![]() |
|
F1 Вести |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2930313233 55> |
Автор | ||||
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
"Новото Ферари е нелегално!"
![]() Прво загриженост изрази потпретседателот на Мерцедес Бенц, Норберт Хауг, а потоа и новиот генерален менаџер на БМВ Заубер, Валтер Ридл, а сега директорот за шасии на Тојота, Паскал Васелон јавно вели дека тој болид не е легален. "Ферарито има неколку нелегални делови, како издвоениот ауспух. Очекуваме дека таква промена е надвор од регулативите. Но, прерано е да се обвинува, бидејќи ќе има многу промени во дизајнот на болидите следните неколку недели", вели Васелон. Во исто време Берни Еклстоун повторно со контроверзна изјава околу Ферари. "Можеби е лошо да го кажам ова, но единствен тим кој би ни недостасувал во Ф1 е Ферари. Иако не би сакал да ги загубам Мекларен и Вилијамс", вели Еклстоун. |
||||
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
||||
![]() |
||||
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Кој ќе вози во новата сезона? ![]() На листата на пилоти која ја објави Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) на првото место се наоѓа светскиот шампион Луис Хамилтон (Мекларен Мерцедес), втор е неговиот клупски колега Финецот Хејки Ковалаинен, а потоа следат пилотите на Ферари Финецот Кими Раиконен и Бразилецот Фелипе Маса. Буеми зад воланот на Торо Росо го замени Себастијан Ветел, кој се пресели во Ред Бул на местото на пензионираниот Дејвид Кулхард. Веќе традиционално бројот 13 не е поделен. Хонда која најави повлекување од Формула 1 поради финансиската криза ги задржа двете места, па имињата на возачите се непознати. Не е познато името ниту на вториот пилот на Торо Росо. ЛИСТА НА ВОЗАЧИТЕ: 1. Луис Хамилтон (ВБ/МекЛарен-Мерцедес) 2. Хејки Ковалаинен (Фин/МекЛарен-Мерцедес) 3. Кими Раиконен (Фин/Ферари) 4. Фелипе Маса (Бра/Ферари) 5. Роберт Кубица (Пол/БМВ Заубер) 6. Ник Хајдфилд (Гер/БМВ Заубер) 7. Фернандо Алонсо (Шпа/Рено) 8. Нелсон Пике (Бра/Рено) 9. Јарно Трули (Ита/Тојота) 10. Тимо Глок (Герм/Тојота) 11. Себастиен Буеми (Швај/Торо Росо-Ферари) 12. Непознат (Торо Росо-Ферари) 14. Марк Вебер (Авс/Ред Бул-Рено) 15. Себастијан Ветел (Гер/Ред Бул-Рено) 16. Нико Розберг (Гер/Вилијамс-Тојота) 17. Казуки Накајима (Јап/Вилијамс-Тојота) 18. Непознат (Хонда) 19. Непознат (Хонда) 20. Адриан Сутил (Гер/Форс Индија-Мерцедес) 21. Џанкарло Физикела (Ита/Форс Индија-Мерцедес). |
||||
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
||||
![]() |
||||
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Noviot Bolid na Toyota za 2009-TF109.
![]() Изменето од blueprayer - 13.Јануари.2009 во 11:45 |
||||
|
||||
![]() |
||||
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Ферари го претставија Ф60 болидот за 2009
Ферари го презентираа својот болид за новата сезона со радикален изглед, по што шефот на тимот, Стефано Доменикали, веднаш предупреди дека новите регулативи во спортот ќе направат одбраната на титулата кај конструктори да биде потешка. "Влегуваме во сезона за која ништо не знаеме. Другите тимови можеби имаат понапреден болид и затоа е добро да се биде внимателен. Но, мислиме дека ќе бидеме конк*рентни од стартот", смета Италијанецот. "Ова е целосно нов болид. Има многу позитивност во тимот, но знаеме дека 2009 ќе биде многу посебна сезона. Денес е важен датум поради првиот тест со новите системи. Може да има проблеми и ќе мораме бргу да ги решаваме", додава Доменикали. Ферари ја освојува титулата кај конструктори 8 пати во последните 10 години, но оваа година треба да се врати откако нивниот Фелипе Маса ја загуби титулата за еден поен од возачот на Мекларен, Луис Хамилтон. Бразилецот во тимот и оваа сезона ќе вози покрај светскиот шампион од 2007, Кими Раиконен и покрај тоа што шпекулациите велат дека тимот има "таен" договор со Фернандо Алонсо од 2011. Токму Маса, кој минатата сезона победи на шест трки, го имаше првото деби со болидот на патеката Мугело на северот на Фиренца, почнувајќи од 10:30 часот наутро. Промоцијата се пресели во Мугело поради лошите временски услови во тест-патеката на тимот во Фиорано. Маса вели дека се чувствува многу посилен по се што се случи во сезоната 2008 и подготвен е повторно да се бори за титулата во 2009. "Секоја година се чувствувам посилен и мислам дека со целото искуство, посебно од минатата сезона имам право да се чувствувам многу подготвен за новата сезона. Очекуваме Мекларен да бидат многу конк*рентни, а можеби и БМВ бидејќи лани имаа доста голем прогрес. Можеби и Рено може да се таму, но тешко е да се оцени сега. Очекував Ф60 да биде голем болид како од пред 10 години, но добивме компактен болид кој добро изгледа. Се надевам дека е брз колку што изгледа!", вели Маса. Кими Раиконен, пак, вели дека е подготвен тешката 2008 да ја остави зад себе и да се врати во форма со која во 2007 во деби сезоната со Ферари ја освои титулата. "Лани работите не одеа како што се надевам, но тоа е во минатото и сега има нов предизвик за мене. Прво треба да видиме колку болидот е добар бидејќи имаше многу промени на правилата. Во следните неколку недели ќе се споредиме со останатите, но целта останува иста - да се освојат двете титули", вели Финецот. |
||||
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
||||
![]() |
||||
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Маса прв седна во Ф 60
Новиот болид е прилагоден според новиот правилник, а на неговото претставување присуствуваше и клупскиот другар Раиконен Актуелниот шампион во Формула 1, кај конструктори, Ферари прв го претстави болидот за новата сезона. Поради лошите временски услови промоцијата на тимот не е одржана во Фјорано, туку во Мугело. Моделот Ф 60, кој е прилагоден на новиот правилник, прв го испроба второпласираниот возач од минатогодишниот шампионат, Фелипе Маса. Покрај Бразилецот на свеченоста присуствуваше и неговиот клупски другар, Финецот Кими Раиконен, како и тандемот тест-возачи Лука Бадоер и Марк Жене. Тимот на Ферари го предводеа претседателот Лука ди Монтецемоло и шефот Стефано Доменикали. ![]() |
||||
|
||||
![]() |
||||
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Ф1 се подготвува за новата ера
![]() Минатата недела, Асоцијацијата на Ф1 тимови (ФОТА) едногласно одлучи да постави нови мерки за намалување на трошоците оваа сезона за 30%, со што ќе се заштедат околу 1 милијарда евра. Иницијативата дојде од Светската автомобилистичка федерација (ФИА) во декември со идеите за мотори кои траат подолго и ограничување на аеродинамичкиот развој. Покрај ова ФОТА направи нови планови за 2010. Дури и Рон Денис, шефот на Мекларен, кој обично е "конзервативен" околу овие прашања признава дека нешто мора да се направи. "За нашиот бизнис, бидејќи сакаме да преживееме и бидејќи сакаме формула 1 да е посилен спорт, ова е добро за нас. За неколку дена ќе ги добиеме резултатите на испитувањето на јавноста околу формула 1. Публиката ќе го каже своето. Од нивните одговори ќе зависи квалификацискиот формат и други работи. Јас не сакам менување на работите, но мораме да го сочуваме спортот и интересот на фановите", вели 61-годишниот Денис. |
||||
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
||||
![]() |
||||
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
ШАМПИОНСКАТА ТИТУЛА НЕ СЕКОГАШ Е НАЈВАЖНА
Алонсо ги засени и Хамилтон и Маса И покрај тоа што Луис Хамилтон и Фелипе Маса ја водеа борбата за шампионската титула до последните метри од сезоната, за "Газета дело спорт" Фернандо Алонсо е најдобриот Ф-1 возач за 2008 година. Шпанецот го зазеде петтото место во годинашново првенс ![]()
И покрај тоа што Луис Хамилтон и Фелипе Маса ја водеа борбата за
шампионската титула до последните метри од сезоната, за "Газета дело
спорт" Фернандо Алонсо е најдобриот Ф-1 возач за 2008 година. Шпанецот
го зазеде петтото место во годинашново првенство и тоа му беше доволно
на италијанскиот спортски весник за да му го додели своето
традиционално признание. |
||||
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
||||
![]() |
||||
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Тестирањето забрането, Ф1 во нова ера
![]() Тестирањето нема да биде дозволено во текот на сезоната освен на редовните петочни тренинзи од ГП викендите, а од 2010 ќе се забрани и додавањето гориво и можно е да се намали должината на ГП трките. Според проценките на ФИА, новите мерки ќе им заштедат на тимовите кои работат со производители околу 30% од нивниот буџет за следната година, додека независните тимови ќе имаат и поголема заштеда. Мерките доаѓаат во момент кога спортот гледа кон амбисот бидејќи големите производители на автомобили кои поседуваат половина од тимовите се наоѓаат во економски проблеми со преполовена продажба на автомобили и уште поголемо намалување на акциите. Хонда, кои потрошија стотици милиони евра без успех во спортот, веќе објавија дека се повлекуваат од спортот зголемувајќи ги стравувањата дека уште еден производител ќе се откаже пред стартот на новата Ф1 сезона во Австралија на 29 март. Светскиот Моторспорт Совет (ВСМЦ) на ФИА, откако едногласно ги одобри промените кои беа одобрени од ФОТА, асоцијацијата на Ф1 тимови, исто така додадоа дека моторите ќе бидат ограничени на 18.000 вртежи во минута и ќе мораат да траат три трки место два. Тимовите нема да можат да користат повеќе од 20 мотори цела сезона. Од јануари исто така ќе има ограничување на користењето на скапите воздушни тунели и намалување на бројот на членови на тимовите кои ќе патуваат на трките. Новиот КЕРС систем за поврат на кинетичката енергија, нема да биде задолжителен следната сезона, а ќе се разговара за 2010. Идејата на Берни Еклстоун наместо поени да се доделуваат медали како на Олимписките игри се уште не е одобрена и ќе треба да се направи целосна анализа. "Мислам дека ова е првиот чекор формула 1 да се спаси самата себеси", вели претседателот на ФИА, Макс Мозли, иако неговата идеја за стандардни мотори во формула 1 засега е ставена на страна. ШТО СЕ Е ПРОМЕНЕТО ВО ФОРМУЛА 1? Од 2009 во сила се следните промени МОТОРИ - Секој возач може да користи максимум 8 мотори цела сезона плус 4 за тестирање (вкупно 20 по тим). - Лимит од 18.000 вртежи во минута. - Мерката за мотор за 3 трки од 5 ноември останува на сила. - Цената на моторите за независните тимови ќе биде за 50% поефтин од 2008. - Едногласно е согласено моторот на Рено да има промени за 2009, сите други мотори остануваат непроменети. ТЕСТИРАЊЕ - Нема да биде дозволено тестирање во текот на сезоната освен во тркачките викендите. АЕРОДИНАМИЧКИ ПРАВИЛА - Ниту еден воздушен тунел над 60% модел и 50 метри/секунда не смее да се користи по 1 јануари 2009. - Нова формула со која ќе се балансира развојот во воздушни тунели во однос на компјутерските симулации ќе биде договорен по предлог на ФИА. АКТИВНОСТ НА ФАБРИКИТЕ - Фабриките ќе се затвораат шест недели од годината. ТРКАЧКИ ВИКЕНД - Тимовите ќе го намалат бројот на вработени преку серија мерки, вклучувајќи делба на информациите за гумите и горивото. СПОРТСКИ СПЕКТАКЛ - Ќе се направи програма за јавната реакција на новите идеи, како и можните промени на квалификациите и доделувањето на медали место поени. Од 2010 во сила се следните промени МОТОРИ - Моторите ќе бидат достапни за независните тимови за помалку од 5 милиони евра годишно. Тие или ќе дојдат од независен снабдувач или од производителите кои се во Ф1. - Истиот мотор ќе се користи и во 2011 и 2012. - Ќе се користат идентични менувачи за сите тимови. ШАСИИ - Ќе се подготви листа на сите елементи и ќе се одлучува кој ќе остане во Ф1. ТРКАЧКИ ВИКЕНД - Стандардни радио и телеметриски системи - Забрана за греачите за гуми. - Забрана за додавање гориво - Можно намалување на должината на трките. |
||||
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
||||
![]() |
||||
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Алонсо се закани со повлекување во 2010!
![]() "Ако го одобрат тоа, тоа ќе биде последната капка. Ќе биде време да се размислува за пензија", вели Шпанецот. ФИА во октомври најави дека сака да ги промени правилата за тимовите да користат стандардни мотори од 2010 како дел од мерките за намалување на трошоците. Од тогаш се појави тендер за снабдување со мотори, а шпекулациите велат дека Ферари (кои може да бидат во иднината на Алонсо) и Тојота веќе размислуваат за повлекување од спортот. Алонсо, светски шампион со Рено во 2005 и 2006 година, вели дека формула 1 оди наназад технички со последните промени на правилата. "Во 2005 имавме В10 мотори со 1.000 коњски сили што беше возбудливо за возачот бидејќи одевме до лимитот. Отидовме од футуристички болиди во болиди без електронски помагала кои изгледаат како нешто од минатото", додава Шпанецот, кој оваа сезона по слаб старт имаше одличен финиш со две победи и заврши на четвртото место во генерален пласман. ФЕРНАНДО НЕ ТИПУВА НА ТИТУЛА Шпанецот додава дека не се потпира многу на изјавата на неговиот шеф Флавио Бриаторе дека Рено ќе биде во битката за светската титула во 2009. "Флавио го кажуваше истото и пред две години со Р27 болидот кој не беше добар, а и лани беше исто така што не сум сигурен дека тоа што го кажува се добри вести. Флавио го охрабрува тимот и му дава сила, но некогаш работите кои ги кажува не се важни. Не можеш да дозволиш да ја стартуваш сезоната без да размислуваш да одиш на победа. Тоа е важна цел", вели Алонсо. Новиот болид на Рено, Р29 ќе дебитира на тест патеките на 20 јануари, вели Алонсо, иако ќе го тестира болидот од оваа година со мазни гуми на 10 декември во Херез. Шпанецот посочи дека болидот во јануари за првпат ќе го има КЕРС системот, но дека ќе биде многу различен од конечниот болид за првата трка во Мелбурн во март. "Што подоцна го имаш болидот подготвен, тоа подобро", смета Алонсо. < ="#efefef" marginheight="0" marginwidth="0" ="http://www.idividi.com.mk/UpdateBrCitana.aspx?VestID=487289" style="height: 50px;" align="middle" border="0" height="30" scrolling="no">> ![]() |
||||
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
||||
![]() |
||||
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Алонсо не си заминува без трета титула
![]() "Сигурен сум дека нема да си заминам од формула 1 без уште еднаш да станам светски шампион", изјави возачот на Рено за шпанската радио-мрежа Кадена СЕР. 27-годишниот Алонсо ја освои титулата со францускиот тим во 2005 и 2006 година, но лани имаше мизерна сезона во Мекларен, во која се испокара со тимот и со клупскиот колега Луис Хамилтон пред да се врати оваа година во Рено. Проблемите продолжија и оваа сезона со Рено, пред во финишот на сезоната да биде убедливо најдобриот возач со две победи и најмногу поени во вториот дел од сезоната. Тој потпиша нов двегодишен договор со Рено и се надева дека со Р29 ќе може да се бори за титулата во 2009, но Шпанецот повторно не сакаше да отфрли иднина со најпознатиот формула 1 тим Ферари. "Брз одговор на тоа прашање нема да биде вистинскиот одговор", вели Алонсо за неговата постојана врска со тимот од Маранело. Тој ќе се појави на тестирањето во Херез следниот месец, по што ќе почне со работата на болидот за 2009 на крајот на јануари. "Денеска одам на поставување на седиштето за новиот болид, а за тоа е потребен половина ден", признава Алонсо. Тој исто така повторно доби шанса да го коментира ривалството со Луис Хамилтон, за кое се смета дека е најлутото во формула 1. "Не е толку лошо како што се мисли во Англија и во Шпанија. Му честитав кога стана светски шампион, како што направив со Кими минатата година. Му кажав да ужива, тој ми рече благодарам... Тоа е тоа", додава Алонсо. ![]() |
||||
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
||||
![]() |
||||
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Вебер ја скрши ногата, ќе се врати на стартот на сезоната
Австралискиот формула 1 возач Марк Вебер беше на операција откако ја скрши својата десна нога при сообраќајната несреќа на велосипед на својата аутдор трка во Тасманија, Австралија. 32-годишниот возач на Ред Бул Рејсинг тимот бил на велосипед во близина на Порт Артур во јужна Тасманија кога се удри со автомобил.
"Операцијата е завршена, се постави шипка и сега почнува процесот на заздравување", вели директорот на трката Џеф Донахју. И покрај извештаите за посериозни повреди, вклучувајќи повеќе скршеници на коските, Донахју тврди дека скршената нога е единствениот проблем на Вебер. "Тој има мала повреда на левата надлактица, но имаше целосни прегледи и се друго е в ред. Ќе биде во болница најмалку три дена, но сигурно под една недела", вели Донахју. Вебер беше однесен со хеликоптер во Ројал Хобарт Болницата по што беше префрлен во друга приватна болница. Се очекува тој да биде надвор од акција најмалку шест недели и Донахју додава дека е сигурно дека Вебер нема да биде на тестот во Херез следниот месец. "Тој може да пропушти неколку тестови, но тоа е се", вели Донахју. Според Донахју Вебер, реагирал позитивно и покрај повредата и сакал да се врати на тренинг што е можно побргу. "Изненадувачки, но тој е добро расположен. Сака да се врати на своето трчање, на возењето велосипед и на возењето кајак што е можно побргу", додава Донахју. Инцидентот се случил на вториот и последен ден од трката околу 12.40 часот по локално време во саботата. Вебер возел на пат кога удрил во автомобил кој возел во спротивната насока. Сведоците велеа дека Вебер очигледно ги имал скршено двете коски во долниот дел на ногата и неговото стапало било извртено. |
||||
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
||||
![]() |
||||
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
ФОРМУЛА 1 - ЗА РАЗЛИКА ОД ЏЕНСОН БАТОН, ШКОТЛАНЃАНЕЦОТ СО УБАВИ ЗБОРОВИ ЗА ХАМИЛТОН Култхард: "Луис е во иста класа со Сена и Шуми!" Новиот најмлад формула 1 шампион Луис Хамилтон може да биде
споменуван во ист контекст со легендите на спортот како Михаел Шумахер
и Аиртон Сена, смета новиот пензионер Дејвид Култхард додавајќи дека
неговиот британски сонародник ги "има сите состојки" за да ги повтори
нивните неверојатни успеси во спортот. |
||||
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
||||
![]() |
||||
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
ФОРМУЛА 1 - ИНДИСКИОТ ТИМ СИ НАЈДЕ ВИСТИНСКИ ПАРТНЕР Форс Индија потпиша долгогодишен договор со Мекларен Откако се разделија со снабдувачот на мотори Ферари, Форс Индија
потврди дека ќе има техничко партнерство со Мекларен и Мерцедес. Во
долгогодишен договор, ВЈМ02 болидите на Форс Индија ќе имаат мотори на
Мерцедес, првпат германскиот производител да снабдува друг тим освен
Мекларен по скоро 15 години. |
||||
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
||||
![]() |
||||
blackeye ![]() Сениор ![]() ![]() The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Меѓународната автомобилистичка федерација (FIA) го донесе календарот на трките за сезоната 2009 од Формула 1. Трките започнуваат на 29 март, а завршуваат на 1 ноември.
На календарот има 17 трки, меѓу кои од овогодинешните ги нема Канада и Франција. Според новиот календар, Големата награда на Кина ќе се вози во Април наместо во Октомври, пред Големата награда на Бахреин. За разлика од последните неколку сезони, кога стандардно последна беше трката во Бразил, следната година сезоната ќе се затвори во Абу Даби, која всушност е и единствена нова патека за догодина, а се вози на 1 ноември. За разлика од планираното следната година да има една трка повеќе од веќе изминатата сезона, сепак ке има една помалку, бидејќи две патеки испаднаа од календарот. Официјалниот календар за 2009: 29 март - Австралија 05 април - Малезија 19 април - Кина 26 април - Бахраин 10 мај - Шпанија 24 мај - Монако 07 јуни - Турција 21 јуни - Велика Британија 12 јули - Германија 26 јули - Унгарија 23 август - Европа (Валенсија) 30 август - Белгија 13 септември - Италија 27 септември - Сингапур 04 октомври - Јапонија 18 октомври - Бразил 01 ноември - ОАЕ |
||||
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2930313233 55> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |