![]() |
|
За Иконите (само текст, без слики!) |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1112131415 57> |
Автор | |||||
maria_magdalena ![]() Сениор ![]() ![]() trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Сега-ќе провериме.
|
|||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||||
![]() |
|||||
AlDra ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
А сега?
![]() |
|||||
Вера, надеж, љубов
|
|||||
![]() |
|||||
maria_magdalena ![]() Сениор ![]() ![]() trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Проверувајте си ги сандачињата! Преполни ви се!!!
|
|||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||||
![]() |
|||||
AlDra ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Погледнете колку добро е опишан гревот на идолопоклонството и неговите последици во Библијата:
,,21 Значи, тие знаат за Бог, но ниту Го почитуваат како Бог, ниту Му се благодарни. Напротив, си измислија свои богови, а умовите им се помрачија и збркаа. 22 Се сметаа за мудри, но испаднаа глупави. 23 Наместо да Го слават бесмртниот Бог,ТИЕ СЛАВАТ ЛИКОВИ НА СМРТНИ ЛУЃЕ, на птици, четвороножни животни и влечуги. 24 Затоа Бог ги препушти да ги води похотата на нивните срца, да се опогануваат, еден со друг да си ги обесчестуваат телата. 25 Ја заменија вистината за Бог со лага, па му служат и му се поклонуваат на создаденото, а не на Создателот, Кој е благословен за вечни времиња. Амин! 26 Поради тоа Бог ги препушти на нивните срамни страсти. Дури и нивните жени веќе не водат љубов на природен начин, туку прават противприродни работи. 27 Истото го прават и мажите. Напуштајќи го природниот однос со жените, ги распалуваат страстите еден спрема друг, мажи со мажи прават срамни нешта и врз себе добиваат заслужена казна за својата расипаност. 28 Бидејќи тие одбија да го прифатат Бога во своите умови, Тој ги препушти на нивните изопачени умови, да прават непристојни работи. 29 Се исполнија со секаков вид неправедност, лошотија, алчност, злоба, завист, убиства, раздор, измама, подмолност и озборувања. 30 Клеветат, Го мразат Бога, дрски се, арогантни, фалба?ии, постојано измислуваат нови начини да направат некое зло. Непослушни се спрема родителите, 31 неразумни, ветеното не го исполнуваат, бездушни се и безмилосни. 32 Иако знаат дека според Божјиот праведен Закон сите што така постапуваат заслужуваат смрт, сепак, не само што си тераат по свое, туку ги поттикнуваат и другите така да прават.’’(Послание до Римјаните 1:21-32) Се си пишува само кој да отвори и прочита? Изменето од AlDra - 09.Октомври.2009 во 23:08 |
|||||
Вера, надеж, љубов
|
|||||
![]() |
|||||
izvoren ![]() Сениор ![]() Регистриран: 12.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 700 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Maran Ata, доколку веруваш дека богородица и Петар може да воскреснуваат луѓе, тогаш ти веруваш во повеке богови на чело со еден врховен бог. Евангелос ти објасни, Петар како и зашто ја воскреснал девојката. Приказнава што ја форсираш е за многубошци. |
|||||
Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
|
|||||
![]() |
|||||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Затоа што апостол Петар бил на земјата и Бог го подржувал со чуда за да го поткрепи неговото сведоштво, за да можат народите полесно да ја примат Петровата евангелска порака.
Но тоа не е случај со блажената Марија. Таа не е повеќе на земјата. Таа, како и останатите починати верници немаат способност да ги слушнат молитвите на луѓето за да се застапуваат за нив. Впрочем да беше тоа можно, таа привилегија први ќе ја искористеа библиските личности.
Си се запрашала ли некогаш зошто во целата Библијата, која содржи стотици молитви, нема ниту една единствена молитва упатена до некој починат верник? Си се запрашала ли зошто сите молитви се упатени до Бог и само до Бог? Зарем не можеле апостолите да му се помолат на големиот пророк свети Илија или на свети Авраам или на свети Мојсеј, свети Ное, свети Лот, свети Исак, Јаков, Јосиф итн. Зарем не можеле да му се помолат на свети Јован Крстител - човекот кого Исус го прогласи за најголемиот меѓу луѓето (наспроти православната одлука дека блажената Марија е најголема)? Зарем не можеле?
Зарем не можеле апостолите да си направат икона од овие библиски херои и да се молат на нив за овие да ги застапуваат пред Отецот? Но зошто никој, апсолутно никој не го сторил тоа? Мислите дека тоа е коинциденција?
Зошто Бог би правел чуда преку некаква си икона која стрикно ја забранил со втората Божја заповед? Зошто Бог би подржувал со чуда идолатрија и иконопоклонство? Зошто Бог би подржувал Маријанство (поклонување пред Марија)?
Да Бог правел чуда преку апостолите, но да потсетиме дека во оној момент кога луѓето го изместиле својот фокус од Бог кон нив, апостолите на тоа бурно реагирале:
"А кога Петар влегуваше, Корнелиј му излезе во пресрет, падна пред неговите нозе и се поклони. А Петар го подигна, велејќи: „Стани! И јас сум само човек!”"
(Дела апостолски 10:26, Библијата) Мене не ми е јасно како може еден православен откако ќе го прочита овој цитат од Библијата да продолжи да се клања пред сликите (иконите) на апостолите кога тука имаме пример каде што човек се поклонил лично пред апостолот Петар и Петар на тоа реагирал и го укорил поклонувачот со зборивте: "стани и јас сум само човек!" Епа ако апостолите лично и персонално одбивале да им се поклонуваат, тогаш зошто им се клањате на нивните слики? Што мислите како би реагирал апостолот Петар кога би имал можност да ги види православните како му се клањаат на неговата икона?
Јас мислам дека прво би се фатил за глава
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() "Бог е Дух, и кои Му се поклонуваат, треба да Му се поклонуваат во дух и вистина."
(Исус Христос во ев. Јован 4:24) "Не прави за себе идол, ниту некаква слика на она што е горе во небото, или долу на земјата, или во водата под земја. Не им се поклонувај ниту им служи!"
(Излез 20:4, Библијата) И на крајот би им го прочитај овој пасус од Светото Писмо (прочитај те го внимателно!)
"Дрводелецот, откако ќе одбере дрво, влече по него линија, со остар алат го оцртува, потоа изработува лик на убав човек, за да го постави дома. Сече кедри, зема бор и даб, кои ги одбира меѓу шумските дрвја, сади јасен, кого дождот го прави да расте. И тоа му служи на човекот за оган, а дел од него употребува да се топли, да запали оган и да пече леб. А од него прави и бог и му се поклонува, прави идол и паѓа ничкум пред него. Дел од дрвото изгорува во оган, со друг дел вари месо за јадење, си пече печено и јаде до наситување, а исто така се грее и вели: "добро е, се згреав; почувствував топлина." А од остатоците прави бог, свој идол, му се поклонува, паѓа ничкум пред него и му се моли и вели: "спаси ме (како православецот што паѓа ничкум пред иконата на блажената Марија и вели: пресвета богородице спаси ме!), зашто ти си мој бог." Не знаат, ниту разбираат: "Он им ги затворил очите, за да не гледаат, и срцата нивни - за да не разбираат. И не го зема тоа при срце, ниту има до толку знаење и разум да каже: "половината негова ја изгорев на оган и на јагленот негов испеков леб, сварив месо и јадев; а од остатокот зар ќе направам одвратност, зар ќе се клањам на парче дрво?" Рзбери дека срцето на идол е од пепел; измаменото срце твое те довело во заблуда, и не може да ја ослободи душата своја и да рече: "нели е измама тоа што е во десната рака моја?""
(Исаија 44:13-20, Библијата) |
|||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||
![]() |
|||||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Јас сметам дека никој од нив не го сторил тоа од едноставна причина што сметам дека таа приказна измислена во долгите разговори на пензионирите додека седеле покрај вечерниот оган и потпечувајќи си клавчиња, со овие приказни ги заспивале внучињата
![]() |
|||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||
![]() |
|||||
Maran Ata ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Изворен, од бламажа во бламажа одиш. Ама ајде, ќе ти одговорам со зборовите на владиката Наум, кои со секој твој коментар само се потврдуваат. Сигурно не би ја направил таа споредба (читај: поставил тие прашања) ... да ја знаел или да ја памтел оваа случка од Светото писмо. Така што, или го нема прочитано Светото Писмо или одамна веќе не го чита. За сите што знаат, првото е сведоштво за мала вера или отсуство на вера, а второто за живот без христијански подвиг. Нека ми прости.
Дела Ап. 5:15 така што изнесуваа болни на улиците и ги полагаа на постели и носилки, за кога ќе помине Петар, барем неговата сенка да падне на некого од нив. Дела 19: 11, 12 А Бог правеше необични чуда преку Павловите раце, така што кога врз болните ставаа шамичиња или скутници од неговото тело, болестите ги напуштаа, а злите духови излегуваа од нив. A ти не веруваш во моќта на сенката Петрова или во шамичињата положено врз ап. Павле?
Па со оглед на тоа што тој човек што таа го „создаде“ и претходно бил човек, а не ѕвер, значи, не создала нов живот, туку го воскреснала човекот.
Дела 9: 40, 41 А Петар ги истера сите надвор, клекна на колена, се помоли и се сврте кон мртвото тело, па рече: “Табита, стани!” А таа ги отвори очите, и кога го виде Петар седна. Тој, пак, и ја подаде раката и ја поткрена. Потоа ги викна светиите и вдовиците и им ја покажа жива. Штом св. ап. Петар со Божјата сила воскреснал човек, па зошто да се сомневам во Неговата Мајка? |
|||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||
![]() |
|||||
Rita.MD ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 25.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 719 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Приметувам дека во бајкава парите се најклучниот дел. ![]() Типично нели? Ај веќе се навикнавме. |
|||||
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
|
|||||
![]() |
|||||
Pravoslavie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Октомври.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1732 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
контра прашање кое ќе ти одговори: кој ја раздели водата на морето низ кое поминаа Мојсеј и народот по суво?
1. Бог?
2. Мојсеј?
3. Бој и Мојсеј?
|
|||||
![]() |
|||||
izvoren ![]() Сениор ![]() Регистриран: 12.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 700 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
pravoslavie, пресветата го вратила неговото тело и го воскреснала со помош на нејзиниот син.
Кој го составил телото и го воскреснал? 1.Богородица? 2.Нејзиниот син? 3.Бoгородица и нејзиниот син? Изменето од izvoren - 30.Септември.2009 во 00:50 |
|||||
Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
|
|||||
![]() |
|||||
Pravoslavie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Октомври.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1732 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Изворен, свесно или несвесно кажуваш невистина?
Види што ти зацрвенив подолу:
|
|||||
![]() |
|||||
izvoren ![]() Сениор ![]() Регистриран: 12.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 700 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Види православие,во приказната на мараната не се споменува никаде Господ. Мислам погледни убаво и ке видиш дека на Марија и се припишани Божји карактеристики. Ќе повторам. Таа им подарува деца на брачниот пар. И го оживува искасапениот на делови човек. Значи повторно го составува и го оживува. И сите овие чуда и се припишуваат на Марија.Разбираш? Приказнава, Марија ја изедначува со Бог. |
|||||
Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
|
|||||
![]() |
|||||
Pravoslavie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Октомври.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1732 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
|
|||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1112131415 57> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |