IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Формула 1 и Мото грандпри
  Активни теми Активни теми RSS - F1 Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

F1 Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1920212223 55>
Автор
Порака
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2008 во 18:03
Ф1 ФЛЕШ

24-годишната Тамара Еклстоун, ќерката на Берни Еклстоун, сега постојано се појавува на Ф1 патеките низ целиот свет. Таа работи со италијанскиот ТВ канал Скај, како известувач од боксот за "интересни приказни", според британскиот Дејли Телеграф. Иако Еклстоун е Англичанка, таа работи на италијански јазик, а освен тоа зборува и француски и хрватски, јазикот на нејзината мајка, Славица Еклстоун. "Сакам кариера. Вистинска кариера. Да покажам дека навистина работам нешто и дека можам да го направам тоа успешно. Сакам да бидам позната по нешто друго освен по излегување од автомобил", вели Тамара Еклстоун.

Дождот можеби ќе биде фактор на Француското ГП во Мањи-к*р. Според прогнозите денеска во централна Франција ќе биде облачно, но суво, но в сабота на квалификациите има 60% шанси за дожд. Трката в недела ќе се оддржува на температура од 30 степени, но, сепак, постојат помали шанси за дожд.

Дејвид Култхард можеби се загрева за идејата дека неговата долга кариера во формула 1 се наближува до крајот. Германскиот магазин Ауто Мотор Унд Спорт вели дека само "чудо" ќе ги спречи Ред Бул Рејсинг за во 2009 да одат со Марк Вебер и со Себастијан Фетел, додека Шкотланѓанецот Култхард, кој има 236 ГП трки вели дека "има планови за иднината". Култхард признава дека ќе му биде тешко да се префрли во друг тим, но не сака да го следи својот добар пријател Жак Вилнев во НАСКАР. "Се сомневам дека тоа ќе ме задоволи. По формула 1 с$ друго е чекор назад", вели Култхард. Германските медиуми шпекулираат дека тој може да добие менаџерска улога во Ред Бул.

Легендарната патека Ле Ман е можна алтернатива за Француското ГП во блиска иднина. Веќе неколку години се шпекулира за селење на трката од непопуларната Мањи-к*р патека, а како алтернатива се споменуваше улична трка во Париз. Но, холандските медиуми велат дека менаџерскиот тим на Сирк Де Ла Сарт, каде што се оддржува легендарната трка 24 Часа Ле Ман веќе разговарале со Берни Еклстоун.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2008 во 23:24
Ф1 ФЛЕШ

Светската автомобилистичка федерација (ФИА) ќе побара од Берни Еклстоун оваа недела тимовите да добијат поголем дел од приходите во спортот, доколку сакаат нов Конкорд Договор. Во последниот пресврт во преговорите, ФИА сака поголем процент од приходите на формула 1 да ги добиваат тимовите, а тоа ќе биде на маса на седницата на Светскиот Совет на ФИА во среда во Париз. Тимовите добиваат 75% од промотивните настани и 50% од ТВ правата, а ФИА ќе побара 92% од промотивните настани и 67% од ТВ правата. Многумина ова го оценуваат како обид на Макс Мозли да се добие наклоноста на тимовите.

Француското ГП ќе остане во Мањи-к*р во 2009 и во 2010 година, инсистира Берни Еклстоун и покрај тоа што веќе две години се зборува за отстранување на оваа непопуларна трка. "Иако француската федерација (ФФСА) се договори 2008 да биде последна трка, сега тие велат дека ќе имаме трка уште две години. Имаме договор кој мораме да го исполниме. Се уште сакам трка во Париз", вели Еклстоун.

БМВ Заубер ќе одлучат за својот возачки состав за 2009 во август, вели шефот на тимот Марио Тајзен. Се верува дека Ник Хајдфелд има договор за следната година, додека ситуацијата на Роберт Кубица е нејасна, по што се појавија голем број шпекулации за доаѓање на Фернандо Алонсо во тимот. "Нема да зборувам за тоа бидејќи така се договоривме со возачите. Кои се најдобрите возачи на светот? Раиконен, Хамилтон, Алонсо, а потоа блиску до нив Кубица и Маса", вели Тајзен.

Герхард Бергер признава дека Скудерија Торо Росо ќе имаат проблем кога ќе треба да го заменат Себастијан Фетел на крајот на 2008. Шпекулациите велат дека Фетел оди во Ред Бул тимот на местото на Дејвид Култхард. "Знам дека се зборуваат многу работи, но тука јас не можам ништо. Ако ни треба возач прво ќе гледаме во младинската програма на Ред Бул", признава Австриецот.

Фернандо Алонсо вели дека не е премногу загрижен што колегат Нелсињо Пике заврши пред него на Француското ГП. "Еден или два поени нема да го сменат мојот живот. Не мислам дека имавме лоша стратегија, но мораме да имаме брзина за да ја спроведеме. Без брзина можеш да имаш фантастична стратегија, но сепак ништо. Бевме секунда поспори од директните ривали", вели Шпанецот.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2008 во 16:37

ФОРМУЛА 1 - БРИТАНЕЦОТ ПОВТОРНО ВО ЦЕНТАРОТ НА ВНИМАНИЕТО, НО ПОРАДИ ПОГРЕШНИ ПРИЧИНИ

Хамилтон лут на сите, Мекларен под притисок на ФИА?

Луис Хамилтон предупреди по Француското ГП дека нема да падне под притисокот во формула 1. Прв на удар беше дел од британскиот печат, кој според возачот на Мекларен е неправилно критички настроен кон него, и повторно продолжуваат со извештаи од неговиот личен живот.

"Од инцидентот во Канада не прочитав еден извештај кој ми помогна. Дојдов во Франција и пронајдов многу негативности во медиумите, што беше очекувано. Тие те креваат нагоре и потоа те кршат, но мене нема така лесно да ме скршат. Има многу ѓубре во весниците. Сакам да се тркам и најлошото нешто е што морам да внимавам на овие глупости од весниците. Верувам во моите споспобности и ништо не може да ме скрши", вели Хамилтон.

Британецот ја почна трката во Мањи-к*р со 10 места казна поради инцидентот во боксот во Монтреал, а работите станаа полоши откако го претекна Себастијан Фетел неправилно сечејќи ја шиканата, по што стјуардите решија дека тој мора да помине низ боксот. Франција е втора трка по ред во која 23-годишниот Англичанец не освојува поени и сега е 10 поени зад лидерот Фелипе Маса.

"С$ е кул. С$ е добро. С$ уште сум тука и нема ништо што можете да направите да ме извадите од трката. Не можете да направите ништо со што ќе ми попречите. Може да ми давате казни и други работи и јас ќе се вратам на врвот", беше остар Хамилтон.

БРИТАНЦИТЕ НЕ СЕ ИМПРЕСИОНИРАНИ

Но, британскиот печат, кој претходно нон-стоп му беше наклонет на асот на Мекларен, не беше импресиониран. Во Дејли Мејл, еден од најпродаваните британски весници, тој беше опишан како "нестрплив", "примадона", човек кој развива "комплекс на прогонување", а исто така беше обвинет дека "вештачки направениот имиџ на спортски интегритет е пред експлозија". Мејл исто така обвинува дека "Хамилтон се криеше во мотор-домот на Мекларен с$ додека неговиот татко Ентони и шефот на Мерцедес, Норберт Хауг, го натераа да зборува со медиумите.

Тајмс додава дека Франција е "најниското од ниското" за Хамилтон, Дејли Експрес вели дека "Хамилтон е во грешка", а Дејли Телеграф додава: "ако дискрецијата е дел од храброста, на Хамилтон му треба голема доза".

Британскиот печат не е импресиониран ниту од перформансите на Хамилтон во Мањи-к*р. Тајмс претекнувањето на Фетел го опиша како "непотребен агресивен потег". Дејли Телеграф вели "дека со малку подобра проценка во Канада и Франција тој можеби уште ќе беше лидер".

МЕКЛАРЕН ДЕМАНТИРААТ ДЕКА СЕ ЦЕЛ НА ФИА?

Генералниот директор на Мекларен, Мартин Витмарш, пак, мораше да ги отфрла тврдењата дека ФИА е во напад на тимот по казните во последните две трки, двете на Луис Хамилтон (инцидентот во Канада и претекнувањето во Франција) и едната на Хеики Ковалаинен (пет места поради блокирање на квалификациите".

"Сигурен сум дека Рон Денис не кажа такво нешто. Тоа е дел од фрустрацијата по лоша трка. Имавме три казни овој викенд и тоа мораме да го прифатиме и да одиме понатаму. Мораме да прифатиме дека стјуардите се посмирени, имаат повеќе информации и мораат да направат одлука", вели Витмарш, откако Рон Денис побара сите да си "направат сами заклучоци" за односите Мекларен-ФИА.

Самиот Себастијан Фетел од тимот на Торо Росо вели дека одлуката за казнување на Хамилтон е исправна.

"Тој имаше подобар излез од Аделаида кривината, јас бев внатре, бранев и имав подобра линија на шестата и седмата кривина. Луис пристигна со повеќе брзина и беше јасно дека ќе ја скрати шиканата. Јас имав сличен потег во Монако, поминав два болида, но потоа ги пуштив да се вратат. Тој требаше само да ме пушти да го поминам бидејќи и така имаше подобар болид и повторно ќе ме поминеше", вели Фетел.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2008 во 16:38

Ф1 ФЛЕШ

Шефот на Моторспорт федерацијата на Обеднетите Арапски Емирати, Мохамед Бин Сулајем, вели дека поради неговото влијание претседателот на ФИА, Макс Мозли, ја добил поддршката на советот на ФИА на гласањето овој месец. Берни Еклстоун претходно тврдеше дека Мозли добил гласови од Африка, а сега Бин Сулајем вели дека котнролирал 41 од 169 гласови на ФИА. "Да, во право сте, му донесов многу гласови. Не го демантирам тоа. Ако некој ме убеди дека тие шпекулации за Мозли имаат некакво влијание на моторспортот, тогаш јас прв ќе гласам против Мозли", вели Сулајем, кој беше успешен рели возач.

Ферари, најверојатно, ќе го промени моторот на Кими Раиконен пред Британското ГП во Силверстоун за две недели. Финецот имаше среќа да ја заврши неделната трка во Мањи-к*р откако се скрши десниот ауспух на неговиот В8 мотор откривајќи голема дупка на болидот. Ако не се случеше ова Кими речиси сигурно доминантно ќе стигнеше до победата. "Амбициозно е да се користи тој мотор на друга трка и не верувам дека ќе го направиме тоа", вели шефот на тимот Стефано Доменикали. Раиконен нема да биде казнет за промената на моторот бидејќи новото правило за 2008 вели дека секој возач може да има едно ненајавено менување на моторот.

Шефот на БМВ Заубер, Марио Тајзен, сакаше да ги намали шпекулациите дека сака да го стави Фернандо Алонсо зад воланот на БМВ во 2009. "Тоа не е мојот стил. Повеќе би сакал да имам млад возач кој потоа би израснал во тимот и би станал скап шампион", вели Тајзен во интервју за шпанскиот Диарио АС, кои подоцна коментираат дека ова е начин да се "намали цената" на 26-годишниот двократен светски шампион.

Тимот на Форс Индија ќе направат радикална промена на нивниот болид на тестирањето во Силверстоун оваа недела во обид да се доближат до "средните" тимови. Покрај различна покривка на моторот, налик на таа на болидите на Ред Бул, тимот од Силверстоун најавува и други аеродинамички подобрувања и нови амортизери. "Да, имаме голем тест пред нас и големи промени. Нова шасија, ново предно крило, нова покривка на моторот. Ова е неопходно", вели техничкиот шеф на тимот, Мајк Гаскојн.

Имола, поранешната патека на која се одржуваше Сан Марино ГП трката, доби "1Т" рејтинг од ФИА, статус кој значи дека на патеката може да има Ф1 тестирање, но, сепак, далеку од "1" статусот кој е потребен за одржување на ГП трка. Тест-возачот на Ферари, Андреа Бертолини го тестираше А1ГП болидот развиван од Ферари на патеката која доживеа огромни промени. "Влезот во боксот останува преопасен", вели Бертолини.

Основачот на Вилијамс Ф1, сер Френк Вилијамс очекува неговиот возач Казуки Накаџима да остане во формула 1 долго време. Вилијамс му даде деби на Накаџима на Бразилското ГП минатата година како замена за Алекс Вурц, а оваа сезона тој има 7 поени, еден помалку од колегата Нико Розберг. "Казуки е многу интелегентен возач кој никогаш не влегува во паника. Мора да научи уште многу работи и го знае тоа. Тој ги воочува проблемите подобро од многу возачи. Нема притисок на него и затоа нема инциденти. Тој е скромен и има долга иднина во формула 1. Да беше во Мекларен или другите топ тимови ќе блескаше", смета Вилијамс.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2008 во 16:38
ФИА го објави календарот за Ф1 шампионатот за следната година

Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) го објави календарот за следната натпреварувачка сезона во Формула 1, соопштува "Скај Спортс".

За следната сезона предвидени се 19 трки (една трка повеќе во однос на 2008 година), а за одбележување е изоставувањето на трката за Гранд При на САД.

До крајот на тековната сезона останува да се извозат уште десет трки, следната на програмата ќе се вози за Британското Гранд При на стазата Силверстоун на 6-ти јули.

Во продолжение следува и целосниот изглед на календарот за следната година:

29 март – Австралија
5 април – Малезија
19 април – Бахреин
10 мај – Шпанија
24 мај – Монако
7 јуни – Канада
21 јуни – Велика Британија
28 јуни – Франција
12 јули – Германија
26 јули – Унгарија
9 август – Турција
23 август – Европа (Валенсија)
6 септември – Италија
13 септември – Белгија
27 септември – Сингапур
11 октомври – Јапонија
18 октомври – Кина
1 ноември – Бразил
15 ноември – ОАЕ (Абу Даби).

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2008 во 16:55

ФОРМУЛА 1 - ПОРАНЕШНИОТ ВОЗАЧ НА ВИЛИЈАМС И МЕКЛАРЕН УЖИВА ВО НАСКАР

Монтоја смета дека формула 1 е "многу досадна"

Поранешната формула 1 ѕвезда Хуан Пабло Монтоја вели дека неговиот престој во најелитната тркачка серија на светот бил "многу досаден". Монтоја повторно влезе во остар напад на спортот во кој стигна до 7 победи, 13 пол-позиции, 12 најбрзи кругови и дури 30 пласмани на подиумот велејќи дека спортот е досаден и додавајќи дека за Американците Луис Хамилтон е Луис Кој?

Колумбиецот никогаш не се срамел да го каже своето мислење, а се натпреваруваше во 94 формула 1 трки со БМВ Вилијамс и Мекларен Мерцедес од 2001 до 2006, пред драматично да си замине во средина на сезоната и да се врати во САД, каде што во 1999 година сензационално ја освои Чемп Кар (тогаш КАРТ) титулата за Чип Ганаси тимот во деби сезоната.

Монтоја сега се натпреварува во НАСКАР Некстел купот и така стана единствениот возач во историјата по легендарниот Марио Андрети што има победи во Ф1, КАРТ, Инди Кар, Гранд-Ам и НАСКАР серијата, откако минатата година победи на Тојота/Сејв Март 350 на Инфеон Рејсвеј трката во Сонома, Калифорнија. 32-годишниот возач беше доволно импресивен во 2007 за да ја добие наградата "дебитант на годината" и се обедини со Ганаси при враќањето во САД и не жали за потегот.

"Формула 1 возачите се убедени дека се многу подобри од сите останати. Кога бев во формула 1, секоја недела бев на подиумот. Тоа беше кул, не не многу задоволувачки, бидејќи се работеше за најдосадните трки во мојто живот. Возачот кој стартува напред секогаш ќе избега, а возачот кој стартува зад тебе нема да има шанса да те помине, освен ако не згрешиш во квалификациите и тогаш ти треба различна стратегија за влегување во боксот. Тоа е досадно. Вистинска штета бидејќи технологијата која ја имаат тие болиди и бројот на компании кои се вклучени се нереални. Не знам како големите компании остануваат толку долго без резултати", вели Монтоја во интервју за Тајмс.

Додека признава дека резултатите некогаш тешко доаѓаат во неговата позиција, предизвикот на американската НАСКАР серијата полна со судари, очигледно му одговара на Монтоја, каде што претекнувањето не е уметност туку постојаност со 40 автомобили во трки од по три часа. 17 од најдобро посетените 20 спортски настани во САД се НАСКАР трки, а спортот е второ најдобро гледано ТВ шоу на американската телевизија.

"Потешко е тука. Кога сте 15., некогаш мислите дека тоа е лошо, но тоа место е како шесто или седмо во формула 1 бидејќи има двапати повеќе автомобили. Неверојатно е што тука сум од 15. до 20. место, но има четири-пет недели во кои можам да победам. Во формула 1 ако си шести или седми таму ќе си цела сезона. Не е важно дали возиш за водство или за 30. место, секогаш се тркаш со некого. Така е многу подобро", вели Монтоја.

Колумбиецот исто така вели дека толку е голема популарноста на НАСКАР во САД, што формула 1 не предизвикува многу интерес, и додека смета дека неговиот наследник во Мекларен, Луис Хамилтон е добро момче, тој додава: "Прашајте кого било кој е Луис Хамилтон и видете каков одговор ќе добиете".

Експертите се согласуваат: "Хамилтон мора да мисли на тркањето"

Консензусот меѓу Ф1 фановите и експертите е дека Луис Хамилтон ја загуби својата стабилност, и експертите мораа да излезат со свои совети. Рос Браун, техничкиот директор на Хонда, му советува на 23-годишниот Британец да го игнорира печатот и другите влијанија и да се фокусира на тркањето.

"Возењето е тоа што ќе го однесе до крајот без разлика на тоа што се случува", вели Браун, кој работеше со Михаел Шумахер во текот на целата кариера.

Хамилтон падна на 10 поени зад лидерот во генерален пласман Фелипе Маса по серија грешки во последните две трки. Тој зборуваше за притисокот на животот во спортот, а во Мањи-к*р минатиот викенд влезе во остра критика на британските медиуми.

"Сите забораваме колку тој е млад и колку с$ ова е ново искуство за него", додава Браун.

Трикратниот светски шампион Ники Лауда исто така има совет за Британецот - да игнорира с$ околу него.

"Тој мора да сфати дека емоциите мора да се под контрола во сите услови за да го задржи својот фокус и својата цел. Прво и основно Луис не смее да си дозволи нови грешки. Грешките во формула 1 повеќе не ги плаќаш со животот, но сигурно ги плаќаш со титулата", вели Австриецот.

Поранешниот возач и ТВ експерт Марк Бландел за Дејли Телеграф има слични совети.

"Тој мора да ја издржи медиумската страна на работите. Клучната работа сега е контрола - контролирање на условите во болидот и емоциите надвор од него. Во Силверстоун мора да се појави со бистра глава и да не влегува емоционално", вели Бландел.

Трикратниот светски шампион, Шкотланѓанецот сер Џеки Стјуарт има поинаков совет - тој да ги намали очекувањата.

"Тој можеби не сака да го чуе тоа, но има клучен недостиг на искуство во спортот. Ако побара совет од мене тогаш тој би бил: 'Остави времето да го направи своето и не очекувај премногу од себеси'", додава Стјуарт.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2008 во 16:56
Ф1 ФЛЕШ

Светскиот Совет на ФИА ќе размисли за предлогот тимовите да плаќаат за различни "услуги и опрема за секоја Ф1 трка", покрај тоа што го плаќаат за влез во шампионатот. Годишниот трошок за маршалите и системот за позиционирање (Ф1МС) чинат 160.000$ годишно, означувањето 190.000$, рекордерите во болидите 20.000$, комуникациската опрема во гаражите 110.000$, временската прогноза 75.000$ и 110.000$ телеком системот на ѕидот на боксот. Со ова место 466.000$ колку што платија тимовите за влез во сезоната 2007, тие би платиле 1.1 милиони $.

Ф1 шефот Берни Еклстоун ги демантираше извештаите дека е вклучен во обид да го "уништи" претседателот на ФИА, Макс Мозли. Еклстоун и Мозли повеќе од 30 години се пријатели и бизнис-соработници, но Еклстоун побара од Мозли да си замине по наци-секс скандалот објавен во британските медиуми. "Јас немам никаква врска со проблемите на Макс. Тоа не е мој стил, не е начин на кој јас би ги решавал работите. Никогаш не сум помислил дека треба да го уништам Макс", додава Еклстоун.

Јарно Трули верува дека вози најдобро во кариерата откако го прослави својот прв пласман на подиумот по повеќе до три години на Француското ГП во неделата. Возачот на Тојота го задржа Хеики Ковалаинен во Мекларен за да заврши зад двете Ферарија и верува дека ТФ108 ќе биде уште подобар. "Возам подобро од кога било. Имам доволно искуство и се подобрувам секоја година. Сега се борев до крајот и уживав во битката. Веќе сега имаме повеќе поени од целата мината година и можеме да одиме напред. Знаеме дека најбрзите се далеку, но на некои трки можеме да бидеме ривали на Мекларен и БМВ", вели италијанскиот ветеран.

Фернандо Алонсо беше "негативното изненадување" на Француското ГП во Мањи-к*р, оценува тест-возачот на Ферари, Марк Хене. "Очекувавме далеку повеќе од него. Дури и ние во Ферари мислевме дека тој ќе биде нашиот главен конк*рент", вели Хене. Дури и еден анонимен член на Рено не беше задоволен од Шпанецот. "Фернандо размислува само за Фернандо. Во Канада тој не беше ниту на состанокот по трката", вели членот на Рено за германскиот ФАЗ.

Британското ГП во Силверстоун оваа година е прва трка на оваа патека која е целосно распродадена. Билетите за неделната трка се распродадени, но сега станува јасно дека нема да има место ниту на петочните тренинзи и на саботните квалификации. 90.000 фанови ќе се појават на патеката в недела, откако 65.000 фанови ќе го гледаат тренингот и 85.000 фанови квалификациите.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2008 во 20:10
Ф1 ЕКИПИТЕ ТЕСТИРААТ ВО СИЛВЕРСТОУН

Најзасилени Рено и Форс Индија

Сите екипи се подготвуваат за последната трка од првата половина на сезоната



Екипите на Рено и Форс Индија тестираат унапредување на своите болиди во пресрет на британското гран при што идниот викенд се вози на истата патека Силверстоун. Додека во Рено се фокусираат на суспензијата и амортизерите, во Форс Индија на агендата е ново предно крило, заден дифузер, поклопец на моторот како оној на Рено и Ред Бул (ткн. перка од ајкулаа), амортизери, но и поситни делови од аеродинамиката и механиката.

- Тоа што сега сме таму каде што сме се должи на малите инвестиции направени минатите години од Спајкер - изјавил техничкиот директор на Форс Индија, Мајк Гаскоњ, за индиската новинска агенција ДНА.
Од друга страна, во кампот на Рено нема посебни очекувања од оваа трка, иако со тој систем на амортизери во Барселона Алонсо стигна до второто место во квалификациите.

- Не знам дали сме во позиција да им се приближиме на првите екипи. Мислам дека нема да бидеме сензационално подобри во Силверстоун. Имаше трки на кои што изгледаше дека сме се подобриле, но со полн резервоар болидот е многу бавен. Мислам дека освен освојување на некој бод, нема да направиме нешто повеќе,- изјави Шпанецот за Диарио Ас.

Неговот тимски колега Нелсињо Пике, задоволен е што конечно во Франција ги прокнижи првите бодови и смета дека со тоа нема да има притисок врз него.
- Од сега, работите ќе тргнат на подобро. Во Мањи к*р не сакав да ризикувам бидејќи морав да финиширам во трката - тврди Бразилецот.
Силверстоун е патеката каде што на 13 мај 1950 година се возела првата трка од Формула 1 првенството, а сега е на календарот на 6 јули, како деветта трка со која ќе биде заокружена првата половина од сезоната.

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2008 во 20:53

ФОРМУЛА 1 - ДАЛИ ФИА И МАКС МОЗЛИ ГО ВРАЌААТ УДАРОТ

Франција останува во Ф1, ФИА ќе го "разгледува" спортот

Светската автомобилистичка федерација (ФИА) го објави календарот за сезоната 2009 потврдувајќи го "пристигнувањето" на Абу Даби ГП трката, останувањето на Француското ГП на календарот, и во исто време отсуството на Американско ГП.

Новата сезона ќе почне повторно во Австралија во март, но ќе заврши во Абу Даби во ноември, по 19 трки, една повеќе од оваа сезона. Американското ГП, кое отсуствува оваа година, нема да се врати во 2009 и покрај тоа што шефовите на патеката во Индијанаполис признаа дека би сакале да ја добијат трката назад ако се пронајде вистински спонзор.

Меѓу промените во календарот е поместувањето на Турското ГП во Истанбул од мај во август, и доаѓањето на Британското ГП пред Француското ГП. Формула 1 само еднаш досега во 2005 имаше 19 трки на календарот, а шефовите се согласија за зголемување на календарот на 20 трки. Индија и Јужна Кореја се надеваат на деби во 2010, додека Русија одамна подготвува трка.

Трката во Мањи-к*р, Франција, пак, е сигурна за следната сезона иако две години се зборува дека ја имаме последната трка во централна Франција. Никола Дешо, претседателот на Француската моторспорт федерација (ФФСА), потврди дека трката е на место и мисли понатаму.

"Очекувам потврда на трката во Мањи-к*р за 2009 година до 28 јуни. Генералното собрание на федерацијата ќе мора да ја потврди одлуката, а потоа ќе мораме да размислуваме за иднината на Француското ГП од 2010 натаму", вели Дешо.

ФИА ГО РАЗГЛЕДУВА ВОДЕЊЕТО НА ФОРМУЛА 1

ФИА исто така објави дека ќе направи целосна анализа на тоа како формула 1 се води во иднината, потег кој може да се протолкува како обид да се зголеми контролата на ФИА на спортот на штета на Берни Еклстоун. По состанокот на Светскиот моторспорт совет (ВСМЦ) во Париз во средата се појави соопштение во кое се потврдува дека Ф1 тимовите ќе бидат консултирани за промените.

"ФИА влегува во сеопфатни консултации со Ф1 тимовите да се испитаат плановите за подобра ефикасност, вклучувајќи ги новите технички регулативи. Во ова ќе се вклучи и разгледување на водството на формула 1", се вели во соопштението.

Последната реченица секако е резултат на с$ поголемите несогласувања на претседателот на ФИА, Макс Мозли и носителот на комерцијалните права Берни Еклстоун околу контролата на спортот.

ФИА ЈА ВРАЌА И ФОРМУЛА 2 СЕРИЈАТА

Обид за поголемо влијание секако е шокантната одлука на ФИА да ја "воскресне" Формула 2 серијата од 2009 година како "ефтина" платформа за младите возачи и последен чекор пред формула 1.

"ФИА ќе направи тендер за нова серија за поддршка за формула 1. Овој шампионат, наречен Формула 2 ќе биде стартиран во 2009 година. Се надеваме дека ќе можеме да успееме да направиме тимови со буџет од 200.000 фунти по болид за една сезона", се вели во соопштението на ФИА.

Посакуваната сума од 200.000 фунти е далеку помала од трошоците во сегашните помали формула серии, ГП2 на Берни Еклстоун и Формула 3. Останува нејасно дали серијата ќе биде "втора" зад формула 1 или замена за ГП2, во која сумата за еден болид по сезона е 1.5 милиони фунти. ГП2 ја замени традиционалната "втора лига" во Ф1, Формула 3000.

Од друга страна Формула 3000 беше воведена во 1985 година токму како замена за Формула 2, серија која е почната дури пред формула 1 во 1948 година.

КАЛЕНДАР ЗА СЕЗОНАТА 2009

29.03 Австралиско ГП, Мелбурн

05.04 Малезиско ГП, Сепанг

19.04 Бахреин ГП, Манама

10.05 Шпанско ГП, Барселона

24.05 Монако ГП, Монте Карло

07.06 Канадско ГП, Монтреал

21.06 Британско ГП, Силверстоун

28.06 Француско ГП, Мањи-к*р

12.07 Германско ГП, Нирнбургринг

26.07 Унгарско ГП, Хунгароринг

09.08 Турско ГП, Истанбул Парк

23.08 Европско ГП, Валенсија

06.09 Италијанско ГП, Монца

13.09 Белгиско ГП, Спа-Франкоршамп

27.09 Сингапур ГП, Сингапур

11.10 Јапонско ГП, Сузука

18.10 Кинеско ГП, Шангај

01.11 Бразилско ГП, Интерлагос

15.11 Абу Даби ГП, Абу Даби

Кими очекува доминација

Откако стартуваше од пол-позицијата Кими Раиконен изгледаше во целосна контрола на Француското ГП откако му направи разлика на својот колега од Ферари, Фелипе Маса. Но, поради проблеми со ауспухот во средина на трката тој ги загуби шансите за победа во Мањи-к*р, за да заврши на второто место зад Маса.

"Не знам дали да бидам несреќен или задоволен по тоа што се случи во неделата попладне на Француското ГП. По трката бев многу разочаран, но сега морам да признам дека сум задоволен од резултатот, и на крајот поените се бројат", вели Раиконен.

Бидејќи Луис Хамилтон не успеа да влезе во поени во Франција, осумте поени на Кими го однесоа на третото место во генерален пласман, само три поени зад победникот на Канадското ГП, Роберт Кубица и пет зад Маса.

"Победата беше блиску, но по првиот добар дел на трката, потоа с$ се претвори во кошмар. На половина на трката одеднаш забележав пад во перформансите на моторот и тоа дека недостасува десниот ауспух. Од тој момент бев навистина загрижен и не верував дека ќе стигнам до целта. Но, ова повторно покажува дека никогаш не смееш да се предадеш", објаснува светскиот шампион.

Пред трката во Силверстоун следната недела, Раиконен повторно верува во доминација на Ферари. Финецот победи на минатогодишното Британско ГП.

"Очекуваме да бидеме многу конк*рентни во Силверстоун. Оваа недела сите ќе бидат на тестирањето во Силверстоун. Ја сакам патеката и имам добри спомени од таму. Добро е да се оди со болид кој може да победи", вели Раиконен.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2008 во 20:53
Ф1 ФЛЕШ

Џан Карло Минарди, основачот на тимот кој на толку многу возачи им даде шанса за Ф1 деби, вклучувајќи ги Марк Вебер, Јарно Трули, Џанкарло Физикела и двократниот шампион Фернандо Алонсо, е последниот кој коментираше за формата на Луис Хамилтон, кој е под притисок на британските медиуми, но и од ривалите. "Според мене има четири возачи подобри од Хамилтон. Роберт Кубица не направи грешки од првата трка од сезоната, и дури и тој инцидент беше вина на Накаџима. Тој покажува дека е попостојан и позрел во својот однос од Хамилтон. Друг таков возач е Алонсо и покрај тоа што нема болид кој е конк*рентен. На крајот тука се и двајцата возачи на Ферари. Но, сепак Хамилтон е јасно многу талентиран, но направи премногу грешки кои покажуваат незрелост, но и нервоза. Ќе биде интересно на следните неколку трки", вели Италијанецот.

По серијата разочарувачки резулати на тимот на Вилијамс во 2008, еден од нивните главни инженери Род Нелсон е пред отпуштање, велат британските медиуми. Техничкиот директор на тимот, Сем Мајкл, не беше на Француското ГП оставајќи му ја одговорноста за тимот на Нелсон, кој дојде во тимот од Рено, каде што беше тркачки инженер на Фернандо Алонсо.

Шефот на БМВ Заубер, Марио Тајзен, ги отфрли шпекулациите дека германскиот тим размислува за замена на Ник Хајдфелд наскоро. Се верува дека Германецот има договор за сезоната 2009, но оваа сезона никако не успева да ги израмни резултатите на Роберт Кубица, како на Француското ГП каде што заврши само 13. "Ако твојот колега е постојано побрз од тебе, секако дека има притисок, но Ник не заборавил како да вози. За тимот во 2009 ќе одлучиме во август. Ситуацијата за Ник не е лесна бидејќи мора да се доближи до Роберт, но ја има целата наша поддршка", вели Тајзен. За местото на Хајдфелд најголем конк*рент во последно време е внукот на легендарниот Аиртон Сена, Бруно Сена, кој импресионира во деби сезоната во ГП2 шампионатот.

Сигурно најопуштениот човек по неделната трка во Франција беше Нелсон Пике од Рено. Медиумите пред трката во Франција објавуваа дека бразилскиот возач ќе биде избркан од тимот, но тој имаше добар викенд на патеката во централна Франција и заврши пред колегата Фернандо Алонсо. "Овие поени го тргнаа притисокот. Од сега работите ќе бидат подобри. Не сакав да ризикувам во Франција бидејќи морав да ја завршам трката", вели Пике Јуниор. 
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2008 во 16:37

ФОРМУЛА 1 - ПОЛЈАКОТ ЗНАЕ ДЕКА НЕГОВИОТ ТИМ ЗАОСТАНУВА ЗАД ФЕРАРИ И МЕКЛАРЕН

Кубица останува реален за шансите на БМВ Заубер

Разликата меѓу БМВ Заубер и двата најдобри Ф1 тима е "голема" и поширока од стартот на сезоната 2008, вели поранешниот лидер во генерален пласман Роберт Кубица. Германскиот тим и 23-годишниот Полјак добија пофалби за својата постојаност во 2008.

По неверојатниот инцидент на Луис Хамилтон и Кими Раиконен во Монтреал, Кубица стигна до својата прва победа (и прва на тимот од Хинвил), со што се искачи на првото место во генерален пласман и ги подгреа надежите дека германско-швајцарскиот тим е сериозен кандидат за титулата.

Но, зборувајќи на тестирањето во Силверстоун, Кубица вели дека нема големи шанси тој да стане шампион бидејќи развојот на БМВ Заубер не е доволно голем.

"Не останавме доволно долго со нив. Тоа е нашиот проблем", вели Кубица.

За британската ИТВ телевизија Кубица вели дека БМВ Заубер биле честопати исто толку брзи како Ферари и Мекларен на првите трки оваа сезона.

"По с$ изгледа не се развивавме доволно како нив и разликата е доста голема. Во Мањи-к*р заостанувавме речиси цела секунда", признава Полјакот.

БМВ Заубер ја имаше најслабата трка во Франција минатиот викенд, каде што Кубица беше петти. Според него тимот направил неколку погрешни проценки пред стартот на викендот.

"Затоа би требало да сме на нормална брзина во Силверстоун, иако и таа брзина претставува голема разлика од Ферари и Мекларен. Да бидам искрен, со нашиот болид дури и под најдобри услови можеме да стигнеме само до петтото место. Тоа не е доволно, а тоа што сме со нив во поени е резултат на нивните технички проблеми и грешки. Ако Ферари и Мекларен не прават грешки ќе биде многу тешко", завршува Кубица.

РАМПФ СЕ ФОКУСИРА НА ТЕХНИЧКИТЕ РАБОТИ

БМВ Заубер објавија дека ќе има реструктуирање на менаџментот во техничкиот оддел на тимот бидејќи сегашниот технички директор Вили Рампф ќе го заземе местото технички координатор во ноември. Според БМВ, Рампф ќе продолжи да биде одговорен за концептот на болидот, но неговите одговорности за бизнис операциите и менаџментот ќе бидат префрлени на Валтер Ридл, кој сега е директор на менаџмент во тимот. Промената доаѓа на барање на Рампф.

"Јас сум технички директор од април 2000, прво во Заубер, а сега во БМВ. Тоа беше многу задоволувачко за мене, но и многу интензивен дел од мојот живот. Идејата да ги намалам професионалните обврски дојде одамна. Разговарав со Марио Тајзен и најдовме вистински одговор. Сега сакам да се фокусирам на мојата вистинска работа, техничките работи", изјавува Рампф.

Валтер Ридл дојде во БМВ како инжинер за развој во 1983 година и работеше на водечки позиции во формула дури 9 години. Од 1999 година тој е одговорен за формула 1 проектот на БМВ, а во 2006 година го превзеде менаџментот на БМВ Заубер по купувањето на мнозинството акции на малиот швајцарски тим.

"Веќе подолго време работам ефективно со Вили Рампф и оваа соработка сега влегува во нова фаза. Новата структура гарантира дека БМВ Заубер може да биде само подобар тим во иднината", вели Ридл.

БМВ СО "ГОЛЕМО" ПОДОБРУВАЊЕ ВО МОНЦА

Тимот на БМВ Заубер ќе се реши на големо подобрување на Ф1.08 болидот пред крајот на сезоната, иако техничкиот директор Рампф ветува "големи новости" на Италијанското ГП. БМВ се наоѓа во позиција на исполните цели за оваа сезона, со победата на Кубица во Канада.

"Немаме планирано големи промени, но продолжуваме со оптимизирање на повеќе делови на болидот. Ќе има нови крила, нова покривка на моторот, но не и редизајниран болид", вели Рампф.

Сепак, од БМВ признаваат дека ќе мораат да направат голема промена на болидот за Италијанското ГП, бидејќи Монца е позната како најбрзата патека во формула 1 со брзини над 350 км/ч, и како патека на која е потребна мала надолна сила.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2008 во 16:38

Ф1 ФЛЕШ

Џанкарло Физикела беше однесен во болница во средата навечер по неговиот голем судар на тестирањето во Силверстоун. Италијанскиот возач на Форс Индија тимот излета на Бекетс комплекс кривините во кои се влегува со голема брзина. Неговиот ВЈМ01 болидот доби големи оштетувања од ударот во бариерата, а и покрај тоа што Физи немаше повреди тој мораше да оди на лекарски преглед. "Не, не се повредив, но не ги тргнав веднаш рацете од воланот и сега мораа да направат некои прегледи да видат дали с$ е в ред со моите зглобови", вели Физикела

Шефот на Индијанаполис Мотор Спидвеј, Џои Читвуд, вели дека е постои можност формула 1 да се врати на патеката иако првиот календар на ФИА не ја вклучуваше трката. Оваа година Индијанаполис е отсутна од Ф1 првпат од 2000 бидејќи сопствениците на патеката не можеа да направат исплатлив договор. "Мислам дека има дом за формула 1 во САД, но за тоа ни е потребен вистински партнер. Вратата останува отворена и разговорите продолжуваат", вели Читвуд.

Тимот на Вилијамс следниот месец ќе биде во Москва, каде што Нико Розберг ќе учествува во промоција на формула 1. Демонстрацијата ќе се случи на Црвениот плоштад, во т.н. Москва Градска трка викендот по Британското ГП. "Има голем аптетит за формула 1 во Русија и добро е што ќе помогнам во ширењето на популарноста", вели Розберг, додавајќи дека на промоцијата ќе биде и сопственикот на тимот, сер Френк Вилијамс.

Трикратниот формула 1 шампион Ник Лауда е последниот експерт кој се прашува за исправноста на казните на ФИА на тимот на Мекларен во Франција. По инцидентот во Монтреал, Хамилтон беше казнет со 10 места на стартот, неговиот колега Хеики Ковалаинен доби казна од 5 места поради блокирање на Марк Вебер на квалификациите (кој самиот не беше свесен за блокирање), за на крајот Хамилтон да добие казна со влегување во боксот поради поминувањето на Себастијан Фетел преку шиканата. "Јас не би дал казна за такво нешто. Навистина не ми е јасно зошто Мерцедес секогаш е остро критикуван", вели Лауда.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2008 во 19:19

ФОРМУЛА 1 - БРИТАНЕЦОТ ПОДГОТВЕН ЗА НОВ СТАРТ НА БРИТАНСКОТО ГП

Хамилтон сака да ја заврши "домашната задача"

Асот на Мекларен Мерцедес, Луис Хамилтон вели дека се ќе биде поинаку до крајот на формула 1 сезоната и дека ќе остварува победи и ќе ја грабне титулата од Ферари.

"Тие се силни на секоја патека, но силни сме и ние. Во следните 10 трки во вториот дел од сезоната треба да се даде се од себе и да се кренеме над ривалите", вели 23-годишниот Британец пред домашната трка во Силверстоун во недела.

Мекларен водеше во генерален пласман откако победи на Монако ГП трката минатиот месец, но во последните две трки не освои поени. Тој сега е само четврти во генерален пласман, каде што води Фелипе Маса од Ферари.

"Планирам да победам на што е можно повеќе трки до крајот на сезоната. Сакам да победувам, бидејќи сите во формула 1 работат за тоа. И навистина верувам дека тоа е можно. Се чувствувам далеку поподготвен од минатата година, иако сезоната е многу тесна", додава Хамилтон.

ЌЕ ГИ ВРАТАМ МЕДИУМИТЕ НА МОЈА СТРАНА, ВЕТУВА ЛУИС

Хамилтон исто така ветува дека медиумите ќе бидат на негова страна кога ќе почне да ги покажува вистинските резултати, по сите критики кои ги доби. Возачот на Мекларен беше вербално нападнат од британските медиуми по сударот во боксот со Кими Раиконен на Канадското ГП. По новиот кошмарен викенд во Франција во кој отслужи две казни, тој реши да врати на британските медиуми со остра изјава.

Но, сега тој полека ја враќа таа изјава додавајќи дека ништо не му попречува, иако додаде дека не сака да се сретнува со медиумите кога ќе излезе од болидот.

"Само што сте завршиле час и половина тркање, и тогаш тие очекуваат да седнете и да разговарате со луѓето. Дали сте луди? По тоа ми треба пијачка! Но, мислам дека добив доволно поддршка од медиумите, посебно минатата година и знам дека кога ќе бидам подобар, тие ќе бидат на моја страна", додава Хамилтон.

ВО МЕКЛАРЕН ДО КРАЈОТ НА КАРИЕРАТА?

Британецот во исто време изјавува дека не планира да вози за друг формула 1 тим. Хамилтон произлезе од школата на Мекларен, а минатата сезона потпиша договор со тимот најмалку до 2012.

"Планирам да возам за Мекларен цела кариера. Имам одличен договор и би сакал соработката да продолжи и по крајот на тој договор. Тимот не врши притисок на своите возачи. Ова е како големо семејство за мене, бидејќи тука сум од 1997. Дури и по многу лош викенд, сите веднаш простуваат, го учат тоа што е потребно и одат понатаму", објаснува Хамилтон.

Култхард со совет: "Луис, успори малку!"

Дејвид Култхард смета дека неговиот британски сонародник Луис Хамилтон мора да направи неколку тешки одлуки ако сака да остане во формула 1 долго време.

"Ако се поставиш во јавноста на таков начин, тогаш нормално е да те гледаат каде одиш, со кого одиш и што правиш. Луѓето тогаш мислат дека имаат дел од тебе. Јас никогаш не сум го имал вниманието кое го има тој и не можам да замислам како е. Да се биде првиот црн возач во Ф1, да се загуби титулата во последна трка, тие работи се навистина неверојатни. Но, Луис има се што е потребно да биде шампион. Единствено што го нема е ментално искуство за вакви ситуации", смета Култхард.

37-годишниот Шкотланѓанец вели дека вистинскиот рецепт е да се држиш подалеку од медиумите.

"Ако ги погледнете Мика Хакинен и Кими Раиконен, тие се луѓе кои ја ценат својата приватност. Кими дури не оди да потпишува книги или на забави на славни луѓе. Ако Луис сака да оди по рутата на Бекам, тој ќе биде многу зафатен на патеката и уште повеќе зафатен надвор од патеката", предупредува возачот на Ред Бул.

 
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2008 во 17:10

ФОРМУЛА 1 - МЕСТОТО НА ФОРМУЛА 1 ВОЗАЧ НИКОГАШ НЕ Е СИГУРНО

Бурде не знае што ќе прави во 2009, Култхард останува реален

Себастиен Бурде вели дека се обидува да не се грижи за неговата неизвесна иднина во формула 1. Освојувачот на четири Чемп Кар титули се приклучи на формула 1 оваа година покрај својот високоценет колега од Торо Росо, Себастијан Фетел. Иднината не неговиот тим од Фаенца исто така е неизвесен, откако могулот на Ред Бул, Дитрих Матешиц најави дека сака да ги продаде своите 50% од акциите.

"Очигледно ако почнеш да размислуваш за тоа, ќе бидеш загрижен. Можеш целосно да заборавиш на тоа, како што јас се обидов да направив, на крајот имаше само 8 трки и не сме ниту во средина на сезоната. Не можам да кажам дека го покажав тоа што сакав да го покажам оваа година. Што ќе се случи, ќе се случи. Ако бидам оптуштен, тоа е тоа. Но, јас давам се од себе и тоа не се исплати", вели Французинот.

Бурде вели дека се надева на продолжување на својата формула 1 кариера во 2009, кога спортот ќе се врати на мазните гуми, со кои доминираше во својата американска кариера.

"Сега засега сум фокусиран за 2008. Се надевам дека ќе можам да покажам што умеам на болид со мазни гуми во иднина", додава Бурде.

КУЛТХАРД ЗНАЕ ДЕКА КАРИЕРАТА МУ Е ПРЕД КРАЈ

Дејвид Култхард не ја отфрли можноста дека Британското ГП овој викенд ќе биде негова последна домашна трка како формула 1 возач, иако 37-годишниот Шкотланѓанец е убеден дека може да покаже многу во спортот. Култхард е најстариот возач во формула 1 и втор по бројот на трки по Рубенс Баричело. Тој има 236 ГП трки и се натпреварува во 14 полна сезона откако дебитираше во тимот на Вилијамс на Шпанското ГП во 1994, по смртта на Аиртон Сена.

Иако Школтанѓанецот често ги отфрлаше прашањата за пензионирање и за иднината, сега шпекулациите велат дека Ред Бул размислуваат да го донесат Себастијан Фетел во првиот тим во 2009 година, а за Култхард можеби ќе се најде место во Торо Росо.

"Сите сме различни, а јас сум реалист. Кога нешто ќе се случи, не останувам на тоа долго време, туку одам на следното нешто. Кога ќе дојде времето, ќе продолжам. Сега сум ГП возач, како што бев толку многу сезони, и уживам во тоа и мислам дека придонесувам доволно на тимот. Но, ќе дојде момент кога нема тоа да продолжи. Има многу полоши работи кои можат да ти се случат", вели Култхард.

И покрај се, Култхард најуспешниот активен британски возач во Ф1 и двократен победник во Силверстоун во 1999 и 2000 вели дека ќе ужива овој викенд.

"Кога возиш на други патеки не гледаш на трибините, но кога си на Хангар рамнината мораш да ги видиш и почуствуваш фановите. Така ќе биде и овојпат. Што би дал да бидам на подиумот уште еднаш? Па, не би дал ништо, но би било одлично", завршува Култхард.

Заубер: "Добро е што Кубица критикува"

Петер Заубер, основачот на БМВ Заубер, консултант и мал акционер во тимот, го поддржа Роберт Кубица кој го критикуваше германско-швајцарскиот тим за недостаток на развој во текот на сезоната. Полјакот Кубица, кој победи на Канадското ГП за прв триумф на БМВ, изјави дека тимот мора да биде поагресивен во развојната програма ако сака да ја намали разликата од Ферари и Мекларен.

"Роберт сака повеќе. Токму затоа му дадовме договор пред две и пол години. Од него еднаш беше побарано да каже кои три работи ќе ги понесе на пуст остров и тој изјави тркачки автомобил, гуми и бензин. Тоа кажува многу работи за него. Тој е фокусиран и целиот негов живот е посветен на успех. Ментално е неверојатно силен, бара многу од себе, но од сите околу него. Вистински материјал за шампион", смета Заубер.

Швајцарецот исто така додава дека и самиот бил разочаран по Француското ГП, каде што Кубица беше само петти.

"Тој има далеку поамбициозни планови од петто место. Сега БМВ треба да одговори", додава Заубер.

Ф1 ФЛЕШ

Светските шампиони Ферари не се финансирани од италијанскиот гигант Фиат, вели претседателот на тимот Лука Ди Монтеѕемоло. Според 60-годишниот Италијанец финансиите за тимот се добиваат од парите добиени од продажбата на спортските автомобили на Ферари и од спонзорите. "Не добиваме ниту пени од Фиат. Луѓето не го сфаќаат тоа. Ние сме мала компанија во споредба со БМВ, Мерцедес-Бенц, Рено, Тојота и Хонда. Затоа е добро кога ќе ги победиш", вели Ди Монтеѕемоло.

Бруно Сена вели дека нема да му пречи да ја почне Ф1 кариерата во помал тим. 24-годишниот Бразилец, чиј вујко Аиртон Сена освои две светски титули, е втор во генерален пласман во ГП2 серијата, а шпекулациите го пворзуваат со тимот на Торо Росо, кој е во сопственост на поранешниот добар пријател на неговиот вујко, Герхард Бергер. "Навистина немам омилен тим. Прво ја сакам ГП2 титулата, што е доволно тешко и што не ти гарантира добар Ф1 болид", вели Сена. Сите предходни ГП2 шампиони се во формула 1: Нико Розберг, Луис Хамилтон и Тимо Глок, а тука се и вице-шампионите од 2005 и 2006, Хеики Ковалаинен и Нелсон Пике Јуниор.

Џенсон Батон признава дека Луис Хамилтон е единствениот британски возач со шанси за победа на домашната трка во Силверстоун. На неделната трка ќе има три возачи од Британија: Батон, Хамилтон и Дејвид Култхард, но Хамилтон, кој лани ја освои пол-позицијата и третото место е единствен со реални шанси. "Секогаш сакаш да бидеш добар на домашната трка и да освоиш поени. Но, борбата за победата ќе ја оставам на Луис", вели возачот на Хонда.

Луис Хамилтон уживаше во среќавање со неговиот личен херој Нелсон Мандела на прославата на 90. роденден на поранешниот јужноафрикански претседател во Лондон. Минатата недела возачот на Мекларен се појави на вечерата на Мандела и потоа нервозно се сретна со него на концертот на Хајд Парк. "Како беше? Како да одиш да го видиш кралот, да бидеш пред Господ. Бев целосно без зборови. Тоа никогаш не се случило предходно", вели Хамилтон.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1920212223 55>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.