|
Велигденска трпеза |
Внеси реплика | страница <123> |
Автор | ||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||
Полнети велигденски јајцаСостојки 4 јајца 100 грама мајонез 70 грама шунка Варените јајца ги лупиме и сечеме на половина и жолчките ги вадиме. Шунката или салама ја мелеме на машина за мелење или на блендер, додаваме сол, пипер и мајонез се убаво промешуваме. Јајцата ги полнимо ова смеса. Одозгора ставете нешто што имате при рака, јас ставив ротквици исечени на коцки. Добар апетит!!! |
||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||
Овошни велигденски јајцаСостојки 1 кесиче желатин 1 портокал 3-4 сливи 2-3 мали јаболчиња(1 големо) 1 лимон (сок) друго овошје по избор 4 лушпи од јајца (може и повеќе Овој рецепт што и не е рецепт, туку е повеќе како идеја, го најдов на интернет, ептен му фрлив мерак и морав да го направам. Во принцип, се е произволно, пишано е колку да не бидат празни полињата за состојки. Прво се почнува со желатинот бидејки му треба време додека да се олади. Желатинот се раставара по упатството на кесичката. Секој производител има различно упатство, па затоа нема да го објаснувам процесот. Кога желатионот ќе биде готов и подоладен, се додава сокот од лимон. Ако правите само 4 јајца, желатин ќе ви остане. Јас потрошив можеби 1/3 од целиот желатин. Се земаат 4 јајца и внимателно се кршат на врвот. Се истураат белките и жолчките во сад на страна. Нема да бидат потребни за понатаму во рецептот, па затоа испланирајте си нешто за спремање со нив. Лушпите убаво се мијат и се ставаат во садчиња за јајца. Јас садчиња немам, па ги ставив на чашки за ракија. Кога можев да матам КУГЛОВ со шрафилица, за ова па ич не се секирам =)) Сите овошја се сецкаат на мали коцки и се пикаат во лушпите од јајца. Кога ќе се наполнат јајцата со овошје до горе се сипа оладениот желатин. Ќе внимавате да не е врел и ќе внимавате да не почне да се стега. Треба да е течен за убаво да се излее помеѓу овошјето. Се ставаат во фрижидер да се оладат и за да се стврдне убаво желатинот. Оладени се кршат и лупат внимателно. |
||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||
Состојки
|
||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||
Велигденска Корпа од тестоСостојки 270 мл вода 270 мл сол 450 грама брашно Најпрво солта и водата се мешаат до максимумот до кој можи солта да се растопи. Потоа се додава брашното и се замесува тесто, кое треба на допир да изгледа како пластелин. Значи, во зависност од впивливоста на брашното, додадете вода (или малку брашно, што во случајот брашно не би требало баш) за да ја постигните коигзестенцијата на изглед пластелин. Расучете го тестото и исечете тенки траки со кои можи да ја исплетите кошницата. Во овој случај лењирот е супер помагало ако се има при рака. Секако, дека освен со вака испреплетено тесто, копрата можи да си ја направите и со друг изглед спрема вашата фантазија. Доколку се решите за вака исплетена корпа, најдобар начин е најпрво да ја исплетите врз парче алуминиумска фолија, која предходно мора добро да се премачка со масло. Потоа плетеното тесто заедно со се фолијата се префрла врз длабокиот сад (кој е свртен наопаку). вишокот тесто се отсекува покрај рабовите и потоа на тој дел се поставува обрач од тесто. Можи да обликувате и газер на корпата исто така со обрач или пак цело парче тесто во круг, или пак едноставно да остани само со плетенката. И за крај, по желба од страните можи да ја украсите со форми од калапчиња. Премачкајте ја со благо разматена белка (деловите кои ги додавате исто така ги лепите со белка) и печете на 150С додека не стани цврста и малку подотемни. Пред да ја извадите од калапот оставете ја добро да се излади. На крај, можи да направите и плетенка со преостанатото тесто која ќе ја обликувате како рачка за корпата и неа на ист начин ја печите и потоа ја прицврстувате на кошничката. Тоа можи да го направите со помош на чечкалици или со брашно и вода. Уживајте во празниците! |
||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||
Сочен велигденски куглофСостојки 4 јајца 100гр шеќер 4 лажици млеко 125гр путер 125гр брашно 1 прашак за пециво 3 лажички какао 50гр бела чоколада 100гр црна чоколада 50гр кокос 2 лажици густин 50гр суво гројзе 1лажица рум прелив 100гр чоколада 50гр путерОва е куглоф кој традиционално редовно се наоѓа на нашата велигденска трпеза. Подготовка 1. Јајцата ги матиме заедно се шеќерот во нив ги додаваме стопениот путер, млекото,прашакот за пециво и брашното. Од оваа смеса смеса оделуваме една третина. 2. Во поголемата смеса ја додаваме топена црна чоколада, румот, ситно сецканото суво гројзе и какаото смесата убаво ја мешаме со шпатула. 3. Во третината преостаната смеса додаваме кокос, густин и сечкана бела чоколада. 4. Во куглофот ја сипуваме прво црната смеса, а потоа со шприц ја сипуваме белата смеса па повторно црната смеса. 5. Куглофот го печеме 30мин на 180степени проверете со чепкалка дали внатрешноста е печена доколку не е слободно вратете да се допече. 6. Топиме чоколада заедно со путер и го поливаме целиот куглоф. Забелешка Доколку саката во црната смеса може да се додаде и мелен печен лешник јас секогаш го избегнувам затоа што има премногу други квалитетни состојки. Добар апетит!!! |
||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||
Сладок велигденски козињак со локумСостојки За активирање на квасецот 2 пресни квасеци 1 шоља за млеко- млеко 3 лажици шеќер по потреба брашно ( за да се добие густа кашеста маса) За тесто 2кг. бело брашно 2 шољи за млеко- млеко 2 шољи шеќер 1 ванила 1 шоља масло прстофат сол 1 пециво 4 јајца 100-200гр. суво бело грозје рендана кора од 1 лимон по желба, вкус, малку махлеб За премачкување пред печење 1 жолчка 2 лажици млеко За премачкување пред самиот крај на печење неколку лажици шеќер малку вода 1 ванила За премачкување после печење малку маргарин или путер *Годинава првпат ставив и сецкан локум-одличен вкус има....А, секако можи да се стави и фил од орев, маак или мармалад *Шољата е од 250млТрадиционално кај нас на Велигденската трпеза, задолжителен е и Велигденскиот козињак. Козињакот е многу убав и се дели на слоеви како памук, или како што уште велиме на конци. По овој рецепт го подготвувам козињакот околу 18 години. Се надевам ќе ви се допадне. 1. Двете шољи млеко се зовриваат со двете шољи шеќер и ванилата (за да се стопи шеќерот) и се остава да олади, да биди топло-таман за месење. Ова се прави прво, пред да се зафати квасецот, за да има време да излади течноста. 2. Во длабок сад го ставаме просеаното брашно. На средина правиме вдлабнатинка и го зафаќаме квасецот. Во надојдениот, активираниот квасец ги додаваме маслото, јајцата ( кои сме ги разматиле со вилушка), пецивото, прстофат сол, ако ставаме зачин-махлеб и тој, (јас некогаш ставам, понекогаш не) и замесуваме со топлата течност. Овде да напоменам - млекото треба да биде топло кон млако, зошто ако е многу топло козињакот ќе добие темна боја. Маслото не трпи многу топло и ќе даде некоја темна нијанса на тестото. Се меси добро, подолго време, додека стане тестото сјајно и се одделува од рацете. Откако ќе се замеси тестото во садот, го вадиме на работната маса и таму убаво го месиме. Покриваме со намрсена најлонска фолија (јас додавам уште покривки) и оставаме на топло место да стаса тестото, да го удвои волуменот. Бидејќи содржи поголема количина на шеќер, стасувањето е побавно. 3. Потоа го размесуваме и формираме плетенките, на тој начин што не го премесуваме, туку го вадиме од садот и со расплескување со намрсени раце на намрсена подлога го отвораме, ја додаваме кората од лимон и сувото грозје (претходно попарено и убаво исушено со памучна крпа) и делиме на 4 дела.Од секој дел по 3 топчиња и плетиме на вообичаен начин. По желба можи да се стават филови, јас ставив сецкан локум. Ставаме во намрсен плех со маргарин. 4.Чекаме повторно да надојдат плетенките,(покриени) најмалку 30 мин., а вчера јас ги чекав 45 мин. Се зависи од топлината во просторијата. 5. Пред печење ги премачкуваме со жолчка. 6. Ставаме да се печат во загреана рерна и тоа од почеток на 200 Ц. степени,околу 10-на мин., дури да добие боја козињакот, покриваме со алу фолија и намалуваме на 160 степени и продолжуваме, а вкупно време на печење околу 1 час и 15 минути. 7.10 - на мин. пред крајот го откриваме и премачкуваме со шербетчето, кое го сваривме од шеќерот, водичка колку да го покрива и ванилата. Го допекуваме. 8. По вадење од рерна плетенките ги премачкуваме со маргарин. Покриваме со платнена крпа и најлон.Така да отстоуи 10-15 мин., во плехот, а потоа го вадиме целосно исто така завиткан до потполно изладување. *Бидејки мерката во рецептов е со шољи, да напоменам дека треба да се добие убаво меко тесто, мазно, сјајно, глатко - кое сепак нема да е до толку да биде лепливо на раце, туку убаво да се работи, лесно, па према тоа по потреба додадете или одземете на течност т.е. млеко. А, на дополнителните фотографии ќе видите како изгледа кога ќе се скрши, тие конци... На здравје и за многу години да ни биде Велигден!!! |
||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||
Велигденски кифлички Состојки 500-600 гр брашно 1 квасец 1 лажица шеќер 3 рамни лажици сол 1 жолчка од јајце 150 гр зејтин 250 гр. вода( млака) 100 гр маргарин (за врз кифличките кога се печат)Во длабок пластичен сад го ставаме претходно отсеаното брашно, солта, шеќерот. Промешуваме и го додаваме стасаниот квасец. Додаваме масло и водата и замесуваме тесто кое е прилично меко. Го делиме тестото на три еднакви делчиња и веднаш почнуваме со изработка на кифличките. Не го оставаме тестото да одмори. Расукуваме кора од првата топка и правиме фигури со модлички. Јас искористив калапче на пиле и јајце, а направив уште неколку изработки со помош на чаша. Кифлите во вид на јајце и на пиле веднаш ги редев во намастена тава и ги мачкав со разматена жолчка во која додадов една капка масло и сол. Декорирав со биберче во зрно за да има убав изглед. Останатите пилиња, лебедчиња, зајаци ги правев со чаша. Отсеков едно кругче од тестото со чашата, го превиткав кругот на пола и добив полукруг. Од рамната страна сечам како три отсечки на полукругот и најголемата ја превиткувам како врат и декорирам со биберче, зада личи на око. Можеби не јасно објаснив но од сликите би требало да имате претстава за што гооворам.Истата постапка се повторува со жолчката и се става по малку маргаринче и се печат веднаш. Кога се заруменети, вадете ги. Бргу се печат, како што вели мајка ми....... колку душа имаат овие за печење. Така ги средуваме и останатите два дела од тестото. Искрено ова е едно поигрување со тестото, кое што моите деца многу го сакаат. Имаат примамлив изглед ,па сигурно нема да ви остане ниту едно на овие празници. На здравје |
||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||
Велигденски колачи Состојки 4 чаши брашно (200мл) 3 јајца 1 и 1/2чаша шеќер 50гр какао 100 мл масло 50 гр маргарин 2 лажици рум, бренди или сок,кафе 1 пециво 1 ванила кора од лимон или портокал 100 гр бело чоколадо малку афионКолачињата се многу вкусни и ароматични. Започнуваме со матење на јајцата и шеќерот до густа смеса. Потоа ги додаваме останатите состојки без некој редослед, за да се добие убава глатка смеса. Од тестото правиме мали топчиња колку орев и ги притискаме со палецот во средината. Ги редиме во тепсија и ги печиме на 200С-20мин. Кога ќе оладат во средината им ставаме растопено бело чоколадо и зрна мак-афион. Може во средината да ставете слатко,мармалад или лешник со чоколада...по ваш избор. На здравје! |
||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||
ПОДГОТВЕТЕ ВКУСНА ТРПЕЗАЧетири рецепти за незаборавен ВелигденВелигден е идеалното време за да им приготвите нешто ново и вкусно на своите најмили. Од желе јајца, преку лисната погача и јагнешки ребра, до превкусна чоколадна торта, ова се четирите јадења кои треба да се најдат на вашата велигденска трпеза Желе јајца Еве една интересна идеја за тоа како да ги искористите лушпите од јајцата кои ќе ги употребите за правење на велигденските јадења. Наместо да го скршите јајцето на класичен начин направете дупка на долниот дел преку која ќе ја истурите целата содржина од него.
Начин на подготовка: Потребни состојки за овој рецепт се:
За премачкување:
Начин на подготовка: Четирите ленти ги мотате во ролна, додека од триаголниците правите кифлички и ги редите во подмачкан плех повторно како што прикажано на сликата. Погачата ја оставете да отстои 15 минути, а потоа ја премачкувате со млеко и жолчка, наросувате сусам и печете во рерна загреана 180 степени околу половина час. Потребни состојки:
Начин на подготовка: Потребни состојки за оваа торта се:
За основата:
Начин на подготовка: |
||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||
Колач за Велигден без печење СОСТОЈКИ:
ПРЕЛИВ:
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
|
||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||
Велигденски рецепт: печена јагнешка нога на традиционален начинТрпезата за прославата на најголемиот христијански празник, Велигден, нема да биде потполна доколку не ги подготвите традиционалните јадења коишто се задолжителни. Секако, најважното меѓу нив е печеното јагнешко месо, на традиционален начин. За ова јадење Ви се потребни следниве состојки:- Една јагнешка нога (приближно 2 килограми); Времето на подготовка е приближно два часа и дваесеттина минути. Велигденски рецепт: Печена јагнешка нога на традиционален начин 1. Загрејте ја рерната на 200 степени. Убаво измијте ја и исушете ја јагнешката нога. Со остар нож направете мали засеци по должината на месото. 2. Попрскајте го месото со мешавина од сол и бибер. Вметнете ги половинките од лукот во засеците. 3. Направете смеса од лимоновиот сок, солта, биберот и ореганото и со неа истријте го месото по целата површина. 4. Месото поставете го врз решетка за печење поставена во тава. На горната страна од месото намачкајте го путерот, а во тавата истурете ја жешката вода. 5. Печете го месото откриено 25 минути. Потоа превртете го и намалете ја температурата на 175 степени. Печете го уште приближно два часа, повремено додавајќи вода во тавата, по потреба. |
||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||
Велигденски венец со суво грозје За свечена атмосфера на велигденската трпеза подгответе го велигденскиот венец со суво грозје. Велигденските празници се пред нас, тие не зближуваат, не собираат на заедничка трпеза, а атмосферата е посвечена кога трпезата е убава и за очите, подеднакво исто како и за непцето. Велигденскиот венец со суво грозје е традиционален во повеќе земји за оваа пригода, се разбира и во Македонија, и ако до сега не сте го подготвиле, пробајте го нашиот проверен рецепт. Потребни намирници: 500 грама брашно, 1 свеж квасец, 250 милилитри млако млеко, 100 грама шеќер, 1 лимон, 80 грама суво грозје, 1 ванилин шеќер, малку сол, 2 јајца, 100 грама путер. За украсување ние ви предлагаме ( а украсувањето може да биде и по ваша желба) – 2 жолчки, 40 грама бадеми, велигденски јајца. ПодготовкаСтавете го брашното во подлабок сад и во средината направете длабнатина. Во длабнатината ставете ги нараснатиот квасец и една лажица шеќер. Замесете го тестото и оставете го да стасува 15 минути. Размесете го тестото и додадете ги преостанатиот шеќер, ванилиниот шеќер, изренданата лимонова кора, јајцата, путерот и преостанатото млеко. Оставете го да стасува уште 15-тина минути, па додадете го сувото грозје свалкано во брашно. Поделете го тестото на три еднакви дела и формирајте ленти со должина од 50 сантиметри. Од лентите направете плетенка и свиткајте ја во венец со пречник од 35 сантиметри. Венецот ставете го во немрснета тава обложена со хартија и оставете го да стасува 30-тина минути. Премачкајте го венецот со изматени жолчки и наросете го со исечкани бадеми (рендана чоколада, суво грозје, или по желба). Печете 30-тина минути на температура од 170 степени. Изладениот венец ставете го на елеагантна чинија, а во средината ставете неколку велигденски јајца. Изменето од Valerija - 31.Март.2018 во 09:14 |
||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||
МАФИНИ ВО ЈАЈЦЕНаполнете ги јајцата со вашето омилено тесто за мафини и испечете ги за да ги изненадите вашите гости и семејството. Доколку немате идеја, следете го следниов рецепт. Состојки
Подготовка
На секое од јајцата направете му дупка во горниот дел и испразнете ги. Измијте ги јајцата под чешма, а потоа потопете ги во вода со сол и оставете ги да стојат половина час. Измијте ги со ладна вода и оставете ги да се исушат. Пред да ги наполните со смесата, во секое јајце ставете малку масло и со вртење обидете се да ги намачкате ѕидовите на лушпата. Наполнете ги јајцата околу ¾ и ставете ги во тава за мафини. Под секое јајце ставете „гнездо“ од алуминиумска фолија за да стојат јајцата исправени. Печете на температура од 180⁰C околу 20-25 минути. Изменето од Valerija - 31.Март.2018 во 09:14 |
||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||
СЛАТКИ ПОЛНЕТИ ЈАЈЦА - ПИЛИЊАШто да направите со толку јајца на Велигден? Направете слатки и вкусни полнети јајца во облик на пилиња. Децата ќе им се радуваат, а интересни се и за возрасните. Доколку не сакате да ги декорирате јајцата искористете го основниот рецепт за да ги зачините варените јајца. СОСТОЈКИ
НАЧИН НА ПОДГОТОВКАВнимателно исечете тенко парче од едниот крај на јајцето, но внимавајте да не ја исечете жолчката. Парчето белка, изедете го или фрлете. Исечете една третина од јајцето. Со мала лажичка, испразнете го горниот и долниот дел од јајцето, и ставете ја жочката во мал сад. Измешајте ја жолчката со малку мајонез, сечкани кисели краставички, сол и бибер, по вкус. Почнете со помалку од состојките, и потоа додавајте додека не го добиете посакуваниот вкус. Смесата со мала лажичка ставете ја подлабоката белка, која претходно ја издлабивте, правејќи купче на врвот кое ќе биде главчето на пилето. Внимателно ставете две маслинки како „очи“, и ставете морков како „клун“. Потоа ставете го малото парче белка како капче и имате слатко јајце - пиле. Повторете го истото со сите јајца. |
||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||
Внеси реплика | страница <123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |