![]() |
|
F1 Вести |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 3940414243 55> |
Автор | |||
Delfin ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Јуни.2005 Статус: Офлајн Поени: 15178 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
|
|||
![]() |
|||
Delfin ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Јуни.2005 Статус: Офлајн Поени: 15178 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
![]() Ovog jutra Kimi je napravio svoje prve krugove za Ferrari. Finac je nastupao u prošlogodišnjem bolidu 248F1. Ovog jutra Kimi je napravio svoje prve krugove za Ferrari. Finac je nastupao u prošlogodišnjem bolidu 248F1. Ferrari je palnirao testirat na svojoj privatnoj stazi, ali zbog lošeg vremena test je premješten na Vallelunga, stazu blizu Rome. Filipe Massa je debitirao u novom bolidu prošle sedmice 23.01.2007
|
|||
![]() |
|||
Delfin ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Јуни.2005 Статус: Офлајн Поени: 15178 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Ферари ќе доминира!
Хуан Пабло Монтоја на прес конференција во САД беше запрашан за очекуавњата оваа година во Формула 1, но и за неговите евентуални планови околу враќањето во „циркусот„. - Добив порака на мобилниот телефон, но нема да кажам од кого. Таа гласеше дека ако НАСКАР ми здосади, вратите на тој тим ќе ми бидат отворени. Пукнав од смеа кога ја прочитав! Но, немаше да ја смени мојата одлука ниту ако беше од Рено. Во Ф1 имав уште 3-4 години кариера, а во НАСКАР може да возам до 45 и повторно ќе бидам млад. Што се однесува до новата сезона, сметам дека со новите гуми на Бриџстоун, Ферари не само што ќе освои титула, туку ќе доминира на сите трки! 19.01.2007 |
|||
![]() |
|||
Delfin ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Јуни.2005 Статус: Офлајн Поени: 15178 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Нови трки во Абу Даби и Валенсија?
![]() Емиратот Бахреин има ексклузивно право да организира Ф1 трки на Блискиот Исток до крајот на 2008 година, но веќе во 2009 се очекува да добие конк*ренција од Абу Даби. Кралското семејство веќе е сопственик на акции во Ферари, годинава преку својот инвестициски фонд „Мубадала„ ќе го спонзорираат тимот, а наскоро ќе отворат и тематски парк за Ферари во Дубаи. Неодамна беше објавено дека друг инвеститор ќе гради забавен парк во Дубаи кој тематски ќе биде посветен на Формула 1, со што би се создале поволни услови за навала од Ф1 туристи, за разлика од Бахреин кој има едвај 20.000 хотелски легла и не може да се снајде најдобро со навалата на гости. Објавувањето за вметнувањето на Абу Даби во календарот се очекува на почетокот од февруари. Истовремено, Берни Еклстоун конечно потврди дека е можна втора трка во Шпанија и тоа во Валенсија, иако и Севиља и Мадрид ќе имаат Ф1 патеки. Сепак, тој за време на присуството во Валенсија за претставувањето на новиот болид на Мекларен изјавил дека разговарале и за опција на улична трка. Бројката од над 100.000 посетители за време на промотивните возења по улиците на Валенсија е надополнета со 4,4 милиони кои го следеле настанот во живо преку ТВ каналот Теле5, за да го видат дебито на Алонсо со новиот тим. Овој туристички град во Шпанија годинава е домаќин и на едриличарскиот Америка Куп. 19.01.2007 |
|||
![]() |
|||
Delfin ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Јуни.2005 Статус: Офлајн Поени: 15178 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
|
|||
![]() |
|||
Delfin ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Јуни.2005 Статус: Офлајн Поени: 15178 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Мекларен е фаворит за титулата!
![]() Новиот болид на Мекларен е првиот по 2000 година што го има бројот 1 на својот нос и ќе биде управуван од ланскиот светски првак Фернандо Алонсо. Тимот воедно промовираше нов изглед на својата шасија, поради промената на насловниот спонзор со телеком компанијата Водафон. Од инженерска страна, ова е прв болид кој не е проектиран од Адријан Њуи, поранешен технички директор на тимот кој се префрли во Ред Бул. Мекларен во соопштението за јавноста вели дека новиот болид има 11.000 компоненти, но најмногу објаснувања дава за безбедноста на болидот која е подигната на барање на ФИА со воведување на поригорозни правила за креш тест. Тимот не наведува некое ново револуционерно решение, но се повикува на усовршена аеродинамика. Фернандо Алонсо (25) и Луис Хамилтон (21) се меѓу најмладите тимски екипажи кои некогаш се појавиле во Формула 1. За обајцата ова е свеж почеток: за Шпанецот по двете титули со Рено, а за црномурестиот Бриатенц со потекло од Карибите, ова е деби сезона. - Моите обожаватели ми се инспирација и убаво е што овој настан се одржува во Шпанија. Се надевам дека уживаа во промоцијата по улиците на Валенсија,- прокоментира Алонсо. – Во Мекларен се чувствува професионализмот и тимот е посветен на првенството. Сите очекуваат дека оваа година ќе направиме кам-бек. Ние сме фаворити за титулата! – тврди Шпанецот. - Пред мене е долг пат, бидејќи сум на почетокот и имам многу за учење. Едвај чекам да дојде првата трка во Мелбурн,- понесен од атмосферата изјави Хамилтон. Првите тестови се закажани за в среда, а најавено е дека до првата трка во Австралија ќе има дополнителни подобрувања на болидот. 18.01.2007 |
|||
![]() |
|||
Delfin ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Јуни.2005 Статус: Офлајн Поени: 15178 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Две-три секунди побавни од лани!
![]() Без помпезност, Ферари објави први фотографии од новиот болид, педесет и трети произведен за натпреварувања во Формула 1, а воедно дистрибуираше соопштенија за јавноста во врска со техничките новитети. Според нив, дел од новитетите кои доаѓаат со персоналните промени се тие што новиот технички директор Марио Алмондо сега под своја јурисдикција го има и одделението за моторот, а Рос Браун досега беше одговорен само за шасијата. Лука Балдизери е новиот прв оперативец кој ќе ја води екипата на трките, додека Кими Раиконен ќе го наследи тимот на механичари кои лани работеле на болидот на Михаел Шумахер. - Михаел беше вчера на шопинг во Милано со мене, а сега го разгледува болидот во фабриката. Рос Браун е на риболов, инаку веројатно и тој ќе дојдеше,- вели во своето соопштение Тод, наведувајќи дека ова е почеток на нов циклус во Ферари. – Претстојното првенство ќе биде тешка битка, бидејќи имаме силни и амбициозни конк*ренти. Ние секогаш сме биле амбициозни, а сега ќе се обидеме да бидеме доволно силни, да реплицираме со факти, за кои сега ги имаме елементите. Подобрувањата се видливи на сите нивоа на симулации, а сега тоа ќе се обидеме да го докажеме и на патеката. Сепак, поради промената на гумите, очекуваме да бидеме две до три секунди побавни од лани,- вели Тод. Шефот на одделот за шасијата, Алдо Коста, кој го заменува легендарниот Рори Брн, во своето соопштение дава повеќе детали, меѓу кои и тоа дека болидот е десет килограми потежок од лани, поголемо меѓуоскино растојание, но со зголемена безбедност. - Ќе го задржиме агресивниот пристап од лани. Аеродинамиката беше комплетно ремоделирана, со акцент на предната суспензија, а поради новата архитектура на менувачот ја намаливме и задната оска. Поради новите правила за креш тестот работевме на цврстината на шасијата и постигнавме одлични резултати во поглед на безбедноста. Предната суспензија е сменета за да одговара на новите гуми, додека менувачот сега ќе ги менува степените на пренос многу побрзо и нема да има загуба во време. Ферари тврди дека само крилата на болидот, напред и назад ќе бидат модификувани за трката во Мелбурн, иако од разни извори се тврди дека поради недореченост кај некои новитети, некои инженери на Ферари останале на работните места и за време на Божикните и новогодишните празници. Алдо Коста потврди дека промени ќе има, но тврди дека болидот е дефинитивен во својата структура. Честа прв да го испроба новиот болид вчера ја имаше Фелипе Маса, а потоа и Кими Раиконен. Бразилецот во пресрет на пробното возење изјави дека пневматиците имаат многу послаб контакт со подлогата и ќе биде потребно секој возач да простудура нови можности за штелување на болидот. Претставувањата на новите болиди продолжуваат следниве денови со Мекларен и БМВ Заубер. 15.01.2007 |
|||
![]() |
|||
Delfin ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Јуни.2005 Статус: Офлајн Поени: 15178 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Ферари тренира строгост кон Кими!
![]() Од деветти до единаесетти јануари во Мадона ди Кампиљо се одржа редовниот ски митинг на Скудерија Ферари, што беше прва можност да се чујат изјавите на возачите и другите официјални лица на тимот. Стандардно, изјавите дадени на прес конференцијата беа добро испеглани од секторот за односи со јавност, а Вечер ќе се обиде да проникне во она што не сакале да се чуе. - Трансферот во Ферари нема да ме смени,- порача Кими Раиконен кога потпиша за италијанската екипа, нарекувајќи го Рон Денис „фрик“ кој сака се да има под своја контрола. Вечер од својата архива подготви повеќе слики на кои Раиконен се забавуваше во зимски услови со сноуборд, хокеј на мраз, картинг на снег, возење санки и така натаму. Во Мадона ди Кампиљо, Раиконен не доби шанса за ништо слично, туку класично се спушташе по снежните падини во алпски стил. На прес конференцијата, неговите први зборови беа „Бонџорно а тути“ што укажува на два битни елементи: Кими стана љубезен со новинарите и почнал да учи италијански. Михаел Шумахер „долгот“ кон седмата сила го одработуваше максимално професионално, а често беше и во прегратки со италијанските новинари, негувајќи блиски релации. Кими, досега беше познат како немтур по прашање на односите со медиумите, но Ферари секогаш има редовна програма по ова прашање. Секој четврток во нивниот моторхоум, пред одржување на една гран при трка, возачите имаат по три прес конференции: за италијанските новинари, за англиските (и сите останати) и за оние кои доаѓаат од татковината на возачот (барем така беше во случајот со германските и бразилските медиуми). Трета работа која паѓа во очи е најавата за наводната еднаквост на возачите. Жан Тод најави дека нема да има автоматски број 1, туку дека во втората половина на сезоната оној што ќе биде послабо пласиран на табелата ќе треба да внимава да не се конфронтира со оној што има повеќе шанси. Сепак, во Мадона ди Кампиљо, Кими имаше на располагање Алфа Ромео Брера, а Фелипе Маса, Фиат Седичи. Разликата во цената на автомобилот е речиси двојна. Треба ли и по ова прашање да читаме меѓу редови, или доволна е информацијата дека Кими е платен како Дејвид Бекам, со еден милион долари неделно? Изменето од Delfin - 20.Јануари.2007 во 22:00 |
|||
![]() |
|||
Delfin ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Јуни.2005 Статус: Офлајн Поени: 15178 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
|
|||
![]() |
|||
Delfin ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Јуни.2005 Статус: Офлајн Поени: 15178 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
|
|||
![]() |
|||
martin_mk ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 09.Април.2006 Локација: Canada Статус: Офлајн Поени: 200 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
za Ferraristite Novata kaciga na Kimi
![]() ![]() |
|||
![]() |
|||
martin_mk ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 09.Април.2006 Локација: Canada Статус: Офлајн Поени: 200 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
da se nadoknadam do vesta deka Renault go testiral noviot bolid R27,
Navodno vaka izgledal bolidot koga go testirale: (boite se privremeni, vo sezonata ke bidat podrugi) http://img406.imageshack.us/img406/1575/r27ql7.jpg http://img128.imageshack.us/img128/8826/r27amn1.jpg http://img116.imageshack.us/img116/9649/r27brt4.jpg http://img357.imageshack.us/img357/6418/r27cwe7.jpg |
|||
![]() |
|||
Delfin ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Јуни.2005 Статус: Офлајн Поени: 15178 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
|
|||
![]() |
|||
Delfin ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Јуни.2005 Статус: Офлајн Поени: 15178 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
|
|||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 3940414243 55> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |