IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Македонци ширум светот
  Активни теми Активни теми RSS - Како се дружите ?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Како се дружите ?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака Обратен редослед
Polar Bear Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Декември.2007
Локација: Канада
Статус: Офлајн
Поени: 1152
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Polar Bear Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2007 во 20:36
Луѓето со кои се дружам не ги бирам ни по нација ни по вера ни по потекло. Имам фамилијарни пријатели, сите канаѓани, некои родени во Канада, но некои дојдени како мене од разни страни на светот (Мексико, Јамајка-ман, Кореја, Германија, србо-хрвати, имам комшии босанци и хрвати, и една-две македонски фамилии). Сите се прекрасни, лиги им течат за пастрмајлии, и не пропуштаме повремено да стркаламе некое шише вино. Немам проблем да се дружам со македонци, доколку јазикот не е единственото што ни е заедничко. Како што во Македонија секој македонец не ти е пријател, така и надвор.

И често слушам те канаѓаните биле ладни, затворени, нечувствителни и сл. судови... Нема врска. Само се резервирани спрема она што не им е познато. Треба да се биде доволно отворен и да се покаже интерес, најголемиот дел од нив имаат извонреден осет за пријателство, многу повеќе од она на што ние македонците сме навикнати и го очекуваме.

Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
Кон врв
Delfin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јуни.2005
Статус: Офлајн
Поени: 15178
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Delfin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2007 во 09:57
Веројатно начинот на дружење таму е условен од околностите во кои ке се најдеш . Имам некое специфично тогаш за мене неочекувано искуство . Во моментот кога пристигнав во Германија (зборувам за поранешни времиња ) околината  прва ми беа наши ,Македонци . На работа колеги ми беа Италијани и по некој Германец . Како минуваше времето сватив дека Италијаниве излегоа ,,по наши ,, од ,,нашите,, .  Темпераментни , другарски топли , искрени . Нашиве ( што секако ме разочара ) се некако на малограганштина ,кој чинел ,кој не чинел ,бла бла.....  Значи дружбата ми беше пред се со Италијаните и начинот беше многу сличен на нашиов....ало ..ајде на кафе... ало ..доагам..ало доагај ...вечер ...каде одиме ?  итн итн  .....
 
Во Холандија веке беше подруго но сепак пак велам склоп на околности те на лугето на кои ке наидеш.Таму одлично одеше дружбата со дечки од бившите ЈУ простори , пред се Хрвати и Босанци и на многу интересен начин се вклопуваа и Холанганите посебно од поубавиот пол  намигнување. Холанганите   се далеку потопли од Германците . Барем моето искуство е такво.
Кон врв
chuchuliga Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Мај.2006
Статус: Офлајн
Поени: 893
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај chuchuliga Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Декември.2007 во 22:36
Просто неверојатно ми е дека само еден човек до сега пиша на оваа тема. Значи ли ова дека македонците во странство не се дружат? дека немаат никаков социјален живот? Знам дека во туѓина не е како дома, тоа сите го знаеме, ама, не е ваљда дека не се дружите со никого?
 
Еве, јас ќе кажам и за мене: ние (со мојот партнер кој е исто така македонец) се дружиме со луѓе од сите страни на светот. Значи, јас не го бирам човекот по националност туку по тоа каков човек е. Тука има уште еден македонец со кого од време на време си одиме по гости или пиеме кафе заено, но не се дружиме интензивно. Пријатели ми се претежно луѓе кои се занимаваат со иста професија како и мојата. Некако, со годините се покажало дека сепак најдобро се разбираме со балканци и воопшто луѓе од јужна Европа (ако не се од оние матните типови што само лажат и гледаат како да те изиграат). Шпанци, потугалци, италијани. Сите сме исти, дури ние за многу работи сме и доста пофини па дури и воздржани...Но, правило нема, секој човек си е посебна приказна за себе. Така имаме пријатели и од Кореа, од САД, од Ј.Америка.
Имаме пријатели и Германци, некои дури и многу блиски (исклучоци!) но тие се тешки. Чуваат дистанца која ако случајно се премине (ако се развие блискост) ги фаќа паника и се повлекуваат. И се е некако многу прорачунато. Не е тоа само со нас, бидејки ние сме странци.Тие си се такви и меѓу себе. Многу се чудни....
Толку за сега.   Се надевам ќе заживее темава. Не ми се верува дека македонците, еден од најдружељубивите народи на планетава - не се дружи по странство!
Кон врв
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14596
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Декември.2007 во 17:15
Originally posted by chuchuliga chuchuliga напиша:

Ова прашање е за македонците надвор од Македонија. Со кого се дружите? Само со македонци, или екс-ЈУ или балканци, или сте отворени кон сите, значи и „домаќините“ но и други странци, од други култури (пр. кинези, јапонци)?



не се дружам со македонци од причина што ги има само 2ца: со едниот се гледам од време на време, а со другата воопшто не , бидејки не ми одговара по карактер ( многу флертува со машки)

Најчесто сум во контакт со луѓе од Полска, Русија, Украина, Кина и Камерун, Поради работните обврски не се гледаме често, но се слушаме по телефон, еве се договоривме сега за Weihnachten  ке се собираме кај една германска фамилија


Originally posted by chuchuliga chuchuliga напиша:


Какви се „домаќините“ кон вас - дали има интерес и иницијатива од другата страна? И како се дружите - се среќавате еднаш неделно на пиво или во ресторан или по дома на кафе? Постои ли фамилијарно дружење?


па да ти кажам искрено: живеам со 2 германски студенти: Карина покажува голем интерес кон македонските ора, она посетува часови по танц и веке има неколку CD-ња со македонски ора, а Лукас е "party boy" , многу пие пиво и оде по журки, но сепак покажува респект

Што се однесува до фамилијарните дружења: да, еднаш до 2 пати месечно се срекавам со една постара гермманка која има обврска од Универзитетот да се грижи за мене , фина личност е и постојано ме прашува за македонците каков народ се, а јас нон стоп го одбегнувам тоа прашање голема%20насмевка

Кон врв
chuchuliga Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Мај.2006
Статус: Офлајн
Поени: 893
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај chuchuliga Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2007 во 10:59

Ова прашање е за македонците надвор од Македонија. Со кого се дружите? Само со македонци, или екс-ЈУ или балканци, или сте отворени кон сите, значи и „домаќините“ но и други странци, од други култури (пр. кинези, јапонци)? Какви се „домаќините“ кон вас - дали има интерес и иницијатива од другата страна? И како се дружите - се среќавате еднаш неделно на пиво или во ресторан или по дома на кафе? Постои ли фамилијарно дружење?



Изменето од chuchuliga - 13.Декември.2007 во 11:00
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.