 во 17:49
Во Скопје и Охрид утре стартува женското ракометно ЕП

Македонија од утре до 14. декември ќе биде домаќин на 8-то Европско првенство во ракомет за жени - сениорки.

Во спортските сали „Борис Трајковски“ во Скопје и во „Биљанини извори“ во Охрид, ќе настапат вкупно 16 европски селекции поделени во четири групи.

Во групата „А“ ќе се натпреваруваат:

    * Франција
    * Унгарија
    * Данска
    * Романија

Групата „Б“ ја сочинуваат екипите на:

    * Норвешка
    * Португалија
    * Шпанија
    * Украина

Во третата „Ц“ група се селекциите на:

    * Русија
    * Шведска
    * Австрија
    * Белорусија

Македонската репрезентација е во групата „Д“ со:

    * Германија
    * Хрватска
    * Србија

Избраничките на селекторот Владимир Глигоров својот прв натпревар ќе го одиграат против Германките на 2. декември во салата „Борис Трајковски“ со почеток од 20 часот и 15 минути. Во последниот подготвителен меч македонските ракометарки синоќа во Скопје загубија од Шпанија 26:28.

Европското првенство утре ќе стартува во 17 часот и 45 минути со натпреварот во Скопје меѓу Хрватска и Србија.

Во Скопје ќе се играат натпреварите од групите „А“ и „Д“, а во Охрид „Б“ и „Ц“. Организаторите тврдат дека се е подготвено за почеток и за успешно одвивање на Европското првенство.

-------------



Постирано од: butel2
Датум на внесување: 02.Декември.2008 во 23:31
igraa odlicno, i da ne vlezese Veselinka i dobiese 2-3 smesni gola, moze i ke pobedevme


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 03.Декември.2008 во 08:22
На стартот пораз од Германија

Најдобрите македонски ракометарки го започнаа со пораз настапот на Европското првенство, кое се одржува во нашата земја. Во салата "Борис Трајковски" во Скопје, избраничките на Глигоров загубија од Германија со 25:22 (11:10 полувреме).

Шансата за победа македонските ракометарки ја пропуштија на почетокот од вториот дел кога на пет пати имавме нерешен резултат, по што следеше серија од 5:0 за противникот, на крајот миленичките на домашната публика да се изборат само за пораз од три гола разлика. Сепак, и поразот ги убеди сите присутни во салата "Борис Трајковски" дека Македонија има сили да ја мине групата и да се пласира во вториот круг.

Најпрецизна во нашиот тим со 8 постигнати голови беше Портјанко, додека Тодоровска постигна 6 гола. Андреева имаше 11 успешни интервенции. Во репрезентацијата на Германија Краусе беше најефикасна со 11 постигнати гола. Клара Волтеринг, која зад своето име запиша 18 одбрани беше нерешлива енигма за "црвено - жолтите".

"Свесни сме дека правевме грешки. Ќе се обидеме истите да ги отстраниме на мечевите со Хрватска и Србија." - изјави капитенот Наталија Тодоровска по натпреварот.

"Натпреварот против Германија, беше тежок и неизвесен. Во желбата да прикажеме што подобра игра правевме и недопустливи грешки. Сепак, задоволен сум од ангажманот на моите избранички и се надевам дека на претстојните мечеви ќе заиграме многу подобро." - додаде селекторот на Македонија, Владимир Глигоров.

Селекторот на германската репрезентација, на прес конференцијата по натпреварот изрази задоволство од постигнатиот резултат, при тоа додавајќи дека е среќен од остварената победа, особено ако се има предвид фактот дека е остварена во пеколната атмосфера создадена од страна на домашните навивачи.


-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: nelson
Датум на внесување: 08.Декември.2008 во 22:22
"Натпреварот против Германија, беше тежок и неизвесен"

- da be , vo prvite 10 min...

-------------
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 06.Јануари.2009 во 18:07
Ракометарите го освоија „Жолтиот куп“

Машката ракометна репрезентација на Македонија го освои „Жолтиот куп“, што е главна мундијалска подготовка. Во мечот за пехарот, Македонија одиграа 31:31 со домаќинот Швајцарија, но е прва поради поголемиот број постигнати голови.

Во вкупната разлика и двете репрезентации имаат плус 12. до овој резултат нашите ракометари стигнале со фуриозен финиш, откако постојано ја бркале предноста на Швајцарија која на пет минути пред крајот изнесувала и пет голови.

Трета е Саудиска Арабија која ја совлада Турција со 27:23.

-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 09.Јануари.2009 во 21:15
Македонија ја совлада Саудиска Арабија

Македонските ракометни репрезентативци ја победија селекцијата на Саудиска Арабија со 27:20, во првиот меч на божиќниот турнир на три нации, што викендов се одржува во Скопје.

За разлика од дуелот со истиот противник на минатонеделниот турнир „Жолт куп“ во Швајцарија, кога нашиот тим победи само со еден гол разлика, во салата „Борис Трајковски“ вечерва многу полесен триумф над репрезентацијата што исто така ќе учествува на претстојното Светско првенство.

Епилогот беше најавен уште при водството од 11:6 во 20-та минута, а победата речиси потврдена со убедливите плус осум гола на полувреме, кога беше 17:9.

Во продолжението селекторот Илија Темелковски можеше да тестира повеќе различни тактички варијанти.

Последната контрола на формата и на подготвеноста пред мундијалот во Хрватска што почнува наредниот викенд, македонскиот национален состав ќе ја има утре вечер против селекцијата на Црна Гора.

Саудиска Арабија и Црна Гора в недела ѓе го затворат овој мини-турнир во Скопје.

-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 10.Јануари.2009 во 20:39
Македонија го освои првото место на божикниот турнир во Скопје

Остана само уште финализирањето на формата во пресрет на Светското првенство што идната сабота стартува во Хрватска.

За таа цел македонската ракометна репрезентација, предмалку во последниот контролен натпревар ја совлада Црна Гора со 32:27 и го освои првото место на божикниот турнир во Скопје.

Добар резултат и игра во кои со најмногу 10 голови учествувал Лазаров и кои дополнително ќе влијаат на позитивната атмосфера и самодовербата пред првиот натпревар против Тунис на 17 јануари.

И нашите мундијалски противници ги проверуваат можностите. Полска загуби од Чешка со 33:32, Русија го победи Египет со 35:29, додека Германија вечерва игра со Аргентина.

-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 15.Јануари.2009 во 17:25
На пат со позитивни мисли

Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска заминува за Хрватска каде што в сабота ќе го одигра првиот натпревар на Светското првенство против селекцијата на Тунис. Ракометарите денеска патуваат за Вараждин каде ќе претстојуваат до следниот четврток.
По десет години Македонија одново е на Светското првенство, а вчера репрезентацијата беше во центарот на вниманието. Денот почна со приемот кај премиерот на Македонија, Никола Груевски. Продолжи со прием од поглаварот на македонската православна црква, г. г. Стефан, а последниот прием беше во Агенцијата за млади и спорт.
Сите приеми завршија со прес-конференцијата која се одржа во РФМ, а на неа говореа селекторот Темелковски, како и ракометарите Кире Лазаров и Ванчо Димовски.
"Сите сме свесни за тоа колку е голем предизвикот што го носи самото учество на Светското првенство во Хрватска. Затоа и подготовките беа засилени во овој период. Сакаме колку е можно поподготвени да настапиме на Мундијалот и да се прикажеме во најдобро светло. Задоволен сум од сработеното и од она што го видов на контролните натпревари досега, како и од мотивираноста која беше на максимално високо ниво".



Во минатиот период имаше доволно време за да се видат квалитетите на сите ривали од првата рунда, а од сето ова може да се заклучи дека ќе треба да се одигра максимално во текот на целиот шампионат.
"Во Вараждин не чека силна група во која ќе мораме да дадеме максимум доколку сакаме да постигнеме успех. Мораме против сите да одиграме на ниво и очекувам да стигнеме до добар резултат. Ќе одиме чекор по чекор на првенството. Тунис е нашиот прв противник. Има добар тим, кој с$ почесто прима европски стил на игра. Ракометарите настапуваат претежно во Франција, но ние се подготвуваме за нив и се надевам дека сите ќе можат да дадат 100 посто на теренот".
Ракометарите на тренинг минаа повеќе од 25 дена. За овој период имаа можност да одиграат и пет контролни средби. Сето тоа беше доволно за да се види каков е квалитетот на нашата селекција, а може да се заклучи дека сите ракометари се подготвени за игра.
"Атмосферата во репрезентацијата е одлична. Здравствениот билтен е добар и сите 16 ракометари се подготвени за настап. Ме радува фактот што на контролните средби со Саудиска Арабија и Црна Гора во тимот ги имавме и Ванчо Димовски и Раде Стојановиќ кои се многу важни за репрезентацијата. Тие се подготвени за настап и нам тоа ќе ни користи максимално", заврши Темелковски.
На изјавите на селекторот се надоврза и капитенот Кире Лазаров, кој кажа дека не треба да има кревање во воздух предвреме туку мора да се оди смирено и чекор по чекор на сите натпревари.
"Некако се прави еуфорија пред овој настап на првенството. Тоа е добро, но мораме да бидеме внимателни. Се гледа дека сме единствени и максимално сложни. Сепак, мораме да ја спуштиме топката на земја и смирено да ги дочекаме натпреварите кои ни претстојат. Ние сме нови на ова натпреварување и немаме доволно искуство. Затоа мораме да бидеме внимателни. Мораме да одиме чекор по чекор и да играме добро. Едно е да играме контролни, а друго ваков тип средби и затоа мораме да бидеме максимално организирани пред секој дуел", коментираше Лазаров.



-------------



Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 22.Јануари.2009 во 13:01

Хрватска дише за ракометот

Специјално од Вараждин, Горан Конев
Ако за момент помисливме дека Европското првенство за жени што во декември го организиравме кај нас било спектакл, тогаш треба да се види што се прават Хрватите во тој поглед, па да се сфати вистинското значење на тој збор. Овие денови овдека буквално се дише за ракометот. Тоа се чувствува во воздухот, кога ќе седнете на кафе-муабет, кога ќе вклучите телевизор или отворите весник.
Вараждин е мал град дури и за хрватските стандарди и се однесува многу благодарно кон историската шанса што му е понудена. Од излози ви се смеат маскотата Рукси, Ивано Балиќ, Игор Вори или локалниот миленик Блаженко Лацковиќ, кога пазарувате во супермаркет немојте да се изненадите ако плаќате на касиерки облечени во карактеристичните коцкести дресови, а кафулињата се добро подготвени за заедничкото вечерно следење на настапите на Хрватска. "Карловачко", "ожујско" или "пан", изборот е ваш. Едноставно, овдека на секој од прва му е јасно дека се случува нешто големо и ништо не му е препуштено на случајот. Банери, знамиња на земјите-учеснички и штандови со сувенири и со артикли со симболите на првенството се на секој чекор во центарот на градот, а изборот на навивачките реквизити е навистина обилен и оригинален.
Тука се им е подредено на навивачите, како на домашните, така и на странските, од кои најбројни се Македонците и Унгарците (во Осиек). Мечевите од првата фаза Хрватска ги игра во Сплит, но за да им бидат подостапни на љубителите на ракометот од целата држава, организаторите се послужија со следните "трикови": карта за воз е двојно поевтина доколку покажете влезница за натпревар, а авионски лет од Загреб до Сплит чини колку цената на патарините меѓу двата града. Истовремено, познавајќи го темпераментот на своите навивачи, полицијата се опреми и со два нови водени топа, но засега немаше потреба да ги употреби.
Претседателот на Меѓународната ракометна федерација, Хасан Мустафа, имаше добро претчувство кога најави дека ова ќе биде најдоброто првенство досега. Во тоа можеше да се увери уште на отворањето во Сплит, за кое беше одговорен најпознатиот хрватски театарски режисер Крешимир Доленчиќ, кој осмисли спектакуларно светлосно-акробатско-танцово шоу, кое вклучи и македонско оро.

н.: Кире и Борко на самолепливи сликички

До каде оди промоцијата на тековното Светско првенство кажува и издавањето за првиот ракометен албум со самолепливи сликички на овие простори. Визуелно, не е баш "Панини", ама идејата е реализирана симпатично. Се разбира, акцентот е ставен на хрватските репрезентативци, а од македонските ракометари се застапени единствено капитенот Кире Лазаров и Борко Ристовски.

***

Провокација на унгарските скинхедси

Единствениот поголем инцидент во досегашниот тек на првенството беше забележан во Осиек, на натпреварот помеѓу Унгарија и Австралија. Полицијата интервенираше на трибините за време на мечот за да отстрани два транспарента со политичка содржина. "Стоп за словачкиот расизам" и проширувањето на границите на Унгарија со делови од Романија биле непримерните пораки на унгарските скинхедси до нивните соседи кои ја натерале полицијата да реагира. Сите три репрезентации, инаку, играат во овој град.

***

Ико не го сфатил Тута

Селекторот на Тунис, Зоран Живковиќ-Тута, кој учествува на своето осмо светско првенство, во интервјуто за "Спортске новости" ја откри тајната на успехот на неговата репрезентација во дуелот со Македонија и како, всушност, го надмудрил својот противник Илија Темелковски.
- Го преместив пикерот Теж на позицијата среден бек, а на неговото место уфрлив друг пикер. Македонците не ми ја сфатија оваа финта, која подоцна ни ја донесе победата - изјави искусниот српски стратег.
Теж, инаку, ги постигна двата последни гола за Тунис.

***

Премиерот го "разбудил" Лазаров

Премиерот Никола Груевски доцна разбрал за големата победа над Полска, па затоа морал и доцна да честита. Тој му се јавил лично на капитенот Кире Лазаров еден час пред полноќ во вторникот, кога ракометарите би требало веќе да одмораат.
Груевски му признал на Кире дека не можел да го гледа натпреварот бидејќи бил на состанок, но сфатил дека се случило нешто големо кога слушнал викање надвор.

***

Во Вараждин е најдобрата журка во Хрватска

Најдобрата журка во целата Хрватска во моментов се случува во Вараждин. Тоа е оценката на хрватската телевизија РТЛ, која ги има ТВ-правата за Светското првенство, алудирајќи на она што деноноќно се одвива под шаторот на "Алкалоид" на еден од градските плоштади. Шаторот е полн погодок, тука се пие, игра и пее и хрватско и македонско без прекин, а вистинската експлозија се очекуваше синоќа, зашто беше најавено доаѓање на нови автобуси и приватни автомобили со навивачи од Македонија. Најавено е дека шаторот ќе ги следи нашите ракометари и во следната фаза.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: Tanjuska
Датум на внесување: 30.Јануари.2009 во 13:20
ФОТО: Еуфоричен пречек за македонските ракометни херои


Повеќе од илјада вљубеници во ракометот доцна вечерва им приредија спектакуларен пречек на најдобрите македонски ракометари, кои на Светското првенство во Хрватска го освоија 11 место. Илјадници шалови, капи, маици, знамиња со името и боите на нашата држава вечерва беа доминантен дел од кореграфијата на аеродромот "Александар Велики".





Еуфорично, со развеани знамиња и насмевка на лицата, македонските граѓани се обидуваа да стигнат до спомен фотографија со своите миленици.

Погледајте повеќе слики од атмосферата на аеродромот "Александар Велики" и прочитајте ја целата вест на www.sportnet.com.mk




Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk