IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Формула 1 и Мото грандпри
  Активни теми Активни теми RSS - F1 Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

F1 Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3031323334 55>
Автор
Порака Обратен редослед
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2008 во 21:53
Формула 1 сцената има нов повод за критики

Луис Хамилтон и МекЛарен слават, Формула 1 циркусот на контроверзен начин го доби новиот владетел на патеките, иако многу малку недостигаше на Британецот да му се повтори ланската судбина.

Тимо Глок е најспоменуваното име денеска во Британија, по она на новиот шампион.

Формула 1 сцената има нов повод за критики, за детални анализи и за расправи за моралното.

Титулата светски првак чекаше на својот сопственик до последните 200 метри од сезоната, но и потоа е и долго ќе остане најкоментираната и најоспоруваната.

Не е спорно дека Хамилтон ја одработи сезоната за да заслужи комотна последна трка и титула со само петто место. Но рамнодушноста паѓа пред фактот дека вицепрвакот Маса има повеќе победи од шампионот и еднаков број места на пиедесталот.

Начинот на кој Хамилтон ја оствари целта додава дополнителен оган и отвора простор за сомнеж и за полемика, дали беше намерно, како се поклопија, времето местото и целта?

Хамилтон е шампион, а една трка не носи таква титула. Никој немаше да нишани на Британецот ако ја зачуваше четвртата позиција од осум круга пред крајот.

Вака Хамилтон трпи напади на легитимноста на пехарот, Маса остана да жали за еден сон кој за момент направи неговите солзи да изгледаат радосници.

Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 20:02
Originally posted by Опитен Опитен напиша:

Кога ке трката за гран ри на Австралиаја?
avstralija?!?!?
naredniot vikend e vo brazil, so sto se zavrsuva godinesnoto prvenstvo...a za vgodina ke vidimeсреќа
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 18:29
Кога ке трката за гран ри на Австралиаја?

Изменето од Опитен - 25.Октомври.2008 во 18:30
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2008 во 21:31
Славење за Алонсо, мизерија за Маса





По повеќе од една година чекање, Фернандо Алонсо повторно триумфираше на една трка во Формула 1-шампионатот. Поранешниот Ф1-првак ќе биде запишан како победник на првата ноќна трка во овој шампионат, за Големата награда на Сингапур.
Иако ја стартуваше оваа трка од очајното 15. место, Алонсо со трпеливо возење ги искористи киксовите на дел од оние што се наоѓаа пред него и кога излезе на чело на колоната, без проблеми си ја осигури првата победа сезонава.
Кога сме кај киксовите, најголем беше оној во пит-спотот на Ферари во 18. круг. Фелипе Маса, кој дотогаш се наоѓаше на првото место, влезе за смена на гумите и за дотур на гориво, но веднаш зад него се појави и Кими Раиконен. Механичарите на Ферари како да се збунија од оваа ситуација и предвреме му дадоа знак на Маса да тргне со болидот, иако цревото за дотур на гориво не беше извадено. Така, Бразилецот извозе стотина метри влечејќи го цревото зад себе, и потоа мораше да чека уште околу две минути за истото да биде отстрането, што само по себе значеше и губење на шансите за освојување бодови на оваа трка.
Казни со застанување од 10 секунди во боксот заработија и пилотот на БМВ Заубер, Полјакот Роберт Кубица, како и водечкиот по настанатиот хаос по првото влегување во боксовите, возачот на Вилијамс, Нико Розберг. Со казната и Розберг го загуби водството, па така Јарно Трули (Тојота) се најде на водечката позиција.
Двократниот светски шампион Фернандо Алонсо го презеде водството на 25 круга до крајот, кога Трули замина во гаражата за промена на гумите и за долевање гориво. Шпанецот имаше перфектно второ влегување кај своите механичари, излегувајќи повторно назад на патеката како водечки на 20 круга до крајот.
Трката заврши за нешто повеќе од два часа, а причина беше второто излегување на безбедносното возило по забивањето во заштитната ограда на Адријан Сутил (Форс Индија).
Со третото место од оваа трка Луис Хамилтон ја зголеми предноста во однос на Маса во генералниот пласман и сега на три трки до крајот има седум бода позитива во однос на бразилскиот ас.


Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2008 во 18:14
Ноќна трка, нов предизвик за возачите на Ф1

Извршниот директор на Мекларен Мартин Витмарш не се возбудува премногу поради ноќната трка во Формула еден шампионатот во Сингапур, додека механичарите на екипата ги поставуваат предните фарови на еден од болидите за претстојната трка.

„Сингапур е нова трка за нас, нова е во календарот. Напорно работиме и се надевам дека аеродинамиката ќе знае тоа да го цени“, рече је Витмарш со насмевка.

Прв пат ќе се вози ноќна трка во Формула еден и за разлика од возилата кои учествуваат на трката „24 часа Ле Ман“, болидите на Формула еден немаат фарови.

Осветлувањето е најмала грижа за возачите и тимовите, бидејќи на уличната патека ќе бидат поставени 1.500 рефлектори, како би се осветлиле улиците поради високите стандарди кои ги побаруваат телевизиските преноси.
Дејвид Култхард


„Се радувам на новиот предизвик, меѓутоа реалност е патеката да биде комплетно осветлена. Ноќна трка е можеби поинтересна за медиите и публиката, ама мислам дека нема многу да се разликува од денските“, рече возачот на Ред Бул, Дејвид Култхард.

Вработените во хотелите се многу загрижени, бидејќи екипите ќе функционираат по европско време. Квалификациите почнуваат во 22 часот по локално, што е 16 часот по средноевропско.

„Ако се држиме до нашите планови и распореди, работите би биле готови околу пет часот наутро во сабота и недела, а тоа е голема промена. Тешко е да после тоа отидете во хотел и спиете во текот на денот, додека за тоа време луѓето во хотелот ја работата својата работа“, рече техничкиот директор на Вилијамс Сем Мајкл.

Водечкиот во шампионатот во Формула еден, членот на Мекларен Луис Хамилтон смета дека возачите и тимовите не би требало да се прилагодат на локалното време, бидејќи тоа би можело да ги смени резултатите во наредните трки.

„Не смееме да се прилагодиме на локалното време, бидејќи е поинакво од она на кое сме навикнати. Нашата тренинг програма обезбедува да во текот на неделата во која се возат трките во текот на попладнето останеме во врвна форма, а доколку не останеме на европската временска зона се ќе се поремети“, рече Хамилтон.

Поедини возачи, како што е Култхард, учествуваа на ноќни трки, меѓу кои е „24 часа Ле Ман“. Останатите, како што е возачот на Ферари Кими Раиконен, се „ноќни птици“.

„Претпоставувам дека Кими ќе вози добро. Тој е навикнат да настапува ноќе“, се пошегува техничкиот директор на Ред Бул Едријан Нуи, кој работеше со Финецот во Мекларен.


Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2008 во 17:38
Кими се надева дека громот ќе удри по вторпат

Светскиот шампион Кими Раиконен признава дека неговите шанси за одбрана на формула 1 титулата се скоро непостоечки. Возачот на Ферари има 21 поен помалку од лидерот во генерален пласман Луис Хамилтон во Мекларен, но и 20 помалку од својот тимски колега Фелипе Маса, со максимални 40 поени за освојување во последните четири трки од сезоната.

"Не е уште готово, но сега ќе ми биде потребно чудо, како тоа кога громот двапати удира на исто место. Поминав долго време без победа и листата на трки без поени само расте", вели Финецот, кој нема победено од април.

Последната победа на Раиконен беше на Шпанското ГП во Барселона, пред 10 трки, и во тоа време тој е во сенка на Маса во текот на целото лето. Водството на Хамилтон над Финецот може да се зголеми на 27 поени ако Мекларен успеат во својата жалба следниот понеделник против казната од Белгиското ГП поради која падна од првото на третото место.

"Овој спорт понекогаш може да биде тежок за варење. Даваш се од себе, туркаш до крај, но некогаш ништо не оди во твоја корист", признава 28-годишниот Финец на својот веб-сајт.

Тој долго време се мачеше со Ф2008 болидот на квалификациите, кога не успеваше бргу да ја постигне вистинската температура во гумите и остануваше далеку од првите редови, по што е тешко да се вратиш напред. Во неделата во Монца, тој се квалификуваше само 14. на дождот кој не му одговараше на Ферари и успеа да стигне само до деветтото место, завршувајќи без поени, дури петти пат оваа сезона.

"Пет трки без да се освои поен е навистина многу и не треба да бидеш Ајнштајн за да сфатиш дека тоа не е вистинскиот начин да се бориш за титула", додава Кими.

Но, не е се така црно. Минатата година Раиконен надополни предност од 17 поени во последните две трки за да не дозволи Хамилтон како дебитант да ја освои титулата и во својата прва година во Ферари стигна до голема победа. Раиконен не е голем оптимист дека може да го направи тоа и оваа година, ако не поради друго тогаш поради големите шанси за дожд на последните четири трки во Сингапур, Јапонија, Кина и Бразил.

"На Италијанското ГП го имавме истиот проблем како на неколку други трки оваа година. Под одредени услови, посебно со ниски температури и дожд, немаме доволно контрола на болидот. Сега изгледа дека ќе врне на сите други трки. Не ја загубив способноста да возам на дожд, но кога немаш доволно сила што можеш да анправиш. Работите не одат во моја корист. Понекогаш тоа се случува, но нема да се намали мојата посветеност. Сакам да победам пак оваа година и како секогаш не се откажувам до крај", додава Финецот.

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2008 во 16:40

ФОРМУЛА 1 - ВО НОВ ОБИД ДА СЕ НАМАЛАТ ТРОШОЦИТЕ И ДА СЕ ЗГОЛЕМИ ВОЗБУДАТА

Мозли бара исти мотори во Ф1!

Претседателот на ФИА, Макс Мозли вели дека сака сите формула 1 тимови да користат ист мотор. Англичанецот во интервју за францускиот Л'Екип открива дека со идентичен мотор ќе се намалат трошоците, а во исто време развојот кој го прават формула 1 тимовите ќе биде далеку позначаен за обичните автомобили.

Мозли, нарекувајќи го сегашниот тренд на трошење на технологија на тимовите "ирационален", исто така додава дека сака и стандардни суспензии и менувачи во спортот. Формула 1 тимовите моментално се во задолжителното "замрзнување" на развојот на моторите, а некои како Рено се жалат дека паднаа зад ривалите бидејќи тие го прекршуваат духот на правилата.

"Не можам да сфатам како можеме да бидеме казнети уште три години", вели шефот на Рено, Флавио Бриаторе.

По шокантната победа на Себастијан Фетел во Скудерија Торо Росо на Италијанското ГП во Монца, повторно се потенцираше разликата помеѓу неговиот СТР3 болид со мотор на Ферари и болидот со мотор на Рено на сестринскиот и "поважниот" тим, Ред Бул Рејсинг.

Иако подобрувањето на моторите не е дозволено, производителите можат да менуваат делови во дискреција со ФИА, ако се намалуваат трошоците или се подобрува постојаноста. Таквите додатоци можат да дадат и подобри перформанси.

Повеќе тимови се незадоволни од ситуацијата со која би имале послаб мотор најмалку до 2013, доколку не се сменат правилата и лобираат за промени во ФИА.

"Само сакаме да биде поеднакво меѓу сите мотори на стартот. Многу тимови мислат така и ФИА мора да реагира. Фернандо Алонсо ја одложува одлуката за тоа дали да остане во Рено токму поради тој проблем", вели анонимен извор од еден тим.

Шефот на Ред Бул Рејсинг, Кристијан Хорнер вели дека е потполно зад иницијативата да се "израмнат" перформансите, велејќи дека е невозможно да остане вака, каде што некои производители имаат предност од над 30 коњски сили.

"Рено ни дадоа многу добри услуги. Лани имавме конк*рентен болид, а оваа година другите се пред нас. Очигледно нема многу разлика помеѓу двата тима на Ред Бул, така што е важно да се реши ова. Проблемот е што тие го сфатија 'замрзнувањето' вистински и платија казна за тоа. Не верувам дека во Рено ќе се пресреќни да продолжат така пет години. ФИА ги има сите информации", додава Хорнер.

Сепак, Хорнер не смета дека победата на Торо Росо направи притисок кон Ред Бул.

"Ова е победа за Ред Бул. Сите знаеме дека Себастијан е новата ѕвезда. Како тимови ние ги делиме информациите отворено и го правиме тоа две и пол години. Единствената разлика е во возачите и во моторот", смета Хорнер.

Трофеите во Монца ги прекршиле правилата?

Трофеите кои беа доделени на победникот на трката во Монца, Себастијан Фетел и на Хеики Ковалаинен и Роберт Кубица наводно ги прекшуваат спортските регулативи на формула 1. Многумина беа изненадени што по Италијанското ГП, наместо традиционални трофеи, на тие на подиумот им беа доделени сребрени награди во форма на логото на главниот спонзор на трката, Банко Сантандер.

Блогерот Шеибан Шакери пак ги "пролиста" спортските регулативи на ФИА и откри дека според нив ГП промотерите мораат да претстават трофеи "во форма на традиционални купови". Според Шакери, трофеите треба да претставуваат уметничко дело, од кристалната ваза во Монтреал до сребрениот волан во Будимпешта.

"Сите сме свесни за Банко Сантандер. Нивното лого е на сите страни во ТВ преносите. Логовците се добри, но трофеите треба да останат трофеи", вели Шакери.

Ф1 ФЛЕШ

Мекларен застанаа во одбрана на перформансите на Хеики Ковалаинен, откако Финецот заврши втор зад Себастијан Фетел во Монца и покрај тоа што стартуваше во првиот ред. "Хеики нема причина да биде разочаран. Реалноста е таква - тој не направи ниту една грешка на тешката трка. Да не заборавиме дека Хеики е многу брз, но се уште го гради својот приод во Мекларен", вели Мартин Витмарш. Мекларен веќе го потврдија Ковалаинен за следната сезона.

Јарно Трули е сигурен дека неговата Тојота може да го совлада Рено за четвртото место во генерален пласман, и покрај подобрата форма на францускиот тим во последните трки. Тојота имаше 10 поени предност пред Рено по Европското ГП, но во последните две трки во Белгија и Италија не освоија поени, а Фернандо Алонсо заврши четврти во двете трки и сега тимовите се израмнети по бројот на поени. "Цела сезона покажавме добри перформанси, но во Спа и Моцна немавме среќа и сега сме израмнети со Рено. Ќе биде возбудливо и мали работи можат да ја сменат ситуацијата, но мислам дека ние сме во предност", вели Италијанецот.

Кристијан Клин го постави најбрзото време на вториот ден на формула 1 тестирањето во Херез, оставајќи го БМВ на врвот. Австриецот го превзеде Ф1.08 болидот од Марко Асмер, кој имаше најбрзо време првиот ден и комплетираше 84 круга со најдобро време од 1:19.537. По него најдобро време имаше Германецот Себастијан Фетел, свеж по победата на Италијанското ГП.

Флавио Бриаторе вели дека Рено ќе направат се да го заддржат Фернандо Алонсо во тимот. "Не знам што ќе донесе иднината, и ќе треба да видиме како ќе заврши сезоната, но ако Фернандо не биде со нас следната година. Но, Рено направија чекор напред со него. Ние не сме Мекларен или Ферари, но по нив нашиот болид е најбрз бидејќи Фернандо повторно е лидер. Се што направивме го направивме за него, и така ќе продолжи", вели Бриаторе.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Септември.2008 во 16:34
Алонсо: Казната на Хамилтон покажува дека системот работи

Фернандо Алонсо вели дека одлуката да му се даде 25-секундна казна на Луис Хамилтон на Белгиското ГП, со што ја загуби победата во Спа и заврши на третото место, покажува дека од ФИА биле во право да го сменат системот на стјуарди за 2008.

Според многумина во формула 1, како екс-шампионите Ники Лауда и Џеки Стјуарт, казната за сечењето на шиканата на Хамилтон беше доказ на неспособноста на ФИА, или во уште полош случај, фаворизирање на Ферари. Но, поранешниот колега на Хамилтон во Мекларен, двократниот светски шампион Фернандо Алонсо верува дека првпат во историјата вистинските прекршоци во формула 1 се казнуваат.

"ФИА реши да го промени системот по неколку големи скандали во последните сезони. Оваа година, ако направиш нешто погрешно, ќе платиш за тоа. Јас допрев до линија во Валенсија и добив 10.000 евра казна. Одлуката да се промени системот беше направена одлично бидејќи во последните четири-пет години секогаш имаше изненадувања. Никогаш не знаеше што стјуардите ќе направат", вели Алонсо.

Возачот на Ферари, Фелипе Маса, кој доби најмногу од казната на Хамилтон, ги отфрла шпекулациите дека овој инцидент ќе ги натера возачите да не размислуваат на претекнување.

"Вистина е дека за добра трка се потребни претекнувања. Но, имаш претекнувања, и оние другите претекнувања. Луис едноставно немаше доволно трпение да почека на нова кривина и да се обиде повторно, и правилата велат дека тој мора да биде казнет", смета Маса.

СИМОНДС ВЕЛИ ДЕКА КАЗНАТА МОЖЕ ДА ИМА ПОСЛЕДИЦИ

Од друга страна, директорот на инжинернинг на Рено, Пет Симондс, вели дека одлуката на стјуардите може да има далекусежни последици во формула 1. Британецот вели дека казната може да има негативно влијание на возачите, кои би внимавале на сигурноста повеќе отколку на претекнувањето.

"Кога се случи тоа, ние во боксот разговаравме дека Луис мора да го врати местото. Но, потоа никој не беше изненаден што стјуардите го испитуваа тоа. Откако повторно ги погледнав снимките, многу ми е жал за Луис бидејќи мислам дека доби престрога казна. Со ова се повлекуваат многу интересни прашања, и тоа не за пристрасноста кон Ферари. Мораме да веруваме дека се независни, но вака се става под прашалник филозофијата на спортот бидејќи сите цело време зборуваат дека ни треба повеќе претекнување во формула 1 и повеќе интересни личности. Зошто некој би ризикувал?", се прашува Симондс.

ЛУИС: "НЕ НАПРАВИВ НИШТО ПОГРЕШНО"

Жалбата на Мекларен против одлуката, најверојатно, ќе се донесе пред крајот на овој месец, пред Сингапур ГП во септември. 23-годишниот Хамилтон, пак, го имаше првото појавување пред јавноста по контроверзната трка. Тој с$ уште вели дека не направил ништо погрешно.

"Ако направев нешто лошо, тогаш јас прв ќе го признаев тоа. Како спортист, тоа е многу важно за мене. Не се чувствувам виновен и немам што да размислувам за одлуката. Ќе беше поинаку да го разочарав мојот тим, но тоа не е случај. Мислам дека заслужувам 10 место 6 поени, но можеа да бидат и нула ако го оштетив болидот при тие тешки услови.

Малја потсетува дека тој е шеф на Форс Индија

Сопственикот на Форс Индија, Виџај Малја, ги предупреди групите во неговиот формула 1 тим, дека тој ги плаќа сметките и ги носи одлуките. Една година по купувањето на Спајкер тимот, индискиот милијардер вели дека не се работи за вистински несогласувања помеѓу главните луѓе на тимот, и дека останува во спортот на долги патеки.

"За несреќа во формула 1 боксот секогаш има шпекулации и гласини. Да, има различни мислења, но овие разлики почнаа пред јас да го преземам тимот. Несогласувањата понекогаш се здрави. Ако нема различни мислења, тогаш нема да одиме напред. Но, сите знаат дека јас сум шефот и дека јас ги правам одлуките", вели Малја.

Форс Индија, првиот индиски Ф1 тим нема поен оваа сезона и речиси сигурно нема да освојат ниту во Монца в недела. Тие не влегоа во втората фаза на квалификациите и има големи шпекулации за судар меѓу техничкиот оддел предводен од Мајк Гаскојн и менаџментот на Колин Колс. Надежите за следната година се огромни бидејќи со драстичното менување на правилата ќе донесе поизрамнети битки.

Рангиран меѓу најбогатите луѓе на светот, Малја беше на повеќе трки оваа сезона и вели дека држи око на својата инвестиција. По се изгледа фокусот се префрла на Колин Колс, поранешниот забар роден во Романија, кој дојде во тимот откако Мидланд го купи Џордан, тимот кој подоцна стана Спајкер.

"Функцијата шеф на тимот е доста општа. Шефот на тимот нема слобода да прави големи одлуки во тимот. Јас сум во основа шефот на тимот. Колин го прави тоа што јас ќе му го дадам и одговара пред мене. Конечните одлуки ги носам јас. Не е вистина дека фокусот ни е на забавите и на градењето на имиџот во тимот. Мојата компанија Кингфишер е во Ф1 веќе 12 години. Бев спонзор на Тојота, знам колкав е нивниот буџет, а претходно работев и со Бенетон. Во овој проект влегов добро запознат. Немаше да влезам доколку не знаев во што влегувам", додава Малја.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Септември.2008 во 18:37
Хонда наместо Ферари во 2009?

Има ли заткулисни игри во тоа што Такума Сато ќе тестира за Торо Росо и може да го заземе седиштето на Фетел?

Екипата на Торо Росо треба да се преструктурира во независен конструктор кој нема да ги користи шасиите од Ред Бул, а ќе има и сопствен мотор. Иако и сега тие имаат различни снабдувачи во ликот на Ферари и Рено, со објавата дека Такума Сато ќе тестира за Торо Росо на патеката Херез на 18 септември, започнаа и шпекулациите дека зад овој потег стои интересот за набавка на мотори од Хонда.

Швајцарскиот весник Моторспорт актуел потсетува дека комплетната кариера на Сато досега била во екипите поддржани од Хонда, прво во Џордан, потоа во БАР и на крајот во Супер Агури. Имајќи предвид дека се уште Дитрих Матешиц е сопственик на 50% од Торо Росо, се шпекулира и со можноста Сато да вози во таа екипа, но моторите како спонзорство да ги лапне првата Ред Бул екипа. На последнава шпекулација дури и повеќе и се верува, имајќи ги предвид последните перформанси на Торо Росо со Ферари, како и разочарувањата на Ред Бул со Рено.

Ова го потврди и Дејвид Култхард, откако во Валенсија Торо Росо го фрли во сенка "постариот брат", при што Шкотланѓанецот во својата колумна напиша дека Рено заостанува зад Ферари во одредени својства како возливоста, но и во силата. Од друга страна, тимскиот шеф, Кристијан Хорнер, за лошиот ден во Валенсија ги обвини пневматиците. Кон него се приклучи и Себастијан Фетел, кој тврди дека разликата од 30 коњски сили е премногу лесно објаснување, како и дека се е до начинот на штелување на болидот.


Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2008 во 21:23
Маса казнет со 10.000 евра!

Бразилецот ја задржува победата од Валенсија

За инцидентот при вториот пит-стоп, кога Маса беше пуштен да стартува од своите механичари, додека на лентата за излез од пит-стопот се наоѓаше Адријан Зутил, стјуардите на трката соопштија дека инцидентот ќе го разгледуваат на крајот, со што победата на Бразилецот беше провизорна. Меѓу можните опции беа казните како временска казна и одземање на победата, или казна во поглед на стартното место за идната трка (како што беше казнет Хамилтон за инцидентот во Канада), но на крајот стјуардите одлучија да удрат по џебот на Маса. Викендов тие го казнија и Хамилтон со 5.000 евра за доцнење на прес конференција, Алонсо со 10.000 евра за сечење на линијата при влез во бокс на петочните тренинзи, и на крајот завршија со Фелипе Маса кој сега се издвои со Хамилтон како фавоприт за титулата.
Портпаролот на Ферари, Лука Колајани изјави дека Бразилецот не требало да биде казнет бидејќи Зутил не претрпел никаква штета од тој маневар. Маса, пак, за време на прес-конференцијата го критикуваше германскиот возач дека требало да го пропушти бидејќи тој бил лидер во трката.
- Сметам дека тоа не беше мудро од Адриајн, јас бев лидер во трката, а тој беше обиколен за цел круг. Ме виде дека излегувам, требаше да ме пушти, но јас бев тој што се повлече и изгуби многу време во ситуацијата - рече победникот.
Тимот на Ферари престана да употребува механичар кој стои пред болидот со рампа за да му сигнализира старт на возачот, па затоа употребува електроника, односно главниот механичар со копче му дава зелено светлоо кое светнува во неговиот кокпит. Овој систем се покажа проблематичен во текот на гран при викендот бидејќи Маса ќе се судреше со Зутил, а Кими повлече еден од механичарите кои долеваа гориво. Повредениот механичар е оценет како "подобар, отколку што тоа може да се претпостави по таков инцидент".
Во меѓувреме, Ферари објави и дека е можно маса да го искористи џокерот за предвремена смена на моторот која е дозволена еднаш во сезоната, откако во Валенсија експлодираше и моторот на Кими, на идентичен начин како што тоа беше случај со него во Унгарија. Тимот проценува дека во Спа црвениот болид би требало да однесе сигурна победа, додека во Монца фаворит би бил Мекларен Мерцедес, кој се проценува дека е посилен за 25 КС.

Малку недостигаше да не стартувам

Лидерот во првенството, Луис Хамилтон, страдал од треска и грип за време на гран при викендот во Валенсија, поради што во екипата биле подготвени да го пуштат третиот возач Педро де ла Роса на негово место.
- Беше мошне тешко бидејќи едвај стоев, по што ми ставија инјекции во вратот и пиев апчиња против болки - рече 23-годишниот возач по трката.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2008 во 21:20
Кими: "Можам до титулата!"

Актуелниот светски шампион Кими Раиконен повторно се покажа надвор од форма на Европското ГП низ улиците на Валенсија, но ѕвездата на Ферари инсистира дека може да се поправи и дека шампионатот уште не е загубен.

Раиконен признава дека може (и мора) подобро од последните неколку трки за да остане во битка за титулата, посебно во квалификациите, каде што во последните три трки е победен од својот тимски колега Фелипе Маса и нема победа од Барселона во април и само три пласмани на подиумот на следните осум трки.

"Мислам дека можам подобро од последната трка. Сигурен сум дека можам да ги подобрам моите квалификации и моите резултати. Има уште многу до крајот на сезоната и да почекаме да видиме што ќе се случи. Ова не беше викенд за кој се надевав, но во тркањето се случуваат и такви работи. Не сум премногу загрижен. Не верувам дека и покрај негативниот резултат излегов од трката за титулата. Има шест трки и 60 поени за освојување, а работите се менуваат бргу во овој спорт", вели Раиконен.

Финецот има само 28 освоени поени по победата во Барселона во споредба со 46, 50 и 36 на ривалите за титулата, Маса, Луис Хамилтон и Роберт Кубица. Помеѓу "проблемите" кои го следеа, покрај квалификациите, се и постојаноста на болидот, откако на 13 круга пред крајот моторот му откажа, откако трката веќе му беше уништена со проблемите во второто влегување во боксот, кога прегази еден свој механичар.

"Направив грешка при влегувањето во боксот и го прегазив човекот кој ми полнеше гориво. За среќа, Пјетро Тимпини не е сериозно повреден", признава Раиконен.

МЕДИУМИТЕ КОНТРА ФИНЕЦОТ

Ферари по трката Валенсија би требало да се на чекор поблиску до одредување на возач број 1 оваа сезона, тврдат италијанските медиуми. "Ла Ферари е Фелипе Маса" (Ферари е Фелипе Маса), стоеше на насловната страница на италијанскиот дневен весник Ла Стампа.

Ниту поранешниот шампион на Ферари и коментатор Ники Лауда не е импресиониран од 28-годишниот Финец.

"Фелипе изгледа целосно фокусиран и мотивиран, додека Кими како да не е тука. Светскиот шампионат сега е дуел само на Хамилтон и Маса", вели Австриецот.

Но, Раиконен може да се утеши со ситуацијата во 2007, кога надополни предност од 17 поени од Хамилтон во само три трки, а сега заостанува само 13 поени.

МАСА: "ТОА НЕ Е ОДЛУКА КОЈА ЈАС НА НОСАМ"

Фелипе Маса одби да ги отфрли тврдењата дека Ферари треба целосно да се фокусираат на неговите шампионски амбиции и да го стави Кими Раиконен во позиција на возач број 2.

"Јас немам никаква врска со тоа. Само ќе го дадам својот максимум. Ако некој треба да ја направи таа одлука, тоа не сум јас", вели Бразилецот.

Тој сигурно не се чувствува како број 1.

"Не, се е исто. Сакам да победам кој било возач на патеката. Не е важно дали тој е мој тимски колега или не, така што ништо не се менува", вели Маса.

Хамилтон размислувал да не вози во Валенсија

Лидерот во генерален пласман, Луис Хамилтон за малку нема да настапел на Европското ГП во неделата откако имал "здравствени проблеми" во текот на викендот. Ова го открива самиот возач на Мекларен откако заврши како втор на трката зад Фелипе Маса. Според него не само што имал "грип и треска", туку се разбудил и со силни болки во вратот.

"Имав доста мизерен викенд. За малку немаше да возам, а Педро Де Ла Роса беше подготвен да ме замени", вели Хамилтон.

Британецот вели дека најмногу му помогнал физиотерапевтот.

"Беше толку лошо што едвај стоев на нозе и морав да добијам инјекции во вратот и доста апчиња против болка", додава 23-годишниот Британец.

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2008 во 16:17

ФОРМУЛА 1 - И ПОКРАЈ ИНЦИДЕНТОТ ВО БОКСОТ, БРАЗИЛЕЦОТ ЌЕ ОСТАНЕ ПОБЕДНИК

Маса ја сочува победата во Валенсија

Фелипе Маса се одмазди за несреќата во Унгарија победувајќи на првото Европско ГП во Валенсија, совладувајќи го лидерот во генерален пласман Луис Хамилтон во Мекларен. Но, победата на Маса можеше да биде одземена откако стјуардите мораа да изведат истрага во контроверзниот инцидент во боксот, кога Бразилецот се удри со Адријан Зутил во Форс Индија во второто влегување во боксот. Ова беше втор драматичен инцидент за Ферари во боксот, откако Кими Раиконен излезе предвреме во неговото второ влегување и удри член на тимот, кој беше однесен во медицинскиот центар.

Сепак, Бразилецот беше само опоменат за инцидентот од стјуардите на трката и ја задржа победата. Како резулат на инцидентот Ферари добија казна од 10.000 евра.

"Запрев зад него кога тргнавме заедно. Кога ме поминуваше бевме страна до страна. Јас бев лидер, а тој заостануваше еден круг. Не сакав да ризикувам", вели Маса.

Маса на крајот беше пресреќен од доминантната победа по катастрофата во Унгарија. Бразилецот загуби сигурна победа во Будимпешта, кога на три круга пред крајот му откажа моторот.

"Мислам дека ова е фантастично за мене и за Ферари. По толку лош резултат, дојдовме на нова трка, која не ја познававме. Тимот заврши фантастична работа и не можеме да посакаме ништо повеќе. Но, мораме да работиме на новиот проблем кој го имаше Кими. Има многу важни трки пред нас", вели Маса, кој исто така стартуваше од пол-позицијата и го постави најбрзиот круг на трката.

Со резултатот Маса се пресели на второто место во генерален пласман, претекнувајќи го Кими Раиконен, кој се откажа поради проблеми со моторот. Ова е втор инцидент со моторите за Ферари во две трки.

"Мораме да видиме во што е проблемот за следните трки. Постојаноста ни е проблем, посебно оваа година", додава Маса.

ЛУИС ЗАДОВОЛЕН СО ВТОРОТО МЕСТО

Луис Хамилтон, пак, вели дека е задоволен и со второто место во Валенсија бидејќи со него остана на шест поени пред Маса, и 13 пред Кими Раиконен. Возачот на Мекларен призна дека немале доволно брзина да го победат Маса на шпанската жештина, додавајќи дека се чувствувал како да е во сауна.

"Не можам да се пожалам со второто место. Имавме доста силен викенд на нова патека и добри поени. Не бев толку брз како Фелипе, а Роберт Кубица туркаше силно во првите неколку круга. Тешко беше да се претекнува тука. Трката не беше тешка, но беше многу жешко и немавме доволно вода во болидот. Како да возевме во сауна", вели Хамилтон.

Роберт Кубица и БМВ како да ги решија проблемите од последните неколку трки, откако Полјакот успеа да го задржи третото место пред вториот возач на Мекларен, Хеики Ковалаинен, додека одлични беа Тојота, кои беа петти со Јарно Трули и седми со Тимо Глок со што стигнаа до 10 поени предност на четвртото место во генерален пласман.

Најразочараниот човек во Валенсија секако беше Фернандо Алонсо, кој ниту втората трка во Шпанија не успеа да ја заврши. Алонсо виде малку од трката откако во првиот круг беше удрен од Казуки Накаџима во Вилијамс.

"Две трки во Шпанија, две откажувања, едно поради моторот во Барселона и сега поради инцидент со Накаџима. Нормално дека сум разочаран. Сега одиме во Спа и да се надеваме дека среќата ќе се промени", вели асот на Рено.

РЕЗУЛТАТИ (ЕВРОПСКО ГП):

1.Фелипе Маса (Ферари) 1:35:32.399 10

2.Луис Хамилтон (Мекларен) +5.600 8

3.Роберт Кубица (БМВ) +37.300 6

4.Хеики Ковалаинен (Мекларен) +39.700 5

5.Јарно Трули (Тојота) +50.600 4

6.Себастијан Фетел (Торо Росо) +52.600 3

7.Тимо Глок (Тојота) +1:07.900 2

8.Нико Розберг (Вилијамс) +1:11.400 1

9.Ник Хајдфелд (БМВ) +1:22.100

10.Себастиен Бурде (Торо Росо) +1:29.700

11.Нелсон Пике Јуниор (Рено) +1:32.700

12.Марк Вебер (Ред Бул) +1 круг

13.Џенсон Батон (Хонда) +1 круг

14.Џанкарло Физикела (Форс Индија) +1 круг

15.Казуки Накаџима (Вилијамс) +1 круг

16.Рубенс Баричело (Хонда) +1 круг

17.Дејвид Култхард (Ред Бул) +1 круг

НЕ ЗАВРШИЈА

18.Кими Раиконен (Ферари) +12 кругови

19.Адријан Зутил (Форс Индија) +16 кругови

20.Фернандо Алонсо (Рено) +56 кругови

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН

ВОЗАЧИ

1.Луис Хамилтон (Мекларен) 70

2.Фелипе Маса (Ферари) 64

3.Кими Раиконен (Ферари) 57

4.Роберт Кубица (БМВ) 55

5.Хеики Ковалаинен (Мекларен) 43

6.Ник Хајдфелд (БМВ) 41

7.Јарно Трули (Тојота) 26

8.Фернандо Алонсо (Рено) 18

9.Марк Вебер (Ред Бул) 18

10.Тимо Глок (Тојота) 15

11.Нелсон Пике Јуниор (Рено) 13

12.Рубенс Баричело (Хонда) 11

13.Нико Розберг (Вилијамс) 9

14.Себастијан Фетел (Торо Росо) 9

15.Казуки Накаџима (Вилијамс) 8

16.Дејвид Култхард (Ред Бул) 6

17.Џенсон Батон (Хонда) 3

18.Себастиен Бурде (Торо Росо) 2

КОНСТРУКТОРИ

1.Скудерија Ферари 121

2.Мекларен Мерцедес 113

3.БМВ Заубер 96

4.Тојота Панасоник 41

5.Рено Ф1 31

6.Ред Бул Рејсинг Рено 24

7.Вилијамс Ф1 Тојота 17

8.Хонда Ф1 14

9.Скудерија Торо Росо Ферари 11

10.Форс Индија Ферари 0

КРУГ ПО КРУГ НА ЕВРОПСКОТО ГП

Фелипе Маса победи на првото Европско ГП во Валенсија на доминантен начин, со 5.6 секунди пред Луис Хамилтон (Мекларен) и 37.3 секунди пред Роберт Кубица (БМВ). Ова е 4. победа оваа сезона за Маса и деветта во кариерата.

- Пред стартот на трката Баричело и Зутил стартуваа од боксот, а Розберг беше единствениот на меки гуми.

- На стартот Маса водеше пред Хамилтон и Кубица, Ковалаинен го помина Раиконен за 4. место, додека Култхард се изврте, но продолжи. Накаџима се удри во Алонсо, и шпанскиот херој мора да се повлече.

- До 10. круг Маса води пред Хамилтон со 3.6 секунди. Следуваат Кубица (12.0), Ковалаинен (13.0), Раиконен (13.6), Фетел (15.6), Трули (16.8), Розберг (23.0), Хајдфелд (26.6) и Глок (29.1).

- Во 15. круг Маса е прв од лидерите кој влегува во бокс враќајќи се на 4. место пред Раиконен, додека Хамилтон напред поставува најбрз круг.

- Во 16. круг Хамилтон влегува во бокс и излегува зад Раиконен. Кубица води еден круг, но влегува во бокс заедно со Раиконен и Бурде.

- Во 23. круг Маса води пред Хамилтон со 4.4 секунди.

- Во 31. круг Маса го зголемува водството на 8.4 секунди.

- Во 36. круг Маса влегува по вторпат во бокс, се враќа на второто место, но за малку се удира со Зутил во боксот. Инцидентот е под истрага.

- Во 38. круг Хамилтон влегува во бокс и се враќан на второто место зад Маса.

- Во 43. круг Зутил влегува во една кривина, се удира и го губи предното крило.

- Во 43. круг Ковалаинен и Раиконен во битка за 4. место влегуваат во бокс. Раиконен се обидува да излезе додека цревото за гориво е закачено, го удира механичарот со задното тркало, и се враќа на 6. место. Механичарот има мали проблеми.

- Во 50. круг Маса води со 7.4 секунди пред Хамилтон.

Ф1 ФЛЕШ

Од Ферари признаа дека би биле многу изненадени доколку Фелипе Маса добиеше казна за инцидентот во боксот со Адријан Роблес. "Ако ги разгледаме последните трки, имаше многу слични инциденти во боксот, и ниту еден возач не доби казна. Зутил ја држеше својата линија, но истото го правеше и Фелипе", вели портпаролот на тимот, Лука Колајани.

Рон Денис повторно мораше да ги демантира шпекулациите во шпанскиот печат дека ќе се тргне од местото шеф на Мекларен. Според Ел Паис, Денис неодамна изјавил дека размислува за откажување, најмногу поради разочарувањата од минатата година со шпионскиот скандал и казната од 100 милиони $ и несогласувањата со Фернандо Алонсо. Но, Денис вели дека не разговарал со весникот. "Три недели не сум разговарал со ниту еден новинар. Тоа е целосно измислено интервју. Не знам од каде дојде приказната, но сигурно не од мене", вели Денис.

Шефот на Хонда, Рос Браун, признава дека поранешниот двократен светски шампион Фернандо Алонсо го има клучот за "пазарот на возачи" за следната година. Тој не сакаше да коментира за "потерата" по Алонсо која ја организира Хонда. "Кога Фернандо ќе ја направи одлуката, многу работи ќе бидат појасни. Неговиот договор со Рено зависи од резултатите, кои не се остварени и сите го знаат тоа", вели Браун, кој додава дека не верува дека Кими Раиконен мисли на пензија велејќи дека "нема таков впечаток".

Иако Бруно Сена се смета за фаворит да го добие местото во Скудерија Торо Росо во 2009, од Ред Бул бараат Герхард Бергер да размисли за ГП2 возачот, 19-годишниот Швајцарец Себастиен Буеми, кој е втор во серијата. Себастијан Фетел следната година ќе вози за Ред Бул, а нема гаранции дека Себастиен Бурде ќе остане во Ф1, Буеми е еден од фаворитите покрај Бруно Сена и Карун Чандок, но и Такума Сато. "Буеми веќе има договор со нас, и не брзаме за тимот во 2009. Ако Торо Росо го сакаат, тогаш тој е тука. Нема многу слободни возачи на пазарот", вели советникот на Ред Бул, Хелмут Марко.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Август.2008 во 15:58

ФОРМУЛА 1 - ОВОЈ ВИКЕНД ВОЗАЧИТЕ СЕ ВРАЌААТ ОД "ЛЕТНИОТ РАСПУСТ"

По августовската пауза предизвикот во Валенсија

По две недели без тестирање или тркање на Ф1 календарот, возачите се подготвуваат за враќање во своите болиди и тоа на новата улична патека во Валенсија овој викенд. 20-те возачи во формула 1 го поминаа "летниот распуст" на различни начини - од лежење на луксузните јахти до менување на формата на тркање.

Свеж по подиумот во Унгарија на пример, Тимо Глок од Тојота отпатува на познатата американска патека Лагуна Сека во Калифорнија, каде што победи на "Трката на легендите" против имиња како Џони Херберт, Патрик Тамбе и шампионот од 1980 Алан Џонс. Ф1 ветеранот Дејвид Култхард тркачката атмосфера ја промени со посета на Брно, каде што се возеше Мото ГП трката.

На другата страна на работите, лидерот во генерален пласман, Луис Хамилтон, ги полнеше батериите со прошетка во својот авион со девојката Никол Шерцингер. Тој беше "фатен" заедно со останатите членови на бендот Пусикет Долс на аеродромот во Лос Анџелес, но и во Шпанија и Лондон. Летниот одмор Хамилтон го помина во Шпанија, но атмосферата ја расипаа крадците кои му украдоа еден куфер.

Колегата на Хамилтон од Мекларен, Хеики Ковалаинен имаше помирно лето организирајќи картинг трка, но во исто време одејќи во својот дом во родниот Суомусалми .

"Ова беше првпат да одам дома по подолго време", призна Ковалаинен.

Фелипе Маса исто така замина одома во Сао Пауло, додека асот на Форс Индија, Џанкарло Физикела уживаше на својата јахта со семејството.

Возачот на Вилијамс, Нико Розберг, во меѓувреме тренираше напорно на Швајцарските Алпи. Тој поминуваше часови на маунтбајк, пред да плива во алпските езера.

Сега време е сите да помислат на Ф1 и на пристаништето во Валенсија.

"Мислам дека сите во формула 1 се возбудени за оваа трка", вели Џенсон Батон од Хонда.

РЕЛИ

Гронхолм одби ВРЦ кам-бек

Двократниот светски шампион Маркус Гронхолм одби понуда да вози за Стобарт Форд на Релито Нов Зеланд следната недела. Шефот на Форд, Малколм Вилсон, побара од Финецот да го замени Џиџи Гали по неговиот инцидент на Германското рели, но Финецот вели дека нема потреба за таква понуда.

"Јас сум пензиониран и не ми се допаѓаат такви идеи. Не се работи за тоа што ќе возам автомобил од 2007 бидејќи третото место на Франсоа Дувал во Германија покажа дека тој е конк*рентен. Доста ми е од рели трки", вели Гронхолм, кој се пензионираше на крајот на минатата сезона.

БЕЗБОЛ МЛБ РЕЗУЛТАТИ:

Питсбург - Њујорк Метс 5:2

Атланта - Сан Франциско 0:5

Балтимор - Бостон 3:6

Темпа Беј - Л.А.Енџелс 6:4

Тексас - Детроит 7:8

Милвоки - Хјустон 9:3

Минесота - Оукленд 2:3

Чикаго Вајт Сокс - Сиетл 13:5

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2008 во 19:53
Раиконен: "Победувањето останува најважно"

Актуелниот светски шампион Кими Раиконен ги отфрли тврдењата дека ја загубил желбата за победување. Покрај шпекулациите дека асот на Ферари планира да се повлече на крајот на сегашниот договор (на крајот на 2009), се вели дека Финецот ја загубил желбата за возење и дека тоа е причината за слабата форма во последните трки, но сега 28-годишниот возач на Ферари вели дека с$ уште сака успеси во спортот.

"С$ уште сум истиот човек. Ако сум во трка, тогаш сакам да ја освојам. Никогаш не е забавно да си петти или шести и искрено ниту третото место не е толку добро како порано. Сакам само да победувам", вели Раиконен.

Тој додава дека тие кои мислат дека тој е задоволен по титулата во 2007, грешат.

"Секако дека сакам повеќе, не сум уморен ниту задоволен. Ако не ги освоиме двете титули на крајот на сезоната, тогаш ќе бидам незадоволен", објаснува Раиконен.

Култхард сака Ф1 кариера за синот

Ф1 ветеранот Дејвид Култхард планира подарок од соништата за неговиот син на неговиот 20. роденден - договор со Ферари. 37-годишниот Шкотланѓанец кој ќе си замине од Ф1 на крајот на сезоната вели дека неговата бремена свршеница Карен Миние очекува син.

"Тој ќе има договор со Ферари во 2028 година!", вели Култхард.







Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3031323334 55>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,500 секунди.