IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Формула 1 и Мото грандпри
  Активни теми Активни теми RSS - F1 Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

F1 Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 55>
Автор
Порака Обратен редослед
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13900
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Април.2011 во 17:49
 nishto novo .,
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13900
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2011 во 15:50
 vetel pak vo element /., a hamilton down., seushte e pochetok ima ihaaaaaaaa
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13900
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2011 во 11:33
 aman so toj shumi dobivam mozolki koga ke prochitam neshto za nego ., mozhe li starec od 8o-g da se vrati na 20-g., iracionalno
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13900
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2011 во 11:30
 na red e i ke bide veselo da vi dime ., dvajcata mladi koj kogo.,

Изменето од pajser - 09.Април.2011 во 11:31
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
Pavaroti Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Експерто нумеро 2

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pavaroti Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2011 во 18:53
Мерцедес пак најбрз, Шуми останува и по 2012?

Нико Розберг во Мерцедес го заврши последниот ден тестирање пред стартот на сезоната на врвот на силниот дожд на патеката Каталуња во Барселона. Само четири тима (Ферари, Мекларен, Мерцедес и Вилијамс) се уште тестираа по утринската сесија, и времињата се подобрија само во последните попладневни часови.

Розберг беше најдобар со време од 1:43.814, додека зад него беше Луис Хамилтон. Фернандо Алонсо во Ферари заврши само 5 кругови на утринската сесија, и ги разочара фановите кои чекаа на трибините, но, сепак, Скудерија беа задоволни од успешно завршената сесија. Хиспанија ХРТ остана единствениот тим кој не го тестираше новиот болид, откако новите делови за болидот не ја поминаа царината во Шпанија на време за да се комплетира барем минимално тестирање.

Во утринската сесија Михаел Шумахер заврши само 5 кругови, но откако го постави најбрзото време во текот на целата сесија со новите делови на Мерцедес ГП болидот, тој може да е задоволен пред новата сезона.

Покрај тоа од Мерцедес информираат дека се подготвени на 42-годишниот ветеран и да му го продолжат договорот по 2012 година. Норберт Хауг вели дека би сакал да остане со својот сонародник и во 2013.

"Ако Михаел се уште го сака ова и ако можеме да се договориме за вистинската цена, зошто да не. Оваа година изгледаме силно и Михаел ќе изненади многумина", вели Хауг

Преземено од идивиди
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2011 во 06:43
Ферари го смени името на болидот


Откако американскиот производител на автомобили Форд се одлучи по судски пат да го реши спорот со Ферари, поради користењето на името Ф150, италијанскиот тим се реши да го преименува својот болид. Компанијата Форд Цо. законски е сопственик на заштитниот знак Ф150, кој го носи серијата на нивните камионети, и поради тоа подигна обвинение против Ферари на Федералниот суд во Детроит за противправно користење на туѓиот бренд, како и користење на слично лого. Во соопштението на Ферари се вели дека во знак на добра волја скратената верзија на името го менуваат со полн назив, па болидот во новата сезона ќе го именуваат како Ферари Ф150тх Италија.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2011 во 08:02

Ред бул го претстави болидот во Валенсија

Новата сезона во Формула 1 неофицијално почна со вчерашните први годинашни тестови на патеката во Валенсија. Повеќето тимот првпат ги покажаа новите болиди, а најголемо внимание привлече шампионскиот на Ред бул. Актуелниот првак Себастијан Фетел и тимскиот колега Марк Вебер ја тргнаа прекривката од новиот болид дизајниран од Адријан Њуи.
- Подготовките за новата сезона беа голем предизвик за нас. Имаше бројни промени во правилата и моравме да го примениме тоа во новиот болид. Најголемата разлика е во враќањето на КЕРС-системот, така што болидот е прилично различен во однос на лани - изјави Њуи.
Меѓу останатите кои дојдоа со новите болиди беше тандемот на Мерцедес, Михаел Шумахер и Нико Розберг, како и возачите на Торо Росо

Кон врв
Pavaroti Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Експерто нумеро 2

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pavaroti Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2010 во 16:54
Originally posted by zabegan zabegan напиша:

Себастијан Фетел ја зема титулата оваа година за прв пат како најмладиот возач во историјата на Ф1, честитки до него и се надевам дека ќе стане иднипт Шумахер среќа (иако секогаш ќе бидам фан на Ферари)малку ми е криво за Алонсо на кој малку му фалеше да ја земе... во секој случај интересна тркаеве го шампионот


Сите честитки за Фетел.
Да жал ми но за Маса.
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2010 во 16:34
Себастијан Фетел ја зема титулата оваа година за прв пат како најмладиот возач во историјата на Ф1, честитки до него и се надевам дека ќе стане иднипт Шумахер среќа (иако секогаш ќе бидам фан на Ферари)
малку ми е криво за Алонсо на кој малку му фалеше да ја земе... во секој случај интересна трка

еве го шампионот



размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
jack_sparrow23 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Ноември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 8
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај jack_sparrow23 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2010 во 19:43
последната трка од оваа сезона ќе биде многу интересна според мене би требало да победи МОЈАТА ЅВЕЗДА ФЕРНАНДО АЛОНСО!
ДАЈ БОЖЕ ДА ПОБЕДИ!!!!

Поздрав до сите ФАНОВИ НА АЛОНСО И ФЕРАРИ!!!
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2010 во 20:06
жестока ќе биде битката на пиедесталот, последната трка сезонава очекувам да биде интересна

инаку честитки за Фетел и Ред бул- Рено што се однесува до освојувањето на тиутулата во конструктори аплауз


Изменето од zabegan - 08.Ноември.2010 во 20:08
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Септември.2010 во 16:44

Нова трака во Ф1 календарот

Извор: Макфакс

Од следната сезона, Ф1 календарот ќе биде збогатен со уште една трка.

Новата трка ќе биде Големата награда на Индија, која според календарот на Светската автомобилистичка федерација-ФИА ќе се вози на 30 октомври 2011 година. ФИА, исто така соопшти дека следната сезона нема да има нови тимови, бидејќи, ниту еден од тимовите кандидати не ги исполнува условите за влез во Ф1.

Еден од кандидатите кои конк*рираа беше тимот на Дуранго, за кој требаше да вози некогашниот шампион во Ф1, Жак Вилнев

Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2010 во 11:29
Алонсо брка победа во Спа, Мекларен пак ќе се жалат

Фернандо Алонсо ќе ја брка четвртата последователна победа за Ферари на Белгиското ГП и се надева дека Марк Вебер повторно нема да блесне во Спа. Лидерот во генерален пласман, Вебер, кој победи четири пати во 12 трки за Ред Бул оваа сезона се уште нема подиум во Спа, и покрај тоа што брзата патека на Ардените е негова омилена.

Алонсо, кој беше втор на претходната трка во Унгарија, и победник на контроверзното Германско ГП пред тоа, кога Ферари ги користеа забранетите тимски наредби, мора да освои максимум поени за да ја намали разликата од 20 поени од Австралиецот.

Дури и да го направи тоа, неговата шанса за титулата зависи од сослушувањето пред Светскиот Моторспорт Совет (ВМСЦ) на 8 септември во Париз, каде што ФИА може да реши да даде и дополнителна казна за Ферари покрај таа од 100.000è. И покрај се ова, двократниот светски шампион е оптимист за победа на патеката на која Ферари има пет победи во последните 7 години.

"Ни требаа само две нормални трки да се вратиме во борбата за титулата. Сега сме на вистинскиот пат, и болидот е многу подобрен. Оптимист сум бидејќи видов како целиот тим добива самодоверба. Во Спа имаме уште нови работи и се надевам дека ќе бидат успешни", вели Алонсо.

Колегата на Алонсо, Бразилецот Фелипе Маса ја доби победата во Спа во 2008, кога Хамилтон беше казнет за "сечење" на шикана. Маса и Михаел Шумахер се единствените двајца активни возачи со победа во Белгија.

МЕКЛАРЕН УШТЕ РАЗМИСЛУВААТ ЗА КРИЛОТО НА РЕД БУЛ

Од вторите големи ривали на Ред Бул, Мекларен пак велат дека се уште не го разбираат предното крило на Ред Бул пред Белгиското ГП. Предните крила беа во центарот на контроверзите последните две трки откако се појавија фотографии на кои крајните делови на предните крила на Ферари и Ред Бул беа екстремно блиску до патеката, со што се зголемува надолната сила, и Мекларен побараа објаснување од страна на ФИА.

Овој викенд во Белгија, крилата ќе бидат поставени на потешки тестови од ФИА, но ова не гарантира дека Ред Бул ќе направат промени. Генералниот менаџер на Мекларен, Џонатан Нил вели дека неговиот тим работи со ФИА за да се осигураат дека МП4/25 ќе го помине тестот, но не знае што ќе се случи со ривалите.

"Да бидам искрен, ги прочитав сите магазини, ги видов сите снимки на веб-сајтот на ФОМ и се уште не можеме да објасниме зошто болидите на Ред Бул и Ферари работат така како што работат. Сигурни сме дека нашиот болид нема такви крила, а за ривалите само можеме да шпекулираме и да чекаме ФИА да го направи своето. Се надевам дека техничкиот делегат на ФИА, Чарли Вајтинг ќе ги објасни работите за следната трка, бидејќи ова не е ситуација која ни се допаѓа", вели Нил.

Главниот инжинер на Мекларен, Педи Лоув вели дека неговиот тим ќе донесе три предни крила на Белгиското ГП, но не сакаше да дава детали за спецификациите.

"Носиме добар опсег на предни крила за Спа и ќе ги тестираме во петокот за да видиме кое одговара најмногу. Се работи за необична патека така што крилата се малку поинакви и имаат поинакви спецификации. И покрај се што се пишува за крилата, ние се фокусираме на нашиот ауспух и на дизајнот кој го развиваа Ред Бул. Тука треба да ја вратиме предноста", додава Лоув.

Шуми признава: "Не сум на нивото на Розберг"

Михаел Шумахер признава дека не е на "нивото" на колегата од Мерцедес ГП тимот, Нико Розберг, но дека тоа може да го поправи. Шумахер беше победен 10 пати од својот помлад колега на квалификациите и има 56 поени помалку од него во генерален пласман.

"Ги гледам сите детали. Вистина е дека според тоа како се однесува нашиот болид во моментов, не сум на неговото ниво, посебно на квалификациите. Во трките е доста израмнето. Но, јас знам точно како можам да го сменам тоа и работам на програмата", вели Шумахер.

Тој објаснува уште еднаш дека ракувањето со болидот воопшто не му одговара и дека тоа мора да се смени за 2011.

"Секој возач си има сопствен стил и морате да работите со вашиот тим за да бидете сигурни во пакетот. Успеав да го направам тоа со Ферари, но не се постигнува веднаш. Не е тајна дека сегашниот болид има многу карактеристики кои не ми одговараат. Зошто се вратив? Бидејќи уживам во мојата работа и бидејќи верувам во целта - да се освои титулата. Потребно е време, иако сите верувавме дека ќе имаме конк*рентен болид оваа година", додава Шумахер.

Тој повторно доби подршка од носителот на комерцијалните права Берни Еклстоун, кој смета дека доколку Шумахер возел болид на Ред Бул ќе победувал и ќе бил кандидат за титулата.

"Кога некој ќе каже дека Нико Розберг е побрз од Михаел, им велам дека Нико се уште треба да се докаже. За Нико, четвртите места се важни, а не за Михаел. За него се важат само победите. Да возеше болид на Ред Бул ќе се обложев на него", изјави Еклстоун.


ФИА наскоро ќе го открие новиот тим

Се очекува Светската Автомобилистичка Федерација (ФИА) во следните неколку денови да го открие својот избор за 13. место во формула 1 следната година. По откажувањето на АРТ Гран При и Сајпер Групацијата за местото кое остана празно по колапсот на УСФ1, битката за слободното место се одвива помеѓу тимовите на Стефан ГП, Дуранго/Вилнев групацијата и Епсилон Еускади.

Оваа листа може да биде уште повеќе намалена ако се верува на шпекулациите дека Епсилон Еускади сакаат да се спојат со тимот на Хиспанија Рејсинг. Ако ова се случи фаворит ќе биде партнерството помеѓу Дуранго и поранешниот Ф1 шампион Жак Вилнев.

"Ние ја направивме нашата презентација, но не добивме реакција. Не знам што се случува со плановите на другите тимови. Се работи за се или ништо - или ќе добиеме се или се ќе падне во вода. Одлуката ќе дојде до крајот на месецот", вели Вилнев.

Ф1 ФЛЕШ

Форс Индија тимот ги отфрли шпекулациите дека е можно нивните болиди и транспортери да бидат запленети на Италијанското ГП во Монца поради судскиот случај со италијанската компанија Аеролаб, која пред судот во Лондон доби одлука со која Форс Индија мораат да им исплатат 1.074 милиони евра. Од Форс Индија велат дека казната е платена. "Судот одлучи дека има два случаи кои се посебни и Форс Индија ја плати казната", велат од Форс Индија.

Патеката Лосаил во Катар има посебен план со кој би се приклучела на формула 1 шампионатот во блиска иднина. Лосаил веќе е домаќин на ноќна Мото ГП трка, и сега се планираат модификации со кои би можеле да се тркаат и формула 1 болиди. "Во нашиот стратешки план е формула 1 трка, и веќе работиме на тој план", вели Насер Бин Халифа Ал Атијах, претседателот на Моторспорт Федерацијата на Катар. Средниот Исток веќе има две трки во Бахреин и Абу Даби.

Снабдувачот на пневматици за следната сезона Пирели ќе патува на патеката Пол Рикар во Франција за продолжување на тестирањето со поранешниот возач на Мерцедес ГП, Ник Хајдфелд. Пирели веќе тестираше на патеката во Мугело во средата и четвртокот со стариот болид на Тојота од 2009 година. Се верува дека и Бен Хенли ќе вози ГП2 болид за Пирели, бидејќи следната година тие ќе ја снабдуваат со пневматици и ГП2 серијата.

Дејвид Култхард вели дека неговиот поранешен тим Ред Бул Рејсинг останува прв фаворит за титулата оваа година и покрај силните ривали од Ферари и Мекларен. "На кого би ги ставил парите? Луѓето ќе кажат дека сум пристрасен поради врските со тимот, но мислам дека по следните две трки во Белгија и Италија ќе биде јасно дека РБ6 болидот ќе биде најбрзиот и ќе влезат како огромни фаворити за трките надвор од Европа", вели Шкотланѓанецот.

Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2010 во 11:57
Монако ќе остане без Ф1 трка!?

Легендарната трка низ улиците во Монако би била исфрлена од календарот на формула 1 на сметка на новаците Индија, САД и Русија. Откако Индија влезе во календарот за следната сезона и кам-бекот на Гран При на САД во 2012 година шефот на формула 1, Берни Еклстоун, има намера во иднина да ги вметне Русија или Јужна Африка. Имено Еклстоун ги посочи финансиите како главен елемент поради кој би се одлучиле за нови идејни решенија за доброто на формула 1. Тој истакна дека сите кои ќе платат ќе може да ја организираат трката.

Засега најзагрозена е патеката во Монте Карло бидејќи организаторите се единствените кои не плаќаат речиси ништо, а слично е состојбата на сите патеки во Европа каде организаторите плаќаат многу ниски такси, додека, пак, останатите "кешираат" и по 31,2 милиони долари за да ја видат трката во својата држава.

"Европејците ќе мора да плаќаат повеќе или ќе се преместиме на друго место. Формула 1 може да продолжи успешно и без Монако", изјави Еклстоун.

Инаку, Монако е во Ф1 календарот уште од 1955 година, а доколку не се променат работите би можел да ја изгуби организацијата на најквалитетната трка во светот, а со тоа и многу туристи кои секоја година плаќаат огромни суми за да дојдат и да уживаат во брзината на болидите.

Она што е актуелно во светот на формула 1 е изградбата на патека во Русија и вметнување во календарот за две или три години. Засега се разгледуваат неколку опции. Првата и најреална опција е трката да се одвива во Москва, а другата или резервна варијанта е нова патека во Сочи, кој во 2014 ќе биде домаќин на Зимските олимписки игри. Русите се сериозни во намерите и активно преговараат за да го добијат домаќинството. Изминатиов викенд како поддршка на кампањата за организација на формула 1 трката возачот на Мекларен, Џенсон Батон, и на Рено, Витали Петров, го посетија главниот град на Русија. Пилотите со своите болиди направија мини турнеја низ Москва, а се сретнаа и со градоначалникот Владимир Макаров каде биле запознаени со идејата. Истовремено генералниот директор на Баварија Москва Сити Рејсинг, Дерк Сауер, истакна дека планот би можел да се реализира уште во 2012 година.

"Се надеваме дека ќе ги нагостиме сите возачи во 2012 година. Град како Москва заслужува да организира Ф1 трка. Договорот се уште не е потпишан, но сме многу блиску до реализација", изјави Сауер, кој додаде дека проектантот на патеката, Херман Тилке, ја замислил трката слична со онаа во Монако. Таа би се возела низ улиците на Москва, а болидите би поминувале и низ центарот на градот каде во позадина би се гледал Кремљ. Според нивните планови, патеката во Москва би била најбрзата.

Што се однесува до Јужна Африка, се разгледува можноста за изградба на нова патека во близината Кејптаун. Идејата е се уште во почетна фаза бидејќи треба да се решат многу детали пред африканската земја и официјално да добие домаќинство на Ф1.
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 55>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.