IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Формула 1 и Мото грандпри
  Активни теми Активни теми RSS - F1 Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

F1 Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2526272829 55>
Автор
Порака Обратен редослед
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2009 во 00:45
        Враќање на отпишаните?


Поранешниот возач и сопственик на Формула 1 тим, Агури Сузуки најави можност за враќање на неговиот Супер Агури, кој беше активен во периодот од 2005-2008 година во спортот. Агури би се обидел да добие место во поредокот за 2010 година, откако по најновите предлози на ФИА се отвори простор за три нови апликанти за шампионатот во следната година. Kонк*ренти за трите нови тимови, покрај Супер Агури се и Лола и Продрајв, кој веќе има неуспешен обид за влез во спортот.

- Физички е возможно да се вратиме во Формула 1 - изјави Сузуки за јапонскиот весник Санкеи Спортс.

Сепак, дополнителни информации не се поделени со јавноста, па останува нејасно од каде произлегуваат оптимистичките изјави.

Познато е дека поради финансиски проблеми, Супер Агури мораше да ја стопира кампањата по само 4 трки минатата година, на што претходеше најавата за прекин на соработката со Хонда во поглед на моторите. Хонда сега не е во Формула 1, а конк*рентната Тојота е единствениот преостанат јапонски бренд, а притоа веќе има договор со Вилијамс за снабдување со мотори.

Сузуки има 39 трки како тимски шеф на Супер Агури тимот од 2006-2008 година, а претходно има 88 стартови како возач за во периодот од 1988-1995 година, а притоа има забележано еден подиум (3-то место).



Изменето од Iron Man - 07.Мај.2009 во 00:47
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2009 во 00:42


            ФИА VS. ТИМОВИ


БМВ Заубер се придружи на Ферари, кои јавно се изјаснија против воведувањето на двоен принцип, кога се во прашање буџетите. Германско-швајцарскиот тим најави можен излез од Формула 1, ако се воведе планот за ограничување на буџетите, со што би се вовел двоен принцип. Двојниот принцип се однесува на две две групи на тимови: помоќните тимови не би имале лимит на буџетот, но технички ограничувања, а додека финансиски послабите тимови би имале лимит на буџетот, но поголема техничка слобода на сметка на претходната група. Тимот од Хинвил себеси се гледа во првата група, па според тоа очекувани се и реакциите. На медумски настан во Минхен, тимскиот шеф ги објави незадоволството на сопствениците на баварскиот гигант.

- Формула 1 со две класи не е атрактивна за БМВ - вели Марио Тајсен, најавувајќи дека техничкиот лимит не е прифатлив за нив.

Дополнително Норберт Хауг од Мерцедес објави дека не ја подржува идејата на ФИА, со која шампионот би бил крунисан според најголемиот број на победи. Германецот очекува да бидат консултирани сите тимови, пред да се донесе конечната одлука.

- За тоа допрва треба да се дискутира. Не верувам дека нешто треба да се промени ако се согласиме дека е добро, во моментов имаме многу добра Формула 1 - вели Хауг во обраќањето за германските медиуми.

Денес ќе се одржи седница на ФОТА во Лондон, на која овие прашања детално ќе бидат анализирани. И ФИА и тимските шефови се максимално ангажирани трошоците да се намалат што е можно повеќе, но проблемот настанува поради различните ставови на двете страни за начинот на кој тоа би било реализирано. Ова доведе и до медиумска расправа меѓу федерацијата и тимовите. Покрај буџетите, речиси сите тимски шефови изразија негодување за начинот на кој е предвидено да се одлучува за титулата. Конечната одлука на ФОТА ќе биде објавена по завршувањето на седницата.


Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2009 во 18:15
    
Синот на Макс Мозли пронајден мртов.
 
 
Синот на председателот на Светската Автомобилистичка Асоцијација, Макс Мозили, е пронајден мртов во својот стан во Лондон

 Полицијата ги повикала родителите да го идентификуваат телото, а се сомнева дека 39 годишниот АЛександар Мозли. угледен економист, умрел од предозирање.

Истрагата е сеуште во тек, а точен извештај за смртта ќе се знае по обдукцијата


Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2009 во 17:28
Рено, Мекларен и БМВ нема да одат на победа во Барселона

Мекларен заедно со светскиот шампион Луис Хамилтон очекуваат уште еден тежок викенд во Шпанија, вели директорот на Мерцедес Моторспорт, Норберт Хауг. Тимот од Вокинг е само четврти во генерален пласман на конструктори откако Хамилтон и Хеики Ковалаинен остварија само 13 поени во првите четири трки од сезоната.

Но, фановите на Мекларен се надеваа дека по четвртото место на Хамилтон во Бахреин следуваат подобри денови за "Сребрената стрела" и дека тоа е прв чекор на промена на подобро. Хауг не верува во тоа и вели дека работите не изгледаат добро за Барселона.

"Немам впечаток дека има некое драматично подобрување на работите. Ако кажам дека ќе се мачиме, тоа не значи дека сум пророк", вели Хауг за германските медиуми.

Мекларен е еден од ретките тимови кои не воведува голем број промени во Барселона, а имаат и лош скор на патеката во Каталонија победувајќи само еднаш во последните 8 години. Тие исто така потфрлија во тестирањето пред стартот на сезоната, кога Хамилтон и Ковалаинен беа последни на првите два дена тестирање.

БМВ БЕЗ ГОЛЕМИТЕ ПРОМЕНИ ВО ШПАНИЈА

Уште еден силен тим од лани има лош старт на сезоната. Од БМВ признаваат дека нивната верзија на т.н. "двоен дифузер" нема да биде подготвен за време на Шпанското ГП, и дека решиле да не го воведат како дел од новиот аеродинамички пакет.

"Подготовките за аеродинамичкиот пакет за Барселона траат подолго време, така што воведувањето на двоен дифузер не би помогнало многу", вели шефот на тимот Марио Тајзен.

Откако лани во поголемиот дел од сезоната беа израмнети со Мекларен и Ферари, БМВ во својата четврта сезона како сопственик на тим оствари само еден пласман на подиумот во првите четири трки.

Од БМВ исто така велат дека за првпат оваа сезона двата болида во Шпанија нема да го користат КЕРС системот. На претходните трки Ник Хајдфелд возеше со КЕРС, додека Роберт Кубица поради неговата тежина ја возеше само на трката во Бахреин.

РЕНО СЕ РАЗОЧАРАНИ, НО ВЕРУВААТ ВО ПРОГРЕС

Рено, пак, во финишот на минатата сезона беа во позиција да победуваат на трки и го имаа можеби најбрзиот болид во Ф1, така што и од нив се очекуваше многу во 2009. Но, перформансите на новиот Р29 болид не се покажаа како најдобри и тие имаат само 5 поени во првите четири трки.

"Секако дека сме разочарани од стартот на сезоната. Кога пристигнавме во Мелбурн очекувавме далеку повеќе. Но, тимот веќе реагира и мислам дека ќе можеме да направиме прогрес многу бргу", вели главниот инженер на тимот, Пет Симондс.

Ниту Фернандо Алонсо, со два поена досега, не е голем оптимист пред својата прва домашна трка.

"Ќе биде многу тешко да се бориме за подиумот, но се надевам дека со добри квалификации ќе имаме солидна трка", вели Алонсо.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2009 во 03:32


КЕРС - придобивки или загуби во перформансите?


Тимот на Форс Индија реши за прв пат да го воведе КЕРС во своите болиди. Покрај моторот и менувачот кои ги добива од Мерцедес, индискиот тим планира во пакетот да го вклучи и системот. Сепак, воведувањето нема да следува многу брзо, бидејќи планот на Виџеј Малија е дека КЕРС треба да дебитира дури на средината на јули, на трката во Германија. Индиецот смета дека иако Мекларен, Ферари, Рено и БМВ Заубер го користат речиси постојано, вистинското време за КЕРС е некаде на средина на сезоната.

- Во Германија ќе го воведеме КЕРС, бидејќи болидот може да се адаптира за користење на уредот и имаме контакт со Мерцедес. За ова време КЕРС-от ќе биде приспособен, Мекларен ќе го искористи искуството со системот и тој ќе биде надграден - вели Виџеј Малија.

Спротивно на Форс Индија, тимот на БМВ Заубер се реши да го исфрли уредот од употреба за следните две трки во Шпанија и Монако, со уверување дека неговото отстранување е само привремено. Од тимот сметаат дека, наместо да се добие на перформанси користејќи го КЕРС, се губи брзина и според тоа покорисно би било уредот да не се користи.

- Можеби ќе се вратиме на КЕРС во Турција. Од технички аспект, резултатите се позитивни. Системот работеше беспрекорно до сега - вели Марио Тајсен од БМВ, не давајќи конкретна информација што е вистинската причина за неупотребата на системот.

Иако сеуште никој, ниту тимовите, ниту широкиот аудиториум не ги искусил придобивките кои треба да ги понуди КЕРС, мислењата дали истиот треба да се користи се поделени. За сега, за трката во Шпанија најави има од Ферари, Мекларен и Рено дека нивните болиди ќе бидат поткрепени со КЕРС.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2009 во 03:29


Рено ќе биде силен во Шпанија


Во пресред на домашната трка, Фернандо Алонсо има оптимистички најави дека неговото Рено ќе биде конк*рентно на патеката. Шпанецот изрази реален оптимизам дека има постепен пораст во перформансите на болидите на францускиот тим, кој не може да се пофали со солидни резултати од Австралиско-азиската турнеа од шампионатот.

- Секогаш е посебно да се натпреваруваш во Шпанија и среќен сум што имам две домашни трки годинава, во Барселона и Валенсија. Подршката на фановите секогаш ми дава сила и се надевам дека ќе ги усреќам со тоа што ќе имам добар викенд. Ќе биде тешка борбата за подиум, но се надевам дека ќе имаме добри квалификации и ќе освоиме многу поени во трката - оптимист е Алонсо.

Двократниот шампион повторно ја спомена борбата за титула, овојпат порачувајќи на тимот дека сеуште е недостижна брзината која ја имаат конк*рентите.

- Сеуште сме послаби во перформансите, но тимот го усоврши болидот и се наоѓаме на вистинскиот пат. Се надевам дека ќе бидеме уште еден чекор понапред претстојниот викенд - додава Шпанецот.

И додека Алосно психички се подготвува за добра домашна трка, неговиот колега од тимот, Нелсињо Пике демантира било какви најави кои говорат дека има постојан притисок од претпоставените во Рено.

- Не мислам дека тимот премногу ме притиска. Самиот јас си создавам притисок бидејќи сум решен да возам добро и да помогнам на тимот. Немам сомнежи кога е во прашање подршката од целиот тим и добро се согласувам со секого - изјави Пике за Јуроспорт.

Младиот Бразилец дели исто мислење со Алонсо кога се во прашања перформансите и напредокот на тимот.

- Се чувствувам многу попозитивно по трката во Бахреин, каде имавме нов дифузер. Дефинитивно има подобрувања на болидот, со прилагодувањето на новиот дифузер. Тимот реагираше брзо и го приспособи болидот. Имавме и подобрување на предното крило во Бахреин и болидот сега е многу полесен за возење, отколку на почетокот на сезоната - вели Пике.

Откако двојните дифузери на триото тимови кои првично ги воведоа беа прогласени за легални, останатите седум тима веднаш се зафатија со редизајнирање на задниот дел од болидот, така што нивната варијанта на двоен дифузер би се вклопила во целиот пакет. Иако генерално се очекува изедначување во перформансите на сите тимови, или барем приближување до водечките тимови, се чини дека Рено се поизразени оптимисти од другите, барем според односот со медиумите. Тимот со седиште во Англија, но со француски корени има освоено само пет поени, притоа сите со Фернандо Алонсо.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2009 во 20:33
И покрај сите сомнежи за иднината на Британското ГП, формула 1 трка во оваа земја е сигурна со договор, објавува британскиот Тајмс. Според весникот некои традиционални трки во Европа - Италија, Белгија, Германија, Франција и Британија имаат "заштитен статус" од ФИА. Откако стана неизвесно дали Донингтон Парк ќе биде подготвена за трка во 2010, патеката во Силверстоун очекува дека е единствената можна замена. "Британија е клучна заштитена трка. ФИА мора да разгледа која е најсигурната опција за спортот", вели Дејмон Хил, поранешниот светски шампион и претседател на Британскиот тркачки клуб (БРДЦ), кој ја поседува Силверстоун.

Нелсон Пике Јуниор демантира дека чувствува притисок место поддршка од неговиот тим Рено. Шпекулациите околу иднината на младиот Бразилец се постојани, а неодамна неговиот татко и трикратен светски шампион Нелсон Пике побара од Рено да застанат зад својот возач. "Не верувам дека тимот поставува голем притисок на мене. Јас притисокот го поставувам сам бидејќи сакам да успеам. Немам сомнежи во поддршката на Рено", вели Нелсињо.

Витантонио Лиуци призна дека прифатил улога на тест-возач на Форс Индија во следните две недели само бидејќи верува дека во 2010 ќе има слободно место во тимот. 27-годишниот поранешен возач на Торо Росо вози во А1ГП серијата, но верува дека договорите на Џанкарло Физикела и Адријан Зутил со Форс Индија истекуваат оваа година. "Мојата најдобра шанса е со Форс Индија и затоа решив да се обврзам со тимот следните две години", вели Лиуци.

Организаторите на Шпанското ГП чекаат одобрување од Мекларен пред да продолжат со плановите за церемонија за оддавање почит на Луис Хамилтон. Како што е традиционално на патеката Каталуња, светските шампиони добиваат посебно место во "Авенијата на шампиони" покрај патеката. Според шпанската Марк, Мекларен с$ уште не одобриле присуство на 24-годишниот Хамилтон на церемонијата во петок по двата слободни тренинга.

Изменето од Iron Man - 05.Мај.2009 во 20:34
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2009 во 20:16


БМВ пред многу тешка сезона?


За тимовите кои се мачат со својата аеродинамика, патеката Каталуња во Барселона овој викенд нема да понуди шанса за подобрување. Тоа е лоша вест за БМВ Заубер, откако швајцарско-германскиот тим најави голем број подобрувања за трката.
"Барселона е патека на која безмилосно се гледа секоја аеродинамичка слабост. Се плашам дека проблемите на БМВ ќе бидат уште поголеми таму и дека ќе бидат уште поспори. Од таа ситуација нема да можат да излезат подолго време. Мораат да го развиваат болидот двојно побргу од другите тимови. Мекларен и Ферари го имаат истиот проблем - мораат да направат два чекори, додека тие на врвот само еден. Ако во БМВ не можат да го направат тоа, тогаш сезоната за нив е завршена", оценува Ники Лауда, трикратниот светски шампион.
По овие предупредувања доаѓа и информацијата дека БМВ не се сигурни дали овој викенд во Шпанија ќе можат да го подготват "двојниот дифузер", кој беше прогласен за легален. Возачот Роберт Кубица не е оптимист.
"Ќе одиме напред во Барселона, но не сум сигурен колку напред. Ќе биде невозможно да ги стигнеме останатите", оценува Кубица
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2009 во 20:10


Батон знае дека сега почнува "вистинската битка"


Џенсон Батон признава дека стартот на европската сезона носи поголем предзивик отколку првите четири трки од сезоната надвор од Европа. Англичанецот моментално води во генерален пласман со 12 поени разлика откако победи на три трки, а на четвртата беше трет, но сега знае дека Браун ГП ќе мора да направи нешто посебно да остане во битката и во Шпанија овој викенд. Браун ГП тимот се враќа на добро место за нив откако доминираа на тестирањето пред стартот на сезоната во Барселона.
"Иако тимот комплетираше само четири дена тестирање во март оваа година, знаеме с$ за патеката и се чувствуваме удобно пред стартот на европската сезона. За тука ти треба болид со добра надолна сила и имаме среќа што имаме таков болид. Ова може да биде тешка патека за претекнување, така што мораме да бидеме добри на квалификациите и на првиот круг. Минатата недела бевме на мала прослава во фабриката и видов колку сите напорно работат на развојот на болидот. Знам дека во Барселона ќе н$ очекува вистинска битка", вели Батон.
Со 31 поен од можни 35, првите четири трки од сезоната беа речиси совршени за Батон, додека неговиот колега Рубенс Баричело е втор во генерален пласман, а тимот на Браун ГП води со 22.5 поени во пласман на конструктори. Но, Рос Браун не се опушта.
"Тимот направи неверојатен подвиг со тоа што воопшто имавме болиди на првата трка во Мелбурн, а успехот кој го остваривме е вистинска награда за сите. Кратката пауза ни дозволи да работиме напорно бидејќи знаеме дека конк*ренцијата сега е посилна од таа трка во Австралија", вели Браун.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2009 во 19:57


НОЌНИТЕ ТРКИ ОСТАНУВААТ


Критикуваните трки во самрак во Австралија и Малезија ќе останат дел од формула 1 календарот, барем за следната сезона. И покрај критиките на фановите и на возачите, Еклстоун вели дека "експериментот" успеал и дека ТВ гледаноста во Европа е зголемена. Сонцето кое заоѓаше во Мелбурн и силниот дожд во Сепанг беа проблематични, но Еклстоун останува на своето.
"Сите бројки за ТВ гледаноста пораснаа за 300%. Добивме повеќе од 50% од гледаноста во некои земји. Зошто би се менувало за 2010?", се прашува Еклстоун.


Изменето од Iron Man - 05.Мај.2009 во 19:58
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2009 во 19:44


БРАУН НЕМА ДА ГИ ДОБИЕ ПАРИТЕ НА ХОНДА


Тимот на Браун нема да добие пари од комерцијалните права кои Еклстоун и ФОМ треба да ги исплати на Хонда за 2008, потврди Еклстоун. Прв за овој проблем се јави шефот на Рено, Флавио Бриаторе, кој исто така е на чело на "комерцијалниот дел" на Асоцијацијата на Ф1 тимови (ФОТА), кој изјави дека парите кои треба да ги добие Хонда треба да се поделат кај другите тимови бидејќи Браун е сосема нов тим. Според Индепендент се работи за сума од околу 20 милиони фунти.
На новите Ф1 тимови не им се достапни парите од комерцијалните права веднаш, но пред да се договори откупот на тимот од Рос Браун, се известуваше дека сегашните тимови се согласуваат новите сопственици на Хонда да ги добијат парите. Но, ФИА оцени дека Браун не е само преименуван тим, туку целосно нов натпреварувач.
"Парите на Хонда нема да бидат платени на Браун, а можеби нема да бидат платени воопшто. Ние можеме да си ги задржиме ако другите не се согласат", вели Еклстоун и додава дека тој бил против менувањето на името на тимот во Браун ГП бидејќи "тоа не е добро име и не значи ништо на публиката".
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2009 во 15:00

Ветеранот од Бразил, Рубенс Баричело не ги задоволува своите апетити со фактот што годинава може да ја достигне цифрата од 288 настапи во Формула 1, па најавува дека можно е да си даде уште неколку шанси за освојување на титулата, односно да остане во спортот уште две-три сезони. Во моментов “Рубињо” има 275 настапи, а во Шпанија ќе го има 276-от старт.

- Кој знае, можеби ќе возам уште две, три години. Во животот секогаш сум мислел позитивно и убеден сум дека овој став е тоа што ме донесе каде што сум сега. Трките не се како тенис. Не е исто како да сте во третиот сет, а сте изгубиле два сета со 6:0. Од претходните три години знам дека можам да бидам брз како Батон - оптимист е Баричело за Ауто мотор унд шпорт.

Лани Баричело го сруши рекордот на Италијанецот Рикардо Патрезе, кој броеше 257 настапи во Формула 1. Сегашниот рекордер, кој е континуирано активен во спортот од 1993 година е без титула, а за него е врзан и фактот што е возач кој најмногу чекал за својата прва победа, која ја остварил во 128-от настап, на патекатаа Хокенхајмринг во 2000 година. к*риозитет е податокот, што ако Бразилецот биде на стартот на сезона 2011, ќе го достигне Патрезе во тој поглед, што ќе биде во болидот во барем една сезона од три последователни децении, постигнување кое го има само Италијанецот (1977 - 1993). Интересно е што во годината кога заврши кариерата на Патрезе, започна одисејата на Баричело.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2009 во 14:49
ФИА реши повторно да го актуелизира проблемот со одлучувањето на шампионатот. Иако предсезонското воведување на новото правило и неговото повлекување за само неколку дена се претвори во фијаско, федерацајата не се откажува од примена на истото. Воведувањето на правилото ќе значи дека победата на една трка ќе има многу поголемо значење кога е во прашање одлуката за титулата кај возачите, односно шампион би бил тој што има највеќе победи во сезоната. Иако за мнозинството инсајдери и вљубеници во споротот ова е “нонсенс”, ФИА брза да го примени правилото од 2010, откако овогодинешниот обид помина катастрофално кај натпреварувачите. Во комбинација не влегуваат и алтернативните решенија, како што се зголемување на бодовната вредност на победата или намалување на истата за второто и третото место, поради фактот што предлогот со најмногу победи е фаворит на Берни Еклстоун.

Сепак, неутрална забелешка во моментов е дека во оваа фаза од шампионатот, многу поинтересно е да се бројат победите, 3:1 за Џенсон Батон во дуелот со Себастијан Фетел, наспроти бодовната состојба во генералниот пласман, која е 31-18 во корист на Британецот. За потсетување, Рубенс Баричело е второпласиран на табелата со 19 бода, но без победа.

Уште една забелешка од страна на ФИА е дека, поради забраната за долевање гориво догодина, возачите што ќе се квалификуваат за третата сесија, ќе можат да возат празни, но да долеат гориво во Парк Ферме пред почетокот на трката, што би резултирало со поголема и потесна борба за пол-позицијата.

Во моментов нема официјален став од ФОТА или пак од било кој тимски шеф. Ставот веројатно ќе биде истакнат по седницата на 6-ти мај.
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2009 во 08:44
БОРБАТА ЗА МОЌ ВО ФОРМУЛА 1 НЕ ПРЕСТАНУВА
Еклстоун нема да дозволи Мозли да го "уништи" Ферари!

Берни Еклстоун вети дека ќе спречи "тепачката" меѓу претседателот на ФИА, Макс Мозли, и претседателот на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло, да се претвори во "вистинска војна". Откако Ди Монтеѕемоло лут на планот на Мозли за ограничување на буџетот најави дека најпознатиот формула 1 тим би се повлекол од Ф1, Мозли одговори дека спортот може да преживее и без нив. Сега според британскиот Тајмс, во Ферари се добива впечаток дека Мозли сака да го "уништи" Монтеѕемоло. Еклстоун вели дека тоа нема да се случи.

"Јас нема да дозволам тоа да се случи. Проблемот со Макс е што тој не е способен, како во минатото, да ги запакува работите убаво. Тој сака работите да ги врзе во стара картонска кутија со обичен конец", вели 78-годишниот Еклстоун.

Но, Британецот вели дека за несогласувањата еднаква вина има и Монтеѕемоло.

"Проблемот на Лука пак е во тоа што не треба да дозволи да се најде во ситуација во која со Макс треба да дебатираш или да се расправаш. Тој е доста умен и не можеш да победиш во таква ситуација", додава Еклстоун.

БУЏЕТОТ ЌЕ РАСТЕ ОД ПРЕДВИДЕНИТЕ 40 МИЛИОНИ ФУНТИ

Еклстоун исто така верува дека предвидената сума од 40 милиони фунти со која треба да се ограничи буџетот кај тие кои ќе сакаат во 2010, може да се зголеми во следните месеци за да се "натераат" и големите тимови да ја прифатат иницијативата.

"По се изгледа сите се согласуваат со ограничувањето на буџетот, вклучувајќи ги и Ферари, но само ако ги натераме да се согласат. Има загриженост околу сумата на која сега е ограничен буџетот и со можноста да има 'двојно ниво' на натпреварување во формула 1. Тие се проблемите, но не се толку големи за да не можат да се решат", вели Еклстоун.

Системот би функционирал на двојно ниво бидејќи тие кои би го прифатиле ограничувањето на буџетот би добиле техничка слобода, додека другите би можеле да продолжат со буџет кој им се допаѓа, но би биле под ограничени правила.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2526272829 55>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,453 секунди.