IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Формула 1 и Мото грандпри
  Активни теми Активни теми RSS - F1 Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

F1 Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1819202122 55>
Автор
Порака
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јуни.2008 во 21:19
АЛОНСО МИСЛИ ДЕКА РЕНО ТРЕБА ДА ПРЕСТАНЕ СО РАЗВОЈОТ

Фернандо Алонсо, пак, мисли дека неговиот сегашен тим Рено би требало да размисли за откажување на развојот на Р28 болидот за оваа година, ако планираните надградби за следните две трки не се многу успешни. Двократниот шампион има фрустрирачка сезона со францускиот тим, и сега се само седми во генерален пласман на конструктори. Пред планираните аеродинамички надградби за следните две трки, плус подобрувањата на моторот и менувачот, Шпанецот вели дека сега е време за одлуки.

"Тешка сезона, нема сомнеж, но мораме да направиме промени, побргу или подоцна. По трката во Силверстоун мора да се направи одлука бидејќи можеби е време да се мисли на иднината. Иако се работи за мали промени за следните две трки, мал чекор во секоја област може да донесе големи подобрувања. Да почекаме", вели Алонсо.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јуни.2008 во 21:20
Луис се заканува: "Ние сме незапирливи!"

Луис Хамилтон одбива разочарувањето на Канадското ГП да го спушти додавајќи дека ако не се удрил ќе ја "растурел" конк*ренцијата на трката. Хамилтон стартуваше од пол-позицијата и направи предност од 7 секунди, но по влегувањето во боксот тој удри во Кими Раиконен на излезот на боксот, судар за кој доби 10 места казна на Француското ГП за две недели.

"Ова не прави никаква разлика. Не ми се намали самодовербата, ниту сум разочаран. Нема да ми е потребен ниту ден одмор. Фактот останува дека ги уништивме сите тој викенд. Со болидот како што треба, ништо не може да н$ сопре", вели 23-годишниот Британец.

Хамилтон смета дека казната која ја добил е малку преостра.

"Како можеш да видиш црвено светло на крајот на боксот? Но, тоа е правилото и го прифаќам. Казната е преостра бидејќи не сакав да уништам трка на кого било", вели Хамилтон.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2008 во 12:52

ФОРМУЛА 1 - НАЈСТАРИОТ ВОЗАЧ ВО ФОРМУЛА 1 НЕ Е ПОДГОТВЕН ДА СЕ ОТКАЖЕ

Култхард мисли на иднината, Фетел чека од страна

По седум трки во неговата неверојатна 15. формула 1 сезона, најстариот возач во шампионатот признава дека е во фаза на "разгледување" на неговата кариера. И покрај неговото неизвесно место во боксот за сезоната 2009, Шкотланѓанецот Дејвид Култхард ги освои своите први поени оваа сезона со изненадувачко место на подиумот со третото место со Ред Бул на Канадското ГП во неделата.

"Сега се вртам кон мојата кариера, и навистина 15 години се многу долго време за сите, посебно по така грд старт на сезоната", признава 37-годишниот Шкотланѓанец.

Монтреал беше 62. подиум во кариерата на Култхард, во кариера која почна во 1994 година, кога како 23-годишен тест возач на Вилијамс го замени Аиртон Сена по трагичната смрт на бразилскиот великан.

Шпекулациите велат дека ако Култхард не продолжи да се трка за Ред Бул следната година, тој има солидна понуда да стане ТВ експерт за британската телевизија.

"Дефинитивно часовникот отчукува. Имав одлично патување во мојата кариера и низ целата кариера уживав, така што алтернативата она формула 1 не ме возбудува", вели Култхард, кој во Канада во 1994 година ги освои своите први поени, а неодамна беше гостин и на американска НАСКАР трка.

Но, јасно е дека подиумот во Канада не може да му гарантира нов договор за 2009. Советникот на Ред Бул, Хелмут Марко признава дека "е прерано во сезоната" да се размислува за иднината на ветеранот.

ФЕТЕЛ СИГУРЕН ДЕКА ЌЕ СЕ НАЈДЕ МЕСТО ЗА НЕГО

Германскиот младич Себастијан Фетел е еден од можните заменици на Култхард, и тој вели дека е сигурен во својата иднина и покрај нејасната позиција за 2009. 20-годишниот дебитант се смета за едно од големите имиња за иднината на спортот, но неговиот сегашен тим има неизвесна иднина бидејќи ко-сопственикот на Торо Росо, Дитрих Матешиц, најави продажба на неговите 50% акции.

Тимот од Фаенца во моментов користи т.н. "кориснички болид", кој е копија на болидот на Ред Бул, но тоа нема да биде толерирано од 2009 година, а во исто време Фетел е под договор токму со австрискиот производител на енергетски пијалоци. Но, сето тоа не го загрижува Фетел.

"Знам малку за внатрешната ситуација, така што сум самоуверен. Засега фокусот ми е на оваа година и на ништо друго", вели Фетел.

БЕРГЕР ДЕМАНТИРА ДОГОВОР СО УЛТИМЕЈТ

Извештаите дека Торо Росо се во напреднати преговори со британскиот Формула 3 тим, Ултимејт Моторспорт, за продажба на тие 50% на Матешиц е демантирано. Ултимејт, тим од Нортхемптоншајр, Англија, наводно сака да влезе во тимот со помош на анголската нафтена компанија Сонангол.

Но, шефот на Торо Росо, Герхард Бергер, кој ги има преостанатите 50% вели дека "никогаш не слушнал" за Ултимејт.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2008 во 12:52
Ф1 ФЛЕШ

Поранешниот шеф на тимот на Тојота, Ове Андерсон, загина во средата во судар со камион на едно класично рели во Јужна Африка. Андерсон беше клучен човек во основањето на Тојота Тим Европа, кој израсна од неговиот Андерсон моторспорт тим. Тојота Тим Европа потоа се пресели во Келн и стана Тојота Моторспорт во 1993. Под негово водство Тојота се натпреваруваше во Рели ВРЦ шампионатот освојувајќи три титули кај возачите и четири кај конструкторите, а во 1999 го освоија второто место на 24 Часа Ле Ман. Тој го предводеше Панасоник Тојота Рејсинг тимот во формула 1 во 2002 пред да се повлече од местото шеф на тимот во 2003 и да стане консултант на тимот.

Хонда Рејсинг, најверојатно, се првиот тим кој почнува да се фокусира во дизајнот на болидот за 2009, откако завршија со овогодишните развојни програми во фабриката во Брекли. Шефот на тимот Рос Браун не криеше дека главниот фокус на тимот треба да биде 2009, но сите чекаа да се види колку дополнителна брзина може да се извади од РА108 болидот. "Има уште две-три работи со овогодишниот болид", призна Браун.

По катастрофалното Канадско ГП, оваа недела малку подобри врести за Мекларен. На 40-годишнината од првата победа на познатиот Ф1 тим, шефот на тимот Рон Денис ја доби годишниот Принц Филип медал за посебни успеси во инжинерството. "Ова е награда за сите кои работат во Мекларен, а не само за мене", вели Денис. Во понеделникот се одбележаа 40 години откако основачот на тимот, Брус Мекларен, победи на првата трка за тимот на Белгиското ГП во 1968 година.

Актуелниот светски шампион Кими Раиконен повторно застана во одбрана на претседателот на ФИА, Макс Мозли, во секс-ксандалот. Пред два месеци, асот на Ферари изјави дека скандалот е "лична работа" на Мозли, а сега откако Мозли беше потврден како претседател на ФИА, 28-годишниот Финец вели дека тоа е "добра одлука". "За мене тоа воопшто не е важно. Се работи за неговиот приватен живот и нема никаква врска со Ф1", вели Раиконен.

Од Хонда ги потврдија шпекулациите дека Даница Патрик ќе тестира формула 1 болид оваа година загревајќи ги надежите дека Американката, која ја оствари првата победа во ИндиКар во април, наскоро може да добие и место во формула 1. "Ќе ја ставиме во болид по крајот на сезоната да видиме колку е брза", вели шефот на тимот Ник Фрај за 26-годишната Патрик. Последна жена во формула 1 беше Џована Амати, која трипати се обидуваше да се квалификува за Бребем во 1992 година, пред да биде заменета со Дејмон Хил. 
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2008 во 12:55
Некако не ме изненадува Кулхард...тој и редовно како да беше најполн со оптимизам за подобро,...како највеке да се трудеше од сите тие што редовно остануваа после 3то место...

Жалам за Ове Андерсон...тага
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2008 во 18:03

ФОРМУЛА 1 - ПРОДОЛЖУВА ПОЛИТИЧКАТА БОРБА ЗА МОЌ ВО СПОРТОТ

Еклстоун: "И јас ќе гласав за Мозли"

Ф1 шефот Берни Еклстоун побара промена на системот на гласање во Светската Автомобилистичка Федерација (ФИА), посочувајќи на недостатоците кои му помогнаа на засрамениот претседател Макс Мозли да добие доверба и да ја продолжи својата работа овој месец.

Берни Еклстоун откри дека ако тој бил претседател на еден од членовите клубови кои одлучуваа дали неговиот стар пријател и сојузник Макс Мозли ќе остане на чело на организацијата, тој ќе гласал за него и покрај тоа што инсистира дека тој мора да си замине за добро на спортот.

Мозли го преживеа тајното гласање по шокантните вести од Њуз оф д Ворлд за неговиот приватен живот со изненадувачки голема разлика од 103:55, а по состанокот на сенатот на ФИА во Париз, Еклстоун беше критикуван дека наводно направил забелешки на штета на Африка. Тоа го сметаше генералниот секретар на Кениската Автомобилистичка Асоцијација, Дејвид Нјороге, висок член на ФИА, кој побара извинување за коментарите во Дејли Експрес на Еклстоун: "Само бидејќи Мозли доби повеќе гласови од Африка, тоа не значи дека кралот на Шпанија ќе сака да се ракува со него".

Наместо извинување, Еклстоун инсистира дека никогаш не го кажал тоа. 77-годишниот Англичанец сепак вели дека би сакал да го процени африканското учество во ФИА, додавајќи дека континентот има 36 членки, од кои само 24 имаат право на глас иако некои од нив имаат помалку од 200 индивудални членки.

Традиционалното право на глас во ФИА е еден член, еден глас, така што на пример Американскиот Автомобилистички Клуб (ААА), еден од главните критичари на 68-годишниот Мозли има само еден глас и покрај 43 милиони членови.

"Истото се оденсува на Јужноамериканскиот регион 4, кој има 18 земји со 505.000 членови, но дури 18 гласови. Тоа е структурата на ФИА и затоа вината не е кај клубовите кои гласаа. Ако јас бев член на тие клубови и јас ќе гласав за Макс, бидејќи лојалноста кон ФИА носи придовки. Се надевам дека ќе ја вратиме формула 1 во Африка наскоро", додава Еклстоун.

Во исто време ирскиот Индипендент тврди дека Мозли има краен рок до вторник (17 јуни) да си даде оставка, бидејќи ако не го направи тоа, ќе почне да се организира паралелната серија веќе за во 2009.

"Не мислам дека тоа е прва опција. Би сакале да работиме со ФИА", вели шефот на Хонда, Ник Фрај, додека шефот на Мекларен, Рон Денис додава дека "за пет години нема да имаме иста формула 1 како сега".

РЕЗУЛТАТИ (БАРСЕЛОНА - 3.ДЕН):

време кругови

1.Н.Пике Јуниор (Рено) 1:20.076 112

2.П.Де Ла Роса (Мекларен) 1:20.402 82

3.Л.Бадоер (Ферари) 1:20.680 63

4.М.Вебер (Ред Бул) 1:21.037 92

5.Т.Глок (Тојота) 1:21.158 86

6.Н.Хајдфелд (БМВ) 1:21.672 83

7.Р.Баричело (Хонда) 1:21.672 83

8.Н.Хулкенберг (Вилијамс) 1:21.674 60

9.С.Фетел (Торо Росо) 1:21.880 72

Хеики: "Се уште можам до титулата"

Возачот на Мекларен, Хеики Ковалаинен одбива да се откаже од светската титула, и покрај се поголемата разлика од него до лидерите во генерален пласман. По седум трки, Ковалаинен е зад асот на БМВ Роберт Кубица дури 27 поени, откако освои само еден поен од последните четири трки, што е навистина разочарувачки, бидејќи МП4/23 болидот на скоро секоја трка може да стигне до победата.

"Во моментов не гледам на поените. Борбата за титулата е отворена и сега со добри поени на Француското ГП ќе се вратам. Уште ја бркам мојата прва победа, иако резултатите не го покажуваат тоа. Можеби Мањи-к*р не е вистинско место за претекнување, но затоа квалификациите ќе бидат уште поважни. Имаме доста опции", вели Ковалаинен.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2008 во 18:03

Ф1 ФЛЕШ

Австралиското ГП најверојатно ќе продолжи да постои до 2015, откако се очекува потпишување на нов договор. Иднината на трката во Мелбурн беше неизвесна во март, кога Берни Еклстоун изјави дека може да биде исфрлена од календарот по 2010 ако не се согласат на ноќна трка за да се задоволат европските ТВ гледачи. Сега австралиските медиуми тврдат дека ќе има договор и дека трката нема да се оддржува навечер, туку во 17:00 часот по локално време (7.00 часот по средноевропско време).

Светскиот шампион од 1964 година, Џон Сартис доби ОБЕ, едно од најголемите награди на британската империја. Сартис победи во 500сс шампионатот во 1956 година, по што освои уште една титула, а четири години подоцна на само 26 години се префрли во формула 1 во тимот на Лотус, завршувајќи втор во само втората трка. Тој ја освои титулата со Ферари во 1964.

Во викенд во кој се оддржуваше "најтешката трка на светот", 24 Часа Ле Ман, шефот на Мекларен, Рон Денис изјави дека тоа воопшто не е трка. "Нема споредба помеѓу формула 1 и тоа. Таму мораш да имаш неверојатна постојаност, но најважно е возачите да не заспијат. Не се работи за тркање 24 часа. Тоа е во спротивност на духот на Ф1, каде што ретко кога успоруваш", вели Денис.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2008 во 19:30

ФОРМУЛА 1 - И ПОКРАЈ ФАНТАСТИЧНИОТ СТАРТ НА СЕЗОНАТА НА ГЕРМАНСКО-ШВАЈЦАРСКИОТ ТИМ

Во БМВ Заубер не веруваат во титули

Основачот на тимот, Петер Заубер, се сомнева дека БМВ Заубер тимот е подготвен да се бори за титулата оваа сезона. И покрај тоа што беше полн со пофални зборови по првата победа на тимот во Монтреал преку Роберт Кубица пред две недели, Швајцарецот вели дека мора да се биде внимателен и да не се очекува премногу.

"Факт е дека Ферари и Мекларен с$ уште се малку побрзи од нас. И тие тимови нема да продолжат да прават толку грешки како досега оваа сезона", вели Заубер во колумна за швајцарскиот весник Блик.

Роберт Кубица го презеде водството во генерален пласман за 4 поени, додека неговиот тимски колега Ник Хајдфелд со второто место помогна тимот да се доближи на само 3 поени од водството на Ферари во генерален пласман во конструктори.

"Секако ова ќе ја зголеми нашата мотивација, но мораме секогаш да гледаме само кон следната трка. На крајот на сезоната ќе видиме до каде сме стигнале", вели Заубер.

ТАЈЗЕН: "ЦЕЛИТЕ НЕ СЕ МЕНУВААТ"

Шефот на БМВ Моторспорт, Марио Тајзен, вели дека тимот нема да ги менува своите цели оваа сезона и покрај победата, иако и тој признава дека очекувањата се огромни. Тајзен потврдува дека тимот ќе оди трка-по-трка и дека ќе се дава максимум во секој ГП викенд.

"Нашата цел за сезоната 2008 беше да ја претвориме трката на двајца во трка на тројца и да стигнеме до првата победа. По 1-2 победата во Монтреал ги остваривме двете цели по само седум трки. Сега нема да се опуштаме, туку одиме напред. Следната цел секогаш е следната трка. Со овој став мислам дека имаме добри шанси да направиме нешто повеќе", вели Германецот.

Техничкиот директор на тимот, Вили Рампф, пак, признава дека освојувањето на титулата не може да се отфрли како можност.

"Секако дека помислувате и на такви работи. Кога во седмата трка од сезоната стигнувате до 1-2 победа, добивате такви идеи. Но, мораме да бидеме реални", вели Рампф.

РОЗБЕРГ ВО БМВ, КУБИЦА ВО ФЕРАРИ?

По целиот успех на БМВ стигнаа и шпекулациите околу нивниот возачки состав. Последните шпекулации доаѓаат од Италија, каде што се вели дека Германецот од тимот на Вилијамс, Нико Розберг, кого Мекларен сакаа да го ангажираат на крајот на минатата сезона, сега е цел на тимот на БМВ Заубер. Ова ја заменува претходната шпекулација дека БМВ сакаат да го донесат Фернандо Алонсо од Рено на местото на Ник Хајдфелд. Роберт Кубица признава дека нема да "плаче" по Германецот Хајдфелд.

"За мене не би се променило ништо. Не е важно дали е Ник или Нико. Мојот тимски колега е само еден од 19-те возачи кои морам да ги победам", вели Полјакот, кој не демантираше дека би бил заинтересиран да вози за Ферари, велејќи дека "постои италијанска поговорка: 'тие кои чекаат, дочекуваат'".

Во исто време Марио Тајзен вели дека тимот не прави одлуки за возачкиот тим во 2009 и дека за тоа е прерано.

"Засега БМВ е задоволен со своите возачи, но нема да размислуваме за 2009 толку рано во сезоната. Добрите резултати предизвикуваат внимание и го знаеме тоа, но засега нема да коментираме", вели Тајзен.

Берни: "Паралелната серија е многу реална"

Ф1 шефот Берни Еклстоун предупреди дека несогласувањата околу позицијата на претседателот на ФИА Макс Мозли може да ги принуди тимовите да формираат нов шампионат. Еклстоун претходно изјавуваше дека нема опасност од ваква постапка, но сега го смени мислењето.

"Тимовите можат да прават што сакаат. Да ги задржиме среќни спонзорите, велиме дека не можеме да се одвоиме. Но, тоа можеби е тоа што навистина н$ очекува", вели 77-годишниот Англичанец во интервју со Тајмс.

Според Еклстоун неуспехот да се обнови Конкорд Договорот, кој ги одредуваше односите меѓу тимовите, носителите на комерцијалните права и ФИА од 1981 до 2007, значи дека тимовите се "слободни агенти".

"ФИА го нема најважното нешто, договор меѓу тимовите. Нема договор меѓу тимовите и ФИА, туку само комерцијален договор меѓу тимовите и Формула 1 Менаџмент (ФОМ)", вели Еклстоун, додавајќи дека Мозли не сака да го обнови договорот.

Мозли е под притисок од март, кога таблоидот Њуз оф д Ворлд го обвини дека учествувал во наци-секс оргија со пет проститутки. Мозли, кој е син на поранешниот британски фашистички лидер Сер Освалд Мозли, прифаќа дека бил со проституки, но вели дека во ниту еден момент не постоеле нацистички конотации. Еклстоун е загрижен за нешто друго.

"Најмногу ме загрижува што еврејската заедница контролира многу од финансиите кои влегуваат во формула 1, директно или индиректно. Тие сметаат дека ФИА не смее да дозволи некој како Макс да ги застапува. Јас сум одговорен кон инвеститорите кои имаат многу пари во формула 1", вели Еклстоун, кој е британски Евреин.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2008 во 19:30
Ф1 ФЛЕШ

Ф1 плејбојот, шефот на тимот на Рено, Флавио Бриаторе се ожени со италијанскиот модел Елизабета Грегорачи во Рим минатиот викенд. Бриаторе се ожени со 30 години помладата Грегорачи во црквата од 12. век Санто Спирито ин Сасиа, додека церемонијата ја водеше францускиот кардинал Пол Пупар. Помеѓу 300 гости на свадбата беа Берни Еклстоун, Жан Тод и Герхард Бергер, претседателот на Бенетон групацијата, Лучијано Бенетон, италијанскиот премиер Силвио Берлускони и поранешниот шпански премиер Хозе Марија Азнар. Еден специјален гостин, двократниот светски шампион Фернандо Алонсо, имаше важна задача да ги вози младенците до рецепцијата во Кастело Ди Торкресенца замокот во близината на Рим.

Роберт Кубица признава дека веќе не е толку близок со својот Ф1 ривал Луис Хамилтон како во минатото. 23-годишниот возач на БМВ се познава со возачот на Мекларен Хамилтон од детството кога беа ривали во картинг деновите, но Кубица вели дека блискоста веќе ја нема. "Имавме слични кариери и секако постои почитот. Но, имам чувство дека влеговме во Ф1 авантурата со поинаков став и затоа загубивме контакт. Покрај, тоа тој не знае да игра покер", се шегува Кубица, иако шегата со покерот е малку подлабока. Најблизок пријател на Кубица во Ф1 сега е Фернандо Алонсо, со кого често се на партии покер.

Мајк Гаскојн искрено се надева дека Форс Индија е неговиот последен Ф1 тим. Британецот едно време беше најдоброплатениот инжинер во формула 1, и работеше во тимовите на Мекларен, Заубер, Џордан и Рено. 48-годишниот Британец беше отпуштен од местото технички директор на Тојота пред две години, а лани се врати во спортот преку Спајкер. "Луѓето велат дека можам да го придвижам тимот напред, но потоа си заминувам пред да дојде првата победа. Но, секогаш има многу тимови кои сакаат да бидат напред, и други луѓе кои носат понуди. Се надевам дека ова ми е последен трансфер", вели Гаскојн.

Британските кардиохирурзи од Грејт Ормонд Стрит болницата во Лондон побараа помош од тимовите на Мекларен и Ферари за да ја усовршат техниката на операција на срце на деца. Во текот на операцијата пациентот е исклучен од една машина за одржување во живот на друга за трансферот на интензивна нега и лекарите велат дека ова е техника за која треба прецизност и брзина, нешто слично како влегување во боксот. "По една операција гледавме Ф1 трка и сфативме колку е слична нашата постапка, иако ние бевме похаотични. Мекларен ни помогнаа како да направиме систем на наредби, додека од Ферари научивме како да се одржиме во ритам и кој треба да е главен", вели професорот Мартин Елиот.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2008 во 17:09

ФОРМУЛА 1 - ИДНИНАТА НА ШПАНЕЦОТ ОСТАНУВА НЕИЗВЕСНА

Алонсо навистина не знае дали ќе остане во Рено

Двократниот формула 1 шампион за првпат сериозно најави дека не е сигурен за својата позиција во тимот на Рено во 2009. Фернандо Алонсо вели дека ќе одлучи дали ќе остане или не во оваа година слабиот Рено тим, кога ќе добие јасна слика за прогресот на тимот оваа сезона.

На широко се шпекулира дека Алонсо има клаузула за излез од договорот за 2009 доколку францускиот тим не ги исполни стандардите од неговиот претходен престој во Енстоун, и со верување дека има договор со Ферари за 2010 година, Шпанецот првпат јасно вели дека нема да се согласи со "просечност" многу долго.

Алонсо не ја крие желбата да има победнички болид за следната сезона, но тоа најверојатно нема да дојде од Рено, и покрај подобрувањата на потенцијалот на Р28 болидот. Инжинерскиот тим на Рено останува на мислењето дека болидот направи најголем скок напред во споредба со ривалите во првата третина од сезоната, но Алонсо сака поголем скок ако сакаат да го уверат да остане уште една година.

"Не знам дали ќе останам со Рено. Ќе ја направам одлуката за иднината при крајот на годината, кога ќе можеме да видиме колку напредок сме направиле. Тимот го подобрува болидот малку по малку и очекувам дека до крајот на сезоната можеме да стигнеме до подиумот, а дури и да победуваме", изјави Алонсо.

Двократниот светски шампион по трката во Канада изјави дека Рено треба во следните две трки, во Франција и во Британија, да одлучи дали вреди да се продолжи со развојот на Р28 болидот или да се откажат од болидот за 2008 за да направат вистински напад на 2009.

Алонсо е надвор во поени во четири од првите седум трки во 2008, вклучувајќи две откажувања (едно механичко и една незгода) и мора да се бори да остане меѓу најдобрите 10 во генерален пласман од двојката на Вилијамс Нико Розберг и Казуки Накаџима, но уште позасрамувачки тука е и Дејвид Култхард во Ред Бул, тим кој користи мотори на Рено.

"Досега не беше добра година, всушност е полошо од сите наши очекувања. Не сме биле на подиумот, а да не зборуваме за победи и имаме уште многу работа. Но, ова не е најлошиот момент во сезоната. Бев осми во Малезија и деветти во Бахреин и покрај добрите трки. Мислам дека тоа беше најниското наше ниво. Во Барселона бевме подобри и сега можеме да се бориме за петтото или шестото место, што значи дека одиме напред. По две откажувања не можам да кажам дека сме во најдобра форма, но сигурен сум дека одиме напред", вели Алонсо.

Шпанецот признава дека за неговите резултати во Монако и Канада е самиот виновен.

"Ризикувањето може да носи резултати. Во Монако можев да бидам трет или четврти, но не се случи тоа. Во Канада можев да победам, но... Не се предаваме така лесно и работиме деноноќно на болидот. Тимот работеше посебно напорно последната недела. Се надевам на добар резултат во Франција бидејќи тоа е домашна трка на Рено", вели Алонсо.

Алонсо си замина од Мекларен по една година од тригодишниот договор откако влезе во конфликт со шефот Рон Денис, поради тоа што не го доби третманот кој го заслужува како двократен шампион. Луис Хамилтон лани дебитираше во своите први девет трки од 2007 беше на подиумот, по што дојде спектакуларното несогласување со Алонсо, но и губењето на титулата во последната трка од сезоната. Англичанецот оваа година е далеку понестабилен, со многу повеќе возачки грешки.

"Не сум изненаден од неговите грешки. Минатата година со деветте трки, тоа беше необично. С$ одеше како што треба за него и имаше многу среќа. Но, не зависи с$ од возачот. Оваа година с$ е понормално", додава Алонсо.

Берни размислува: "Кубица би го 'растурил' Хамилтон!"

Берни Еклстоун смета дека Фернандо Алонсо е најдобриот активен формула 1 возач, а верува дека британската ѕвезда Луис Хамилтон не би бил дораснат на Роберт Кубица, доколку Полјакот возел Ферари или Мекларен. Од Ф1 шефот беше побарано за британскиот Тајмс да направи листа на топ 5 возачи и тој ги нареди: Алонсо, Хамилтон, Кими Раиконен, Кубица и Фелипе Маса. Еклстоун исто така верува дека Алонсо би бил подобар од Хамилтон доколку останеше во Мекларен.

"Ако с$ уште беше во Мекларен ќе му покажеше на Луис како се завршува работата, тука нема никаков сомнеж. Никогаш не сум го прашал, а треба, дали кога потпишал за Мекларен му е кажано дека ќе е број 1. Бидејќи ако не прашал и не му кажале, тогаш тој претпоставил дека е така. Да имаш колега кој никогаш не бил во формула 1 болид, нормално е да мислиш дека ќе си број 1, нели? Разликата со Луис е што минатата година не мораше да се докажува бидејќи беше ново момче и никој не очекуваше да заврши трка. Оваа година луѓето велат дека лани требал да биде шампион и сега притисокот е огромен", објаснува Еклстоун.

Лидер во генерален пласман во моментов е асот на БМВ Заубер, Кубица и Еклстоун верува дека тој е класа возач.

"Да беше во Мекларен или Ферари ќе се обложев дека ќе го 'растури' Хамилтон", додава Англичанецот.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2008 во 17:10
Ф1 ФЛЕШ

Повеќе од 100 изнервирани фанови поднесоа легална тужба против Фуџи, патеката на која се одржува Јапонското ГП. 109 тужители тврдат дека организаторите не обезбедиле адекванти тоалети, објекти за фановите за Ф1 трката минатиот септември, во враќањето на формула 1 на патеката во сопственост на Тојота. Тие бараат 300.000$ отштета откако повеќето од нив останаа надвор од патеката на дождот поради проблеми со транспортот.

Двајцата сегашни возачи немаат гарантирано место во Хонда за 2009, предупреди шефот на тимот Ник Фрај. Договорите на Џенсон Батон и Рубенс Баричело завршуваат на крајот на годината, и Фрај смета дека тимот од Брекли е доволно атрактивен за да привлече талентирани возачи. "Во моментов сите опции се отворени и нашите возачи го знаат тоа. Сега имаме вистински гуру во техничкиот директор Рос Браун и стануваме поатрактивни со промената на регулативите следната сезона", вели Фрај. Хонда уште сега се фокусираше на развојот на болидот за 2009.

Луис Хамилтон наводно потрошил неверојатни 400.000$ за регистерска табличка со името "ЛЕВ 1С", во досегашна сопственост на тајкунот со недвижнини Боб Луис, кој лани ја купил за помалку од 100.000$. Табличката ќе оди на црниот 4х4 Мерцедес во неговиот дом во Швајцарија. Во спротивност на ова трошење, возачот на БМВ Заубер Ник Хајдфелд, вети дека ќе даде дел од својата заработувачка во добротворни цели. "Јас имам среќа што имам многу пари и би сакал да помогнам на некои кои не се толку среќни", вели Хајдфелд.

По "распуштањето" на Супер Агури тимот, Хонда наскоро може да добие нов "Б тим". Португалските медиуми известуваат дека Кен Андерсон, познат американски инженер со повеќе улоги во Ф1 тимови, планира воспоставување на американски тим, кој би ги користел моторите, менувачите и КЕРС системите на Хонда. Американскиот тим би бил помаган од северноамериканскиот оддел на компанијата, додека во тимот сигурно би бил Такума Сато.

Тојота открија дека на Француското ГП ќе оддадат посебна почит на поранешниот шеф на Тојота Моторспорт, Ове Андерсон, кој загина при судар на Јужноафриканското рели. Двата ТФ108 болида ќе носат црна лента, додека и на дизајнот на гаражата ќе преовладува црната боја. 
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јуни.2008 во 16:55

ФОРМУЛА 1 - АСОТ НА МЕКЛАРЕН ВЕЛИ ДЕКА ПРИТИСОКОТ Е ОГРОМЕН

Хамилтон признава дека ја чувствува "жештината"

Луис Хамилтон признава дека се мачи излегувањето на крај со притисокот околу освојувањето на формула 1 титулата. Овие коментари доаѓаат откако тој доби казна од 10 места за Француското ГП овој викенд, за удирање во задниот дел на Кими Раиконен во Ферари на последната трка во Монтреал.

"Спортот е забавен, но има начин на кој мораш да научиш да уживаш. Има премногу притисок и не можам да објаснам детално што се очекува од мене", вели Хамилтон во интервју за ББЦ Спорт.

Хамилтон го загуби водството во генерален пласман од Роберт Кубица од БМВ Заубер по грешката во Канада и овој викенд во Мањи-к*р речиси сигурно ќе загуби уште поени. Казната значи дека победата во Франција е многу далечна, посебно бидејќи патеката се очекува да оди во корист на Ферари, чии возачи Раиконен и Фелипе Маса се сметаат за поголеми ривали за титулата од Кубица, кој се најде на првото место поради постојаноста на не толку брзиот болид на БМВ.

"Јас самиот си ставам притисок, и кога нема да успееш, нормално не се чувствуваш убаво. Ова се денови на градење на мојот карактер и морам да бидам посилен. Не победив на последната трка, но уживам во жештината на Ф1. Сакам да се вратам во фабриката да работам со момците и да уживам во конк*рентната атмосфера", додава Хамилтон.

Ова е вторпат по само неколку дена Хамилтон да зборува за притисокот во формула 1. На Канадското ГП тој призна дека грешките на трките во Малезија и Бахреин дојдоа бидејќи "поради притисокот, доаѓаат и грешките, посебно кога возиш до лимит".

Хамилтон додава дека ќе ужива во Британското ГП за две недели, на патеката Силверстоун бидејќи има големи шанси да победи. Договорот на трката завршува следната година и ако не успеат преговорите со Берни Еклстоун за новиот договор, Британското ГП ќе замине во историјата, нешто што Хамилтон не сака да се случи.

"Не можеме да ја загубиме оваа патека. Силверстоун има вистински карактер и класа и тука е од почетокот. Формула 1 нема да биде иста без неа. Не се вклучувам во политиката, но би направил с$ да му помогнам на Британското ГП", додава Хамилтон.

Кими: "Не ја загубив желбата за победи"

Светскиот шампион Кими Раиконен вели дека има "огромна желба за победа" на Француското ГП во Мањи-к*р овој викенд оценувајќи ја трката како совршено место за враќање во форма. Финецот не ги заврши последните две трки во поени, паѓајќи од првото на четвртото место во генерален пласман со 7 поени заостанување зад лидерот, Роберт Кубица во БМВ Заубер. Возачот на Ферари вели дека никогаш не бил погладен за победа.

"Не се сеќавам кога сум имал толкава страст за победа. Тимот подготви болид кој е брз на сите патеки, но јас не бев најдобар на последните трки. Не сакам да гледам назад и да размислувам за Канада и Монако. Не носам лоши мисли со мене бидејќи така ќе губам повторно. Подобро е да се концентрирам на следната трка", вели Раиконен.

Асот на Ферари смета дека има многу големи шанси да ја повтори минатогодишната победа на француската патека.

"Работите ќе бидат поинакви на Мањи-к*р во споредба со трката во Монако. Во Франција минатата година мојата сезона почна како што треба и тоа ми треба повторно по две трки без поени. Ја сакам оваа патека и мислам дека е совршена за нашиот болид", додава Раиконен.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јуни.2008 во 16:56
Ф1 ФЛЕШ

Фернандо Алонсо ги испофали БМВ Заубер и нивниот раст како топ 3 формула 1 тим, но во исто време сакаше да ги намали шпекулациите дека ќе му се приклучи на својот пријател Роберт Кубица во германскиот тим во 2009. "БМВ беше тим кој одеше нагоре и лани, а оваа година го потврдија тоа. Тие станаа трет најголем тим со Ферари и Мекларен, и Роберт е добар пријател и среќен сум што се бори за титулата. Но, никогаш не знаете дали вашиот тимски колега е пријател или ривал. Мислам дека ќе продолжиме по нашите посебни патишта", коментира Алонсо за Диарио АС.

По осум успешни години, Рено објавија дека Дино Тосо си заминува од нивниот тим. Тосо беше директор на аеродинамичка технологија и беше одговорен за градење на еден од најуспешните аеродинамички тимови од 2003 година, и со тимот освои две светски титули и не заврши под 3. место во генерален пласман."Би сакал да им се заблагодарам на Флавио Бриаторе и Боб Бел за професионалната и лична поддршка. Мојата страст секогаш била иновативната аеродинамика и сега сакам нов предизвик", вели Тосо. На неговото место доаѓа Холанѓанецот Дирк Де Бер.

Локалната власт во Мелбурн смета дека е време да се откажат од формула 1 трката и сега побараа од власта на државата Викторија да не го продолжуваат договорот до крајот на 2015. "По 14 години, на жителите им беше доста. Зошто тие да страдаат од буката и од трката за настан кој лани имаше загуба од 53.2 милиони $?", се пражува градоначалникот на Порт Филип, Џенет Крибс.

Светскиот шампион од 1997 година, Жак Вилнев, вели дека е отворен за можноста да се врати во формула 1. При посетата на трката во Монтреал, Канаѓанецот изјави дека е тешко да се верува дека ќе се врати во Ф1, но откако минатиот викенд заврши втор на Ле Ман, 37-годишниот Вилнев за италијанските медиуми кажа поинаква приказна. "Да бидам искрен не знам дали тоа е можно, но никогаш не сум ја загубил надежта да се вратам во формула 1. Возев и на други места, но тоа беше бидејќи немаше празно место во Ф1", вели Вилнев, кој во кариерата победи на 11 трки.

Четирикратниот формула 1 шампион Алан Прост се надева дека Француското ГП ќе биде спасено бидејќи за Франција е многу важно да се продолжи традицијата и да се продолжи со Ф1, спорт кој се оддржува од 1950 година. "Важно е за Франција да има ГП трка. Не се работи само за трката, туку и за претставување на автомобилистичката индустрија. Но, тоа не е моја одлука. На крајот ќе се одлучува економски - преку Берни Еклстоун и производителите, но мислам дека историските Ф1 трки во Европа мораат да останат", смета Прост.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2008 во 18:03

ФОРМУЛА 1 - ВО СКУДЕРИЈА НЕ СЕ СМЕТААТ ЗА ФАВОРИТИ ЗА ФРАНЦУСКОТО ГП

Маса подготвен за битка во Мањи-к*р

Фелипе Маса не сакаше да ги коментира статистиките велејќи дека бидејќи Ферари доминирале на Француското ГП минатите 10 години, не значи дека ќе го направат тоа и овој викенд. Ферари имаат седум победи во последните 10 Француски ГП трки, а последниот триумф дојде лани кога Кими Раиконен победи пред Маса во одлична 1-2 победа. Мекларен во споредба има само една победа во овој период, во 2000.

Но, и покрај овие факти, Маса не е сигурен дали Скудерија ќе има голема предност на последната трка на патеката Мањи-к*р и додава дека мора да се внимава на Мекларен и БМВ.

"Во последните години луѓето велат дека Канада и Монако им одговараат на Мекларен подобро отколку на Ферари, додека Франција и Британија се 'наши трки', но не верувам дека тоа е случајот оваа година бидејќи покрај сите услови мора да ја вклучиме и БМВ во пресметката. Оваа година во Монакоги имавме првите две места на квалификациите иако имавме повеќе гориво од Мекларен, а во Канада имавме добра брзина. Во другите трки е многу тесно, но се надевам дека ќе бидеме конк*рентни овој викенд. Ја сакам Мањи-к*р, лани бев втор од пол-позицијата, но потоа загубив доста во мешаницата, а во 2006 бев трет. Тоа е добра патека. Би било добро да се повтори успехот од 2006, но со обратни позиции", вели Маса.

Раиконен исто така не сакаше да падне на "стапицата" со фаворити, признавајќи дека новиот лидер во генерален пласман, победникот од Канадското ГП, Роберт Кубица од БМВ може да биде закана и во Франција и во трката за титулата.

"Сите трки се многу важни и еден поен може да направи голема разлика, како минатата година. Оваа година ќе имаме исто толку израмнет шампионат и затоа секогаш е најважно да се освојат поени. Кубица води и освен на првата трка има освоено поени на сите трки", вели Финецот.

За Луис Хамилтон, Финецот верува дека ќе биде будалесто да се отпише возачот на Мекларен иако има 10 места казна на стартот поради инцидентот на Канадското ГП, кога го удри Раиконен одзади при излегување од бокс.

"Хамилтон ќе стартува подолу поради казната, но никогаш не смеете да ги потцените Мекларен, и ќе мораме да се потрудиме да бидат зад нас. Ќе донесеме доста нова технологија, а тимот работи деноноќно на подобрувањата, иако тоа го прават и конк*рентите", додава Раиконен.

Патеката Мањи-к*р по неколку работи е посебна: има неверојатно мазна подлога, која е многу чувствителна на температурата, така што само неколку степени разлика има огромно влијание на перформансите на пневматиците, иако сега со само еден снабдувач на пневматици условите ќе бидат исти за сите.

Во шампионат каде што едно или две влегувања во боксот се поставија како норма, француската патека додава дополнителна стратешка можност поради многу краткиот бокс. Во 2004 Михаел Шумахер победи на трката и покрај тоа што дури четирипати беше во бокс. Чекањето на влегување во бокс не е единствен метод за претекнување во Мањи-к*р, каде што има неколку добри можности за претекнување.

Целта за "Коњчето" секако е двајца возачи на подиумот в недела попладне.

Берни не може да го помогне разделувањето во Ф1

Ф1 шефот Берни Еклстоун предупредува дека тој не може да биде дел од кој било потег на тимовите за формирање на паралелен Ф1 шампионат. Тимовите се незадоволни по одбивањето на претседателот на ФИА, Макс Мозли да се потпише новиот Конкорд договор, кој го потпишуваат три страни, тимовите, ФИА и Еклстоун и со кој се уредува формула 1. Но, Еклстоун, кој влезе во конфликт со Мозли по наци-секс скандалот на претседателот на ФИА, вели дека неговиот Формула 1 Менаџмент (ФОМ) има силен договор со ФИА.

"Јас им кажав на тимовите дека ако сакаат паралелна серија, тогаш можат да го направат тоа, но дека ние не можеме да бидеме дел од тоа. Сега на крајот се поставува прашањето, што ќе се случи ако не добиеме Конкорд договор? За тимовите е едноставно: 'не сакаме врска со ФИА, сакаме наша серија и секогаш можеме да го направиме тоа'. Но, ние не можеме да го поддржиме тоа и да сакаме", вели Еклстоун.

Британецот вели дека императив на Ф1 е да се обезбеди нов Конкорд договор поради "стабилност", а најголемиот проблем е тоа како се создаваат правилата. Според стариот договор, кој беше во сила од 1981 до 2007, тимовите имаа главна улога во формирањето на правилата преку организација позната како Формула 1 комисија, во која беа и Еклстоун и Мозли со шефовите на тимовите, спонзорите и промотерите.

"На почетокот се согласивме да имаме ист договор како претходниот бидејќи со Ф1 комисијата ниту еден немаше целосна контрола. Мозли побара нешто сосема поинаку, што тимовите нема да го прифатат. Не гледам причина за компромис бидејќи се работи за лоши решенија. Сакаме да продолжиме како во минатото", додава Еклстоун.

Возачите најавуваат штрајк?

Формула 1 возачите се закануваат со бојкот на Британското ГП следниот месец поради радикалното зголемување на цената на задолжителните супер-дозволи од ФИА оваа година. Пред 2008 супер-дозволите ги чинеа возачите 1.690 евра плус 447 евра за секој освоен поен во претходниот шампионат. Но, во јануари, Светскиот моторспорт совет (ВСМЦ) одобри зголемување на цената на дозволата на 10.000 евра, плус 2.000 евра по поен. Тоа значи дека супер-лиценцата на светскиот шампион Кими Раиконен чини одлични 230.000 евра за 2008.

Германскиот магазин Ауто Мотор Унд Спорт известува дека Асоцијацијата на ГП возачи (ГПДА) бара итен состанок со претседателот на ФИА, Макс Мозли, пред трката во Силверстоун за две недели. Ако Мозли не се согласи на намалување на трошоците, возачите се подготвени да одат на штрајк. Еден анонимен возач оцени дека зголемувањето на "тарифата" не е фер за возачи како Роберт Кубица, новиот лидер во генерален пласман.

"Тој с$ уште не заработува премногу, и лиценцата е една десетина од неговиот приход", коментира возачот.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1819202122 55>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,328 секунди.