Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 08.Август.2008 во 17:17 |
АТЛЕТИКА - АМЕРИКАНЕЦОТ Е ФАВОРИТ ОД СЕНКА ВО ТРКАТА НА 100 МЕТРИ
Опуштениот Геј вели дека повредата му помогна
Тајсон Геј вели дека повредата која го остави надвор од тартанот
минатиот месец му помогнал во подготовките за Олимпијадата, бидејќи
успеал да се опушти од притисокот и да се фокусира само на трката на
100 метри.
"Сега сум прилично опуштен. Повредата беше незгоден
чекор наназад, но ми помогна бидејќи бев далеку од медиумите, немаше
интервјуа можеби три или четири недели. Затоа сум опуштен и не сум
нервозен пред Олимпијадата. Не чувствувам многу притисок сега. Бутниот
мускул е добар, имав доста добра терапија, а ова е Олимпијада, така што
адреналинот ќе биде тука", вели Геј, откако пристигна во Пекинг по
терапијата во Германија.
Геј го повреди бутниот мускул во
квалификациите на 200 метри на националното првенство во јуни, и не
учествуваше на големите европски митинзи минатиот месец. Покрај тоа,
перформансите на Јамајканците Асафа Пауел и Усаин Болт ја свртеа
јавноста кон нив.
"Кога истрчав 9.6 со ветер на 100 метри,
луѓето почнаа да зборуваат дека морам да победам и дека сум главниот
фаворит. Но, во исто време имав мала повреда и сега притисокот е кај
другите", додава Геј.
Тие 9.68 со ветер во грбот му донесоа
титула на американските квалификации, но тој не успеа да се квалификува
на 200 метри, откако се повреди во текот на квалификациите.
"Навистина
бев налутен што нема да одам на 200 метри. Знам дека САД мора да се
откаже од 5 добри спортисти и дека некој нема да оди, но не мислев дека
тоа сум јас. Главната цел беше да се вратам од Пекинг со три златни
медали. Болт е главниот фаворит. Тој го запали светот со 9.72, 9.76 и
сите 9.8 трки. Тие се зборовите со кои може да се опише. Со
дополнителните 19.6 на 200 метри покажа колку е моќен", вели Геј.
Американецот смета дека Асафа Пауел е "фаворитот од сенка" во Пекинг и дека вниманието кон Болт му помогнало на Јамајканецот.
"Асафа
нема притисок. Целата негова земја мисли на Усаин Болт и на златото и
тоа е нормално. Но, тој е голем натпреварувач и може да стигне до
далеку", вели Геј.
ИОЦ засега нема одлука за Тану
Грчката
спринтерка Катерина Тану и нејзиното учество на Олимпијадата во Пекинг
се уште не е одлучено и покрај состанокот на дисциплинската комисија на
ИОЦ, призна претседателот Жак Рог. Освојувачката на сребро на 100 метри
од Сиднеј 2000 е вклучена во долга расправа со ИОЦ околу нејзиното
учество во Пекинг, поради допинг-скандалот пред Олимпијадата во Атина
заедно со сонародникот Костас Кедерис. Во 2004 Тану и Кедерис се
повлекоа од Игрите поради пропуштање на допинг-тестови и беа
суспендирани до декември 2006. Тану потоа стигна до квалификациската
норма за Пекинг, но мора да добие потврда од ИОЦ дека може да учествува.
"Имаше
состанок на дисциплинската комисија и се уште го немам извештајот.
Малку е рано да донесеме одлука", вели Рог, посочувајќи дека се
потребни неколку дена до конечната одлука.
Тану ќе пристигне во
Пекинг на 13 август, неколку дена пред квалификациите на 100 метри на
16 август. Нејзиниот адвокат постојано ги обвинува ИОЦ за
дискриминација, заканувајќи се со легална акција. ИОЦ велат дека откако
Тану и Кедерис ги предале акредитациите во Атина, случајот е затворен,
а сега е потребно само да се види дали може да учествува на идните
Олимпијади.
Фазекаш бара простување
Унгарскиот
фрлач на диск, Роберт Фазекаш не доаѓа во Пекинг за медал, туку за
простување. Унгарецот, кој победи во Атина во 2004 година го загуби
медалот поради допинг-прекшок и сега вели дека сака да се докаже и да
го исчисти своето име пред семејството и пријателите.
"Ќе бидам
само дополнителен човек во Пекинг, го знам тоа. Има 12 момци кои фрлиле
на 66 метри, така што и пласман во финалето може да се смета за успех.
Но, должен сум кон моето семејство и пријатели кои беа покрај мене цело
време", вели Фазекаш.
Фазекаш стана вистинска ѕвезда во Унгарија
пред четири години кога заедно со фрлачот на кладиво, Адријан Ануш
победија во Атина, но им беше одземено златото поради прекршување на
допинг-правилата, по што беа "влечкани" низ кал во медиумите.
"Ретко
мислам на Атина. Освоив олимписко злато со олимписки резултат и тој ми
беше одземен неправилно", вели Фазекаш кој во 2004 беше дисквалификуван
поради тоа што не дал доволно урина за допинг-тестот.
Клемент мисли дека е фаворит за златото
Светскиот
шампион на 400 со пречки, Американецот Керон Клемент е самоуверен дека
е првиот фаворит во Пекинг и покрај тоа што беше поразен од Бершон
Џексон на американските квалификации. Клемент ќе дебитира на
Олимпијадите, и верува дека трите победи во европската сезона за две
недели ќе му дозволат да се смета за фаворит.
"Дури иако не
победив на квалификациите, знам дека сите ќе внимаваат на мене бидејќи
сум светски шампион", вели 22-годишниот Клемент.
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
 |
гoстин
Сениор
Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 06.Август.2008 во 18:09 |
Цела Кина се надева на „летачот“
Лиу Сијанг е спортски идол кај домаќинот на ЛОИ, а Кинезите од него очекуваат злато
Кинезите сонуваат да ги победат лутите ривали од САД во вкупниот збир на медали на Летните олимписки игри во Пекинг, а луѓето од најмногубројната земја во жетвата на златните одличија посакуваат да ги предводи омилениот „летач“ Лиу Сијанг. Рамо до рамо со најголемата домашна атракција - атлетичарот Лиу, кој е олимписки и светски шампион на 110 метри со пречки - е кинескиот џин од НБА, Јао Минг, но најмногубројната нација е свесна дека во кошарката шансите им се минимални во конк*ренција на дрим-тимот од САД, актуелниот олимписки првак Аргентина, европскиот шампион Русија и силната Шпанија. Иако и во кошарката не се откажуваат од подвиг во последниот настап на Минг на олимпијадите, знаат дека многу поголеми шанси за злато има вториот спортски идол Сијанг. Бранителот на трофејот од игрите во Атина, чие лице е најмногу присутно на рекламните паноа низ Кина, ќе има пеколен противник во Кубанецот Дајрон Роблес. Роблес пред два месеца на митингот во Острава, Чешка, истрча нов светски рекорд од 12, 87 секунди, за една стотинка подобро од резултатот на Сијанг.Не заборавајте дека Лиу е олимписки шампион. Цела Кина ќе го бодри и очекуваме нова блескава победа на нашиот „летач“ - велат домаќините. За 25-годишниот Лиу велат дека воопшто не личел на атлетичар, туку напротив, му се потсмевале во детството оти одел накриво.Тој беше премногу слаб и одеше чудно - вели неговиот татко Лиу Суеген. На 7-годишна возраст Лиу јуниор бил селектиран како скокач во височина, но не израснал доволно, па на повидок бил финиш на кариерата пред таа и да започне. Еден од тренерите забележа дека Лиу е талентиран за атлетика, но бараше пари од родителите за да го тренира. Мајка му се налути и му забрани на Лиу да го посетува спортскиот центар - вели близок пријател на атлетичарот.
ПРЕЗИМЕТО МУ ЗНАЧИ „ЛЕТАЧ“
Презимето Сијанг на кинески значи летачкиот, а Лиу комплетно го оправда. Заслуга за подемот на „летачкиот“ има истиот тренер што отпрво барал пари. Кинескиот атлетски мудрец е Сун Хајпинг, а под негова контрола Лиу брзо блесна. Сун дојде во домот на Лиу и побара бесплатно да го тренира момчето. Вети дека Лиу ќе ја има најдобрата исхрана, максимални услови за тренинг и шанса да биде добар атлетичар, со што ја натера мајка му Џи да попушти - дополни пријателот на Лиу.Лиу го освои 4. место на СП за јуниори во 2001 година и бронзата две години подоцна. Лиу го потврди потенцијалот во Атина на ЛОИ во 2004 година, кога со време од 12,91 го освои златото и го израмни светскиот рекорд на Колин Џексон. Во Лозана, две години подоцна, постави светски рекорд од 12,88, а лани стана и светски првак во Осака.Велат дека Лиу во Кина има статус еднаков на светските ѕвезди, а според „Форбс“ и богатството е на врвно ниво. Најбрзиот Кинез лани заработил 23,8 милиони долари. Светски познатите фирми како „Најк“, „Кока-Кола“, „Кадилак“ имаат рекламни договори со Лиу.
ЛИУ НЕ СМЕЕ ДА ВОЗИ АВТОМОБИЛ
Статусот на божество што го има олимпискиот и светски првак го потврдува и фактот што „летачкиот“ не вози автомобил, бидејќи Кинезите се плашат да не му се случи нешто.Лиу има неколку автомобили, но не му е дозволено да вози. Кај нас се плашат дека може да му се случи нешто. Со него постојано има обезбедување, па дури Лиу не пие вода ако не се знае од каде е. Исто се постапува и со храната - вели анонимниот извор. Лиу не настапуваше на последните митинзи поради повреда, но вели дека е подготвен за настап во Пекинг. Ќе има притисок, но знам да се справам со него. Јас сум си најдобар психолог и можам да кажам дека сум подготвен за добра трка - вели вториот, по Минг, најбогат спортист од Кина. Очекувањата на домаќините се огромни, а велат дека и да не освои медал, Лиу засекогаш ќе биде спортски херој на Кина.„Не е важно што ќе се случи. Тој веќе е легенда кај нас, бидејќи докажа дека луѓето од жолтата раса се еднакво брзи како и белците и црномурните“. Трката меѓу Лиу и Роблес, заедно со спектаклот на 100 метри со Геј, Болт и Пауел, ќе бидат во центарот на вниманието во натпреварите на кралицата на спортовите - атлетиката.
|
|
 |
гoстин
Сениор
Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 06.Август.2008 во 18:06 |
Џонсон го врати олимпиското злато
Американскиот атлетичар Мајкл Џонсон го исполни ветувањето и го врати златниот олимписки медал од Сиднеј 2000, што го освои во штафетата 4 пати 400 метри. Светскиот рекордер на 400 метри во мај годинава вети дека ќе се откаже од медалот, ако се докаже дека неговиот колега од победничката штафета Антонио Петигру бил допингуван. Петигру призна дека шест години користел забранети супстанции, па со него и петкратниот олимписки шампион Џонсон остана без едно одличие. Тој ни испрати писмо со силна порака. Тоа е фер потег, што само потврдува дека Џонсон е голем спортсмен - изјави Томас Бач, потпретседателот на ИОК. Покрај Петигру и Џонсон, без злато останаа и браќата близнаци Алвин и Калвин Херисон. Во последните 8 месеци Американците вратија девет медали освоени на ЛОИ во атлетските дисциплини. Сите пет што ги освои Мерион Џонс не важат, а некогашната прва дама во спринтерските дисциплини патем заврши и во затвор, поради лажно сведочење. Таа од 11 март годинава одлежува 6-месечна казна во Форт Ворт, Тексас, а медалите и' беа одземени поради допинг.
|
|
 |
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 28.Јули.2008 во 14:16 |
АТЛЕТИКА - ЈАМАЈКАНЕЦОТ ПОЛН СО САМОДОВЕРБА ПРЕД ПЕКИНГ
Пауел ветува олимписко злато
Асафа Пауел ги отфрли критиките дека му недостасува ментална сила да
стане олимписки шампион ова лето. Поранешниот светски рекордер на 100
метри се уште нема голема глобална титула и покрај тоа што е еден од
топ спринтерите во последните 4 години.
"Тоа не ме плаши.
Момците против кои ќе трчам во Пекинг се истите против кои трчам цела
година. Нема ништо поинаку на Олимпијадата, тоа е само име и не треба
да размислуваш за тоа се додека не ја поминеш целната линија", вели
Пауел.
Бидејќи светскиот шампион, Американецот Тајсон Геј се
мачи со повреда, додека новиот светски рекордер Јамајканецот Усаин Болт
се уште не се обврзал дека ќе трча на 100 метри во Пекинг, Пауел е
првиот фаворит за титулата. 25-годишниот Јамајканец има најмногу трки
под 10 секунди од сите активни спринтери.
Пред четири години во
Атина тој заврши само петти, додека минатата година на Светското
Првенство во Осака падна трет зад Геј и Дерик Еткинс.
"Ако се
погледне назад тогаш е јасно дека Атина беше моја прва Олимпијада, а го
имав и личниот рекорд во финалето, така што не знам зошто сите велат
дека не сум најдобар во финалињата. Во Осака беше единствен пат кога
работите не тргнаа како што очекував. Направив грешка која нема да се
повтори", вели Пауел.
Гебре подготвен за последното "ура"
Двократниот
олимписки шампион, Етиопјанецот Хаиле Гебрселасие вели дека е целосно
подготвен за нов обид за титулата на 10.000 метри. Етиопската легенда,
која се мачи со повреда на бутниот мускул, се врати на тренинг во Адис
Абеба за неговата последна Олимпијада по златата во 1996 и 2000.
"Се
чувствувам многу добро во моментов. Почнав да спринтувам и подготвен
сум за добра трка во Пекинг", вели Гебрселасие, кој се откажа од
маратонската трка во која е светски рекодер со 2:04:26 поради
загриженост за здравјето поради астмата.
Израелец пуштен на кауција во Етиопија
53-годишниот
Израелски олимпиец Ајеле Сетенг беше уапсен во северна Етиопија за
обвиненија за измама, но беше пуштен со кауција. Сетенг, кој е роден во
Етиопија, а ќе биде единствениот маратонец од Израел во Пекинг беше
уапсен бидејќи наводно земал пари од двајца локални тркачи ветувајќи им
пат во Израел.
"Ајеле Сетенг беше пуштен со кауција по краткото
појавување пред судот во Гондар. Судот доби барање од Израел и доби
гаранција дека Сетенг ќе се врати по Олимпијадата", вели локалниот
обвинител.
Еврејската држава почна со преселба на етиопските Евреи во раните 80-ти, а сега во Израел има десетина илјадници Етиопјани.
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
 |
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 20.Јули.2008 во 16:55 |
АТЛЕТИКА - АМФ НА ДВА ФРОНТА
Јуниорите во Турција, сениорите во Грција
Викендов, во Турција и во Грција стартуваат
Балканските шампионати во атлетика на кој меѓу земјите учеснички ќе
настапат и нашите атлетичари. Имено, во Бурса, Турција, каде се
одржува јуниорското БП нашата екипа е далеку побројна отколку во
Костор, Грција, каде ќе учествуваат сениорите. Во однос на резултатите тие се предвидуваат во рамките на можностите. За
потребите на БП во Турција селекторот Димитров се одлучи за 13
атлетичари во машка (Ефремов, Тодоровски, Јанковски, Мирчевски, Љушев,
Дамчевски, Милчевски, Јованов, Шандов, Кафтановски, Павловски, Нуцовски
и Егзим) и 10 во женска конк*ренција (Рожман, Х. Ристеска, Митроска,
илипова, Крстева, Петреска, Спасеска, Ф. Ристеска, Станкоска и Терзин). А,
пак, на БП во Костур во Грција боите на нашата земја ќе ги бранат 8 во
машка (Спасовски, Трпоски, Даутовски, Мартиновски, Трендафилов, Најдов,
Кираџиев и Селман) и 2 во женска конк*ренција (Тасевска и Темова).
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
 |
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 09.Јули.2008 во 16:45 |
АТЛЕТИКА - РУСКАТА СВЕТСКА РЕКОРДЕРКА ПЛАНИРА ДА ТРЧА ОВАА СЕЗОНА
Печонкина демантира дека мисли на пензија
Светската рекордерка на 400 метри со пречки, Русинката Јулија
Печонкина нема да се откаже од атлетиката и покрај тоа што се објави
дека нема да оди на Олимпијадата во Пекинг поради проблеми со срцето.
Главниот тренер на рускиот национален тим, Валентин Маслаков, кој исто
така е и нејзин личен тренер, изјави дека таа нема да оди во Пекинг, и
најави дека може да се откаже.
"Таа имаше здравствени проблеми од април, прво синуситис, а потоа и посериозните проблеми со срцето", изјави Маслаков.
Но,
нејзината менаџерска компанија демантираше дека таа е подготвена да се
откаже, и додаде дека веќе продолжила со тренинзите и дека 'планира да
трча оваа година'. Според нив изјавите дека таа нема да оди во Пекинг
се поради тоа што ќе го пропушти рускиот шампионат.
На
квалификациите, најдобрите две во секоја дисциплина се квалификуваат,
но таа може да добие трето место како вајлд-карта ако импресионира на
другите митинзи.
Печонкина ја освои својата светска титула во
2005 во Хелсинки, а заврши и како втора во 2001 и 2007. Олимпијадите не
и се силна страна откако во Атина во 2004 заврши последна во финалето.
30-годишната Русинка го постави светскиот рекорд од 52.34 во 2003,
совладувајќи го осум години стариот рекорд на Американката Ким Батен.
Попеску исфрлена од романскиот тим
Романија
ја исфрли специјалистката за трки на средни патеки, Лилиана Попеску од
олимпискиот тим за Пекинг поради позитивен допинг-тест, објави
Романскиот олимписки комитет (ЦОР).
"Комитетот реши да ја
исклучи Попеску од делегацијата за Пекинг поради позитивниот тест на 29
мај во Алжир. Сите членови на романската делегација ќе одат на
анти-допинг тестови пред Олимпијадата за да се избегне финансиска
катастрофа", вели Октавијан Белу, претседателот на Националната
Спортска Асоцијација.
Според Белу, позитивен тест во Пекинг може
да донесе казна од 100.000 евра. Попеску, која победи во неколку трки
оваа година на 1.500 метри, беше една од најголемите надежи за медал во
атлетиката за Романија.
Продолжена суспензијата за Гезиеле
Француската
тркачка на средни патеки Бушра Гезиеле доби зголемување на допинг
суспензијата од шест месеци на четири години откако се жалеше на првата
одлука. 29-годишната освојувачка на бронза од СП во 2005 година имаше
позитивен тест на ЕПО во март.
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
 |
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 07.Јули.2008 во 15:44 |
АТЛЕТИКА - АМЕРИКАНСКИОТ ДВОКРАТЕН СПРИНТЕРСКИ ШАМПИОН СО НЕЗГОДНА ПОВРЕДА
Нема двојна програма за Тајсон Геј
Соништата за светскиот шампион Тајсон Геј за олимписки двоен триумф
завршија со болка откако испадна од четвртфиналето на 200 метри на
Американските Квалификации во Орегон. Веќе квалификуван за 100 метри во
Пекинг, Геј истрча само 12 чекори и 40 метри пред да се фати за левиот
бутен мускул и да падне на тартанот. Тој лежеше неколку минути пред да
биде изнесен од стадионот.
"Пред да излезам на патеката
почувствував мала болка во бутниот мускули и имав доста лошо чувство.
Кога излегов од првата кривина, првите два чекори беа добри, а потоа
почувствував остра болка. Кога бев на тартанот не болеше толку", вели
Геј.
Повредата беше голем удар за американските надежи во
Пекинг, бидејќи под стриктните правила на квалификациите само топ 3
финишерите влегуваат во тимот. Изненадувачката трка наликува на
олимписките квалификации во 2000 кога светскиот рекордер Мајкл Џонсон и
Морис Грини испаднаа од финалето на 200 метри поради повреда. Џонсон
победи на 400, а Грини на 100 во Сиднеј.
Геј победи на 100 метри
минатата недела со 9.68 време со ветар во грб, најбрзо време во
историјата под било кои услови, откако предходниот ден постави
национален рекорд од 9.77. По вестите за повредата, светскиот рекордер
на 100 метри, Јамајканецот Усаин Болт му посака побрзо опоравување на
Геј.
"Навистина штета што тоа се случи, но сепак ќе се видиме во Пекинг", изјави Болт.
Болт победи на 100 и 200 метри на јамајканските квалификации во Кингстон.
Влашиќ ја продолжи серијата
Хрватската
светска шампионка Бланка Влашиќ стигна до својата 31. победа по ред,
откако прескокна 2.06 метри на митингот во Мадрид, на само еден
центиметар од нејзиниот личен рекорд. Таа не успеа да прескокне 2.10
метри, со што ќе го подобреше светскиот рекорд од 2.09 од Бугарката
Стефка Костадинова. Нејзината најголема ривалка и актуелна олимписка
шампионка, Русинката Јелена Слесаренко беше трета со скок од 2.01
метри, зад Шпанката Рут Беитиа Вила.
"Очекував да прескокнам најмалку 2.03 метри, но јас сум многу конк*рентна атлетичарка и морав да одам повисоко", вели Влашиќ.
Помеѓу
подобрите резултати на најголемиот атлетски митинг во Шпанија, беше
победата на Шуранди Мартина на машките 100 метри со време од 10.03.
Мартина го совлада Португалецот со нигериско потекло Френсис Обиквелу
кој имаше време од 10.08. Португалскиот светски шампион Нелсон Евора
победи во трискок со 17.40, далеку послабо од неговите 17.74 од СП во
Осака.
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
 |
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 01.Јули.2008 во 17:23 |
АТЛЕТИКА - АМЕРИКАНЕЦОТ СО НАЈБРЗА ТРКА НА 100 МЕТРИ БЕЗ РАЗЛИКА НА ВРЕМЕНСКИТЕ УСЛОВИ
Геј како молња до 9.68 секунди, но со ветер во грб
Светскиот шампион Тајсон Геј ги истрча најбрзите 100
метри на сите времиња за да победи на американските олимписки
квалификации во Јуџин, Орегон, истрчувајќи неверојатни 9.68 секунди со
ветер во грб. Со победата Геј влегува во првиот олимписки американски
тим, но ветерот од 4.1 метри во секунда во грб значи дека 25-годишниот
Американец нема да биде светски рекордер. Само времиња со ветер до 2.0
метри во секунда во грб се земаат во предвид за рекорд.
"Ова
време значи многу бидејќи тоа е времето кое мојот тренер Џон Драмонд ми
го поставуваше во главата долго врмее, дека можам да истрчам 9.6. Не ми
е грижа колку беше ветерот", вели Геј.
Јамајканецот Усаин Болт е
светски рекордер со време од 9.72 секунди, додека предходното најдобро
време под било какви временски услови е 9.69 на Обаделе Томпсон од
Барбадос во 1996.
Геј, кој постави национален рекорд од 9.77 во
саботата, имаше солиден старт и по 40 метри беше во контрола на трката,
втор беше поранешниот колеџ шампион Валтер Дикс со 9.80, атрет Дервис
Петон со 9.84 секунди. Двократниот светски шампион ќе се обиде да влезе
и во тимот на 200 метри во петок.
Олимпискиот шампион во скок во
далечина Двајт Филипс нема да биде во Пекинг бидејќиу беше само четврти
со скок од 8.20 метри со ветер во грб. Тревел Квинли победи со 8.36
метри пред Брајан Џонсон и Мигуел Пејт. Во скок во височина влегоа
двајца ветерани, 35-годишниот Дере Мајлс (5.80) и 40-годишниот Џеф
Хартвиг (5.70) и светскиот шампион Бред Вокер (5.65). На 400 метри со
пречки победи Бершон Џексон пред Керон Клемент и Анџело Тејлор.
Британските олимписки легенди против Чејмберс
Двејн
Чејмберс доби јасен сигнал дека нема да биде добредојден во британскиот
тим на ЛОИ во Пекинг. Откако истрча квалификациско време во Германија
во саботата, Чејмберс, кој беше суспендиран во 2003 поради користење
ТХГ, отиде пред Врховниот Суд во Лондон во обид да влезе во олимпискиот
тим. Реакција веднаш дојде од најуспешните британски олимпијци, Кели
Холмс, Стив Редгрејв, Крис Хој, кои потпишаа петиција против негово
учество во тимот.
"Како Олимпијци ние сме чувари на идеалите на
сите спортисти - фер-плеј, почит и пријателство, а некој кој користел
допинг-средства не треба да биде меѓу нас", се вели во петицијата.
Болт и Кемпбел со победа на 200 метри
Усаин
Болт го обезбеди своето место во јамајканскиот олимписки тим на 200
метри со победа со време од 19.97 секунди на националниот шампион.
Марвин Андерсон и Кристофер Вилијамс ќе се приклучат на светскиот
рекордер на 100 метри, Болт на ОИ во Пекинг. Во женската трка,
актуелната олимписка шампионка Вероника Кемпбел-Браун го стави своето
разочарување од испаѓање од тимот на 100 метри зад себе со победа со
најдобро време во 2008 од 21.94, пред Керон Стјуарт и Шерон Симпсон.
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
 |
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Јуни.2008 во 16:36 |
АТЛЕТИКА - НЕВЕРОЈАТНА КОНк*рЕНЦИЈА ЗА ТИМОТ ВО ПЕКИНГ
Геј главна ѕвезда на американските квалификации
Двократниот светски шампион Тајсон Геј и редица водечки атлетичари
ќе бараат место во олимпискиот американски тим на квалификациите кои
стартуваат денеска во Јуџин, Орегон. Стриктниот формат кој дозволува
само првопласираните тројца по дисциплина да се квалификуваат за во
Пекинг остава можност за големи изненадувања на 10-дневниот митинг, но
американскиот тим секако ќе биде фаворит во речиси сите дисциплини на
Олимпијадата.
"Ова ќе биде нашиот најдобар олимписки тим. Кај
мажите и кај жените. Имаме одлична мешавина на искусни ветерани и млади
таленти", вели тренерот на женскиот тим, Џенет Болден.
Геј,
олимпискиот и светски шампион на 400 метри Џереми Воринер, светската
шампионка на 200 метри Елисон Феликс и фаворитката на 400 метри Сања
Ричардс се ѕвездите од кои се очекува многу на Хејверд Филд патеката на
Универзитетот во Орегон.
Женската трка на 100 метри со Феликс и
екс-шампионките Лорин Вилијамс и Тори Едвардс сигурно ќе биде
супер-интересна. Ако фаворитите ги преживеат квалификациите,
Американците ќе можат да се надеваат на 1-2-3 победа во машкото трчање
на 400 метри со пречки.
"Ќе биде брутално", вели олимпискиот
вицешампион во фрлање ѓуле Адам Нелсон, кој ќе биде предизвикан од
светскиот шампион Рис Хофа и светскиот шампион во сала, Кристијан
Кентвел.
Интересен ќе биде двојниот обид на светскиот шампион на
1.500 и 5.000 метри, Бернард Лагат, кој ќе ја има првата Олимпијада за
САД, откако двапати освои медали на 1.500 метри за Кенија.
Но, најмногу внимание сигурно ќе предизвика Геј, кој ќе почне со натпреварувањата в сабота.
"Во
2004 само се обидував да влезам во тимот, а сега работата е да се биде
брз и да се победи. Олимписките години се многу тешки", вели Геј, кој е
фаворит за на 100 и 200 метри.
Писториус добива нова шанса
Јужноафриканецот
Оскар Писториус доби дополнителна можност да се квалификува за
Олимпијадата во август. Судот за арбитрација во спортот (ЦАС) во мај
одлучи дека Писториус, кому му се ампутирани двете нозе (на 11 месеци
старост) и трча со специјална протетика, може да се натпреварува на ОИ
во Пекинг.
"Имав состанок со мојата федерација и тие дозволија
да го бркам времето до последниот митинг од Златната лига во Луцерн на
16 јули. Најреално е да очекувам место во штафетата", вели Писториус.
Шампионот
на 200 метри на Параолимпијадата во Атина во 2004, мора да истрча 45.55
да се квалификува за Пекинг, а неговиот личен рекорд е 46.33.
Гетлин со нов "очаен" обид
Суспендираниот
олимписки шампион на 100 метри, Џастин Гетлин побара итна судска
дозвола да се натпреварува на американските квалификации кои почнуваат
денес. Откако федералниот судија во Флорида му забрани настап,
легалниот тим на Американецот поднесе тужба до апелациониот суд во
Атланта за 26-годишниот Гетлин да може да се натпреварува во Јуџин.
ВЕЛОСИПЕДИЗАМ - ФРАНЦУСКАТА АНТИ-ДОПИНГ АГЕНЦИЈА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НАЈВАЖНАТА ТРКА
Тур де Франс почна со допинг-тестовите
Француската
Анти-допинг агенција веќе изврши допинг-тестови на 30 велосипедисти за
Тур де Франс и планира нови тестови пред стартот на трката следниот
месец. Тестовите не се направени случајно и велосипедистите биле цел по
"информациите од федерациите, тимовите и весниците", призна шефот на
агенцијата, Пјер Борди. Пред стартот на 5 јули се планираат нови
тестови на 30-тина велосипедисти.
ТдФ во последните две години
имаше серија допинг-скандали. Шампионот од 2006, Американецот Флојд
Лендис, стана првиот велосипедист кому му била одземена титулата поради
позитивен тест на тестостерон. Минатата година лидерот на трката Михаел
Расмусен беше пратен дома поради пропуштање на позитивни тестови пред
трката, додека фаворитот пред трката Александер Винок*ров беше
позитивен на трансфузија на крв.
Цабел ќе одлучува за иднината по ТдФ
Германскиот
ветеран Ерик Цабел вели дека ќе одлучува за неговата иднина во спортот
по Тур де Франс. Договорот на 37-годишниот спринтер завршува во
декември.
"Сакам да се концентрирам на трката, а потоа во август
ќе ја направам својата одлука. Но, тоа може да биде и во првиот лош
хотел и на првата дождлива етапа. Можеби тогаш ќе се прашам дали е
вредно да се продолжи", вели Цабел.
Германецот ќе ја стартува
својата 14. Тур де Франс трка во јули во тек на која ќе наполни 38
години. Тој има шест зелени маички за најдобар спринтер на трката, од
1996 до 2001, и беше втор на Светското Првенство во 2004 и 2006. Во
2007 тој призна дека експериментирал со ЕПО во средината на 90-тите, но
не беше казнет.
Колумбија со силен тим
Лидерот
на тимот на Колумбија, Ким Кирхен, ќе има одлична поддршка на ТдФ, во
американскиот ветеран Џорџ Хинкапи, победникот на Трката околу Џорџија
Константин Сјуцу и Томас Ловквист. Покрај тоа тука е и 23-годишниот
британски спринтер Марк Кавендиш, Гералд Циолек, Маркус Бургхард и
Бернхард Ајзел. Тим Хај Роуд на оваа трка ќе биде спонзориран од
американскиот производител на спортска опрема Колумбија, а тие беа
познати како Т-Мобиле, пред германскиот телеком гигант да се повлече
поради серија допинг-скандали.
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
 |
гoстин
Сениор
Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 26.Јуни.2008 во 20:20 |
АТЛЕТИКА - ПРЕД АМЕРИКАНСКИТЕ ОЛИМПИСКИ КВАЛИФИКАЦИИ ВО ОРЕГОН
Судијата се предомисли, Гетлин нема да трча
Американскиот федерален судија го блокираше обидот на суспендираниот олимписки шампион на 100 метри, Џастин Гетлин да се натпреварува на Американските олимписки квалификации овој викенд. Судијата Лејси Колие ја отфрли својата предходна одлука за суспендирање на казната за 10 дена со што 26-годишниот Американец ќе можеше да се натпреварува овој викенд.
Интернационалната Асоцијација на Атлетски Федерации (ИААФ) и Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОЦ) предупредија дека дури и Гетлин да се квалификува за Игрите нема да му биде дозволено да се натпреварува на Игрите.
Американецот не успеа да ја преполови својата четиригодишна суспензија пред Судот за Арбитрација во Спортот (ЦАС), која ја доби во 2006 по втор позитивен тест на тестостерон. Гетлин тврди дека првиот тест во 2001 на амфетамини не треба да се смета бидејќи тој дошол поради користењето на лекарства за проблеми со концентрацијата.
Најостри допинг мерки во историјата во Пекинг
Анти-допинг контролите на Олимпијадата во Пекинг ќе бидат најголеми во историјата, вели потпретседателт на ИОЦ, Томас Бах. Бах, кој исто така е претседател на Германскиот Олимписки Комитет и на дисциплинската комисија на ИОЦ вели дека целата анти-допинг програма е унапредена по сите скандали на ЛОИ во Атина во 2004 и ЗОИ во Торино во 2006.
"Игрите во Пекинг ќе бидат најригорозно набљудувани во историјата на спортот. Направивме голем чекор напред. Покрај 4.500 допинг тестови, сега имаме и пософистицирани тестови, поголеми казни и ако има позитивни тестови тогаш се докажува дека системот функционира", вели Бах.
|
|
 |
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 25.Јуни.2008 во 17:14 |
АТЛЕТИКА - ИОЦ И ИААФ ОСТАНУВААТ НА СВОЈАТА ОДЛУКА ЗА ОЛИМПИСКИОТ ШАМПИОН НА 100 МЕТРИ
Гетлин не може да трча надвор од САД
Додека американските спортски официјални лица мораат да се
придржуваат до судската одлука и да му дозволат на Џастин Гетлин да
трча на олимписките квалификации, светските тела останаа јасно на
својот став дека суспендираниот олимписки шампион на 100 метри нема да
може да оди на Олимпијадата во Пекинг, ниту на било кој друг
интернационален митинг.
"Нема да биде дозволено тој да влегува
на меѓународни натпревари во текот на неговата суспензија", изјави
портпаролот на Интернационалната асоцијација на атлетски федерации
(ИААФ), Ник Дејвис.
Оваа изјава на Дејвис од седиштето на ИААФ
во Монако доаѓа откако претходно сличен коментар даде Интернационалниот
олимписки комитет (ИОЦ).
"Поради санкцијата која г. Гетлин ја
доби како резултат на анти-допинг прекршок, тој нема да може да
учествува на Олимписките игри во Пекинг", велат од ИОЦ во писмо до
Американскиот олимписки комитет (УСОЦ).
Гетлин беше суспендиран
на четири години за позитивниот тест во 2006 на тестостерон и неговата
жалба беше одбиена од највисокото спортско судско тело, Судот за
арбитрација во спортот (ЦАС) во Лозана. Но, федералниот судија во
неговиот домашен град Пенсакола, Флорида, донесе привремена одлука
според која ИААФ, УСОЦ, Американската атлетска федерација (УСТАФ) и
Американската анти-допинг агенција (УСАДА) немаат право да го спречат
Американецот да се натпреварува на американските квалификации кои
стартуваат в петок во Јуџин, Орегон. Адвокатите на четирите спортски
организации тврдеа дека американските судови немаат јурисдикција на
неговата суспензија.
"Ние сметаме дека одлуката на ЦАС е конечна
и обврзувачка, а американските судови дефинитивно немаат јурисдикција
над интернационалната атлетика", вели Дејвис од ИААФ.
Гетлин
тврди дека четирите тела го кршат Американскиот закон за луѓе со
недостатоци откако неговиот прв допинг-случај во 2001 го сметале за
допинг-прекршок, по што ја зголемиле казната на Гетлин на четири години
за прекршокот во 2006. Спринтерот беше позитивен на амфетамини во 2001,
кои беа во неговите лекарства за нарушувањето на концентрацијата.
Гетлин
го освои златото на 100 метри на Олимпијадата во Атина во 2004,
среброто во 4х100 метри штафетата и бронза на 200 метри. Една година
подоцна тој победи на 100 и 200 метри на Светското Првенство во
Хелсинки. Во 2006 тој го израмни светскиот рекорд од 9.77 поставен од
Јамајканецот Асафа Пауел. Од тогаш рекордот е намален на 9.72 од уште
еден Јамајканец, Усаин Болт.
ОЛИМПИЗАМ
Кинеската влада "суспендираше" половина од своите автомобили
Половина
од сите автомобили во сопственост на владата и на Комунистичката
партија се надвор од преполните булевари во Пекинг, како дел од обидот
да се намали загаденоста на воздухот во престолнината пред Олимписките
игри. И покрај оваа забрана во Пекинг с$ уште јасно се гледа смогот, а
метежот на Чанг Ан авенијата не е намален. Половина од сите владини
автомобили нема да се користат од понеделникот до 19 јули, а од 20
јули, доаѓа ново правило според кое половина од 3.3 милиони автомобили
во Пекинг ќе мораат да се менуваат на системот пар-непар во однос на
табличките на автомобилите.
На помалку од 50 дена пред Игрите, Кинезите остануваат уверени дека можат да го исполнат своето ветување за "Зелена Олимпијада".
"Околу
квалитетот на воздухот, сигурни сме дека Пекинг ќе ги оствари своите
ветувања. Ќе додадеме 2.000 автобуси, три нови метро линии и ќе го
намалиме загадувањето од 10 до 60 проценти", вели Ду Шаожонг,
директорот на Бирото за екологија на Пекинг.
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
 |
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 24.Јуни.2008 во 16:46 |
АТЛЕТИКА - ВТОР ДЕН ОД ЕВРОПСКИОТ КУП ВО СЛОВАЧКА
Селман со рекорд
Македонскиот репрезентативец Реџеп Селман постави нов македонски
сениорски рекорд во троскок. Тој во натпреварите од Европскиот куп во
Банска Бистрица во Словачка прескокна 15 метри и 46 сантиметри со што
го подобри досегашниот рекорд за 14 сантиметри, рекорд кој беше стар
цели 36 години поставен во далечната 1972 година во Загреб од Бранко
Стојановски. Со овој резултат Селман го освои 5. место во Словачка.
Покрај Селман добар настап имаа и Васко Најдов во фрлање ѓуле, на 8.
место (13, 75 м), и младиот Јоваче Јанковски во скок во височина (9.
место, 195 цм).
Кај девојките најдобропласирана беше Ивана
Рожман на 100 м (8. место). За одбележување е пласманот и на Ирена
Темова во скок во височина (9. место, 171 цм).
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
 |
Santijago
Сениор
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF
Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 24.Јуни.2008 во 00:56 |
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
 |
anakin
Сениор
Unidentified Flying Object
Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Јуни.2008 во 23:43 |
koj moze da mi kaze koga kje se obori rekord za zeni na 800 metri?
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
 |