![]() |
|
F1 Вести |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1516171819 55> |
Автор | |||
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Во Ред Бул со големи амбиции во оваа сезона
![]() По две 1-2 победи на Британското и Германското ГП, во Ред Бул Рено имаат доволно причини да се чувствуваат самоуверени пред вториот дел од Ф1 сезоната. На осум трки пред крајот тимот од Милтон Кејнс го има моментот на своја страна во битката со Браун Мерцедес во шампионатот на возачи, но и во тој на конструктори. "Работиме до максимум за да добиеме перформанси колку што можеме побргу. Сите во фабриката се мотивирани, а темпото на работа за да се прилагодиме кон овогодишните правила е неверојатно. Има многу вистински херои во фабриката, кои трошат многу часови за да ги обезбедат компонентите", вели Кристијан Хорнер, шефот на тимот. Додека РБ5 е доминантниот болид во моментов, поради развојот на болидот, заедно со долгорочните цели на дизајнерскиот тим, во тимот мораат да имаат целосно детален план. "Имаше добри знаци уште минатата сезона, кога РБ4 имаше солидни резултати во првиот дел од сезоната, додека во вториот дел Ред Бул Технолоџи имаше добри резултати со Торо Росо, во скоро идентичен болид", оценува Хорнер. Ред Бул заостанува само 19.5 во трката во шампионатот на конструктори зад Браун Мерцедес, додека во шампионатот на возачи ситуацијата е покомлицирана, со Џенсон Батон од Браун на 68 поени, а двојката на Ред Бул, Себастијан Фетел и Марк Вебер релативно еднакви на 47 и 45.5 поени. Хорнер вели дека во ваква ситуација нема да има тимски наредби. "Ќе продолжиме да работиме со двајцата возачи еднакво. Помеѓу нив е само 1 и пол поен, така што и двајцата се конк*ренти за светска титула. Но, има долг пат пред да го стигнат Џенсон Батон", оценува Хорнер. Техничкиот директор на тимот и според многумина творецот на успехот оваа сезона, Адријан Њуи, признава дека ќе мораат да го развиваат РБ5 болидот до крајот на сезоната, што може да има негативно влијание на развојот на болидот за 2010. Во слична ситуација оваа сезона се наоѓаат Мекларен и Ферари, откако лани Фелипе Маса и Луис Хамилтон се бореа за титулата до крајот на сезоната. "Во моментов мораме да работиме напорно бидејќи се бориме за титулите, но не знаеме какво влијание ќе има тоа за 2010. Тоа е проблем кој го имаат сите. Лани развојот на РБ4 болидот не влијаеше на оваа година бидејќи имаше нови регулативи, но сега деловите од РБ5 ќе можат да се користат и следната година", смета Њуи. |
|||
![]() |
|||
![]() |
|||
blackeye ![]() Сениор ![]() ![]() The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Почина синот на Џон СартизПонеделник, 20.07.2009 |
Хенри Сартиз бил пренесен во локалната болница крај патеката во бесознание, а откако неговата состојба била стабилизирана префрлен е во болницата Ројал во Лондон. За жал, 18-годишниот Хенри доцна вечерта им подлегнал на повредите. Несреќата се случила откако Сартиз бил удрен од тркало кое се одделило од болидот на Џек Кларк. Кларк загубил контрола врз својот болидот и излетал на излезот од свијокот број шест, наречен Вестфилд, при што тркалото го погодило Сартиз директно во визирот. По ударот, болидот на несвесниот возач продолжил и удрил во ѕидот крај патеката. Навремената реакција на медицинските лица крај патеката се покажа како залудна. |
|||
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
|||
![]() |
|||
blackeye ![]() Сениор ![]() ![]() The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Ексклузивно: Зошто болидите BrownGP се така супериорни |
|
|
|
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
|||
![]() |
|||
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
ПОЧНАА ГОЛЕМИТЕ ШПЕКУЛАЦИИ ЗА ТРАНСФЕРИ СЛЕДНАТА СЕЗОНА Пике засега останува во Рено, Бурде се заканува со тужба!
![]() Тимот на Рено потврди дека Нелсон Пике Јуниор ќе вози на Унгарското ГП следниот викенд. Се шпекулираше дека Бразилецот ќе го загуби своето место во францускиот тим поради слабите резултати, а дека швајцарско-францускиот ГП2 возач Роман Грожан веќе е подготвен да биде негова замена. Но, во официјалната најава на трката на Хунгароринг тимот од Енстоун го цитира Пике, кој вели дека "поените мораат да бидат цел во Унгарија". Во интервјуто 23-годишниот Бразилец вели дека лошата трка во Нирнбургринг била резултат на тоа што тој ги немал истите подобрувања на болидот како колегата Фернандо Алонсо. "Треба да ги имам истите компоненти како Фернандо во Унгарија и затоа мислам дека можам да бидам подобар", додава Пике. Во исто време, Себастиен Бурде, Французинот кој беше отпуштен од тимот на Торо Росо во средина на сезоната, вели дека е фрустриран од одлуката на јуниорскиот Ред Бул тим, но и дека може да се реши на тужба поради прекршување договор. Поранешниот четирикратен Чемп Кар шампион се мачеше со контролата на својот Торо Росо болид оваа година и имаше послаби резултати од дебитантот Себастиен Буеми. "Навистина сум шокиран од одлуката на Торо Росо. Сметам дека со тоа тие го прекршија договорот со мене, а мислам дека во моето однесување немаше ништо што би ја оправдало таквата постапка и побарав од моите адвокати да ги разгледаат опциите. Мојата мотивација останува. Посветен сум на мојот формула 1 проект поради кој ја прекинав успешната кариера во САД", додава Бурде. РОЗБЕРГ ГО БАРААТ ЧЕТИРИ ТИМА? Преселбата во Браун ГП е една опција за Нико Розберг во 2010, додека Рубенс Баричело и Хеики Ковалаинен разговараат со тимот на Вилијамс. Откако "изби" мирот во формула 1, конечно почна да се шпекулира за трансфери кај возачите, оценува германскиот Ауто Мотор Унд Спорт. 24-годишниот Германец Розберг наводно разговара со дури четири тима - неговиот сегашен Вилијамс, но и со БМВ и Мекларен, а интерес покажува и тимот на Рос Браун. Негова замена следната година може да биде 21-годишниот Германец Нико Хулкенберг, кој на своја страна го има менаџерот Вили Вебер, најпознат како менаџер на Михаел Шумахер. Актуелниот Ф3 Евросерија шампион настапува во ГП2 со АРТ тимот на синот на поранешниот шеф на Ферари Жан Тод, Николас, а ја има поддршката и на германските спонзори на Шумахер, Декра и Дојче Фермогенбератунг. Австриските медиуми, пак, велат дека Кристијан Клин ќе се врати во формула 1 следната сезона и тоа со тимот на БМВ Заубер. Поранешниот возач на Јагуар/Ред Бул би го преземал местото на Ник Хајдфелд. Експрес весникот од Келн, пак, вели дека Тимо Глок се преселил од Келн со што се зголемуваат шпекулациите дека кандидат за местото на Хеики Ковалаинен во Мекларен следната сезона, а се јави и веста дека Тојота размислува за повлекување од Ф1. Што се од овие шпекулации ќе се оствари останува да се види. ВО РАМКА Мекларен со КЕРС цела сезона, Вилијамс нема да го користи Мекларен Мерцедес најавија дека ќе продолжат да го користат Системот за поврат на кинетичка енергија (КЕРС) и во остатокот на сезоната 2009. Британскиот тим и нивните италијански ривали Ферари се единствените два тима кои го користат КЕРС, додека другите тимови решија да се откажат од скапиот систем. "Мислам дека е јасно дека нема да го отфрлиме КЕРС, а имаме среќа што имаме одличен пакет кој е вграден во болидот. Ако се решиме да го напуштиме КЕРС потребен ќе биде целосен редизајн на болидот", вели шефот на тимот, Мартин Витмарш. Од Вилијамс, пак, велат дека не би било голема штета доколку тимот воопшто не го користи својот КЕРС систем во Ф1. Тимот од Гроув има уникатен кружен систем за КЕРС, кој не е вграден во ФВ31 болидот. "Технологијата беше многу корисна, и има понатамошна комерцијална употреба за нас. Така ќе си пронајде свој живот подалеку од болидот", вели Сер Френк Вилијамс. ВО РАМКА Во Торо Росо недостасува Фетел Техничкиот директор на Скудерија Торо Росо, Џорџо Асканели, вели дека отсуството на Себастијан Фетел оваа година се чувствува во италијанскиот тим. Фетел лани им ја донесе деби победата на Торо Росо во Италија и го предводеше тимот до победа пред поголемиот Ред Бул Рејсинг сестрински тим, но оваа година малиот тим порано познат како Минарди има само 5 поени. "Лани италијанските медиуми ме фалеа како успеав да ги надмудрам 'братучедите' од Ред Бул, но краткиот одговор е дека Фетел е голем возач. Јас не бев гениј лани, но не сум ни толку идиот оваа година", вели Асканели. |
|||
![]() |
|||
![]() |
|||
blackeye ![]() Сениор ![]() ![]() The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Ферари за Фетел: Никогаш не вели никогаш!
|
|||
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
|||
![]() |
|||
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
![]() ![]() ![]() Тод и Ватанен ја почнаа борбата за место претседател на ФИА Поранешниот шеф на тимот на Ферари, Жан Тод потврди дека ќе се бори за местото претседател на ФИА оваа година. Само 24 часа откако претседателот Макс Мозли го посочи Тод како идеален кандидат за негова замена, Французинот потврди дека ќе влезе во трката. Тој е втор кандидат кој се промовираше во последните недели, откако поранешниот шампион во рели, Ари Ватанен ја објави својата кампања. "По одлуката на Макс Мозли да не бара нов мандат и неговата несомнена поддршка кон мене, напишав писмо до членовите на ФИА со мојата кандидатура. Мојата цел е да ја продолжам фантастичната работа на претседателот Мозли, кој 16 години неуморно работеше да ја засили ФИА и големите шампионати и да ја позиционира ФИА како глас на јавноста, активно промовирајќи безбедносни услови за сите. За позиција на заменик за мобилност би го предложил Брајан Гибонс, шефот на Автомобилската асоцијација на Нов Зеланд, за заменик на спорт Греем Стокер, претседателот на британската асоцијација, а шеф на Сенатот би бил Ник Кроу, сегашниот заменик претседател на ФИА. Мислам дека со овој лидерски тим ќе имаме одлично лидерство во спортот", изјави Тод. Французинот исто така најави дека планира да ги намали трошоците во сите форми на моторспорт. "Имав среќа што во мојата кариера имав огромен успех во моторспортот и ги користев придобивките кои ги направија поранешните претседатели на ФИА. Сега мислам дека е време да се врати нешто на спортот и на ФИА", додава Тод. ВАТАНЕН: "СО ТОД ПРОДОЛЖУВА ЕРАТА НА МОЗЛИ" И покрај тоа што инсистира дека не сака да почне валкана кампања, Ари Ватанен вели дека изборот на Жан Тод за претседател на ФИА нема да ги донесе потребните промени. Поранешниот Рели ВРЦ шампион од Финска пред Германското ГП најави дека ќе се кандидира за претседател на ФИА, а сега вели дека е грешка да се избере Тод поради неговите блиски врски со Мозли. "Тие се многу добри пријатели и работеа добро кога Жан беше во Ферари, а Макс во ФИА, но тоа може да биде хендикеп. Треба да се добие нова ѕвезда, независна личност која ќе ја претставува промената во спортот. Не сакам да одам против Жан, но ова е отворање", вели Ватанен. И покрај тоа што смета дека Тод не е вистинската личност за позицијата, Финецот додава дека нема да оди на валкана кампања. "Сакам да бидам конструктивен во текот на целата кампања. Мораме да гледаме напред и да не даваме лоша слика за ФИА. Ни треба интегритет и чест", смета Ватанен. Торо Росо и официјално го "шутнаа" Бурде Кариерата на Себастиен Бурде со Торо Росо и официјално заврши. Неуспехот на Французинот да го оствари својот потенцијал е главната причина што тимот реши да го отпушти поранешниот Чемп Кар шампион. "Во втората година на Себастиен со нас не беа исполнети нашите очекувања. Затоа тој ќе биде заменет од Унгарското ГП", вели шефот на тимот Франц Тост. 30-годишниот Бурде стигна во Ф1 во 2008 по освојувањето на четири едноподруго Чемп Кар титули во САД од 2004 до 2007, но успеа да освои само 6 поени од 27 ГП трки во кои учествуваше. Лани тој беше во сенка на фантастичниот Себастијан Фетел, кој ја донесе првата победа на тимот, додека оваа година швајцарскиот дебитант Себастиен Буеми го совлада 7-2 во деветте трки досега. Торо Росо ќе ја објават неговата замена пред Унгарското ГП, додека главен фаворит е Шпанецот Хаиме Алгуерсуари. Актуелниот Британски Ф3 шампион е дел од развојната програма на Ред Бул и ќе стане најмладиот возач во Ф1 ако дебитира во Унгарија со 19 години 126 дена, совладувајќи го рекордот на Мајк Теквел од Нов Зеланд, кој на Канадското ГП во 1980 беше 57 дена постар. Ф1 ФЛЕШ Марк Вебер ќе оди на нова операција по Унгарското ГП по инцидентот со велосипед од ноември. 32-годишниот Австралиец скрши рамо и нога во инцидентот, но минатата недела стигна до својата прва победа во кариерата. "Титаниумската прачка ќе се извади на крајот на сезоната, но морам да одам на операција", вели возачот на Ред Бул. Во исто време се шпекулира дека Вебер почнува со преговори со Ред Бул за нов договор бидејќи сегашниот истекува на крајот на сезоната. Во Мекларен веруваат дека имаат болид со кој можат да стигнат до победа на Унгарското ГП по големиот чекор напред на Германското ГП. По подобрувањата на подот и на предното крило, МП4/24 беше побрз по 0.7 секунди по круг. "Имаше голем прогрес во Германија и сега мислам дека имаме добри шанси за следната трка. Секогаш одиме на победа, но немаме секогаш опрема за тоа. Во Унгарија тоа може да се смени", вели шефот на тимот, Мартин Витмарш. Ф1 тимовите се чекор поблиску до нов Конкорд договор по состанокот во Женева во средата, иако нема потпишан документ, тврди Аутоспорт. Претставници на сите 13 тимови за 2010 се состанаа во седиштето на ФОТА во Швајцарија, а првите известувања велат дека се работело за отворен дијалог и дека нема поголеми пречки за новиот договор. Нелсон Пике ја извозе последната трка за Рено во Нирнбургринг минатиот викенд, тврди бразилската СпорТВ. Според Бразилците, 23-годишниот Пике ќе биде заменет на Унгарското ГП од резервниот возач на францускиот тим, Роман Гросжан, додека резервното место ќе го пополни Лукас Ди Граси. Изменето од Iron Man - 18.Јули.2009 во 03:58 |
|||
![]() |
|||
![]() |
|||
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Себастијан Бурде си замина...
![]() Себастијан Бурде го раскина договорот со неговиот тим, Торо Росо. Седиштето на Французинот беше загрозено и пред трката во Германија, а гласините за неговото заминување се покажаа како точни. Тимот на Торо Росо објави соопштение во кое се објаснети причините кои довеле до разидување на двете страни. - Во втората година на Себастијан со нас, партнерството не ги исполни очекувањата и оттаму одлучивме да го замениме за следната рунда од светскиот шампионат, ГН на Унгарија, - стои во соопштението. Веќе се шпекулира со наследникот на Бурде. Претходно беше објавено дека Себастијан Леб е заинтересиран за место во Торо Росо, но е фокусиран на одбрана на петтата еднподруго круна во светскиот рели шампионат. Иако Французинот изјави дека тоа не претставува проблем за него, бидејќи календарите на двете паралелни натпреварувања не се поклопуваат, според него, пречка е недоволната физичка подготвеност која е потребна за Ф1 трките, наспроти рели натпреварите. Покрај Леб, резервата на Ред Бул, Хаиме Алгуерсуари предвреме коментираше дека Бурде го напушта Торо Росо и самиот се наметна како наследник на Французинот во болидот број 11. Сепак, официјалната замена од тимот ќе биде објавена пред трката во Унгарија. Откако Бурде стана првата “жртва” во сезоната 2009, некои извори велат дека и позицијата на Нелсињо Пике е нестабилна во тимот на Рено. Според Бразилска телевизиска станица, Германија била последа трка за младиот Бразилец, кој има 27 трки зад воланот на Рено. Според истите извори, сонародникот Лукас ди Граси е најсериозен кандидат за празното место во Рено. Пике нема освоено ниту бод, наспроти 13-те на контото на Фернандо Алонсо, а на трката во Германија Бразилецот успеа за прв пат да биде подобар во квалификациите од шпанскиот ас, дури по 26 трки. f1almanah.com |
|||
![]() |
|||
![]() |
|||
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Фаворизирањето на еден возач е пресудно?
![]() Шампионатот во Формула 1 дојде во фаза кога втор тим е во позиција да се вмеша за титулата, пред се поради формата на Ред Бул, но и неконк*рентноста на Браун, чија предност полека, но сигурно почнува да се топи. Интересен став по прашањето за одлуката на титулата има поранешниот возач на Џордан, Вилијамс и Тојота, Ралф Шумахер. Германецот смета дека во овој дел од шампионатот, кога секој поен е значаен, пожелно е да се фаворизира еден возач. За Ралф, постабилен и подобар возач во Ред Бул е неговиот сонародник, Себастијан Фетел и тој е возачот кој треба да се протежира и да атакува на победи. - Нема тимски правила во Ред Бул, каде спортот е во преден план. Но, за тим кој се натпреварува во светски шампионат, тоа всушност претставува грешка. Себастијан е посилниот возач и треба да собира што е можно повеќе бодови. Од друга страна, ова беше прва победа за Вебер по многу години минати во Формула 1 и тимот не сакаше да му ја одземе. Во име на спортскиот дух тоа секако е добро, но што се однесува до титулата, тоа беше грешка, - изјави помладиот од браќата Шумахер. Претходно имаше најави од Ред Бул дека болидот за 2010 година ќе се развива според критериумите на Фетел, но од тимот негираа секакви протежирања или фаворизирања на младиот германски возач. Во спротивниот табор на Браун, пак, завладеа параноична атмосфера по вториот неуспех едноподруго. Фактот што втора трка по ред тимот не доаѓа до победа е неочекуван, според летечкиот старт кој го имаа Британците. Браун влегува во фаза кога мора да биде координиран, бидејќи губи драгоцени бодови, кои супериорно ги стекна на почетокот на сезоната. Рубенс Баричело упати големи критики во кои ја прекори некоординираната работа на тимот и честите механички и технички грешки кои се случуваат во последно време, што е комплетна спротивност од првиот дел од 2009. Бразилецот беше посебно нервозен што пеховите му се случуваат само на него, алудирајќи на трката во Германија, кога од тимот му кажаа дека имаат проблеми со долевањето гориво. Дополнително, под сомнителни околности, при третото застанување во боксот на возачите на Браун, Џенсон Батон го презеде петтото место, кое дотогаш го имаше Баричело. - Тимот приреди добро шоу, покажувајќи како се губи трка. Ужасно сум вознемирен со тоа како се одвиваа работите. Направив сè што требаше да направам. Бев најдобар по првиот свиок, но тимот направи да ја изгубам трката. Ако вака продолжат нештата, ќе ги изгубиме двете титули. Се сожалувам себеси и тимот, - изјави Баричело за Би-Би-Си, веднаш по трката во Германија. Рос Браун испрати официјално извинување до Бразилецот, кое навидум ги смири страстите. Но, иако од Браун, како и од Ред Бул има постојано негирање на гласините дека се фаворизира само едниот возач, на сите им е јасно дека за спас на сезоната мора да има жртви и добитници, поразени и победници. За несреќа на Баричело, во моментов Џенсон Батон е тој со шест победи, кој ја брка титулата, а Бразилецот постојано се обидува медиумски да се наметне, иако сеуште без победа. Веројатно и нему му е јасно како стојат работите во тимот, но најави дека не се откажува, освен ако нема веќе теоретски шанси за титулата. - Ќе се борам се додека немам шанси за титулата. Ветувам, - вели возачот на Браун. f1almanah.com |
|||
![]() |
|||
![]() |
|||
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Мозли потврди дека ќе си оди
![]() "Размислував да останам, но така многу ќе си ги искомплицирав моите домашни работи и ќе го ставев моето семејство во втор план", вели Мозли. Тој додава дека Тод е најдобриот човек за негова замена, "реклама" која може да му донесе голема предност на Французинот за изборот во октомври, но додаде дека не верува дека тимовите ќе се согласат. "Верувам дека тие кои ме поддржуваат можат да стигнат до целта со силен и искусен тим, кој ја поддржува независноста на ФИА. Верувам дека вистинска личност за тоа е Жан Тод, кој е најдобриот менаџер на својата генерација", вели Мозли. 63-годишниот Тод беше шеф на Ферари при нивниот најуспешен Ф1 период со петте титули едноподруго на Михаел Шумахер од 2000 до 2004. Тој исто така има победа во Рели ВРЦ шампионатот, Париз-Дакар и 24 Часа Ле Ман како шеф на Пежо Моторспорт. Финецот Ари Ватанен, светскиот рели шампион од 1981 година, досега е единствениот друг кандидат за местото на ФИА. Ватанен победи на Дакар релито под водство на Тод, а ја има поддршката на претседателот на Американската автомобилистичка асоцијација (ААА), Роберт Дарбелнет, еден од најголемите критичари на Мозли. |
|||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||
![]() |
|||
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Алонсо сопственик на тим?
![]() Двократниот светски првак Фернандо Алонсо сака да востанови професионален велосипедски тим, објавуваат италијанскиата Ла Газета дело спорт, но и шпанската Марка. Според овие пишувања, тимот би требало да биде подготвен за да се натпреварува следната сезона, а шпанскиот возач го побарал Алберто Контадор да биде лидер на екипата. Контадор победи на Тур Д Франс во 2007 година, а лани немаше шанса да ја брани жолтата маичка бидејќи неговата екипа беше меѓу осомничените за користење допинг, па не доби лиценца за настап. Годинава, во екипата се врати седумкратниот победник на легендарната трка низ Франција, Луис Армстронг, па местото на Контадор како предводник е загрозено и се шпекулира дека тој бара нов тим. На годинешново издание кое стартуваше во Монако, по девет етапи на врвот се наоѓаат шест велосипедисти во интервал помал од една минута, од кои дури четири се од Астана. Контадор е второпласиран, шест секунди зад лидерот Ночентини, додека Армстронг е само две секунди поназад. Според шпекулациите, Алонсо е вљубеник во велосипедизмот и во зимскиот период тренирал со тимот Червело на Карлос Сестре, кој победи лани на Тур д Франс. Пилотот бил на годинешниов старт во Монако и ја следел етапата низ едно од пропратните возила, по што наводно имал разговор со Контадор за неговите планови. Спонзор на екипата би требало да биде банкарската групација Сантандер, која наводно сака да го спонзорира и влегувањето на Алонсо во Ферари. На акредитираните новинари во Германија, шпанскиот пилот дури им дал и една изјава која ја навестува неговата нова страст. - Не сум деморализиран или тажен, само сум „одложен“. Тоа е како на Тур Д Франс, сега сум во етапа на која ја чувам мојата енергија за возењето по планините, бидејќи тогаш е времето кога ќе бидам на врвот,- одговорил Алонсо на прашањето зошто би посакувал трансфер во друга екипа. Тој на прес конференцијата на англиски јазик им се заколнал на новинарите дека нема шанса да премине во Ферари, а потоа на прес конференцијата за шпанските новинари рекол дека трансфер во тимот од Маранело е опција за во иднина, елаборирајќи го тоа дека таму би имал најдобар болид. Од друга страна, неговиот менаџер, Луис Гарсија Абад, за францускиот весник Либерасион потврдил дека Алонсо сака да вози за Ферари. - Фернандо би сакал да вози за нив еден ден, тоа не е тајна. Но, во моментов е малку прерано за да се зборува за таа можност,- вели Абад, што е во согласност со најавите од Ферари дека тие имаат склучени договори со двајцата пилоти за идната година, па евентуален трансфер е можен од 2011 година. Но, за да имаат новинарите полни раце работа, финските медиуми објавија дека Кими Раиконен се фокусира да ја продолжи кариерата во рели шампионатите, а тоа го потврдиле и неговите пријатели кои изјавиле дека возачот на Ферари едноставно не зборува повеќе за Формула 1, туку само за трките со автомобили. Раиконен имаше настапи на помали настани во минатото, а на крајот од месецот ќе вози во родната земја во трката „1000 езера“ која се бодува за светското првенство, иако вообичаено големите екипи им бранат на своите возачи да прават опасни работи во кои можат да се повредат. Раиконен ќе вози со Гранде пунто, подготвено од четирикратниот светски првак Томи Макинен, а совозач ќе му биде Кај Линдстром. Тоа за некои е знак дека Ферари би му дал на Раиконен можност да го раскине договорот, а Финецот демантираше дека тоа е нешто сериозно, туку дека неговите сегашни работодавци се љубезни, што со други зборови значи дека имал забрана за такви активности во Мекларен. f1almanah.com |
|||
![]() |
|||
![]() |
|||
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
![]() tuka e so majka mu na slikata ![]() Shefot na formula 1, Bernie Ecclestone, potvrdi deka pretsedatelot na FIA, Max Mosley, nema da se kandidira za nov mandat. "Siguren sum deka Mosley ke ja napusti FIA. Otkako go poznavam, toj go pravi ona sto go kazal", izjavi Ecclestone. |
|||
![]() |
|||
![]() |
|||
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Техничкиот директор Џоф Вилис го напушти тимот
![]() Досегашниот технички директор на Ред Бул, Џоф Вилис си замина од Британскиот тим од засега необјаснети причини. Од тимот дадоа само кратко соопштение дека повеќе не бил потребен, не давајќи јасна слика што е причината за прекинот на соработката меѓу двете страни. - Неговата позиција во тимот стана излишна - вели претставничка од тимот за Аутоспорт. Адријан Њуи, пак вели дека заминувањето на неговата досегашна десна рака нема да го смени начинот на кој размислува и нема да има никакво влијание на работата на тимот. - Мојата улога и дневниот начин на работа ќе остане ист - вели Њуи. Британецот нагласи дека повеќе не е потребен само еден технички директор, односно Дека дизајнерот Роб Маршал и шефот на одделот за аеродинамика, Петер Продрому ќе сносат поголема одговорност, заменувајќи го заминатиот Вилис. Инаку Британецот Џоф Вилис беше еден од најзаслужните за перформансите кои ги прикажува Ред Бул годинава, покрај Адријан Њуи, преформанси кои го вбројуваат тимот од Милтон Кејнс меѓу најдобрите два тима годинава и единствен тим, кој покрај Браун има две победи во шампионатот. Почетокот на инженерската кариера на Џоф Вилис во Формула 1 вклучува инженерска позиција во поранешниот тим на Лејтон Хаус, на почетокот на деведесеттите. Во тој период го запознава Адријан Њуи, кој го повлекува во тимот на Вилијамс. Откако Њуи го напушта Вилијамс за да премине во Мекларен, Вилис е унапреден како шеф на аеродинамичкиот оддел. Ова улога ја превзема во тимот на БАР во 2001 година, подоцна Хонда, позиција која Британецот ја напушти во јули во 2007 година. Истата година се приклучува на тимот на Ред Бул, како технички директор, за точно по две години да ја напушти и оваа функција. |
|||
![]() |
|||
![]() |
|||
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
ФОРМУЛА 1 ВИКЕНДОВ СЕ ВОЗИ ТРКАТА ЗА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА ГЕРМАНИЈА Нирбургринг во сенка на новите првирања во Ф1
Викендов ќе се одржи деветтото Гранд при во шампионатот на формула 1, односно трката за големата награда на Германија на патеката Нирбургринг. Дали повторно на престолот ќе го видиме Џенсон Батон или Себастијан Фетел или можеби некој друг. Токму Британецот е најавен како најголем фаворит за победата поради шесте претходни триумфи на формула 1 трките. Возачот на БраунГП победи на Австралија, Малезија, Бахреин, Шпанија, Монако и Турција. Меѓутоа со претходните две победи, особено последната на патеката Силверстоун на Себастијан Фетел, кој ќе има голема помош од домашните фанови ни дава право да очекуваме добра борба и незивесна трка. Токму пилотите на Браун и Ред Бул ги држат првите четири места во генералниот пласман, меѓутоа до крајот има уште доста трки и може да се очекува поместувања на табелата. Нирбургринг - или како што ја нарекуваат ентузијастите "прстенот", се наоѓа на 70 километри јужно од Келн и претставува една од најтешките трки во шампионатот. Токму поради опасните свиоци прославениот Ф1 пилот Џеки Стјуарт ја има наречено "Зелениот пекол". Еден круг на патеката е долг 5,148 километри, а ќе се мине точно 60 пати. Пилотите уште синоќа го извозеа првиот слободен тренинг во кој возачот на Ред Бул, Марк Вебер постигна најдобро време од 1:33.082. Втор беше лидерот на првенството Џенсон Батон, а натаму следуваа Фелипе Маса, Јарно Трули, Џанкарло Фисикела и Кими Раиконен. Победникот на последната трка во Англија, Себастијан Фетел заработи повреда со својот болид по 10 круга и на крајот остана осми. Фетел загуби 20 минути од тренингот, но успеа да се врати во последните секунди на пистата и да направи неколку круга. Светскиот шампион Луис Хамилтон ја заврши трката на очајното 13. место. Веќе на вториот тренинг Хамилтон се надмина себеси и оствари најбрзо време. Пилотот на Мекларен ја мина патеката за 1 минута и 32,149 секунди пред Фетел и Батон на втората, односно третата позиција. В сабота се возат квалификациите, а во недела со почеток од 14 часот е главната трка. Меѓутоа, трката во Нирбургринг е ставена во втор план. Секојдневно излегуваат на површина нови и нови скандали кои и се закануваат на иднината на најелитното автомобилистичко натпреварување. ![]() Хамилтон на вториот слободен тренинг ФИА: ТИМОВИТЕ ЛАЖЕА НА СРЕДБАТА ВО ГЕРМАНИЈА Војната за власт меѓу ФОТА и ФИА повторно се разгори. Меѓународната автомобилна федерација ја обвини ФОТА за лаги и изопачување на вистината на фамозната средба одржана на Нирбургринг. Како што е познато, во четвртокот беше закажана средба меѓу членовите на ФОТА и ФИА на која требаше да се разговара за новините кои ќе се применуваат за идната сезона, но откако не можеа да најдат заеднички јазик членовите на ФОТА го напуштија состанокот. "ФОТА очигледно не го разбира статусот на "набљудувач" и за време на средбата не сакаа да ја кажат вистината. Можеби тоа значи дека тие воопшто не ги познаваат основните правила во спортот", објаснија од ФИА. ![]() ФОТА СО УЛТИМАТУМ: ОСТАНУВАМЕ ВО Ф1 САМО АКО МОЗЛИ СИ ЗАМИНЕ Тимовите во формула 1 членови на ФОТА повторно ја отворија можноста за создавање на алтернативен шампионат по последните драми и несогласувања со ФИА. Шефовите на тимовите очекуваат дека можат да најдат решение со Берни Еклстоун и ФИА, но само ако си замине претседателот Макс Мозли по истекувањето на неговиот мандат во октомври. ФОТА го насочија своето внимание директно кон сопствениците на комерцијалните права на формула 1- корпорацијата "ЦВЦ". Тимовите се согласија да го потпишат новиот договор "Конкорд" меѓутоа под еден услов - само ако Мозли си замине. Како потсетување договорот "Конкорд" ги регулира комерцијалните и трговските права во Ф1 и се потпишува меѓу тимовите, Берни Еклстоун и ФИА и одредува кој колку пари треба да добие. ТЕХНИЧКИОТ ДИРЕКТОР НА РЕД БУЛ ГО НАПУШТИ ТИМОТ Техничкиот директор на Ред Бул, Џеф Вилис, го напушти тимот и веќе не работи за Австријците. Сите од Ред Бул се изненадени од ваквиот потег на Вилис и тоа токму пред трката на Нирбургринг. Вилис работеше во Ред Бул од 2007 година заедно со неговиот партнер Ендрју Нуи, а претходно работеше како шеф во Вилијамс, консултант во тимот Лејтон Хаус кон 90-сетите, подоцна и во Хонда, пред да премине во Ред Бул. "Вилис нe напушти поради тоа што позицијата и работата во тимот станаа претешки за него", изјавија од Ред Бул. РАИКОНЕН: ФЕРАРИ НЕКА КАЖЕ ДАЛИ СМЕТА НА МЕНЕ Финскиот возач, член на Ферари, Кими Раиконен за последен пат ги демантираше информациите дека токму тој ќе биде првиот кој ќе си замине од тимот и неговото место ќе го пополни шпанскиот возач на Рено, Фернандо Алонсо. Според информациите Кими ќе му го отстапи местото на Алонсо, а тој ќе замине да се натпреварува во Светскиот рели шампионат. "Постојано ме прашуваат и постојано и одговарам. Јас имам договор и за следната сезона и планирам да ја одработам до крај. Можете да ги прашате од Ферари дали ќе го променат своето мислење за мене. Тие се одговорни за мојата иднина", изјави Раиконен. БАТОН: ВЕБЕР Е ПОСИЛЕН ОД ФЕТЕЛ Лидерот на Ф1 шампионатот Џејсон Батон ја почна психолошката војна со основниот конк*рент за титулата оваа сезона Германецот Себастијан Фетел. Возачот на Ред Бул доминираше на претходната трка во Силверстоун, а се очекува Браун ГП и Батон повторно да имаат проблеми на трката во Германија. "Очекувам Вебер да биде многу побрз на Нирбургринг. Тој е подобар од Фетел иако Германецот се натпреварува на домашна писта. Тој има попрецизен и спокоен стил на пилотирање и поради тоа Марк ќе биде посилен од Себастијан на оваа патека", рече Британецот. |
|||
![]() |
|||
![]() |
|||
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
F1 News
ПЛАНОТ ЗА АЛТЕРНАТИВНА Ф1 С# УШТЕ Е АКТИВЕН Шефот на формула 1 тимот Тојота, Џон Хаует, призна дека плановите за алтернативен шампионат с$ уште се живи. Поради честите конфликти тимовите бараат решение кое ќе ја спаси од кризата Ф1. "Плановите с$ уште не се уништени. Се надевам на компромисно решение со ФИА, меѓутоа ако нема подобрување на ситуацијата ние имаме алтернативни решенија", изјави Хаует. Од друга страна се подигнува и тезата дека последните одолговлекувања на решенијата на Мозли и ФИА имаат цел да ја притиснат ФОТА, да изгуби доста време во обид да организира алтернативна формула 1. АЛОНСО ЌЕ ГО ПРЕТСТАВИ СВОЈОТ БОЛИД ВО ОВИЕДО Шпанскиот возач Фернандо Алонсо ќе направи демонстрации со својот Рено болид во родниот град Овиедо во Шпанија. Двократниот светски шампион ќе се прошета низ улиците на градот на петти октомври. Патеката која ќе ја помине е долга 1,8 километри, а се очекува на настанот да присуствуваат околу 100 илјади луѓе. НА ЕКЛСТОУН ЌЕ МУ БИДЕ ОДЗЕМЕН МЕДАЛ Австрискиот министер за спорт Норберт Дарабос изјави дека ја разгледува можноста да му го одземат специјалниот орден на шефот на формула 1 Берни Еклстоун добиен пред околу 10 години, поради коментарите во кој го спомнува нацистичкиот лидер Адолф Хитлер. Тој изјави дека денешната демократија не донела ама баш ништо и затоа моделот на Хитлер е идеално решение за проблемите. Тие изјави донесоа бурни реакции во светски рамки и со тие недолични изјави си го оцрни своето име. "Останав без зборови. Се вчудовидив кога ги слушнав неговите коментари. Човек на таква позиција не смее да дава вакви според мене недолични изјави", објасни Дабарос. Британските медиуми коментираат дека ова е еден вид притисок врз Еклстоун да ја вклучи и Австрија во календарот на формула 1. А Интересно е тоа што пред некое време Еклстоун го одби орденот кој му го доделуваше Британската влада. ИТАЛИЈАНЦИТЕ ПОТВРДУВААТ: АЛОНСО И ФЕРАРИ ИМААТ ДОГОВОР Како што Шпанците изјавуваат кон нивните изјави се приклучија и италијанските медиуми околу преминот на Фернандо Алонсо во тимот на Ферари. Тие потврдуваат дека постои договор меѓу Алонсо и Ферари иако шпанскиот возач ги одрекува овие информации. Изданието Аутоспринт дури објави насловна страница, на која имаше обработено снимка на Фернандо со екипата на Ферари на која пишуваше дека Алонсо на 15 ноември се приклучува кон овој тим. Во Газета дело Спорт тврдат дека договорот на Шпанецот ќе биде две години, со можност да биде продолжен на уште една. Според истиот извор, Алонсо требал да пристигне во Ферари уште минатото лето, но тимот објави дека ќе почекаат да изминат договорите со Фелипе Маса и Кими Раиконен, кои се со важност до 2010 година. РЕД БУЛ ЌЕ ПРАВИ БОЛИД ПО МЕРКА НА ФЕТЕЛ За следната сезона болидот на Ред Бул ќе биде направен според стилот на Себастијан Фетел, изјави шефот на тимот Кристијан Хорнер. Самиот тој пред некое време изјави дека неговата екипа нема пилот т.н. број 1. "Како и Себастијан и Марк имаат еднакви болиди и се конструирани подеднакво. Стилот кој го поседува Себастијан е многу поразличен од перформансите на болидот и ќе мора да извршиме неколку корекции. Тоа ќе се случи во 2010 година. Истото се однесува и за Вебер. И тој ќе има болид кој ќе му прилега, но за разлика од неговиот колега неговиот болид ќе претрпи многу мали промени", изјави Хорнер. Разликата меѓу двата возачи изнесува 3,5 поени, а имаат шанси да го достигнат и водешкиот двоец Џејмс Батон и Рубес Баричело. ВО СКУДЕРИЈА ОЧЕКУВААТ ДОБРА ТРКА НА НИРБУРГРИНГ Оваа сезона се покажа како исклучително сложена за тимот на Скудерија Ферари. Покрај лошите изданија нивните пилоти Фелипе Маса и Кими Раиконен се далеку зад водечките возачи, меѓутоа тимот е уверен дека со трката за Големата награда на Германија сето тоа ќе се промени. "Пистата Нирбургринг е многу поволна за нас, отколку онаа на Силверстоун. Разгледуваме неколку можности за трката и за тактиката ќе одлучиме пред самиот старт. Мислам дека многу ќе зависиме од пневматиците. Со Кими ќе пробаме некои нови компоненти за време на тренинзите па ќе одлучиме како ќе стартуваме. Сигурно очекуваме добар пласман бидејќи добро ја познаваме оваа патека и мислам дека е полесна за возење", изјави Фелипе Маса. "Тимот многу работи за подобрување на состојбата и верувам дека нашата сила ќе ја покажеме на патеката во Германија. Очекувам добро издание и бескомпромисна борба во водечките возачи", рече Раиконен. МАСА ПРИЗНА, ЌЕ СТАНЕ ТАТКО Пилотот на Скудерија Ферари, Фелипе Маса ја потврди информацијата дека до крајот на годината ќе стане татко. Пред два месеци беше јасно дека 28-годишната сопруга на ѕвездата во формула 1, Рафаела, е бремена и се очекува Маса да добие син во ноември. Бразилецот изјави дека го очекува детето токму по завршувањето на сезоната во формула 1 на први ноември во Абу Даби. "С$ се одвива според планот. Чуството дека наскоро ќе станам татко е извонредно!", изјави Маса. |
|||
![]() |
|||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1516171819 55> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |