![]() |
|
Србоман, Србофрон, Македоно-Србин |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 151617 |
Автор | |||
Pat ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Не, темава не ја замислив како поле за културно препукување меѓу Пат и Ептендосадно, иако тоа по обичај никогаш не е исклучено. Ама бидејќи бев прозван, ајде да се произнесеме најпрвин по тоа прашање. Кој кого прв почна да обвинува? Да се навратиме наназад и да видиме кој за кого изрази сомнежи дека е Младен Србиновски, па дури и Љубчо Георгиевски? Кој го воведе првпат епитетот „царевоселец“ на овој форум и за кого?
Платеникот често ја употребува онаа дотерана и извадена од контекст парафраза на Димитар Талев дека секој оној кој работи за интересите на Бугарија, Србија или Грција може да биде добар соодветен „фил“ ама не и Македонец, ама јас тоа на овој форум не го гледам. На овој форум добар Македонец значи само Македонец кој ги мрази Бугарите (не говорам за сите, едноставно некои се обидуваат истото да го наметнат) Е сега пак да се навратиме на мене и Ептендосадно- тој си дава слобода на мене да ми дава епитети, дијагнози и што ли не, а јас да не смеам да забележам дека тој нештата ги гледа низ српска призма?!
Значи, господине Ептендосадно, да одговорам на овој пост бидејќи сега за сега е најинтересниот на оваа тема. Прво, од твојата прва реченица се гледа дека ти на тоа гледаш како на обвинување, а потоа се жалиш на тесноградост, на пристрасност, на необјективност итн. Јас на тоа не гледам така- секој човек си има свои ставови и свој начин на размислување, и ограничувањето на манифестирање на истото се нарекува ограничување на слободата на говорот а Македонија е нели, демократска земја. Ете јас забележав дека ти имаш поинакви ставови од моите, моите ти ги оспоруваш на темата „Бугароман, Бугароф(р)он, МакедоноБ’лгарин“ и во ред, јас дебатирам по тоа прашање без никакви комплекси и не се кријам зад етикетирања како „бугарофил“. Твоите ставови се: - дека Бабунски, Соколовиќ и компанија биле родољуби и борци за слободата на Македонија. - дека Македонија треба повеќе да знае за својата(?!) ![]() - дека Прелиќ е носител на слободата во Македонија - дека сите Македонци слават крсна (?!) слава - дека во македонските дијалекти треба да се вбројат и дијалектите на Рашка, а едно време како потпис имаше прашање: дали дијалектите во Пиринска Македонија обогатени со бугаризми се македонски дијалекти? - дека сегашната македонска верзија на историјата е само видоизменета верзија на бугарската. Јас тоа го разбирам дека според тебе треба да има ревизија на македонската историја, ете ти искажа разбирање и за андартите на Павлос Мелас, а Србите и Грците отсекогаш имале разбирање едни за други. Епа за сите овие ставови не може да се разговара во темата „Бугароман, Бугарофил, Бугарофрон“, затоа што ако јас коментирам нешто тогаш ќе бидам офтопик. Овој форум си има убав режим на работна подреденост и јас го почитувам тоа. И не се препукуваме на лично ниво, никој никого не обвинува, барем не јас. Јас дебатирам за ставови. |
|||
Zero Tolerance For Silence
|
|||
![]() |
|||
eptendosadno1 ![]() Сениор ![]() ![]() ОРТОДОКСЕН АТЕИСТ Регистриран: 30.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 1149 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Не е тоа лично , не ми знаат име и презиме , не ми знаат години , семејство , родбини , потекло , активност , дела и сл. Проблем се моите изнесени ставови дека докторатот на Тома Брадина има поголема вредност за македонската историја , култура , битие од делото на Рајко Жинзифов : Гуслар во собор Рајко Жинзифов "О Грци, Грци, Грци, слушнете нас, слушнете наш народен глас! . . . Македонија, чудно страна, нема да Бидејќи грчка Она! Шума и Гора, и планина, самиот камен на таа страна, птица и риба во Вардар река, живо, мртво на свои нозе ќе станат и ке дадат ответ на цела Европа, на цел свет: Jaс сум Бугарка, Бугарин сум ја, Бугари живеат во оваа земја! " Сепак , се работи за бугарофилски оценки за мојата проценка на вредноста , а таа секогаш завршува со обвинение “ србофил “ . |
|||
![]() |
|||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Ако дојде до тоа Вие да треба да бидете обвинет, тогаш оваа тема е однапред осудена на затворање. |
|||
![]() |
|||
eptendosadno1 ![]() Сениор ![]() ![]() ОРТОДОКСЕН АТЕИСТ Регистриран: 30.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 1149 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Па темата е отворена за мене , јас сум обвинетиот .
Кажав и повторно ќе кажам дека доколку некој се декларира јавно дека е симпатизер , фан , “ФИЛ“ кон нешто , тогаш он не е објективен ниту тоа може некогаш да биде . Баш ме интересира каде ќе го препознаат моето “филство“ . |
|||
![]() |
|||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Нема да дозволам прикачувања на етикети,ниту на ептендосадно ниту на некој друг.Ако се полемизира на темава ке постои ако не ке се брише.
|
|||
![]() |
|||
eptendosadno1 ![]() Сениор ![]() ![]() ОРТОДОКСЕН АТЕИСТ Регистриран: 30.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 1149 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Темата е “ србомани “ , од нивна позиција тоа сум јас . Ќе повторам дека тоа за мене не е навреда туку презентација на слабоста , недостаток на аргументи , артукулација на нивната интелектуална и ментална состојба . Човекот јавно се декларира за бугарофил во темата “ бугарофил “ , јас не гледам лични препукувања туку полемика која се одвива во тема токму предвидена за тоа , за бугарофилството . Ете , отворена е и можност да се полемизира и за србофилството , тоа е проблем ? Изменето од eptendosadno1 - 10.Април.2010 во 00:11 |
|||
![]() |
|||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Aко нешто ни е доста во моментов, тоа се расправии и препукувања на лично ниво. Да си продложиме со дебатите на темите, како што знаеме и можеме, доволно беа расправии деновиве. |
|||
![]() |
|||
eptendosadno1 ![]() Сениор ![]() ![]() ОРТОДОКСЕН АТЕИСТ Регистриран: 30.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 1149 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Повторно ќе се расправаме со ... ? Прерипувам проблем и одам понатака . Има една фраза ,излитена и често злоупотребена : “ До кога ќе се делиме и ќе се обвинуваме помеѓу себе за бугарофилство , србофилство , бла, бла , бла “ , демек ќе правиме нешто што ќе го наречеме “ ... ЗА МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО “ и ќе напишеме од позиција на бугарофил , фан на бугарштината статија “ Кој со кого ќе се помирува “ која почнува со “ српската опасност и влијание “ Во време кога Македониjа ja поплавуваат секоjдневните концерти на Лепа Брена и на десетина други забавни музички, театарски групи од северот ...“ Не , јас не ги делам , они сами се определиле , се поделиле и сл. Делото е пишувано од позиција на “ македонски националиста “ , десница во македонската политика . Сепак крајот не го покажа тоа дека е така , сепак . Па да не навлегуваме за поводот и мотивот на темата , би изјавил тука јавно дека според мене во Македонија има србофили , има и русофили , туркофили ,во Македонија не имало и не има секакви . Се е тоа легално , дозволено и сметам дека не треба да се анатемисува , без разлика што во моментов во Македонија владее еден вид на национал романтизам . Нешто е спорно ? Изменето од eptendosadno1 - 10.Април.2010 во 00:03 |
|||
![]() |
|||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Aко оваа тема се претвори во обвиненија и препукувања ќе ја затворам. Една тема се претвори веќе во такво нешто, следната нема да дозволам да ја доживее истата судбина. |
|||
![]() |
|||
Pat ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Е добро, оваа тема е за оние кои не обвинуваат нас бугарофилите за дискриминација на останатите „фили“ па ете и тие да си имаат свое место ![]() |
|||
Zero Tolerance For Silence
|
|||
![]() |
|||
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Пат што тема е оваа?
Дај приме за: Кој е србоман? Кој е Србофрон? Кој е Македоно-Србин? ![]() |
|||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|||
![]() |
|||
Pat ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Ајде повели, да видиме...
|
|||
Zero Tolerance For Silence
|
|||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 151617 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |