![]() |
|
F1 Вести |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 3435363738 55> |
Автор | |
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ф1 ФЛЕШ Австралиското ГП најверојатно ќе продолжи да постои до 2015, откако се очекува потпишување на нов договор. Иднината на трката во Мелбурн беше неизвесна во март, кога Берни Еклстоун изјави дека може да биде исфрлена од календарот по 2010 ако не се согласат на ноќна трка за да се задоволат европските ТВ гледачи. Сега австралиските медиуми тврдат дека ќе има договор и дека трката нема да се оддржува навечер, туку во 17:00 часот по локално време (7.00 часот по средноевропско време). Светскиот шампион од 1964 година, Џон Сартис доби ОБЕ, едно од најголемите награди на британската империја. Сартис победи во 500сс шампионатот во 1956 година, по што освои уште една титула, а четири години подоцна на само 26 години се префрли во формула 1 во тимот на Лотус, завршувајќи втор во само втората трка. Тој ја освои титулата со Ферари во 1964. Во викенд во кој се оддржуваше "најтешката трка на светот", 24 Часа Ле Ман, шефот на Мекларен, Рон Денис изјави дека тоа воопшто не е трка. "Нема споредба помеѓу формула 1 и тоа. Таму мораш да имаш неверојатна постојаност, но најважно е возачите да не заспијат. Не се работи за тркање 24 часа. Тоа е во спротивност на духот на Ф1, каде што ретко кога успоруваш", вели Денис. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
![]() |
|
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ФОРМУЛА 1 - ПРОДОЛЖУВА ПОЛИТИЧКАТА БОРБА ЗА МОЌ ВО СПОРТОТ Еклстоун: "И јас ќе гласав за Мозли" Ф1 шефот Берни Еклстоун побара промена на системот на гласање во Светската Автомобилистичка Федерација (ФИА), посочувајќи на недостатоците кои му помогнаа на засрамениот претседател Макс Мозли да добие доверба и да ја продолжи својата работа овој месец.Берни Еклстоун откри дека ако тој бил претседател на еден од членовите клубови кои одлучуваа дали неговиот стар пријател и сојузник Макс Мозли ќе остане на чело на организацијата, тој ќе гласал за него и покрај тоа што инсистира дека тој мора да си замине за добро на спортот. Мозли го преживеа тајното гласање по шокантните вести од Њуз оф д Ворлд за неговиот приватен живот со изненадувачки голема разлика од 103:55, а по состанокот на сенатот на ФИА во Париз, Еклстоун беше критикуван дека наводно направил забелешки на штета на Африка. Тоа го сметаше генералниот секретар на Кениската Автомобилистичка Асоцијација, Дејвид Нјороге, висок член на ФИА, кој побара извинување за коментарите во Дејли Експрес на Еклстоун: "Само бидејќи Мозли доби повеќе гласови од Африка, тоа не значи дека кралот на Шпанија ќе сака да се ракува со него". Наместо извинување, Еклстоун инсистира дека никогаш не го кажал тоа. 77-годишниот Англичанец сепак вели дека би сакал да го процени африканското учество во ФИА, додавајќи дека континентот има 36 членки, од кои само 24 имаат право на глас иако некои од нив имаат помалку од 200 индивудални членки. Традиционалното право на глас во ФИА е еден член, еден глас, така што на пример Американскиот Автомобилистички Клуб (ААА), еден од главните критичари на 68-годишниот Мозли има само еден глас и покрај 43 милиони членови. "Истото се оденсува на Јужноамериканскиот регион 4, кој има 18 земји со 505.000 членови, но дури 18 гласови. Тоа е структурата на ФИА и затоа вината не е кај клубовите кои гласаа. Ако јас бев член на тие клубови и јас ќе гласав за Макс, бидејќи лојалноста кон ФИА носи придовки. Се надевам дека ќе ја вратиме формула 1 во Африка наскоро", додава Еклстоун. Во исто време ирскиот Индипендент тврди дека Мозли има краен рок до вторник (17 јуни) да си даде оставка, бидејќи ако не го направи тоа, ќе почне да се организира паралелната серија веќе за во 2009. "Не мислам дека тоа е прва опција. Би сакале да работиме со ФИА", вели шефот на Хонда, Ник Фрај, додека шефот на Мекларен, Рон Денис додава дека "за пет години нема да имаме иста формула 1 како сега". РЕЗУЛТАТИ (БАРСЕЛОНА - 3.ДЕН): време кругови 1.Н.Пике Јуниор (Рено) 1:20.076 112 2.П.Де Ла Роса (Мекларен) 1:20.402 82 3.Л.Бадоер (Ферари) 1:20.680 63 4.М.Вебер (Ред Бул) 1:21.037 92 5.Т.Глок (Тојота) 1:21.158 86 6.Н.Хајдфелд (БМВ) 1:21.672 83 7.Р.Баричело (Хонда) 1:21.672 83 8.Н.Хулкенберг (Вилијамс) 1:21.674 60 9.С.Фетел (Торо Росо) 1:21.880 72 Хеики: "Се уште можам до титулата" Возачот на Мекларен, Хеики Ковалаинен одбива да се откаже од светската титула, и покрај се поголемата разлика од него до лидерите во генерален пласман. По седум трки, Ковалаинен е зад асот на БМВ Роберт Кубица дури 27 поени, откако освои само еден поен од последните четири трки, што е навистина разочарувачки, бидејќи МП4/23 болидот на скоро секоја трка може да стигне до победата. "Во моментов не гледам на поените. Борбата за титулата е отворена и сега со добри поени на Француското ГП ќе се вратам. Уште ја бркам мојата прва победа, иако резултатите не го покажуваат тоа. Можеби Мањи-к*р не е вистинско место за претекнување, но затоа квалификациите ќе бидат уште поважни. Имаме доста опции", вели Ковалаинен. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
![]() |
|
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Некако не ме изненадува Кулхард...тој и редовно како да беше најполн со оптимизам за подобро,...како највеке да се трудеше од сите тие што редовно остануваа после 3то место...
Жалам за Ове Андерсон... ![]() |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
![]() |
|
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ф1 ФЛЕШ
Поранешниот шеф на тимот на Тојота, Ове Андерсон, загина во средата во судар со камион на едно класично рели во Јужна Африка. Андерсон беше клучен човек во основањето на Тојота Тим Европа, кој израсна од неговиот Андерсон моторспорт тим. Тојота Тим Европа потоа се пресели во Келн и стана Тојота Моторспорт во 1993. Под негово водство Тојота се натпреваруваше во Рели ВРЦ шампионатот освојувајќи три титули кај возачите и четири кај конструкторите, а во 1999 го освоија второто место на 24 Часа Ле Ман. Тој го предводеше Панасоник Тојота Рејсинг тимот во формула 1 во 2002 пред да се повлече од местото шеф на тимот во 2003 и да стане консултант на тимот. Хонда Рејсинг, најверојатно, се првиот тим кој почнува да се фокусира во дизајнот на болидот за 2009, откако завршија со овогодишните развојни програми во фабриката во Брекли. Шефот на тимот Рос Браун не криеше дека главниот фокус на тимот треба да биде 2009, но сите чекаа да се види колку дополнителна брзина може да се извади од РА108 болидот. "Има уште две-три работи со овогодишниот болид", призна Браун. По катастрофалното Канадско ГП, оваа недела малку подобри врести за Мекларен. На 40-годишнината од првата победа на познатиот Ф1 тим, шефот на тимот Рон Денис ја доби годишниот Принц Филип медал за посебни успеси во инжинерството. "Ова е награда за сите кои работат во Мекларен, а не само за мене", вели Денис. Во понеделникот се одбележаа 40 години откако основачот на тимот, Брус Мекларен, победи на првата трка за тимот на Белгиското ГП во 1968 година. Актуелниот светски шампион Кими Раиконен повторно застана во одбрана на претседателот на ФИА, Макс Мозли, во секс-ксандалот. Пред два месеци, асот на Ферари изјави дека скандалот е "лична работа" на Мозли, а сега откако Мозли беше потврден како претседател на ФИА, 28-годишниот Финец вели дека тоа е "добра одлука". "За мене тоа воопшто не е важно. Се работи за неговиот приватен живот и нема никаква врска со Ф1", вели Раиконен. Од Хонда ги потврдија шпекулациите дека Даница Патрик ќе тестира формула 1 болид оваа година загревајќи ги надежите дека Американката, која ја оствари првата победа во ИндиКар во април, наскоро може да добие и место во формула 1. "Ќе ја ставиме во болид по крајот на сезоната да видиме колку е брза", вели шефот на тимот Ник Фрај за 26-годишната Патрик. Последна жена во формула 1 беше Џована Амати, која трипати се обидуваше да се квалификува за Бребем во 1992 година, пред да биде заменета со Дејмон Хил. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
![]() |
|
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ФОРМУЛА 1 - НАЈСТАРИОТ ВОЗАЧ ВО ФОРМУЛА 1 НЕ Е ПОДГОТВЕН ДА СЕ ОТКАЖЕ Култхард мисли на иднината, Фетел чека од страна По седум трки во неговата неверојатна 15. формула 1 сезона, најстариот возач во шампионатот признава дека е во фаза на "разгледување" на неговата кариера. И покрај неговото неизвесно место во боксот за сезоната 2009, Шкотланѓанецот Дејвид Култхард ги освои своите први поени оваа сезона со изненадувачко место на подиумот со третото место со Ред Бул на Канадското ГП во неделата."Сега се вртам кон мојата кариера, и навистина 15 години се многу долго време за сите, посебно по така грд старт на сезоната", признава 37-годишниот Шкотланѓанец. Монтреал беше 62. подиум во кариерата на Култхард, во кариера која почна во 1994 година, кога како 23-годишен тест возач на Вилијамс го замени Аиртон Сена по трагичната смрт на бразилскиот великан. Шпекулациите велат дека ако Култхард не продолжи да се трка за Ред Бул следната година, тој има солидна понуда да стане ТВ експерт за британската телевизија. "Дефинитивно часовникот отчукува. Имав одлично патување во мојата кариера и низ целата кариера уживав, така што алтернативата она формула 1 не ме возбудува", вели Култхард, кој во Канада во 1994 година ги освои своите први поени, а неодамна беше гостин и на американска НАСКАР трка. Но, јасно е дека подиумот во Канада не може да му гарантира нов договор за 2009. Советникот на Ред Бул, Хелмут Марко признава дека "е прерано во сезоната" да се размислува за иднината на ветеранот. ФЕТЕЛ СИГУРЕН ДЕКА ЌЕ СЕ НАЈДЕ МЕСТО ЗА НЕГО Германскиот младич Себастијан Фетел е еден од можните заменици на Култхард, и тој вели дека е сигурен во својата иднина и покрај нејасната позиција за 2009. 20-годишниот дебитант се смета за едно од големите имиња за иднината на спортот, но неговиот сегашен тим има неизвесна иднина бидејќи ко-сопственикот на Торо Росо, Дитрих Матешиц, најави продажба на неговите 50% акции. Тимот од Фаенца во моментов користи т.н. "кориснички болид", кој е копија на болидот на Ред Бул, но тоа нема да биде толерирано од 2009 година, а во исто време Фетел е под договор токму со австрискиот производител на енергетски пијалоци. Но, сето тоа не го загрижува Фетел. "Знам малку за внатрешната ситуација, така што сум самоуверен. Засега фокусот ми е на оваа година и на ништо друго", вели Фетел. БЕРГЕР ДЕМАНТИРА ДОГОВОР СО УЛТИМЕЈТ Извештаите дека Торо Росо се во напреднати преговори со британскиот Формула 3 тим, Ултимејт Моторспорт, за продажба на тие 50% на Матешиц е демантирано. Ултимејт, тим од Нортхемптоншајр, Англија, наводно сака да влезе во тимот со помош на анголската нафтена компанија Сонангол. Но, шефот на Торо Росо, Герхард Бергер, кој ги има преостанатите 50% вели дека "никогаш не слушнал" за Ултимејт. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
![]() |
|
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Луис се заканува: "Ние сме незапирливи!"
Луис Хамилтон одбива разочарувањето на Канадското ГП да го спушти додавајќи дека ако не се удрил ќе ја "растурел" конк*ренцијата на трката. Хамилтон стартуваше од пол-позицијата и направи предност од 7 секунди, но по влегувањето во боксот тој удри во Кими Раиконен на излезот на боксот, судар за кој доби 10 места казна на Француското ГП за две недели. "Ова не прави никаква разлика. Не ми се намали самодовербата, ниту сум разочаран. Нема да ми е потребен ниту ден одмор. Фактот останува дека ги уништивме сите тој викенд. Со болидот како што треба, ништо не може да н$ сопре", вели 23-годишниот Британец. Хамилтон смета дека казната која ја добил е малку преостра. "Како можеш да видиш црвено светло на крајот на боксот? Но, тоа е правилото и го прифаќам. Казната е преостра бидејќи не сакав да уништам трка на кого било", вели Хамилтон. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
![]() |
|
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
АЛОНСО МИСЛИ ДЕКА РЕНО ТРЕБА ДА ПРЕСТАНЕ СО РАЗВОЈОТ
Фернандо Алонсо, пак, мисли дека неговиот сегашен тим Рено би требало да размисли за откажување на развојот на Р28 болидот за оваа година, ако планираните надградби за следните две трки не се многу успешни. Двократниот шампион има фрустрирачка сезона со францускиот тим, и сега се само седми во генерален пласман на конструктори. Пред планираните аеродинамички надградби за следните две трки, плус подобрувањата на моторот и менувачот, Шпанецот вели дека сега е време за одлуки. "Тешка сезона, нема сомнеж, но мораме да направиме промени, побргу или подоцна. По трката во Силверстоун мора да се направи одлука бидејќи можеби е време да се мисли на иднината. Иако се работи за мали промени за следните две трки, мал чекор во секоја област може да донесе големи подобрувања. Да почекаме", вели Алонсо. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
![]() |
|
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Кубица го посакува Алонсо за партнер во БМВ
Полјакот
Роберт Кубица, кој постигна историски успех со триумфот на Ф1- трката
за ГН на Канада, призна дека ќе се радува доколку Фернандо Алонсо му
стане клупски колега. Возачот на БМВ, 23-годишниот Кубица, е близок
пријател со двојниот светски шампион. Тој и Алонсо често го минуваат
слободното време заедно играјќи карти. Полскиот возач, најверојатно, ќе
остане во БМВ и во 2009 година, но е неизвесно дали и вториот возач Ник
Хајдфилд ќе бидел дел од тимот за наредната сезона. Од друга страна,
Алонсо повеќепати најави дека на крајот од сезоната ќе го напушти тимот
на Рено, а како фаворити за неговата следна дестинација ги посочува
Ферари и БМВ. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
![]() |
|
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Даница Патрик во ноември ќе дебитира во Ф1
Најбрзата
жена во светот на автомобилизмот, Американката со српски корени Даница
Патрик, годинава најверојатно ќе дебитира во Формула 1, како тест-возач
во тимот на Хонда, најави шефот на тимот, Ник Фрај. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
![]() |
|
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ферари и Мекларен се оградуваат од алтернативен шампионат
Тимовите
на Ферари и на Мекларен-Мерцедес ги отфрлија шпекулациите дека
планираат да го напуштат светскиот шампионат во Формула 1 под закрилата
на Светската автомобилска федерација (ФИА) и да основаат алтернативно
натпреварување. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
![]() |
|
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Hamilton prvo mesto
![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
16.03.08 Nedela 5:00 c. pocinja prvata trka vo ovaa godina vo Melburn...
![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
BidiFit ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 454 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Неиздржливоста чини 24 бода
Тимскиот шеф на првата Ф1 екипа на Ред Бул, Кристијан Хорнер, изјави дека платиле висок данок поради тоа што нивниот болид често не издржувал до целта. - Во текот на 2007 научивме многу лекции, поради кои наша главна цел за следната сезона е да ја подобриме издржливоста на возилото, па на тоа се фокусирани нашите инженерски одделенија за дизајн и развој. Отприлика 24 бода ни отидоа во неповрат поради овие причини, со кои на табелата ќе бевме пред Вилијамс, а многу поблиску до Рено, екипа која е најголем барометар за нашите резултати бидејќи имаме ист мотор,- вели Хорнер, кој признава дека поради разни дефекти на хидрауликата и менувачот во првиот дел од сезоната не покажале брзина како на последните три трки. - Шпекулациите дека Алонсо сака да дојде во Ред Бул за нас претставуваа голем чест, бидејќи тоа демонстрира колку значајни чекори направивме за да станеме атрактивен тим за еден светски првак,- коментира Хорнер кој го презема кормилото на тимот откако Ред Бул го купи Јагуар. |
|
![]() |
|
Ghost ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Universe is my limit Регистриран: 30.Септември.2005 Статус: Офлајн Поени: 6109 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
prljavoto e opravdano. Ajde sea i da gi obesime a? Kako da ne se dovolno sto im zemaa 100 boda u konstruktori i famozni 100 milioni evra, so koi makedonija bi mozela cela ekonomija da si ja sredi
![]() ![]() |
|
MACEDONIA - LAND OF SUPERIOR NATION
![]() |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 3435363738 55> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |