IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Кошарка и ракомет
  Активни теми Активни теми RSS - РАКОМЕТ - новости
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

РАКОМЕТ - новости

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1314151617 18>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2011 во 05:47
Козлина, Марковиќ и Батиновиќ нови засилувања на Металург

Ракометниот шампион на Македонија, Металург, на денешната прес-конференција ги претстави засилувањата за новата сезона, во која главна цел е пласман во групата во Лигата на Шампионите, учество на завршниот турнир во Регионалната лига, како и продолжување на доминацијата во домашните натпреварувања. Миладин Козлина, Жарко Марковиќ и Дамир Батиновиќ се нови ракометари на Металург. Сите тројца потпишаа двегодишни договори со македонскиот шампион.

"Среќен сум што дојдов во овој клуб и дека ќе бидам дел од еден голем проект. Тука сум поради тренерот, играчите и бидејќи се е на потребното ниво. Едвај чекам да почне новата сезона. Имаме добра жрепка во квалификациите за Лигата на Шампионите и очекувам да бидме први во групата" - изјави на денешната прес конференција Козлина, кој во Металург ќе го носи бројот 10.

Црногорецот Жарко Марковиќ додаде:

"Во регионалната лига ќе биде тешко бидејќи има неколку квалитетни екипи. Во Лигата на шампионите очекувам успешно да ги минеме квалификациите и да играме во групите од Лигата на Шампионите".

Според програмата подготовките на Металург почнуваат на 20 јули, дел од нив ќе се одвиваат во Словенија, а македонскиот првак ќе учествува на познатиот турнир во Добој. Се очекува во Металург да бидат доведени уште едно до две засилувања во пресрет на новата сезона.

Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2011 во 21:00
Cestito prva pobeda na Metalurg vo ligata na shampioni...

Metalurg - Cimos Koper 28:23
Incredible Blue
Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Октомври.2011 во 21:26
Sankt Petersburg - Metalurg 25:25, vtoro kolo...
Incredible Blue
Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2011 во 22:21
3to kolo:HSV Hamburg - HC Metalurg 32:25

4to kolo:HC Metalurg - Orlen Wisla Plock 31:27



1. HSV Hamburg          3     3     0     0     98     :     71     (27)     6
2. HC Metalurg           4     2     1     1     109     :     107     (2)     5
3. RK Cimos Koper        3     2     0     1     77     :     77     (0)     4
4. Orlen Wisla Plock       4     2     0     2     111     :     113     (-2)     4
5. St. Petersburg HC     4     1     1     2     98     :     112     (-14)     3
6. HCM Constanta        4     0     0     4     105     :     118     (-13)     0



Naumce Mojsoski posle nekompletnoto 4to kolo e prv na lista na strelci vo rakometnata liga na sampioni so 32 gola...

Изменето од Marko Polo 1 - 20.Октомври.2011 во 22:29
Incredible Blue
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2011 во 06:24

Вардарци со триумф - до второ место во СЕХА

 
Тимот на РК Вардар успеа да триумфира над ривалот Татран Прешов со еден поен разлика и да си обезбеди второ место на табелата од регионалната СЕХА лига. 

 

Избраниците на Веселин Вујовиќ започнаа сигуно - со доминација од пет поени разлика (16-11), за подоцна - во вториот дел, некаде околу 40 минута, гостите со серија од 4-0 да стигнат до изедначување (18-18), дури во еден момент и предност од еден поен (20-19).

За наша среќа, Вардарци се вратија во игра со прецизниот удар на Марковиќ, кој постигна седум поени и беше најефикасен во црвено-црниот состав. На истекот на последните секунди од натпреварот Филип Лазаров во обид да спречи контра - заработи црвен картон, а последниот удар на противничкиот тим кој можеше да биде сериозна закана за пласманот на Вардар, заврши во пречката на голот со што резултатот беше заокружен на 26-25. 

Вардар по оваа минимална победа, со 22 бода се наоѓа на второто место на табелата во СЕХА, со бод помалку зад водечкиот Загреб КО и два повеќе од „Металурзите“ кои се наоѓаат на трето место со два натпревари помалку. 

 

Во
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2011 во 23:28
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Ноември.2011 во 19:37
5to kolo: HC Metalurg - HCM Constanta 25:18


1. HSV Hamburg     5     5     0     0     152     :     120     (32)     10
2. HC Metalurg     5     3     1     1     134     :     125     (9)     7
3. RK Cimos Koper     5     3     0     2     135     :     127     (8)     6
4. Orlen Wisla Plock     5     2     0     3     137     :     143     (-6)     4
5. St. Petersburg HC     5     1     1     3     124     :     147     (-23)     3
6. HCM Constanta     5     0     0     5     123     :     143     (-20)     0
Incredible Blue
Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јануари.2012 во 00:17
zagrevanje... Evropsko Prvenstvo vo rakomet, Srbija 2012...




Pionir Arena, kapacitet 8150 gledaci...



Sportski Centar Cair, Nis, kapacitet 4000 gledaci...





Millenium Hall, Vrsac, kapacitet 4058 gledaci...



SPC Vojvodina, Novi Sad, kapacitet 8000 gledaci


Изменето од Marko Polo 1 - 03.Јануари.2012 во 00:35
Incredible Blue
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2012 во 14:43
 

Попладнево на ждрепката одржана во Белград, Македонија за противник во баражот за пласман на СП во Шпанија ја доби селекцијата на Австрија.

makedonija-500

Македонската ракометна репрезентација ќе мора преку селекцијата на Австрија да брка пласман на Светското првенство кое 2013-та година ќе се одржи во Шпанија. Вака беше одлучено на денешната ждрепка која се одржа во Белград пред завршните натпревари од ЕП.

Првите натпревари ќе се одиграат на 9-ти и 10-ти јуни, додека реваншите се на програмата седум дена подоцна.

Девет селекции од баражите  ќе им се приклучат на Франција, која го брани трофејот, потоа полуфиналистите од ЕП, Србија, Хрватска и Данска, како и домаќинот Шпанија.

Светското првенство во ракомет во 2013-та година ќе започне на 13-ти јануари, а ќе заврши на 27-ми истиот месец.

Двојки за бараж натпреварите за СП 2013

Македонија – Австрија

Исланд – Холандија

Словенија – Португалија

Литванија – Полска

Русија –Чешка

Словачка –Белорусија

Унгарија – Норвешка

Германија –БиХ

Шведска - Црна Гора

Кон врв
sanja-a Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Only God Can Judge Me!

Регистриран: 12.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 13457
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sanja-a Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2012 во 18:35
Кирца Лазаров вика ќе ги мачкаме
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу.
Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот.
Одри Хепберн
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2012 во 06:28

ЛАЗАРОВ : ЌЕ ЈА МИНЕМЕ АВСТРИЈА





Репрезентацијата на Австрија сигурно не е селекција од која треба да стравуваме. Не доаѓа од ракометниот крем, но во секој случај мора да бидеме претпазливи – се првите импресии капитенот Кире Лазаров по одредувањето на бараж двојките за пласман на СП 2012 година во Шпанија.





Тој потенцираше дека за постигнување на поголеми резултати потребен ни е континуитет од настап на големи натпреварувања.


Не го сметам за хендикеп тоа што првиот меч ќе го играме на домашен терен, а реваншот на гости. Досегашните настапи ги обезбедивме откако одигравме прво дома па потоа на гости, се надевам дека и сега ќе биде така – истакна Лазаров кој со 61 гол е апсолутен рекордер по бројот на постигнати голови на едно европско првенство.


Првиот бараж меч се игра на 9 јуни, додека реваншот седум дена подоцна во Виена.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2012 во 16:22

КИРЕ ЛАЗАРОВ ПРОДОЛЖУВА СО АТЛЕТИКО







Кирил Лазаров го продолжи договорот со Атлетико Мадрид до крајот на сезоната 2013/2014.


Клубот го објави продолжувањето на церемонија оддржана во ВИП ложата на стадионот “Висенте Калдерон“.


Договорот значи дека Атлетико Мадрид ќе може да смета на услугите на еден од најдобрите десни бекови на континентот. Луис Мигел лопез, генералниот менаџер на клубот, изрази големо задоволство по потпишувањето на договорот.


„Денеска е многу важен ден бидејќи со овој договор докажуваме дека Атлетико Мадрид е проект кој во иднина ќе ни донесе многу титули, а за тоа ни треба играч како Кирил Лазаров“.


„Фановите ќе уживаат во шоуто во “Висталегре“, кое им го приредува Лазаров, уште две години. Посветеноста, како и продолжувањето на договорот со Талан Душебаев не уверува дека Атлетико Мадрид не е проект за еден ден, туку проект за иднината“, рече генералниот менаџер.


Лазаров кој беше најдобар стрелец на последното ЕП во Србија, но и во историјата воопшто, изјави дека воопшто не се двоумел дали да го потпише договорот.


„Тренерот и тимот беа одлучувачки фактори. Ние сме една прекрасна фамилија, со искусни играчи, под водство на најдобриот теренер во светот. Имаме се што е потребно за да освојуваме титули.“


„Ќе дадам се од себе како играч, ја ценам довербата која во мене ја имаат играчите и тренерот. Работиме по пример на најдобрите европски тимови. Со нашето искуство и со тренер каков што е Душебаев подготвени сме да освоиме многу титули во иднина, со што ќе ги израдуваме црвено-белите фанови“, изјави Лазаров.

Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2012 во 19:17
Металуруг забележа победа од 19-18 (7-9) над Загреб во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на Шампиони.
Реванш мечот се игра за седум дена во Загреб.
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2012 во 17:44

Ексклузивно инфо од Гетеборг: половина Скандинавиум ќе биде црвено-жолт!

20МАР 201217:08

Неверојатна мобилизација се случува деновиве кај македонските иселеници во Гетеборг, на само две недели пред почетокот на ракометниот квалификациски турнир во ракомет за пласман на ЛОИ во Лондон, каде што Македонија се бори за едно од првите две места во групата во која се и Шведска, Унгарија и Бразил.

Каде и да одат, македонските навивачи прават фантастична атмосфера

Ѓорѓи Трпинов, еден од главните организатори на мобилизацијата кај нашинците во Гетеборг, ни ја пренесува атмосферата од шведскиот град, каде што има неколку македонски друштва на иселеници.

„Максимално сме ангажирани. Владее тотална еуфорија, се купуваат билети, им се делат организирано на членовите на друштвата. Досега само ние тука имаме купено 5.000 влезници за натпреварите на Македонија, поддршката што ракометарите ќе ја имаат во Скандинавиум ќе биде невидена. Народски кажано, на секој агол, на секоја улица има нашинец што е задолжен да го рекламира настанот. Не верувам дека има Македонец во Шведска што не знае што се подготвува за периодот 6-9 април“, вели Трпинов.

Тој се надева дека уште повеќе Македонци ќе има во арената во Гетеборг (капацитетот на салата е 12 илјади), зашто во бројката не се сметани навивачите што со чартер-летови и со автобуси ќе допатуваат од Македонија, но и од другите европски земји. Трпинов исто така нè информираше и за љубомората кај Швеѓаните од невидената мобилизација на Македонците за овој настан.

Швеѓаните со право ни љубоморат

„Викендов играше нивниот претставник во Лигата на шампионите (Савехоф н.з.) и во салата имаше едвај 4.000 навивачи. Тие се добро информирани каква еуфорија кај нас владее за ракометот, знаат и како се навива на дуелите на Металург. Се чувствува дека се љубоморни, не гледаат нас, како се подготвуваме, како едвај го чекаме моментот да дојдат нашите момци. Згора на тоа, ги боли што тие како домаќини може да останат со најмалку навивачи во арената Скандинавиум, зашто информациите што ги имам јас се дека и од Унгарија ќе дојдат многу навивачи на нивната репрезентација“, објаснува Трпинов.

Освен големата поддршка што Кирил Лазаров и неговите колеги од репрезентацијата ќе ја имаат во салата, се очекува вистинско лудило и на улиците во градот, кој се очекува да биде празен поради прославувањето на католичкиот Велигден. Во време кога масовно Швеѓаните ќе заминат надвор од градот, Гетеборг ќе биде обоен во црвено-жолто. Затоа, Трпинов најавува дека се очекува организирање на огромна фан-зона и тоа на стадионот каде што настапува фудбалскиот клуб Вардар од Гетеборг, екипа која ја имаат формирано нашите иселеници во далечната 1972 година.

„Очекуваме таму да биде главното дружење на сите навивачи пред и по натпреварите, ќе има храна, сокови, пиво… Местото не е многу далеку од салата, има околу 4 километри, но со јавен превоз се патува кратко. Фан зоната би требало да работи нонстоп, таму ќе биде центарот на сите случувања, секако и нашите ракометари би сакале да дојдат таму и да се дружат со нас“, вели Трпинов.

Македонија во Гетеборг ќе се чувствува како домаќин, поддршката ќе биде исто толку голема како што беше во јануари на ЕП во Србија, кога завршивме на петтото место. Сите предуслови за радост се исполнети, останува уште ракометарите да ги повторат игрите од Ниш и Белград и потоа на ред за окупација да дојде и Лондон…

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1314151617 18>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.