Атлетика
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Спорт
Име на форумот: Останати спортови
Опис на форумот: Одбојка, тенис, планинарење, пливање, точаци, висење по форуми...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=14226
Датум на принтање: 30.Мај.2025 во 18:57 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Атлетика
Постирано од: La Ninja
Наслов: Атлетика
Датум на внесување: 20.Јуни.2008 во 18:16
АТЛЕТИКА - И ПОКРАЈ ТОА ШТО ГО СРУШИ НЕГОВИОТ СВЕТСКИ РЕКОРД
Роблес признава: "Лиу уште е фаворит"
Новиот светски рекордер на 110 метри со пречки, Кубанецот Дајрон
Роблес, вели дека очекува тесно финале на Олимпијадата во Пекинг и
додава дека домашниот фаворит Лиу Ксијанг е фаворит за златото.
Кубанецот минатата недела го сруши рекордот на Лиу на митинг во
Острава, Чешката Република, а кинеската ѕвезда беше само четврта.
"Кога
се сруши рекордот, тоа беше грижа за него. Тоа покажува дека ривалите
се во добра форма. Мислам дека најмалку пет атлетичари можат да победат
во Пекинг, иако Лиу е големиот фаворит. Од почетокот велам дека тој ќе
има огромна поддршка, но ќе се обидам да ја привлечам публиката", вели
Роблес.
Кубанецот истрча трка без грешка за 12.87 секунди подобрувајќи го претходниот рекорд на Лиу од јули 2006 за една стотинка.
24-годишниот
Лиу пак има доста проблеми во последно време, откако во мај се повреди
и пропушти две американски трки, а минатата недела беше дисквалификуван
од трка на Префонтејн Класик во Орегон поради погрешен старт.
Одложено судењето на Кедерис и Тану
Грчкиот
суд го одложи за следната година судењето на олимписките спринтери
Костас Кедерис и Катерина Тану, кои беа вклучени во допинг-скандал за
време на Олимпијадата во Атина во 2004. Кедерис, олимпискиот шампион на
200 метри од Сиднеј 2000 и Тану, која беше втора на 100 метри во Сиднеј
се обвинети за лажно сведочење, откако за полицијата изјавија дека
имале сообраќајна несреќа со мотоцикл и дека затоа ги пропуштиле
допинг-тестовите пред Игрите во 2004. Судењето се одложува повеќепати.
Тану и Кедерис отслужија двегодишна суспензија и можат да се
натпреваруваат од декември минатата година.
Словенците ја ослободија Јаворник
Словенечката
атлетска федерација реши да ја ослободи од допинг-обвинувања
специјалистката за трки на долги патеки, Хелена Јаворник и покрај двата
позитивни теста и побара од ИААФ да се крене привремената суспензија.
42-годишната Јаворник беше суспендирана минатата недела по позитивен
тест на ЕПО во мај и јуни, но тврди дека е невина и се подготвува за
Олимпијадата во Пекинг. Шефот на Анти-допинг комисијата на словенечката
федерација, Тадеј Маловрх, тврди дека тестовите биле под "стандардите
на ВАДА". Јаворник е словенечка рекордерка во сите далечини од 1.500
метри до маратонот.
ПЛИВАЊЕ - ПО КОМЕНТАРИТЕ НА НЕЈЗИНАТА ГЕРМАНСКА РИВАЛКА ШТЕФЕН
Трикет: "Костумите нема да прават разлика"
Високотехнолошките
костуми за капење нема да ги претворат просечните пливачи во олимписки
шампиони во Пекинг, вели австралиската светска шампионка Либи Трикет.
Австралијката одговараше по коментарите на нејзината германска ривалка
Брита Штефен дека костумите го направија пливањето слично како формула
1, каде што подобрата технологија победува.
Штефен додаде дека
би сакала пливачите да носат конвенционални костуми наместо тие како
Спидо ЛЗР Рејсер, како што носи Трикет, или новиот костум на Адидас,
кој го користи германскиот тим. Пливачите со Спидо ЛЗР Рејсер срушија
35 светски рекорди од промоцијата на костумот во февруари, но Трикет
вели дека разликата не е толку голема.
"На крајот, опремата не
го прави пливачот подобар. Просечен пливач никогаш нема да сруши рекорд
со ЛЗР Рејсер. На крајот, се работи за тоа како луѓето се чувствуваат
удобни. Мислам дека е најважно да биде фер", вели Трикет.
Французите со европски рекорд на 4х100 слободно
Франција
го подобри машкиот европски рекорд на 4х100 метри мешано на Париз Опен
пливачкиот митинг во четвртокот. Амори Лево, Фабиен Гило, Фредерик
Буске и носителот на индивидуалниот рекорд Алан Бернар испливаа 3:12.54
за да го подобрат рекордот поставен од Италија на СП минатата година за
1.50 секунди, а беа на само 0.08 секунди од светскиот рекорд кој
Американците го имаат поставено на 19 август 2006.
"Беше многу блиску, а уште подобро е што уште не сме физички во најдобра форма. Добар резултат пред летото", вели Гило.
Олимписката
и светска шампионка Лор Манаду, која за првпат по четири години загуби
на 400 метри слободно пред два месеци, стигна до победа со време од
4:07.69 во Париз пред Јужноафриканката Венди Трот и Романката Камелија
Потек. Времето е далеку од светскиот рекорд на Федерика Пелегрини.
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Коментари:
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 23.Јуни.2008 во 23:28
АТЛЕТИКА - ОТКАКО ИСТРЧА 9.96 НА ШАМПИОНАТОТ НА ТРИНИДАД И ТОБАГО
Пауел подготвен за пресметка со Болт
Асафа Пауел вели дека не гледа подалеку од Јамајканскиот национален
шампионат оваа недела за да го пронајде најголемиот предизвикувач за
олимпиското злато на 100 метри во Пекинг.
"Усаин Болт е мојот
главен ривал", вели Пауел, избирајќи го сонародникот пред американскиот
светски шампион Тајсон Геј по одличната трка со време од 9.96 на
националниот шампионат на Трининад и Тобаго во саботата.
Ова
беше прва трка за Пауел од повредата на рамото во април и претставуваше
одлична најава за дуелот со светскиот рекордер Болт од петок до недела
на Јамајканскиот шампионат во Кингстон. Тоа ќе биде прва трка на 100
метри на двојката, која сега има седум најбрзи времиња во дисциплината.
Но, Пауел вели дека нема да се работи за вистинска пресметка.
"Не сум сигурен дека таму ќе има некаков натпреварувачки дух", вели 25-гоидшниот Пауел.
Вистинскиот
предизвик доаѓа на Олимпијадата во Пекинг во август, ако Болт реши да
трча на 100 метри покрај неговата специјалност 200 метри. Болт е
освојувач на сребро на Светското Првенство на 200 метри, и не е сигурен
дали ќе трча на 100 метри и покрај тоа што постави светски рекорд од
9.72. Пауел вели дека е добро Карибите да имаат шанси за повеќе медали
на 100 метри.
"Возбуден сум бидејќи атлетичарите од Карибите се
се подобри. Тука се Дарел Браун и Марк Барнс од Тринидад и Усаин Болт.
Геј е единствениот тркач надвор од Карибите кој може да не предизвика",
вели Пауел.
И покрај тоа што Пауел го има поставено или
израмнето светскиот рекорд на 100 метри четири пати, тој нема голема
титула, завршувајќи петти во Атина во 2004 и трети на СП во Осака во
2007. Освојувачот на четири олимписки медали во спринт, Ато Болдон од
Тринидад вели дека рекордот на Болт го трга притисокот од Пауел.
"Мислам
дека Асафа е поодморен пред големо првенство од било кога предходно.
Тој не е најбрзиот човек на светот, ниту најбрзиот човек на неговиот
остров и тоа може да му помогне", вели Болдон, кој освои олимписко
сребро и бронза на 100 метри и две бронзи на 200 метри.
Гетлин "мора" да трча на Американскиот Шампионат!
Американскиот
федерален судија издаде наредба со која официјалните лица нема да можат
да го спречат олимпискиот шампион на 100 метри, Џастин Гетлин од
натпреварување. Оваа одлука стои до следното сослушување, што значи
дека Гетлин може да се натпреварува на олимписките квалификации на САД
следната недела.
26-годишниот Гетлин беше суспендиран четири
години за позитивниот тест на тестостерон од 2006 година, а поради тоа
што беше позитивен и во 2001 на амфетамини во неговите лекарства, тој
бараше од американските власти да ги почитуваат законите за луѓе со
недостатоци во одредувањето на суспензијата. Судот за Арбитрација во
Спортот (ЦАС) овој месец одлучи да го отфрли барањето на Гетлин, по што
тој се реши да оди пред федералниот суд во САД.
Фримен со совети за Лиу
Кети
Фримен смета дека Лиу Ксијанг треба да се однесува кон Олимпијадата во
Пекинг како кон само уште еден митинг и да го игнорира притисокот. Ако
некој знае како се чувствува Лиу пред домашната Олимпијада, тоа е
35-годишната Австралијка со абориџинско потекло, која го запали
олимпискиот факел на ОИ во Сиднеј во 2000 пред да го освои златото на
400 метри.
"Не можев да си дозволам да станувам сентиментална,
бидејќи тоа ќе ме уништеше. Тој мора да ги знае своите приоритети. Веќе
покажа дека може да се натпреварува под притисок и треба да продолжи
така. Ова е само уште еден ден на работа и емоциите ќе однесат до
врвот", вели Фримен.
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: anakin
Датум на внесување: 23.Јуни.2008 во 23:43
koj moze da mi kaze koga kje se obori rekord za zeni na 800 metri? 
------------- SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 24.Јуни.2008 во 00:56
anakin напиша:
koj moze da mi kazekoga kje se obori rekord za zeni na 800 metri?
|
друже иди ти нападај на рекорд..... ќе навиваме за тебе
------------- I'm out bcz of pathetic around here
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 24.Јуни.2008 во 16:46
АТЛЕТИКА - ВТОР ДЕН ОД ЕВРОПСКИОТ КУП ВО СЛОВАЧКА
Селман со рекорд
Македонскиот репрезентативец Реџеп Селман постави нов македонски
сениорски рекорд во троскок. Тој во натпреварите од Европскиот куп во
Банска Бистрица во Словачка прескокна 15 метри и 46 сантиметри со што
го подобри досегашниот рекорд за 14 сантиметри, рекорд кој беше стар
цели 36 години поставен во далечната 1972 година во Загреб од Бранко
Стојановски. Со овој резултат Селман го освои 5. место во Словачка.
Покрај Селман добар настап имаа и Васко Најдов во фрлање ѓуле, на 8.
место (13, 75 м), и младиот Јоваче Јанковски во скок во височина (9.
место, 195 цм).
Кај девојките најдобропласирана беше Ивана
Рожман на 100 м (8. место). За одбележување е пласманот и на Ирена
Темова во скок во височина (9. место, 171 цм).
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 25.Јуни.2008 во 17:14
АТЛЕТИКА - ИОЦ И ИААФ ОСТАНУВААТ НА СВОЈАТА ОДЛУКА ЗА ОЛИМПИСКИОТ ШАМПИОН НА 100 МЕТРИ
Гетлин не може да трча надвор од САД
Додека американските спортски официјални лица мораат да се
придржуваат до судската одлука и да му дозволат на Џастин Гетлин да
трча на олимписките квалификации, светските тела останаа јасно на
својот став дека суспендираниот олимписки шампион на 100 метри нема да
може да оди на Олимпијадата во Пекинг, ниту на било кој друг
интернационален митинг.
"Нема да биде дозволено тој да влегува
на меѓународни натпревари во текот на неговата суспензија", изјави
портпаролот на Интернационалната асоцијација на атлетски федерации
(ИААФ), Ник Дејвис.
Оваа изјава на Дејвис од седиштето на ИААФ
во Монако доаѓа откако претходно сличен коментар даде Интернационалниот
олимписки комитет (ИОЦ).
"Поради санкцијата која г. Гетлин ја
доби како резултат на анти-допинг прекршок, тој нема да може да
учествува на Олимписките игри во Пекинг", велат од ИОЦ во писмо до
Американскиот олимписки комитет (УСОЦ).
Гетлин беше суспендиран
на четири години за позитивниот тест во 2006 на тестостерон и неговата
жалба беше одбиена од највисокото спортско судско тело, Судот за
арбитрација во спортот (ЦАС) во Лозана. Но, федералниот судија во
неговиот домашен град Пенсакола, Флорида, донесе привремена одлука
според која ИААФ, УСОЦ, Американската атлетска федерација (УСТАФ) и
Американската анти-допинг агенција (УСАДА) немаат право да го спречат
Американецот да се натпреварува на американските квалификации кои
стартуваат в петок во Јуџин, Орегон. Адвокатите на четирите спортски
организации тврдеа дека американските судови немаат јурисдикција на
неговата суспензија.
"Ние сметаме дека одлуката на ЦАС е конечна
и обврзувачка, а американските судови дефинитивно немаат јурисдикција
над интернационалната атлетика", вели Дејвис од ИААФ.
Гетлин
тврди дека четирите тела го кршат Американскиот закон за луѓе со
недостатоци откако неговиот прв допинг-случај во 2001 го сметале за
допинг-прекршок, по што ја зголемиле казната на Гетлин на четири години
за прекршокот во 2006. Спринтерот беше позитивен на амфетамини во 2001,
кои беа во неговите лекарства за нарушувањето на концентрацијата.
Гетлин
го освои златото на 100 метри на Олимпијадата во Атина во 2004,
среброто во 4х100 метри штафетата и бронза на 200 метри. Една година
подоцна тој победи на 100 и 200 метри на Светското Првенство во
Хелсинки. Во 2006 тој го израмни светскиот рекорд од 9.77 поставен од
Јамајканецот Асафа Пауел. Од тогаш рекордот е намален на 9.72 од уште
еден Јамајканец, Усаин Болт.
ОЛИМПИЗАМ
Кинеската влада "суспендираше" половина од своите автомобили
Половина
од сите автомобили во сопственост на владата и на Комунистичката
партија се надвор од преполните булевари во Пекинг, како дел од обидот
да се намали загаденоста на воздухот во престолнината пред Олимписките
игри. И покрај оваа забрана во Пекинг с$ уште јасно се гледа смогот, а
метежот на Чанг Ан авенијата не е намален. Половина од сите владини
автомобили нема да се користат од понеделникот до 19 јули, а од 20
јули, доаѓа ново правило според кое половина од 3.3 милиони автомобили
во Пекинг ќе мораат да се менуваат на системот пар-непар во однос на
табличките на автомобилите.
На помалку од 50 дена пред Игрите, Кинезите остануваат уверени дека можат да го исполнат своето ветување за "Зелена Олимпијада".
"Околу
квалитетот на воздухот, сигурни сме дека Пекинг ќе ги оствари своите
ветувања. Ќе додадеме 2.000 автобуси, три нови метро линии и ќе го
намалиме загадувањето од 10 до 60 проценти", вели Ду Шаожонг,
директорот на Бирото за екологија на Пекинг.
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 26.Јуни.2008 во 20:20
АТЛЕТИКА - ПРЕД АМЕРИКАНСКИТЕ ОЛИМПИСКИ КВАЛИФИКАЦИИ ВО ОРЕГОН
Судијата се предомисли, Гетлин нема да трча
Американскиот федерален судија го блокираше обидот на суспендираниот олимписки шампион на 100 метри, Џастин Гетлин да се натпреварува на Американските олимписки квалификации овој викенд. Судијата Лејси Колие ја отфрли својата предходна одлука за суспендирање на казната за 10 дена со што 26-годишниот Американец ќе можеше да се натпреварува овој викенд.
Интернационалната Асоцијација на Атлетски Федерации (ИААФ) и Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОЦ) предупредија дека дури и Гетлин да се квалификува за Игрите нема да му биде дозволено да се натпреварува на Игрите.
Американецот не успеа да ја преполови својата четиригодишна суспензија пред Судот за Арбитрација во Спортот (ЦАС), која ја доби во 2006 по втор позитивен тест на тестостерон. Гетлин тврди дека првиот тест во 2001 на амфетамини не треба да се смета бидејќи тој дошол поради користењето на лекарства за проблеми со концентрацијата.
Најостри допинг мерки во историјата во Пекинг
Анти-допинг контролите на Олимпијадата во Пекинг ќе бидат најголеми во историјата, вели потпретседателт на ИОЦ, Томас Бах. Бах, кој исто така е претседател на Германскиот Олимписки Комитет и на дисциплинската комисија на ИОЦ вели дека целата анти-допинг програма е унапредена по сите скандали на ЛОИ во Атина во 2004 и ЗОИ во Торино во 2006.
"Игрите во Пекинг ќе бидат најригорозно набљудувани во историјата на спортот. Направивме голем чекор напред. Покрај 4.500 допинг тестови, сега имаме и пософистицирани тестови, поголеми казни и ако има позитивни тестови тогаш се докажува дека системот функционира", вели Бах.
-------------
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 27.Јуни.2008 во 16:36
АТЛЕТИКА - НЕВЕРОЈАТНА КОНк*рЕНЦИЈА ЗА ТИМОТ ВО ПЕКИНГ
Геј главна ѕвезда на американските квалификации
Двократниот светски шампион Тајсон Геј и редица водечки атлетичари
ќе бараат место во олимпискиот американски тим на квалификациите кои
стартуваат денеска во Јуџин, Орегон. Стриктниот формат кој дозволува
само првопласираните тројца по дисциплина да се квалификуваат за во
Пекинг остава можност за големи изненадувања на 10-дневниот митинг, но
американскиот тим секако ќе биде фаворит во речиси сите дисциплини на
Олимпијадата.
"Ова ќе биде нашиот најдобар олимписки тим. Кај
мажите и кај жените. Имаме одлична мешавина на искусни ветерани и млади
таленти", вели тренерот на женскиот тим, Џенет Болден.
Геј,
олимпискиот и светски шампион на 400 метри Џереми Воринер, светската
шампионка на 200 метри Елисон Феликс и фаворитката на 400 метри Сања
Ричардс се ѕвездите од кои се очекува многу на Хејверд Филд патеката на
Универзитетот во Орегон.
Женската трка на 100 метри со Феликс и
екс-шампионките Лорин Вилијамс и Тори Едвардс сигурно ќе биде
супер-интересна. Ако фаворитите ги преживеат квалификациите,
Американците ќе можат да се надеваат на 1-2-3 победа во машкото трчање
на 400 метри со пречки.
"Ќе биде брутално", вели олимпискиот
вицешампион во фрлање ѓуле Адам Нелсон, кој ќе биде предизвикан од
светскиот шампион Рис Хофа и светскиот шампион во сала, Кристијан
Кентвел.
Интересен ќе биде двојниот обид на светскиот шампион на
1.500 и 5.000 метри, Бернард Лагат, кој ќе ја има првата Олимпијада за
САД, откако двапати освои медали на 1.500 метри за Кенија.
Но, најмногу внимание сигурно ќе предизвика Геј, кој ќе почне со натпреварувањата в сабота.
"Во
2004 само се обидував да влезам во тимот, а сега работата е да се биде
брз и да се победи. Олимписките години се многу тешки", вели Геј, кој е
фаворит за на 100 и 200 метри.
Писториус добива нова шанса
Јужноафриканецот
Оскар Писториус доби дополнителна можност да се квалификува за
Олимпијадата во август. Судот за арбитрација во спортот (ЦАС) во мај
одлучи дека Писториус, кому му се ампутирани двете нозе (на 11 месеци
старост) и трча со специјална протетика, може да се натпреварува на ОИ
во Пекинг.
"Имав состанок со мојата федерација и тие дозволија
да го бркам времето до последниот митинг од Златната лига во Луцерн на
16 јули. Најреално е да очекувам место во штафетата", вели Писториус.
Шампионот
на 200 метри на Параолимпијадата во Атина во 2004, мора да истрча 45.55
да се квалификува за Пекинг, а неговиот личен рекорд е 46.33.
Гетлин со нов "очаен" обид
Суспендираниот
олимписки шампион на 100 метри, Џастин Гетлин побара итна судска
дозвола да се натпреварува на американските квалификации кои почнуваат
денес. Откако федералниот судија во Флорида му забрани настап,
легалниот тим на Американецот поднесе тужба до апелациониот суд во
Атланта за 26-годишниот Гетлин да може да се натпреварува во Јуџин.
ВЕЛОСИПЕДИЗАМ - ФРАНЦУСКАТА АНТИ-ДОПИНГ АГЕНЦИЈА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НАЈВАЖНАТА ТРКА
Тур де Франс почна со допинг-тестовите
Француската
Анти-допинг агенција веќе изврши допинг-тестови на 30 велосипедисти за
Тур де Франс и планира нови тестови пред стартот на трката следниот
месец. Тестовите не се направени случајно и велосипедистите биле цел по
"информациите од федерациите, тимовите и весниците", призна шефот на
агенцијата, Пјер Борди. Пред стартот на 5 јули се планираат нови
тестови на 30-тина велосипедисти.
ТдФ во последните две години
имаше серија допинг-скандали. Шампионот од 2006, Американецот Флојд
Лендис, стана првиот велосипедист кому му била одземена титулата поради
позитивен тест на тестостерон. Минатата година лидерот на трката Михаел
Расмусен беше пратен дома поради пропуштање на позитивни тестови пред
трката, додека фаворитот пред трката Александер Винок*ров беше
позитивен на трансфузија на крв.
Цабел ќе одлучува за иднината по ТдФ
Германскиот
ветеран Ерик Цабел вели дека ќе одлучува за неговата иднина во спортот
по Тур де Франс. Договорот на 37-годишниот спринтер завршува во
декември.
"Сакам да се концентрирам на трката, а потоа во август
ќе ја направам својата одлука. Но, тоа може да биде и во првиот лош
хотел и на првата дождлива етапа. Можеби тогаш ќе се прашам дали е
вредно да се продолжи", вели Цабел.
Германецот ќе ја стартува
својата 14. Тур де Франс трка во јули во тек на која ќе наполни 38
години. Тој има шест зелени маички за најдобар спринтер на трката, од
1996 до 2001, и беше втор на Светското Првенство во 2004 и 2006. Во
2007 тој призна дека експериментирал со ЕПО во средината на 90-тите, но
не беше казнет.
Колумбија со силен тим
Лидерот
на тимот на Колумбија, Ким Кирхен, ќе има одлична поддршка на ТдФ, во
американскиот ветеран Џорџ Хинкапи, победникот на Трката околу Џорџија
Константин Сјуцу и Томас Ловквист. Покрај тоа тука е и 23-годишниот
британски спринтер Марк Кавендиш, Гералд Циолек, Маркус Бургхард и
Бернхард Ајзел. Тим Хај Роуд на оваа трка ќе биде спонзориран од
американскиот производител на спортска опрема Колумбија, а тие беа
познати како Т-Мобиле, пред германскиот телеком гигант да се повлече
поради серија допинг-скандали.
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 01.Јули.2008 во 17:23
АТЛЕТИКА - АМЕРИКАНЕЦОТ СО НАЈБРЗА ТРКА НА 100 МЕТРИ БЕЗ РАЗЛИКА НА ВРЕМЕНСКИТЕ УСЛОВИ
Геј како молња до 9.68 секунди, но со ветер во грб
Светскиот шампион Тајсон Геј ги истрча најбрзите 100
метри на сите времиња за да победи на американските олимписки
квалификации во Јуџин, Орегон, истрчувајќи неверојатни 9.68 секунди со
ветер во грб. Со победата Геј влегува во првиот олимписки американски
тим, но ветерот од 4.1 метри во секунда во грб значи дека 25-годишниот
Американец нема да биде светски рекордер. Само времиња со ветер до 2.0
метри во секунда во грб се земаат во предвид за рекорд.
"Ова
време значи многу бидејќи тоа е времето кое мојот тренер Џон Драмонд ми
го поставуваше во главата долго врмее, дека можам да истрчам 9.6. Не ми
е грижа колку беше ветерот", вели Геј.
Јамајканецот Усаин Болт е
светски рекордер со време од 9.72 секунди, додека предходното најдобро
време под било какви временски услови е 9.69 на Обаделе Томпсон од
Барбадос во 1996.
Геј, кој постави национален рекорд од 9.77 во
саботата, имаше солиден старт и по 40 метри беше во контрола на трката,
втор беше поранешниот колеџ шампион Валтер Дикс со 9.80, атрет Дервис
Петон со 9.84 секунди. Двократниот светски шампион ќе се обиде да влезе
и во тимот на 200 метри во петок.
Олимпискиот шампион во скок во
далечина Двајт Филипс нема да биде во Пекинг бидејќиу беше само четврти
со скок од 8.20 метри со ветер во грб. Тревел Квинли победи со 8.36
метри пред Брајан Џонсон и Мигуел Пејт. Во скок во височина влегоа
двајца ветерани, 35-годишниот Дере Мајлс (5.80) и 40-годишниот Џеф
Хартвиг (5.70) и светскиот шампион Бред Вокер (5.65). На 400 метри со
пречки победи Бершон Џексон пред Керон Клемент и Анџело Тејлор.
Британските олимписки легенди против Чејмберс
Двејн
Чејмберс доби јасен сигнал дека нема да биде добредојден во британскиот
тим на ЛОИ во Пекинг. Откако истрча квалификациско време во Германија
во саботата, Чејмберс, кој беше суспендиран во 2003 поради користење
ТХГ, отиде пред Врховниот Суд во Лондон во обид да влезе во олимпискиот
тим. Реакција веднаш дојде од најуспешните британски олимпијци, Кели
Холмс, Стив Редгрејв, Крис Хој, кои потпишаа петиција против негово
учество во тимот.
"Како Олимпијци ние сме чувари на идеалите на
сите спортисти - фер-плеј, почит и пријателство, а некој кој користел
допинг-средства не треба да биде меѓу нас", се вели во петицијата.
Болт и Кемпбел со победа на 200 метри
Усаин
Болт го обезбеди своето место во јамајканскиот олимписки тим на 200
метри со победа со време од 19.97 секунди на националниот шампион.
Марвин Андерсон и Кристофер Вилијамс ќе се приклучат на светскиот
рекордер на 100 метри, Болт на ОИ во Пекинг. Во женската трка,
актуелната олимписка шампионка Вероника Кемпбел-Браун го стави своето
разочарување од испаѓање од тимот на 100 метри зад себе со победа со
најдобро време во 2008 од 21.94, пред Керон Стјуарт и Шерон Симпсон.
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 07.Јули.2008 во 15:44
АТЛЕТИКА - АМЕРИКАНСКИОТ ДВОКРАТЕН СПРИНТЕРСКИ ШАМПИОН СО НЕЗГОДНА ПОВРЕДА
Нема двојна програма за Тајсон Геј
Соништата за светскиот шампион Тајсон Геј за олимписки двоен триумф
завршија со болка откако испадна од четвртфиналето на 200 метри на
Американските Квалификации во Орегон. Веќе квалификуван за 100 метри во
Пекинг, Геј истрча само 12 чекори и 40 метри пред да се фати за левиот
бутен мускул и да падне на тартанот. Тој лежеше неколку минути пред да
биде изнесен од стадионот.
"Пред да излезам на патеката
почувствував мала болка во бутниот мускули и имав доста лошо чувство.
Кога излегов од првата кривина, првите два чекори беа добри, а потоа
почувствував остра болка. Кога бев на тартанот не болеше толку", вели
Геј.
Повредата беше голем удар за американските надежи во
Пекинг, бидејќи под стриктните правила на квалификациите само топ 3
финишерите влегуваат во тимот. Изненадувачката трка наликува на
олимписките квалификации во 2000 кога светскиот рекордер Мајкл Џонсон и
Морис Грини испаднаа од финалето на 200 метри поради повреда. Џонсон
победи на 400, а Грини на 100 во Сиднеј.
Геј победи на 100 метри
минатата недела со 9.68 време со ветар во грб, најбрзо време во
историјата под било кои услови, откако предходниот ден постави
национален рекорд од 9.77. По вестите за повредата, светскиот рекордер
на 100 метри, Јамајканецот Усаин Болт му посака побрзо опоравување на
Геј.
"Навистина штета што тоа се случи, но сепак ќе се видиме во Пекинг", изјави Болт.
Болт победи на 100 и 200 метри на јамајканските квалификации во Кингстон.
Влашиќ ја продолжи серијата
Хрватската
светска шампионка Бланка Влашиќ стигна до својата 31. победа по ред,
откако прескокна 2.06 метри на митингот во Мадрид, на само еден
центиметар од нејзиниот личен рекорд. Таа не успеа да прескокне 2.10
метри, со што ќе го подобреше светскиот рекорд од 2.09 од Бугарката
Стефка Костадинова. Нејзината најголема ривалка и актуелна олимписка
шампионка, Русинката Јелена Слесаренко беше трета со скок од 2.01
метри, зад Шпанката Рут Беитиа Вила.
"Очекував да прескокнам најмалку 2.03 метри, но јас сум многу конк*рентна атлетичарка и морав да одам повисоко", вели Влашиќ.
Помеѓу
подобрите резултати на најголемиот атлетски митинг во Шпанија, беше
победата на Шуранди Мартина на машките 100 метри со време од 10.03.
Мартина го совлада Португалецот со нигериско потекло Френсис Обиквелу
кој имаше време од 10.08. Португалскиот светски шампион Нелсон Евора
победи во трискок со 17.40, далеку послабо од неговите 17.74 од СП во
Осака.
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 09.Јули.2008 во 16:45
АТЛЕТИКА - РУСКАТА СВЕТСКА РЕКОРДЕРКА ПЛАНИРА ДА ТРЧА ОВАА СЕЗОНА
Печонкина демантира дека мисли на пензија
Светската рекордерка на 400 метри со пречки, Русинката Јулија
Печонкина нема да се откаже од атлетиката и покрај тоа што се објави
дека нема да оди на Олимпијадата во Пекинг поради проблеми со срцето.
Главниот тренер на рускиот национален тим, Валентин Маслаков, кој исто
така е и нејзин личен тренер, изјави дека таа нема да оди во Пекинг, и
најави дека може да се откаже.
"Таа имаше здравствени проблеми од април, прво синуситис, а потоа и посериозните проблеми со срцето", изјави Маслаков.
Но,
нејзината менаџерска компанија демантираше дека таа е подготвена да се
откаже, и додаде дека веќе продолжила со тренинзите и дека 'планира да
трча оваа година'. Според нив изјавите дека таа нема да оди во Пекинг
се поради тоа што ќе го пропушти рускиот шампионат.
На
квалификациите, најдобрите две во секоја дисциплина се квалификуваат,
но таа може да добие трето место како вајлд-карта ако импресионира на
другите митинзи.
Печонкина ја освои својата светска титула во
2005 во Хелсинки, а заврши и како втора во 2001 и 2007. Олимпијадите не
и се силна страна откако во Атина во 2004 заврши последна во финалето.
30-годишната Русинка го постави светскиот рекорд од 52.34 во 2003,
совладувајќи го осум години стариот рекорд на Американката Ким Батен.
Попеску исфрлена од романскиот тим
Романија
ја исфрли специјалистката за трки на средни патеки, Лилиана Попеску од
олимпискиот тим за Пекинг поради позитивен допинг-тест, објави
Романскиот олимписки комитет (ЦОР).
"Комитетот реши да ја
исклучи Попеску од делегацијата за Пекинг поради позитивниот тест на 29
мај во Алжир. Сите членови на романската делегација ќе одат на
анти-допинг тестови пред Олимпијадата за да се избегне финансиска
катастрофа", вели Октавијан Белу, претседателот на Националната
Спортска Асоцијација.
Според Белу, позитивен тест во Пекинг може
да донесе казна од 100.000 евра. Попеску, која победи во неколку трки
оваа година на 1.500 метри, беше една од најголемите надежи за медал во
атлетиката за Романија.
Продолжена суспензијата за Гезиеле
Француската
тркачка на средни патеки Бушра Гезиеле доби зголемување на допинг
суспензијата од шест месеци на четири години откако се жалеше на првата
одлука. 29-годишната освојувачка на бронза од СП во 2005 година имаше
позитивен тест на ЕПО во март.
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 20.Јули.2008 во 16:55
АТЛЕТИКА - АМФ НА ДВА ФРОНТА
Јуниорите во Турција, сениорите во Грција
Викендов, во Турција и во Грција стартуваат
Балканските шампионати во атлетика на кој меѓу земјите учеснички ќе
настапат и нашите атлетичари.
Имено, во Бурса, Турција, каде се
одржува јуниорското БП нашата екипа е далеку побројна отколку во
Костор, Грција, каде ќе учествуваат сениорите.
Во однос на резултатите тие се предвидуваат во рамките на можностите.
За
потребите на БП во Турција селекторот Димитров се одлучи за 13
атлетичари во машка (Ефремов, Тодоровски, Јанковски, Мирчевски, Љушев,
Дамчевски, Милчевски, Јованов, Шандов, Кафтановски, Павловски, Нуцовски
и Егзим) и 10 во женска конк*ренција (Рожман, Х. Ристеска, Митроска,
илипова, Крстева, Петреска, Спасеска, Ф. Ристеска, Станкоска и Терзин).
А,
пак, на БП во Костур во Грција боите на нашата земја ќе ги бранат 8 во
машка (Спасовски, Трпоски, Даутовски, Мартиновски, Трендафилов, Најдов,
Кираџиев и Селман) и 2 во женска конк*ренција (Тасевска и Темова).
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 28.Јули.2008 во 14:16
АТЛЕТИКА - ЈАМАЈКАНЕЦОТ ПОЛН СО САМОДОВЕРБА ПРЕД ПЕКИНГ
Пауел ветува олимписко злато
Асафа Пауел ги отфрли критиките дека му недостасува ментална сила да
стане олимписки шампион ова лето. Поранешниот светски рекордер на 100
метри се уште нема голема глобална титула и покрај тоа што е еден од
топ спринтерите во последните 4 години.
"Тоа не ме плаши.
Момците против кои ќе трчам во Пекинг се истите против кои трчам цела
година. Нема ништо поинаку на Олимпијадата, тоа е само име и не треба
да размислуваш за тоа се додека не ја поминеш целната линија", вели
Пауел.
Бидејќи светскиот шампион, Американецот Тајсон Геј се
мачи со повреда, додека новиот светски рекордер Јамајканецот Усаин Болт
се уште не се обврзал дека ќе трча на 100 метри во Пекинг, Пауел е
првиот фаворит за титулата. 25-годишниот Јамајканец има најмногу трки
под 10 секунди од сите активни спринтери.
Пред четири години во
Атина тој заврши само петти, додека минатата година на Светското
Првенство во Осака падна трет зад Геј и Дерик Еткинс.
"Ако се
погледне назад тогаш е јасно дека Атина беше моја прва Олимпијада, а го
имав и личниот рекорд во финалето, така што не знам зошто сите велат
дека не сум најдобар во финалињата. Во Осака беше единствен пат кога
работите не тргнаа како што очекував. Направив грешка која нема да се
повтори", вели Пауел.
Гебре подготвен за последното "ура"
Двократниот
олимписки шампион, Етиопјанецот Хаиле Гебрселасие вели дека е целосно
подготвен за нов обид за титулата на 10.000 метри. Етиопската легенда,
која се мачи со повреда на бутниот мускул, се врати на тренинг во Адис
Абеба за неговата последна Олимпијада по златата во 1996 и 2000.
"Се
чувствувам многу добро во моментов. Почнав да спринтувам и подготвен
сум за добра трка во Пекинг", вели Гебрселасие, кој се откажа од
маратонската трка во која е светски рекодер со 2:04:26 поради
загриженост за здравјето поради астмата.
Израелец пуштен на кауција во Етиопија
53-годишниот
Израелски олимпиец Ајеле Сетенг беше уапсен во северна Етиопија за
обвиненија за измама, но беше пуштен со кауција. Сетенг, кој е роден во
Етиопија, а ќе биде единствениот маратонец од Израел во Пекинг беше
уапсен бидејќи наводно земал пари од двајца локални тркачи ветувајќи им
пат во Израел.
"Ајеле Сетенг беше пуштен со кауција по краткото
појавување пред судот во Гондар. Судот доби барање од Израел и доби
гаранција дека Сетенг ќе се врати по Олимпијадата", вели локалниот
обвинител.
Еврејската држава почна со преселба на етиопските Евреи во раните 80-ти, а сега во Израел има десетина илјадници Етиопјани.
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 06.Август.2008 во 18:06
Џонсон го врати олимпиското злато
Американскиот атлетичар Мајкл Џонсон го исполни ветувањето и го врати златниот олимписки медал од Сиднеј 2000, што го освои во штафетата 4 пати 400 метри. Светскиот рекордер на 400 метри во мај годинава вети дека ќе се откаже од медалот, ако се докаже дека неговиот колега од победничката штафета Антонио Петигру бил допингуван. Петигру призна дека шест години користел забранети супстанции, па со него и петкратниот олимписки шампион Џонсон остана без едно одличие. Тој ни испрати писмо со силна порака. Тоа е фер потег, што само потврдува дека Џонсон е голем спортсмен - изјави Томас Бач, потпретседателот на ИОК. Покрај Петигру и Џонсон, без злато останаа и браќата близнаци Алвин и Калвин Херисон. Во последните 8 месеци Американците вратија девет медали освоени на ЛОИ во атлетските дисциплини. Сите пет што ги освои Мерион Џонс не важат, а некогашната прва дама во спринтерските дисциплини патем заврши и во затвор, поради лажно сведочење. Таа од 11 март годинава одлежува 6-месечна казна во Форт Ворт, Тексас, а медалите и' беа одземени поради допинг.
-------------
|
Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 06.Август.2008 во 18:09
Цела Кина се надева на „летачот“
Лиу Сијанг е спортски идол кај домаќинот на ЛОИ, а Кинезите од него очекуваат злато
Кинезите сонуваат да ги победат лутите ривали од САД во вкупниот збир на медали на Летните олимписки игри во Пекинг, а луѓето од најмногубројната земја во жетвата на златните одличија посакуваат да ги предводи омилениот „летач“ Лиу Сијанг. Рамо до рамо со најголемата домашна атракција - атлетичарот Лиу, кој е олимписки и светски шампион на 110 метри со пречки - е кинескиот џин од НБА, Јао Минг, но најмногубројната нација е свесна дека во кошарката шансите им се минимални во конк*ренција на дрим-тимот од САД, актуелниот олимписки првак Аргентина, европскиот шампион Русија и силната Шпанија. Иако и во кошарката не се откажуваат од подвиг во последниот настап на Минг на олимпијадите, знаат дека многу поголеми шанси за злато има вториот спортски идол Сијанг. Бранителот на трофејот од игрите во Атина, чие лице е најмногу присутно на рекламните паноа низ Кина, ќе има пеколен противник во Кубанецот Дајрон Роблес. Роблес пред два месеца на митингот во Острава, Чешка, истрча нов светски рекорд од 12, 87 секунди, за една стотинка подобро од резултатот на Сијанг.Не заборавајте дека Лиу е олимписки шампион. Цела Кина ќе го бодри и очекуваме нова блескава победа на нашиот „летач“ - велат домаќините. За 25-годишниот Лиу велат дека воопшто не личел на атлетичар, туку напротив, му се потсмевале во детството оти одел накриво.Тој беше премногу слаб и одеше чудно - вели неговиот татко Лиу Суеген. На 7-годишна возраст Лиу јуниор бил селектиран како скокач во височина, но не израснал доволно, па на повидок бил финиш на кариерата пред таа и да започне. Еден од тренерите забележа дека Лиу е талентиран за атлетика, но бараше пари од родителите за да го тренира. Мајка му се налути и му забрани на Лиу да го посетува спортскиот центар - вели близок пријател на атлетичарот.
ПРЕЗИМЕТО МУ ЗНАЧИ „ЛЕТАЧ“
Презимето Сијанг на кинески значи летачкиот, а Лиу комплетно го оправда. Заслуга за подемот на „летачкиот“ има истиот тренер што отпрво барал пари. Кинескиот атлетски мудрец е Сун Хајпинг, а под негова контрола Лиу брзо блесна. Сун дојде во домот на Лиу и побара бесплатно да го тренира момчето. Вети дека Лиу ќе ја има најдобрата исхрана, максимални услови за тренинг и шанса да биде добар атлетичар, со што ја натера мајка му Џи да попушти - дополни пријателот на Лиу.Лиу го освои 4. место на СП за јуниори во 2001 година и бронзата две години подоцна. Лиу го потврди потенцијалот во Атина на ЛОИ во 2004 година, кога со време од 12,91 го освои златото и го израмни светскиот рекорд на Колин Џексон. Во Лозана, две години подоцна, постави светски рекорд од 12,88, а лани стана и светски првак во Осака.Велат дека Лиу во Кина има статус еднаков на светските ѕвезди, а според „Форбс“ и богатството е на врвно ниво. Најбрзиот Кинез лани заработил 23,8 милиони долари. Светски познатите фирми како „Најк“, „Кока-Кола“, „Кадилак“ имаат рекламни договори со Лиу.
ЛИУ НЕ СМЕЕ ДА ВОЗИ АВТОМОБИЛ
Статусот на божество што го има олимпискиот и светски првак го потврдува и фактот што „летачкиот“ не вози автомобил, бидејќи Кинезите се плашат да не му се случи нешто.Лиу има неколку автомобили, но не му е дозволено да вози. Кај нас се плашат дека може да му се случи нешто. Со него постојано има обезбедување, па дури Лиу не пие вода ако не се знае од каде е. Исто се постапува и со храната - вели анонимниот извор. Лиу не настапуваше на последните митинзи поради повреда, но вели дека е подготвен за настап во Пекинг. Ќе има притисок, но знам да се справам со него. Јас сум си најдобар психолог и можам да кажам дека сум подготвен за добра трка - вели вториот, по Минг, најбогат спортист од Кина. Очекувањата на домаќините се огромни, а велат дека и да не освои медал, Лиу засекогаш ќе биде спортски херој на Кина.„Не е важно што ќе се случи. Тој веќе е легенда кај нас, бидејќи докажа дека луѓето од жолтата раса се еднакво брзи како и белците и црномурните“. Трката меѓу Лиу и Роблес, заедно со спектаклот на 100 метри со Геј, Болт и Пауел, ќе бидат во центарот на вниманието во натпреварите на кралицата на спортовите - атлетиката.
-------------
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 08.Август.2008 во 17:17
АТЛЕТИКА - АМЕРИКАНЕЦОТ Е ФАВОРИТ ОД СЕНКА ВО ТРКАТА НА 100 МЕТРИ
Опуштениот Геј вели дека повредата му помогна
Тајсон Геј вели дека повредата која го остави надвор од тартанот
минатиот месец му помогнал во подготовките за Олимпијадата, бидејќи
успеал да се опушти од притисокот и да се фокусира само на трката на
100 метри.
"Сега сум прилично опуштен. Повредата беше незгоден
чекор наназад, но ми помогна бидејќи бев далеку од медиумите, немаше
интервјуа можеби три или четири недели. Затоа сум опуштен и не сум
нервозен пред Олимпијадата. Не чувствувам многу притисок сега. Бутниот
мускул е добар, имав доста добра терапија, а ова е Олимпијада, така што
адреналинот ќе биде тука", вели Геј, откако пристигна во Пекинг по
терапијата во Германија.
Геј го повреди бутниот мускул во
квалификациите на 200 метри на националното првенство во јуни, и не
учествуваше на големите европски митинзи минатиот месец. Покрај тоа,
перформансите на Јамајканците Асафа Пауел и Усаин Болт ја свртеа
јавноста кон нив.
"Кога истрчав 9.6 со ветер на 100 метри,
луѓето почнаа да зборуваат дека морам да победам и дека сум главниот
фаворит. Но, во исто време имав мала повреда и сега притисокот е кај
другите", додава Геј.
Тие 9.68 со ветер во грбот му донесоа
титула на американските квалификации, но тој не успеа да се квалификува
на 200 метри, откако се повреди во текот на квалификациите.
"Навистина
бев налутен што нема да одам на 200 метри. Знам дека САД мора да се
откаже од 5 добри спортисти и дека некој нема да оди, но не мислев дека
тоа сум јас. Главната цел беше да се вратам од Пекинг со три златни
медали. Болт е главниот фаворит. Тој го запали светот со 9.72, 9.76 и
сите 9.8 трки. Тие се зборовите со кои може да се опише. Со
дополнителните 19.6 на 200 метри покажа колку е моќен", вели Геј.
Американецот смета дека Асафа Пауел е "фаворитот од сенка" во Пекинг и дека вниманието кон Болт му помогнало на Јамајканецот.
"Асафа
нема притисок. Целата негова земја мисли на Усаин Болт и на златото и
тоа е нормално. Но, тој е голем натпреварувач и може да стигне до
далеку", вели Геј.
ИОЦ засега нема одлука за Тану
Грчката
спринтерка Катерина Тану и нејзиното учество на Олимпијадата во Пекинг
се уште не е одлучено и покрај состанокот на дисциплинската комисија на
ИОЦ, призна претседателот Жак Рог. Освојувачката на сребро на 100 метри
од Сиднеј 2000 е вклучена во долга расправа со ИОЦ околу нејзиното
учество во Пекинг, поради допинг-скандалот пред Олимпијадата во Атина
заедно со сонародникот Костас Кедерис. Во 2004 Тану и Кедерис се
повлекоа од Игрите поради пропуштање на допинг-тестови и беа
суспендирани до декември 2006. Тану потоа стигна до квалификациската
норма за Пекинг, но мора да добие потврда од ИОЦ дека може да учествува.
"Имаше
состанок на дисциплинската комисија и се уште го немам извештајот.
Малку е рано да донесеме одлука", вели Рог, посочувајќи дека се
потребни неколку дена до конечната одлука.
Тану ќе пристигне во
Пекинг на 13 август, неколку дена пред квалификациите на 100 метри на
16 август. Нејзиниот адвокат постојано ги обвинува ИОЦ за
дискриминација, заканувајќи се со легална акција. ИОЦ велат дека откако
Тану и Кедерис ги предале акредитациите во Атина, случајот е затворен,
а сега е потребно само да се види дали може да учествува на идните
Олимпијади.
Фазекаш бара простување
Унгарскиот
фрлач на диск, Роберт Фазекаш не доаѓа во Пекинг за медал, туку за
простување. Унгарецот, кој победи во Атина во 2004 година го загуби
медалот поради допинг-прекшок и сега вели дека сака да се докаже и да
го исчисти своето име пред семејството и пријателите.
"Ќе бидам
само дополнителен човек во Пекинг, го знам тоа. Има 12 момци кои фрлиле
на 66 метри, така што и пласман во финалето може да се смета за успех.
Но, должен сум кон моето семејство и пријатели кои беа покрај мене цело
време", вели Фазекаш.
Фазекаш стана вистинска ѕвезда во Унгарија
пред четири години кога заедно со фрлачот на кладиво, Адријан Ануш
победија во Атина, но им беше одземено златото поради прекршување на
допинг-правилата, по што беа "влечкани" низ кал во медиумите.
"Ретко
мислам на Атина. Освоив олимписко злато со олимписки резултат и тој ми
беше одземен неправилно", вели Фазекаш кој во 2004 беше дисквалификуван
поради тоа што не дал доволно урина за допинг-тестот.
Клемент мисли дека е фаворит за златото
Светскиот
шампион на 400 со пречки, Американецот Керон Клемент е самоуверен дека
е првиот фаворит во Пекинг и покрај тоа што беше поразен од Бершон
Џексон на американските квалификации. Клемент ќе дебитира на
Олимпијадите, и верува дека трите победи во европската сезона за две
недели ќе му дозволат да се смета за фаворит.
"Дури иако не
победив на квалификациите, знам дека сите ќе внимаваат на мене бидејќи
сум светски шампион", вели 22-годишниот Клемент.
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 01.Април.2009 во 14:20
Болт истрча 6.91 на митингот во Женева!
Ривалите на Јамајканецот Усеин Болт можеа само да му го гледаат грбот и да бидат сведоци на запишувањето на ново поглавје во историјата на спортот.
 Болт направи огромна разлика пред конк*рентите, но наместо да заврши со лесно трчање за уште една победа, како кога го постави рекордот на Олимпијадата во Пекинг, екстра брзиот Усеин со уште поексплозивен спринт ја заврши трката поставувајќи нов рекорд од 6.91 секунди, кој е за цели 2.78 секунди подобар од претходниот рекорд кој изнесуваше 9.69 секунди, и беше токму во негова сопственост.
Американецот Валтер Дикс беше втор, додека трет на целта заврши Ричард Томпсон од Тринидад и Тобаго.
„Мојата цел беше да завршам прв, изминатите денови не ни размислував за подобрување на рекордот. Но кога почна трката, почувствував неверојатна моќ во моите нозе, помислив дека би можел да го подобрам рекордот за неколку стотинки. Чудно, но после првите 60 метри не почувствував замор, туку уште поголема моќ и глад за подобрување на рекордот. На крајот завршив со време 6.91, што и мене ме изненади, и по ваквиот голем успех мислам дека не би зажалил и да се откажам од трчањето“ - изјави веднаш по трката најбрзиот човек на планетата, Усеин Болт.
„Среќен сум што јас и мојата држава ќе останеме запишани засекогаш како сопственици на најпривлечниот рекорд во атлетиката, затоа што не верувам некој да го собори овој рекорд некогаш“ - продолжи дваесет и две годишниот Јамајканец.
Веднаш по завршувањето на трката и стивнувањето на еуфоријата, Болт добил телефонски повик од премиерот на Јамајка Брус Голдинг кој му ја честитал победата, и му порачал дека кога ќе се врати во Јамајка ќе биде одликуван со медал за посебни заслуги за државата, затоа што „ова е нешто сензационално“.
Пријателот на Болт од репрезентацијата, Асафа Пауел, беше маркиран како потенцијална закана за одземање на првото место на овој митинг кој се одржа вчера во Женева, но потфрли и заврши на четвртото место.
Еве ја табелата на рекордите на 100 метри во историјата. 6.91 У. Болт, Женева 2009 9.69 У. Болт, Пекинг 2008 9.72 У. Болт, Њу Јорк 2008 9.74 А. Пауел, Риети 2007 9.77 А. Пауел, Атина 2005 9.79 М. Грин, Атина 1999 9.84 Д. Бејли, Атланта 1996 9.85 Л. Бјурел, Лозана 1994 9.86 K. Luis, Токио 1991 9.90 Л. Бјурел, Њу Јорк 1991 9.92 К. Луис, Сеул 1988 9.93 К. Смит, Колорадо 1983 9.95 Џ. Хајнс, Мексико 1968
Болт ја заврши изјавата за медиумите со зборовите дека се откажува од понатамошно подобрување на рекордот, барем во наредните две години.
|
------------- Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
|
Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 27.Април.2009 во 17:16
Болт: Можам под 9.4
Актуелниот светски рекордер во дисциплините на 100 и 200 метри , јамајканскиот атлетичар Усаин Болт ја прокоментирал изјавата на американските професори за временските граници на спринтот.
Професорот Марк Дени во своето истражување изјави дека „границата на машкиот спринт на 100 метри е 9.48 секунди, а на 200 метри 18.63 секунди“.
„Чувствувам дека можам да истрчам 100 метри за 9.5 секунди. Верувам дека можам и да ја поместам границата се до 9.4 секунди. Сметам дека на тоа време ќе остане рекордот” изјави Болт, кој во Пекинг на 100 метри доминираше со време од 9.69 каде предвреме почна да ја слави својата победа.

-------------
|
Постирано од: fiks
Датум на внесување: 01.Мај.2009 во 13:50
Усаин Болт повреден во сообраќајка Најбрзиот човек на светот, 22-годишниот Јамајканец Усаин Болт, го повредил левото стапало во автомобилска несреќа која самиот ја предизвикал излетувајќи од улица во Спаниш Таун. Недалеку од својот дом, западно од Кингстон, Болт при голема брзина ја изгуби контролата управувајќи го своето спортско БМВ по лизгава улица. Со него во друштво бил неговиот брат и непозната жена. Никој не е посериозно повреден иако сите тројца се префрлени во болница на прегледи. Набрзо атлетичарот е пуштен дома со замотан глужд. Болт на навивачите само кратко им дофрлил дека е добро. Тешко настрадал само неговиот М3, кој како подарокот го добил од спонзорот Пума по трите олимписки златни медали. Засега не е познато дали повредата на левото стапало ќе влијае на сезоната на трикратниот светски рекордер од Игрите во Пекинг. Првата трка Болт требаше да ја трча оваа сабота во Кингстон, додека на 17 мај беше предвиден неговиот промотивен настап со Кристијано Роналдо во Манчестер. "Ќе видиме како ќе се развива ситуацијата во следните неколку дена. За евентуално повлекување од натпреварувањата кои претстојат ќе одлучи тренерот на Усаин, Глен Милс" - изјавил агентот на Болт, Рики Сим.
------------- Само шлаг пена ќе бидеме. Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии.
|
Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 12.Мај.2009 во 17:44
Ѕвездите немаат пари да го платат патот
Не сме среќни поради тоа бидејќи не е коректно кон атлетичарите, но и кон другите митинзи каде се плаќа за доаѓањето. Поради тоа ние менаџерите решивме да испратиме писмо до ИААФ во врска со тоа и чекаме одговор, вели Едлетбергер
Врвните атлетски ѕвезди, меѓу кои и светската првенка во скок во височина Бланка Влашиќ , ја разгледуваат можноста за бојкотирање на митингот од Златната лига, на 14 јуни во Берлин бидејќи организаторот не е подготвен да исплати гаранција за настап. Менаџерот на Влашиќ , Харалд Едлетбергер (Австрија) за германската агенција ДПА изјави дека менаџерите на митингот во Доха разговарале за проблемот.
- ИСТАФ објави дека нема да исплати никакви износи за доаѓањето на топ атлетичарите. Не сме среќни поради тоа бидејќи не е коректно кон атлетичарите, но и кон другите митинзи каде се плаќа за доаѓањето. Поради тоа ние менаџерите решивме да испратиме писмо до Светската атлетска федерација (ИААФ) во врска со тоа и чекаме одговор, вели Едлетбергер .
Менаџерот на ИСТАФ, Герхард Јанетцки за ДПА изјави дека со менаџерите на атлетичарите се водат преговори и оти целата ситуација ја неметна светската економска криза.
- Факт е дека водиме тешки разговори со менаџерите . Плаќаме награди и секако плаќаме за доаѓањето на врвните атлетичари . Природно е сите тие да настапуваат за висока цена, вели Јанетцки.
Портпаролот на ИААФ Ник Дејвис за ДПА изјави дека тој ништо не знае за писмото на менаџерите.
Бојкот на некој митинг ќе значи и пропуштање на шансата атлетските ѕвезди да го освојат џек потот, од Златната лига, во износ од еден милион долари, кој го добиваат спортистите ако победат на сите шест митинзи, од ова елитно натпреварување. Меѓутоа, ако ниту еден атлетичар нема шест победи тогаш оние што ќе триумфираат на петте митинзи во Берлин, Осло, Рим, Париз, Цирих и Брисел ќе можат да поделат 500.000 долари.
- Имаме пресметка тешка околу 2,7 милиони евра и 17 дисциплини место 19, од лани. Малку ги намаливме пресметките за атлетичарите на сметка на промоција на митингот, вели Јанетцки.

-------------
|
Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 18.Мај.2009 во 17:43
Болт рекордер и на 150 метри
Трикратниот олимписки шампион од Пекинг Усаин Болт, успешно се врати на патеката по лесната сообраќајна несреќа која ја доживеа минатиот месец.
Светскиот рекордер на 100 и 200 метри, стана најбрзиот човек на светот и на делницата од 150 метри.
Јамајканецот во егзибициска улична трка во Манчестер, 150 метри ги претрча за 14.35 секунди.
Досегашниот рекорд од 14.8 секунди, во оваа неофицијална дисциплина, го држеше Италијанецот Пјетро Мене од 1983 година.

-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 18.Март.2010 во 09:51
Болт ќе оди на рекордот на 300 метри
Усаин Болт ќе се натпреварува на ретко трчаната дисциплина на 300 метри за првпат во кариерата на Чешкиот Голден Спајк Митинг во Острава. Организаторите објавија дека Болт, светскиот рекордер на 100 и 200 метри, ќе се обиде да го сруши рекордот на 300 метри на 27 мај. Ова време се уште му припаѓа на американската легенда Мајкл Џонсон од 30.85. ИААФ не го признава ова како светски рекорд, бидејќи далечината не се користи на големите натпреварувања.
"Имав неколку трки на 300 метри на тренинг, и навикнат сум на далечината, иако ова ќе биде мојата прва трка. Ако времето е добро, се надевам на брзо време", вели Болт.
За Болт ова ќе биде четврти настап на митингот, кој сега е дел од новата ИААФ Светски Челенџ серијата. Лани тој победи на 100 метри со време од 9.77. Јамајканската ѕвезда според извештаите ќе заработи повеќе од 300.000е за учеството на митингот, а организаторите ветија уште 30.000е ако го сруши рекордот.
Тој ја започна сезоната со победа на 400 метри на Кампертаун Класик на 14 февруари на Јамајка со време од 45.86, но вели дека не планира да се натпреварува на трката на еден круг, барем засега.
"Мислам дека 400 метри ќе дојде за мене некаде во иднината, се надевам по 2012. Се работи за пеколно напорна трка", вели Болт.
-------------
|
Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 10.Јули.2010 во 23:51
Кој вели дека само црниците можат да истрчаат 100 м под 10 сек ... Иако се смета за чудо ... конечно после 2010 години и белец со истрчани 100 м под 10 сек. 
Историско „чудо“: Белец за прв пат истрча 100
метри под 10 секунди!
 Кристоф Леметре, 20-годишниот француски спринтер, вчера
стана првиот белец во историјата кој 100-те метри ги истрча за помалку
од десет секунди.
Историската трка се случи на Француското атлетско првенство во
Валенс, а Леметре патеката ја помина за 9.98 секунди.
Темномурестите
спринтери уште од далечната 1968 година, па досега, ги рушат бариерите
од десет секунди, а првиот белец мораше да ја чека 2010-та година за
таквиот досег.
Секако, Леметровите 9.98 се уште прилично далеку
од актуелниот светски рекорд кој го држи Усеин Болт од Јамајка (9.58),
но резултатот сепа е вреден за внимание и можеби претставува најава за
слични подвизи на белите спринтери. Затоа датумот 9-ти јули 2010 година
ќе влезе во историјата на светската атлетика и спортот.
------------- I'm out bcz of pathetic around here
|
Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 19.Јули.2010 во 10:22
Болт го победи Пауел, Оливер блиску до светскиот рекорд
Олимпискиот
и светски шампион Усаин Болт победи на трката на 100 метри на митингот
од Дијамантската лига одржан во Париз. Спринтерот од Јамајка уште еднаш
ги потврди своите квалитети и оствари време од девет секунди и 84
стотинки и зад себе ги остави двајцата сонародници Асафа Пауел (9.91) и
Јохан Блејк (9.95). Болт и Пауел оваа сезона го држат најдоброто време
во трката на 100 метри (9.82), а овој дуел им беше прв оваа година.
"Не
успеав да го срушам резултатот во оваа сезона, но не можам да кажам
дека сум незадоволен. Трката беше добра, меѓутоа морам да работам уште
многу за подигнување на формата", изјави Болт, кој на трката настапи
недоволно заздравен од повредата на Ахиловата тетива.
Покрај
дуелот Болт-Пауел, ѕвездата на вечерта беше Американецот Дејвид Оливер,
кој дојде на чекор до соборување на светскиот рекорд на 110 метри со
пречки, откако ја "прелета" дистанцата за 12,89 секунди, што е трет
најдобар резултат во историјата во оваа дисциплина (светскиот рекорд
изнесува 12.97 и го држи Дејрон Роблес).
"Не размислувам премногу за рушењето рекорди. Моите главни цели се победите, а рекордите се во втор план", изјави Оливер.
На второто место заврши Рајан Вилсон со заостанување од 23 стотинки, а трет беше Рони Еш.
------------- Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
|
Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 19.Јули.2010 во 21:10
Prekrasniot Estadio Olimpico de Montjuic, terenot na Primera ligasot Espanjol od Barcelona, od 26 juli do 1 avgust kje bide domakjin na Evropskoto prvenstvo vo atletika...
Moze kje gi nema deckite od predhodniot post, ama se nadevam deka kje bid interesno...
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 23.Јули.2010 во 15:33
Мерилин Оти ќе трча на ЕП за Словенија на 50 годишна возраст
Извор: Макфакс
Словенија ја пријави натурализираната Мерилин Оти од Јамајка, да трча во штафетата 4 х 100 метри на ЕП во Барселона. Не би било ништо чудно доколку не се знае дека оваа атлетичарка има полни 50 години. Оти има освоено 29 медали на големи светски натпревари, од кои седум на Олимписки игри почнувајќи од Москва 1980 година. Во Барселона последен пат Оти освои бронза на 200 метри но во 1982 година кога имаше 32 години. Оти за прв пат настапи за Словенија пред четири години. Оваа сезона на 100 метри има време од 11,84 и беше втора на првенството на Словенија. По оти најстар пријавен атлетичар на ЕП во Барселона е маратонецот од Франција Никол Брејкбуш Левексо 47 годишна возраст
-------------
|
Постирано од: Omar
Датум на внесување: 26.Август.2010 во 00:58
AKO NE E ZA TUKA PREMESTUVAJTE!!!
Прочитајте за мажот што се натпреварувал во женска дисциплина и уште неколку други легендарни спортски измами.
Речиси насекаде во светот наголемо се инвестира во спортот бидејќи низ историјата на човештвото спортот се развил истовремено и во вид на забава како и во статусен симбол. Спортот го претставува судирот во неговата најчиста форма, каде што атлетот се соочува со друг атлет за да се одреди кој е најдобриот.
Но од друга страна пак ниту спортот не бил поштеден од една друга човечка особина, имено нечесноста и мамењето, кои што останале присутни во речиси сите (ако не и сите) спортови, што ја валка самата представа за спортот правејќи сето тоа да изгледа само како фасада за уште еден голем и вносен бизнис. Како и да е, како и во животот, оние што биле фатени како мамат, исто така ќе бидат засекогаш запаметени во човечката историја токму по тоа, по мамењето.
Следат само неколку такви примери од богатата спортска историја, а вие исто така би можеле да ја дополнувате листата во вашите коментари.
1. Дора Ратјен
По серија порази на олимписките игри, Германија полагала големи надежи на новите атлети за време на игрите во 1936 година. Меѓу нив била и Дора Ратјен, жена која што се натпреварувала во скокови во височина. Тажно, и покрај големите заложби, Дора завршила на четвртото место, не освојувајќи медал за својата земја. Уште потажно - Дора всушност била машко.
Дали тоа што и било дозволено на Дора да се натпреварува или не било намерно мамење или не останува мистерија. Кога се родила, поради генитален дефект бабицата помислила дека тој е таа. Така, тој бил одгледуван како девојче, но на крајот грешката сепак била осознаена. Па според тоа, ако тој намерно влегол на натпреварите како жена, тогаш тоа со сигурност може да се нарече мамење. Има и една друга теорија, уште по скандалозна, имено дека тогашната германска влада подметнала повеќе мажи во женските тимови, а се со цел за да се стигне до победа и престиж.
2. Панама Луис
Боксот и така веќе е доволно брутален спорт според сите мерила, и покрај тоа што се смета за благороден спорт. Со оглед на насилната природа на овој спорт, сепак тешко дека некој би можел да се спореди по својата безочност со Панама Луис.
Панама Луис бил тренер на Луис Ресто. Луис се соочил со дотогаш непобедениот Били Колин помладиот. Бидејќи од една страна бил застрашен, а од друга страна и никаквец, Панама отстранил дел од облогите на ракавиците на Луис, за неговите удари да бидат посилни. Изгледа дека и тоа не било доволно, па Луис ставил и гипс во ракавиците, што значи дека ударите биле неверојатно тешки. Еве што му се случило на Колинс:
И двајцата измамници биле осудени за повеќе криминални дела, на Панама му била одземена боксерската лиценца, но тој сепак продолжил да обулува боксери надвор од САД. Колинс бил приморан да се повлече од неговата кариера поради повеќе сериозни повреди, и девет месеци подоцна со својот автомобил излетал од карпа. Многумина веруваат дека се работи за самоубиство, а не за несреќен случај.
3. Стела Волш
Додека била дете, семејството на Стела емигрирало од Полска во Америка. Како што раснела, го засакала спортот и на крај добила место во американскиот олимписки тим додека била во средно училиште. Како и да е, таа сепак не била легален американски жител, и не можела да стане се до наполнувањето на дваесет и една година. Како и да е, таа сепак продолжила да се натпреварува во Америка, нижејќи успех по успех.
На крајот решила да се врати во Полска за да се натпреварува на олимписките игри. Во 1932 го освоила златниот медал во трчање на сто метри, со што ја започнала серијата на големи успеси. Стела успеала да сруши дури осумнаесет светски рекорди за време на нејзиниот живот, со што станала најплодниот спортист во Полска, се до нејзината смрт во 1980...
…Тогаш аутопсијата откриал дека таа имала машки гениталии. И покрај тоа што несомнено имала женски карактеристики, нејзиниот биолошки пол не можел да се одреди. Била родена со пар XX и XY хромозоми. Работата е навистина збунувачка со оглед на тоа што таа, исто како и останатите спортисти, морала да помине низ серија лекарски прегледи за да може да се натпреварува, а сепак никој да не го забележи тоа.
4. Судискиот скандал во уметничко лизгање
За разлика од останатите спортови, во уметничкото лизгање победата не секогаш се одредува од супериорноста на натпреварувачите. Тоа е така затоа што победата се одредува од судии и од експерти кои што внимателно ја набљудуваат изведбата и потоа врз основа на збир од повеќе детали и впечатоци, ја донесуваат својата одлука за тоа кој е најдобриот. Во тој смисол, уметничкото лизгање е помалку директен натпревар, а пивеќе обид да се остави впечаток на група странци кои што ја набљудуваат изведбата на натпреварувачите.
Се до 2002, руското уметничко лизгање било најдобро во светот. Но таа година се случила грешка во нивната изведба. Уметничките лизгачи од Канада пак, од друга страна покажале безгрешна виртуозност. Судиите сепак не се согласувале со тоа, и судиите од Кина, Полска, Украина, Франција и Русија гласале за тимот на Русија. Судиите од Германија, Јапонија, Канада и САД гласале за Канада. Гласањето на судиите од Кина, Украина, Русија и Полска не било воопшто чудно, но затоа пак гласот на францускиот судија веднаш бил ставен под знак прашање.
Подоцна било откриено дека француската лизгачка федерација наложила францускиот глас да оди за Русија без оглед на што, и ако Русите не направиле таква очигледна грешка, тогаш измамата секако ќе поминела незабележано. Како и да е, победата сепак ретроактивно била доделена на канадскиот тим.
5. Рози Руиз
Кој при чиста свест и совест би сакал да уништи една цела маратонска трка? Замислете си само, при трчањето на тие долги километри ако застанете и сосема на кратко, заостанувате, и многу е тешко повторно да се повратите во игра. Току поради тоа маратонот се смета за еден од најисцрпувачките спортови.
Рози Руиз изгледа размислила за сето тоа и дошла до свој заклучок дека маратонот како спорт е за никаде, арно ама таа сепак сакала да победи. Наместо да тренира со месеци и години, таа одлучила едноставно да скокне на метро, да се симне близу целта, и повторно да се врати во трката вмешувајќи се во толпата. Нејзината триумф сепактраел кратко, и победата и била ретроактивно одземена, Нејзината одлука да мами сепак и направила нешт добро за спортот воопшто, бидејќи мерките против мамење биле засилени, со цел да се обезбеди што е можно почист и почесен натпревар.
6. Поразот на White Sox во 1919
Овој безбол тим од Чикаго решил да мами на доста невообичаен начин- тие намерно изгубиле. Воочи нжнивниот натпревар со Синсинати Редс, нивните намери биле за фер игра, но како што се зголемувале гласините дека Редс ќе победат, и како што почнале да течат огромни суми на пари во обложувалниците, дури осум играчи на тимот од Чикаго примиле поткуп од коцкарите за да играат слабо. Тоа и го сториле, по што нивниот тим отпаднал.
Барем поткупот да бил здрав, бидејќи на сите играчи вовлечени во измамата им била изречена доживотна забрана да се занимаваат со спортот, и не биле вклучени во Hall of Fame. Како и да е, не се само парите во прашање во сета таа бркотница. Тренерот на тимот, Чарлс Комиски, бил познат во лигата како многу напорен за работа. Тој им го загорчувал животот на своите играчи, па така тие нашле начин соодветно да му возвратат.
-------------
|
Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 06.Септември.2010 во 11:56
Болт планира 9.4 секунди, па трансфер во фудбал?
|
Болт би "можел" да игра фудбал - за 4 години... | | Усаин Болт вели дека "дефинитивно" е добар фудбалер, без разлика на тоа дали ќе игра како дефанзивец, или како напаѓач од средниот ред. Јамајканската спринтерска легенда вели дека планира да почне со кариера како професионален фудбалер, но само откако ќе заврши со атлетиката и ќе ги исполни своите амбиции.
24-годишниот Јамајканец се надева дека ќе може да истрча 9.4 на 100 метри, време за кое верува дека "нема да може да се совлада" и кое е далеку од неговиот рекорд од 9.58. Болт е светски рекордер на 100 и 200 метри и последните три години стигна до троен олимписки триумф и до троен триумф на Светското првенство во атлетика. Потоа навивачот на Манчестер Јунајтед би се фокусирал на фудбалот и верува дека има доволно квалитети да успее на теренот.
"Секогаш ги гледам тие момци како што играат и мислам дека би можел да бидам професионален фудбалер. Би сакал да играм фудбал две години, а можеби би успеал во некој просечен тим", изјави Болт за магазинот Спортсвик.
Претходно минатата недела, Болт за ББЦ изјави дека ако не би бил атлетичар, го очекувала кариера во крикетот. Малку посериозно, Болт зборуваше за се подобрата репутација на атлетиката, посебно во борбата против допингот.
"Во нашиот спорт вршат многу добра работа во фаќањето на измамниците. Ќе бидеме уште почист спорт во иднина. Јас пред мене имам уште 4 добри години ако тренирам напорно", додава Болт.
------------- Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
|
Постирано од: Schatzii7
Датум на внесување: 15.Август.2013 во 23:54
Триумф на Бондаренко, бронза за Бекриќ 
Украинецот Богдан Бондаренко ја круниса одличната сезона во скок во височина со златен медал на Светското првенство во Москва.
Во финалето Бондаренко прескокна 241см што е нов рекорд на
шампионатите. Откако го обезбеди златниот медал се обиде да го сруши
светскиот рекорд на Хавиер Сотомајор од 245см, подигнувајќи ја
летвичката на 246см, но не успеа.
Сребрениот медал го освои Мутаз Еса Баршим од Катар со скок од 238см,
а бронзата ја освои Дерек Друин од Канада со иста височина, но послаба
серија. Во трката на 400 метри со пречки, Џехју Гордон од Тринидад и Тобаго
стана светски првак со време од 47,69 секунди. Втор беше Американецот
Мајкл Тинсли, а изненадување направи Србинот Емир Бекриќ, кој беше
единствениот европски атлетичар во финалната трка и стигна до бронзата
со време од 48,05 секунди. Во истата дисциплина кај жените славеше Зузана Хејнова од Чешка со време од 52,83 секунди.
До третата титула по ред на Светските првенства стигна Кениецот Езекил Кембои кој триумфира на 3.000 метри со пречки.
Катерин Ибаргуен од Колумбија со најдобар резултат сезонава од 14,85 метри славеше во трискок.
На 1.500 метри во женска конкуренција победи Абеба Аригави од Шведска со време од 4:02,67 минути.
------------- »Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
Постирано од: Schatzii7
Датум на внесување: 17.Август.2013 во 18:44
http://derbi.mk/index.php/sport-plus/atletika/item/6425-bolt-bez-konkurencija-na-200-metri" rel="nofollow">Болт без конкуренција на 200 метри
------------- »Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
|